Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

kiril-ruski

Кирил Ѓуровски: Во Македонија има огромна заинтересираност за изучување на рускиот јазик

Веќе трета година по ред Рускиот центар при УКИМ организира бесплатни курсеви по руски јазик, а во срединта на јуни нивните посетители ги добија своите сертификати. По тој повод mk.rbth.com објави разговор со Кирил Ѓуровски, наставник во Рускиот центар, кој од самиот почеток е вклучен во наставата. Еве дел од разговорот.Кон средината на јуни се одржа свеченото доделување на сертификатите на посетителите на бесплатните курсеви по руски јазик кои веќе три години ги организира Рускиот центар при УКИМ. Колку курсисти во овие три години се запишаа?Кирил Ѓуровски: Во текот на изминатите три години Руски центар при УКИМ, со поддршка на Россотрудничество и Амбасадата на Руската Федерација, организираше бесплатни курсеви по руски јазик за сите заинтересирани, што како филантропска идеја е за поздрав бидејќи од искуството заклучив дека имало огромна заинтересираност за изучување на рускиот јазик, но заинтересираните немале можност за тоа. Од 2016 година, кога стартуваше огласот за бесплатно изучување на руски јазик искрено јас како предавач не очекував дека ке се пријават повеќе од 1.000 слушатели. Поради таа вртоглава бројка слушатели која за сите беше големо изненадување, потребно беше брзо да се реагира, да се најде модул како да се помине целиот материјал, а тоа да не влијае врз квалитетот, како и да се обезбеди доволно наставен кадар и простории, со цел во наставата да бидат вклучени сите заинтересирани. Им излеговме во пресрет на сите, а тоа резултираше со огромен успех, така што бројот на курсисти кои го положија испитот беше значително голем.Бесплатните курсеви за изучување на руски јазик од минатата академска година се организира и во Охрид, каде, според информациите што ги имам, интересот е исто така голем.Кирил Ѓуровски: Би сакал да се заблагодарам за огромната поддршка од страна на Федералната служба за меѓународна соработка на независните држави – Россотрудничество, за остварувањето на оваа филантропска идеја да стане реалност.Раскажете ни нешто за самите курсеви. Какви рамништа постојат? Кој може да се запише на нив? Кој им предава на курсистите и колку временски трае едно ниво?Кирил Ѓуровски: Курсевите се поделени во три рамништа (основно, средно и напредно), а секое рамниште е поделено во три нивоа. Има и многу слушатели со предзнаење, па пред поднесување на пријавите не се сигурни на кое рамниште и степен да се пријават. Тука е Рускиот центар кој секогаш им излегува во пресрет и ги тестира за да се направи точна анализа на нивното предзнаење, со цел да добијат јасна слика кое рамниште треба да го посетуваат.На курсевите можат да се запишат сите оние што се заинтересирани за изучување на рускиот јазик без никакви ограничувања.Кирил Ѓуровски: Наставниците се од мешан, хетероген состав, специјалисти кои своето образование го стекнале во Македонија и специјализирале на престижните универзитети во Русија, а има и наставници кои се родени говорители на рускиот јазик. Сите заедно тежнееме кон тоа да ја постигнеме главната цел: нашите курсисти да го совладаат материјалот и да научат руски. Затоа и меѓусебно си помагаме, се советуваме, соработуваме. Текстот во целост на: mk.rbth.com

Македонија | пред 6 години

plaza

Времето денеска и утре сончево и многу топло

Времето денеска сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9. Сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец, метеоролозите најавуваат и за утре. УВ=9. Температурата  на воздухот на места ќе се искачи до 39 степени целзиусови.Поради високите температура дирекцијата за заштита и спасување издаде насоки на однесување за граѓаните во вакви услови:Дирекцијата за заштита и спасување согласно најавите на УХМР за топлотниот бран со температури до 40 степени, апелира до граѓаните да ги почитуваат основните препораки за однесувањето во вакви условиТоа значи да не се фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, граѓаните да не палат оган на отворен простор и во шума, отпад и друг горлив материјал и стрништа и меѓи. Редовно да се коси тревата што е во нивна сопственост, а доколку забележат пожар веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор. 

Македонија | пред 6 години

toplo-vreme-768x556

ДЗС со препораки до граѓаните поради најавите за топлотниот бран

Дирекцијата за заштита и спасување согласно најавите на УХМР за топлотниот бран со температури до 40 степени, апелира до граѓаните да ги почитуваат основните препораки за однесувањето во вакви услови.Тоа значи да не се фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, граѓаните да не палат оган на отворен простор и во шума, отпад и друг горлив материјал и стрништа и меѓи. Редовно да се коси тревата што е во нивна сопственост, а доколку забележат пожар веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.

Македонија | пред 6 години

65673391_343834012957119_2704824502981754880_n

Парада за традиционалните семејни вредности во Битола

Свештени лица, родители и деца парадираа денеска по Широк сокак во Битола пеејќи молитва, како реакција на Парадата на гордоста што се одржа вчера во Скопје.Битолската контра-парада беше најавена на социјалните мрежи. Учесниците се собраа кај Саат кулата и маршираа до Градскиот парк, пренесува „Тера“.Учесниците рекоа дека ова е парада со која сакаат да ја пратат порака за традиционалните семејните вредности.

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Со нетрпение го очекуваме новиот закон за СЈО што го подготвува ВМРО-ДПМНЕ

Опозициска ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов закон за СЈО. По застојот на преговорите меѓу власта и опозицијата за судбината на СЈО, од ВМРО велат дека формирале тим што „подготвува целосно нов закон според европски стандарди“, пренесува „Алсат М“.Министерката за правда Рената Дескоска, која раководи со работните групи меѓу власта и опозицијата за новиот Закон за СЈО, за Алсат вели дека предлогот на опозицијата ќе се разгледа, но децидна е дека скриена амнестија нема да биде прифатена.„Со нетрпение го очекуваме текстот на ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе го примиме, тогаш ќе се произнесеме. Доколку има исправки во текстот, секако дека ќе бидат прифатени. Доколку има скриена амнестија, нема да се прифати“, изјави Рената Дескоска, министерка за правда.

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_372765

Граѓаните со оценка 2,4 за јавното здравство

Граѓаните му даваат на јавното здравство оценка 2,4 и сметаат дека неговиот квалитет е на пониско ниво споредено со пред пет години, покажува најновото истражување на јавното мислење за состојбите во здравствениот систем спроведена за емисијата „Детектор“ на телевизија „Сител“.Според министерот за здравство Венко Филипче, има простор за унапредување на квалитетот на здравствените услуги, но има и сегменти што добро функционираат особено мерките имплементирани минатата година.„Ќе продолжиме да инвестираме во здравствениот систем. Сериозна сума на средства досега вложивме во платите, буџетот за ретки болести, дежурствата, младите лекари. Планираме да инвестираме во медицинска опрема во новите болници во Штип, Струмица, Св. Еразмо Охрид, Ургентниот центар во Тетово, со што ќе ја доближиме здравствената услуга многу поблиску до пациентите и тие не ќе мораат да патуваат до најблискиот регионален центар или до Скопје. А воедно инвестицијата во нов клинички центар ќе биде една од најголемите капитални инвестиции воопшто во нашата земја, во вредност од 500 милиони евра. Со овие мерки верувам дека ќе ја смениме сликата за здравствениот систем во земјата и европеизацијата која ја чекаме, може да ја постигнеме со наши национални политики“, истакна Филипче во емисијата „Детектор“.Докторката Лидија Чолакова-Дервишова од Здружението на приватни лекари смета дека недостигаат многу системски решенија, а Весна Алексовска од здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ вели дека капацитетот во здравството е намален и оти треба да се едуцираат лекарите, да се зголемат здравствените услуги и да се понудат системски решенија.„Но, треба да се гледа и на кој пациент што му треба, затоа што системските решенија не секогаш ги опфаќаат маргинализираните групи“, вели Алексовска.Резултатите од спроведеното истражување покажуваат дека анкетираните граѓани односно 63,1 процент се задоволни од квалитетот на лековите што се нудат во аптеките, но 47,4 проценти сметаат дека аптеките не се добро снабдени со лекови на рецепт во текот на месецот. Дел од нив, се изјасниле дека лековите се со достапни цени, но само доколку се на рецепт (33,2%), а дел тврдат дека лековите се прескапи (28,6%).Во однос на ова, министерот Филипче посочи дека се воведени три нови лека минатата година и уште два нови лека годинава. За многу кратко време, како што рече, зголемен е и буџетот за ретки болести од 220 на 380 милиони денари.Истражувањето открива дека 65,1 процент од граѓаните не знаат колку одвојуваат од нивните примања за здравствена заштита. Мнозинството граѓани, односно 67,6 проценти одат на лекар во државна здравствена установа, а помал процент во приватните здравствени установи. Повеќето сметаат дека здравственото осигурување треба да биде задолжително како и досега, (49,0%), иако значителен дел од нив сметаат дека треба сами да одлучат дали ќе го плаќаат или не (34,0%).Гостите во емисијата беа на исто мислење дека е потребно реформирање на Фондот за здравствено осигурување. Така, Чолакова – Дервишова смета дека државата е зрела за промена на начинот на плаќање и според неа мора да има повеќе здравствени фондови со кои би имало конкурентност.И министерот Филипче посочи дека се размислува за реформирање на Фондот и на начинот на кој се плаќаат здравствените услуги.„Еден од најголемите проблеми е тоа што примарното здравство се наплаќа по глава на жител, а секундарното и терцијарното здравство се одредуваат историски. Многу тешко на овој начин се контролира префрлувањето на пациентите од примарното во секундарното здравство, а со тоа и трошокот кој тие го прават“, појасни Филипче.Во однос на имунизацијата на населението, висок процент или 73,6 проценти од испитаниците сметаат дека вакцинацијата треба да е задолжителна.Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека државата не ги исполнува стандардите и препораките на ЕУ во однос на квалитетот на здравствениот систем, но сметаат дека доколку станеме членка тогаш здравството ќе се подобри.Истражувањето беше спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во периодот од 10 до 13 јуни на 1.119 полнолетни испитаници на ниво на целата држава.

Македонија | пред 6 години

prajd

Турција ја забрани парадата на гордоста во Истанбул

Турските власти ја забранија годинешната парада на гордоста во Истанбул, која по петти пат требаше да се одржи на плоштадот Таксим.Волонтерска група која ја организира истамбулската парада на гордоста соопшти дека од канцеларијата на гувернерот го забраниле маршот и собирот на плоштадот западно од градот кој е предвиден за тоа.Организацијата за човекови права од Лондон Амнести интернешенел ја повика Турција да ја укине самоволната забрана..

Свет | пред 6 години

IZBORI-GLASANJE2

На локалните избори во Албанија гласале околу 20%

Гласачките кутии во Албанија се затворија во 19.00 часот со што заврши гласањето за локалните избори низ државата. Според првичните информации излезноста е многу мала, односно гласале околу 20% од вкупниот број на гласачи запишани во избирачкиот список.Изборите ги бојкотираше албанската опозиција. Премиерот Еди Рама пак најави прес конференција во 21.00 часот.

Свет | пред 6 години

ilievski

Инспекторот Илиевски бара оставки од директорот Спировски и посочените функционери

Тетовскиот универзитет е должен да го почитува дописот од 15 април годинава и да ги поништат одлуките за унапредување во доцент на министерот за образование, Арбр Адеми, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и на директорот за индустриска сопственост, Сафет Емрули. Ова стои во документот што до Ректоратот на Тетовскиот универзитет го доставил инспекторот за високо образование Ѓорѓи Илиевски, пренесе ТВ21.Илиевски тврди дека за создадената ситуација освен посочените функционери, оставка треба да даде и директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спировски. Илиевски вели дека Инспекторатот извршил вонредна контрола неколку дена откако тој го направил истото и вели дека таму се испратени инспектори со конфликт на интереси.Тој вели дека Тетовскиот универзитет има рок од 15 дена да ја испочитува одлуката на првичната инспекција извршена од него и на лицата вклучени во овој случај да им ги повлече докторските титули.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Патот преку Галичица пуштен за сообраќај

Патот кој води преку планината Галичица од 17 часот е пуштен за сообраќај, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.Патот беше затворен за сообраќај поради одржување на трки со мотори.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still078

Во последните 24 часа избија 8 пожари во Црна Гора

Во последните 24 часа, црногорските пожарникари имале осум интервенции за гасење на пожари на отворен простор каде гореле трева и нискостеблести растенија.Од подгоричката служба за заштита и спасување соопштија дека пожарникарите со голем напор синоќа го изгасиле пожарот кај Понор, кој најверојатно бил намерно предизвикан, пренесе „Вијести“.„Со оглед на тоа дека имаше силен ветер, огнот брзо се ширеше, а пожарот беше изгаснат околу полноќ. Утврдено е дека пожарот настанал на 50 метри од патот кон брдото и судејќи по сѐ бил намерно предизвикан, за што е информирана полицијата и ќе биде покрената постапка“, наведуваат од Службата за заштита и спасување.

Свет | пред 6 години

odron

Одрони на патот Кочани-Македонска Каменица

Поради одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кај селото Истибања, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, соопшти Автомотосојузот на Македонија.Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

Beta-lkk11j597t.640x360_rss-750x430

Почина поранешниот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ

Поранешниот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ почина денеска на 63 годишна возраст.Како што пишуваат медиумите во регионот, најверојатно Булатовиќ починал од срцев удар.Тој беше претседател на Црна Гора од 1990 до 1998 година и претседател на Сојузната влада на СР Југославија од 1998 до 2000 година.Во 1989 година беше избран за претседател на Претседателството на Црна Гора, а за претседател во 1990 година, на првите повеќепартиски избори. По осум години, Булатовиќ загуби на претседателските избори од својот дотогашен соработник и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Свет | пред 6 години

bebe-vakcina

Утре се воведуваат две нови вакцини за деца

Според календарот за имунизација од утре влегуваат во употреба две нови вакцини за бебињата и доенчињата. Станува збор за вакцините ротавирус и пнеумокака. Со вакцината ротавирус се превенира при стомачни и црвни инфективни заболувања, а со пнеумокака вакцината се спречуваат респритарните заболувања.90 илјади вакцини од двата типа ќе бидат поделени низ здравствените установи за имунизација. Овие вакцини во повеќето европски земји се применуваат повеќе од една деценија.

Македонија | пред 6 години

fvsreagrehtsehrt-223704

Битолчанец од запалениот автобус кај Дубровник евакуирал 50 патници!

Битолчанецот Вангел Котевски е херој на денот. Од опожарен автобус успеа заедно со уште еден сопатник да ги евакуира околу 50 други патници, македонци, кој патуваа со агенцијата нана тетовскиот превозник „Хафет турс” изутрината околу два часот по полноќ во близина на Дубровник.Благодарение на нивната брза реакција нема никакви повреди кај патниците, ниту пак оштетувања на нивниот багаж.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре нова цена на горивата во Македонија

Регулаторната Комисија за енергетика секој понеделник врши пормена на цените на горивата.Овој понеделник како и секој во неделата, ја смени цената на горивата во Македонија.Бензините и дизелот се за половина денар поскапи, според најновата одлука за која реши на седница Регулаторната комисија за енергетика, па така, Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС 98 веќе се поскапи за половина денар и се точат на бензинските низ Македонија за 60.5 денари, дизелот и 69,5 денари за 98 октанскиот СУПЕР.Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 е  67 денари по литар.Останува да видиме дали веќе од вторник ќе возиме поскапи или поевтини горива.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Седум лица починаа како последица на високите температури во Европа

Најмалку седум лица починаа во Европа како последица на високите температури, додека во Франција и Шпанија пожарите уништија голема површина земјиште.За време на викендот од жештините починаа две лица во Франција, две во Шпанија и три во Италија.Во францускиот регион Гард измерени се температури од 45,9 степени, а опожарени се 550 хектари земјиште, неколку куќи и автомобили.Еден маж (53) почина додека учествуваше во велосипедската трка во регионот Арјеж, а полицијата ја истражува причината за смртта.Организаторите ја откажаа трката, бидејќи и други натпреварувачи се пожалиле на мачнини.Уште еден велосипедист почина во регионот Воклиз, јужна Франција, откако се онесвестил од жештините.Поголем дел од пожарите што ја зафатија Шпанија се ставени под контрола, меѓутоа пожарникарите и натаму се справуваат со огнот во Толедо и Мадрид.Германската метеоролошка служба предупреди за екстремно топло време, а температурите во некои покраини, како на пример во Саксонија, достигнаа и до 39 степени. Некои натпреварувачи во атлетската трка што се одржува во Франкфурт колабираа поради високите температури.Во Италија, папата Франциск, за време на утринската молитва, рече дека се моли за оние кои најмногу се погодено од топлото време – болните, старите, градежните работници и сите кои мора да работат на отворено.

Свет | пред 6 години

popis-696x522

Триесетина граѓани одбиле да се попишат на пробниот попис

Триесетина граѓани одбиле да се попишат на пробниот попис што беше спроведен од Државниот завод за статистика во тринаесетина општини во државата, а во период од две недели. Од ДЗР велат дека и покрај тоа пробниот попис поминал успешно, пренсува „Канал 5“.Од таму додаваат дека за време на пробната операција имало мали недостатоци, но сметаат дека тоа не би влијаело на процесот.Официјално пописот ќе почне да се спроведува од април следната година, при што ќе мора сите задолжително  да се попишат. Се очекува да чини околу 8,5 милиони евра.

Македонија | пред 6 години

fiskalni333

Од утре стартува повратот на ДДВ од 15 отсто

Утре стартува повратот на ДДВ за граѓаните, преку кој четиричлено семејство ќе може да го надополни својот годишен семеен буџет за најмногу 28.800 денари.Граѓаните не треба да ги собираат фискалните сметки, туку секаде каде што пазаруваат да ги земат или да ги побараат ако трговците не им ги дале и со својот паметен мобилен телефон веднаш или најдоцна во рок од 10 дена да ги скенираат бар-кодовите од нив. За да можат да скенираат, претходно треба да ја симнат апликација МојДДВ. Апликацијата ќе биде достапна за симнување на веб страницата на УЈП, а на еден телефон ќе можат да бидат логирани повеќе лица.Повратот ќе важи само за сметки до 30.000 денари, за да се избегнат скапи односно луксузни работи, велат од Владата. Повратот нема да се прави за фактури и сметки со кои граѓаните плаќаат струја, вода и останатите комуналии.Државата ќе враќа 15% од платениот ДДВ. Што значи дека на платена сметка од 1000 денари, граѓаните плаќаат 180 денари ДДВ. Од овие 180 денари државата ќе врати 15% или во овој случај 27 денари.Едно лице месечно може да врати максимум 600 денари за кои треба да потроши над 22 илјади денари.За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ нема да плаќа персонален данок.

Македонија | пред 6 години

stevanovic

Стевановиќ: Стихијно се стипендираат студенти во странство

Генерално нема ништо лошо во тоа да се стипендираат млади луѓе на престижни универзитети, но овој проект и тогаш, а и сега се спроведува без никаква логика, без никаква дефинирана конкретна потреба, ниту цел, ниту механизми за мерење коишто ги дава, вели професор Маја Стевановиќ од ФДУ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.Професорке Стевановиќ, наталожените проблеми во високото образование ги донесоа големите протести на студентите и професорите пред неколку години. Што се смени од тогаш и дали гледате дека оваа влада има заеднички интерес со академската заедница да инвестира во образованието? Во смисла на обезбедување подобри материјални услови на факултетите и нивна финансиска одржливост.Ова што го гледате е Факултетот за драмски уметности. ФДУ годинава слави 50 години и од кои произлегле генерации што ја носат филмската и театарската уметност. Тоалетот е надвор од употреба, реконструкцијата е голема, но не може да се изведе, затоа што треба да се копа целата барака. Ова не е последица на пасивен однос, туку на тоа што МОН не дава средства за реставрација од една страна, а факултетот нема свои средства оти поради природата на работата има мал број студенти и средства од нивната школарина и партиципација. Дури и кога МОН би дало средства, сериозно би се поставило прашањето дали овие стари бараки треба да се реновираат со оглед дека со години се гради нов објект наменет за потребите на драмскиот факултет кој се наоѓа во центар и кој две години е во статус кво- ситуација. Зградата е изградена, училниците постојат, но нема основни елементи да биде ставена во функција сцената, како и филмските и телевизиските студија кои се основа на нашата работа. Веќе година и половина – две Службата задолжена за тој проект вели дека нема да преземе ништо надвор од тендерот. И така зградата стои и прашање е дали е воопшто функционална.Ние сме во овие бараки. Објектот е годината дена затворен, реално ќе почне да пропаѓа, а професорите и студентите на ФДУ се во кавкијанскиот круг од кој не гледаат излез во скоро време што зборува за капаците на оваа влада да ги решава затекнатите проблеми. Ѕидовите со години не се искречени и 100 студенти и 50 професори го поминуваат својот живот на ФДУ.Новиот Закон за високо образование беше донесен пред една година. Се промени ли нешто?Голем дел од академската заедница го изрази своето задоволство особено по однос на одредени решенија кои што овозможуваат демократизација на управувањето и на односите внатре во самиот универзитет. По однос на креирањето на телата коишто требаше да придонесат, како што е Агенцијата за квалитет, националниот совет коишто требаше да придонесат кон зголемување на квалитетот на високото образование, воспоставување критериуми и за реализација и за финансирање на дејноста. Но она што не го очекувавме е дека истата Влада и Министерство што го донесе овој прв закон донесен за време на нивниот мандат дека во фазата на имплементација на самиот закон нема да покаже јасна и недвосмислена волја за имплементација на истиот, односно на имплементација на решенијата од истиот закон. На што мислам?Најголемиот универзитет Св.Кирил и Методиј, како и сите други требаше три месеци од однесувањето на законот, да донесе статут, со којшто ќе го усогласи своето работење со решенијата од новиот закон. Универзитетот Св. Кирил и Методиј донесе статут којшто беше во спротивност или кој што не беше во согласност со голем дел од новите решенија коишто ги поздравивме, а Министерството за образование и наука девет или 10 месеци преговараше со раководството на универзитетот да се направи статут кој ќе биде усогласен со новиот закон. Мене не ми е јасно, како една влада преговара со институциите за тоа дали треба или не треба да се почитуваат одредбите од законите. Ми се чини дека тоа во Македонија се случува и никаде на друго место, па оттаму УКИМ веќе 10 месеци работи брз статут, бидејќи стариот не постои и дури пред две недели беше донесен статут којшто е во согласност со новиот закон.Со години наназад академската заедница се жали дела нема пари за науката. Се уште сме најслаба алка во регионот, со финансирање од 0,2 проценти. Што планирате да преземете како синдикат во оваа насока?Всушност не се ни 0,2. Тоа се средства коишто постојат на хартија и коишто се ставени во некакви си буџетски ставки, а реално Министерството за образование и наука финансира само плати и делумно придонеси за вработените во осум или девет јавни научни установи и дел од комуналните трошоци за функционирање на установите.Години наназад, 10 или веќе 11 години нема распишано конкурс за научно-истражувачки проекти, а дури и вработените по институтите немаат никакви материјални средства за истражувачка работа. Ситуацијата на универзитетите е иста, со тоа што универзитетите со дел од сопствените средства можат да помогнат во научно-истражувачките проекти и реално науката во Македонија се финансира од странски фондации, од европски пари и пред сè од сопствените средства на наставниците, на научниците коишто инвестираат во своите проекти. Каде одат овие други пари што формално стојат во буџетските ставки за наука. Ако убаво го изанализирате буџетот на МОН, којшто е апсолутно нечитлив и не може да се разбере што значат тие бројки таму, ќе дојдете на пример до една сума од милион евра која фигурира во наука, а тоа се парите кои се издвојуваат, барем оваа година, за проектот што го почна минатата влада, а тоа е стипендирање на студенти во странство, на универзитети коишто се меѓу првите 100 на шангајската листа и дополнително на уметнички факултети и академии. Генерално нема ништо лошо во тоа да се стипендираат млади луѓе на престижни универзитети, но овој проект и тогаш, а и сега се спроведува без никаква логика, без никаква дефинирана конкретна потреба, ниту цел, ниту механизми за мерење коишто ги дава. Оние што ги добиваат стипендиите потпишуваат договор дека ќе работат две години во Македонија, а никој претходно не изразил потреба за таков образовен профил, ниту реално има работно место.Ваков еден проект има смисла ако државата ја дефинира својата цел за развој, ако институциите на државата, па макар и приватните фирми покажат интерес за конкретен тип на профил, на струка којшто им е потребен, а не стихијно. Ако е точна информацијата, што јас ја добив пред неколку дена, дека 2,5 милиони евра се потрошени за стипендирање студенти на филмски студии, па моето прашање е зошто? Зошто студентите на ФДУ работат во вакви услови во какви што работат, затоа што тие кадри доаѓаат, бараат да бидат вработени кај нас на места коишто се пополнети. А истовремено никој не го прашал факултетот за какви кадри има потреба. И покрај се МОН пред една недела повторно распишува конкурс за стипендирање студенти на уметнички академии без дефинирана потреба и критериуми и ја користам оваа можност да упатам апел и до МОН и до владата да се преиспита овој проект, којшто е заоставштина од претходната влада и тие средства да се употребат за цел којашто навистина ќе придонесе за заживување и за напредок на науката и на високото образование во МакедонијаЦелото интервју со професор Маја Стевановиќ може да го погледнете тука.

Македонија | пред 6 години

IMG_7592-1

(ФОТО) Волонтери исчистија повеќе 300 тони ѓубре од дива депонија кај Куманово

Над 300 тони смет и шут беше изнесено од дивата депонија на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, пред населбата Проевце, во еколошката акција на волонтерите на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.Во чистењето се приклучи и механизацијата на ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово, кои со багери подигнаа 24 приколки од камион и 3 тракторски приколки најразличен отпад, кој несовесните граѓани го фрлаат покрај патот.Повеќе: СДК

Македонија | пред 6 години

deca-autizam-zagaden-vozduh

Енормна загаденост на воздухот во центарот на Скопје и во лето

Викендов кај ректоратот во строгиот центар на Скопје биле измерени рекордни 406 ПМ 10 честички на метар кубен. Ова знчи дека Скопјани дишат загден воздух, не само во зима туку и во лето.Загаденоста на главниот град во овој период на годината го побива тврдењето на надлежните дека загаденоста е поради тоа што голем дел од домаќинствата се греат на дрва.https://www.facebook.com/twibi/posts/10220345695855047

Скопје | пред 6 години

vulkan33

Еруптираше вулкан во Папуа Нова Гвинеја, евакуриани 15.000 лица

Поради ерупција на вулканот Улавун на островот Манам во Папуа Нова Гвинеја, 15.000 луѓе се евакуирани, соопштија денеска хуманитарните служби.Меѓутоа, од ерупцијата се уништени куќи, плантажи и извори на вода, поради што локалното население остана без храна и вода.Поради големи облаци од пепел, во прекин се и летовите на регионалните линии.Засега нема податоци за евентуални повредени.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Разбојништво во казино во Скопје

На 30.06.2019 во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Народен Фронт“ непознат сторител извршил разбојништво и одзел пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

homoseksualci

Невладините ги бројат хомосексуалците во земјава, меѓу нив политичари, свештени лица, доктори...

Невладините организации во Македонија почнаа да ги пребројуваат хомосексуалците во земјаава. Според прбичните податоци кои ги добиле ,во Македонија има околу 200.000 хомосексуалци,  или  една десетина од вкупниот број жители во земјава.Повеќе од 100 политичари се хомосексуалци, над 900 лица вработени во МВР и речиси 850 во АРМ, исто така. Меѓу студентите во Македонија дури 5.056 се изјасниле дека се геј, а 514 хомосексуалци има во бизнис-елитата, 494 од докторската фела, 86 новинари и 11 свештеници и оџи.Во истражувањето анкетирани биле 12.000 испитаници . Од нив 9.540 лица истакнале дека тоа го прават по сопствена волја и без никаков финансиски надоместок, додека 2.460 лица наплатувале за своите услуги од 100 до 6.000 денари. Некои од испитаниците биле принудени на ваков начин да заработуваат за егзистенција затоа што државата не се грижи за нив.Извор: Скопје24

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања