Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tepacka1

Тепачка меѓу две жени во кафуле во Скопје

На 28.06.2019 година во 02.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.С.Н.(49) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на бул.„Јане Сандаски“ била физички нападната од А.Н., која претходно ја вознемирувала.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

banki-2

Фирма од Охрид добила лажна фактура за уплата на пари во Германија

На 28.06.2019 година во 11.40 часот во СВР Охрид, Џ.Н.(35) од Охрид, вработен во фирма во Охрид пријавил дека на 27.06.2019 година од банка во Охрид бил известен дека до банката биле доставени документи дека фирмата каде бил вработен треба да уплати пари на фирма од Германија.По извршена проверка било утврдено дека непознат сторител им пратил лажна фактура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

gruevski-mala

Груевски по апсењето на Јанакиески: Ќе дојде друга сезона на лов, а тие нема да се ловџиите!

Никола Груевски се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по вчерашното апсење на екс министерот Миле Јанакиески и други функционери од ВМРО-ДПМНЕ.Тој долгиот пост го почна со мисла на Достоевски, велејќи: „Со што и да ја покриваш нечистотијата, таа сепак останува нечистотија“.Статусот на Груевски во целост:Вчерашното апсење како и сите претходни кон лица од опозицијата се политички нарачани и фабрикувани од СДСМ. Во исти манир како нивните комунистички предци по 1945-тата.1. Ниту некој им верува ниту самите си веруваат дека ќе направат некој сериозен економски пресврт до следните избори како што најавија. Без подлога, еднократно во изборна година ќе зголемат плати во администрацијата, пензии, социјална помош и по некоја субвенција и горе долу тоа ќе е сѐ од “економските реформи и лекцијата по економија”. Таквите покачувања во многу потешки времиња, но со обмислена економска политика ние ги правевме на редовна база, плански, со точни пресметки и најавено со точни датуми неколку години однапред. Ова ќе биде ад хок, стихиен и очаен обид за собирање поени пред избори, па одкако ќе ги изгубат новата власт нека се снаоѓа.Затоа како и претходно со старите удбашки методи се оди на нови и нови прогони, измислени кривични дела, фабрикувани случаи, апсења и изживувања.Пренатрупани со афери, влегувајќи од грешка во грешка, се трудат со апсењата да постигнат два ефекти: првиот, да ја дефокусираат јавноста од секојдневните крупни и несватливи дури и за мали деца грешки и глупости кои актуелната влада ги креира секојдневно, да дефокусира од предавствата на националните интереси, непотизмот, неработењето, рекетот и криминалите со кои се преокупирани, и втората, да покаже некаква сила и важност со што всушност ги лечат своите комплекси и фрустрации од неуспесите на секое поле, освен сервилноста кон соседите каде што се покажаа многу “ефикасни”.Има и трета, ама таа веќе не поминува кај народот: демек спроведуваат правна држава, во која тие се чесни, а опозицијата – криминалци и корумпирани.Прочитани се веќе од сите, па дури и од нивните гласачи по тоа прашање.2. Но дали знаете всушност зошто се уапсени оние 10-тина лица вчера?Некаде прочитав немало аргументиран одговор. Па како ќе има кога тие што можат и знаат да аргументираат неправедно ги пикнаа во притвор токму за да не аргументираат пред јавноста.Поранешната влада која ја предводев меѓу другото водеше политики кои создаваа сериозни растови во економијата дури и во години на светски, европски и домашни политички кризи.Тие растови на економијата отворија 180.000 нови работни места што бројот на луѓе во Македонија кои се вработени го накачи од 560 на 740 илјади, пркосејки на многуте кризи кои ги набројав, а кои се погодија во нашиот мандат.За таквото нешто спроведовме многу нови мерки и политики.Една од мерките беше поттикнување на градежништвото, како јавното, така и приватното, како еден од сегментите кои го унапредуваат економскиот раст, но и растот на многу други гранки и отвораат нови работни места. Сектор кој влијае за унапредување на туризмот, индустријата, угостителството, земјоделството, услужните дејности и воопшто, на приватниот сектор, бидејќи секој нов изграден објект значи и нов бизнис, а најчесто освен привремените градежни работи значи и отворање на трајни нови работни места во ново изградените објекти, што и да се тие: хотели, трговски центри, деловни канцеларии, фабрики, земјоделски откупни центри, итн.3. На почетокот на мандатот, како што пред изборите ветивме го сменивме законот и со новиот Закон, државна земја веќе можеше да се продаде само преку јавна лицитација со јавно електронско наддавање. Малку подоцна заради поттик на градењето се донесе закон со кој почетната цена може да биде 1 евро за метар квадратен, па потоа пазарот преку јавна електронска лицитација да ја одреди реалната пазарна цена во моментот, наместо тоа административно и субјективно да го прави државата.Претходно, сите влади на Македонија продаваа исклучиво со директна спогодба по цена по договор и “лабави” правилници со ниски цени. Министерот за транспорт “во четири очи” со кој тој сака бизнисмен ја продаваше државната земја по ниски цени и тоа беше поле кое креираше многу можности за корупција.Така на пример земјата за каде се изгради Рамстор во строгиот центар на Скопје некаде во 2003-тата се продаде по 25 евра квадрат со директна спогодба, а имаше и многу други такви “легендарни” зделки “во четири очи” без наддавање и уште сето тоа и со законска поткрепа. Такви закони сакаше СДСМ – такви имаше.Затоа и сите претходни влади имаа афери за истото, ама не и судски, проблеми бидејќи законски си беа направиле да може да се продава државната земја со “договор во четири очи”.Токму министерот Миле Јанакиески во 2006-тата го бранеше во парламентот новиот закон, со кој се стави крај на претходното “елдорадо” со државно земјиште.4. Потоа детектиравме дека при продажбата на државна земја преку лицитација, земја на која некој би изградил нов објект од горе наброените можни области, некогаш има многу конкуренти и се достигнуваа многу повисоки цени, а некогаш само еден па цената остануваше пониска, односно еднаква на почетната.Не само што ќе беше пониска, но забележавме и дека некои бизнисмени кои имаат повеќе слободни пари чекаа и купуваат баш такви локации, но потоа не градеа, ги купуваа за да ги чуваат за понатаму, можеби по десет или повеќе години одкако ќе завршат со некој штотуку почнат инвестициски циклус, или пак “кога ќе порасне синот”, а некои да остават и за внучето. “Ефтино е, нека се најде.”Владата не беше задоволна од тоа и сакаше да ги поттикне оние кои купуваат државно земјиште во одреден рок да се обврзани да ја почнат градбата и да ја завршат исто така во законски одреден рок. Побрзо да се изградат нови фабрики, хотели, болници, деловни центри, откупни земјоделски центри итн. а не да стои празно неизградени најчесто пејсажно неуредено земјиште.Или пак, ако не планираат да градат нека не купуваат, па ќе има втора, трета итн. лицитација, ќе се анимираат други, домашни и странски инвеститори, и така да се создадат услови за поголем број градби и отворање нови бизниси и работни места во разумен и реален рок, а со тоа и раст на економијата, извозот, повеќе туристи итн.Од тие причини се предложи и усвои закон со кој новиот сопственик на државното земјиште ќе има рок да гради или истото ќе му биде одземено, а парите вратени, за да се овозможи ако не гради тој, некој друг да гради. Ако некој сака да си купи земја за вчера роденото внуче, нема проблем, има приватни локации за продажба во изобилие и таму нема рокови.5. Сепак, бизнисот како и животот не секогаш е предвидлив па некои инвеститори ќе купеа земја на лицитација од државата со добар план за навремена градба, но по некое време работите во бизнисот ќе им се искомплицираа и неможеа да ги исполнат роковите.Вчера упсените десетина лица се уапсени дека направиле некаква, а всушност непостоечка штета на државата бидејќи навреме во законскиот рок не им ги одземале некои 4 локации на тие што купиле и не изградиле.Не ги знам деталите дали е така или не, и ако е така – зошто е така, но дури и да замислиме дека се е така како што вели власта, се прашувам каде е штетата и зошто апсење и медиумски спектакли за ваква работа.Ако по закон треба некому да му се одземе земјата бидејќи навреме не почнал да гради, нека му се одземе. Ако владата одлучи потоа пак да ја продаде, нека ја продаде на нова лицитација. Ако пак одлучат да не ја продаваат, во ред.Зошто ги апсат луѓето? Каква милионска штета направиле на државата што пропуштиле навреме (доколку е така) да им ја одземат на пример во 2015-та или 2016-та година таа неизградена земја на инвеститорите и да им ги вратат парите?СДСМ е трета година на власт. Зошто не ги уапси и сегашниот министер за транспорт и новите службеници околу него што цели две години го правеле истото што претходно се случило: пропуштиле навреме да го одземат земјиштето и да ги вратат парите на тој кој го купил. Половина од 2017-та, цела 2018-та и половина од 2019-та новите власти не го одзеле земјиштето, а ги апсат оние што порано не го направиле истото. Зошто ако веќе за таква работа се апси, што е апсурд, со Јанакиески заедно не е и Сугарески? Ако доцнел Јанакиески, доцнел и Сугарески.Која е штетата? Земјата е тука. Никој никаде не може да ја однесе. Ништо не е променето, изградено или слично. Инвеститорот не направил никаков бизнис и профит со земјата. Решението е едноставно: “одземи ја земјата и затвори го случајот”.Максимум казна може да е некоја полесна дисциплинска мерка за пропуст на некој службеник или опомена.Која е добивката за приватниот сопственик од ненавремено раскинатиот договор и одземена земја? Оти, нели, ако државата загубила пари, некој добил. Никава. Дал пари на државата, не изградил ништо. Потоа, порано или подоцна, му се одзема земјата и му се враќаат парите.Каде е тука криминалот? Кој и од што присвоил пари? Кој што украл?Зошто е ова изживување со луѓето?6. Дека е во прашање политичка хајка говори уште една работа. Зошто е потребно лажење на медиумите од владината и партиска прес служба на СДСМ дека локацијата за објектот до плоштадот Македонија, популарно наречена “шпански скали” била продадена за ниска цена, кога е сосема спротивното.На јавната електронска лицитација за таа локација постигната е една од највисоките цени во историјата на Македонија. Три компании со сопственици од три различни држави (Албанија, Бугарија и Македонија) остро и амбициозно се наддавале, се бореле да дојдат до таа престижна локација за која во самиот тендер веќе имаше одредено како треба да изгледа објектот однадвор, бидејќи се работи за објект непосредно до централниот плоштад во главниот град.Делумно од сеќавање што тогаш ми беше пренесено, делумно од проверка во текот на вчерашниот ден, знам дека на лицитацијата победува фирма на бизнисмен од Албанија за кој дознав дека над 30 години живеел, работел и водел бизнис во Париз, каде заминал како уметник, но набрзо влегол во бизнис и каде имал и своја фабрика за градежни и ентериерни елементи.Истиот бизнисмен на патот кон аеродромот на Тирана, претходно изградил огромен и многу репрезентативен објект – хотел, од каде подоцна на враќање од посета во Тирана поминавајки покрај хотелот кој беше при крај со градба, од возилото од патот забележав дека повеќе наликува на дворец кој би бил составен дел на дворецот Версај кај Париз, одколку хотел изграден надвор од градот Тирана.Од она што подоцна ми беше кажано, бизнисменот кој со својата фирма ја купи таа локација подоцна “заглавил” при барање на кредит од банка за градба на хотелот.А еве и зошто. Сопственикот како што ми беше објаснето планирал, како и повеќето други во слична ситуација, земјиштето кое го купил да го заложи во банка за да добие кредит од банка со кој ќе го гради објектот во комбинација со сопствени средства, а подоцна од приходите на бизнисот на хотелот да го враќа кредитот. Колку што се сеќавам неговата фирма плати на државата околу 1.600.000 евра, за околу 600 квадратни метри локација. Тоа приближно е околу 2.660 евра за еден метар квадратен земја, наспроти на пример 25 евра за Рамстор неколку години претходно во времето на СДСМ.Но неговиот (или на неговите вработени луѓе) превид бил што незнаеле дека кога државата продава земја со однапред одреден дизајн на објектот кој е составен дел на објавата на тендерот, согласно законот земјата веднаш се заложува кај државата се додека не го изгради објектот, како гаранција дека навистина таков објект ќе изгради, а не некој поинаков, кој на пример би бил и поевтин. Ако се изгради на пример друг многу поевтин, тоа би било еден вид измама кон другите фирми наддавачи на лицитацијата кои можеби би понудиле повеќе пари на наддавањето ако знаеле дека потоа може да изградат друг објект кој би ги чинел поевтино. На тој начин и заради таа причина инвеститорот не успеал да обезбеди кредит веднаш, но по победата на СДСМ во општина Центар веќе обезбедил средства, но тогаш наишол на административни пречки од новите власти во општината бидејќи не им се допаѓало што објектот имал историски стил – барок и ги потсетувал на ВМРО.Дали потоа инвеститорот тужел или не, до каде е сета процедура, не ми е познато, но како и да е, нема никаква логика апсењето и лажењето дека земјата се продала за евтина цена, освен намерата за градење медиумска атмосфера за политичка хајка врз недолжни и невини луѓе.Уште пак и селективно, овие што во последните две години “дремеле” демек ништо не згрешиле. Или само затоа што се сега на власт?7. Вака е со повеќето случаи кои се водат против луѓе од ВМРО.Затоа велам: фабрикувани случаи. Местенки. Изживувања. Монструозност. Глумење борба против криминал и корупција со уништување судбини на невини луѓе кои работеле и создавале за Македонија. Само за да се покријат неуспесите, криминалот, рекетот, неработењето и секојдневните промашувања.Миле Јанакиески трет пат го ставаат во притвор и секогаш со политичка нарачка од врвот на СДСМ. Затоа имаме проблеми за почеток на преговорите со ЕУ. Затоа што се глумат реформи, се глуми борба против криминал и корупција со малтретирање на оние кои градеа и работеа со полн елан за Македонија, додека пред очи новата власт рекетира и пљачкосува. Мислите тоа не го знаат од надвор?Да ја подржуваат ова влада бидејќи ги прифати сите уцени на двата соседа по националните прашања, но истовремено се гнасат од тоа што секојдневно го гледаат и слушаат на теренот и што е спротивно од се она што јавно се декларира.8. Така е и со Митко Чавков кого Заев, од лична омраза, го осуди и затвори без никаква вина, како и другите полицајци од неговиот тим.Така е и со останатите од 27-ми април, кои можеби удриле некого, но за тоа има далеку поблаги казни во Законот, доколку властите одеа со реална квалификација на делото.Но, СДСМ неправедно, незаконски, лажно и мизерно се изживуваат во одмаздата кон сите и ги товарат со невистинита квалификација “терористи” за да го покријат својот фалсификат со незаконското назначување претседател на Собранието.Сепак повеќето од тие луѓе кои лично не ги познавам, а ги запознав од медиумите следејќи го процесот против нив, настрана грешката со физичката пресметка кон пратениците што ја направија и што одамна јавно го осудив, иако е јасно дека СДСМ свесно ја предизвика нивната реакција, настрана што дел од нив јавно ме критикуваа, тие покажаа неверојатна цврстина, висок морал и силен интегритет бидејќи под многу уцени, закани, притисоци, изживувања кои сеуште траат, закани по нивното здравје и живот, уништување на нивните семејства, неприфатија валкани непристојни понуди за кои нашироко се зборува, со цел од нив да изнудат лажни изјави за други луѓе неправедно да се обвинат а за возврат тие да добијат олеснување. Таква тортура со истовремено такви понуди можат да издржат само вистински патриоти – идеалисти. Тоа е за почит.Такви непристојни понуди добиваше и Миле Јанакиески, но и други неправедно обвинети уште додека бев во Македонија. Таква понуда добив и јас, за што говорев во едно неодамнешно интервју. Таков приода имаа и сеуште имаат и кон повеќе други луѓе под прогон. Еден ден се ова ќе се знае во детали, што од архивите, што од лични сведочења.9. Така е и со сите од случаите на СЈО. Со селективно избрани и едитирани снимки кои по закон се нелегални докази бидејќи нелегално се прибавени и не им се утврди со вештачење целовитоста и автентичноста, местат, судат и осудуваат како државата, судот и обвинителството да е на татко им и забораваат дека кога ќе паднат, сите, и наредбодавателите и извршителите ќе одговараат за овие злодела.10. Во меѓувреме ги бројат жртвите “на ангро” – “по случаи”, не по број на луѓе во еден случај, оти луѓето од противничкиот табор не ги третираат за луѓе, туку средство за добивање политички поени и глумење правда и правна држава додека тие да се изнакрадат.Ова им бил 751-ви случај. Како да е ова сезона на лов, па колку дивеч е уловен. Забораваат дека ќе дојде и друга сезона на лов, каде народот гледајќи го тоа што го прават ќе им ја одземе моќта и нема да се тие ловџиите, а сепак ќе се тука… во природата.

Македонија | пред 6 години

66055150_1616295341837483_4817606095130329088_n

(ФОТО) Не е крив УНЕСКО, НИЕ СМЕ

Фотографии од расрфлан градежен шут на брегот на Охридско Езеро во близина на кампот Еелешец објави охридскиот портал Охрид Пресс.На фотографиите се гледа бетон и друг градежен отпад исфрлен на самиот брег на Охридското Езеро.„Во време кога Охрид е под закана за губење на статусот на заштитен град на УНЕСКО, скоро е неверојатна леснотијата со која повторно и повторно „си пукаме во нога“ - стои во веста објавена на порталотФотографиите се од плажа на брегот на Охридското Езеро, на потегот помеѓу некогашната плажа „Корали“ и кампот „Елешец“.Целата вест со клик Т У К А. 

Македонија | пред 6 години

velosiped

Автомобил удри во малолетен велосипедист

На 28.06.2019 година околу 19.00 часот на крстосницата од улиците „500“ и „526“ во нас.Ајдучка Чешма во Куманово, Г.Т.(39) од Куманово, управувајќи патничко возило „Фиат Добло“ со кумановски регистарски ознаки, удрила во велосипед што го управувал малолетник од Куманово, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово.Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Автомобил удри во 58-годишна жена

На 28.06.2019 година во 15.30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, А.Д.(41) од Струмица, управувајќи патничко возило „Пежо 307“ со струмички регистарски ознаки, удрил во С.А.(58) од Струмица.С.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 6 години

Makedonski-pasos

Со туѓ пасош се обидел да помине граница

На 29.06.2019 година во 01.00 часот во СВР Охрид бил приведен и задржан Л.Л.(23) од Косово.На Граничен премин Аеродром „Св Апостол Павле“ во Охрид, при пасошка контрола било констатирано дека лицето на увид дало патна исправа на лице од с.Арачиново, скопско.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

vlada-19.02-pak

Влада: Во снимениот разговор не се зборува за ниту една активност надвор од тендерската постапка

Во врска со објавениот аудио запис снимен од официјален состанок на владини претставници и претставници на компаниката Леонардо од Италија Владата на Република Македонија известува:Тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Целата процедура е во согласност со правилата за набавка на ЕБОР и евалуацијата е направена од независни евалуатори.Согласно правилата на ЕБОР, по завршување на евалуацијата, МНАВ е должна да испрати Letter of award (Писмена потврда за избор на најповолен понудивач) која скоро две години претставникот на МНАВ не сакал да ја потпише. Неколку веб портали се обидуваат на погрешен начин да претстават дека терминот "Letter of award" значел награда, а значењето на тој термин во професионалната комуникација претставува писмо за известување, и ништо поразлично.Владата на Република Македонија согласно законските прописи е должна да се грижи за безбедноста на воздушниот простор и затоа е побарано да се одржи состанок со претставниците на италијанската компанија, со цел да се констатира дека долг период не се постапувал согласно процедурите и дека со тоа се загрозувала безбедноста на граѓаните во рамки на воздушниот сообраќај.Во снимениот разговор кој не е објавен во целост со цел да се манипулира јавноста, во ниту еден момент не се зборува за ниту една активност надвор од тендерската постапка, туку за тоа како граѓаните да добијат побезбедно небо.Од акцискиот план на МНАВ се гледа дека набавката на АТМ системот требало да се реализира пред април 2018 година (шест месеци пред одржување на состанокот од снимениот разговор), а од изменетиот акциски план се гледа дека до одржување на состанокот тоа не е завршено.Целиот материјал ќе биде предаден на Јавното обвинителство со цел презентација на факти, разобличување на изнесените дезинформации, но и констатирање на одговорност за лицата кои сакале да ја нарушат безбедноста на граѓаните. 

Македонија | пред 6 години

65676130_413762929238538_4613569211262828544_n

Општина Кавадарци донираше две нови возила за полицијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги посети општините Градско, Демир Капија и Кавадарци, каде имаше работни средби со полициските службеници, локалните совети за превенција, како и со градоначалниците Роберт Бешовски, Лазар Петров и Митко Јанчев, на кои се разговараше за работењето на организационите единици во рамки на Секторот за внатрешни работи Велес, соработката со локалните власти и, особено, функционирањето на локалните совети за превенција.-Ја користиме можноста директно, односно непосредно да се информираме и запознаеме со состојбите, особено во делот на комуникацијата и соработката на полицијата со локалните власти и со граѓаните. Искрено, радува фактот што Секторот за внатрешни работи Велес, каде што припаѓаат ПС од ОН Кавадарци, како и полициските канцеларии од општа надлежност Градско и Демир Капија, успева и годинава идентично како и лани да го задржи високиот процент на реализација, односно ефикасност во расчистувањето на евидентираните кривични дела од сите области на криминалот над бројката од 50 отсто, што сугерира дека сме на вистинскиот пат во натамошното унапредување на квалитетот на полициското работење и на професионалните стандарди, што е и во наша полза, но првенствено во полза на сите граѓани во општините под ингеренција на СВР Велес- рече министерот Спасовски.Во контекст, пак, на функционирањето на Локалните совети за превенција, рече Спасовски, ние уште еднаш јасно ја деклариравме нашата решеност и отвореност за што поинтензивна полициска партиципација во овие тела, што како краен исход ќе придонесе за поблиска комуникација и соработка со граѓаните за брзо и ефикасно детектирање на евентуалните локални проблеми и нивно благовремено превенирање.-Сакам да ја искористам оваа можност и да му се заблагодарам на г-динот Јанчев на донацијата - две нови возила - за потребите на нашата полиција што еве денес ни е врачена. Потег вреден за почит со надеж дека и во наредниот период ќе продолжиме со истото темпо во продлабочување на нашата соработка а во интерес на граѓаните-рече министерот Спасовски.

Македонија | пред 6 години

296013-0.basic-vasilevska

Василевска: Рашковски од позиција на генерален секретар на Влада договарал сомнителен тендер во висина од 7 милиони евра

Драги Рашковски од позиција на генерален секретар на влада договарал сомнителен тендер во висина од 7 милиони евра за набавка на систем за летање преку М-НАВ,  како што објавија медиумите, вели Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ„Рашковски заедно со претседател на УО на М-НАВ, кој како што пишуваат медиумите е близок роднина на министерка во владата на Зоран Заев, се слуша како иако знаат дека датумот за тендерот изминал за 3 дена го доделуваат истиот на  италијанска фирма.Наспроти тврдењата на Рашковски дека тендерот е доделен во 2016-та година М-НАВ го демантира преку официјалната веб страна каде се гледа дека склучиле договор во 2018-та година.Ако тендерот бил доделен во 2016-та тогаш зошто десната рака на Зоран Заев Рашковски договара рокови само за да добие оваа компанија.Според објавеното во медиумите, а кое е транскрипт од разговор помеѓу Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ се чита дека иако тие знаат дека италијанската компанија Леонардо не ги исполнува условите со неа да се договараат.Според објавеното во медиумите се чита како Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ одат спротивно на одлука на влада според која се укажува да се оди кон ретерирање, а не да се склучува нов договор, како што тоа подоцна го прават Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ.Имено според објавеното се вели: - Друга работа што мора да се измени, имаме заклучок на 63 седница на влада. Имаме одлука со која ни се укажува за да ретендерираме, зборува претседателот на УО на М-НАВ преку она што го добив во медиумите. На истово Рашковски одговара : - Ќе запишеме. Во владин заклучок ќе кажеме дека тоа престанува да важи и готово.Но злоупотребите и прекршувањето на законите не застануваат тука. Според објавеното во медиумите се чита дека Рашковски и претседателот зборуваат за одредена награда, која треба да ја добијат. Имено претставникот на италијанската фирма Леонардо во прашање до Рашковски и претседателот на УО на М-НАВ вели: - Дали ќе треба да не побарате за да се состанеме на преговори за да расчистиме некои работи? Во писмото со наградата, ќе биде споменато.За каква награда станува збор и дали господинот Рашковски директно договара процент самиот за себе?Дали и Зоран Заев знаел за ова и дали и тој се има офајдено од ваквиот скандал?Бараме оставка на десната рака на Зоран Заев – Драги Рашковски, и итно спроведување на истрага од страна на обвинителството.Вака изгледа вистински заробена држава. Со оглед на тоа дека Рашковски е вршител на должност Генерален секретар  на владата и се уште може да влијае на заташкување на случајот и врз доказите и сведоците обвинителството треба веднаш да делува.Ги повикуваме надлежните во најбрз можен рок да покренат постапка и да го расчистат овој случајот. Доколку се покажат како вистините наводите во медиумите Рашковски е директен сторител на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од  КЗ, според кој сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку 5 години.Обвинителството и надлежните институции мора да утврдат, дали и колку е оштетен буџетот на Република Македонија? Одговорност мора да има, за сите вмешани во случајот. Криминалот и корупцијата мора да станат минато.Дали чистењето на подрумите од страна на Рашковски значи нивно полнење на вакви нелегитимни начини?Дали Република Македонија конечно ќе се ослободи од оваа ненародна власт?Ова се прашањата кои што не мачат и бараме соодветен одговор“, изјави Василевска.

Македонија | пред 6 години

296011-0.basic-bozinovski3

Божиновски: Апсењето и притворањето на Димовски и Митевски е акт на страв на СДСМ

Зоран Заев и картелот околу него тонат во криминал, а народот кој едвај преживува веќе не сака да ги види. Колку повеќе Заев го губи тлото под нозете, толку повеќе расне притисокот врз институциите и нивната злоупотреба од страна на власта за политички притисок со кој што би сакале да ја замолкнат опозицијата, изјави Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ„Господа од власта, прочитани сте. Теророт, политичкиот прогон и изживувањето нема да Ви бидат заборавени. Секоја злоупотреба ќе биде преиспитана. И таа на нарачателите и таа сценаристите и таа на извршителите.Апсењето и притворањето на Димитар Димовски и Дејан Митевски е акт на страв на СДСМ во очи на се помалата поддршка која ја имаат кај граѓаните.Јавното обвинителство на Зоран Заев и судството вчера не постапија по основа на закон, туку политички и по наредба.На аболицираниот Заев му требаше театар за да го сврти вниманието од корупцијата и неработењето на кои посочија и негови соработници кои решија да се повлечат од криминалното владеење и колку  толку да го сочуваат својот образот.Доколку имаше каков било криминал за кој требало да одговараат, Димовски, Митевски и другите кои вчера во раните утрински часови по политичка нарачка беа собрани од своите домови, криминалната власт на Заев немаше да чека да поминат дури 3 години за да покрене случај.Доколку имаше какви било административни пропусти ќе имаше поднесоци до Управниот суд и ќе следуваше соодветна одлука.Вистината е дека ниту е направен криминал, ниту некој прибавил противправна имотна корист.Вистината е дека не постои никаква основа за кривичен прогон, а уште помалку за одредување на притвор. Ниту постои опасност од повторување на делото, ниту постои опасност од бегство, ниту пак постои можност за влијание врз сведоци.Зарем има подобар доказ од фактот што Димовски сам ја вратил сопствената времена патна исправа, а Јанакиески веќе се наоѓаше во куќен притвор?Јасно е како бел ден дека притворот беше политички определен за да се задоволи барањето на политичкото обвинителство кое секојдневно покажува дека е тука за да замижува и да ги заштитува криминалите на Заев, задоволувајќи ги притоа неговите нарачки.Затоа ВМРО ДПМНЕ апелира, Апелацискиот суд најсериозно да ги разгледа аргументираните жалби на политичката одлука, да се охрабри, да се ослободи од политичките притисоци и да донесе одлука согласно законот со која што ќе ја отфрли одлуката на првостепениот суд и ќе ја укине мерката притвор или ќе донесе некоја поблага мерка“, изјави Божиновски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Во Охрид урбаната мафија гради каде ќе стигне и никој за тоа не одговара

„Во Охрид урбаната мафија гради каде ќе стигне и никој за тоа не одговара.Зоран Заев и СДСМ бесправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро го одобруваат ставајќи ги партиските и бизнис интересите пред интересите на граѓаните.СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ја охрабруваат урбаната мафија во Охрид и покрај сериозната закана градот да ја загуби титулата од УНЕСКО.Последните дивоградби наместо веднаш да бидат срушени од градоначалникот Георгиески и Општината тие повеќе од една недела молчат со што ја потврдуваат предизборната коалиција за која сега само ги плаќаат фактурите.Измина и трет месец откако општинскиот инспектор даде рок од 10 дена да се отстрани натстрешницата кај Чинарот, а ние сме сведоци веќе на нова дивоградба бетонска база.Го повикуваме градоначалникот Георгиески доколку работи во интерес на граѓаните и сака навистина да го заштити градот уште веднаш да се срушат сите диви објекти во Охрид.Георгиески како што ја охрабрува урбаната мафија така надлежните институции да се охрабрат и да не подлегнуваат на притисоците од страна на Заев и да не се плашат да го спроведат словото на законот.Дали без ни малку срам Георгиески ќе се појави во Баку каде треба да биде донесена одлука за идниот статус на светското природно и културно наследство на Охрид?УНЕСКО најповеќе реагира за диворадбите и бара нивно уривање како хотелот во Лагадин, минарето, бетонската база и сите други градби кои имаат прекршувања на Законот за градење.Со СДСМ и Георгиески во Охрид владее беззаконие. Охрид го бришат од УНЕСКО. Георгиески и неговите бизнис-политички партнери се на колена, а институциите треба веднаш да го казнат криминалното дивеење на урбаната мафија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

gdu

ГДУ: Зошто власта три месеци го криеше извештајот од ГРЕКО?

„Извештајот од петтиот круг на оценка за Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот, беше усвоен од страна на ГРЕКО на 82-та Пленарна седница (во Стразбур, 18-22 март 2019).-Владата на одржаната 140-та седница на 18.06.2019 година, ја усвои информацијата за извештајот на ГРЕКО за евалуација на земјата и даде согласност за објавување на извештајот. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжила Министерството за правда да го информира ГРЕКО за нејзината согласност за објавување на извештајот.Зошто Владата три месеци чекаше за да даде согласност за објавување на Извештајот од ГРЕКО? Што сака да сокрие власта? Широко распространетата корупција, криминалот, советниците и дебело наплатените „совети“, политичките влијанија во МВР?!Власта ќе рече, „ама голем дел од критиките се однесуваат за владеењето на Груевски“. Ама не почитувани господа на кои помили ви се фотелјите од граѓаните! Вие продолживте како и тие пред вас. Не случајно во извештајот се споменуваат забелешки исти како во ланскиот. Тоа значи дека ништо не се сменило.ГРЕКО бара јасна дистинкција меѓу политичката власт, МВР и полицијата со цел да се обезбеди доволна оперативна независност. Укажува на тоа и дека обвинителите генерално не гонат системски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи.Појасно укажување и предупредување од ова не може да биде. Без независно и непристрасно судство, без полиција ослободена од политички влијанија, без вистинска борба против корупција нема да не биде. И Брисел и Стразбур истото ни го кажуваат со години наназад“, се вели во соопштението на ГДУ.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still072

Груевски: Јанакиески и обвинетите во „27 април“ добиваа понуди да сведочат лажно против други

Никола Груевски, во својот денешен фејсбук статус, зборува и за некакви наводни понуди за спогодба, кои ги добивале дел од обвинетите поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и екс министерот Миле Јанакиески, дел од осудените за „27 април“, но како што вели и самиот тој.-Настрана што дел од нив јавно ме критикуваа, тие покажаа неверојатна цврстина, висок морал и силен интегритет бидејќи под многу уцени, закани, притисоци, изживувања кои се уште траат, закани по нивното здравје и живот, уништување на нивните семејства, неприфатија валкани непристојни понуди за кои нашироко се зборува, со цел од нив да изнудат лажни изјави за други луѓе неправедно да се обвинат, а за возврат тие да добијат олеснување. Таква тортура со истовремено такви понуди можат да издржат само вистински патриоти – идеалисти. Тоа е за почит, напиша Груевски.Тој вели дека такви понуди добивал и неговиот некогашен најблизок соработник, Миле Јанакиески.-Непристојни понуди добиваше и Миле Јанакиески, но и други неправедно обвинети уште додека бев во Македонија. Таква понуда добив и јас, за што говорев во едно неодамнешно интервју. Таков приод имаа и се уште имаат и кон повеќе други луѓе под прогон. Еден ден се ова ќе се знае во детали, што од архивите, што од лични сведочења, вели Груевски.Бегалецот од Будимпешта посвети внимание и на СЈО.-Така е и со сите од случаите на СЈО. Со селективно избрани и едитирани снимки кои по закон се нелегални докази бидејќи нелегално се прибавени и не им се утврди со вештачење целовитоста и автентичноста, местат, судат и осудуваат како државата, судот и обвинителството да е на татко им и забораваат дека кога ќе паднат, сите, и наредбодавателите и извршителите ќе одговараат за овие злодела, се закани Груевски.

Македонија | пред 6 години

zemjotres-1

Силен земјотрес во Албанија, почуствуван и во Македонија

Денеска во 15 часот Албанија ја стресе нов земјотрес, кој бил почувствуван и во југозападниот дел од нашата земја, односно во охридско-преспанскиот регион.Земјотресот бил со епицентар во близината на Корча, и со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, во длабочина од 2 километри.Вчера исто така се случи земјотрес во Албанија кој беше почувствуван и во делови од Северна Македонија.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Пендаровски: Сексуалната ориентација и родовиот идентитет не смеат да бидат основа за дискриминација

Парадата на гордоста доби подршка од претседателот Стево Пендаровски.„Секој ден имаме можност да избереме како ќе помогнеме за поголема еднаквост за секој од нас, борбата за повеќе права нема да престане се додека имаме дискриминација. Прифаќањето почнува од секој од нас, не со грандиозни дела туку со секојдневни мали чекори преку кои ќе прифатиме дека мораме и треба да живееме едни со други. Независно кои сме и од каде доаѓаме, во општеството треба да направиме простор за секој од нас, а сексуалната ориентација и родовиот идентитет не смеат да бидат основа за дискриминација“, напиша претседателот Стево Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

33-1

Владата ја поддржа „Парадата на гордоста“

Парадата на гордоста доби подршка и од Владата на Република Македонија.„Северна Македонија е општество на еднакви можности за сите граѓани, а љубовта е љубов“, пишува на Фејсбук страницата на Владата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајот на патот Страцин-Крива Паланка во прекин

Сообраќајот на магистралниот пат Страцин – Крива Паланка е во прекин во двата правца поради сообраќајна незгода.Сообраќајката, според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, се случила околу 13 часот.

Македонија | пред 6 години

44540147_2275457076009152_2851954453156724736_o

Николовски донирал неколку илјади евра за СОС Детско село

Новиот генерален секретар на СДСМ и досегашен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, не ја искористи апанажата, а донирал неколку илјади евра за децата од СОС Детско село.– Изминатите две години, сите дневници за службени патувања Николовски ги донираше во СОС Детското село -известија од Министерството за земјоделство, пренесе Фокус.Николовски вели дека тоа било чин кој што го направил од се срце.-Некако се приврзав за СОС Детско село. Многу пати им бев во посета, ги засакав децата. Кога одам таму, се дружам со нив, и токму тие дружби со децата најмногу ме опуштаат.Сите дневници започнав уште од лани таму да ги донирам. Кога го однесов првиот налог, во СОС Детско село на некој начин се збунија, не очекуваа нешто такво. На прашањето зошто го правам тоа, можам да кажам само дека среќата е многу поголема кога даваме, отколку кога добиваме. Барем за мене е така. Децата се богатсво и иднина, вели тој за Фокус.

Македонија | пред 6 години

pune_2

(ВИДЕО) Ѕид во висина од 23 метри се сруши во Индија, загинаа најмалку 15 лица

Ѕид во висина од 23 метри се сруши поради обилните дождови во Индија врз работнички колиби, пришто загинаа најмалку 15 работници и членови на нивните семејства. Меѓу загинатите има четири деца и две жени.Спасувачите успеале од урнатините да извлечат тројца работници, пренесе „АП“.Спасувачката операција продолжува, а се стравува дека повеќе луѓе би можеле да бидат заробени во рушевините.Работниците биле ангажирани на градилиште кое се наоѓало во близина.

Свет | пред 6 години

65395372_2514074268616635_3086838737036902400_o

Министерот Исмаили на отворањето на Меѓународниот конгрес на општествени науки

Министерот за култура Хусни Исмаили, денеска присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на 5. Меѓународен конгрес на општествени науки кој оваа година во соработка на Меѓународниот Балкански универзитет, Универзитетот на Тракија, Универзитетот Намик Кемал од Текирдаг и Универзитетот Мармара се одржува во Скопје.Во своето поздравно обраќање министерот Исмаили го изрази задоволството од досегашната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција која се одвива во духот на пријателството и традицијата, со постојани заложби за нејзино унапредување.Министерот Исмаили говореше за непроценливата важност што културата, науката и образованието ги имаат во градењето на пријателство и доверба помеѓу земјите од светот, споменувајќи ги бројните заеднички реализирани проекти во културата, уметноста, издаваштвото, соработката со ТИКА, како и соработката во областа на образованието и размената на искуства што претставуваат светол пример и афирмација на универзалните вредности кои, пак, помагаат за поголемо взаемно почитување, запознавање и градење свет на толеранција, богат со различности кои меѓу себе се надградуваат создавајќи нов квалитет.Покровител на Конгресот кој на Балканскиот универзитет се одржува денес и утре е Претседателот на законодавниот дом на Турција, проф.др. Мустафа Шентоп. На отворањето беа присутни и и амбасадорката на Турција во Скопје , Тулин Еркал Кара, минстерот за јавна администрација на Република Косово, Махир Јагџилар, заменик-претседателот на Собрание на Турската Република Северен Кипар, Зорлу Торе, високи гости од Турција, пратеници и професори од двете земји.Конгресот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Турција, ТИКА, Институтот Јунус Емре, Унијата на општини на Турција, Општините Османгази, Бахчелиевлер, Сивас и Сулејманпаша од Турција, Туркиш Ерлајнс и Стопанската Комора на Измир.Покрај протоколарниот дел ќе се одржат и три панели со учество на еминентните панелисти од земјава и од странство.

Македонија | пред 6 години

putin-tramp

Трамп: Имавме одличен состанок со Путин, тој е одлична личност

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека било постигнато многу во трговските преговори со рускиот претседател, Владимир Путин.„Имавме одличен состанок. Мислам дека тој е одлична личност. Постигнавме многу, зборувавме за трговијата. Би требало да имаме трговска размена помеѓу Русија и САД, тоа се две големи земји. Имавме многу добар состанок вчера“, изјави Трамп.Путин и Трамп се состанаа вчера на самотот Г20 во Осака, каде разговараа час и 20 минути, потсетува „ТАСС“.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека на состанокот, двајцата лидери се договориле наскоро да се сретнат и министрите за финансии на Русија и САД.

Свет | пред 6 години

dsc001

Трипуновски: АД Водостопанство нема пари за оспособување на каналите, a исплаќа астрономски плати

Се наоѓаме пред АД Водостопанство, претпријатието кое што е одговорно за наводнувањето во Република Македонија. Имаме нефункционални канали за наводнување низ цела Македонија, иако земјоделската сезона е во полн ек, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.„И додека АД Водостопанство нема пари за оспособување на каналите, истото претпријатие исплаќа астрономски плати.Ова  е потврда за исплатена плата  од страна на АД Водостопанство кон свој вработен, од неа се гледа, дека месечната исплатена бруто плата изнесува повеќе од 100.000 денари, додека нето исплатената плата која ја добива на сметка е речиси 70.000 денари.Почитувани, АД Водостопанство исплаќа плата од 1.150 евра плата на свој вработен, а нема пари за поправка и тековно одржување на каналската мрежа низа Република Македонија.Расипнички се трошат вашите пари почитувани земјоделци. Вие исплаќате огромна сума на пари кон АД Водостопанство, а истото наместо да ви пружи услуга каква  што заслужувате дели плати од 1.150 евра на своите вработени.И ако погледнете реално, плата од 500 евра има само за блиските луѓе нс власта, за земјоделците нема пари, тие немаат ни леб да јадат. Егзистенцијата на земјоделците е алармантна, а директни виновници за тоа се Зоран Заев и СДСМ.Власта има пари за се, само за земјоделците нема. Ова набргу ќе се смени. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Ова е вистинскиот режим, кој мора да си оди. Потребна е влада која ќе се грижи за земјоделците, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи тоа многу брзо“, изјави Трипуновски

Македонија | пред 6 години

44

Гордоста кај нас доцни 50 години

Парадите на гордоста, денес секаде низ светот асоцираат на собири со музика и знамето на виножитото. Поради тоа лесно е да се заборават почетоците и самиот корен на парадите на гордоста, кои биле далеку од весели.Судир помеѓу полицијата и гостите на еден бар во Њујорк – така почнало сè.Во доцните 60ти години на минатиот век, во повеќето држави се уште било нелегално да се биде геј и ниту еден закон не ги штител правата на геј луѓето, а не постоеле ни политичари и поп икони кои јавно кажувале дека се геј.Во 60-тите години на минатиот век, барот „Стоунвол Ин“ во Њујорк бил место каде што геј луѓето биле добредојдени и слободно се забавувале. Барот бил во сопственост на италијанска мигрантска фамилија доселена во САД. На влезот секогаш имало менаџер кој гостите било препорачливо да го познаваат за да може да влезат во барот.Мнозинството од гостите биле геј мажи, но имало и лезбејки кои биле во значително помал број. Секогаш штом била забележана полиција во близина на барот, светлата ја менувале бојата, музиката била исклучувана и тоа значело дека сите мораат да престанат со танцување.Полициските акции во геј баровите биле чести, се случувале барем еднаш во месецот. За време на таквите акции, се палело светлото во барот, и гостите постороени во редица морале да се идентификуваат пред полициските службеници. Оние гости кои биле трансвестити веднаш биле апсени. Сопствениците и вработените во баровите исто така биле апсени.Во периодот пред 28 јуни 1969 година бил одбележан од чести полициски акции во геј баровите, вклучително и во Стоунвол Ин.Женските полициски службенички ги проверувале гостите облечени како жени, и доколку се покажело дека станува збор за трансвестити, тие веднаш биле апсени.Клучниот пресврт кој се случил во барот Стоунвол Ин, е кога гостите облечени како жени одбиле нивниот пол да биде проверен од полицајките. Затоа полицијата одлучила сите присутни да ги спроведе во полициска станица.Додека полицајците го чекале превозот за конфискуваниот алкохол, оние гости кои не биле уапсени и биле пуштени да си одат дома, сепак решиле дека ќе останат пред Стоунвол. Во рок од неколку минути, се насобрале околу 150 луѓе, кои стоеле мирно и тивко, но сепак се насетувало дека нешто се случува во воздухот. Штом се расчуло дека полицијата ги тепа оние кои се уште се во барот, насобраните почнале да фрлаат монети, а потоа и шишиња од пиво кон полициските возила. Моментот кој ги разгневил луѓето е кога била уапсена една гостинка на Стоунвил Ин која жестоко се борела со четворица полицајци. Во тој момент насобраната група луѓе се претворила во толпа и започнале протестите кои денес ги знаеме како паради на гордоста.Од тој момент до денеска поминати се точно 50 години. Скопје денеска е домаќин на првата македонска Парада на гордоста. 

Македонија | пред 6 години

65438873_674495586395260_5041884760431919104_n

Втора акција на ДОМ за ослободување на дрвјата

Денес, зелената партија ДОМ спроведе втора акција за ослободување на “заробените дрвја“.„Активистите од ДОМ ослободија 5 дрвја од дрворедот Кеј 13 Ноември, покрај Вардар. Целта на акцијата е да се поттикнат надлежните институции да се интензивира ослободувањето на дрвјата. На акцијата се придружија и граѓани случајни минувачи“, велат од ДОМ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања