Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

policija-123

Починат маж пронајден во стан

На 29.06.2019 година во 16.35 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на улица „Пушкинова“ во Скопје има починато лице без видливи траги на насилство.Утврдено е дека се работи за лицето Н.А.(41) од Скопје.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Скопје | пред 6 години

pretepal-do-smrt

Скопјанец нападнат од две лица

На 30.06.2019 година во 02.00 часот во Полициската станица Центар, С.С.(23) пријавил дека на бул.„Партизански Одреди“ физички бил нападнат од две лица.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepacka1

Нападнат ветеринар во Скопје од непознато лице

На 29.06.2019 година во 13.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.А.(50) од Скопје, вработен во Ветеринарна Болница на ул.„Лазар Поп Трајков“, пријавил дека истиот ден околу 12.15 часот во ветеринарната болница физички бил нападнат од едно лице.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Нападнати двајца малолетници од Скопје

На 29.06.2019 година во 09.30 часот во Полициската станица Чаир, Б.Ш.(41) и З.А.(40) од с.Кучевиште, скопско, пријавиле дека на 28.06.2019 година околу 23.00 часот во с.Радишани, скопско, Б.С. и Л.С. физички ги нападнале нивните малолетни синови.По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Автомобил со српски тaблички излета од патот Градско – Скопје

На 29.06.2019 година околу 18.45 часот на патот Градско – Скопје, во близина на исклучокот за Штип, патничко возило „Тојота aвенсис“ со српски национални ознаки, управувано од А.М.(45) од Република Србија, излетало од патот.Во незгодата сопатничката Љ.М. се здобила со тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош во болницата во Велес.Увид извршила екипа од СВР Велес. 

Македонија | пред 6 години

zatvor-10

Приведено лице за доиздржување на казна затвор во Идризово

На 29.06.2019 година во 21.30 часот во Полициската станица Тетово, врз основа на судска наредба, бил приведен А.А.(53) од с.Мерово за доиздржување на казна затвор во Казнено-поправната установа - Затвор Идризово.Лицето било спроведено за доиздржување на казната затвор.

Македонија | пред 6 години

turkanica-vo-severna-koreja

Портпаролката на Белата куќа повредена за време на средбата меѓу Трамп и Ким

Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, само што ја презеде новата должност, а веќе беше повредена на работа – таа доби модринки откако се најде меѓу обезбедувањето на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун и медиумите кои се обидуваа да се приближат до американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот домаќин, на историската средба во демилитаризираната зона.Гришам која има 42-години, наводно го туркала обезбедувањето обидувајќи се да им помогне на фотографите од Белата куќа да го снимат моментот на ракување меѓу Трамп и Ким, пишува „Фокс њуз“.Засега не е познато дали Гришам побарала медицинска помош и дали некој друг бил повреден во таа прилика.Гришам до неодамна бепе портпаролка на првата дама на САД, Меланија Трамп, а минатата недела на местото портпарол на Белата куќа ја замени Сара Сeндерс.

Свет | пред 6 години

vmro-dpmne-sediste1

ВМРО-ДПМНЕ: Хохштаплерот Заев го зголеми имотот на неговите семејни фирми откако е на власт

Хохштаплер е германизам, кој се употребува како синоним за измамник, лажго или некој што се обидува на нечесен и криминален начин да се стекне со финансиска корист. Хохштаплер е зборот кој што најдобро го опишува делувањето на Зоран Заев и бандата околу него овие три години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Хохштаплерот Заев го зголеми имотот на неговите семејни фирми откако е на власт со тоа што неговото семејство го презема струмичкиот конфекциски гигант Герас Цунев, влезе во бизнисот со марихуана, а нивни камиони возат и за потребите на РЕК Битола. Хохштаплер е Анѓушев кој зема државни тендери во време кога е вицепремиер за економски прашања. Хохштаплер е Рашковски, кој го слушаме како мести тендер од 7 милиони евра. И додека на Заев, Анѓушев и Рашковски им оди добро, бизнисите и граѓаните тонат“, стои во соопштението на партијата.

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски преку ФБ најави дел од плановите меѓу кои: носење историски план за економски силен развој, враќање на рамниот данок и поголеми плати и пензии

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со објава на својот фејсбук профил најави носење историски план за економски силен развој, враќање на рамниот данок и поголеми плати и пензии кои би се постигнале преку зголемување на економскиот развој.Мицкоски на ФБ напиша:„На уште една од стотиците лаги на Зоран Заев и пристигна демантот.Дека на лагата и се кратки нозете говорат следниве факти, имено бројот на работници во индустријата во месец Мај 2019 е за 2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година. Истото важи и за бројот на работници во индустријата за периодот од Јануари до Мај 2019 споредено со истиот период во 2018 година, имено во периодот Јануари-Мај 2019 работат во индустријата за 0,6% помалку работници отколку истиот период 2018 година.Вистината е немилосрдна исто какви што се цунами последиците во македонската економија како резултат на политиките на сега веќе двоецот Заев-Анѓушев.Истовремено индустриското производство во номинала пораснало во месец Мај 2019 споредено со Мај 2018 година за катастрофални 1,2% што е помалку од инфлацијата во РМ, што значи дека реалниот раст е негативен.Катастрофата во вториот квартал од 2019 што ја најавивме продолжува со рекордно ниското ниво на реализиција на капиталните инвестиции заклучно со месец Мај 2019 година, 13,74%.Немаат развоен концепт, немаат визија, нема структурни реформи. Планот на двоецот Заев-Анѓушев е во две генерални точки: прво, целосна окупација на министерството за финансии и второ, концепт на зголемување на задолжувањето на државата на рекордно ниво од сегашните 49% од БДП на 60% од БДП (околу 1.500.000.000 $) не за капитални инвестиции и развој туку за социјални трансфери, плати и пензии, мислејќи дека на тој начин ќе тргуваат со симпатиите на гласачите и ќе ги добијат следните парламентарни избори, истовремено потценувајќи ја колективната меморија на граѓаните за сите недела, лаги, криминал и корупција изминатиов период. Едноставно, криминалниот ум не се менува...Доаѓа крајот на оваа антибизнис и антиреформска влада, доаѓа крајот на криминалот, корупцијата, уцените и притисоците. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ го враќа рамниот данок, поголеми плати и пензии врз основа на зголемена продуктивност и економска активност на компаниите и носи историски план за економски силен развој на Македонија.#ОбноваНаМакедонија“, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ на социјалната мрежа Фејсбук.

пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев наместо подобар живот, од НАТО и ЕУ носи само лоши работи - хомосексуализам, дрога, проституција

„Марионетскиот премиер Зоран Заев секојдневно ја бомбардира јавноста дека Македонија отвора светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели.Веќе стана практика марионетата Зоран Заев, а отвори уста да излаже. Наместо подобар живот, Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи, како, хомосексуализам, дрога, проституција, секојдневни убиства, грабеж на народни пари, безаконие, криминал и корупција...Марионетата Заев од вчера тргна да ги руши и македонските традиционални и семејни вредности со финансиската и морална подршка од власта на т.н. парада на гордоста на луѓето со поинаква природна ориентација.За Единствена Македонија нема дилема. Заедно со македонскиот народ и државјаните на Република Македонија остануваме на првата линија во поткрепа на традицијата, бракот и семејството. Како одговорна партија, новата легална власт на Единствена Македонија ќе овозможи соодветен инстиуционален третман на луѓето со поинаква природна ориентација во обидот за нивно враќање во нормалното и прифатливото“, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

meta-na-plaza-696x523

Во Албанија се гласа, Мета се сонча на плажа

Претседателот на Албанија, Илир Мета, објави фотографија од себе каде заедно со својот пријател се релаксира под сонцето, додека трае гласањето на локалните избори во оваа земја.„Драги пријатели, заедно со мојот пријател уживаме во оваа историска и сончева недела и во музиката“, напиша Мета.

Свет | пред 6 години

3-3

Ѓорчев и Василевска положија цвеќе на споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија

Денеска 30.06.2019 година, на споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија, жртви на Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 година, партиска делегација предводена од членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев и Иванка Василевска положија свежо цвеќе.Споменикот на децата бегалци е откриен на 30 јуни 1988 година, кога во Скопје е одржана Првата светска средба на децата бегалци.Со полагањето цвеќе на Споменикот се одбележуваат 70 години од крајот на Граѓанската војна во Грција.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Ќе донесеме историски план за економски силен развој на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со објава на својот фејсбук профил најави носење историски план за економски силен развој, враќање на рамниот данок и поголеми плати и пензии кои би се постигнале преку зголемување на економскиот развој.„На уште една од стотиците лаги на Зоран Заев и пристигна демантот.Дека на лагата и се кратки нозете говорат следниве факти, имено бројот на работници во индустријата во месец Мај 2019 е за 2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година. Истото важи и за бројот на работници во индустријата за периодот од Јануари до Мај 2019 споредено со истиот период во 2018 година, имено во периодот Јануари-Мај 2019 работат во индустријата за 0,6% помалку работници отколку истиот период 2018 година.Вистината е немилосрдна исто какви што се цунами последиците во македонската економија како резултат на политиките на сега веќе двоецот Заев-Анѓушев.Истовремено индустриското производство во номинала пораснало во месец Мај 2019 споредено со Мај 2018 година за катастрофални 1,2% што е помалку од инфлацијата во РМ, што значи дека реалниот раст е негативен.Катастрофата во вториот квартал од 2019 што ја најавивме продолжува со рекордно ниското ниво на реализиција на капиталните инвестиции заклучно со месец Мај 2019 година, 13,74%.Немаат развоен концепт, немаат визија, нема структурни реформи. Планот на двоецот Заев-Анѓушев е во две генерални точки: прво, целосна окупација на министерството за финансии и второ, концепт на зголемување на задолжувањето на државата на рекордно ниво од сегашните 49% од БДП на 60% од БДП (околу 1.500.000.000 $) не за капитални инвестиции и развој, туку за социјални трансфери, плати и пензии, мислејќи дека на тој начин ќе тргуваат со симпатиите на гласачите и ќе ги добијат следните парламентарни избори, истовремено потценувајќи ја колективната меморија на граѓаните за сите недела, лаги, криминал и корупција изминатиов период. Едноставно, криминалниот ум не се менува...Доаѓа крајот на оваа антибизнис и антиреформска влада, доаѓа крајот на криминалот, корупцијата, уцените и притисоците. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ го враќа рамниот данок, поголеми плати и пензии врз основа на зголемена продуктивност и економска активност на компаниите и носи историски план за економски силен развој на Македонија“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Десет математички прецизни факти за Мицкоски да може да учи економија

„Еве 10 математички прецизни факти за Христијан Хидро Мицкоски, да се потсети и да научи што значи економија, економски раст и развој, како резултат од успешните економски политики во изминатите 2 години:1.       Индустриското производство во 2018 година имаше највисок раст во последните 7 години, споредено со економското уназадување во време на ВМРО-ДПМНЕ!2.       Растот на индустриското производство продолжи и во 2019 година. Официјалните податоци на Државниот завод за статитика покажуваат дека индустриското производство бележи раст од 8,8 отсто во првото тромесечие од 2019 година!3.       Од - 1.8% во времето на ВМРО-ДПНЕ македонската економија, БДП, порасна на +4,1%!4.       Невработеноста ја намаливме на историски најниски 17,8%.  За 2 години отворени се над 49 илјади нови работни места!5.       Странските инвестиции бележат нови рекорни износи. Извештајот на Конференцијата на Обединетите нации забележа најголем рекорден пораст од 260% на странските инвестиции во Северна Македонија, најмногу во целиот регион!6.       Просечната плата за 2 години порасна за околу 2.000 денари!7.       Минималната плата ја зголемивме од 9.000 денари во 2016 година на 12.500 денари во 2019 година!8.       Повисоки плати за 10% и 5% за вработените во здравството, образованието, градинките, одбраната, културата, полицијата, јавната администрација...9.       Просечната пензија за две години порасна за 826 денари.10.    Социјалната помош е зголемена за повеќе од 300% - четиричлено домаќинство во социјален ризик ќе добива месечен надоместок од 10.600 денари, наместо досегашните 3.029 денари.Христијан Хидро Мицкоски ова се економски факти. Со преземањето на ресорот финансии од страна на премиерот Зоран Заев, економските лекции допрва ќе се прошируваат и зголемиваат, во интерес на граѓаните и државата. Но, има Мицкоски време за учење“, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

kosta-izjava-unesko

Георгиески: Состојбата со дивоградбите е алармантна, ова не е ново - Нов е пристапот кој го преземаме за справување со овој проблем

Градоначалнкот на Охрид, Константин Георгиески преку социјалната мрежа Фејсбук го образложи својот коментар во врска со дивоградбите во Охрид, за кои е често критикуван. Георгиески напиша:„Речиси три децении Охрид е жртва на несоодветно и на несовесно владеење на сите нивоа.Од монета за поткусурување помеѓу политичките елити на централно ниво до жртва на лукративните интереси на локални политички и бизнис моќници. Резултатот е катастрофален на повеќе нивоа.Состојбата со урабнизмот и дивоградбите е алармантна. Ова не е ништо ново. Нов е само пристапот кој што ние како нова администрација во општината го преземаме за справување со овој комплексен урбанистички, политички и општествен проблем. Пристапот за кој зборувам е системски и сеопфатени со вклучување на соодветните институции и сите останати засегнати страни.Општина Охрид за првпат во историјата, и единствена во државата, во согласност со препораките на УНЕСКО направи Регистар на нелегални градби. Идентификувавме 1,076 предмети за кои е констатирано прекршување на законот за градење. Од нив, фрапантни 409 се лоцирани во заштитниот појас. Справувањето со овој комплексен проблем не може и нема да се случува на прес конференции и соопштенија туку преку неуморна и посветена работа. Општина Охрид како најзасегната и најзаинтересирана ја презеде водечката и координативна улога во овој долгорочен и макотрпен процес. Во него, секој, без исклучок, ќе сноси одговорност за постапувањето и непостапувањето независно дали се работи за сторители на прекршоци или институции кои не постапувале соодветно. На увид целосно и навремено ќе се достават на јавноста наодите и резултатите од преземените мерки.Охрид е македонско и светско културно наследство. Со поддршка на Владата и во тесна соработка со УНЕСКО преземаме активности базирани на стратечки пристап и со реално остварливи цели. Денес заминувам во Баку на 43-тата Сесија на Комитетот за светското наследство каде ќе го презентирам планот и веќе преземените мерки за заштита и унапредување на статусот на Охрид како Светско културно наследство.Напоменав и уште еднаш потенцирам дека ништо нема да се случи преку ноќ ниту пак ќе биде едноставен овој процес. Ги повикувам јавно, сите политички чинители, граѓанскиот сектор и медиумите активно да се вклучат во овој процес. Сите да си го одработиме тоа за што сме одговорни, затоа што во залог не е само Охрид туку и функционалноста на политичкиот систем во државата“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Охрид, Констнтин Георгиески. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од есен се враќаат хартиените билети за едно возење во ЈСП

Во автобусите на ЈСП – Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз, пишува Мета.Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие денови тече периодот на жалби од останатите понудувачи, по што и официјално ќе биде склучен договорот. Советот на град Скопје треба допрва да ја утврди цената на билетот за едно возење, по што претстојната есен хартиениот билет ќе може повторно да се купи во автобусите.

Скопје | пред 6 години

londonska-policija

Трудница прободена со нож во Лондон, бебето во критична состојба

Во текот на ноќта во Лондон била убиена 26-годишна трудница во осмиот месец од бременсота, а лекарите се борат за животот на бебето.Полицијата добила повик од јужниот дел на Лондон околу 3:30 часот по полноќ, а на местото ја пронашле бремената жена во тешка состојба. Притоа, лекарите веднаш ја породиле и го префрлиле бебето во болница, во критична состојба, објави „Ројтерс“.Жената прободена со нож подоцна им подлегнала на повредите, а за наводна вмешаност во нападот уапсен е 37-годишен маж.„Ова е страшен инцидент во кој една млада мајка го загуби животот, а нејзиното дете е во критична состојба“, изјавил инспекторот Мик Норман за „Ројтерс“.Во Лондон се случил уште еден напад во кој животот го загубил човек во доцните 20-ти години.

Свет | пред 6 години

296013-0.basic-vasilevska

Василевска: Зошто господине Рашковски манипулирате дека се работи за веќе договорен тендер?

Ќе даде ли конечно одговор генералниот секретар на владата на Република Македонија во врска со еден од најголемите корупциски скандали на оваа власт?, ова денеска преку прес-конференција го праша Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.-Докази и сомненија кои посочуваат за постоење на 7 милионската тендерска аванта за владиниот генерален секретар доаѓа од секој чекор. Ако авантата од 7 милиони која ја чувме од медиумите дека Рашковски ја договара не е точна зошто тогаш чекорите кои Рашковски ги договара по кои италијанската фирма го добила тендерот се вистинити. Зошто на снимката на Рашковски се договараат кои заклучоци ќе се донесат и доколку се провери дали навистина се донеле вистината е поразителна за оваа криминална власт. Рашковски на снимката договара заклучок кој владата навистина го донела за што потврдуваат овие документи, и оттука имаме 10 прашања коишто треба да ги одговори Драги Рашковски.Зошто господине Рашковски манипулирате дека се работи за веќе договорен тендер, кога договорот е склучен на 14.12.2018 година, два дена по состанокот кај вас во влада?Доколку како што велите господине Рашковски дека од менаџментот знаеле дека со италијанската компанија имале негативни искуства, зошто не го поништиле тендерот?Дали гласот кој се слуша на снимката е ваш и дали се слушате како на претставниците на италијанската компанија им велите дека тие се добитници, но дека имало проблем со процедурата?Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација?Го повлековте ли господине Рашковски заклучокот на владата за кој претседтелот на М-НАВ ви укажува дека е спорен?Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требаше да се смени за да можете да го доделите тендерот на фирмата која посакувате?Зошто го криете од компаниите учеснички на тендерот наодот на Бирото за судски вештачења?Господине Рашковски како според вас Италија, Шпанија, Франција и Малта се „ебиветар“ држави? Како се среќавате и ги гледате во очи амбасадорите на овие држави и впрочем што мислите за вашите помали коалициони партнери од ромска националност?Дали и во другите делови од набавката инсистирате италијанската компанија да добие на непосредна спогодба, иако ви укажуваат дека не се работи за компанија којашто е директен производител?И за крај господине Рашковски кои се европски држави кои се наоѓаат под екваторот?, прашува Василевска.Таа го повика премиерот, Зоран Заев, да се произнесе за скандалот.-Заев бидејќи молчи очигледно и тој го штити исто како што го штитеше и Курто Дудуш. Молкот отвора сомнеж дали од договорената аванта имало и за првиот човек на владата!? – додаде Василевска.

Македонија | пред 6 години

296011-0.basic-bozinovski3

Божиновски: Власта ги злоупотребува правосудните институции за шиканирање на политичките противници

Зоран Заев и СДСМ вршат политички прогон. Власта ги злоупотребува правосудните институции за шиканирање на политичките противници. Апсењето и притворањето на Димитар Димовски, Дејан Митески и другите опфатени во монтираниот случај е само доказ за стравот на власта од се поочигледниот пораз, изјави Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„Власта во овој, како и во сите други случаи каде се опфатени луѓе од ВМРО-ДПМНЕ  ја злоупотребува мерката притвор,  наместо како мерка за обезбедување на присуство, ја користи како мерка за шиканирање и казнување.Притворот се изрекува, доколку треба  да се обезбеди присуство на некое лице пред органите на прогонот. Опасност од бегство или непојавување во случајот со Димовски и Митески нема. Димовски сам ја вратил сопствената времена патна исправа, а Јанакиески веќе подолго време беше во куќен притвор. Доколку сакале да бегаат немало да чекаат да бидат доведени пред свршен чин.Сите обвинети во монтираните судски процеси се дел од една хајка која нема врска со правото, туку служи  за заплашување.Последниот монтиран случај нема никаква врска со правото. Ниту е извршено кривично дело, ниту е прибавена противправна имотна корист. СДСМ е веќе трета година на власт и доколку сметале, можеле во секој момент да го вратат земјиштето во посед на државата.Власта има само за цел да ги малтретира притворените.ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира Апелацискиот суд да се надвисне над политиката и да одолее на притисоците. Потребни се одлуки согласно законот, а не како што ќе нареди Заев. Апелацискиот суд треба да ја отфрли мерката притвор или да донесе  поблага мерка.ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека за сите злоупотреби и кршења на правото ќе следува одговорност со враќање на правната држава и владеењето на правото, вели Божиновски.

Македонија | пред 6 години

avtobus-1

(ВИДЕО) Македонски автобус се запали на пат за Сплит

Автобус на „Хафет турс“ кој се обраќал на релација Скопје – Сплит, утрово во 3 часот се запалил во возење во близина на црногорското летувалиште Петровац. За среќа во инцидентот нема повредени, сите патници за кратко време го напуштиле автобусот, кој е речиси уништен од пожарот, објави „Охридњуз“.На местото на настанот брзо пристигнала локална противпожарна екипа која го изгаснала пожарот.

Македонија | пред 6 години

edi-sako2

(ВИДЕО) Еди Рама во бермуди на гласање

Во соседна Албанија денеска се одржуваат локални избори но без опозиција. Во многу општини на изборнителивчиња има само еден кандидат и тоа од владеачката партија на премиерот Еди Рама, а тој излезе на гласање.Неговата облека им падна во очи на медиумите. Тој на гласачкото место се упати облечен во сако со бела кошула која слободно паѓа, со марамче во реверот, а наместо пантолони носеше бермуди во комбинација со чорапи и чевли.https://www.facebook.com/edirama.al/videos/485770642229913/

Свет | пред 6 години

bekim-asani

Детали за нападот врз припадници на ЛГБТИ заедницата: Фалеа секунди да завршиме многу полошо

Шестмина активисти на ЛГБТИ беа вчера вербално нападнати во Сарај по Парадата на гордоста која се одржа во Скопје. Група насилници ги следеле активистите со две возила и неколку пати им го блокирале патот. Третиот пат решиле и физички да се пресметаат со нив, па го нападнале Беким Асани од Тетово, кого го удриле со тупаница.Асани раскажа што се случило. Тој вели дека среќа што во близина на местото на настанот имало полициски службеници кои веднаш интервенирале, со што е избегнат поголем инцидент.„Во група од 15 до 20 души еден рече „дали е тој педерот од Тетово” откако и некои му потврдија почна да ни префрлуваат, при што ние заминавме, но 5 од нив не следеа и ми се нафрлаа мене…едниот ме плукна…цело време викаа ќе те убиеме, мртов си а на другарките им викаа вас ќе ве силуваме…Ова траеше едно 300 метри дур не се качивме во такси, ние со 2 такси, една кола не следеше напред една странично…таа напред 2 пати ни го пресече патот, па таксистот даде гас повеке…но во Сарај имаше гужва…по 3 пат ни го пресекоа патот.Едниот излезе од кола дојде ја отвори врата од таксито и ми ја искина маичката (маичката не беше од скопје прајд)…ми ги искина и двете гумени алки…пак се врати и ми удри бокс…за тоа време други се собираа и ни ја опколија колата викајќи педери мрш од тука, ќе умрете…Имавме многу среќа зш во кафулете од спротивно имало тројца полицајци кои претрча…но и они беа нападнати од тој што ми удри бокс и од неговиот другар…Фалеа секунди да завршиме многу полошоНикој од нас немаше ништо ЛГБТИ никакви обележја…они ме препозна мене…Сите сме шокирани се беше како на филм…ова нема да го заборавиме цел живот“, напиша Асани на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

untitledtyjty5j64u565u5ree

(ВИДЕО) Маж со калашников влегол на избирачко место во Драч

53-годишен маж со калашников влегол на избирачко место во Драч, со цел да го попречи изборниот процес, пренесува Albeu.com.https://www.facebook.com/albeucom/videos/379316749608025/Полицијата открива дека станува збор за лицето Рамиз Баканачи, кој со оружје влегол на избирачкото место, и се заканувал на комисијата и ги искршил гласачките кутии,Тој бил уапсен од страна на полициските сили.Инаку во Албанија денеска се одржуваат локални избори, кои опозицијата ги бојкотира, а на гласачките ливчиња во повеќе општини има само еден кандидат и тоа од владеачката партија на Еди Рама. 

Свет | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски: Пендаровски ако сака средба со мене, треба да се извини за изјавата дека Гоце бил Бугарин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, вчера воинтервју за Канал5, рече дека тој не видел метла освен што Заев го изметил само предлогот да е министер за финансии и дека тој нема дилеми кој бил Гоце Делчев.- Секогаш кога ќе бидам повикан на лидерска средба каде што ќе се одлучува за иднината на нашата држава, на Република Македонија, ќе присуствувам и ќе додадам вредност. Но, доколку господинот Пендаровски сака да има тет а тет средба со мене тогаш ќе треба да докаже дека е претседател на сите граѓани. И ја користам оваа прилика еве да му упатам еден апел доколку навистина искрено сака средба со лидерот на опозицијата, прво што треба да направи е да им се извини на Македонците во Република Македонија за неговата изјава за Гоце Делчев и истата да ја повлече, па дури потоа може да разговараме за наша заедничка средба, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

zelen-karton

Приведен Турчин поради фалсификувана меѓународна зелена карта

На 29.06.2019 година во 10 часот на граничниот премин „Деве Баир“ приведено е лицето А.Ј.(58) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Рено“ со турски регистарски ознаки, поради сомнение за фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност.Лицето е предадено на полициски службеници на Полициска станица Крива Паланка. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања