Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot_10-1

(ФОТО) Еве како одат Скопјани на плажа во Охрид

На социјалните мрежи се појави фотографија на која опишува како Скопјаните одат на плажа во Охрид.„На само едно метро од водата, со кола, и после охриѓани не ги сакале скопјанчишчана. Ам како мојш да ги сакаш?“, стои под фотографијата.

Македонија | пред 6 години

Zaev-Tevdovski

ВМРО-ДПМНЕ: Заев вети метла, а се остана исто, само Тевдовски го нема

СДСМ паѓа. Власта е уплашена и затоа прибегнува кон притисоци, закани и шиканирања, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Заев е на пат да ја загрози и европската иднина на државата. Оваа влада нема капацитет да спроведе реформи, затоа и не се почнати преговори со ЕУ.Зоран Заев се што вети излажа. Вети метла, а по метлата се остана исто, само Тевдовски го нема.Граѓаните не видоа ништо позитивно со оваа власт. Земјоделците го фрлаат својот род, образованието е деградирано, здравството е уништено.Правниот систем е уништен.ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов закон за СЈО кој е во склад со европското право и препораките на Европскиот суд на правдата.Правосудните институции не смеат да се користат за политичка пресметка.Одговорност за секоја злоупотреба ќе има.ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати правната држава и владеењето на правото. По победата на изборите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне ослободувањето на Македонија од овој вистински режим“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still143-1

(ВИДЕО) „Кулминација“ на „културната понуда“ на „градот“ Охрид

Дефинитивно културната понуда на Охрид ова лето доживува климактериум.Во името на Локалната самоуправа, која е покровител на овој музички настан, свое обраќање пред публиката имаше Советникот во Советот на Општина Охрид, Ристо Николески.–Вечерва, Охрид ќе живее со звуците на  новосоздадените фолк и поп музички нумери, кои ќе ги изведат познати, но и надежни имиња од македонската музичка сцена, но и гости од Република Бугарија и Република Србија. Вие, учесниците на фестивалот ќе покажете што знаете и умеете, а нам ќе ни овозможите да уживаме во Вашите изведби. Со учеството на овој фестивал, Вие станувате дел од богатата културна сегашност и ќе станете дел од мозаикот на културните настани што се одржуваат во Охрид.Локалната самоуправа ги поддржува и ќе ги поддржува ваквите настани со што се збогатува туристичката понуда за домашните и странските туристи. На ваков начин  ја реализираме нашата стратегија за постојано внесување на нови содржини не само од областа на културата и забавата, туку и од спортот и другите форми на алтернативниот туризам, истакна Николески  https://www.facebook.com/www.shilomagazine.com.au/videos/496111764483606/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СДСМ: Цената на струјата останува иста, домаќинствата и компаниите имаат можност да заштедат

Се потврдија најавите на надлежните институции и Владата дека со либерализацијата цената на струјата нема да поскаи како што лажно обивнуваше ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.„Цената на струјата останува иста, домаќинствата и компаниите имаат можности да заштедат.Со враќањето на евтината тарифа на струја околу 11 милиони евра се враќаат назад кај граѓаните, со тоа што плаќаат помали сметки само со оваа мерка.Со либерализацијата на струјата, бенефит ќе имаат 20-30% од компаниите, коишто досега мораа да купуваат струја од околу 140 евра, а сега по околу 80 евра за мегават час.Граѓаните многу добро можат да направат разлика меѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога струјата поскапе за 100 отсто, и домаќинските и одговорни мерки на СДСМ со кои парите се враќаат назад кај граѓаните.Владата предводена од СДСМ останува посветена на креирање и спроведување мерки кои значат подобар живот за сите и повеќе пари директно кај граѓаните.Зборот важи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

struja-1

Утре без струја дел од Сарај и Кисела Вода

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа без струја утре од 10 до 11 часот ќе бидат корисниците од улица „4“ во село Сарај и од селата Арнакија, Семениште, Буковиќ, Ласкарци, Раовиќ и Чајлане во општина Сарај.Прекин на снабдувањето со струја утре од 10:30 до 13:30 часот ќе има и кај дел од корисниците на бул. „Борис Трајковски“ бр.60 , и објектите во близина на бр.60 во општина Кисела Вода.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре 90 отсто помали цени на роаминг услугите

Огромен пад на цените на роаминг услугите од утре.Македонците, Албанците, граѓаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од понеделник ќе можат да зборуваат со 90 отсто помали цени. Доколку праќате СМС порака на број во некоја од овие земји ќе ве чини само 2,1 денар по порака. А доколку се јавите во некоја од земјите од Западен Балкан минута за појдовен повик ќе ве чини 4,3 денари.Договорот на политичко ниво помеѓу земјите од Западен Балкан беше донесен на почетокот на месец април.Според директорот на АЕК, Сашо Димитровски целта е во јули 2021 година роамингот да биде целосно укинат и да се наплаќа како потрошен домашен сообраќај, како што е во моментов во Европа. Се очекува намалување и на роаминг услугите со нашиот јужен сосед Грција до крајот на годината.

Македонија | пред 6 години

download-1-1-1

Путин во посета на поплавените области во Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска пристигна во градот Братск, во Иркутскaта област, во која поради поплави е прогласена вонредна состојба.По враќањето од Осака каде што се одржа самитот на Г-20, Путин пристигна во Братск, објави агенцијата „Тасс“.Обилните дождови предизвикаа поплави во Иркутскaта област, каде што беа поплавени повеќе од 4.000 објекти.Пет лица го загубија животот, а неколку луѓе се водат за исчезнати.Путин истакна дека луѓето погодени од поплавите мора во секој момент да бидат добро информирани за акциите кои се преземаат, каде се лоцирани привремените засолништата, каде може да добијат вода, храна и други неопходни продукти.

Свет | пред 6 години

65539389_1665825333561456_8081684354218065920_n

Влатко Груевски на 15 ти јули со солистички концерт во Охрид

Познатиот тенор од Националната опера и балет, Влатко Груевски, оваа година ќе одржи солистички концерт на 15.07.2019 година во Куќата на Уранија во Охрид која е во сопственост на Академијата на науки и уметности.Концертот припаѓа на неговата летна концертна сезона наречена „The Art of Power” каде се вклопени над 15 концерти на целата територија на нашата држава.

Магазин | пред 6 години

Foto-7-3

Пендаровски: Се надеваме дека до 4 декември, ќе станеме и формално 30 членка на НАТО

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, во Битола присуствуваше на отворениот ден за граѓаните со учесниците на воената вежба „Одлучен удар“, најголема воена вежба досега организирана во Република Северна Македонија. Пред граѓаните на Битола беа претставени опремата, постапките и процедурите што се користат при спроведување на вежбата, како и дел од вештините на војниците учесници на вежбата. „Имавме прилика денеска во Битола да видиме дел од опремата, вооружувањето, па и дел од персоналот војници и старешини кои учествуваа на вежбата која во изминатите месец и половина се одвиваше на воениот полигон „Криволак“. Тоа е најголема воена вежба во историјата на нашата земја, со околу 2.700 војници вкупно. Тука ми е посебна чест што имаше и припадници на американскиот контигент, од кои околу 40 проценти беа во составот на таа мултинационална вежба. Значи над 1.200 американски војници имавме на наша територија, што е само показател дека стратешкото партнерство меѓу  Македонија и Соединетите Американски Држави трае, успешно е, ефикасно е, и со нивна помош очекуваме до крајот на годината да ја постигнеме и формално најголемата стратешка цел која ја имаме зацртано уште во деведесетите, а тоа е полноправното наше членство во НАТО алијансата. Во тој дел можам да ве информирам дека процесот на ратификација на пристапните протоколи во сите земји-членки оди со одлично темпо, дури и во овој, практично веќе, летен период. Очекуваме уште 11 ратификации. Останатите земји-членки од 29 тоа го завршија. Во овие 11 постапката е или почната или е при крај. Она што е за нас битно е што во државите кои внатрешно имаат компликувани процедури од технички аспект, или имаат да речеме дводомни парламенти, таа постапка е веќе поодмината. Ние се надеваме до 4 декември, до самитот на НАТО кој е веќе закажан во Лондон, Велика Британија, да станеме и формално 30 членка на алијансата, токму во годината кога НАТО слави 70 години од своето формирање“, изјави претседателот Пендаровски.Прашан кога очекува ратификација на протоколот за членство на Македонија во НАТО од страна на САД, претседателот Пендаровски рече дека очекувањата се до август или почетокот на есента да се заокружи процесот. „Ветувањата се дека во американскиот конгрес ратификацијата ќе помине слично како што помина ратификацијата за членство на Црна Гора во 2017 година. Значи, од 100 сенатори во тоа време, 98 гласаа За, еден само беше против, еден беше отсутен. Не уверуваат дека за нас ќе биде најмалку 99 За и еден евентуално може да биде против или воздржан. Меѓутоа, тоа е процедура која е веќе поодмината. Соединетите Американски Држави се дел од таа таканаречена неформална група на пријатели во алијансата која ги турка сите други протоколи за потпишување во другите земји-членки. Значи кај нив нема никаква најава дека може да се забави процесот“, изјави претседателот Пендаровски, појаснувајќи дека процесот на ратификација е од технички, а не од политички карактер. Вежбата „Одлучен удар“ се изведува на армискиот полигон „Криволак“ од 5 јуни до 9 јули и на неа учествуваат околу 2.700 војници од Северна Македонија, САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Целта на вежбата е зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците, подобрување на интероперабилноста, унапредување на заемното разбирање, доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.

Македонија | пред 6 години

Arafat-Muaremi

Муареми: Министерство за економија и Царина дале дозволи увоз на тој вид тутун

По заплената на тутунот од забранетата сорта Вирџинија, Управата за финансиска полиција се фокусира на откривање на начинот на кој стоката влегла во земјава. Во интервју за Алсат, директорот Арафат Муареми вели дека следните проверки ќе бидат во Министерството за економија и во Царинската управа.-Целата енергија на финансиската полиција во наредните денови ќе биде насочена во истрагата како успеале тие приватни компании да го увезуваат нелегалниот тутун. Дојдовме до некои информации кои покажуваат дека се вмешани и неколку државни институции кои дале потврди или дозволи за се увезе тој вид на тутун, односно Вирџинија, вели Муареми.На прашањето за кои институции станува збор, директорот Муареми вели:-Според доказите кои успеавме да ги обезбедиме во изминатите денови, станува збор за две институции. Тоа се Министерството за економија и Царинската управа. Според Обвинителството, или обвинителот кој е надлежен и е ангажиран во оваа насока, во оваа истрага, покажува дека потврдите или дозволите кои се дадени за увоз, треба да се анализира дали се во согласност со законот или не. Доколку имаме прекршување на законот или злоупотреба на законот за дозвола за увоз на тутун, од друга страна треба да достават и факти дека увозот на тутунот е во координација и соработка на компаниите кои во Република Северна Македонија го имаат правото на производство на тутунските производи, вели Муареми.

Македонија | пред 6 години

motori

Затворен патот преку Галичица поради трки со мотори

Патот што води преку планината Галичица од Царина до Трпејца од изутрината во шест часот  е затворен за сообраќај поради одржување на трки со мотори, соопшти Автомотосојузот на Македонија.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица каде времето на чекање е околу 30 минути.Поради одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кај село Истибања, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Одземени 34 возачки заради возење под дејство на алкохол

Во периодот од 23.00 часот на 29.06.2019 до 05.00 часот на 30.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол.Притоа, кај 32 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека двајца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 34 возачи се исклучени од сообраќај,  на сите времено им се одземени возачките дозволи и поднесени им се мандатни платни налози.Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 31 мандатен платен налог и 15 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

tramp-severna-koreja

(ВИДЕО) Трамп на средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун

Американскиот претседател, Доналд Трамп, пристигна во демилитаризираната зона (ДМЗ) меѓу двете Кореи, каде што се состана со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Трамп и Ким се состанаа на линијата на демаркација, а Ким го покани својот гостин заедно да прошетаат по границата и да ја преминат истата. Така, Трамп стана првиот американски претседател кој некогаш зачекорил на тлото на Северна Кореја.Трамп претходно најави дека ќе го повика Ким во Белата куќа, па така и сторил. Си-ен-ен пишува дека Ким уште не одговорил на поканата.„Ова е историски момент“, истакна на средбата севернокорејскиот лидер.„Преминот преку линијата на демаркација претставува голема чест за мене“, рече Трамп, додавајќи дека со Ким ги поврзува големо пријателство.„Се случуваат одлични работи. Се сретнавме и се допаѓаме еден со друг уште од првиот ден“, изјави Трамп за новинарите.Тој, пред состанокот со Ким, со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, го посети стражарското место на најсеверниот дел од јужнокорејската страна на ДМЗ, кое гледа кон Северна Кореја, каде што разговараше со американски и јужнокорејски војници.Ова е прва посета на Трамп на ДМЗ, а на вчерашната средба со претседателот на Јужна Кореја, рече дека со Ким ќе се ракува и ќе го поздрави. 

Свет | пред 6 години

granica-makedonija

Гужви на „Богородица“ и „Дојран“, за излез се чека безмалку еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, соопштуваат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).Од таму информираат дека патот што води преку планината Галичица од Царина до Трпеица од 6 часот е затворен за сообраќај поради одржување на трки со мотори.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица и ГП Дојран има зголемена фреквенција на возила за излез од државата, времето на чекање е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

carovska-na-gej-parada-696x464

Царовска по Парадата на гордоста: Покажавме дека сите оние кои со години беа дискриминирани и малтретирани, можеме заеднички ги поддржиме

Полна ми е душава, одамна не сум била на настан со толку позитивна енергија, напиша министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, по Парадата на гордоста каде учествуваше во првите редови.„Денеска покажавме дека сите оние кои со години беа невидливи, дискриминирани, малтретирани, можеме заеднички ги поддржиме. Насилство во нашата држава никогаш да не се повтори. Донесовме нов Закон за превенција и заштита од дискриминација, ја ратификувавме Истамбулската конвенција, поддржавме услуги за заштита и сето тоа за само две години. Веруваме во општество кое е еднакво и дава шанса за секој еден.Им благодарам на припадниците на полицијата кои достинствено ја завршија својата работа и настанот помина во најдобар ред“, напиша Царовска.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Нападнати припадници на ЛГБТИ заедницата во Скопје

Околу 16:00 часот на Кањон Матка, Б.И. (32), З.Л. (31) и К.Џ.(31) сите од Тирана-Албанија, И.А. (21)и Х.Л.(32) двете од Босна и Херцеговина и А.Б. (36) од Тетово биле пресретнати од група од околу 6-7 лица и навредувани зашто биле припадници на ЛГБТИ заедницата. За да избегнат проблем, се качиле во такси возило и се упатило кон Сарај.По нив тргнало “Ауди“ со кое кога пристигнале во близина на плоштад “Иса Булетини“ во Сарај им бил попречен патот и такси возилото принудно запрело. Тогаш од “Ауди“ излегол возачот и започнал да го навредува и да упатува пцовки и закани насочени конкретно кон А.Б. и во еден момент физички го нападнал.Во меѓувреме на местото на настанот пристигнале УПС и од нивна страна напаѓачот е лишен од слобода. Подоцна е утврдено дека се работи за А.Ј. (30) од Скопје.

Скопје | пред 6 години

djejla-960x644

Победничката на „Гранд“ атвомобилот кој го освои го подари на својот татко

Џејла Рамовиќ која победи во „Ѕвездите на Гранд“ и освои автомобил реши да го подари на својот татко.Имено таа во образложение за ваквиот потег рекла дека тој бил со неа за време на целото натпреварување.„Автомобилот го подарив на татко ми, тој за време на целото натпреварување со мене потроши 9 месеци во автомобил, така да тој автомобил е доволно истрошен сега доби нов“ рекла Џејла.

Магазин | пред 6 години

putin-1

Путин: Елтон Џон е брилијантен музичар, но мислам дека е во заблуда

Рускиот претседател, Владимир Путин, рече дека британскиот пејач Елтон Џон погрешно разбрал за правата на ЛГБТ луѓето во Русија, истовремено фалејќи го како музички гениј.Британскиот пејач во петокот соопшти дека е длабоко вознемирен поради коментарот на Путин дека политиката што го признава мултикултурализмот и родовата различност во општеството е застарена и дека повеќето луѓе во западните земји ги отфрлаат таквите либерални вредности.„Го почитувам многу, тој е брилијантен музичар, сите ние уживаме во неговата музика, но мислам дека е во заблуда“, изјави Путин за новинарите во Осака на прашање за коментарите на Елтон Џон.Тој додаде дека руските власти имаат релаксиран и непристрасен став кон ЛГБТ луѓето, но дека одлуки за родовиот идентитет може да носат само возрасните и според тоа малолетниците треба да се изостават од таквите влијанија. Всушност, рускиот закон ја забранува промоцијата на хомосексуалност меѓу малолетниците.Путин, исто така, рече дека не ја негира атрактивноста на либералните вредности, но во интервјуто тој повеќе мислел на ситуации во кои тие го нарушуваат традиционалниот животен стил.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Жештините во Европа ги земаа и првите жртви

Топлината ги зеде и првите жртви, а топлината останува темата број еден во светот. Четири лица починале од рекордните темепратури во централниот и северниот дел на Италија, додека во Милано за 35 проценти е зголемен бројот на лица кои се јавиле во болница поради проблеми настанати од високите температури.Денешниот ден во Париз се очекуваше да биде најтоплиот ден во неделата. Температурите беа помеѓу 37-38 степени. Во јужна Франција, беа  измерени рекордни  45,9 ° C.Четири јужни делови на земјата и понатаму се кодираат „црвени“ со опасно високи температури. Препорачливо е луѓето да ги сопрат планираните патувања во оваа област во земјата. Заладување се очекува во недела.

Свет | пред 6 години

velosiped

Скопјанец паднал од велосипед и тешко се повредил

На 28.06.2019 година околу 15.15 часот било пријавено дека на ул.„Бутелска“ во Скопје, Б.Д.(65) од Скопје, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Страшна несреќа во забавен парк во Узбекистан, загина 19 годишна девојка

Страшна несреќа се случи во забавен парк во градот Јизак, Узбекистан, при што загина 19 годишна девојка.Атракцијата која вртеше десетици луѓе во еден момент попушти и се скрши, по што падна на земја од голема висина.По несреќата девојката загинала на лице место, а не е познато дали некој од посетителите е повреден од високиот пад.

Свет | пред 6 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: Груевски го чека затворска казна и неговото столче во ќелија

Откако денеска екс премиерот Никола Груевски, преку фејсбук статус, се закани дека допрва ќе имало лов, а сегашните ловџии немало да ја имаат истата улога, реагирајќи на апсењето на Миле Јанакиески, со реакција се јавија од СДСМ.-Осудениот криминалец Никола Груевски, очигледно незадоволен од учинокот на Христијан Мицкоски, се јави повторно, заедно се ставени во одбрана на криминалот. Правдата и одговорноста се нивните најголеми кошмари, се наведува во соопштението на СДСМ.– Осудениот криминалец Никола Груевски го чека затворска казна и неговото столче во ќелија. Сите оние што бранат криминал, како Христијан Мицкоски, мора да знаат дека никој нема да се спаси од одговорност. Правда ќе има – се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Меркел: Добро сум

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека го разбира интересот на новинарите за нејзината здравствена состојба бидејќи во последните две недели двапати во јавноста имаше напад на треперење и нагласи дека се чувствува добро.– Добро сум, рече Меркел (65) на крајот на дводневниот самит на Г-20 во јапонскиот град Осака.Таа додаде дека е уверена дека таквите реакции „како што доаѓаат, така и поминуваат“. 

Свет | пред 6 години

edi-rama

„Дојче веле“: Рама се надева на победа, опозицијата повикува на бојкот на изборите

Гласачите во 61 град и општина во Албанија во недела бираат градоначалници, а на половина од овие места нема противкандидати за владејачките социјалисти, пишува „Дојче Веле“ (ДВ).Покрај тоа, опозицијата повика на бојкот и смена на премиерот Еди Рама, а постои и страв од насилни конфликти на денот на изборите, поради што властите ангажираа и воени командоси.„Најавените локални избори во Албанија се сè освен плуралистички“, пишува ДВ, бидејќи опозицискиот сојуз предводен од Демократската партија (ПД) ги бојкотира изборите.На последните локални избори во 2015 година, опозицијата освои 48 отсто од гласовите. Затоа гласањето закажано за недела, на 30 јуни, повеќе се смета за референдум за социјалистичката влада на Еди Рама, а само во половина од локалните самоуправи се јавуваат противкандидати.Пред четири месеци, целиот опозициски блок ги врати своите мандати и целосно го напушти албанскиот парламент. Наместо тоа, опозициските партии и нивните поддржувачи излегоа на улиците, обвинувајќи ја владата за корупција и изборна измама со купување гласови на парламентарните избори во 2017 година, притоа барајќи оставка на премиерот Рама и предвремени избори. Албанскиот премиер константно ги негира и одбива ваквите обвинувања.„Сепак, западот ја критикува опозицијата”, тврди ДВ, и наведува дека САД и ЕУ кои ја признаваат владата на Рама и изборите во 2017 година го критикуваат бојкотот, главно поради повлекувањето на опозицијата од парламентот.Рама, пак, во пресрет на утрешните избори порача дека опозицијата на нив ќе го добие конечниот удар, кој, како што вели, ќе го означи крајот на политиката која ја држела албанската држава како заложник цели 30 години.

Свет | пред 6 години

IMG_7276-960x640

Карпош ќе биде прва општина во која ќе започне да се спроведува проектот за ограничена употреба на мобилните телефони

Општина Карпош ќе биде првата локална самоуправа во која ќе започне да се спроведува проектот за ограничена употреба на мобилните телефони и другите електронски уреди во текот на наставата, во сите десет основни училишта.Почетокот на овој проект беше причина, вчера попладне да се одржи јавна дебата, во организација на здружението „Ајнштајн“, во Public Room,  под мотото „Како технологиите влијаат врз развојот на децата“. Во изминатиот период, овој проект кој е поддржан и од Европската Унија беше пилотиран во десетте основни училишта во Карпош, при што се одржаа консултативни средби со ученици, наставници и родители, со цел да се осети пулсот на сите засегнати страни.На дебатата се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој говореше за успешната соработка со здружението „Ајнштајн“ и намерите на Општината.„Факт е дека проектот „на прва“ може нема да им се допадне на учениците, но токму нивниот интерес најмногу се заштитува.Да се вклучи внимание, а не Facebook и Instagram за време на часовите.Од друга страна, сметам дека ова ќе ги мотивира и наставниците да бидат покреативни во своите предавања, за да го одржуваат вниманието на учениците.Значи 45 минути учениците нема да бидат active на социјалните мрежи, на Интернет, но потоа ќе си заштедат од слободното време и ќе им треба помал временски период за да совладаат одредена лекција или слично. Затоа што најдобро се учи кога се следи наставата“, посочи Богоев.Имено на почетокот на секој час, учениците ќе ги оставаат своите мобилни телефони во наменски организатори, т.н нумерирани џебови, кои ќе бидат поставени во секоја училница, а меѓу часовите и за време на одморот ќе имаат можност да комуницираат со своите родители, пријатели и блиски.На дебатата се обрати и Првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓорѓиевска, која напомена дека сите емоции не можеме да ги изразиме преку емотикони на социјалните мрежи туку треба да зборуваме гласно и да ги манифестираме јавно нашите ставови.Подоцна се обратија и повеќе експерти од сферата на психологијата, комуникациите и социологијата, при што се осврнаа на паметното користење на технологијата и бенефитите од овој проект.Градоначалникот Богоев посочи дека не е противник на користењето на социјалните мрежи.„Напротив, и јас и Општината инсистираме на проактивна комуникација, но таа да биде насочена и корисна. Основачот на Facebook не е виновен што креирал платформа на која денес може да се соочиме со говор на омраза или слично. Нашето однесување на социјалните мрежи е рефлексија, огледало на нашиот карактер. Затоа е потребна регулација на овој простор, двонасочна комуникација со граѓаните, за спречување на лажни вести и подигнување на јавната свест“, заврши Богоев.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања