Видео од приведувањето на Груевски во Будимпешта
Унгарските медиуми објавија видео од приведувањето на експремиерот Никола Груевски во Будимпешта. Тој е спроведен во судот каде се одлучува за неговата екстрадиција.
Македонија | пред 6 години
Унгарските медиуми објавија видео од приведувањето на експремиерот Никола Груевски во Будимпешта. Тој е спроведен во судот каде се одлучува за неговата екстрадиција.
Македонија | пред 6 години
Германската канцеларка Ангела Меркел на церемонијата на именување на нов министер за правда, стоејќи до претседателот Франк-Валтер Штајнмајер повторно не изгледаше добро и се тресеше. На Меркел и била понудена чаша вода, но таа одбила.Дел од медиумите објавија дека Меркел по половина час пристигнала во Парламентот и изгледала добро.Слична сцена се случи и пред 10 дена на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Свет | пред 6 години
Две лица од Виница и од Штип се тешко повредени во сообраќајната несреќа која што се случи на патот Штип – Радовиш. Според првичните информации од СВР Штип, во несреќата учествувале камиот „ТАМ“ и комби при што дошло до судир меѓу двете возила. Повредените се хоспитализирани во штипската клиничка болница.Во моментов сообраќајот се одвива во една коловозна лента и го контролира сообраќајна полиција.
Македонија | пред 6 години
Патничкиот авион Ан-24 на авиокомпанијата „Ангара“ принудно слета на аеродромот во Нижнеангарск во Русија и притоа загинале двајцата пилоти.Сите патници во авионот го преживеаја падот. Локалните медиуми јавуваат дека сите 42 патници биле живи извадени од остатоците од авионот, а 19 од нив завршиле во болница поради повреди.На авионот кратко по полетувањето му откажал едниот мотор, па пилотите одлучиле да се вратат од местото на полетувањето. Додека се обидел да слета, авионот удрил во фабриката за прочистување на вода, по што се запалил.Министерството навело дека авионот на компанијата „Ангара“ ја промашил пистата при принудното слетување, удрил во помал објект за потоа во леталото да избие пожар кој бил локализиран.
Свет | пред 6 години
Бегалецот Никола Груевски денеска е на судско рочиште во Будимпешта, каде што се одлучува за неговата екстрадиција.Како што објавија унгарските медиуми објавија фотографии и видео.Она што предизвика најмногу внимание е изгледот на екс премиерот, односно тој се појави со безбол капче и очила за сонце, кои не ги тргнал ниту додека седел во судница.ГРУЕВСКИ СО СКАПИТЕ ОЧИЛАНа фотографиите е видливо дека Никола Груевски на себе ги носи очилата со кои беше фотографиран додека беше на одмор во Израел, а за кои медиумите тврдеа дека чинат десетици илјади долари, а тој тврдеше дека чинеле околу 300 евра.
Македонија | пред 6 години
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска патува за бугарската престолнина каде очекува да најде решение во духот на добрососедството на темата за Гоце Делчев. Во синоќешната емисија „Само вистина“ тој изјави дека за средбата се подготвувал читајќи оригинални писма од револуционерот.-Во времето на нашиот херој Гоце Делчев ние не сме имале држава и тој учествувал во еден огромен темел на нашата државност, во создавањето на политичката нација, што е многу блиску до создавањето на етничката идентификација. Изминатиот викенд најдов една архива и читав оригинални писма од Гоце Делчев што ги испраќал до Никола Малешевски и другите соборци. Тој бил неверојатен визионер и уште во тоа време во „Гоцевиот устав“ барал борба со т.н. Тиранија, а не со Османлиите. Неговото визионерство може да ни служи како мост со Бугарија – рече Димитров.
Македонија | пред 6 години
Од 08:25 часот денеска на патниот правец Штип – Радовиш, на 6 км од Штип, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во целосен прекин, информираа денеска од АМСМ.Засега не се знае дали има повредени и како дошло до несреќата.Детали во текот на денов.
Македонија | пред 6 години
Познатиот тенор Пласидо Доминго откажа настап во Маринскиот театар во Санкт Петербург завчера поради влошена здравствена состојба. Имено, тој за миг го загубил својот глас, а тоа се случило непосредно пред да излезе на сцената.Доминго требаше да учествува во операта „Симон Боканегра” на 25-ти овој месец. „Непосредно пред спектаклот, тој одлучи да не се појави на сцената поради делумно губење на гласот. И, поради тоа што одлуката се случи токму пред уметнците да излезат на сцената, уметничкиот директор на Маринскиот театар, Валери Гергиев лично им се извинува на посетителите”, гласи соопштението на театарот. Веднаш потоа биле почнати преговори со оперскиот пејач за повторно негово гостување во Санкт Петербург наредниве неколку месеци. „Сите барања за враќање на влезниците на публиката за спектаклот ‘Симон Боканегра’ беа прифатени пред крајот на паузата на спектаклот на 25 јуни“, се вели натаму во известувањето.Пласидо Доминго откажа настап поради губење на гласот.
Магазин | пред 6 години
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 06.00 часот на 26.06.2019 до 06.00 часот на 27.06.2019 година спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, откриени се 106 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина за што се соодветно санкционирани. Откриени се и 60 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 39 прекршочни платни налози.На 26.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе и акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што се санкционирани 20 возачи на мотоцикли. Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.
Скопје | пред 6 години
Градската администрација предводена од СДСМ во изминатиот период реализација низа проекти за реконструкција и рехабилитација на клучни сообраќајници со цел развој и унапредување на инфраструктурата во главниот град. За само 20 дена работа на терен, заврши реконструкцијата на улицата Љубљанска, во општина Карпош, којашто е една од најфреквентните улици во овој дел на градот. При тоа, беа реконструирани вкупно 441 метар, а во следната фаза предводена е реконструкција на тротоарите долж улицата и ново зеленило во околината, се вели во соопштението од СДСМ.Претходно, за рекордно време, за помалку од 2 недели, заврши и реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски, на потегот од крстосницата кај „Палома бјанка“ до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски. При тоа се изврши комплетно отстранување на постојниот коловоз и се постави нов асфалт во три слоја. Реконструкцијата се изврши на потег во должина од 240 метри, односно на површина од 3.750 квадратни метри.Истовремено интезивно се работи на реконструкција на булеварот „Партизански одреди“, каде што за само три дена од почетокот на реконструкцијата целосно е отстранет оштетениот и стар асфалт од коловозот на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата „Лондонска“ и интензивно се работи на асфалтирање.Градежните активности на терен продолжуваат со ист интензитет со цел реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница да биде завршена во најбрз можен рок.Во текот на претстојното лето град Скопје најави реконструкција на уште улици и булевари што се во нивна надлежност , вклучително и пробивањето на три булевари кои претходно не постоеле.Градската власт предводена од СДСМ низ конкретни примери покажува што значи грижа за главниот град и постојано работи на унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани во градот Скопје, се вели во соопштението од СДСМ.
Скопје | пред 6 години
Владата на Заев со секој изминат ден покажа дека прерасна во вистински режим.Аболицираниот криминалец Зоран Заев е поттикнувач и заштитник на криминалот и беззаконието во Република Македонија. Заев наместо да го осуди и побара оставка од Курто Дудуш, тој се обиде да го оправда за лишувањето од слобода, тепањето и малтретирање на граѓанин, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Повеќе од јасно е дека функционерите од власта имаат безрезервна поддршка од Заев за да вршат насилство и да се однесуваат шерифски и робовладетелски спрема граѓаните. Како е можно премиер на држава која претендира да биде дел од ЕУ да смета дека може да има добра причина за некој човек да биде незаконски затворен, малтретиран и измачуван од страна на функционер?Недозволиво е во 21 век при соодветни институции, при полиција, судство и обвинителство функционер да си зема за слобода да лиши од слобода лица и да ги казнува онака како што нему му одговара со измачување и малтретирање. Таквото однесување ниту е демократско, ниту цивилизирано, а уште помалку е европско.Повеќе од јасно е зошто обвинителството и полицијата се обидоа да го забошотат и прикријат случајот на Дудуш. Јасно е и зошто не се санкционирани и градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски кој се закануваше на граѓани дека ги прислушкува и следи, како и заменикот министер кој предизвика сообраќајка и загрози човечки животи. Правосудството и полицијата се заробени од Заев, токму затоа беше и смешната и минимална казна за Боро „Марлборо“ Стојчев кој беше фатен во сериозен шверц на цигари.Насилниците и криминалците наместо да се санкционираат, тие добиваат поддршка од премиерот. СДСМ наместо да ги заштитува граѓаните, оправдува и поттикнува насилство врз нив од страна на нивните пулени и функционери.Криминалот, насилството и корупцијата станаа симбол на оваа разуздана банда на власт.Република Македонија со СДСМ е небезбедна држава и загрозени се животите на граѓаните.Одговорност за ваквото однесување ќе има, бидејќи се ближи денот кога оваа криминална власт ќе си замине, а сите нивни функционери кои го прекршиле законот ќе одговараат за сите нивни злодела, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Македонија | пред 6 години
Советот на Европа ја откажа својата набљудувачка мисија за локалните избори во Албанија, поради безбедносни закани и нејаснотии во врска со организирањето на изборитеСе работи за мисија на набљудувачи, кои треба да го следат изборниот процес на 30 јуни, на кои албанската опозиција нема да учествува.– Одлуката, во согласност со правилата, поради постојаната несигурност во врска со организирањето на локалните избори во Албанија на 30 јуни и поради можни безбедносни ризици во одредени области – се наведува во електронската порака до медиумите.
Свет | пред 6 години
Управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ, дознава „Фактор“. Веста засега не е потврдена, но според информациите до кои дојде „Фактор“, сметката даночниците ја блокирале уште вчера. Нашата редакција утрово побара одговор од УЈП, дали и зошто е блокирана сметката на телевизијата на Бојан Јовановски или попознат како Боки 13. 1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, година и половина подоцна телевизијата се соочува со блокирана сметка.
Македонија | пред 6 години
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 34 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.Утре, преку денот ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието. Попладне понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи особено на југозападот. УВ=9
Македонија | пред 6 години
“Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантира дезинформацијата дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци и дека тоа е причината за оставка на заменик министерот Атанасов.На ваков начин, преку неточни информации, фото монтажи и други манипулации се прават обиди за вознемирување на граѓаните и за нарушување на заедништвото во нашето општество.Граѓаните имаат право да бидат точно информирани, а за таа цел сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес.Јазиците на нашите заедници не смеат да служат за заплашување и манипулирање, напротив тие се непроценливо богатство на нашиот културен мозаик”, се вели во соопштението од Владата.
Македонија | пред 6 години
Разрешениот министер за финансии, Драган Тевдовски им се заблагодари на вработените во Министерството и порача дека најголема награда му е поддршката од граѓаните.-Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите.Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет, напиша Тевдовски на Фејсбук.
Македонија | пред 6 години
Александар Трајковски, пријателот на екс премиерот Никола Груевски, кој е советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, доби откaз од работа од Царинската управа.Трајковски на социјлната мрежа фејсбук објави слика од отказното решение и напиша:„Притисокот на власта кон сите кои мислат поинаку од нив продолжува.Денес ми е врачено решението со кое ми престанува работниот однос во Царинската управа бидејќи самоиницијативно сум патувал во странство по второ лекарско мислење.Оваа одлука е директен атак на власта кон мене како избран Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба каде мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ со само еден Советник повеќе од СДСМ.На креаторите на оваа постапка за мое бркање од работа им порачувам дека нема да ме скршат туку напротив ме мотивираат бидејки тиранот е на колена!Јас ќе се вратам во Царинската управа бидејќи Законот е на моја страна и тоа пред Суд ќе го докажам а оние кој ја спроведоа оваа незаконска постапка ќе одговараат“, пишува Александар Трајковски на својот Фејсбук профил.Царинската управа отвори истрага за боледувањето на Трајковски, откако на социјалните мрежи се појави фотографија од Трајковски со поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта. Тој потврди дека е на фотографијата, но рече дека во Будимпешта отпатувал за да добие второ мислење за неговиот здравствен проблем со синусите и дишните патишта.
Македонија | пред 6 години
Дали албанскиот јазик станува задoлжителен за основците, ова е прашањето кое редакцијата на „Инфомакс“ му го поставило на заменик министерот за образование во ocтавка, Петар Атанасов, откако на социјалните мрежи се појави шпeкyлација дека од трето одделение, основците зaдoлжитeлно ќе го изучуваат во училиштата албанскиот јазик без разлика на нивната етничка припадност.– Јас сум во ocтавка поради неколку причини, но и затоа што нe бeв дел од процесите за изработка на Законот за основно образование. Позната ми е работната верзија на законот во која има многу нejaсни решенија. Ова што го спомнувате е дел од тие нejaсни решенија. Одговор за тоа што се нуди како peшение може да дадат само министерот и неговите советници кои работеа на овој предлог на закон. – одговорил тој за „Инфомакс“.Од анализата која ја направи Инфомакс на нацрт Законот за основно образование која е објавена на датум 05.06.2019 година, индикaтивен е Членот 6 во кој се наведува:– Pазвивање на писменоста и способностите на учениците за разбирање, информирање и изразување, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, и на јазик и писмо на припадниците на заедниците кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик.Во моментов со министерството за образование и наука раководи, Арбр Адеми кадар на ДУИ.Текстот е превземен од: „Инфомакс“
Македонија | пред 6 години
Киднапиpaње во Прилеп. Се обелоденува голем инцидeнт кој случил пред речиси еден месец во училиштето „Ѓорче Петров“ во Прилеп. Директорот на училиштето С.Ѓ. додека бил во својата канцеларија пpeживеал тopтура и бил измaчуван од три лица, а биле користени и електpoшoкови, објави infomax.mk.Сајтот уште пишува дека еден од нив најпрвин физички го нaпaднaл директорот на училиштето, а потоа и вepбално. С.Ѓ. бил удpeн со тврд предмет во пpeделот на гpaдите од едниот нacилник, кој без пpeстан го навpeдувал и му се зaканувал.infomax.mk пишува дека инцидентот го потврдиле од МВР.Текстот во целост: infomax.mk
Македонија | пред 6 години
Портпаролката на Министерството за финансии, која претходно беше водителка на сатиричната емисија Фчерашни новости заминува од функцијата, по разрешувањето на министерот Драган Тевдовски."Денеска Собранието ја гласа реконструкцијата на Владата, со која се разрешува според моето необјектвино, но верувам реално размислување најдобриот Министер за финансии, Dragan Tevdovski. Ми беше чест да бидам дел од тимот заедно со луѓе како Viktor Mitevski, Rilind Kabashi, Nena Manchev Trajkovska и Branimir Jovanovic. Она што го научив од нив и со нив не можат да го платат ниедни пари.ПР тимот неуморно работеше за на јавноста да и ги доближи мерките на Министерството, кои и не се секогаш лесни за разбирање. Во времиња на подем на лажни вести, дезинформации, полу-информации, и сензационализам, овој тим успеа да остане доследен на точно и етично информирање. Мислам дека поставивме нови стандарди на разбирање на финансиите и на фискална транспаретност и ќе се радувам на сите идни успеси на моите колешки и колеги.Министерството за финансии има вработени кои работат посветено и професионално и среќна сум што сум била дел од најквалитетната државна институција.Исто така денеска во Собраниска процедура влегува и последниот закон од Владината програма кој беше насочен директно кон граѓаните, а е во надлежност на Министерството за финансии. Повратот на 15% од платениот ДДВ, или „Мој данок, моја заштеда“.Поздрав екипо, до следната прилика, тука или некаде", стои во објавата на Фејсбук.
Македонија | пред 6 години
Општина Охрид констатирала дека во градот има над 1000 дивоградби, за кои инспекциските служби имаат констатирано прекршувања. Од нив, вкупно 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на Националниот парк „Галичица” и во Стариот дел на градот. Ова е заклучокот кој е донесен со изработката на Регистарот на нелегални градби за подрачјето на Општина Охрид, изработен од локалната самоуправа.„Во оваа елекронска база на податоци внесени се вкупно 1076 предмети, за кои, во периодот од 2006 до мај 2019 година, инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот за градење. Во текот на наредниот период општинските надлежни служби ќе извршат проверка и финално уредување на целокупниот регистар, по што ќе се пристапи кон поединечна ревизија за секој посебен предмет и ќе се носат одлуки за понатамошно постапување. Со изготвување на Регистарот на нелагални градби, Општина Охрид во рекордно време исполни дел од своите обврски, кои се произлезени од Владината работна група, која постапува по препораките на УНЕСКО“, велат од Општина Охрид.На 43. сесија на Комитетот за културно наследство, што ќе се одржи наредната недела во Баку, Азејберџан, се очекува да биде донесена одлука и да биде дадена препорака за идниот статус на Охрид, врз основа на забелешките од мониторинг-мисијата на УНЕСКО, која беше направена во април 2017 година.
Македонија | пред 6 години
Бугарскиот премиер Бојко Борисов на меѓународниот економски форум во Пловдив, говорејќи за односите со Македонија, тој рече дека наместо да нѐ обединуваат, хероите како Гоце Делчев нѐ разделуваат.„Нашиот херој Гоце Делчев стана повод за коментари во сите насоки. Тој е херој кој вложил сѐ за слободата на Македонија. На истиот начин Че Гевара, Аргентинец, се борел за Куба, а загинал во трета држава. Наместо да нѐ обединуваат, овие херои стануваат јаболко на раздорот”, изјавил Борисов.
Свет | пред 6 години
Не се очекува зголемување на цената на струјата, сметаат вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.– Согласно процедурите што постојат има правила за набавка на електрична енергија што треба да ги применува универзалниот снабдувач. Денеска трае аукцијата на која ЕЛЕМ е обврзан да понуди најмалку 80 отсто од потребите на универзалниот снабдувач, односно на домаќинствата и малите потрошувачи, истакна Бислимоски.Најголемо влијание врз формирањето на крајната цена, ќе има денешната понуда на ЕЛЕМ.
Македонија | пред 6 години
Лидерот на НДП и потпретседател на Собранието на Северна Македонија, Весел Мемеди сe повлекува од владината коалиција. Причина за ова е одлуката на премиерот Зоран Заев да го разреши министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлију, кој доаѓа токму од партијата на Весел Мемеди.Откако Собранието ќе ја констатира оставката на Весел Мемеди, следна на листата за пратеници е Арта Точи од Алијанса за Албанците.Арта Точи во времето кога Алијансата за Албанците беше дел од владината коалиција и ја вршеше функцијата заменик-министер за надворешни работи.
Македонија | пред 6 години
Фотографијата е речиси неподнослива, но на брутален начин ја прикажува драмата на мигрантите на границата помеѓу Мексико и САД. Татко и ќерка се удавиле во водите на Рио Гранде во обид да стигнат во САД. На фотографијата се гледаат прегрнати татко и неговата 23 месечна ќерка од Ел Салвадор, кои завршиле трагично додека се обидувале да ја преминат реката Рио Гранде и да влезат во Тексас.Фотографијата е направена пред неколку дена, а на неа се 26 годишниот оскар Рамирез и неговата двегодишна ќерка Валерија. Семејството Рамирез пристигнало во Мексико во неделата, надевајќи се дека ќе добијат азил во САД. Но кога сфатиле дека процесот би траел предолго, се одлучиле да ја препливаат реката.
Свет | пред 6 години
Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.
Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања