Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

IMG-e747b7be5f1a16eae7eadb235b1ecc3f-V

„Те чекаме дома, Не брзај!“- превентивна кампања за побезбеден сообраќај

„Денеска на граничниот премин Стар Дојран промовираме уште една наша информативна акција со порака до сите учесници во сообраќајот: “Те чекаме дома. Не брзај!“. Нашата интенција е да им укажеме на учесниците во сообраќајот, особено сега кога во летните периоди традиционално се зголемува фреквентноста на сообраќајот, дека за безбедното патување е примарно почитувањето на сообраќајните правила и прописи“, рече министерот Оливер Спасовски на денешната промоција на уште една во низата кампањи на МВР за побезбеден сообраќај.Оваа кампања пред се е насочена кон брзината со која се движат учесниците во сообраќајот, а летоците што ќе се делат на патниците на граничниот премин, имаат за цел да ги потсетат нашите граѓани, но и странците, на почитување на брзинските ограничувања и на нивната лична сообраќајна безбедност.Министерот Спасовски денеска имаше и средба со полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор Стар Дојран на која се разговараше за важни аспекти од нивното секојдневно работење. Особено што обемот на работа, примарно во делот на граничната контрола и надзор, расте особено во летните месеци кога протокот на возила и патници двојно, па и тројно се зголемува.  

Македонија | пред 6 години

nikolov

Игор Николов: Филипче и Дончев продолжуваат со реализација на своите лични бизнис интереси и интересите на компании блиски до Владата

Иако од Министерството за здравство, тврдат дека превземаат чекори за унапредување на јавното здравство и тоа во повеќе категории, сепак реалноста е различна. Се прават силни напори за деградирање на јавното здравство и тоа по сите основи, а најмногу кадровски и организациони. Венко Филипче и Ден Дончев продолжуваат со реализација на своите лични бизнис интереси и бизнис интересите на компании блиски до Владата. Се фаворизираат само одредени приватни здравствени институции, и сето тоа на сметка на граѓаните, или едноставно речено се фаворизира распродажба на јавното здравство, истакна Игор Николов, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Кардиохирургијата функционира на основа на услуги и цени платени за тие услуги којшто цени се договорени во четири очи, и во изминатиот период беа покачени во два наврата без некое реално оправдување.Станува збор за цени повисоки дури и за 45 проценти!Покачување на цените за здравстени услуги договорени во четири очи, не еднаш туку два пати во изминатиов период?! Не цени договорени според јавно наддавање за услуга, туку со привилегии за одредени приватни здравствени установи.Како е можно тоа да се случува само за детската кардиохирургија, а додека останатите хируршки интервенции да немаат никаква промена на цените?! Како е можно инфлацијата да ја погоди само кардиохирургијата?!На граѓаните им се сервираат единствено лаги за подобро здравство, а станува збор само за повисоки цени за здравствени услуги за одредени приватни здравствени установи, се еден збор ни се случува уништување на јавното здравството. И сето ова се продава преку проект таканаречен јавно- приватно партнерство.Паралелно, бескрупулозно продолжува и процесот на префрлање на знаењето од јавното здравство во приватното здравство.Филипче и Дончев, продолжуваат со уништување на се што е направено во јавното здравството.Прашуваме:Дали Дончев чека уште извесен период за да ги наполни своите џебови и џебовите на лица блиски до Владата, па потоа со својот странски пасош да замине од земјата?Ни помалку ни повеќе, Филипче и Ден Дончев си поигруваат со здравствениот систем, а на сметка на бизнис интереси на поединци!За да му тргне на здравстениот систем и на здравство потребно е Филипче и Ден Дончев веднаш да заминат и да ги напуштат функциите, истакна Игор Николов, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

44148853_1976811212377079_4994544011692736512_n

Заев призна: Опозицијата беше во право, не можам да бидам и премиер и министер за финансии

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница на која се дискутира за реконструкција на владата на СДСМ посочи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ била во право кога укажувала дека тој како претседател на Владата на Република Македонија не може да биде носител и на друга функција односно министер за финансии, бидејќи според законот за корпуција и судир на интереси овие две функции се неспоиливи.-Дефинитивно тоа што го истакна опозицијата и тоа што го истакнува антикорупциска комисијата и еден дискурс и дебата ни дава за право да му соопштам на Собранието дека дадов налог на кабинетот да пушти предлог за повлекување на кандидатурата моја, односно Зоран Заев за кандидат за министер за финансии, вели Заев.

Македонија | пред 6 години

dimsa-za-nefi

(ВИДЕО) Арсовски: Со месеци надлежните со прст не мрднуваат за изградбата на нелегалните градби во Охрид на советникот Нефи Усеини

Зоран Заев и криминалниот картел на власт глумат правна држава, а всушност се директни поддржувачи и иницијатори на беззаконие, самоволие и криминал. Наместо да организираат спектакуларни акции, доколку навистина сакаат да го спроведат законот тогаш треба да го запрат уништувањето на Охрид на кое му кумуваат градоначалникот Константин Георгиевски и неговиот политички ортак, Нефи Усеини, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Со месеци надлежните институции со прст не мрднуваат за изградбата на нелегалната тераса сред Охридска чаршија до чинарот, но и не мрднуваат со прст за изградбата на нелегалната бетонска база која што никна на самиот брег на  Охридското крајбрежје. Да беше тутун насаден од некој земјоделец досега сигурно ќе испратеа специјални сили со полна воена опрема, вилушкари, камиони, багери и разновидна механизација, но кога се работи за човек со кој се во директен политички пазар тогаш молчат и со тоа го охрабруваат да направи уште некоја нелегална градба сред Охрид.Ова се двојните стандарди на криминалниот картел на Зоран Заев, без разлика дали е на централно, дали е на локално ниво. Тие двојни стандарди значи дека овој криминален картел нема врска со владеењето на правото и правната држава.Повикуваме уште еднаш да се одважат и охрабрат надлежните институции и соодветно да реагираат и да го санкционираат ова беззаконие на советникот Нефи Усеини.Зоран Заев е на колена и не смеат да му дозволат тој и неговите бизнис-политички партнери криминално да се богатат на сметка на интересите и на народот, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

zaev-ohrid

Антикорупциска со став дека Заев не може да биде министер за финансии

Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со Предлогот за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија со бр. 08-2072/3 од 23.06.2019 година, доставен до Собранието на Република Северна Македонија, со кој, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е предложен за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии, смета за потребно да укаже на следното:- Согласно член 72 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:„Службеното лице во своето работење, е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за неогово одбегнување.“- Согласно член 44 став 1 и 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:„Избраното или именуваното лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“ и „Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга.“Имено, во случај кога Претседателот на Владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финансии, ќе настане повреда на горецитираните одредби, при што, Државната комисија ќе биде принудена да преземе конкретни мерки согласно нејзните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се вели во соопштението од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Отворена нова трпезарија во прифатилиштето за бездомници во Момин Поток

Во рамките на Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица во Момин поток денеска се пушта во употреба комплетно опремена новa просторија што ќе се користи како трпезарија.- Трпезаријата зафаќа простор од 200 метри квадратни и истата ќе можат да ја користат 40 бездомни лица. Градот Скопјe за оваа намена од Буџетот издвои 1,5 милиони денари. Прифатилиштето е опремено сo кревети, тоалети, чајна кујна и други неопходни средства за функционирање на Пунктот со што ќе може целосно да одговори на потребите на овие лица. Сместувачкиот капацитет на Прифатилиштето минатата година беше зголемен од 16 на 32 кревети – изјави Шилегов.Во текот на работната недела, пунктот е отворен во понеделниците кога бездомниците добиваат хигиенски услуги и секој петок кога добиваат и чисти алишта, лекарски преглед и неопходни лекарства, разговор и совети од психолог, оброк и топол напиток.- Пунктот и прифатилиштето им стојат на располагание на оние наши сограѓани кои различните животни околности и сиромаштијата ги довеле до перманентно отсуство на дом и услови за ноќевање. Отсуството на социјална поддршка од блиски роднини и пријатели, недоволната исхрана, облека и недостигот на грижата за себе, уште повеќе ја влошува нивната здравствена состојба и ги изложува на други многубројни ризици - рече Шилегов.Тој додаде дека Градот во Црвениот крст на град Скопје го препознава вистинскиот партнер за решавање на ова прашање.Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје е отворен во 2008 година, а Градот во континуитет финансиски го поддржува функционирањето на прифатилиштето и зедно со Црвениот крст на град Скопје ги следи и излегува во пресрет на потребите на бездомните лица во нашиот град.Изминативе 2 години интензивно вложуваме во подобрувањето на квалитетот на условите за нормално функционирање на Пунктот и Прифатилиштето.-Скопје е град за сите и затоа ќе продолжиме и понатаму да водиме грижа со цел на овие лица да им обезбедиме достоинствени услови за живот согласно со нивните основни потреби и можностите кои во рамките на оваа институција ги имаме на располагање - порача Шилегов.Секретарот на Црвениот крст на град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска истакна дека поддршката на Градот Скопје е многу значајна бидејќи помошта којашто ја дава им го олеснуваат животот на бездомните лица.

Скопје | пред 6 години

velosipedi

Центарци ги искористија субвенциите за велосипеди, продолжува повикот за субвенции за тротинети

Општина Центар информира дека, за неполн месец откако е најавен проектот „Цел Центар на две тркала“, 175 жители на општината веќе аплицирале и ги искористиле субвенциите за купување на велосипед. Со тоа, квотата за субвенционирање на велосипеди е веќе исполнета, но остануваат средства за субвенционирање на електрични тротинети.Условите за субвенционирање се следни: секој полнолетен жител на Општина Центар кој ќе купи електричен тротинет може да достави барање за поврат на средства (субвенции) во висина од 30% од вредноста на тротинетот, но не повеќе од 3.000 денари. Потребни документи за аплицирање се: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и оригиналната фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купениот тротинет, а правото на субвенција е еднократно.Барањата за субвенции за тротинети, заедно со комплетната документација се доставуваат во архивата на Општина Центар - Скопје, барака бр.6, по што подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето, а во предвид ќе бидат земени сите сметки направени по 30 мај.Инаку, проектот „Цел Центар на две тркала“ има за цел промоција на физичките, спортските и рекретивни активности, но и грижа за животната средина преку стимулирање на граѓаните што повеќе да користат велосипеди и тротинети како алтернативен транспорт. Тоа значително ќе придонесе кон намалување на сообраќајниот метеж во градот, намалување на загадувањето и заштитата на животната средина.За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-600.

Скопје | пред 6 години

22-4

Тасева: Време е политичарите да се држат на страна, да не се мешаат во се

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнал, во синоќешното гостување на ТВ 24 упати критики кон политичарите, во врска со полициската акција во селото Љуботен .„Тоа е се уште некаква навика и начин на однесување на политиката, којашто во се се меша и за се сака да има збор и став. Треба со текот на времето, политичарите да се научат да се држат на страна од ваквите активности и дејствија, истакна Тасева.

Македонија | пред 6 години

patar-atanasov

Атанасов: Капацитетите на министерството не се доволни за поголеми интервенции

Во образованието владата прави малку, или недоволно. Оттука мојата желбата да го водам овој ресор, со целосна одговорност, вели во интервју за „Мета“доскорешниот заменик-министер за образование, Петар Атанасов. Но, тој во интервјуто појаснува зошто си поднесе оставка.-Изминатите шест години го следам образованието интензивно на сите нивоа. Бев неколку години претседател на Комисијата за образование на СДСМ. Со мојот тим во партијата создадовме амбициозна изборна програма и очекувавме дека ние ќе ги спроведуваме реформите. За жал, партијата, или врвот на партијата, Министерството за образование пред две години го даде да го раководи друг кадар. Конечно, во септември 2018 ја добив позицијата заменик министер, но не ми беше овозможено да ангажирам дел од моите луѓе. И покрај тоа, моето работење во МОН беше со голема динамика и со големи очекувања, но во овие 10 месеци изостана поддршката од кабинетот на министерот. Иако премиерот се обиде да ги поправи работите, ништо значајно не се промени. Начинот на кој МОН беше навикнал да ги врши работите е како да нашиот образовен систем е во одлична форма и само се потребни редовни мали измени. Но нашиот образовен систем е девастиран, поради повеќе и различни причини. Токму затоа се потребни храбри и големи чекори за да се поместат работите од сегашната летаргична позиција. Исто така, кога влегов во МОН со себе донесов многу анализи и искуства, како и неколкугодишна активна дебата со сите чинители во образованието. Но ова искуство не беше употребено, бидејќи промените што МОН се обидуваше да ги направи се базираа само на анализата на ОЕЦД и советите на УНИЦЕФ. Но, тоа не е доволно бидејќи капацитетите на институцијата се недоволни за поголеми интервенции, вели Атанасов.       

Македонија | пред 6 години

IMG_3666

Заев се сретна со Сореиде: Поддршка за интеграциите и за политичкото лидерство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски и министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се сретна со Ине Ериксен Сореиде, министерка за надворешни работи на Кралството Норвешка, придружувана од Арне Санес Бјорнстад, амбасадор на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија.На средбата е изразена силна поддршка за покажаното политичко лидерство во нашата држава што е посочено како добар пример и за целиот регион и како значаен придонес во стабилизацијата и безбедноста на регионот.Констатирано е дека со храбрите политики и политиките на дијалог и пријателство со соседите од страна на премиерот Заев и на државата, отворени се претходно блокираните перспективи на Република Северна Македонија во интеграциите.Кралството Норвешка, како што е пренесено, ги поддржува интеграциите на Република Северна Македонија во НАТО, поради што во норвешкиот Парламент веќе е ратификуван Протоколот за членство на нашата држава во НАТО.Изразено е и охрабрување земјава да продолжи со потребниот реформски процес, што за Република Северна Македонија значи бенефит во квалитетот за живот на граѓаните и е важен за европските интеграции.-Благодарни сме за големата поддршка на нашиот искрен пријател, Кралството Норвешка, за принципиелната улога во процесот на надминување на политичката криза во државата и за поддршката во интеграциските процеси и во реализацијата на членството во НАТО. Денес, Република Северна Македонија е земја со НАТО и ЕУ перспективи, реформите ги носиме во дијалог со сите засегнати страни и со опозицијата, имаме рекорден број на странски инвестиции, пораст на платите, намалување на невработеноста. Покажавме со договорите со соседите, посебно со Преспанскиот договор, како се можни, низ искрен дијалог, решенија на чувствителните билатерални прашања и продолжуваме да имаме конструктивна и стабилизирачка улога во регионот. Гледаме можности до крајот на годината да станеме 30. земја членка на НАТО, во октомври да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ и 2019 година да ја завршиме и како успешна економска година и на сето ова сериозно сме посветени во политичките чекори, рече премиерот Заев.На средбата беа потврдени добрите пријателски односи помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Норвешка, констатирано е дека Норвешка и досега многу и помага на државава во значајни проекти за граѓаните, како во делот на животната средина и во таа насока се разгледани можностите за унапредување на соработката во повеќе области, меѓу кои и животната средина и одбраната.

Македонија | пред 6 години

SJO

ГРЕКО со забелешки и препораки: Обвинителите не гонат висока корупција и политички чуствителни случаи

Македонија на хартија има воспоставено прилично широка политичка, правна и институционална рамка за спречување и борба против корупцијата, но реалноста е поинаква, открива петтиот круг на евалуација од извештајот на ГРЕКО за Македонија.„Системот на кривична правда не е успешен во борбата против корупцијата. Иако Специјалното јавно обвинителство оформи предмети во суд за неколку случаи на корупција на високо ниво кои произлегуваа од скандалот со прислушување, обвинителите генерално не гонат систематски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи. Се смета дека напредокот во оваа област силно зависи од тоа дали на судството во земјата може да почне да функционира независно и непристрасно. Во периодот од посетата на државата, Евалуациониот тим на ГРЕКО (ГЕТ) е информиран за некои позитуивни случувања кои вклучуваат криминализација на корупција од висок профил“, пишува во извештајот.Во извештајот се вели дека спроведувањето на политики и закони е слабо и селективно и честите законски измени створија општа непредвидлива средина и дозволија корумпирани јавни службеници да дејствуваат неказнето.„Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), основана во 2002 година како постојан самостоен орган за спроведување на рамката за спречување на корупцијата, од самиот почеток беше критикувана дека не е независна, со слаб мандат и невидлива, наместо да дејствува како движечка сила во борбата против корупцијата. Во март 2018 година, пет од нејзините седум члена, вклучувајќи го и претседателот, поднесоа оставка среде обвинувања за проневера на финансиски средства: тие побарувале нереално високи патни трошоци за патување во периодите кога тие исто така биле евидентирани дека редовно одат на работа.Во однос на заклучоците од овој извештај, ГРЕКО меѓу другите ги упатува следниве препораки до Северна Македонија:Систематски дa се спроведува проценка на ризик на интегритетот кај централната власт што ќе ги опфаќа сите функционери и лични советници и надворешни соработници.Етичкиот кодекс за лицата кои вршат највисоки извршни функции треба практично да се спроведува со помош на механизам опремен со овластувања за санкционирање и  да бидe предмет на систематско подигање на свеста во однос лицата кои вршат највисоки извршни функции преку обука, посветено упатување и советување, вклучувајќи и доверливо советување.ГРЕКО ги повика властите на Северна Македонија да поднесат извештај за мерките кои ги имаат преземено со цел за имплементација на погоре-наведените препораки до 30 септември 2020 година. 

Македонија | пред 6 години

rab

Паника на познатото хрватско летувалиште - евакуирани 80 луѓе, поради истекување опасен плин

Ситуацијата во хрватскиот град Раб е опасно поради истекување опасен плин поради што и дел од градот е евакуиран, јавија хртавски медиуми. Засега нема најава колку ќе трае таквата состојба, објавија од градската управа.Градоначалникот на Раб, Никола Гргуриќ во изјава за Н1ТВ во 10 часот изјави дека во текот на денот очекува ситуацијата да се нормализира.– Нема место за паника, се направивме нашите луѓе, нашите гости и нивниот имот да бидат безбедни, изјави тој. На терен се сите служби и работат на намалување на последици од истекување плин. Се работи за експлозивна комбинација на плин пропан-бутан.Во понедленикот навечер беше утврдена присутност на плин на подрачјето на центарот на градот, а туристи и жители беа евакуирани. 

Свет | пред 6 години

kuce-1

(ВИДЕО) Куче „исфрелено“ на улица – не заслужува секој да има миленик

Кучето е најдобар пријател на човекот. Со ова се сложуваат оние кои им ја пружат сета љубов на своите миленичиња, а тие пак чувствувајќи, ја возвраќаат во многу поголема мера. Домашните миленици бараат љубов и храна и ништо повеќе.Но, за жал има и такви кои ги земат затоа што станува „мода“ да се има домашен миленик. Но,  по кратко време сакаат да се ослободат од него. Таков пример обелоденет на групата на социјлната мрежа фејсбук „Миленичиња улични и домашни“.  Имено поставено е видео на кое се гледа како од автомобил „исфрлаат“ куче и му заминуваат, а тоа обидувајќи се да ги стигни „сопствениците“ трча по нив. Според коментарите насовесните сопственици се Битолчани.Ова видео наиде на грст негативни коментари, но едно е сигурно, доколку можеш и сакаш чувај домашен миленик, доколку не, не се ни обидувај.https://www.facebook.com/100001208928131/videos/2531346696915603/  

Македонија | пред 6 години

Angel

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски: За Бугарија, Македонија неможе да биде ништо друго освен втора бугарска држава на Балканот

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски  за епицентар.бг тврди дека Гоце Делчев никогаш не се борел за никаква независна Македонија и дека тој е Бугарин. Според него, за  Бугарија, Македонија неможе да биде ни северна, ни јужна, ни горна ни долна, туку само братска втора бугарска држава на Балканот.-Не можеме да продолжиме да го правиме дека не ги гледаме овие злоупотреби, провокации и фалсификати извршени од Скопје. Ја отворивме вратата на Македонија кон НАТО преку Спогодбата за соседство.Сега зборуваме за идното членство на Македонија во Европската Унија. Ова членство поминува само преку препознавање на историската вистина. А  таа е следна. Политичка македонска нација постои по 2 август 1944 година. На овој датум, банда бугарски болшевиците и шумкари, национални предавници се собираат во подрумот на манастирот „Прохор Пчински”, користејќи за алиби на собирањето големиот бугарски христијански празник Илинден и прифатат т.н.декларацијата на АСНОМ или „Антифашистичкото народно собрание на Македонија”. Ова се случува под диктатурата на Коминтерната и Москва. По одлуката на Коминтерната да создаде и спроведе т.н. „Македонска” нација во триесеттите години на дваесеттиот век, бугарската, српските и грчките комунистички партии  ја земаат оваа национално-предавничка директива “вооружување” и работат за нејзиното спроведување.Пред овој датум, 2 август 1944-та година – Илинден, нема никакво сомневање и не може да има никаков спор за карактерот, самосвеста и самоопределување на населението во денешната Вардарска Македонија. Тие се несомнено, недвосмислено и категорично бугарски, смета Џамбаски. 

Македонија | пред 6 години

medicinski-sestri

Јавниот повик на Министерството за здравство за медицински сестри трае до 30 јуни

Министерството за здравство ги поканува сите заинтересирани медицински сестри, кои имаат интерес да бидат ангажирани и да работат во службите за патронажна дејност да се пријават до 30 јуни, со доставување писмо за интерес до Министерството за здравство.Согласно Законот за здравствената заштита, на јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани медицински сестри со завршено средно, вишо или високо образование во траење од три години, пробна работа и положен стручен испит.Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи - здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности од примарна здравствена заштита и во единиците во кои се врши дејноста.За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое задолжително треба да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од дипломата за завршено образование, копија од положениот стручен испит и јавната здравствена установа за која се изразува интерес според местото на живење.Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достави во писмена форма до архивата на Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија“ бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до 30.06.2019 година, со назнака: ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за работа во службите за патронажна дејност за медицински сестри.Оваа мерка се спроведува со цел зајакнување на службите за патронажна дејност во рамки на здравствените домови и општите болници со проширена дејност на територијата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Притвор за 36-годишен скопјанец кај кого е пронајдена марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во домот на ул. „Охридска“, во кој престојувал осомничениот 36-годишен скопјанец, била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 276,43 грама, како и психотропна супстанција – амфетамин со вкупна нето тежина од 486,06 грама. Освен ова, во домот биле пронајдени и полиетиленски пакувања со 29 таблети со жолта боја и втиснато лого „ТЕСЛА“ кои претставуваат психотропна супстанција 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), како и дигитални ваги и стаклен тас со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции.Бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи  и дека постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. 

пред 6 години

tose-1

(ФОТО)Избрано идејното решение за вечното почивалиште на Тоше Проески, еве како ќе изгледа

Општина Крушево избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески. Автор на истото е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот. Истиот автор победи на конкурсот за уредување на гробот на Проески и пред неколку години, но таа идеја не се реализираше., поради тоа што објектот беше и поголем и поскап.За изгледот и содржините на идејното решение за почивалиштето на Тоше Проески било консултирано и неговото семејство. Но, сега се потребни пари. Од општина Крушево проценуваат дека изградбата ќе чини околу 150 илјади евра, средства за кои веќе аплицирале до Министерството за култура.

Македонија | пред 6 години

Policija-620x350

Крвава пресметка на Малта, помеѓу двајца Срби, едниот се бори за живот, другиот никаде го нема

Србин се обидел да убие сонародник во Бугиба во Малта, пренесуваат српските медиуми.  Според неведеното , Србин целиот крвав , со убодни рани, влегол во болница. Навел дека во караница со друг маж е избоден со нож.Лицето е хоспитализирано и се наоѓа во тешка здравствена состојба.Полицијата веднаш тргнала во потрага по лицето, но досега немала успех во потрагата.Полицијата која работи на расчистување на случајот бара било какви информации за нападот да се јават во најблиската полициска станица. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Реконструкцијата на владата пред пратениците – колкава поддршка ќе добијат?

Пратениците денеска треба да расправа за новите министри предложени од страна на премиерот Зоран Заев. Според предлогот, Трајан Димковски треба да биде нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хисни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Како што најави премиерот функцијата Министер за финансии ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.Најавено е дека во наредниот период ќе бидат разрешени десетици директори на централно ниво, членови на управни одбори, надзорни одбори како и директори на локално ниво. 

Македонија | пред 6 години

sekerinska_nato_1

Шекеринска на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел

Вицепремиерката Радмила Шекеринска од денеска ќе учествува во дводневниот состанок на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел.Како што соопшти Министерството за одбрана, ова е второ учество на Шекеринска на министерски состанок во овој формат, со што Северна Македонија стана и активен учесник во функционирањето на Алијансата.Во Брисел, Шекеринска ќе има билатерални средби со министрите за одбрана на Шпанија, Холандија, Италија, Норвешка и Полска, а по дводневниот министерски состанок ќе учествува на Бриселскиот форум организиран од Германскиот маршалов фонд, каде ќе се обрати на панелот посветен на иновациите и новиот пристап кон безбедноста.

Македонија | пред 6 години

Silegov-trotinet

Од денеска можете да аплицирате за субвенции за електрични тротинети и велосипеди

Градот Скопје денеска распиша два јавни повици, Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година, како и втор Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година.Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје кои ќе купат нов електричен тротинет купен во Република Северна Македонија, од 01.01.2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2019 година.Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,.Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за  учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до Град Скопје треба да достави:- Барање за субвенција за купување на еден електричен тротинет (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk ),- Доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,- Фотокопија од трансакциска сметка на барателот,- Изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на електричен тротинет од Град Скопје,- Оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 01.01.2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2019 година.Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден електричен тротинет.Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на електричен тротинет, заедно со потребната документација, граѓаните ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул.Илинден бр.82, секој работен ден од 09 до 15 часот.Целиот јавен повик може да го видите на следната интернет врска – www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен Повик тротинети.pdfГрадот Скопје денеска го објави и вториот Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година, со кои се предвидени субвенции за граѓаните кои имаат купено нови велосипеди од 27.05.2019 година и ќе трае се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2019 година.Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, а јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.Барателот треба да ги исполни следниве услови:- Барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk),- Доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,- Фотокопија од трансакциска сметка на барателот,- Изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед од Град Скопје,- Оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 27.05.2019 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2019 година.Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул. Илинден бр.82, секој работен ден од 09 до 15 часот.Целиот јавен повик граѓаните можат да ги видат на следната интернет врска - www.skopje.gov.mk/Uploads/JavenPovik/Јавен Повик Велосипеди 2019.pdfЗа потсетување, минатата година Градот Скопје за првпат даваше субвенции за електрични тротинети и беа пристигнати 117 барања за субвенции, додека ова е втор јавен повик за субвенции за купување на велосипеди во 2019 година, а во првиот повик пристигнаа 3.472 барања за субвенции.

Скопје | пред 6 години

stavreski

Поранешниот вицепремиер Зоран Ставревски бил во Финансиската полиција за исказ во предистрага

Поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески бил повикан на информативен разговор да даде исказ во Управата за финансиска полиција, потврди директорот Арафат Муареми синоќа во емисијата „24 Отворено“.-Зоран Ставрески беше повикан во финансова полиција на информативен разговор за предмет кој е во предистражна постапка и истиот откако го даде исказот пред припадниците на финансиската полиција, си отиде – изјави Муареми во интервју за „ТВ24“.Ставрески беше осомничен во истрагата „Подарок“ на Специјалното јавно обвинителство. 

Македонија | пред 6 години

zemjodelie-proslava

(ВИДЕО) Со коктели се испрати стариот и пречекаа новиот министер, но има ли коктели и за земјоделците?

Со богата шветска маса и алкохол во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вработените го испратија довчерашниот министер Љупчо Николоски и го пречекаа новиот –  Трајан Димковски.-Од сè срце им благодарам на сите што дојдоа денеска во МЗШВ симболично да ги одбележиме бројните успеси кои ги постигнавме заедно во овие две години. Министерството го прават луѓето, мојот тим со кој секојдневно и неуморно работевме за да овозможиме подобри услови за нашите земјоделци. Ви благодарам за посветеноста и ви посакувам уште поголеми успеси во иднина, на чело со новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, напиша на социјалната мрежа  „Фејсбук“ Николоски.Коментарите по социјлните мрежи се:  додека досегашниот и новиот министер си прават коктели, македонските земјоделци солзи ронат поради сите проблеми со кои се соочуваат.Земјоделците од Овче Поле, Тиквешкиот, Струмичкиот и другите земјоделски региони низ државата се оставени сами да се снаоѓаат со проблемите-  со водата за наводнување, со фрлањето на произведеното на буниште…

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: 19 земји членки го ратификуваа Протоколот, Република Северна Македонија 30 членка на Алијансата

Продолжува напредокот кон полноправно членство во НАТО алијансата.Унгарскиот парламент едногласно со 153 гласа „ЗА“ го ратификуваше Протоколот за пристапување на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз НАТО. Досега 19 од 29 држави го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на Северна Македонија во НАТО Алијансата, се вели во соопштението од СДСМ.Темпото со кое државите-членки го ратификуваат Протоколот потврдува дека наскоро нашата држава станува 30 земја членка на НАТО.Се остварува децениски национален и државен интерес.Приклучувањето во НАТО покрај безбедноста и сигурноста, носи и економски придобивки, повеќе странски инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард. Како државотворна и одговорна партија остануваме посветени на остварување на врвните национални и стратешки интереси како што е интеграцијата во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Во првите пет месеци од годинава власта на СДСМ реализирала само минорни 13.7% капитални инвестиции

Во Македонија под власт на СДСМ ништо не се гради, нема инвестиции, нема проекти. За првите пет месеци од годинава се реализирани само минорни 13.7% капитални инвестиции. Имено од парите кои власта предвидела дека ќе ги инвестира во капитални инвестиции за сите 12 месеци, за 5 месеци потрошила само 13.7%. Ова значи дека неспособноста оди до таму што не можат да ги инвестираат парите кои сами ги предвиделе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Државата веќе две ипол години буквално стагнира. Ништо ново не е направено, а проектите ВМРО—ДПМНЕ кои беа во скоро готови едвај ги дозавршија.Ветувањата на Заев за 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта се испоставија како обични лаги.Со Заев и СДСМ зборот не важи, туку лажи.И иако нема инвестиции, сепак има задолжувања. Долгот вртоглаво расте, а пари кај граѓаните има се помалку. Зоран Заев мора да одговара за пустошот кој го креира во економијата. Одговорност за стагнирањето на државата ќе има, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања