Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

antonia-gigovska

(ВИДЕО) Антониа растури во суперфиналето на „Ѕвездичките на Пинк“

Вчера заврши големото финале на „Ѕвездичките на Пинк“, а нашата перставничка Антониа Гиговска за жал не победи и го заврши натпреварувањето уште во вториот круг.Во суперфиналето нашата Антониа се претстави со две песни кои звучеа извонредно.Во првиот круг се претстави со евровизиската Proud, која звучеше светски, а во вториот круг, се претстави со I'll Never Love Again од оскаровскиот филм A Star is Born.„Толку многу плачев на оваа сцена. Мораме да се потрудиме дада го види ова и Лајди Гага, па таа е доволно голем уметник  за да препознае клку добро ти пееш. Таа мора да го слушне ова, зошто никој не успела вака да ја пренесе песната. Не, ни од близу. Ти се поклонувам Антонија, ти ова го заслужи, како и да заврши оваа вечер“, изјави Гоца Тржан по настапот на Антониа

Магазин | пред 6 години

parada

Попови парадираат низ улиците на Скопје, контра ЛГБТ парадата

Кај црквата Св. Богородица во центарот на Скопје, има собир организиран од страна на граѓанската платформа „Сојуз за живот“.Собирот е наречен „Сведоштво за живот“ и на некој начин е контра собир на Парадата на гордоста која се одржува во моментов во центарот на Скопје.Неколку стотици луѓе се собраа со транспаренти да го искажат своето мислење за Парадата на гордоста. Се појавија транспаренти како „Полот не е право на избор“ и „Традиционалното семејство се темел на здраво општество“.

Македонија | пред 6 години

mickovski-press-poraz-1

Мицкоски се плаши од правдата, велат од СДСМ

Од СДСМ возвратија на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, според кои вчерашната акција, во која беа уапсени функционери од партијата, била за замолчување на опозицијата.„Нервозата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е голема затоа што не можат да го одбранат криминалот на режимот.Мицкоски се плаши од правдата.Особено имајќи предвид дека осомничениот Димитар Димовски е дел и од заедничката фирма токму со Мицкоски, која добива државно земјиште за бизнис со хидроцентрали од владата на Груевки.Колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, сите што прекршиле закон мора да понесат одговорност, пред надлежните правосудни органи.Времето кога судството и обвинителството беа партиски органи заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.Законите важат за сите подеднакво, секој што прекршил закон мора да одговара“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Детали за вчерашната сообраќајка во Аеродром

На 28.06.2019 година во 14.35 часот на крстосница од бул.„Јане Сандански“ и ул.„23 Октомври“ во Скопје,  О.С.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „Пежо 407“ со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетно женско лице од Скопје, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

kreditni_karticki_1_151010-600x450

Кумановчани краделе податоци од картички, а потоа пазареле со нив

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.С.(32), Ф.С.(58) и С.С.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.Пријавените во декември 2016 година набавиле банкарски податоци од вистински платежни картички и подтоци за носители на тие платежни картички, при што така изготвените лажни платежни картички ги употребиле како вистински на продажни места во правни субјекти каде тие биле управители.Пријавениот С.С.(32)во правниот субјект каде е управител изготвил фактури во кои ја наведувал трговската стока и нивната цена, како и име и презиме на купувачот без дополнителни идентификациони податоци. На овој начин тој извршил 64 трансакции од кои девет успешни со вкупен износ од 894.200 денари.Исто така, пријавените Ф.С.(58) и С.С.(33) во истиот период лажните платежни картички ги употребиле во правниот субјект каде Ф.С. е управител. На истиот начин тие извршиле 11 успешни нелегални трансакции во вкупен износ од 913.400 денари.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Малолетник каснат од куче скитник

На 28.06.2019 година во 23.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.М.(40) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога. 

Скопје | пред 6 години

heroin-111

Кривична против кумановец кај кого бил пронајден хероин

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Р.(27) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 23.06.2019 година на магистралниот пат Куманово – Скопје полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Опел Корса”, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во Битола отворен ден на вежбата „Одлучен удар“

Пред Домот на културата во Битола, како дел од планираните активности на воената вежба „Одлучен удар“, денеска ќе се реализира отворен ден за граѓаните, на кој ќе се прикажат дел од средствата, опремата и вежбовните активности кои се изведуваат на оваа најголема воена вежба досега организирана во Република Македонија.Aктивноста, како што е најавено од Министерството за одбрана, ќе ја проследат претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, вршителката на должност, амбасадорка на САД, Микаела Швајцер-Блум, градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, генерали од армијата и претставници од амбасадата на САД.Присутните ќе проследат повеќе активности, како: демонстрација на боречки вештини, извлекување со хеликоптер со користење на техника „Грозд“, алпинистички вештини при евакуација на повредени цивили од висококатница во изведба на припадници на полкот за специјални операции, како и прелет на хеликоптери.Граѓаните преку директна комуникација со припадниците на армиите ќе имаат можност поблиску да се запознаат со опремата, постапките и процедурите што ги извршуваат учесниците на вежбата.Вежбата „Одлучен удар“, која се изведува во период од 5 јуни до 9 јули година на армискиот полигон „Криволак“ и на која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора, има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците, подобрување на интероперабилноста, унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.

Македонија | пред 6 години

Pando-Lazoski

(ФОТО) Исчезна лице од Топанско Поле

Исчезнато е лицето Лазовски Пандо. Последно е излезен од домот во Топанско Поле во раните утрински часови.Доколку имате некаква информација јавете се на: 070228483, 075293457.Апелот за помош е споделен на социјалните мрежи.

Скопје | пред 6 години

policija

Казнети 63 возачи - возеле под дејство на алкохол

Во периодот од 23 часот на 28.06.2019 до 05.00 часот на 29.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи што управуваат со возило под дејство на алкохол.Притоа, кај 61 возач утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека двајца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите тие 63 возачи се исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани.Откриени се и 118 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни платни налози и 72 прекршочни платни налози. 

Скопје | пред 6 години

obvinitelstvo1

Обвинение против три лица од ФКН АД Неготино поради злоупотреба на службена положба

Oсновното јавно обвинителство Велес, по спроведена истрага, до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против две лица од Скопје, како соизвршители, за продолжено кривично дело –  Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 од Кривичниот законик и против едно лице од Скопје за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 од Кривичниот законик како помагач.Во временскиот период од 2002 година до 2006 година, двајца од обвинетите биле управители на Алскоп ГМБХ од Франкфурт, Германија со единствено право на застапување. Во исто време, еден од нив ја извршувал функцијата генерален директор на ФКН АД Неготино, додека другиот бил претседател на Одборот на директори на ФКН АД Неготино. Притоа тие, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, во повеќе наврати на штета на ФКН АД Неготино за себе прибавиле значителна имотна корист во вредност од 5.725.123.048,35 денари. Во ова со умисла им помогнала и третата обвинета, во својство на законски застапник на Интер кабел АД Скопје.Двајцата обвинети, спротивно на одредбите од Законот за трговските друштва, склучувале договори и донесувале одлуки во кои имале интерес, без да добијат одобрување од неизвршните членови на Одборот и без да го известат Собранието на акционери. Имено, без спроведена постапка и без донесена одлука од Собранието на акционери тие стапувале во деловни односи со фирмата Интер кабел АД Скопје и со Алскоп ГМБХ.Третата обвинета не платила претходно примени фактури за извршен превоз од фирмите Повардарие Шпед, Поп Транс, Алекса Турс и Макошпед СК, туку ги префактурирала на правното лцие ФКН АД Неготино по што останатите двајца обвинети ги прифаќале ваквите фактури.На 29.11.2005 година, двајцата обвинети помогнати од третата обвинета, склучиле договор за пристапување кон договорот за рамковен револвинг кредитен лимит помеѓу Интер кабел и Комерцијална банка со договор за залог врз недвижен имот. Кредитот со пресметаните камати во износ од 40.221.194,50 денари во целост го исплатиле на 20.10.2007 година на штета на ФКН АД Неготино.На 18.09.2007 година  еден од обвинетите, како одговорно лице на ФКН АД Неготино,  помогнат од третата обвинета како законски застапник на Интер кабел,  склучил договор за отстапување на побарување-цесија помеѓу Интер кабел како отстапувач-цедент, Елинг Скопје како примач на побарувањето – цесионер и ФКН АД Неготино како должник-цесус, со што побарувањето на Интер кабел од Скопје кон ФКН АД Неготино преминало на Елинг Скопје. Договорот не бил книговодствено евидентиран во ФКН и немал деловоден број, со што на Интер кабел му бил признат без основ износ од 39.331.471,50 денари на штета на ФКН.

Македонија | пред 6 години

Vladika-Agatangel-696x388

Марш посветен на традиционалните семејни вредности денес во Скопје

Повардарскиот Митрополит Агатангел денес ќе го пpeдвoди мapшот посветен на традиционалните семејни вредности што како одговор на првата гej пapaда ќе се случува паралелно во Скопје.Прес-службата на неговата епархија вчера соопшти дека пред почетокот на пoвopкaта владиката Агатангел во присуство на свештеници од сите епархии на МПЦ-ОА во црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје ќе отслужи литургија, а потоа сите заедно ќе ја организираат пoвopкaта во oдбpaна на семејните вредности.„Се известуваат сите благочестиви верни чеда во Господа, дека на утрешната Литургија во храмот на Рождеството Богородично во Скопје, ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на многубројно свештенство од повеќе епархии на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Литургијата е со почеток во 08,30 часот, и потоа сите заедно ќе учествуваме во Поворката посветена на сведочењето на традиционалните семејни вредности. Ги повикуваме сите наши дyxoвни чеда, браќа и сестри во Христа, да присуствуваат со цел што пocилно да пocведочиме, сите заедно со семејствата, што за нас како христијански народ е нормално и прифатливо“, стои во соопштението од Повардарската епархија.

Скопје | пред 6 години

banki-2

Со повратот на ДДВ државата враќа 50 милиони евра назад кај граѓаните, велат од СДСМ

Зборот важи! Уште една клучна мерка од која бенефит имаат граѓаните започнува со реализација од понеделник 1 Јули, велат од СДСМ.„Повратот на 15 отсто ДДВ е уште една потврда дека Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните.Притоа, достапноста на оваа мерка  е многу едноставна за користење, бидејќи се употребува единствено  мобилен телефон со кој преку апликација се скенираат фискалните сметки кои ги добиваат граѓаните при купување или користење на некоја услуга.Преку оваа мерка, на крајот на годината во семејниот буџет влегува уште еден доход плус, а државата враќа 50 милиони евра назад кај граѓаните.Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките кои значат економски раст, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард на сите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Димитар и Дејан се уапсени затоа што јавно ги обелоденуваат криминалите на СДСМ

„Зоран Заев и СДСМ паѓаат. Власта нема поддршка од граѓаните, тоа го покажуваат и анкетите. ВМРО-ДПМНЕ е во сигурно водство во однос на СДСМ. Затоа власта е исплашена и во паника притвора и прогонува функционери на ВМРО-ДПМНЕ.Обвинителството на Зоран Заев вчера од чисто политички мотиви ги уапси Димитар Димовски член на ИК  на  ВМРО-ДПМНЕ, кој ја објави аферата за насилникот Курто Дудуш и Дејан Митески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, кој и нанесе тежок пораз на власта во оваа скопска општина.Со политичкиот прогон врз Димовски, Митевски, Јанакиески и останатите, Зоран Заев не може да го покрие разочарувањето и катастрофата која секојдневно им ја приредува на граѓаните.Димитар и Дејан се уапсени и малтретирани затоа што не и се плашат на власта, затоа што јавно ги обелоденуваат криминалите на СДСМ.Криминалната влада на Зоран Заев мисли дека со монтирани случаи ќе ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми, како криминалот, рекетот, непотизмот, корупцијата, урнисаното образование, неуспесите во земјоделието и сите катастрофи кои ги причини оваа власт.Заплашувањата нема да успеат. Граѓаните одамна препознаа дека со СДСМ државата не може да оди напред. Во услови на вистински режим 25 % од граѓаните го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 23.1 % за СДСМ. Поддршката на сметка на ВМРО-ДПМНЕ само ќе расте и СДСМ тоа го знае. Доаѓа денот за одговорност, Заев и сите негови пулени на функции ќе треба да се соочат со правдата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

021419_coffeeclimatechange

Струмичанка ставила отров во кафето на сопругот

Основното јавно обвинителство Струмица спроведува истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничената 39-годишна жена, на 07 јуни, во семејниот дом во село Иловица, се обидела на подмолен начин да го лиши од живот нејзиниот сопруг. Кога сопругот побарал да му свари кафе, таа во филџанот ставила течно средство хербицид „Моносан Херби“, го помешала со кафето и му го дала да го испие. Оштетениот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот суд Струмица му предложи да определи мерка притвор за осомничената. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

Avion

Мал авион падна врз семејна куќа во Северна Каролина

Пилот и уште едно лице загинаа при несреќа на мал авион кој падна врз семејната куќа во Северна Каролина. Едно лице е тешко повредено во несреќата.Авионот се урнал околу полноќ во местото Хоуп Мил, наведе полицијата. Притоа загинал пилотот, како и еден од жителите на куќата каде што удрил авионот. Повреден е уште еден од станарите на куќата, кој е пренесен во болница.Областа во која се урнал авионот се наоѓа покрај државниот автопат 301, околу осум километри од регионалниот аеродром Фејтвил, во населба со неколку бизнис и станбени згради.Причините за падот на авионот не се соопштени. Во тек е истрага.

Свет | пред 6 години

nema-voda

Поради дефект без вода Хиподром и Трубарево

Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Благоја Стефковски 116Б“ вечерва од 20:30 часот без вода ќе бидат населбите Хиподром и Трубарево.Од јавното претпријатие „Водовод и каналзиација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.

Скопје | пред 6 години

spasovski

Спасовски ќе ги посети Градско, Демир Капија и Кавадарци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе ги посети општините Градско, Демир Капија и Кавадарци.За време на посетата, Спасовски ќе оствари средби со градоначалниците и со раководствата на полициските станици во Градско, Демир Капија и Кавадарци. Покрај ова, во Кавадарци присуствува на врачување донација на две возила за потребите на станицата за локална самоуправа.

Македонија | пред 6 години

57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o

Без струја овие делови од Сарај

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Скопје, денес без струја ќе останат корисниците од селата Арнакија, Семениште, Буковиќ, Ласкарци, Раовиќ и Чајлане во општина Сарај.Од РЦУК соопштија дека добиле известување од ЕВН Македонија оти зафатот ќе трае од 10 до 11 часот.

Скопје | пред 6 години

plas-ne-burrel

(ВИДЕО) Силни тензии меѓу полицијата и демонстрантите во Дебар

На вчерашните протести во близина на Зонската комисија за изборна администрација број 19 во Дебар, Албанија, демонстрантите се судриле со албанската полиција која користела солзавец за да ги растера луѓето.„БалканВеб“ јавува дека полицијата употребила во голема мера солзавец кон демонстрантите, кои по секоја цена се обидуваат  да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во просториите на Зонската комисија за изборна администрација за да ја ослободат од изборните материјали.Демонстрантите ги напаѓале полицајците со тешки предмети и молотови бомби.„Топ Чанел“ пак јавува дека во судирите се ранети еден новинар и шестмина полицајци.

Свет | пред 6 години

Mile-Janakieski

Јанакиески ако наплаќа за патни трошоци до притвор и назад, ќе ги закопа и Бонева и Мира Дизел

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, кој вчера беше повторно уапсен, е главна тема на социјалните мрежи. Погледнете дел од реакциите на Твитер.https://twitter.com/i999y/status/1144696955169312769?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1144696955169312769&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fstar-si-koga-poretko-izleguvash-pd-mile-anakieski-sho-odi-vo-pritvor-tviter-reakcii-za-novoto-apse-e-i-noviot-pritvor-na-eks-ministerot%2Fhttps://twitter.com/SieMiGaDjuro/status/1144743188655235072https://twitter.com/NikolasTweet/status/1144598814478807041?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1144598814478807041&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fstar-si-koga-poretko-izleguvash-pd-mile-anakieski-sho-odi-vo-pritvor-tviter-reakcii-za-novoto-apse-e-i-noviot-pritvor-na-eks-ministerot%2Fhttps://twitter.com/Nikola_Dimcev/status/1144515899464069120?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1144515899464069120&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fstar-si-koga-poretko-izleguvash-pd-mile-anakieski-sho-odi-vo-pritvor-tviter-reakcii-za-novoto-apse-e-i-noviot-pritvor-na-eks-ministerot%2Fhttps://twitter.com/tronovno/status/1144743947216072705?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1144743947216072705&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fstar-si-koga-poretko-izleguvash-pd-mile-anakieski-sho-odi-vo-pritvor-tviter-reakcii-za-novoto-apse-e-i-noviot-pritvor-na-eks-ministerot%2Fhttps://twitter.com/mojokilington/status/1144751029801693185?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1144751029801693185&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fstar-si-koga-poretko-izleguvash-pd-mile-anakieski-sho-odi-vo-pritvor-tviter-reakcii-za-novoto-apse-e-i-noviot-pritvor-na-eks-ministerot%2Fhttps://twitter.com/MaximOvertroll/status/1144512941871513600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1144512941871513600&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fstar-si-koga-poretko-izleguvash-pd-mile-anakieski-sho-odi-vo-pritvor-tviter-reakcii-za-novoto-apse-e-i-noviot-pritvor-na-eks-ministerot%2Fhttps://twitter.com/MilaShila9/status/1144521237546393600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1144521237546393600&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fstar-si-koga-poretko-izleguvash-pd-mile-anakieski-sho-odi-vo-pritvor-tviter-reakcii-za-novoto-apse-e-i-noviot-pritvor-na-eks-ministerot%2Fhttps://twitter.com/VidanaDeSign/status/1144666172119572482?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1144666172119572482&ref_url=https%3A%2F%2Femagazin.mk%2Fstar-si-koga-poretko-izleguvash-pd-mile-anakieski-sho-odi-vo-pritvor-tviter-reakcii-za-novoto-apse-e-i-noviot-pritvor-na-eks-ministerot%2Fhttps://twitter.com/revolucionersk/status/1144717404649508864https://twitter.com/JaNicharce/status/1144704025696395265https://twitter.com/Phoenix97365122/status/1144574319634341888

Магазин | пред 6 години

sonce

Сончево и топло со температура до 33 степени

Денеска времето ќе биде претежно сончево со умерен, а во западните делови повремено засилен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9.Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 20, Охрид 25, Битола 27, Крива Паланка 26, Берово 24, Кавадарци 31, Дојран 33.За вториот ден од викендот според метеоролозите не очекува сонце со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот за недела ќе изнесува 9.Дневните температури на воздухот ќе се движат од 25 до 33 степени.Од понеделник под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време кога дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени.

Македонија | пред 6 години

raskoski

Рашковски за „бомбата“: Не сум местел тендер!

Откако неколку медиуми објавија аудио разговор, во кој еден од соговорниците е Драги Рашковски, генерален секретар на Владата, а според објавувачите разговорот наводно треба да докаже местење на тендер, со реакција се јави и повиканиот Рашковски.“Разговорот е снимен од Климент Чепуњовски, разрешен директор на техника во МНАВ баш поради предизвикување на сериозен инцидент, за кој има извештај подготвен од Комитетот за воздухопловни несреќи.Неколку појаснувања.Тендерoт и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Од тогаш поради за нас познати причини, никој не го потпишува договорот за набавка на нов радарски систем.Новиот директор на техника Климент Чепуњовски свесен за состојбата со техниката, намерно не го потпишува договорот и праќа навредливи писма кон ЕБРД (за тоа докази во текот на утрешниот ден) и прави други незаконски дејствија за кои има докази до обвинителство.Со оглед на тоа дека опремата е неопходна за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, ПО ЗАДОЛЖЕНИЕ НА ВЛАДА, а не самоволно се организира состанок во мојата канцеларија (кој Климент го снима но намерно го сече делот каде што тој збори) и на состанокот НЕ СЕ ДОГОВАРА НИКАКОВ ТЕНДЕР туку се збори за ДИНАМИКАТА НА ИСПОРАКА НА ВЕЌЕ ЗАВРШЕНА ПОСТАПКА ОД 2016 година, затоа што по вина на Климент Чепуњовски, не се потпишува договорот за испорака.Обвинувањата за некакво местење на тендер, Климент, порталот Лидер и останатите ќе треба да ги докажат на суд.Против Климент Чепуњовски веќе има постапка затоа што со своите постапки ги доведе во животно загрозувачка состојба животите на стотици лица. Во интерес на истрагата деталите може да ги соопшти само обвинителство.Во понеделник, целокупниот материјал со детали за набавката на АТМ системот и вмешаноста на Климент Чепуњовски и активностите на Владата за заштите на животите на патниците ќе бидат доставени до новинарите.Снимката Климент Чепуњовски ја има предадено на висок функционер на опозициона партија пред неколку дена, откако дозна за извештајот во кој тој е посочен за виновен за случениот инцидент”, напиша Рашковски на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

srbin-viena

Млад Србин бегал од полицијата, пукал од автомобилот ,па се самоубил

Србин на возраст од 25 години извршил самоубиство во Виена и тоа во моментот кога полицијата го уапсила, а откако побегнал поради возење во алкохолизирана состојба, пишуваат српските медиуми.Србинот додека бегал од полицијата два пати пукал кон нив движејќи се со полна брзина, низ 16. кварт во Виена.  Тој успеал да и побегне на полицијата , иако во потерата биле вклучени и хеликоптери.Откако им избегал полицијата го побарала на домашната адреса , според регистерските таблички , но не го нашле. Подоцна полицијата добила сознанија дека Србинот се крие во стан , каде што биле испратени специјалци. Во моментот кога припадниците на специјалниот одред „Вега“ го нашле и требало да го уапсат, Србинот , се самоубил. 

Свет | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски: Само Бојан Јовановски знае зошто се препознал во моите написи

Откако Бојан Јовановски ака Боки 13 во Отворено студио на 1ТВ отворено кажа дека тој се препознава во приказните на новинарот Бранко Героски, кој пишува за новинарски рекетари, со севдоними “Кики, Коки”, преку својот фејсбук профил се огласи Героски.Тој напиша:„На пат на годишен одмор надвор од Македонија, известен сум дека господинот Бојан Јовановски, кој, ако добро разбрав, се претставил како неформален сопственик на 1ТВ, вечерва изјавил дека тој е личноста за која јас пишувам во моите написи.Колку што можев да прочитам по пат, во интервјуто на Јовановски со Јадранка Костова, се спомнуваат и други лица и се коментираат односите на сопственикот на 1ТВ со нив. Ако добро сфатив, повод за овој настап на Јовановски е денешиот одговор на премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање, во врска со некаков настан во Битола, за кој, според премиерот, се водела истрага (подоцна е прецизирано дека Обвинителството само следело информации).Во врска со настапот на неформалниот сопственик на 1ТВ, сакам да ја известам јавноста дека во ниту еден од моите написи кои се коментираат, јас не ги спомнувам Бојан Јовановски, 1ТВ, новинарите од оваа телевизија и сите други ликови кои биле спомнати вечерва.Во секоја од моите приказни за големата рекетарска афера (ако на тие написи мисли Јовановски), нагласувам дека ликовите што ги спомнувам се со измислени имиња и дека секое препознавање е одговорност на оние што себеси се препознаваат или други лица препознаваат во ликовите од моите приказни.Тоа е легална и легитимна литерарна постапка, а нуждата да се послужам со неа и со езоповски јазик, ја објаснив и во интервју за Гласот на Америка.Најавувам дека рекетарската сага ќе продолжи со нови епизоди и со истата раскажувачка постапка. На Бојан Јовановски му посакувам 1ТВ да ги преброди проблемите во релацијата со УЈП, а тој лично што поскоро да дојде во посед на трансакциска сметка, за да може, ако посака, да го легализира својот сопственички статус. На новинарите од овој медиум им посакувам успешна работа“, напиша Героски на ФБ.https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2253483651439984 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања