Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

ojo

Обвинителството го повлече барањето за притвор за двајца од 11 осомничени

„Во текот на денешниот ден, откако осомничените дадоа искази пред Судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот обвинител кој постапува во предметот за две од осомничените лица го повлече предлогот за определување на мерката притвор и му предложи на судот за овие лица да бидат определени мерки на претпазливост и тоа: одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување на службено лице во судот и забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело“, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство.​

пред 6 години

sudar-tunel

(ФОТО) Директен судар на камион и автомобил среде тунел, еден загинат шест лица повредени

Во тешка сообраќајка која се случи во Србија кај тунелот Стажевица, вечерва околу 19 часот и 45 минути, загинал возач на пикап после директен судар со камион. Во несреќата се побредени шест лица. Благодарение на брза интевенција на спасувачките екипи избегната е поголема трагедија.„Беше страшно, се слушаа лелеци од смачканите возила, никој не смееше да им се доближи на повредените, а полицајците пријдоа и ги смирувааи се обидуваа безбедно да ги извлечат додека да пристигне помошта.Имаше многу луѓе во тунелот, сите гледаа, но никој не се осмели да се доближи со повредените“ раскажал очевидец за Курир.рс.

Свет | пред 6 години

za-aerodrom

Пане Антовски: Денеска е приведен Дејан Митевски претседателот на ОК Аеродром, целата е да се заплаши опозицијата во Аеродром

На денешната седница на дневен ред меѓу другите точки се и точките за зголемување на плата на вработените во градинките, значи на вработените воспитувачи и негователки. Ова точка ние максимално ја поддржуваме и како советничка група ја поздравуваме, меѓутоа одговорноста за носење на тие одлуки е сепак на власта, истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром.Ние како советничка група денеска имаме морална одговорност да ја напуштиме работата на оваа седница бидејќи денеска власта со нејзините познати методи за прикривање на својата неспособност за реализирање на програмата што ја вети пред изборите премина кон нејзините стандардни методи за заплашување на опозицијата. Денеска е приведен Дејан Митевски претседателот на Општински комитет на Аеродром. Целата е многу јасна, а пораката е да се заплаши опозицијата во Аеродром како и претходните случаи со приведување.Ние како советничка група во знак на поддршка ќе ја напуштиме оваа седница и нема да учествуваме во работата на Советот , истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром.

Скопје | пред 6 години

28062019_PVRSM-Zaev_pratenicki-prashanja_1

Заев: Нема зголемување на цената на струјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во вториот дел од дебатата во Собранието на Република Северна Македонија, на чијшто дневен ред се пратенички прашања го искоментира не покачувањето на цената на струјата за домаќинствата.„Либерализацијата е почаната, од 1.јули почнува, ја држи фиксна цената, не се зголемува цената за домакинствата, а 20 – 30 проценти од трговските компании од помал обем ќе имаат намалување од 140 на 80 евра по мегават часови.Денеска се потврдија тврдењата дека нема зголемување на цената на струјата. Многу е значајно, не поради тоа што излезе нашата теза дека нема да се зголеми цената на струјата, туку дека водиме грижа за социјалниот аспект на нашите граѓани, тоа за нив значи заштеда на средства. И во меѓувреме се воведе ефтината тарифа на струјата којашто за една година заштеди 8 милиони евра, другата година 11.4 милиони евра, пари останати кај граѓаните, не ги плаќаат користејќи ја ефтината тарифа на струјата.Либералзацијата е воведена и практично од денеска. Бенефит ќе имаат 20 – 30 проценти компании, што досега мораа да купваат струја од околу 142 евра, сега може да ја најдат по околу 80 евра за мегават час.Тоа ќе ги напраави нивните производи многу попродуктивни и многу поконкурентни, бидејќи имаат одржливост, што треба да вроди со нови инвестиции кај нив, нови работни места, благодет да чувствуваат сите. Ова е голем успех. Ги мотивирам сите институции во делот на енергетиката да продолжат со тој тренд, со транспарентноста и тоа да биде мотивација за сите врабтени, до последниот работник и вработен во ЕСМ или ЕЛЕМ и МЕПСО, така им служиме на граѓаните. Радосен сум што тоа се постигна. Со оваа цена меѓу 2 и 3 милиони евра треба да има профитабилност ЕСМ, веројатно можел да падне и под прагот, и тоа за мене е голем успех, ќе биде мотивација и на други инститиции да ги постигнат тие резултати. Тоа е доказ за домаќинско работење, транспарентно и еве какви резултати даваме“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев рече дека „ако сме европска земја, треба да чекориме кон Европа, иако тоа значи да ги засукате ракавите и да ја одработите работата, сe со цел да ги заштитите дома граѓаните, потрошувачите, домаќинствата, но истовремено да ги заштитите и стопанството и компаниите. Посочи и на Извештајот на ЕУ, којшто дефинира најголеми реформи од целиот регион во енергетската сфера, тоа го кажаа уште лани, сега е потврдено во Извештајот, „перформансот којшто Владата го покажа во целиот овој период заедно со институциите во енергетиката, го даваат еве денеска комплетинот резултат“.Премиерот Заев најави дека за јулските сметки на граѓаните ќе им достават сметки од ЕVN HОМЕ, наместо од ЕВН, „тоа е универзалниот снабдувач, согласно Законот за енергетика што овој Парламент го донесе“.„И благодарение на заштедите на ЕВН, ЕСМ, или ЕЛЕМ, па и МЕПСО, испорачавме цена од 34.5 евра по мегават часови и издадовме понуда за сите домаќинства. И нема потреба од други набавки на ЕВН, ние ја гарантираме стабилната цената за сите домаќинства во следната година, а верувам ќе трае, иако пазарот се либерализира на 80, 70, 60 проценти додека не стане комплетно 100 проценти“, рече премиерот Заев.Тој додаде дека „денес ЕЛЕМ има акумулирана добивка од 46.3 милиони евра“.„И треба да знаат граѓаните дека тоа се тие податоци со коишто се гордееме и кажуваме дека транспарентноста и компетитивноста носат дефинитивно заштеди на јавни пари. Во моментот ЕЛЕМ на својата сметка има 20 милиони евра и депонирано во банката има 60 милиони евра. Тоа се 80 милиони евра што треба да бидат употребени комплетно за инвестиции, за разлика од 2014 кога генерирале акумулирана загуба од 16.8 милиони евра и затоа не била можна либерализацијата“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев потсети на тврдењето на опозицијата дека „ако се случи либерализација, тоа значи во најмала рака ќе значи домаќинствата да плаќаат повиски цени и тоа ќе биде катастрофа, драматично, лошо“.„Денеска Регулаторна комисија за енергетика објави дека цената на струјата останува иста како што беше до сега. Ја носат одлуката сега и таа важи од 1.јули 2019 до 30 јуни 2020 година.Почнувајќи од 2006 година, дотогаш е стабилна цената, доаѓа Владата и почнува да се качува цената на струјата се до 2013 година, вклупно 60 проценти. Веројатно биле во право дека со либерализацијата тогаш, цената ќе расте, но зошто – заради бандитски работи. Затоа што немало рационално работење, пред се во енергетските комбинати. Еден од тие енергетски комбинати е ЕСМ, сегашен ЕЛЕМ, МЕПСО, тие се двата големи државни комбинати и ако видите дека има истрага на пример, дека се потрошени 5 – 10 милиони евра за реконсттрукција на котлите, одржување, рудници, кои биле цените, ќе сфатите дека 2014 година ЕЛЕМ, работи со загуба од 14.5 милиони евра годишно“, објасни премиерот Заев меѓу другото, во одговорот за цената на струјата за којашто е објавено денеска дека не се покачува, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Македонија | пред 6 години

sekkk

(ВИДЕО) И повторно секс на плажа во Охрид, сега во Даљан

Плажата дефинитивно создава чувство на романтика, но овој пар дефинитивно ја претера. Среде бел ден во вода имаше секс на плажата Далјан во Охрид, објави shilomagazine.com.auВидеото може да го погледнете тука. Инаку ова не е прв пат пар да се одлучи за секс на плажа. Сезоната во Охрид ја отворија туристи од Полска уште на 6 ти јуни.  

Македонија | пред 6 години

soobrakajka1-1

Автомобил удри во мало девојче на пешачки во Аеродром

Автомобил Пежо со скопски таблички удрил во мало девојче, дознава Курир од очевидци на лице место.Несреќата се случила во близина на трговскиот центар „Скопјанка“ помеѓу улиците Јане Сандански и Владимир Комаров во Аеродром.Очевидци за Курир велат дека девојчето поминувала на пешачки премин, додека возачот прелетал со околу 80 km на час.

Скопје | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Боки 13 се препознава во приказните на Геровски: Тој што ги измислува, ќе заврши неславно

Бојан Јовановски ака Боки 13 во Отворено студио на 1ТВ отворено кажа дека тој се препознава во приказните на новинарот Бранко Геровски, кој пишува за новинарски рекетари, со севдоними “Кики, Коки”.“Да, јас сум оној за кој пишува Геровски. Јас сум оној за кого беа изнесени многу лаги. Задача на Геровски е да пишува. Околу текстовите, да се бранам, не е сериозно. Нема да се бранам за измислени приказни. Кој и да ги измислува приказните, ќе заврши неславно”, рече Бојан Јовановски ака Боки 13.Бојан 13 ги повика институциите да испитаат дали тој рекетирал.

Македонија | пред 6 години

65598335_321581225417116_8101366372564467712_n

Твитерџија до ВМРО-ДПМНЕ: Ако зборнете нешто за “Скопје прајд” ќе објавам слики од вашите челници како пушат к**

Твитерџија потпишан како “Скопски педер” сподели статус кој стана вирален, обраќајки им се на ВМРО-ДПМНЕ, а поврзан со парадата на гордоста, “Скопје прајд”. “Отворен твит до ВМРО. Утре ако ви падне на памет партиски да бекнете нешто против прајд или недај боже проблеми да правите. Најселски ќе објавам фотки на вашите челници како се забавуваат пушејќи к**. Па бујрум ако ви држи газот”, напиша влијателниот твитерџија.

Македонија | пред 6 години

rampa-asfalt

Донев: Да се откорне вековна калдрма и да се асфалтира? Добро бе луѓе, дали меѓу вас има еден со здрав разум?!

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ објави статус на социјалната мрежа фејсбук, преку кој обвинува за уништување на вековната калдрма во стариот дел на Охрид. Донев пишува:„И ова денес се случи...Да се откорне вековна калдрма и да се асфалтира, потоа да се стави рампа низ која може да поминат само автомобили.Добро бе луѓе, дали меѓу вас има еден со здрав разум?!Упорно одите со главата во ѕид против волјата и интересите на граѓаните на Стар град.Колку пати ви беа демонтирани глупавите рампи и пак терате инает со граѓаните.Овој пат се осудивте и калдрмата која е белег на оваа улица да ја откорнете!Кажете како би поминало тука противпожарно возило ако недај боже затреба???Жално, бедно, тотално непромислено и забегано“, напиша Донев на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217367080826684&set=a.1233635078696&type=3&theater 

Македонија | пред 6 години

FullSizeRender-28-06-19-14-30

Петкоска: Локалната власт која е во директна спрега со Усеини е на пат да го сруши угледот на Охрид во светот

Повеќе од недела дена нема никаква реакција од страна на властите за безправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро.Без дозвола гради бетонска база на самиот брег на езерото. Вакво бесправно градење и непочитување на законите од страна на локални моќници е возможно само во вистински режим, како овој на Зоран Заев и криминалната влада која ја предводи, истакна Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Охрид ризикува да го изгуби статусот на град заштитен од страна на УНЕСКО поради самоволието на локалните моќници. Локалната власт која е во директна спрега со Усеини е на пат да го сруши угледот на Охрид во светот.Бетонската база е опасност како за статусот на Охрид како град под заштита на УНЕСКО, така и по Охридското Езеро кое е природно богатство на Република Македонија.Ја повикуваме централната влст веднаш да преземе мерки за запирање на ова дивеење сред Охрид, доколку во најкус можен рок ништо не се преземе, штетите ќе бидат преголеми и ненадоместливи.Законот е јасен и дециден. Дивеењето на урбаната мафија мора да запре. Мора да бидат преземени мерки согласно закон. Секој оној кој сега спротивно на закон го овозможува хаосот и градењето без дозвола ќе биде санкциониран кога ќе се врати владеењето на правото во Република Македонија, истакна Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Непознато лице се заканувало на вработени во угостителски објект во центарот на Скопје

На 27.06.2019 година во 15.30 часот во Полициската станица Центар, сопственик на угостителски објект во центарот на Скопје пријавил дека истиот ден во 10.50 часот во угостителскиот објект дошло непознато лице и упатило закани кон вработените. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepacka-222

Скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од наговиот брат и внук

На 27.06.2019 година во 11.20 часот во Полициската станица Чаир, А.Д. од Скопје пријавил дека на 26.06.2019 година околу 23.00 часот на ул.„Селачка Планина“ физички бил нападнат од неговиот брат С.Д.(46) и неговиот внук Б.Д.(23). Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

pretepa

23 годишна девојка нападната од познаник во угостителски објект

На 26.06.2019 година во 20.25 часот во Полициската станица Аеродром, Е.К.(23) од Скопје пријавила дека околу 20.00 часот во угостителски објект на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје била физички нападната од М.Г.(29) од Скопје, со кој од претходно се познавала. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

kucinja-skitnici

Маж и девојче нападнати од две кучиња

На 28.06.2019 година во 02.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров,О.Г.(44) од с Волково, скопско пријавил дека на ул.„60“ во с. Волково тој инеговата внука биле нападнати од две кучиња, кои излегле од дворот нанеговиот сосед Н.Н., при што едното го каснало во пределот на десната нога.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Жена пешак повредена во сообраќајна несреќа

На 27.06.2019 во 18.40 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко возило „Опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(63) од Гостивар, удрило во Б.И.(60) од Гостивар. Б.И. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на Ургентното одделение во Гостивар каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во домот на струмичанец, пронејдени марихуана, семки и стебло од растението канабис

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.С.(27) од с.Петралинци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.12.2017 година полициски службеници извршиле претрес во домот на Н.С., при што пронашле и одзеле марихуана, семки и стебло од растението канабис.

Македонија | пред 6 години

igri-na-sreka

Тетовец приредувал игри на среќа без лиценца

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца и дозвола од надлежен орган”. На 27.04.2019 година во Тетово, при акциска контрола во објект во Тетово, полициски службеници го затекнале А.Р. како приредува забавни игри и игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени две лица албански државјани поради непријавен престој во земјава

На 27.06.2019 година во 15.40 часот во Полициската станица Тетово биле приведени лицата К.М.(35) и К.Н.(41), двајцата од Република Албанија, поради непријавен престој во Република Северна Македонија. Лицата се задржани во полициската станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Поради „Парада на гордоста“ и „Сведоштво за семејство“, измени во сообраќајниот режим – еве каде ќе се движат

Утре(29.06.-сабота) со почеток во 12.00 часот ќе се одржи марш „Парада на гордоста“. Маршот ќе започне од паркот „Жена борец“ на ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, по булевар „ВМРО“ и по булевар „Илинден“ до „Школка“ во Градски Парк.Исто така, во исто време, ќе се одржи марш „Сведоштво за семејство“. Маршот ќе започне од црквата „Св.Богородица’’ на ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, ул.„Димитрие Чуповски“, ул.„Васил Главинов“, булевар „Партизански Одреди“ до Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.Поради одржување на овие два настани, сообраќајот ќе биде пренасочен по булевар „Кочо Рацин, ул.„Кирил и Методиј“ ,булевар „Св.Климент Охридски“ и другите околни улици.Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Скопје | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија : Што уште треба да се случи за Заев да поднесе оставка?

Устата на Зоран Заев е полна со демократија, владеење на правото, европски вредности за одговорност, чесност, моралност. И навистина, во земји - членки на Европската Унијата почесто гледаме како премиери и министри си даваат оставки за најбанали случувања, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.Во Македонија владее безаконие, корупција и криминал. Марионетската власт во Скопје подолго време ја тресе скандал со масовни вработувања на членови на семејствата и блиски роднини на функционери, кражба на народни пари од министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ кои добивале грантови по неколку стотици илјади евра како и тендери на министри во милиони евра.Најново, на собраниската седница за пратенички прашања Заев призна дека знае и за рекетот што го врши рекетарска група низ Македонија а во која има и високи функционери на СДСМ и дека знае оти неговиот советник кој се фали со врски кај Емануел Макрон не живее во Франција и платата од македонските даночни обврзници во висина од 1.200 евра ја примал во Србија со што го одбегнувал и данокот во Македонија.За сите овие скандали на власта во Скопје целосен молк и од НАТО и ЕУ за функционирањето на правната држава. Сега е јасно и зошто. НАТО и ЕУ го гарантираат безаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје, а која за возврат послушно ги спроведува нивните погубни политики за рушење на Македонија и Македонците.Единствена Македонија го прашува премиерот и министер во обид Зоран Заев, ако сите овие скандали на власта не се доволни барем за негова морална оставка, тогаш, што е морал за Заев и што уште треба да се случи за да поднесе оставка, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

48355602_2325087317503323_649044917921775616_n

Љупчо Николовски нема да користи апанажа

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира дека со заминувањето од функцијата министер за земјоделство, шумарство и вводостопанство, Љупчо Николовски, нема да ја искористи законската можност за користење на апанажа.Оваа одлука на Николовски е од морални причини и од интерес на граѓаните. Ова не е единствено одрекување од бенефициите кои што на Николовски законски му следуваат како функционер. Во изминатите две години, сите дневници за службени патувања Николовски ги донираше во СОС Детското село, се вели во соопштението од министерството.

Македонија | пред 6 години

eko-spar

Жештината нема да трае вечно, подгответе се за студот – ЕКО ШПАР, најдобар избор за вас

„Жештината нема да трае вечно. Сезоната на битки со студот  ќе дојде и побрзо отколку што мислите. Токму поради тоа, бидете подготвени. Ние сме. Како и секогаш“, велат од Еко шпар.Зошто на пелети?  Бидејќи нема поеколошко и полесно за употреба гориво од пелетите.Зошто ЕкоШпар?  Бидејќи ги имаме камините и котлите на пелети за секоја ваша потреба - од гарсоњера, до мала канцеларија, па се до супермаркет - од најмалиот камин од 6 киловати се до најголемиот котел од 42 киловати, бидејќи сите наши продукти се со МАКЕДОНСКО префернецијално потекло, имаат 5 години гаранција и големи попусти на официјалните цени.Инаку доколку одлучите да се греете на пелети со сигурност Трошоците за греење, ќе ги преполовите. Ќе ги избегните проблемите со чистење кои сте ги имале до сега доколку сте се грееле на дрва, затоа што котлите на пелети се многу полесни за одржување и заштедуваат драгоцено време заради лесното полнење со пелети.Инвестицијата со поставување на котел на пелети се враќа многу побрзо отколку што можете да замислите.  

Магазин | пред 6 години

Mile-Janakieski

Kривични пријави и предлог мерка притвор за Јанакиевски и уште 10 те лица, приведени во денешната акција

На 28.06.2019 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 11 лица и тоа: М. Ј. (40) од Скопје, поранешен министер за транспорт и врски, Д. Д. (44) од Скопје, Б.Д.Д. (41) од Скопје, В.С. (51) од Скопје, А. Ј. (36) од Велес, Д. М. (32) од Скопје, вработени во Министерството за транспорт и врски, Е. Р. (53) од Скопје, Државен правобранител за подрачје на град Скопје од 23.01.2007 до 30.10.2018, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 в.в став 1 од КЗ; С.К. (54) од Скопје вработена во Агенција за катастар на недвижности– Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по чл.353 – в од КЗ на РСМ; Р.П. (64) од Скопје, Нотар за подрачје на Основните судови на градот Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл.353 став 5 в.в став 1 од КЗ, Л.С. (59) од Скопје, Нотар за подрачјето на Основните судови на градот Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 став 5 в.в став 1 од КЗ, , како и за М. Ј. (51) од Скопје, сопственик и управител на правно лице од Скопје.Во денешните дејствија за обезбедување на осомничени лица  што се реализираа под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се 10 осомничени лица.Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, а едно од лицата Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, при што со своите дејствија предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 162.644.745,00 денари или 2.647.802 милиони евра.Во предистражната постапка е утврдено дека во временскиот период од 21.12.2010 година до 08.08.2018 година, првоосомничениот заедно со петмина административни службеници, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на чл.17 ст.4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште што се однесува на чл.74  ст.1, т.7 од Законот за градежно земјиште. Имено, во наведениот период осомничените подготвиле и потпишале четири Договори за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата.За два од Договорите што се однесуваат за земјиште во вкупна површина од 4090 м2, наменето за изградба на хотелски комплекси со вкупна вредност од 20.450.000,00 денари и  за земјиште наменето за изградба на објект со комерцијални и деловни намени, со вкупна површина од 1046 м2  во вредност од 97.382.600,00 денари, осомничените не ја следеле реализацијата на наведените Договори и Анекс – Договори. Наместо поради неисполнување на договорните обврски еднострано да ги раскинат договорите и да го вратат градежното земјиште во сопственост на државата, како и да извршат наплата на договорната казна од купувачот за целиот период од денот на истекот на рокот за обезбедување на Одобрението за градење, тие постапиле спротивно на своите овластувања и овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 25.000.127,00 денари, односно 113.840.268,00 денари за вториот договор.Останатите два Договори се склучени со осомничено лице кое во првиот случај се јавува како физичко лице - купувач, а во вториот како сопственик на правно лице. Договорите  се однесуваат за земјиште во вкупна површина од 8745м2, со цена постигната со електронско јавно наддавање во износ од 2.500,00 денари за 1 м2 или вкупна вредност од 21.862.500,00 денари и за земјиште во вкупна површина од 13 675м2, наменето за изградба на хотелски комплекси, со цена во износ од 71,00 денар за 1 м2 односно вкупна вредност од 970.925,00 денари постигната со електронско јавно наддавање.Неводејќи сметка за имотните права и интереси на државата и неизвршувајќи ја својата службена должност, едно од осомничените лица во својство на службено лице покрај тоа што првично констатирало правни пречки за склучување на Анекс на Договорот и побарало истите да се отстранат, ја злоупотребило својата службена положба и овластување и подготвило мислење без да обезбеди дополнителни докази и без да констатира правни пречки за солемнизација на предложениот текст на еден од Анекс – Договорите. Со своите дејствија осомниченото лице постапило спротивно на чл.2 од Законот за државното правобранителство.Со неизвршување на својата службена должност, двајца осомничени како службени лица кои вршат работи од јавен интерес постапиле спротивно на законот. Едниот, иако приложената документација не била комплетна, извршил потврдување на приватната исправа и притоа го изменил текстот на еден од Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и Анексот на Договорот во делот што се однесува на реалниот товар над земјиштето.  Наместо да констатира еднострано раскинување на договорите и враќање на градежното земјиште во сопственост на државата, во случај на неисполнување на договорните обврски, дефинирал оттуѓувачот да може да наплати само договорна казна, без прецизирање како државата ќе го наплати своето побарување доколку купувачот не располага со друг имот.Второто осомничено службено лице со умисла помогнато од осомничениот сопственик и управител на правното лице, постапило спротивно на одредбите од Договорот за оттуѓување, како и спротивно на чл.43 и чл.46 од Законот за нотаријат. Иако било запознаено, не потврдило и не го евидентирало постоењето на право на реален товар во корист на оттуѓувачот - Р.М.Постапувајќи спротивно на своите службени овластувања  осомниченото лице извршило и Солемнизација на нов Договор -  Договор за дар на недвижен имот за едно од предметните земјишта, кој бил заверен и во кој е констатирано дека дародавецот - осомничениот, бил сопственик на недвижноста што ја подарува и дека на истата немало воспоставено никаков правен товар. Со своите дејствија осомниченото лице овозможило предметното земјиште да се пренесе во сопственост на трети лица.Осомничениот сопственик на правно лице иако знаел дека не ги исполнил обврските од Договорот за оттуѓување на градежно земјиште, го известил Министерството за транспорт и врски за отпочнување со градежни активности, а кои ги прекинал со невистинито образложение и во два наврати доставил и вештачења изготвени по негово барање со прикажана состојба на земјиштето спротивно од констатираното од страна на Општина Центар. При Солемнизација на Договор за дар на недвижен имот, осомничениот дал лажна изјава дека градежното земјиште што е предмет на подарок, не е оптоварено со никаков правен товар.Со пропуштање на должен надзор - без да утврди дека во приватната исправа – Договорот за оттуѓување на градежно земјиште било предвидено прибележување на реален товар над земјиштето во корист на оттуѓувачот, осомничено службено лице несовесно постапило во вршењето на своите овластувања и не ги почитувало одредбите од чл.171 од Законот за катастар на недвижностите, по кои било должно да постапува. Без да прибележи товар над земјиштето осомниченото службено лице извршило промена на сопственоста над земјиштето и во јавните книги на катастарот во корист на осомничениот сопственик на правното лице.Со извршените дејствија шестмина од осомничените сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со со ст.1, двајца  осомничени сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.4 в.в. со ст.1, еден осомничен сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и едно лице е осомничено дека сторило кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за сите осомничени.Едновремено обвинителот согласно член 118 и член 120 од Законот за кривична постапка достави и Предлог за определување на мерки за обезбедување на имотно -правно побарување во висина на штетата.

пред 6 години

ojo

ОЈО спроведува истрага за 11 лица, се бара притвор и имотно правно побарување во висина на штетата

Во денешните дејствија за обезбедување на осомничени лица што се реализираа под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се 10 осомничени лица.Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, а едно од лицата Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, при што со своите дејствија предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 162.644.745,00 денари или 2.647.802 милиони евра.Во предистражната постапка е утврдено дека во временскиот период од 21.12.2010 година до 08.08.2018 година, првоосомничениот заедно со петмина административни службеници, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на чл.17 ст.4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште што се однесува на чл.74 ст.1, т.7 од Законот за градежно земјиште. Имено, во наведениот период осомничените подготвиле и потпишале четири Договори за оттуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата.За два од Договорите што се однесуваат за земјиште во вкупна површина од 4090 м2, наменето за изградба на хотелски комплекси со вкупна вредност од 20.450.000,00 денари и за земјиште наменето за изградба на објект со комерцијални и деловни намени, со вкупна површина од 1046 м2 во вредност од 97.382.600,00 денари, осомничените не ја следеле реализацијата на наведените Договори и Анекс – Договори. Наместо поради неисполнување на договорните обврски еднострано да ги раскинат договорите и да го вратат градежното земјиште во сопственост на државата, како и да извршат наплата на договорната казна од купувачот за целиот период од денот на истекот на рокот за обезбедување на Одобрението за градење, тие постапиле спротивно на своите овластувања и овозможиле купувачите да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на државата во вкупен износ од 25.000.127,00 денари, односно 113.840.268,00 денари за вториот договор.Останатите два Договори се склучени со осомничено лице кое во првиот случај се јавува како физичко лице – купувач, а во вториот како сопственик на правно лице. Договорите се однесуваат за земјиште во вкупна површина од 8745м2, со цена постигната со електронско јавно наддавање во износ од 2.500,00 денари за 1 м2 или вкупна вредност од 21.862.500,00 денари и за земјиште во вкупна површина од 13 675м2, наменето за изградба на хотелски комплекси, со цена во износ од 71,00 денар за 1 м2 односно вкупна вредност од 970.925,00 денари постигната со електронско јавно наддавање.Не водејќи сметка за имотните права и интереси на државата и неизвршувајќи ја својата службена должност, едно од осомничените лица во својство на службено лице покрај тоа што првично констатирало правни пречки за склучување на Анекс на Договорот и побарало истите да се отстранат, ја злоупотребило својата службена положба и овластување и подготвило мислење без да обезбеди дополнителни докази и без да констатира правни пречки за солемнизација на предложениот текст на еден од Анекс – Договорите. Со своите дејствија осомниченото лице постапило спротивно на чл.2 од Законот за државното правобранителство.Со неизвршување на својата службена должност, двајца осомничени како службени лица кои вршат работи од јавен интерес постапиле спротивно на законот. Едниот, иако приложената документација не била комплетна, извршил потврдување на приватната исправа и притоа го изменил текстот на еден од Договорите за оттуѓување на градежно земјиште и Анексот на Договорот во делот што се однесува на реалниот товар над земјиштето. Наместо да констатира еднострано раскинување на договорите и враќање на градежното земјиште во сопственост на државата, во случај на неисполнување на договорните обврски, дефинирал оттуѓувачот да може да наплати само договорна казна, без прецизирање како државата ќе го наплати своето побарување доколку купувачот не располага со друг имот.Второто осомничено службено лице со умисла помогнато од осомничениот сопственик и управител на правното лице, постапило спротивно на одредбите од Договорот за оттуѓување, како и спротивно на чл.43 и чл.46 од Законот за нотаријат. Иако било запознаено, не потврдило и не го евидентирало постоењето на право на реален товар во корист на оттуѓувачот – Р.М. Постапувајќи спротивно на своите службени овластувања осомниченото лице извршило и Солемнизација на нов Договор – Договор за дар на недвижен имот за едно од предметните земјишта, кој бил заверен и во кој е констатирано дека дародавецот – осомничениот, бил сопственик на недвижноста што ја подарува и дека на истата немало воспоставено никаков правен товар. Со своите дејствија осомниченото лице овозможило предметното земјиште да се пренесе во сопственост на трети лица.Осомничениот сопственик на правно лице иако знаел дека не ги исполнил обврските од Договорот за оттуѓување на градежно земјиште, го известил Министерството за транспорт и врски за отпочнување со градежни активности, а кои ги прекинал со невистинито образложение и во два наврати доставил и вештачења изготвени по негово барање со прикажана состојба на земјиштето спротивно од констатираното од страна на Општина Центар. При Солемнизација на Договор за дар на недвижен имот, осомничениот дал лажна изјава дека градежното земјиште што е предмет на подарок, не е оптоварено со никаков правен товар.Со пропуштање на должен надзор – без да утврди дека во приватната исправа – Договорот за оттуѓување на градежно земјиште било предвидено прибележување на реален товар над земјиштето во корист на оттуѓувачот, осомничено службено лице несовесно постапило во вршењето на своите овластувања и не ги почитувало одредбите од чл.171 од Законот за катастар на недвижностите, по кои било должно да постапува. Без да прибележи товар над земјиштето осомниченото службено лице извршило промена на сопственоста над земјиштето и во јавните книги на катастарот во корист на осомничениот сопственик на правното лице.Со извршените дејствија шесмина од осомничените сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со со ст.1, двајца осомничени сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.4 в.в. со ст.1, еден осомничен сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и едно лице е осомничено дека сторило кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за сите осомничени. Едновремено обвинителот согласно член 118 и член 120 од Законот за кривична постапка достави и Предлог за определување на мерки за обезбедување на имотно-правно побарување во висина на штетата.

пред 6 години

F071A090-0D4F-454E-A799-E2A09E4A67B4

Возачот на камионот кој предизвика несреќата на скопската обиколница, осoмничен за тешки дела против безбедноста на луѓето

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст. 4 во врска со чл. 297 ст. 3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 21.06.2019 година, по автопатот Скопје-Тетово-Обиколница на Град Скопје како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност животот и телото на луѓето.Тој управувал со товарно моторно возило МАН со скопски регистарски таблички и кога дошол пред надвозникот Визбегово, не се движел по средината на обележаната сообраќајна лента. Со десните тркала на камионот тој се движел по сообраќајната лента за принудно запирање, со што постапил спротивно на чл.29 ст.1  и на чл. 132  ст.3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.Од тие причини тој удрил во задниот лев дел на автомобил БМВ 535 со гостиварски регистарски ознаки, кој бил запрен во десната сообраќајна лента заради контрола од страна на мобилна сообраќајна полициска екипа. Од силата на ударот, патничкото моторно возило БМВ се придвижило нанапред и удрило во паркираниот полициски автомобил Шкода Јети и во метална одбојна ограда покрај патот. Автомобилот БМВ се запалил, при што сопатникот во возилото се здобил со изгореници и починал на лице место. Полициското возило исто така се придвижило нанапред и удрило во пешаците – возачот на автомобилот БМВ кој бил излезен надвор од својот автомобил и двајца полициски службеници. Сите тројца се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Еден од полициските службеници подоцна им подлегнал на повредите здобиени во сообраќајната несреќа.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. 

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања