Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

ilovica

Ќе се преиспита исполнувањето на правната основа за Иловица

Владата на Република Северна Македонија на денешната 141 седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина - бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.Владата го задолжи Министерството за економија, доколку се утврди дека не еисполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за експлоатација на минерална суровина - бакар и злато, на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, еднострано да го раскине договорот за концесија со ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село со број бр.24-4563/1. 

Македонија | пред 6 години

Zaev-Tevdovski

Заев: Тевдовски е сменет, затоа што влегувам јас

Во вечерашното гостување на ТВ Сител, премиерот Зоран Заев зборуваше за најавуваната “метла”, но и за новите министерски решенија. Тој кажа дека дека не е точно дека не е задоволен од работата на Тевдовски. Еве што одговори премиерот:„Се работи прво за министер или министерство кое што ги направи најголемите реформи или е поврзано со реформите што се случија во државата или дефинитивно преставува едно од тие што направија најмногу реформи. Тевдовски добро си ја вршеше работата, но сега на ред е една економска лекција во која јас морам да бидам вклучен. Влегувам комплет со цел свој кредибилитет за да одржиме економска лекција, уште позасилено“, изјави Заев. 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still139

(ВИДЕО) Два мотоцикли и два автомобили предизвикаа судар на влезот во Охрид

Два мотоцикли и два автомобили со странски регистарски таблички предизвикаа сообраќајна несреќа на влезот од Охрид од страна на Кичево.Возилата управувани од странци се удриле на надвозникот.Има повредени кои според првите неофицијални информации не се во животна опасност, а сообраќајот се одвиваше отежнато.Увидот траеше неколку часа по што со специјални возила беа дислоцирани оштетените мотоцикли.

Македонија | пред 6 години

123-1

Ангела признала се поврзано со убиството на Пино, тврди Трпковска

Ангела дури 6 пати давала различни изjaви во полиција, таа е девојка без моpал и чyвства раскажува во вториот дел од интервјуто за порталот Магазин, мајката на yбиeното момче Пино.  Маја откри дeтали за yбиcтвoто на Пино, а исто така и тоа дека ocoмничената Ангела Ѓорѓиевска давала дури 6 пати различен иcказ во пoлиција.Зборував со инcпеkторите во полиција, таа веќе има пpизнaено дека учествувала во организацијата на yбиcтвото, но изjaвила дека таа нe пykала во Пино. Цело време ја лaжeше пoлицијата, а и целото семејство на Пино. Имам пораки на месинџер каде што пишувала со другарите од Пино, каде што вели дека таа добpoволно отишла на пoлиграф, а тоа секако дека нe е виcтина.Ангела се пoизнала во полицијата, исто така и местото каде што е yбиeн. Таа пpизнала дека Али Фуркан пykал и дека ова го направила од oдмaзда.Текстот во целост на: magazin.mk

пред 6 години

biban

(ВИДЕО) Д-р Јадранка Бибан: Зарем јас некого сум растажила?

И пак не дојдовте да се погледнеме...? Колку пати ве повикав, а вие не доаѓате. Овој пат адвокат сте пратиле! Ако дојдевте, јас ќе ја видев тагата во вашите очи која сум ја предизвикала, па не само 3 илјади евра и триесет ако треба ќе ви платам за да ви ја вратам насмевката и радоста, напиша на социјалната мрежа фејсбук Д-р Јадранка Бибан, по денешното судско рочиште на кое Лекарската комора ја тужи д-р Бибан за навреда и клевета поради шест статуси објавени на социјалната мрежа „Фејбук“ во март годинава.Инаку д-р Бибан дипломирала на Медицинскиот факултет, но нема активна лиценца за работа. Таа е позната во јавноста по гостувањата во телевизиски емисиии, каде генерално ја промовира традиционалната медицина.https://www.facebook.com/jadranka.biban/videos/10206443297597232/

пред 6 години

volter-plomb

Холандскиот амбасадор Пломп: Законот за СЈО е услов Северна Македонија да започне преговори со ЕУ

Да се најде начин за интегрирање на СЈО во редовниот судски ситем на државата и да се воспостови одговорност за сите минати, сегашни, но и идни случаи каде што има курупција, порача холандскиот амбасадор во земјава  Ваутер Пломп. Според него, неопходно е да се постигне компромисно решение за ова прашање помеѓу власта и опозицијата.Холандија била и останува загрижена за владеењето на правото во земјава, а под тоа го подразбирам и Законот за СЈО.  Сите политички сили кои сакаат Северна Македонија да започне преговори со ЕУ треба да најдат конструктивно решение, кое ќе одговара на партиите од власта, но и на оние кои не се во власта , истакна амбасадорот Пломп.Инаку повеќето земји членки на Европската унија потенцираат дека сите политички партии треба да дадат приоритет на владеење на правотот и правната држава. Тие се надеваат дека сите партии во прламентот ќе најдат модус да му овозможат на СЈО да продолжи да функционира.  

Македонија | пред 6 години

pacienti

Усвоен предлог-законот за заштита на правата на пациентите

Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите, кој ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија. Целта со овој закон е:- да се обезбеди и промовира целосно остварување на човековите права и основни слободи на сите лица без каква било дискриминација, вклучително и врз основа на попреченост и родовиот идентитет и пол;- забрана за дискриминација во обезбедувањето на правата на пациентите содржани во законот;- унапредување и заштита на правата на пациентите со нивно активно вклучување во комисиите за унапредување на правата на пациентите во општините во државата.

Македонија | пред 6 години

Spinraza-

Владата даде зелено светло за набавка на лекот Спинраза

На денешната седница, Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од набавка на лекот Nusinersen (Spinraza), за пациентите со спинална мускулна атрофија (СМА) и се задолжува Министерството за финансии да обезбеди дополнителни 147 милиони и 600 илјади денари во Буџетот на Министерството за здравство за 2019 година. По обезбедувањето на финансиските средства од Министерството за финансии, се задолжува Министерството за здравство да спроведе постапка за доделување договор за јавна набавка за лекот Nusinersen (Spinraza).Со воведувањето на новиот лек како прва генска терапија во нашата држава во третманот на пациентите со спинална мускулна атрофија, се добива можност за интервенирање и промена на текот на болеста со одржување и подобрување на моторната функција, а со тоа подобар квалитет на живот и продолжување на животниот век. Во Северна Македонија се регистрирани 7 пациенти во детска возраст (до 18 години) и тоа СМА тип 2 и 3. Овој лек, во земјите во ЕУ се применува од 2017 година, а во повеќето балкански земји е во редовна примена од почетокот на 2018 година. 

Македонија | пред 6 години

1-1-1

На владина седница одобрени 931 специјализација и 130 супспецијализации за периодот 2019 – 2022 година

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 141. седница ја усвои предлог програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар, согласно мрежата на здравствените установи (2019-2022) и одобрени се вкупно 931 специјализација. За 2019 година одобрени се 346 специјализации (од кои 22 специјализации се преземања од приватна специјализација, согласно член 150-а од Законот за здравствената заштита, насловен „Можност за продолжување на специјализација, односно супспецијализација на товар на јавна здравствена установа“ и 324 се нови специјализации).За 2020 година - 241 специјализација, за 2021 година - 184 специјализации и за 2022 година одобрени се вкупно 160 специјализации.Покрај специјализациите, Владата на Република Северна Македонија одобри и супспецијализации, и тоа за 2019 година одобри вкупно 68 супспецијализации, за 2020 година одобри вкупно 24 супспецијализации, за 2021 година одобри вкупно 22 супспецијализации и за 2022 година одобри вкупно 16 супспецијализации. Оттука, Советот за специјализации за четиригодишниот период 2019-2022 година одобри вкупно 130 супспецијализации.Според ставот (2) од член 148 од Законот за здравствената заштита, јавните здравствени установи за спроведување на програмата се должни да обезбедат финансиски средства во висина потребна за спроведување на специјализациите, односно супспецијализациите. Овие средства ЈЗУ ќе ги уплаќа сукцесивно, по семестри, во тек на целото времетраење на специјализацијата и супспецијализацијата.

Македонија | пред 6 години

matka

Бугарски државјанин претепан на Матка

На 23.06.2019 година во 16.20 часот во СВР Скопје, Б.С.(38) од Република Бугарија пријавил дека во с.Долна Матка бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична пријава за лице од Кочани кое преку „Facebook“,повикувалo на насилство

Полициската станица Кочани поднесе кривична пријава против З.Д.(53) од с.Тркање, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем“.На 09.05.2019 година на социјалната мрежа „Facebook“, пријавениот објавил текст во кој повикувал на насилство.

Македонија | пред 6 години

tepacka-222

Шест лица нападнале возач на автобус, заработија кривични

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Ф.(26), А.Ѓ.(24), С.Ф.(52), А.Ѓ.(31), С.Ф.(35) и Г.К.(25), сите од село Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 31.03.2018 година во село Зелениково, во автобус кој сообраќал на релација Скопје – село Зелениково, пријавените физички го нападнале возачот на автобусот.

Скопје | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Судар помеѓу два камиони, едно лице пренесено во болница

На 24.06.2019 во 16.10 ч. на регионалниот пат Волковија –Тетово, во близина на крстосницата за село Челопек, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Mерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(50) од село Порој и товарно возило „Фиат добло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(49) од село Брвеница. Во незгодата со повреди се здобил С.Т., и бил пренесен во тетовската болница. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

pedofilie-1

55 годишен маж допирал малолетно девојче, пријавил нејзиниот татко

На 24.06.2019 година околу 09.40 часот во Полициското одделение Новаци, маж пријавил дека Т.Н.(55) од село Долно Чарлија ја допирал по телото неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

oruzje-17

Кај жители од Дебар пронајдени рачни бомби со запалки, рамки за автоматска пушка, куршуми

Полициската станица Дебар до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против А.Р.(36) и Р.Р.(59), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материи“.На 21.06.2019 година полициски службеници извршиле претрес во нивна штала во селото Шулан, при што пронашле и одзеле три рачни бомби со две запалки, рамки за автоматска пушка, куршуми калибар 7,62 милиметри и други предмети. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор.

Македонија | пред 6 години

tutun-ljuboten

Полицијата им ги одзеде машините и тутунот на жителите на Љуботен, буџетот оштетен за 7.5 милиони евра

Во акцијата во Љуботен полицијата одзеде над 12 тони тутун. Нема уапсени лица, бидејќи истрагата не е против физичките лица, туку таргет се четири правни лица кои нелегално го увезувале тутунот.Директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, вели дека за две години, буџетот на државата е оштетен за над 7.5 милиони евра бидејќи не бил плаќан данок за стоката.„Во текот на 2018 и 2019 година дејствувале повеќе правни субјекти кои вршеле увоз на тутун од соседните земји Албанија, Србија, Грција и Бугарија, а потоа истиот, на црно се дистрибуирал и продавал на повеќе физички лица. Од наша страна постоеше сомневање дека физичките лица нелегално поседуваат машини со кои тутунот го преработувале, а потоа тој се продавал без акцизна бандерола на црниот пазар. Продажбата не се евидентирала никаде, а производителите и продавачите не плаќале данок. Тутунот бил наменет за пушење. Во 2018 година, буџетот бил оштетен за 5.5 милиони евра, а во 2019 година за над 1.8 милиони евра“, рече директорот на Финансиската полиција, Муареми.

Македонија | пред 6 години

48976900_559054461241166_4748237803454726144_n

Царина за тутунот во Љуботен: Прскан е со пестициди, а од чувањето фатил мувла која предизвикува рак

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски вели дека институциите работат за да се сузбие нелегалната продажба на режаниот тутун кој се продава.   Танасоски исто додава дека при производството на тутун се користат пестициди а потоа истиот и  несоодвето се чува , на места каде има мувла. Овие пак се фактори кои допринесуваат за појава на рак.„Нелегалната продажба на режан тутун штети на здравјето на граѓаните. Продажбата на ваков тутун има штетни последици. Овој вид на тутун нема никакви документи за начинот на производство, а не е контролиран ниту квалитетот. Во почетокот на годината Царинската управа формираше посебно работно тело за следење на оваа појава. Во координација со другите институции работиме за да ја сузбиеме нелегалната продажба на режаниот тутун кој се продава на пазарите. Пративме и мустри за анализи кои беа земени на различни места во државата, а дел од нив покажаа дека при одгледувањето се користат пестициди. Нережаниот тутун има и катран во недозволени количини. Поради несоодветниот начин на чување има и мувла, која преизвикува токсини, што доведува до појава на рак“, вели Танасоски.

Македонија | пред 6 години

Sadula_Duraki_Minister

Дураку поднесе оставка и му порача на Заев: Моето раководење ќе остави позитивен белег за животната средина

Денеска, министерот Садула Дураку поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер на новотo Министерство за  политички систем и односи меѓу заедниците.Во оставката упатенa до премиерот Заев, Дураку вели:„Ви благодарам Вам и на сите членови на Владата како и на претставниците во Собранието за искажаната доверба и за доделената чест да допринесам во подобрување на состојбата во животната средина во Република Северна Македонија.Морам да истакнам дека изминатиот период додека ја извршував функцијата се соочивме со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина. Според сегашната состојба некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и говложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап.Не би сакал да звучам нескромно, но многу мали и големи проекти спроведени од страна на Министерството, во време на моето раководење со истото, ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина. Сепак морам да нагласам дека за жал во некои области од животната средина се уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување.Министерството располага со стручен кадар кој несебично ќе се вложи и ќе му помогне на новиот тим да креира и да ги спроведува политиките во животната средина и просторното планирање.И за крај да истакнам дека ќе ми биде чест и задоволство да бидам дел од новиот тим, каде што несебично ќе можам да допринесам за успешно чекорење на нашата држава кон Европските интеграции“.

Македонија | пред 6 години

robert_popovski

Поповски демантира дека советувал да се бега од новинари

Министерот за отчетност, кој како новинар често ја критикуваше претходната власт дека држи прес-конференции на нарачани прашања и само на тема, Роберт Поповски, денеска ги советувал министрите како да им избегаат на новинарите и на снимателите.-Подобро да ни се налутат, отколку да нѐ распнат, смета Поповски, а советот го уловиле новинарите на ИРЛ, кои пренесуваат за настанот.Попоски пак веднаш излезе со демант на оваа информација. Во соопштението кое го испратија се вели:-Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, ја демантира веста дека ги советувал ПР службите на министерката Шекеринска да бегаат од новинарите. Ваквата информација не е точна, а за тоа говори самиот факт што министерката Шекеринска даде изјава и одговараше на новинарски прашања после настанот за промоција на Стратегијата за едно општество, при што присутен беше и министерот Поповски.Во дискусијата која претходеше на дадените изјави за медиумите, министерот Поповски им појасни на медиумите дека сите пораки за Стратегијата за едно општество ќе бидат презентирани на самиот настан, и дека организаторот на настанот не предвидел изјави за медиуми. Но, откако беше увидено дека новинарите се веќе позиционирани за изјава и бараат одговори на новинарски прашања, истите им беа овозможени, а министерката Шекеринска одговори на сите прашања.

Македонија | пред 6 години

Izgradba-na-pupmtrack-poligon-1

Скопје со PUMPTRACK полигон кај олимпискиот базен

Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите наскоро ќе имаат можност да ги покажат своите вештини на новиот pumptrack полигон што Градот Скопје почна да го гради на површината пред Олимпискиот базен „Центар”.Полигонот претставува сплет на кривини и контури кои овозможуваат забавна, но пред се, безбедна спортска активност.Предвидениот pumptrack полигон е со вкупна површина од 1.690 квадратни метри и е поделен на два дела - детски полигон со површина од 290 квадратни метри и полигон за возрасни со површина од 1.400 квадрати. Детскиот полигон е специјално прилагоден за деца, за почетници и за лица во инвалидски колички. Тој е одделен од полигонот за возрасни и е составен од помали контури и кривини со што е овозможено безбедно возење. Полигонот за возрасни, пак, има различни елементи - двојни и тројни контури, скокови, брзи кривини и друго, кои овозможуваат поискусните да ги подобрат своите вештини.Полигонот е погоден за сите типови и големини на велосипеди, ролери, скејтборди, како и за лица во инвалидска количка.Овој простор кој што досега беше неуреден, наскоро ќе стане ново и уредено катче со зеленило, урбана опрема и содржини за забава.

Скопје | пред 6 години

malezija

Малезија: Затруени 75лица, најверојатно од отпадни гасови

Во Малезија денеска се затворени над 500 училишта и градинки откако повеќе десетици луѓе биле хоспитализирани со симптоми слични како при вдишување отровни гасови. Медиумите соопштија дека повеќето од 75 ученици се хоспитализирани се ученици, затоа што имале проблеми со дишењето, повраќале и имале вртоглавица.Постои сомнеж дека вдишале отровни гасови, најверојатно од отпадот што го фрлаат фабриките во малезиската држава Џохор, во близина на границата со Сингапур.Сличен инцидент во Малезија се случил во март, кога 1.200 луѓе биле хоспитализирани со слични симптоми.

Свет | пред 6 години

Foto-7-2

(ВИДЕО) Средба на претседателот Пендаровски со германскиот претседател Штајнмајер

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија, денеска во Берлин оствари средба со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.На средбата двајцата претседатели разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, состојбите во регионот, како и за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО. Двајцата претседатели оценија дека двете држави имаат одлични билатерални односи, како на политички план, така и во повеќе други сфери од заеднички интерес, како што се одбраната и безбедноста, економијата и образованието. Во изминатата година, нагласи претседателот Пендаровски, двете држави остварија трговска размена од 4.3 милијарди долари, а во 2019 година тој износ веќе надминува 1 милијарда долари, со што Германија е на врвот на листата на трговски партнери на Северна Македонија.Претседателот Штајнмајер ја потврди цврстата поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и во НАТО.Претседателот Пендаровски се заблагодари за постојаната поддршка и изрази очекување дека Република Северна Македонија наскоро ќе ги отпочне пристапните преговори за членство во Европската унија, и дека во најскоро време ќе биде завршена ратификацијата на Протоколот за пристапување од страна на земјите членки на НАТО, со што Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на алијансата. Во тој контекст, претседателот Пендаровски изрази задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО од страна на германскиот Бундестаг.Претседателот Пендаровски оцени дека денешната средба и реализацијата на посетата на Германија е можност за обновување и интензивирање на дијалогот на ниво на претседатели, а во функција на натамошно зајакнување на партнерството меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија. 

Македонија | пред 6 години

U1

Унгарија го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на покана на претседателот на Националното собрание на Унгарија, г. Ласло Ковер, денеска присуствуваше на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Националното собрание на Унгарија.На гласањето се изјаснија 153 пратеника кои едногласно изгласаат „ЗА“ и ја поддржаа Ратификацијата.

Македонија | пред 6 години

smilevski

Градоначалникот на Општина Бутел, Смилевски во одбрана на жителите: Тутунот не е илегален, туку е стекнат со работа

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски застана во одбрана на жителите на Љуботен, а контра финансиската полиција која со асистенција на силни полициски сили изведе акција против шверцери на тутун.  Според Смилевски, тутунот не е илегален, туку е стекнат со работа на фамилиите.Смилевски вели: Се надевам дека брзо ќе заврши оваа голгота на народот и се ќе се реши низ институциите на системот. Со сигирност тврдам дека тутунот не е нелегален.Спротивно на ова од Управата за финансиска полиција велат дека станува збор за акција поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама. Тие во кусото соопштение преку медиумите валат:-Во интерес на истрагата не можеме да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција. 

Скопје | пред 6 години

folsfagen

Фолксваген ги заобиколи Србија и Македонија - Инвестицијата оди во Турција или Бугарија

Менаџментот на „Фолксваген“ ги дисквалификува Србија и Македонија. Инвестицијата од околу 2 милијарди евра, ќе оди Турција или Бугарија. Одлуката која земја ќе ја одберат ќе биде соопштена наскоро.  Во конкуренција за инвестицијата на германскиот гигант беа Србија, Турција, Бугарија, Романија и Македонија.За потсетување премиерот Зоран Заев  на почетокот на годината  најави дека во Македонија ќе дојде голема германска компанија со инвестиција од над 100 милиони евра. Името не го откри, а веста беше објавена како „бомба на Заев“  дека германски гигант реши да инвестира, а потоа дури беше објавено дека тој гигнат е ни помалку ни повеќе  туку „Фолксваген“.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања