Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

bolnica-ohrid

Инспекторите на терен да ги утврдат причините за смртта на родилката од Охрид

Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш презеде мерки, извршен е вонреден инспекциски надзор кај матичниот гинеколог во Охрид и во охридската болница, а дополнително ќе се изврши надзор и на Клиниката за гинекологија и акушерство и на КАРИЛ во Скопје. Согласно наодите од ДСЗИ, доколку има потреба, Министерството за здравство ќе формира и стручна комисија која ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде се лекувала пациентката, одговараат од Министерството за здравство во врска со тоа дали ќе се испитуваат причините за смртта на 29-годишната родилка од Охрид, која почина на КАРИЛ, две недели по породувањето во охридската болница.Министерствотот за здравство изрази сочувство до семејството и нагласи дека поради историјата на болеста на родилката истата била третирана како ризичен пациент во бременоста. Исто така, од таму соопштуваат дека родилката била примена на скопските клиники во тешка здравствена состојба и се превземени сите мерки за да се спаси пациентката.Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш презеде мерки, и изврши вонреден инспекциски надзор во установите кадешто се лекувала родилката. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во Тетово е приведена жена од БиХ оти влегла во Македонија иако имала забрана

Вчера во СВР Тетово била приведена Б.Џ.(29) од Босна и Херцеговина поради активна забрана за престој  во Република Северна Македонија.Таа била задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

motor

Изгубил контрола на моторот и паднал: Скопјанец пренесен на Клинички со тешки повреди

Вчера на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, О.И.(33) од Скопје, управувајќи мотоцикл „Ерси“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. О.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

kucinja-kuce

Скопјанец пријавил дека е каснат од куче во Ѓорче Петров

Вчеравечер, во полициската станица Ѓорче Петров, В.Г.(24) од Скопје пријавила дека на улица „Австралиска“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Скопје | пред 6 години

gradeznistvo-1024x448

Штипјанец тешко повреден откако изведувал градежни работи

На 24.06.2019 година во 11.40 часот во СВР Штип, од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.Н.(63) од Крива Паланка.Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека изведувал градежни работи за приватна фирма од Скопје на објект на ул. „Лески“ во Штип.По укажаната лекарска помош лицето било препратено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 6 години

droga-bugarija

Скопјанец дома чувал големи количини разновидна дрога, полицијата ја заплени и го уапси

Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против Д.М.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 24.06.2019 година околу 13.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени 486,06 амфетамин, таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), марихуана и две дигитални ваги со остатоци од амфетамин, кокаин и марихуана.На пронајдените предмети било извршено вештачење, а пријавениот Д.М. бил приведен во Полициската станица Центар.

Скопје | пред 6 години

masakr-ovci-2

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Масакр во Струшко- Кучиња удавиле и растргале 60 овци

Кучиња скитници нападнале фарма со овци во струшки Теферич. Кучињата удавиле и растргале 60 овици.  Како што кажува сопственикот на фармата за strugaekspres.com, ова не е прв пат кучиња да му го уништи целото стадо. Според него веќе трет пат затекнува иста слика. Тој неколку пати ги алармирал службите и побарал помош од државата, но освен записници никој не превзел ништо.Полицијата и истражните органи и денеска направија записник, а дали ќе се превземе нешто, останува да видиме.Текстот во целост на: strugaekspres.com

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Смешно е Југ, Ченто и остантите да се во затвор, а Груевски, Мијалков, Јанкуловска на слобода, вели Тасевски

Актерот Сашо Тасевски ја повика надлежните органи да ги ослободат од затвор Игор Југ, Јане Ченто и останатите кои се осудени за крвавите инциденти во Собранието на 27 април. Тој смета дека ако нема робија за Груевски, Мијалков, Камчев, Јанкуловска и останатите, смешно е другите да бидат зад решетки.„Знаете што е фер? Да ги ослободите оние кои скапуваат во затвор како тој Југ, Јане Ченто и компанија. Оти ова е смешно вашево. Нема робија за Грујо, Сашо, Орце, Гоца Мвродпмне. Нема прогон за Протуѓер звани Ендек, за Илче Гебелс, за Ставревски. Нема затвор ни за судиите Сваровски. Нема затвор за ните еден функционер од ДУИ. Нема затвор за никој од нив, ама затоа нивните човечиња, пиончиња и војничиња ги пикнавте во прдекаана. Зборот СРАМОТА е премногу благ да го опише тоа ваше предавство на законот и правдата“, пишува Тасевски.

Коментари | пред 6 години

el-ceka-696x454

Обвинителство го гони Ел Чека за новите бомби, оти сите ги чуле муабетите

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против лице кое сторило продолжено кривично дело – Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица.  Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори.Во последно време зачестена е појавата на објавување неовластено прислушкувани и снимени разговори. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана“.Овие појави Јавното обвинителство ги следи внимателно и ќе постапи согласно своите надлежности.

пред 6 години

PrtScr-capture_3

Финансиската полиција откри за какви измами се сомневаат дека се правеле во Љуботен

Поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама ,Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција за проверки на истото. Во интерес на истрагата не би можеле да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите ,се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Македонија | пред 6 години

ljuboten9

Граѓаните во Љуботен револтирани го изнесоа тутунот

Во селото Љуботен од утрово има голема полициска акција,  спроведена од Финансиската полиција заедно со екипи од МВР. Единицата за брзо распоредување, со хермелини влегува во куќите.Селаните револтирани го изнесоа тутунот надвор и велат ако имаат друга работа, нема да работат тутун.„ Доаѓат, бараат гласови на избори и бегаат“, вели еден граѓанин.Текстот во целост на: nezavisen.mk

Македонија | пред 6 години

ljuboten9

(Независен) ФОТО: Голема полициска акција во Љуботен – граѓаните исплашени

Во село Љуботен од утрово се спроведува голема полициска акција. Целото село е блокирано, а многу куќи од 5 часот наутро се претресени.Како што информираат граѓаните за „Независен весник“ акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат.Тие велат дека тоа им е единствена егзистенција и со пот се обидуваат да ги нахранат нивните деца.Од друга страна, сметаат дека државата не е заинтересирана за нив во ниту еден аспект да им помогне, ни при вработување, ниту во инфраструктурниот дел, па се жалаат дека патот е катастрофален,нема вода за пиење,а имаат и други проблеми.ПРОЧИТАЈТЕ ГО И ОВА: ВИДЕО: Полиција на секој чекор во скопско Љуботен, се упаѓа во куќитеВо куќата на Сулејман Зендели полицијата влегла по грешка. Како што вели Зендели во 5.30 часот, со нога ја отвориле вратата и веднаш му ставиле лисици на неговиот син Раметула Зендели, па го ослободиле откако сфатиле дека по грешка влегле во неговиот дом.Повеќе прочитајте на Независен.мкФото: Независен весник

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_3

ВИДЕО: Полиција на секој чекор во скопско Љуботен, се упаѓа во куќите

Во селото Љуботен од утрово има голема полициска акција. Според информациите на „Скопје1.мк“, истата ја спроведува Финансиската полиција заедно со екипи од МВР.Како што информираат граѓаните за „Независен весник“ акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат.https://www.facebook.com/TvShenjaOfficial/videos/324107221876216/ 

Македонија | пред 6 години

avtomobil-v-more

(Видео) Автомобил падна во морето во Сплит

Автомобил со словенечки регистерски таблички падна во море на сплитското пристаниште, јави порталот „24сата“. Очевидците раскажуваат дека патниците го напуштиле возилото пред да падне во морето.Како што наведува порталот, автомобилот плутал извесно време, а потоа почнал да тоне.По неколку часа автомобилот бил успешно извлечен.https://www.facebook.com/24sata/videos/696292240828934/

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

СДСМ: Со повратот на 15 отсто од ДДВ, државата за првпат враќа пари директно кај граѓаните

Со мерката „Мој ДДВ“  за прв пат државата им враќа пари на граѓаните, односно за секој денар платен ДДВ, на крајот на годината на граѓанинот му се враќа 15 отсто директно на неговата сметка. На крајот од секоја година кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра. За само две години Владата предводена од СДСМ реализира низа мерки кои обезбедуваат повеќе пари во секое смејство, се вели во соопштението од СДСМ.Растот на минималната плата од 9.000 денари на 12.500 денари, растот на просечната плата за над 2000 денари, а пензиите над 800 денари, растот на социјалната помош за 300 отсто или од 3000 на 10.500 денари се дел од мерките кои го зголемија домашниот буџет.Намалувањето на драконските казни и  нотарските и извршителски трошоци, воведувањето на ефтината  тарифа и укинувањето на радиодифузната такса, влијаат директно на семејниот буџет односно повеќе пари остануваат во секое домаќинство.Ако досега, државата само земаше пари од граѓаните, сега за првпат државата враќа пари  директно во секое семејство. На крајот на годината секое семејство добива доход плус во семејниот буџет.Сите досегашни мерки вклучително и повратот на ДДВ од 15 отсто имаат една заедничка цел, подобар животен стандард, подобар живот на граѓаните, раст и развој.Зборот важи! СДСМ на дело ја покажува вистинската грижа за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

grcija-1

Најдете ми Бугарин што се вика Гоце и Грк што се вика Филип, а јас ќе ви најдам невина….

Откако во јавноста повторно се отворија прашањата за македонска историја, твитерџијата Диле Јоргачев искоментира:Aко денеска најдете Бугарин што се вика Гоце, ако најдете Грк што се вика Филип, јас ќе ви најдам невина проститутка! И поштен политичар ќе најдам.

Коментари | пред 6 години

vmro-1

ВМРО ДПМНЕ: Државата е во опасност кога со нејзиниот буџет директно управува аболиран криминалец како Заев

Од денот кога аболицираниот Заев и неговата криминална банда ја превзедоа власта во Македонија граѓаните се се посиромашни и посиромашни, а македонската економија е во слободен пад. Цената за расипничкото трошење на народните пари ја плаќаат македонските граѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.На македонската економија црно и се пишува, сега откако Заев се самопрогласи за министер за финансии. Човек кој еднаш е аболициран за економски криминал, а вториот пат амнестиран од заробеното судство исто така за економски криминал не смее да му се дозволи да управува со државната каса.Кланот Заеви, познат по матните зделки сега е еден чекор поблиску до парите на граѓаните, еден чекор поблиску до државниот буџет.Криминалната банда на власт продолжува да ги манипулира граѓаните, со најавата дека ќе парите ќе се вратат кај граѓаните преку повратот на ДДВ. Откако две години безмилосно грабеа од државниот буџет преку криминални тендери, грантови и партиски вработувања, власта сега промовира мерка која за обичниот граѓанин нема да значи ништо.Со повратот на ДДВ ќе неможе да се плати ниту сметка за струја, а не пак 500 евра како што ветуваше Заев.Благодарение на повратот на ДДВ, според потрошувачката кошничка едно просечно четиричлено семејство ќе добие само 156 денари месечно или 1.872 денари во годината. Што значи дека на едно семејство ќе му бидат потребни 16 години за да ги добие назад 30–те илјади денари кои ги ветуваше Заев.Очигледно е дека од оваа мерка единствено корист ќе имаат најбогатите. На македонските граѓани им се потребни вистински проекти и мерки, кои ќе го подобрат животниот стандард, на повеќе од 500 илјади граѓани кои живеат со еден оброк на ден им е доста од погубните политики на власта. Македонската економија, македонската држава може да се врати на вистинскиот пат, само кога Зоран Заев ќе си замине во политичка пензија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Државата е во опасност оти кланот Заеви е еден чекор поблиску до државниот буџет, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Државата е во опасност кога со нејзиниот буџет директно управува аболиран криминалец како Зоран Заев. Од денот кога аболицираниот Заев и неговата криминална банда ја превзедоа власта во Македонија граѓаните се се посиромашни и посиромашни, а македонската економија е во слободен пад. Цената за расипничкото трошење на народните пари  ја плаќаат македонските граѓани. На македонската економија црно и се пишува, сега откако Заев се самопрогласи за министер за финансии. Човек кој еднаш е аболициран за економски криминал, а вториот пат амнестиран од заробеното судство исто така за економски криминал не смее да  му се дозволи да управува со државната каса. Кланот Заеви, познат по матните зделки сега е еден чекор поблиску до парите на граѓаните, еден чекор поблиску до државниот буџет“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.„Криминалната банда на власт продолжува да ги манипулира граѓаните, со најавата дека ќе парите ќе се вратат кај граѓаните преку повратот на ДДВ. Откако две години безмилосно грабеа од државниот буџет преку криминални тендери, грантови и партиски вработувања, власта сега промовира  мерка која за обичниот граѓанин нема да значи ништо. Со повратот на ДДВ ќе неможе да се плати ниту сметка за струја, а не пак 500 евра како што ветуваше Заев. Благодарение на повратот на ДДВ, според потрошувачката кошничка едно просечно четиричлено семејство ќе добие само 156 денари месечно или 1.872 денари во годината. Што значи дека на едно семејство ќе му бидат потребни 16 години за да ги добие назад 30–те илјади денари кои ги ветуваше Заев. Очигледно е дека од оваа мерка единствено корист ќе имаат најбогатите. На македонските граѓани им се потребни вистински проекти и мерки, кои ќе го подобрат животниот стандард, на повеќе од 500 илјади граѓани кои живеат со еден оброк на ден им е доста од погубните политики на власта. Македонската економија, македонската држава може да се врати на вистинскиот пат, само кога Зоран Заев ќе си замине во политичка пензија“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

struja-4

Без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре планирани се следните технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје поради што без електрична енергија ќе останат:Во периодот од 08:30 до 15:00 часот дел од корисниците на ул. Сливовска, ул. Пресека, ул. Був, ул. Бабуна, ул. Владимир Каваев (опш. Карпош) како и дел од с. Долно Соње (кон Брзоец) (опш. Сопиште),Во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од с .Ново село (околу спортската сала) (опш. Ѓорче Петров), дел од с. Долно Лисиче, делот кон с. Јурумлери, делот кај Расадникот (опш. Аеродром), како и Водовод Јурумлери, дел Драчево кон Јурумлери, Графо Хартија, Вип Драчево (опш. Гази Баба и Кисела Вода)

Скопје | пред 6 години

lgbt

Министри и пратеници ќе ја поддржат Парадата на гордоста

Дел од министрите и пратениците најавија дека ќе ја поддржат Скопје Прајд Парадата и ќе учествуваат во самиот настан, соопштија активисти од организацискиот одбор на прес конференција. Организаторите очекуваат голема посетеност и од соседните земји следната недела кога ќе се одржи Парадата на гордоста.„Скопје Прајд е сигурен и безбеден настан за сите, па ги повикувам ЛГБТИ луѓето, поддржувачите, и сите граѓани и граѓанки кои се залагаат за еднаквост и инклузивност, да ни се придружат.“ изјави Антонио Михајлов од организацискиот одбор.Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски кој нагласи дека се преземаат сите мерки за сè да помине во најдобар ред и дека МВР ќе санкционира какви било инциденти.Во меѓувреме од Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово, соопштија дека не ја подржуваат Парадата на гордоста.

Македонија | пред 6 години

B5722EB1-6F1F-4550-83B8-733F4D076330_w1023_r1_s

Унапредени ЛГБТИ правата, останува дискриминацијата и говорот на омраза

Се засилува говорот на омраза на социјалните мрежи во пресрет на првата Парада на гордоста во Скопје, велат активисти. Тие посочуваат дека со донесувањето на неколку закони во изминатиов период, правата на ЛГБТИ луѓето се унапредени, но оти дискриминацијата се уште е присутна во општеството.Таканаречениот „Прајд“ според организацијата Амнести Интернешнал зазема повеќе форми: од карневалски маршови до прикажување на филмски проекции и дебати, тоа е момент на прослава на луѓето кои се маргинализирани со строги дефиниции на тоа што значи да се биде маж или жена.Противниците на овие настани имаат најлоши зборови за ЛГБТИ луѓето и сметаат дека не мора на тој начин да ја покажуваат нивната сексуална ориентација. Од друга страна, поддржувачите ја истакнуваат важноста да се испрати јасна порака против дискриминација од секаков вид.Прајд настаните се организираат во текот на цела година, во зависност од земјите каде се одржуваат. Во Европа и Америка сезоната обично започнува во јуни, кога луѓето од ЛГБТИ заедницата покажуваат дека се горди на тоа што се.Фестивалите на гордоста се забранети во некои земји низ светот, вклучително Русија, Саудиска Арабија, Уганда и од неодамна Турција.Гордоста, според организациите за човекови права, го слави движењето на различните луѓе од ЛГБТИ заедницата и го засилува повикот за почитување и заштита на нивните права.„Парадата на гордоста е мирен протест на кој ЛГБТИ луѓето излегуваат да ја покажат својата видливост и оти е потребна заштита, еднаквост и слобода“, велат активисти за прва на ЛГБТИ заедницата во Македонија.Целата сторија прочитајте ја на СлободнаЕвропа.мк

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Премиерско “метличенце” место најавената “метла”

Реконструкцијата не ги задоволи критиериумите кои самиот премиер ги кажа како услов, коментираат дел аналитичари, сугерирајќи дека сепак треба да се почекаат и промените во пониските ешалони.По два месеца очекување, прогнозирање и претпоставки премиерот Зоран Заев ја објави реконструкцијата, која, според првичните реакции на социјалните мрежи, разочара дел од јавноста.На социјалната мрежа Твитер реагираше и професорката Јасна Котеска, таа за одлуката премиерот Заев да биде и министер за финансии.“Ако не па и ректор и пекар и заболекар и поглавар на МПЦ и на МКЦ, конечно идеално решение, може за се' да го ставиме”, напиша Котеска.“Метлава стана метличенценценце”, реагираше на својот профил Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии.Повеќе прочитајте на Слободна Европа

Македонија | пред 6 години

people-are-paying-a-lot-of-money-on-ebay-to-get-their-hands-on-a-vladimir-putin-2016-calendar-136403190020603901-160104180149-680x365_c

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе „Дојче веле“. Украина не го прифаќа тоа.На Москва ѝ беа суспендирани гласачките права поради анексијата на Кримскиот полуостров.Парламентарното Собрание на Советот на Европа ја повика руската делегација да учествува во јунското заседание, а резолуцијата по тој повод била усвоена доцна синоќа, по девет часа дискусија.„Правото на членовите да гласаат, да зборуваат и да бидат претставени во Собранието и нејзините органи не може да биде суспендирано ниту поништено во конеткст на оспосрување или ревидирање на овластувањата“ се наведува во текстот на документот.Во него се додава дека основните права не може на никаков начин да бидат санкционирани, но сепак, како и претходно, останува можноста за оспорување на овластувањата на делегациите.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Затворен патот од Драчево кај пругата до селото Лисиче

Од денеска патот од Драчево кај пругата до селото Лисиче ќе биде затворен една недела поради асфалтирање, информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Скопје | пред 6 години

index-31-223181

Дојди во парк со велосипед

Втора спортска активност „Дојди во парк со велосипед“ организира денеска Општина Чаир, организацијата „Center for common ground“, Амбасадата на Велика Британија и на Холандија во рамки на проектот „Јакнење на отпорноста на локалните заедници на насилен екстремизам во Македонија“.Од општина Чаир информираат дека целта на оваа активност е да се промовира велосипедизмот како корисна спортска активност за здравјето и за чистотата на воздухот, но пред се да се стимулира соработката, да се промовира толеранцијата, мирниот соживот и социјалната кохезија.– На најавениот круг со велосипеди ќе учествуваат амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се наведува во соопштението од Општината.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања