Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

most

(ВИДЕО) Разнесени остатоците од мостот Моранди во Џенова, по трагедијата во која загинаа 43 луѓе

Денеска се срушени остатоците од мостот во Џенова. Поради големиот облак прашина при уривањето, околу 3.500 луѓе, кои живеат во близина, биле евакуирани како мерка на претпазиливост.Минатиот август, 43 лица загинаа откако дел од мостот се сруши и повеќе автомобили кои се движеа по него паднаа од висина од 45 метри.Мостот „Моранди“ беше критична инфрастурктурна локација во Џенова и користеше како една од главните локации на патната мрежа, поврзувајќи ја северна Италија со Франција, како и главен патен правец кои и служи на италијанската ривиера.Мостот дизајниран од архитектот Рикардо Моранди, беше завршен во 1967 година, а реновиран во 1990-тите и повторно поправан во 2016 година.

Свет | пред 6 години

lift

Две лица осомничени за разбојничка кражба и разбојништво, нападнале жена во лифт

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 20 и 22 години, кои се осомничени дека во соизвршителство сториле две кривични дела  – Разбојничка кражба од член 238 став 1 и Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените на 18 јуни, во зграда на булеварот ВМРО во Скопје, биле заедно затечени во кражба, при што употребиле сила кон една оштетена и од неа одзеле два паричници во кои имало вкупно 700 денари, кредитни картички и лични документи. Имено, тие ја забележале оштетената како се движи кон зградата и побарале ситни пари од неа. Откако не им дала, влегле заедно со неа во лифтот и се обиделе да и го одземат паричникот. Притоа, ја притиснале и со употреба на сила и ги извадиле паричниците од чантата, ја оттурнале и избегале.На 21 јуни, на истото место и речиси на идентичен начин, следеле оштетена која завршила со пазарување и се враќала кон зградата. Кога влегла во влезот, ја задржале вратата и влегле по неа. Пред лифтот и пришле и со употреба на сила ја турнале и ја удриле по главата, по што и го одзеле паричникот во кој се наоѓале 4.000 денари, кредитни картички и лични документи. Со одземените предмети го напуштиле местото.Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, односно дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничените лица.  

Скопје | пред 6 години

antonio_govornica

Милошоски до Заев: Зошто хонорарот на советникот Зафировски го исплаќате во Србија, избегнувате ли плаќање на данок?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната седница за пратенички прашања запраша Зошто се крие биографијата на советникот на премиерот Зоран Заев, Љупчо Зафировски, кој не живее во Париз, туку во Скопје и дали платата од 1.200 евра ја добива на сметка во Србија за да се избегне плаќањето данок?– Заев излажа кога рече дека советникот живее во Париз, бидејќи тој има постојано живеалиште во Скопје. Советникот платата од влада ја зема во Србија со што и тој и премиерот прават кривично дело за да избегнат плаќање данок – рече Милошоски.Премиерот на ова прашање одговори:„Зафировски е законски ангажиран и тој ја одредува сметката на која треба да му се исплаќа платата. Јас не можам да бидам истражен орган. Тој не е Жан Пјер, туку Љупчо Зафировски, наш граѓанин“, рече Заев.   

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

„Гола месечина“ од 2 до 9 септември

Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што секоја година се одвива во јуни, оваа година ќе се одржи од 2 до 9 септември 2019 година.Овој традиционален фестивал, кој Општина Аеродром и „Театар Комедија“ годинава го организираат по шести пат, има цел да го збогати културниот живот во Општината и предизвикува сè поголем интерес кај граѓаните.Фестивалот и годинава ќе се одржи во спортскиот центар „Ново Лисиче“, а влезот ќе биде бесплатен.

Скопје | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски и Богоевски досега не поднеле барање за апанажа

Осудениот поранешен премиер Никола Груевски не поднел барање за апанажа до Собранието. Ова го истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната неформална средба со новинарите.Џафери кажа дека барање за апанажа до сега до Собранието не е пристигнато ниту од Павле Богоевски, кој поднесе оставка по објавената аудио снимка каде набавува масло од канабис.Според Законот за плата и другите надоместоци пранешните пратеници Груевски и Богоевски можеа да поднесат барање за апанажа, која би им се исплаќала во рок од една година по престанок на мандатот. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Против лице од Гевгелија поднесено обвинение заради неовластено држење амфетамини

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице од Гевгелија за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 14 јуни, на булевар „Србија“, обвинетиот неовластено заради продажба држел психотропни супстанции – 46,45 грама амфетамини. Обвинетиот се превезувал во автомобил како сопатник, а амфетамините ги скрил во слободниот простор меѓу рачната кочница и сопатничкото седиште.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд достави и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што ценеше дека и натаму постојат условите заради кои првично беше определена ваквата мерка. 

Македонија | пред 6 години

ceca

Маж упаднал во куќата на Цеца во Кипар, кога го апсела полицијата велел: „Зошто ме апсите, таа е моја жена“

Непознат маж О.И  провалил во куќата на Светлата Ражнатовиќ – Цеца во Кипар и останал во подрумот неколку дена.  Случајот го пријавиле соседите и повикале полиција. Но, кога полицијата дошла да го приведе, тој запрашал: „Зошто ме апсите, таа е моја жена“.Оние кои го познаваат за полицијата посветочиле дека се работи за психички нестабилен човек, кој е вљубен во пејачката и се обидува на секој начин да дојде до неа.Против овој човек во моментов се води кривична постапка. Но и покрај се тој стои на ставот дека живее во таа куќа и дека е таен сопруг на пејачката. 

Магазин | пред 6 години

sistem-za-navodnuvanje

Објавен огласот за избор на изведувач за три системи за наводнување во Чаушица, Славишко поле и Колибари

Европската комисија во име на Република Северна Македонија, го објави огласот за избор на изведувач на градежни работи за изградба на три системи за наводнување во Чаушица, Славишко поле и Колибари. Овие три системи се дел од проектот финансиран од Европската унија за изградба на мали нискотрошковни еколошки прифатливи системи за наводнување.Областа Чаушица се наоѓа во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, на територијата на селото Дрвош, во т.н. Хамзали, во општина Босилово. Изградбата на новиот систем за наводнување во овој регион ќе опфати наводнување на околу 85 хектари земјоделско земјиште над главниот канал Турија.Системот за наводнување на Славишко Поле се наоѓа во општината Ранковце и од неговата реализација ќе имаат придобвка над 250 земјоделци од селата Псача, Ранковце и Гиновце, со вкупно 1.507 жители. Изградбата на овој систем ќе овозможи наводнување на 200 хектари земјоделска површина.Системот за наводнување Колибари се наоѓа во југозападниот плански регион, во општина Кичево, по должината на Зајаска. Изгрдабата на овој систем ќе придонесе за наводнување на 162 хектари обработливо земјоделско земјиште, поделено помеѓу селата Колибари и Црвивци.Со проектот на ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ е предвидена изработка на проектна документација за изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата.Овој проект е само дел од целокупната стратегија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на инвестициите во водостопанската инфраструктура. Капиталните инвестиции во изградба и реконструкција на системи за наводнување и брани беа клучен приоритет изминативе две години, бидејќи наводнувањето е основа за конкурентно земјоделско производство. Започната е реализацијата на крупни капиталнипроекти како што се браната Конско, Пишица, системите Равен Речица, Хс Лисиче, ХС Злетовица, проектот со ЕУ за мали еколошки системи за наводнување и други, коишто ќе овозможат наводнување на нови 32.500 хектари.

Македонија | пред 6 години

prehrana-kosovo

Од понеделник се затвораат прехранбените продавници на север во Косово, пратки одамна нема ни во аптеките

Претседателот на Здружениото на малостопанственици на север во Косово, Радош Петровиќ изјави дека од понеделник, 1 јули, прехранбените продавници, дуќани и киосци, па дури и пекарите нема да работат на север во Косово. Според него, царините од 100 отсто на производи од Србија ги довеле жителите на север во Косово на раб на хуманитарна катастрофа.Инаку ни во аптеките веќе 10 денови не стигнуваат пратки со лекови, објави весникот.

Свет | пред 6 години

tatko-i-cerka

Телата на таткото и ќерката кои се удавија во обид да стигнат до САД предадени на семејството

Телата на таткото и на ќерката кои се удавија во реката Рио Гранде, во обид да стигнат до територијата на САД, ќе бидат вратени во нивната татковина, Салвадор, каде што ќе бидат погребани. Фотографијата на која се Оскар Алберто Мартинез и 23-месечната Енџи Валерија Мартинез го потресеа целиот свет со нивните лица во заматените води.Телата им беа предадени на сопругата и мајката во средата, и беа префрлени во Монтереј во четвртокот, од каде што треба да се пренесат во Сан Салвадор. 

Свет | пред 6 години

putin-tramp

(ВИДЕО) На шега или не: „Немој да се мешаш во изборите во САД“, му рече Трамп на Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во шега му рече на рускиот претседател Владимир Путин да не се меша во изборите во САД.„Немој да се мешаш во изборите во САД“ вака Трамп му рекол на Путин на средбата во Јапонија. Медиумите велат дека таа реченица била кажана како шега.Путин, на ова реагирал со насмевка.https://twitter.com/business/status/1144483094952435712?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1144483094952435712&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Ftramp-na-shega-do-putin-ne-ni-se-meshajte-vo-izborite-video%2F  

Свет | пред 6 години

misica

(ФОТО и ВИДЕО) Српска мисица на Косово со рацете го покажа знакот двоглав орел

Политиката замеша прсти во се.  Српската претставничка на изборот на „Мис слобода“ на светот кој се одржува во Призрен ја шокираше јавноста покажувајќи го двоглавиот орел кој ја симболизира Голема Албанија, пишува „Република.рс“.Сопственичката на агенцијата „Мис Ју“, која е одговорна за официјалните избори за убавици вели дека првпат слуша за овој избор и дека никогаш досега не се сретнала со девојката.  Според неа со сигурност таа не победила на официјален избор.Србија на овој избор ја претставуваше Ирина Јованка од Нови Сад. Јавноста во Србија е вчудоневидена бидејќи никој не знае која е оваа девојка и како е избрана за претставничка за овој избор на убавина.https://www.facebook.com/04online/videos/629613450857587/

Свет | пред 6 години

stop-policija

Санкционирани возачи за брзо возење на автомобили и мотори во Скопје, над 100 казнети

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27.06.2019 во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, откриени се 52 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 36 мандатни платни налози и 22 прекршочни платни налози.На 27.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе и акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се 20 прекршоци. Откриени се и два останати прекршоци за кои се издадени исто толку прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Усвоени законските измени, од први јули поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го усвои Законот за поврат на дел од платеното ДДВ на граѓаните. Веќе од идната недела започнува реализација на оваа значајна мерка, граѓаните за првпат од државата ќе добиваат 15 отсто од платеното ДДВ,се вели во соопштението од СДСМ.Со тоа секое семејство на крајот на годината ќе добие дополнителен приход, годишно кај граѓаните ќе се враќаат околу 50 милиони евра. Зборот важи. Обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните.Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезедуваат економски раст, развој и повеќе пари во секое семејство, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

mile-janakieski

Приведени Јанакиевски, државен правобранител, нотари, бизнисмени, вработени во Катастар, неофицијално поради продажба на државно земјиште

Десетина лица, меѓу кои и поранешниот министер за трансорт Миле Јанакиески утрово се приведени во акција на оддделот за организиран криминал при МВР и Обвинителството за организиран криминал, пренесува Телма.Полицијата утрово го привела и Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – Претседател на Општинскиот Комитет во Аеродром.Неофицијално станува збор за истрага за оттуѓување, односно продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка, со што буџетот е оштетен за над 2,5 милиони евра. Откриените нелегалности се однесуваат на три парцели за хотелски комплекс покрај Вардар од другата страна на градскиот парк во Скопје. Проневера е извршена и со парцелата на која требаше да се градат шпанските скали во центарот на Скопје. Еден осомничен досега не е најден и приведен, а останатите во моментов се во суд.Меѓу уапсените, покрај државните службеници од транспорт, вработени во катастар и нотари, има и еден сопственик на фирма, како и државен правобранител со надлежност за град Скопје.

пред 6 години

BeFunky-collage-16

ЕКСКЛУЗИВНО: Полицијата утрово ги привела опозициските функционери Дејан Митревски и Димитар Димовски

Полицијата утрово го привела Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски - Претседател на Општиснкиот Комитет во Аеродром, дознава Скопје1.мк од свои извори.Апсењето на двајцата опозициски функционери како што дознаваме е дел од поголема акција во која се уапсени 10 лица, а по едно се трага.Димитар Димовски ги одржа прес конференциите за настаните поврзани со аудио снимките на кои се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш измачува човек, додека Дејан Митревски е многу политички активен како опозицинер во општина Аеродром.НАСКОРО ПОВЕЌЕ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Деспотот Заев го штити насилникот Курто Дудуш

Деспотизмот на Заев добива загрижувачки размери. Седми ден нема разврска за случајот со насилникот градоначалник Курто Дудуш. Зоран Заев и Јавното обвинителство го штитат градоначалникот пулен Курто Дудуш за кој целата јавност слушна како малтретира и се изживува врз човек во неговата канцеларија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Седми ден, иако Јавното обвинителство има материјален доказ кој го слушна целата македонска јавност, не го вика Дудуш за да земе исказ од него, ниту пак од другото лице кое се слуша во аудио записот. Седми ден Јавното обвинителство наместо да го гони Дудуш за изживувањето истражува за тоа дали снимката е легална или не.Да беше Македонија правна држава, и со неа да не управуваше оваа криминална влада, до сега во најмала рака Дудуш требаше да биде повикан на исказ, а истрагата ќе беше во поодмината фаза.Зоран Заев и Јавното обвинителство на секој можен начин се обидуваат да го заташкаат случајот со Курто Дудуш и да го спасат од одговорност. Вчера на собраниска седница им се гасеа микрофони на пратеници кога сакаа јавно да зборуваат за случајот.Срамно и недозволиво е власта да ја држи јавноста во мрак, а институциите во грч, само за Курто Дудуш да не оди во затвор.Зоран Заев и Јавното обвинителство треба да знаат дека јавноста го следи случајот и дека нема да биде заборавен. Зоран Заев и Јавното обвинителство треба да знаат дека одговорност ќе има како за Дудуш, така и за луѓето од власта кои го затскриваат случајот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

struja

Цената на струјата останува иста

Од 1 јули универзалниот снабдувач ЕВН хоум нема да ја зголеми цената на струјата. Регулаторната комисија за енерегтика (РКЕ) објави дена цената на електричната енергија нема да се менува. Тоа го покажаа пресметките за трошоците од енерегeтските компании ЕВН хоум, МЕПСО и Електродистрибуција.„Нема промена на цената на струјата, граѓаните можат да останат мирни. Како и што најавивме, нема ниту ценовен шок ниту пак какви било корекции. Сѐ останува како што е досега, нормално освен, што од понеделник 1 јули почнува со работа новиот универзален снабдувач кој ќе им испорачува струја на домаќинствата по регулирана цена“, изјави за Дојче веле, Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика. 

Македонија | пред 6 години

klimatski-promeni

Климатските промени, најголемата закана за човештвото – еве ги барањата за Македонија

Локалната филијала на Fridays For Future на Грета Тунберг за штрајк против климатските промени, ја доставувам листата на официјални барања кои за Македонија ги артикулираа претставниците на движењето визави државните институции. Во продолжение целосниот повик со барањата:Последниот извештај на Меѓународниот Панел за климатски промени од октомври 2018-та укажува дека без задржување на глобалното затоплување под границата од 1.5 степени целзиусови, ќе започне неповратлив процес на еколошки колапс, кој ќе има несогледливи последици за целата планета. Научните истражувања предвидуваат дека без промена на актуелниот курс, надминувањето на овој праг и почетокот на ланецот на општата деструкција ќе се случи во 2030-та година.Во 2015-та година, земјите од светот, меѓу кои и Македонија, го потпишаа Парискиот договор, обврзувајќи се да преземат решителни чекори за спречување на оваа катастрофа. Во нашиот случај, тие чекори се изложени во извештаи за проблемот, кои датираат уште од пред Париз. Во овие извештаи стои дека ако Македонија стане членка на ЕУ до 2020-та година, ќе ги спроведува политиките на Унијата за намалување на емисиите на стакленички гасови за 20 проценти. Ако не, тогаш ќе се следи уште помалку амбициозен план и од тој на ЕУ, кој вклучува изградба на нови електрани на јаглен и по 2030-та, и широка гасификација на државата.Плановите за нови енергетски капацитети базирани на фосилни горива опстојуваат и покрај тоа што секторот енергетика е идентификуван од истите извештаи како најголемиот создавач на стакленички гасови во земјава, кој до 2050 ќе го зголеми испуштањето на јаглерод диоксид за 30 проценти во однос на сега.Следниот сектор по големина на придонес според овие извештаи е транспортот, каде количеството на јаглерод диоксид во 2020 ќе биде удвоено во однос на 2010, што е и за очекување кога бројот на автомобили од 130 на илјада жители во 2006- та година, во 2030-та ќе порасне на 400. И сепак, во овој сектор препораките за митигација се водат од економски а не еколошки побуди, па главните приоритети се воведување биогорива за дел од автомобилите и информативни кампањи за подигнување на свеста, па дури потоа инвестиции во еколошки јавен транспорт.Денес знаеме дека ниту ќе станеме дел од ЕУ за една година, ниту ќе ги следиме ЕУ политиките за намалување на емисиите за 20 проценти. Знаеме дека без радикална, системска промена, немаме никакви шанси да ги избегнеме ефектите на климатските промени, кои на нашето поднебје ќе значат суши, пожари и опустошено земјоделство како основен извор на храна и приходи (трет најголем дел од бруто домашниот производ).Врз база на извештаите на самата власт во оваа држава и обврските кои ги има преземено во меѓународни рамки, локалниот огранок на меѓународното движење за климатска правда Fridays For Future ги упатува следните пет барања до институциите на Република Северна Македонија: итно прогласување на климатска вонредна состојба, по примерот на повеќе градови и држави во Европа и светот. Ваков чекор е неопходен за создавање услови за институционална приоритизација на ова прашање и сензибилизација на општествените актери за неговата важност.формирање на специјално национално тело - комисија за борба против климатските промени. Оваа комисија би била составена од експерти од областа на одржливост и животна средина, кои истовремено би фигурирале на клучни позиции во министерствата за животна средина и земјоделие, како и сектор за енергетика и земјоделие, со цел координација на политиките за спречување на ефектите од климатските промени, која би подразбирала и обезбедување на целосна транспарентност во работата (буџет, акциони планови, годишни индикатори и што од тие индикатори е исполнето).во рамките на енергетската политика, отворање на јавна дебата околу проекциите за затворање на постоечките електрани на јаглен, и создавање на нацрт план за транзиција од електраните на јаглен кон извори на обновлива енергија. Ова подразбира крај на долгорочната стратегија за гасификација и ставање фокус исклучиво на обновливите извори на енергија, со најголем акцент на соларната енергија. Во оваа насока, неопходна е итна адаптација на актуелниот Закон за енергетика, кој начелно овозможува учество на домаќинствата во производството на струја од сонце, но во сегашната форма не ја олеснува оваа практика и де факто ја ограничува универзалната употреба на соларните панели. Ваквиот закон мора да ги предвиди начините за најбрзо и најмасовно напуштање на енергијата произведена од фосилни горива, и да почне да ги имплементира веднаш.изработка на план за намалување на користењето автомобили во транспортот, во кој акцентот ќе биде ставен на комплетна обнова и повеќекратно проширување на капацитетите на јавниот транспорт. Ова значи не само сериозно подобрување на квантитетот и квалитетот на градските и меѓуградски автобуси како најкористени јавни превозни средства, туку и капитални инвестиции во железничката мрежа во целата земја, воведување на трамвај во Скопје, и покривање на целата територија на државата со велосипедска инфраструктура. Единствено пристап кој ќе го стави еколошкиот пред економскиот фактор може да го сопре подемот на автомобилската индустрија и самоуништувачката сообраќајна култура во земјава, нешто што нема да се случи со слевањето на буџетските средства во програми за промоција на биогорива и компресиран гас за ограничен број возила.воведување на климатската проблематика во школскиот курикулум во основното и средното образование. Задолжителната настава за сите причинско-последични аспекти на климатските промени, според најсовремена методологија, е во функција на промена на начинот на живот кај младите, како подготовка за периодот во кој ќе се соочат со ефектите на климатскиот колапс. Имплементацијата на оваа тема во образовниот систем мора да го има во предвид интердисциплинарниот карактер на проблемот, со цел длабоко развивање на климатската свест кај новите генерации. Во говор на годишната конференција на Обединетите Нации за климатските промени во ноември 2017, тогашниот и сегашен заменик министер за животна средина Јани Макрадули изјави: “Владата на Република Македонија силно е посветена да ја придвижи државата од рецептот за удобен живот до климатски шампион и знае како да дојде до таму”.Речиси две години потоа, ваквиот исказ делува трагикомично. Не само што не сме “климатски шампион”, туку и состојбата со животната средина во земјава никогаш не била полоша. Поврзувањето на барањата на Fridays For Future во нацрт- стратегија за борба со климатските промени, чија конечна цел е нула емисија на стакленички гасови, е последната шанса не да се биде климатски шампион, туку едноставно да се запре претстојната пропаст, заедно со сите останати земји во регионот и пошироко.

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Филипче се премисли - промена на полот нема да постои на сметка на Фондот и нема да се изведува во јавна здравствена установа

Министерството за здравство вечерва соопшти дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа. Оваа следува откако претходно имаше бура од реакции на социјалните мрежи, по што министерството се повлекува од оваа идеја. Претходно министерот за здравство Венко Филипче на конференцијата за унапредување на правата на ЛГБТ кои и побарале оваа хируршка интервенција да им биде достапна во државното здравство, објави slobodnaevropa.mк.„Пред неколку месеци на располагање за трансџендер хирургија е врвен експерт кој што работи во развиени европски држави и досега за овие интервенции плаќаа приватно во странство или во наши приватни болници, сега ќе покрива фондот и тие зафати ќе се прават на детската клиника, изјави претходно министерот за здравство Филипче.Во соопштението кое пред малку беше испратено од министерството до медиумите се вели дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа., стои во соопштението од Министерството за здравство.Текстот во целост е превземен од: slobodnaevropa.mк 

Македонија | пред 6 години

64599868_614493992403734_3439892440406818816_n

Колев: Веста дека Фондот ќе покрива операции за промена на полот, ме удри како гром од ведро небо - Што е следно ботокс и силикон?

Веста дека Фондот за здравствено осигурување ќе покрива операции за промена на полот, ме удри како гром од ведро небо.Прво и најосновно нешто што треба да се знае е дека промената на полот е зафат што се прави по личен избор. Трансродовите лица не се болни и тие зафати не би требало да бидат третирани како итни случаи, што ете, треба да бидат покриени од државата, со други зборови, платени со пари од даноците на сите граѓани, се вели во соопштението од Петар Колев, претседател на ГДУ.Здравството во Македонија се наоѓа во катастрофална ситуација. Нашите медицински работници се евакуираат од државата. Повеќето од нив учат германски јазик. Не знам дали во Германија на државен трошок можеш да си го смениш полот, но знам дека таму и платите и условите за работа на медицинските работници се неколку десетици пати подобри од тие кај нас.Ете ви европска мерка, запрете го евакуирањето на македонските лекари и медицински сестри.Во Македонија речиси секојдневно некој бара помош за лекување во странство. Во Македонија има огромен број на луѓе кои својот спас го бараат надвор, затоа што кај нас или нема доволно добри специјалисти или ја нема потребната опрема. Дали тоа не го заслужува вниманието на г-нот Филипче и останатите одговорни лица во Министерството за здравство?Дали ги средивме државните здравствени установи ширум Македонија? Не!!! Кога ќе дојде на дневен ред овој проблем? Што е следно: државни пари за ботокс и силикон? Освестете се!!!Мојот револт не е насочен кон лицата кои сакаат да го сменат својот пол. Но нивните желби се нивен личен избор, додека болеста на детето за кое вчера видовте дека се собираат донации преку смс пораки не е!!! Желбите на одредени луѓе се нивна лична работа и како таква таа треба да биде платена од нивните сопствени џебови. Граѓаните не се должни да се лечат во катастрофални услови додека нивните даноци се трошат за нешта кои се личен избор на една група на луѓе, се вели во соопштението од Петар Колев, претседател на ГДУ.

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

(ОБНОВЕНО) Тетовец пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид

Повозрасен маж од Тетово денеска е пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид. Телото го забележал турист од Србија додека шетал во Самоиловата тврдина во Охрид. Тој веднаш повикал брза помош, но лекарите неможеле да направат ништо и само констатирале смрт.Неофицијално на телото на починатиот не се забележани траги на насилство, што укажува дека се работи за природна смрт.За целосно расветлување на случајот, но и по барање на Јавен обвинител утре ќе биде направена обдукција врз телото на починатиот.

Македонија | пред 6 години

66034922_2129258767201356_6445048965422383104_n

ВИДЕО АНКЕТА: Дали би сте го промениле полот ? ! ( АРХИВА )

Анкетата е снимена и објавена на порталот „Охрид 1“ во јуни 2017.

пред 6 години

shilegov

(ВИДЕО) Ова е прекомично: Шилегов глуми полицаец, брка непрописно паркирани возачи

Градоначалникот на  Град Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил објави видео, во кое се гледа како тој брка непрописно паркирани возачи позади трговскиот центар Скопје Сити Мол.https://www.facebook.com/petreshilegov/videos/2925314001026512/

Скопје | пред 6 години

tinejdher

(ВИДЕО) Тинејџер му го спаси животот на двегодишно девојче

Двегодишно девојче од Истанбул паднало од втор кат од зграда право во рацете на 17-годишниот тинејџер Феузи Забата.Тој во моментот се наоѓал на улицата под зградата и видел дека бебето било оставено само покрај отворениот прозорец, јави „Би-би-си“.Бебето е добро, а неговите родители го прогласија Забата за херој.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања