Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

policija-1

Кривична пријава за даночно затајување – Буџетот оштетен за 498.091 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против „АМГ Аутомотив“ ДОО Кочани и Г.А.(48) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Второпријавениот, како управител на првопријавеното правно лице, за периодот од 01.10.2016 до 31.12.2016 година навел лажни податоци за остварената добивка на правното лице, со што се стекнал со противправна имотна корист од 498.091 денари на штета на Буџетот на РСМ.

Македонија | пред 6 години

vozdusna-puska

Од воздушна пушка испукал кон малолетници кои биле пред зградата

На 27.06.2019 во СВР Тетово бил приведен С.К.(76) откако претходно е добиена пријава дека тој на 26.06.2019 околу 22 часот од балкон на зграда на ул.„Железничка“ во Тетово од воздушна пушка испукал кон малолетници кои биле пред зградата. Притоа, погодил еден малолетник кој се здобил со телесни повреди, по што би пренесен во Клиничката болница во Тетово. Според С.К., делото го сторил поради вревата што ја правеле малолетниците пред зградата. Известен е Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Со мотор удрил во велосипед што го управувало седумгодишно дете

На 26.06.2019 година околу 20.00 часот на ул.„Блага Ружето“ во Прилеп, Н.Ј.(24) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „Кавасаки“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во велосипед што го управувало седумгодишно дете од Прилеп, кое било пренесено во болницата во Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Кривична пријава за „уцена“ – направила фотографии и видео снимки со компромитирачка содржина и се заканувала

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Р.(34) од село Ростуше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уцена“ и против Б.Ц.(37) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,помагање“ во врска со кривично ,,уцена“. Во текот на јуни 2019 година првопријавената со телефонот на второпријавената направила фотографии и видео снимки од 65- годишно лице од Дебар со компромитирачка содржина. По ова, таа му се заканувала дека, доколку не и даде пари, фотографиите и снимките ќе ги испратела до членовите на неговото семејство.

Македонија | пред 6 години

bazen

Петгодишно девојче починало откако паднало во базен на угостителски објект

На 26.06.2019 година околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза. Утринава во 08.30 часот детето починало.Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 6 години

svr-ohrid

Охриѓанец и скопјанец се товрат за измама

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А.(35) од Охрид и Б.Б.(79) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 2008 до 2015 година првопријавениот, како управител на фирма од Охрид не ги подмирувал обврските кон фирма од Прилеп. По ова, второпријавениот, како сопственик на фирмата од Охрид, кој, имал долг и кон други доверители, го поттикнал првопријавениот да склучи договор за залог во кој второпријавениот засновал заложно право врз целиот недвижен имот на фирмата од Охрид. Со ова, фирмата од Прилеп не можела да ги намири своите побарувања, додека второпријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.448.021 денари.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

При контрола на автомобил, полицијата пронашла марихуана и ризла

На 26.06.2019 околу 20.30 часот на локалниот пат с.Стримница-с.Челопек, тетовско, полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот С.Х. од Тетово, во кое како сопатник бил 41-годишниот М.А.. При контрола во возилото била пронајдена марихуана и ризла. Тие биле лишени од слобода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

dimsa-za-betonska-baza

Арсовски: Советникот Нефи Усеини пред очите на сите гради бетонска база без дозвола од општината

Криминалниот картел на чело со аболицираниот премиер Зоран Заев продолжува со самоволието и беззаконието, на штета на македонската јавност и на македонските граѓани. По кој знае кој пат се потврдува дека во Македонија правната држава е укината од страна на Зоран Заев и неговите локални шерифи. Тесно партиските и бизнис интересите се испреплетени на големо во Охрид. Тука во градот чиј статус како град заштитен од УНЕСКО е загрозен владее молк на локалната, но и на централната власт за нелегалната градба која никна на самото крајбрежје на Охридското Езеро, истакна Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Како што можете да видите се работи за бетонска база која без дозвола од општината ја гради добро познатиот на македонската јавност, советник Нефи Усеини. Овој човек важи за многу близок до градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски како и целото раководство на СДСМ во Охрид.Иако цел Охрид и охриѓани гледаат што се случува со свои очи, локалната власт се прави слепа, и не постапува по основ на оваа нова дивоградба којашто никна на самото крајбрежје.Не смееме да заборавиме дека ова не е изолиран случај и дека во општина Охрид, во централното градско подрачје, покрај чинарот е поврзан истиот советник со изградбата на нелегалната тераса. Институциите повторно молчат и за ова.Причината е едноставна. Предизборните пазари со кои СДСМ ги прави само да остане на власт уште еднаш се на штета на граѓаните. Нефи Усеини и градоначалникот на СДСМ, Константин Георгиевски имаат направено политички пазар, од кој дел е изградбата на нелегална бетонска база, на брегот на Охридското Езеро, база која ќе го забетонира уништувањето на градот.Поради ваквото несовесно работење на Константин Георгиевски, поради џунглата од дивоградби за кои молчи локалната власт, градот е под закана да биде отстранет од листата на УНЕСКО. УНЕСКО не прогледува низ прсти за сите нелегални хотели, минариња, тераси и бази како што тоа го прави Зоран Заев со чиј дозвола очигледно ова се прави.Локалната и централната власт мора да се охрабри, и покрај притисоците кој ги врши Зоран Заев да превземе мерки соогласно законот, еднаш засекогаш да го санкционира башибозлукот на урбаната мафија во Охрид.Доколку сега луѓе се заштитени од Заев, по падот на криминалниот картел од власт ќе одговараат и оние кои правеле и оние кои аминувале криминал, бидејќи ваквите дела никогаш не застаруваат, истакна Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

mitreski

Митревски: Резултатот на оваа Влада е конкретен, од заробена држава до светол пример, економијата расте, парите завршуваат кај граѓаните

Резултатот на Владата предводена од СДСМ е конкретен, наѓата земја е повторно на европската и на светската мапа, не сме веќе изолирана држава , заборавена од сите туку светол пример. На економски план во тек се голем број проекти за подобрување на животот на граѓаните.-рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски во неговото обраќање во Собранието, sсе вели во соопштението од СДСМ.Во соопштението додаваат:Како дел од тие мерки, Митревски ги посочи:Растот на минималната плата од 9.000 на  12.000 ден. Враќањето на ефтина тарифа на струјата, што значи намалени сметки од 500 до 1000 денари. Намалување на ДДВ за парното греење од 18 на 5 отсто. Драстично намалување на казните и на трошоците за нотарите и извршителите. Поврат на персоналниот данок на земјоделците од 30 отсто. Поголем опфат на деца кои примаат детски и образовен додаток од 3.000 на 70.000 деца. Раст на социјалнаа помош за 300 отсто,при што  едно четиричлено семејство  добива по 10.600 денари наместо досегашните 3000 денари.Сето ова, потенцираше Митревски е десет пати подобро од претходно, но не е доволно ,затоа што очекувањата од граѓаните се поголеми и слушајќи го гласот на граѓаните се прави и промената во владините кабинети , со цел исполнување на нивните очекувања.Митревски ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат политиките на блокади и да се дистанцираат од криминалот на Никола Груевски.Блокадата за суштински  прашања  како што е регулативата за СЈО само поради тесно партиски цели е на штета на сите граѓани и на штета на државата. Дистанцирање и осуда од  криминалот  е она кое што треба да го направите вие како опозиција и да работите за повисокиот интерес, рече Митрески.Опозицијата има шанса да ја фати последниот момент и да се приклучи кон успешната приказна. Шанса да даде квалитетен и искрен придонес во реформите во правосудството, борбата со крорупцијата, екјономијата и финансиите. Време е за храбри одлуки, а влогот е голем, влогот е иднината на нашата држава- заврши Митревски.  

Македонија | пред 6 години

micevski-1

Мицeвски пред пратениците: Граѓаните испратија порака за нови предвремени парламентарни избори

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната собраниска седница за реконструкција на владата изјави дека пораката која граѓаните ја испратија до власта, не е смена на неколку министри туку оставка на целата влада и нови предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Пораката која граѓаните му ја пратија на претседателските избори и на референдумот на Зоран Заев, е дека сакаат да си заминете од власт. Не дека сакаат да се сменат неколку министри, не дека сакаат Зоран Заев да остане премиер, туку дека сакаат да си замине од власт. Пораката беше јасна, неуспешен референдум и катастрофален резултат на вашата партија на изборите, истакна Мицевски.Тој потенцираше дека Зоран Заев својата неспособност се обидува да ја прикрие со тоа што ќе жртвува само мал дел од неуспешните соработници, додека најнеспособните полни со скандали околу себе остануваат да и прават штета на државата.Поголемиот дел кој што покажа дека нема минимум капацитет за водење на институциите останаа и понатаму да раководат со институциите и да прават штета на државата. Останаа клучните министри задолжени за тендери и за скандали, изјави Мицевски.Мицевски посочи дека со оваа реконструкција не се менува Оливер Спасовски чија работа е проследена со нерешени убиства и насилства, противзаконско апсење пратеници и прислушкување, не се менува ни Анѓушев кој реди скандали со неговите фирми, ни Шекеринска која се луксузира додека војниците носат скинати униформи и чизми, како и Венко Филипче, Дескоска и Сугаревски, Мила Царовска и Димитров кои имаат повеќе скандали отколку проекти во нивната работа.Кога веќе сте се решиле да жртвувате и да смените дел од вашите соработници, сте требале да се потрудите барем овие новите да бидат адекватни за позициите. Од предложените кандидати може слободно да се заклучи дека станува збор за крпени- коалициони решенија, на штета на државата и граѓаните, изјави Мицевски.Тој нагласи дека во земјоделието ќе остане хаосот затоа што новиот министер е продолжена рака на Љупчо Николовски, додека пак недозволиво е доктор да ја води културата, додека пак Заев за да ги задоволи коалиционите желби, му додели на Горан Милевски ресор, а најнеуспешниот министер за животна средина Садула Дураки го награди со нов ресор.Ова зборува дека вие не планирате да почнете да работите, туку на секој начин пробувате да останете на власт. На Влада која што е пред распаѓање не и треба реконструкција. Сите се свесни дека оваа влада ќе падне, дури и вашите министри кои што разочарано решија да си дадат оставки и да го напуштат бродот кој што тоне, истакна Мицевски.На крајот од своето обраќање координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски го повика премиерот Зоран Заев да распише предвремени парламентарни избори согласно пржинскиот модел и граѓаните да се изјаснат дали се привидна реконструкција или нова влада предводена од ВМРО- ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

IMG_7386

ВЛАДА: Ги унапредуваме правата на ЛГБТИ заедницата, овозможуваме еднаква заштита за сите

 Социјалната заштита, здравството, образованието, вработувањето, пристап до правда, домување, спорт и медиуми за ЛГБТИ лицата се темите за кои се носат конкретни заклучоци на дводневната регионална конференција за Унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата во Северна Македонија.Конференцијата е во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Советот на Европа, а на истата денеска говореа министрите за труд и социјална политика, за внатрешни работи и за здравство Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче, како и претставничката од Совет на Европа, Елени Цецеку и Билјана Гинова ко-претседавач на ЕРА.Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска истакна дека годинава е направен историски чекор напред со носењето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација кој се темели на Уставот на Република Северна Македонија, во кој се утврдени основните слободи и правата на човекот и граѓанинот. Ја ратификувавме Истанбулската конвенција за спречување на сите форми на насилство и отворивме шелтер центар за заштита на жртви од насилство.„Свесни сме дека сѐ уште се потребни значителни напори за спротивставување на нетолеранцијата кон ЛГБТИ заедницата. Позитивните промени можеме да ги донесеме само заедно, бидејќи секој од нас има улога и општествена одговорност. Токму како резултат на оваа конференција ќе имаме акциски план за унапредување на правата на ЛГБТИ и на национално и регионално ниво, кој ќе можеме понатаму да го користиме за носење на Стратегија за надминување на хомофобијата и трансфобијата. Остануваме посветени на зајакнување на владеењето на правото и унапредување на квалитетот на животот за сите“, рече министерката Царовска.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека кога се говори за еднаквиот пристап до правдата нема никаква дилема – секогаш се тргнува од фундаменталното уставно-правно начело на еднаквост пред законите.Дополнително, со дефинирањето на кривичното дело омраза како кривично- правно дејствие насочено меѓу другото и кон припадници на ЛГБТ заедницата, во Кривичниот закон на РСМ од крајот на минатата година, се овозможи натамошно продлабочување и прецизирање на постапките и процедурите на полициското работење во таквите случаи.„Убеден сум дека од огромна важност е да се допре до секој поединец во преиспитување на предрасудите, на штетните застарени практики и поведенија, на дискриминацијата по било кој основ, вклучително и по основ на сексуалната ориентација на луѓето. Искрено, очекувам оваа конференција да даде своја квалитетна контрибуција во таквите наши напори за градење правично, просперитетно општество за сите“, истакна министерот Спасовски.Министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето рече здравствените работници треба да осигурат дека секое лице во секое време ќе добие соодветна здравствената заштита без никаква дискриминација.„Сакам да нагласам дека со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, основите на сексуална ориентација и родов идентитет се експлицитно наведени, при што се забранува секаква дискриминација на трансродовите лица во повеќе области, наведени во Законот, меѓу кои и областа на здравство, работни области, образование и други области. Имено, со усвојување на овој закон сите министерства се задолжени во рок од две години да ја хармонизираат својата легислатива со новиот концепт на недискриминација, којшто е хармонизиран со ЕУ директивите и меѓународните стандарди“, рече министерот Филипче.Претставничката од Совет на Европа Елени Цецеку истакна дека со унапредувањата на правата на ЛГБТИ невидливите ги правиме видливи, а тоа може да се нашите деца, соседи, пријатели...“Во изминатите 5 години како дел од Советот на Европа можев да видам позитивен напредок во сите 25 земји членки, но овој напредок е кревок и не сметаме дека сме ја добиле битката. Со самото тоа што имаме тројца министри на Конференцијата кои работат на промоција на правата на ЛГБТИ сме постигнале многу, но општеството дава отпор и исто така и верските лидери кои се обидуваат да ги наметнат верските убедувања. Овие убедувања не мора секогаш да се прифатат. Советот на Европа е ваш партнер и ваш поддржувач во унапредувањата на правата на ЛГБТИ лицата”, рече Цецеку.Билјана Гинова, ко-претседавач на ЕРА, ја нарече конференцијата историска бидејќи кај земјите од регионот се забележува напредок во унапредувањето на правата на ЛГБТИ лицата.“Во времето кога ја основавме ЕРА како мрежа, кога разговаравме дека вмрежувањето на НВО мора да оди паралелно со вмрежувањто на владите при унапредувањето на пристапот до права за ЛГБТИ луѓето во земјава владееше трансфобичен период видете каде сме денес”, рече Гинива.Гинова ги повика присутните, граѓаните, поддржувачите во сабота гордо да маршираат со што ќе се спротивстават на дискриминацијата.

Македонија | пред 6 години

ojo-1

ОЈО ќе го истражува случајот со градоначалникот Курто Дудуш

Основното јавно обвинителство Скопје денеска доби писмено известување од Секторот за внатрешни работи – Скопје кое се однесува на објавата на аудио снимка на порталот „Лидер“, како и статија со наслов „АУДИО БОМБА: Градоначалникот на СДСМ тепа и измачува киднапиран човек“.Веднаш по приемот на писменото известување надлежен јавен обвинител издаде наредба за вештачење на мобилни телефонски апарати на две лица – на градоначалник на една скопска општина и на лице споменувано во снимениот материјал. Телефонските апарати ќе се вештачат заради црпење податоци од меѓусебната комуникација на овие две лица и за утврдување дали на нив постојат неовластено снимани материјали.Истовремено, до  мобилните оператори е издадено барање за обезбедување на листинзи од телефонските броеви за да се утврди меѓусебната телефонска комуникација на двете лица.Надлежниот јавен обвинител до СВР Скопје издаде наредби и насоки да продолжи со истражување на целиот кривично-правен настан, односно да обезбеди податоци околу неовластеното снимање на настанот, да утврди што точно се случило, дали некое лице е нападнато и од кого, дали притоа се здобило со телесни повреди, кога настанот е пријавен и на кој начин е евидентирана пријавата, дали повреденото лице располага со релевантна медицинска документација за повредите, дали врз основа на таа документација е поднесена приватна тужба и други околности.По преземање на сите овие дејствија, доколку притоа бидат обезбедени релевантни докази за сторени кривични дела кои се гонат по службена должност, СВР Скопје е задолжено да поднесе кривични пријави против сторителите на тие кривични дела. 

пред 6 години

blerimahmedi

Братот на Ел Чека: Вестите за моето апсење се шпекулации кои ги вади партијата на власт ДУИ

Братот на Ел Чека, Блерим Амеди, ги демантира вестите дека е уапсен. Во изјава за весникот Лајм, Ахмеди рече дека овие шпекулации се намерни и излегуваат од кујната на ДУИ.– Вестите за моето апсење се шпекулации кои ги вади партијата на власт ДУИ. Јас бев во полиција со посредниците на ОБСЕ кои видоа дека во Северна Македонија нема демокатија, туку тука продолжува комунизмот. Полицијата ги користи нејзините образложенија за ограничување на протестот, но ние ќе ја продолжиме нашата цел и во недела во 16:00 часот, ќе се сретнеме пред ректоратот на Тетовскиот универзитет и ќе маршираме кон седиштето на ДУИ, изјави за весникот Лајм, Блерим Ахмеди, веднаш откако излезе од полициската станица во Тетово. 

Македонија | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски на ФБ: Денеска се спроведе стандардна процедура на институциите во Унгарија откако ...

По денешното спроведување на екс премиерот Никола Грувски пред суд во Унгарија, тој се обрати преку социјалната мрежа Фејсбук. Груевски напиша:„Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“.

Македонија | пред 6 години

DSC_4299

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ се уште не се оградува од бегалецот Груевски, штити осуденици и криминалци

Во своето обраќање на денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија, пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов истакна дека се додека пратениците на  ВМРО-ДПМНЕ не се оградат од бегалецот и осуден криминалец, Никола Груевски немаат кредбилитет да зборуваат за одговорност и реформи.- Ја користам оваа прилика да потенцирам дека вие како опозиција треба да понудите некакво  решение, а вие немате апсолутна никаква понуда, така на власт не се доаѓа. Се дури не се оградите од бегалецот со лисици кој уште ви дава насоки како да постапувате и што да зборувате преку неговиот пион Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ нема да дојде на власт.  Свртете се кон себе, полни сте со криминал, само погледнете зад вас имате пратеник обвинет за 27 април, тоа кажува се и затоа граѓаните нема да дозволат да се вратите на власт, порача Костадинов.

Македонија | пред 6 години

triponovski

Трипуновски: Додека Љупчо Николовски организира скапи коктели во министерството за неговото „успешно“ менаџирање земјоделците ронат солзи и мака мачат

Денеска на барање на земјоделците сум во Кочанскиот регион, поточно во општина Зрновци. Потенцираат и укажуваат дека проблемите со наводнувањето се алармантни. Се наоѓаме на лице место кадешто поминува левиот магистрален канал кадешто треба да се покрие земјоделската површина од околу 3 илјади хектари за наводнување и тоа во укажување на земјоделците веќе втора година овој канал е нефункционален и малку е нелогичко и несфатливо земјоделците додека Љупчо Николовски организира скапи коктели во министерството за неговото „успешно“ менаџирање со неговиот шеф Зоран Заев, земјоделците ронат солзи и мака мачат како да ги наводнат површините, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Земјоделците ме информираа дека без наводнување на оваа површина практично е невозможно да се одгледуваат земјоделските култури. Голем дел ги имаат необработено, а оние што го имаат земјоделското земјиште земено под закуп практично го откажуваат, бидејќи негрижата на АД „Водостопанство“, Николовски и Зоран Заев којшто ветуваа во предизборието 2016 година дека ќе донесат живот за земјоделците, гледаме дека на лице место дека не е така.Денеска сме во Кочани, ситуацијата е алармантна. Меѓутоа ако се навратиме наназад ќе видиме дека и минатата година немаше земјоделски сектор, немаше гранка кадешто не претрпија земјоделците огромни штети. Дали беа тоа градинарите, дали беа во моментот прозиводителите на праска во Росоман, дали беа во Малешевијата прозиводителите на слива, дали беа производителите на пченица, бостан итн?Немаше земјоделска гранка, немаше село кадешто не наидоа на негрижата од Љупчо Николовски и Зоран Заев. Од оваа средба апелираме до Зоран Заев и до неговиот министер во заминување, Николовски и до новиот министер под итно да се фатат за работа и да ги санираат овие проблеми бидејќи проблемот со наводнувањето не трпи на време. Вода мора да има кога е најпотребно. Водата ако стигне во август ќе стигне предоцна, само земјоделците дополнително ќе ги обременат со фактури коишто треба да ги платат за нешто што не го добиле како услуга.Ако не се способни нека си заминат од своите позиции. ВМРО-ДПМНЕ има и план, стратегија и визија како да го санира она што го направи СДСМ бидејќи земјоделците заслужуваат партнер. Земјоделците заслужуваат иднина којашто произведуваат здрав и земјоделски производ. Ако не се способни нека ги отстапат местата. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада, и ќе покаже како навистина треба да се работи во интерес на македонскиот земјоделец, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

medicinski-otpad

Синлаб: Медицинскиот отпад се селектира и одлага во Дрисла, ненамерниот пропуст ќе го подигне нивото на контрола

ПЗУ Синлаб – Скопје испрати соопштение во кое што велат, во врска со начинот на одлагање на медицинскиот отпад и последното решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во соопштението се вели:Сите процедури кои се спроведуваат во ПЗУ Дијагностичка лабораторија Синлаб Скопје, посебно складирањето и одлагањето медицински отпад се строго контролирани во сите лаборатории на Синлаб Групацијата. Синлаб Скопје е лабораторија којашто е една од основоположниците на приватната лабораториска дејност во земјава. Како лабораторија, единствена во Македонија, која е дел на меѓународна групација на лаборатории со седиште во Германија, имаме строги правила за работа што се постојано под контрола, како интерна, така и во рамките на Групацијата. Синлаб Скопје е воедно и прва лабораторија во Северна Македонија која е акредитирана според стандардот ИСО15189 за медицински лаборатории. Станува збор за меѓународен стандард за квалитет и компетентност којшто ги специфицира барањата на системот за управување со квалитет, особено на медицинските лаборатории.Како лабораторија ги поддржуваме сите активности и мерки за заштита на човековата средина и во таа смисла ги исполнуваме сите законски барања за управување со отпад. Имаме договор со Дрисла за одложување на медицинскиот отпад во Скопје, односно со Еко клуб за одложување медицински отпад во Битола и Тетово. Медицинскиот отпад на ПЗУ Синлаб Скопје од страна на Дрисла се депонира во Дрисла, за што постои соодветна документација.Во ПЗУ Синлаб постојат процедури за селекција и постапување со отпад согласно стандардите за квалитет, двајца биохемичари имаат поминато обука за управување со отпад и имаат соодветни сертификати, а назначен е управител за отпад и негов заменик. Истовремено и сите вработени имаат поминато обука за ракување со медицински, хемиски и комунален отпад.ПЗУ Синлаб е под постојана контрола на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и во овие 18 години постоење на ПЗУ Синлаб не била утврдена никаква грешка ниту пропуст во работењето. Токму поради ова, последниот утврден наод на ДЗСИ за пропусти во селектирањето на отпадот сериозно ќе го земеме предвид во понатамошната работа и ќе преземеме мерки на надзор и уште поголема контрола за во иднина да нема вакви пропусти.Сакаме уште еднаш да напоменеме дека во утврдениот случај се работи за ненамерно и случајно фрлање неколку парчиња медицински отпад, наместо во отпадот наменет за Дрисла, во стандардниот отпад кој се одлага во контејнерите на Комунална хигиена.Дека ПЗУ Синлаб врши селекција на комунален и медицински отпад и прописно го обележува, пакува и одлага медицинскиот отпад утврди ДСЗИ во вонредниот инспекциски надзор направен на 24.06.2019 година.Во секој случај, пријавата која ја испратиле граѓаните секако ќе има позитивно влијание врз ПЗУ Синлаб, за подигнување на нивото на контрола на отпадот. Но, веруваме дека ова ќе има  влијание и пошироко во заедницата, кај сите здравствени установи во однос на прашањето и процедурите за тоа кој и како управува со медицинскиот отпад.Групацијата Синлаб чиј дел е ПЗУ Синлаб Скопје, лидер во Европа во делот на медицински дијагностички услуги, со комплетна понуда на медицински лабораториски услуги за пациенти, лекари, клиники и фармацевтската индустрија. Лабораториските испитувања кои ги вршиме се со меѓународни сертификати за квалитет од INSTAND e.V., Германија и BIO-RAD, САД.

Македонија | пред 6 години

DSC_8403

Министерот Манчевски се сретна со тимот „Space Walkers“ по големиот успех во Либан

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска се сретна со членовите на тимот „Space Walkers“, по големиот успех и освоеното второ место на првиот меѓународен FIRST LEGO League настан, кој се одржа во Либан. Станува збор за натпревар во едукативна роботика кој се одржува во повеќе од 98 земји, а оваа година учествуваат 40.000 тимови.Министерот Манчевски го поздрави нивниот успех, и како што истакна тој да се биде втор во толку голема конкуренција значи многу и за нив, но и за државата којашто поради „Space Walkers“ е на мапата на најуспешни држави во областа на роботиката за деца. На средбата присуствуваа и претставниците од СТЕМ академијата во Скопје, кои се ментори на овој тим.Децата го претставија својот проект и ги раскажаа импресиите од нивната посета на Либан и учеството на натпреварот. Tимот го сочинуваат Јован, Марко, Симон, Иван, Габриел, Лука, Стефан, Мина, Матеј, Лео, Давид и се ученици од петто до деветто одделение во неколку основни училишта во Скопје.Како што рече министерот Манчевски, Владата и МИОА, се на располагање за секој вид на поддршка, за учество и на други натпревари и нижење на уште поголеми успеси.„Иднината на нашата земја се најмладите, а преку иновативни проекти од овој тип се развиваат младите умови и се поттикнува нивната креативност. Наша обврска и должност како држава е да им бидеме партнер и помош во тој процес“, рече министерот Манчевски.

Македонија | пред 6 години

IMG-6ea224a0770c7dcc48928407aa4464b1-V

ЖКК Бадел 1862 ќе се натпреварува во женската кошаркарска лига WABA

Кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода ќе се натпреваруваат во регионалната Јадранска лига WABA, У 17.„ЖКК Бадел 1862, по пауза од една година, повторно се пријави за натпреварување во регионалната женска кошаркарска лига WABA, за девојчиња со возраст до 17 години. Претстојната натпреварувачка сезона во оваа возрасна категорија ќе земат учество вкупно 21 екипа од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Со пријаувањето сакаме на нашите девојки да им обезбедиме поголем број на силни натпревари, што секако ќе придонесе за зголемување на квалитетот на играта, за што се пример претходните наши настапи во оваа лига кога во два наврата стигнавме до четврт финале. 10 девојки од нашите редови се репрезентативки во овогодишната репрезентација со возраст под 18 години, од кои 4 наши кошаркарки се од домашното првенство и 6 од странските кошаркарски школи, од кои 3 играат во Италија, 1 во Унгарија и 2 во Шпанија. Се надеваме дека со настапот на нашите девојчиња ќе го достигнеме досегашниот успех, па и да го надминеме, пред се затоа што се работи за талентирани кошаркарки кои скоро сите се репрезентативки за селекциите до 16 и 14 годишна возраст, секако и со поддршка од Општина Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски“ - изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК „Бадел 1862“. 

Спорт | пред 6 години

logo1tv

Менаџмент на 1ТВ вели сметката е активна, а УЈП вели блокирана е

По веста дека управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ, демант од  Менаџментот на 1ТВ и соопштение од УЈП.„Во врска со тенденциозните информации објавени во одредени медиуми дека е блокирана сметката на 1ТВ, Менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид  во банкарска потврда. Воедно, ваквите дезинформации ги оценуваме како злонамерни, кои имаат за цел да го нарушат угледот на телевизијата, предизвикувајќи и материјална штета, но и да внесат забуна кај клиентите и гледачите“, велат од Менаџмент на 1ТВ.Споротивно на ова од управата за јавни проходи испратија соопштение во кое се вели:,Ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, се вели во одговорот од УЈП, од каде потврдија дека сметката на 1ТВ чиј сопственик е Бојан Јовановски, е блокирана.  

Македонија | пред 6 години

penkala

Мицевски му подари на Заев шарени пенкала, за како што кажа, да знае со кое министерство раководи

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски му подари шарени пенкала на премиерот Зоран Заев со цел премиерот да знае со кое министерство раководи.„Господине Заев бидејќи имате желба да водите толку многу тела институции и министерства дозволете ми да ви поклонам пенкала во различна боја, за да знаете кое пенкало за кое тело е, за кое министерство е, се со една добронамерна причина да не се збуните во кое својство потпишувате и да не ги испомешате потписите“, изјави Мицевски.

Македонија | пред 6 години

Bojan-govor

УЈП потврди – Блокираната сметката на 1ТВ

УЈП не ги открива причините поради кои е блокирана сметката на 1ТВ. Од Управата во краток допис за медиумите само потврдуваат дека сметката на правното лице е под блокада, објави faktor.mk.,,Ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна“, се вели во одговорот од УЈП, од каде потврдија дека сметката на 1ТВ чиј сопственик е Бојан Јовановски, е блокирана.

Македонија | пред 6 години

Silegov-trotinet

Исцрпени средствата за субвенции за електро тротинети

Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување електро тротинети, односно денеска до 12 часот се пристигнати околу 200 барања.Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во Архивата на Град Скопје нема да ги примаат.Со јавниот повик за субвенции за купување на електрични тротинети, граѓаните на подрачјето на градот Скопје имаа можност да набават електро тротинети, а Град Скопје да ги субвенционира во висина од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7. 000 денари со вклучен персонален данок на доход.Оваа е една од мерки кои Градот Скопје ги презема во насока на промоцијата на мобилностa и алтернативните начини на превоз.

Скопје | пред 6 години

brat-el-cela

Уапсен братот на Ел Чека

Утринава од страна на македонската полиција е приведен братот на Ел Чека човекот кој што од Чикаго, САД објавува бомби за ДУИ. Полицијата ја разгледува папката на братот на Ел Чека, Блерим Ахмети. Тој Тој пред неколку дена беше и на чело на протестот на ДУИ.Засега е познато дека 28-годишникот е обвинет за три кривични дела -  напад врз полициски службеник во 2011 година, учество во насилни судири во 2009 година и нанесување тешка телесна повреда во 2008.И Ел Чека доби обвинение од ОЈО за Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

пред 6 години

orce

Орце Ѓорѓиевски : Извештајот на ГРЕКО покажува дека владата е вистински режим

Нерасчистени убиства, грабежи, запалени автомобили, луѓе кои се малтретирани од страна на носители на јавна функција се само мал дел од криминалите кои станаа наше секојдневие под власта на Заев и Спасовски. Криминалот го констатираше и ГРЕКО во нивниот овогодишен извештај. Во извештајот на ГРЕКО се потенцира дека се гледа силна потреба да се деполитизира полицијата во Република Македонија, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Полицијата повеќе од две години не реагира кога станува збор за функционери од власта.Тие се заштитени и можат да хараат низ државата, вршејќи криминал.Спасовски и Заев ја претворија полицијата во дувло на криминалот и корупцијата. ГРЕКО посочува дека полицијата се смета како една од најкорумпираните институции.Во извештајот се вели дека сообраќајната полиција, граничната полиција, организационите единици одговорни за сузбивање на криминалот и корупцијата, како и јавните набавки се издвојуваат како најподложни на корупција.Имено МВР ја спроведе сомнителната јавна набавка на полициски возила во вредност од 1 милион евра, кои беа платени далеку над продажните цени, а само нешто подоцна го распишаа и огласот за давање лиценци за возачки испитни центри кои завршија во рацете на тазе формирани фирми од страна на лица блиски на власта.Извештајот на ГРЕКО почитувани значи дека корупцијата е присутна на речеси секое едно ниво во МВР.Во извештајот се посочува и нетранспарентноста на МВР како и потребата од зголемување на транспарентноста и подобрување на пристапот до информациите. Спасовски и Заев ја уништија службата и со секој поминат ден полицијата станува се поголем заштитник на криминалот и корупцијата. Ова мора да го смениме. Нашите граѓани сакаат и заслужуват полиција која ќе биде служба за зачувување на јавниот ред и мир, и никако поинаку, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања