Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

sindziri-drvja-696x466

ФОТО: Скопските дрвја во синџири

Граѓаните денеска со акција во Градскиот парк во Скопје, симболично доцртувајќи ги забетонираните корења на дрвјата, со синџири и пораки за слобода на зеленилото, ги повикаа надлежните градски и општински власти да го отстранат бетонот со кој се задушени корењата на повеќе од 1.000 дрвја во Скопје, но и низ останатите градови во државата.Од Институтот за комуникациски студии велат дека Петре Шилегов, како градоначалник кој раководи со Координативното тело на градоначалниците во градов и првиот човек на Скопје, има можност и должност да го постави ослободувањето на сите заробени дрвја како заедничка акција.Според експертите од Шумарскиот факултет, дрвјата мора да бидат ослободени веднаш, без ниту еден ден допонително одолговлекување бидејќи летните жештини и високите температури ќе значат угинување на најмалку 200 до 300 повеќедецениски, во моментов, исклучително загрозени дрвја.Деканот на Шумарскиот факулет Кирил Сотировски, на неодамнешната конференција „Шанса за Скопје“, рече дека Скопје претставува термички, топлотен остров, бидејќи со неконтролираната урбанизација зеленилото е уништено на големи површини, а голем дел од постоечките дрвја не се здрави.Зелените површини според генералниот урбанистички план на Скопје во 2012 година, заземаат вкупно 529 хектари односно шест отсто од вкупната површина на градот, се наведува во Студијата за озеленување и пошумување на подрачјето на Град Скопје од 2015 година.

Скопје | пред 6 години

belgium-police-696x451

Уапсено лице кое планирало напад врз Амбасадата на САД

Белгиското федерално обвинителство соопшти попладнево дека е уапсено едно лице за кое постои сериозен сомнеж дека планирало напад врз американската амбасада во Белгија.Лицето М.Г. е лишено од слобода во саботата во центарот на Брисел од страна на федералната полиција на Белгија и се сомничи за терористички напад врз Амбасадата на САД. Според судски извори кои ги пренесуваат белгиските медиуми, осомничениот одамна работел за приватни безбедносни служби.Осомничениот ги отфрла обвинувањата, а денеска бил сослушан од страна на истражен судија во рамки на предметот што се води против него „обид за терористички напад“.Пред три години, аеродромот во Брисел и една метро станица беа мета на терористички напади во кои загинаа 32 лица, а повредени над триста.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

УХМР со вонредно предупредување: Скопје зафатено од големо невреме

Големо невреме со дожд и силен ветер и грмежи во моментов има во скопско Лисиче, Аеродром и Кисела Вода.Невремето се приближува кон Центар и Карпош.Според УХМР истокот и југоистокот на Скопје е зафатено од нестабилност проследено со пороен дожд и грмежи. Од таму имаат издадено вонредно предупредување во кое се вели дека денеска попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветар и услови за појава на град.

Скопје | пред 6 години

tamara-todevska-696x464

Тамара за настапот на Парадата на гордоста: Љубов е љубов

Популарната поп пејачка и наша годинашна евровизиска претставничка, која ни донесе голем успех на музичката манифестација, Тамара Тодевска, ќе настапи на Парадата на гордоста која ќе се одржи во сабота, на 29-ти јуни во Скопје.Парадата околу чие одржување јавноста е доста поделена, за прв пат ќе се случува во Скопје. Инаку, нашата земја е последна во регионот која организира Парада на гордоста и овој настан е еден вид на порака дека сме општество во кое се почитуваат човековите права и слободи на сите граѓани, вклучувајќи ја и ЛГБТИ заедницата.Во разговор за ,,Фокус” по повод настапот на парадата, Тодевска порача дека љубовта е љубов и нема место за предрасуди.-Секој заслужува да го живее животот според свои правила. Сакајте се, радувајте се, животот е убав. Љубов е љубов – ни изјави Тамара.Повеќе прочитајте на ФОКУС.МК

Македонија | пред 6 години

Gej

(Видео) Илјадници луѓе учествуваа на Парадата на гордоста во Сао Пауло

Илјадници луѓе маршираа во неделата на улиците на Сао Пауло на годишната Парада на гордоста, каде што овој пат протестираа против политиката на екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро.Меѓу демонстрантите беше британската поп-пејачка Мел Ц, поранешна членка на групата „Спајс грлс“, покажуваат снимките на ТВ „Глобо“.Болсонаро е познат по своите хомофобични изјави. Тој еднаш рече дека повеќе би сакал да го изгуби својот син во сообраќајна несреќа отколку да биде хомосексуалец.Тој се нарекува себеси горд хомофоб и еднаш рече дека би претепал двајца мажи ако ги види дека се бакнуваат на улица.ЛГБТ-активистите стравуваат дека неговите коментари го зајакнуваат насилството кон хомосексуалната заедница во земјата.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Заробени 55 илјaди борци на Исламската држава

Комесарката на ОН за човекови права, Мишел Башеле, порача дека 55.000 затвореници, борци на Исламската држава, вклучувајќи странци и нивните семејства, кои се притворени во Сирија и Ирак, треба да добијат фер судење или да бидат пуштени на слобода.Државите мора да преземат одговорност за своите граѓани и не би требало децата на борците, кои веќе претрпеле премногу, да ги остават без помош од сопствената земја, му посочи Башеле на Советот на ОН за човекови права, кој следните три недели ќе заседава во Женева.Бројката од 55.000 вклучува странски борци од речиси 50 земји, односно 11.000 члена на нивните семејства уапсени во кампот „Ал-Хол“ во североисточна Сирија во многу лоши услови за живеење, вели Башеле.Властите во североисточна Сирија ги повикаа западните земји да ги преземат своите државјани, кои пристапиле кон Исламската држава и нивните семејства, кога годинава Сириските демократски сили (SDF), поддржани од САД, го зазедоа и последното упориште на исламистите.„Членовите на семејствата на странски борци мора да бидат вратени во своите земји, освен ако не треба да им се суди за воени злосторства во согласност со меѓународните стандарди. Децата имаат претрпено сериозни повреди на нивните права вклучувајќи ги и оние што биле индоктринирани и регрутирани од Исламската држава да учествуваат во насилни дела“, заклучи Башеле.

Свет | пред 6 години

thumbs_b_c_2e6a5b2ee0b9a807930500b736dad41e

,,Човек пчела” кој е имун на убоди носи 10 килограми пчели на телото

Абдулвахаб Семо, пчелар од градот Ван, на истокот од Турција, одлучил да влезе во Гинисовата книга на рекорди со собирање на најголем број пчели на неговото тело. Тој досега успеал да собере 10 килограми пчели на телото и не планира да се откаже од целта, пишуваат медиумите од регионот повикувајќи се на агенцијата Анадолија.Се започнало кога тој на интернет наишол да текст за човек кој го соборил светскиот рекорд со најголема количина пчели на своето тело. Тогаш одлучил да тргне во поход на соборување на овoј рекорд.Досега се обидел три пати. При вториот обид што го направил во 2016 година, успеал да собере шест килограми пчели на телото, а при третиот обид имал 10 килограми пчели.

Магазин | пред 6 години

Apple_MacBook-Pro-Battery_062019_big.jpg.large_2x

„Епл“ го повлекува MacBook Pro

„Епл“ објави доброволна покана за повлекување одредени број примероци на постар модел на 15-инчниот MacBooka Pro. Причината за повлекувањето е батеријата што може да се прегрее и претставува безбедносен ризик.Повикот се однесува на модели што се продадени меѓу септември 2015 година и февруари 2017 година. „Епл“ им порачува на корисниците да престанат да ги користат ваквите лаптопи, а батеријата ќе им биде заменета бесплатно.Корисниците лесно може да проверат дали нивниот лаптоп е ризичен на тој начин што на интернет-страницата на компанијата ќе го внесат серискиот број на уредот. Батеријата може да се замени во продавница на „Епл“ или кај овластен сервисен центар.Можна е и замена по пошта.

Магазин | пред 6 години

elizabeta

Глувци и стаорци ја окупирале палатата на кралицата, таа привремено се исели од дворот

Кралицата Елизабета одлучи да ја напушти Бакингемската палата. Таа ги спакува ковчезите и привремено се исели од дворот, а на помош ѝ дојдоа експерти, кои се обидуваат да го решат ширењето на глодачите. Инвазијата на глувци и стаорци ја принуди кралицата на привремено бегство, пишува британски „Сан“.Откога кујнскиот персонал се пожали на појавата на глодачи во кујната, беа повикани службите за дератизација и дезинфекција за да почнат со решавање на сериозниот проблем со поставување силни отрови.Сепак, извор близок до кралското семејство за овие медиуми изјави дека персоналот е навикнат да гледа мали кафеави глувци во палатата и дека овој проблем ќе биде тешко да се реши.Портпаролите на Агенцијата за контрола на штетници признаа дека глодачите станале имуни на отровите што ги користат во такви случаи.

Магазин | пред 6 години

h_54476281

Момчињата што беа спасени од пештерата на Тајланд не смеат јавно да зборуваат за тоа

Помина една година откако младинскиот фудбалски тим со нивниот тренер влезе во туристичката пештера на Тајланд и остана заробен. Беа спасени 18 дена подоцна по сложената спасувачка операција, која ја следеше целиот свет.Момчињата што живеат во сиромашниот град Мае Саи не смеат да зборуваат за своето неубаво искуство со новинарите. По нивното спасување, тие потпишале филмски договор со „Нетфликс“, го пропатуваа светот, а нивната приказна е пренесена во книга и снимени се неколку документарни филмови.Не е познато колку добиле за договорот со „Нетфликс“, но се шират шпекулации дека се работи за 100.000 долари од човек.Нивните пријатели од училишните клупи велат дека тоа нималку не ги променило и дека тие се истите момчиња. Денеска играат фудбал во новиот клуб „Екапол“, кој во меѓувреме го основаше нивниот тренер, кој конечно го исполни својот сон да предводи своја фудбалска школа.Единствената жртва на спасувачката операција беше тајландскиот нуркач Саман Гунан, кој остана без кислород за време на подготвителната операција за извлекување на момчињата. Неговиот споменик денеска се наоѓа во близина на влезот на пештерата.

Свет | пред 6 години

zaev-dhe-ahmeti-sot-do-te-bisedojne-per-ndryshimet-e-paralajmeruara-ne-pushtetin-ekzekutiv_5ce3d09a1efc1-750x405-696x376

„Тетова Сот“: Заев на колена пред Ахмети, не успеа да ги смени министрите на ДУИ

Македонскиот премиер, Зоран Заев, падна на колена пред Али Ахмети. Иако тој цело време зборуваше дека ќе го промени владиниот кабинет, па дури и министрите на ДУИ, не успеа да направи таква промена. ДУИ со одлука на Али Ахмети го отстрани само Хазби Лика, а другите не се ни допрени, анализира порталот ТетоваСот.Инаку премиерот Заев од Валандово обелодени дека сменил само шест министри.Нов министер за земјоделство, шумарство и водстопанство е Трајан Димовски, на местото на  Љупчо Николовски. Министер за животна средина и просторно планирање ќе биде Насер Нуредини, а ќе го замени Садула Дураку. Министер за култура е Хисни Исмаили, на местото на Асаф Адам, за министер за локална самоуправа е предложен Горан Милевски, наместо Сухејл Фазлиу, министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураку.Одреден период премиерот Зоран Заев лично ќе го води и Министерството за финансии по разрешувањето на Драган Тевдовски, потсетува порталот.

Македонија | пред 6 години

poplava-1

ВИДЕО: Еден дожд и Скопје се претвора во Венеција, требаат чамци наместо коли

По краткиот пороен дожд во Скопје, се поплавија неколку улици. Меѓу нив и населбата Пинтија.Возачите се нервозни и критикуваат, бидејќи сметаат дека овој проблем мора итно да биде решен.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт

Марионетската власт на Зоран Заев заглавена во безаконие, корупција и криминал во изминатите две години ја замајува јавноста со палијативни решенија и обвиненија за набавка на мерцедес во кој сега без проблем се вози и Заев, за шамари во општина Центар, за изборни измами, прислушкување, поништување изборен материјал, укинување на пратеничката плата и одземање на мандатот на Груевски, за поврат на смешни износи од ДДВ, за поставување на бројчаник кој остана гол украс, за некаква метла на функционери а излезе обично метличе кое остави се под тепих... меѓутоа, сето ова нема допирни точки со одземањето на украдените 5 милијарди евра, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.Зоран Заев како опозиционер ветуваше дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и сликовито велеш: „уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле 5 милијарди евра„ и доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено до последен денар.Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор а украдените 5 милијарди останат нечепнати.Заев како премиер молчи и трупаше големо богатство од позиција на власт за себе и фамилијата. Дали Зоран министерот за финансии ќе го реализира ветеното дека власта на СДСМ ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт во изминатите 30 години ќе биде конфискувано. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

1-1-2

ГДУ: Наместо чистка на неспособните во извршната власт, Заев си додели нова функција

ГДУ ја поздравува одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата Заменик- министер за Образование, бидејќи не видел промени во образованието. И ние не гледаме. Освен што донеле одлуки да затворат неколку основни училишта на македонски јазик и не знаат како да одржат неколку паралелки на албански освен со уредби и наредби, тоа ќе биде сѐ од реформите во образованието! Токму за едно општество!Садула Дураки пак е ѕвездата во старо-новиот кабинет на премиерот Заев. Со полни гради, свеж и еколошки освестен, ќе ја има честа да оживее ново, современо и преку потребно министерство – како и да се вика, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.Урбаната мафија во земјава – што и да значи овој одамна одомаќинет израз- ќе ја продолжи плодната соработка со министерот Сугаревски и разните органи во состав на Министерството кое е целосно ненадлежно за дивоградби од секаков вид и тип!На Министерката за војна, веројатно и е потребен телескоп, затоа што ништо не и се гледа од Криволак, веројатно очекува да биде назначена за почесен амбасадор на УНЕСКО!Конечно, сето ова не би било можно без нашиот Лорд Протектор, нашиот премиер, нашиот министер за финансии, борец, соборец на Дудуш, исповедник на Мукоски и благ но строг кон Канчевска, претседателот на СДСМ Зоран Заев.И доколку имате дилеми за културата воопштено, ви го предлагаме делото на Théodore Géricault како своевиден приказ на нашево секојдневие!Се среди премиерот Заев во државата, животот дојде, плата од 500 евра, реформи спроведени, па останаа уште финасиите. Какво мајтапење е ова со граѓаните?Наместо чистка на неспособните во извршната власт, Заев си додели нова функција. Реконструкција за класична концентрација на моќ. Човекот за кој во биографијата стои дека е скромен, вреден, популарен отворен и храбар, освен премиер ќе ни биде и министер за финасии. А пак Тевдовски човекот кој од Македонија ќе правеше Данска, ќе му стане советник на премиерот и министерот. Лекар ќе ја води културата, финансиски советник екологијата, а проблематичниот инженер Садула Дураку кој не се занимава со граѓаните, доби награда. Ќе го води новото министерство за политички ситем чија улога ќе биде вдомување на партиски кадри. Колку импресивна понуда, исто како биографијата на новиот министер за финасии.Метлата не замете, туку ги стави под тепих работите. Во Кабинетот на Заев му останаа местачите на тендери, оние кои потпишуваат договори во четири очи, функционери кои имаат афери со непотизам, министри и советници неработници.Само за џабе Заев ја замајуваше јавноста со месеци дека ќе заиграла метлата, ќе направел суштински промени, ќе ги изметел криминалот и неспособноста. Не само што не го направи тоа, туку сега и повеќе ги загрижи граѓаните. Оти токму тој ќе управува со финансиите. А оние функционери кога видоа колку е часот, решија сами да се заметат. ГДУ ја поздравува одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата бидејќи не видел промени во образованието. И ние не гледаме и не само во образованието, туку и во судството и во администрацијата и во економијата, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Известување на посебен сообраќаен режим

Утре (25.06.) поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница на булеварот “Србија“ со булеварот “Борис Трајковски“во времето од 07,00 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот “12-та Македонска Бригада“, булеварот “Трета Македонска бригада“ и улицата “Народни херои“.Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Скопје | пред 6 години

krazba-market

Пронајдено лицето кое извршило разбојничка кражба во маркет

На 23.06.2019 година во 09 часот во СВР Скопје, вработена во маркет на улица „Ѓорче Петров“ пријавила дека непознат сторител извршил разбојничка кражба во маркетот. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле и привеле сторителот и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

zapaliva-tecnost

Две лица фрлиле запалива течност пред кафе бар

На 23.06.2019 година во 22 ч. во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на ул.„Горно Лисиче“ во Скопје две лица фрлиле запалива течност. Повредени лиџца нема, а делумно оштетена е само влезната врата од објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Полицијата расчистува три физички пресметки во Скопје, две во угостителски објекти една на улица

На 23.06.2019 година во 21.00 часот во СВР Скопје, Д.Т.(25) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во с.Стајковци, скопско, бил физички нападнат од Б.Т.(30) од с.Брњарци, скопско. Се работи на расчистување на случајот. На 23.06.2019 година во 23.00 часот во СВР Скопје, Г.А.(42) од Скопје пријавил дека на улица „Марко Крале“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од сосетката Т.Н. Се работи на расчистување на случајот. На 23.06.2019 во 20.30ч. Н.Т.(18) од Скопје пријавила дека во угостителски објект во Градски парк била физички нападната од непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец нападнал полицаец, откако му пронашле три ножа, марихуана

На 23.06.2019 година околу 18.50 часот е приведен Б.Г.(36) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник што извршувал службено дејство. При преглед кај него биле пронајдени и одземени три ножа, марихуана и други предмети. По целосно докуменитрање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Кривична за лице за „криумчарење мигранти“ – во автомобилот му пронашле 11 мигранти од Бангладеш

Регионалниот центар за Гранични работи Север поднесе кривична пријава против М.А.(22) од село Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 20.06.2019 година во населба „Карпош“ во Куманово, во неговото возило „Опел”, полициски службеници пронашле 11 лица - мигранти од Бангладеш.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Тројца Стружани користејќи картички за дополнување на гориво, покрај во службените, точеле гориво и во приватни возила

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.И.(49) од струшкото село Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта.Пријавените, во текот на 2017 година, како службени лица - вработени во правен субјект во државна сопственост-М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, покрај во службените, точеле гориво и во сопствените приватни возила. Притоа, прикажувале лажни сметки и налози со што се стекнале со противправна имотна корист од 640.040 денари.

Македонија | пред 6 години

kejt-i-nikolaj

(ВИДЕО) Обезбедувањето го нападна момчето на Кејт Мос мислејќи дека е нејзин полуден обожавател

Момчето на Кејт Мос “настрадало“ пред почетокот на ревијата на Диор во Париз, бидејќи некој од обезбедувањето кое ја следело славната манекенка не го препознало па го нападнале зборувајќи му дека е “полуден фан“.Во продолжение видеото кое се споделува на социјалните мрежи.https://twitter.com/celebsinparis/status/1142152564315697158

Магазин | пред 6 години

protest-pred-dui

Братот на Ел Чека предводи протест против ДУИ во Мала Речица

Демонстранти се собраа пред седиштето на ДУИ во Тетово и побараа симнување на оваа партија од власт. Протестот го предводи, Блерим Ахмед, братот на Шеик Ахмед, познат под псевдонимот Ел Чека со кој ги објавува прислушуваните разговори во кои се јавуваат гласови на функционери од ДУИ.Демонстрантите бараат меѓународна истрага за случаите во кои обвинети се етнички Албанци, како и отстранување на седиштето на ДУИ од Мала Речица. Тие се обидува да се доближат до партиското седиште, но беа спречени од полицијата.Блерим Ахмеди, брат на “Ел Чека“ за ТВ21, изјави дека полицијата ги предупредила дека може да се случи инцидент и дека тие не носат одговорност.Фото: Gazeta Express

Македонија | пред 6 години

jankulovska

Јанкулоска засега нема да оди во затвор

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, нема да оди в затвор на 1 јули, односно актот се одложува повторно, овој пат до недогледно време затоа што Врховниот суд, чиј претседател е Јово Вангеловски, ќе ја преиспитува правосилната пресуда.„Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое барањето на Г.Ј. осудена со пресуда на Основниот кривичен суд – Скопје со КОК бр. 21/18 и пресуда на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ бр. 46/18, од обвинителството означена како „Тенк“, за одлагање на извршувањето на казната – се уважува“, се вели во соопштението на основниот суд.Оваа одлука важи за случајот „Тенк“ во кој Јанкулоска е осудена правосилно на 4 години затвор за злоупотреба на службената положба. Поранешната министерка прво беше осудена на 6 години затвор, кој Апелација го преиначи и ја намали казната на четири години.Во истиот случај обвинет беше и поранешниот премиер Никола Груевски кој сега има азил и ужива во слободата во Унгарија. 

пред 6 години

dimsa-za-nefi

Арсовски: Градоначалникот на Охрид единствено што работи, е што дозволува да се градат дивоградби низ целиот Охрид

Претходно слушнавме за еден градоначалник од Скопје на СДСМ којшто тепа свои сограѓани, денеска ќе слушнеме за еден градоначалник којшто единствено што работи е што дозволува да се градат дивоградби низ целиот Охрид.Урбаната мафија со поддршка на СДСМ во Охрид никако не запира. Нема намера да запре ни од страна на СДСМ, ниту пак да биде запрена од страна на градоначалникот. Иако Охрид е под сериозна закана да ја загуби титулата од УНЕСКО и да биде тргнат од листата за заштита на културно природно наследство, сепак СДСМ мува не ги лази и немаат намера да ги стопираат дивоградбите којшто никнуваат како печурки низ целиот град, истакна Димче Арсовски, Портпарол  на ВМРО-ДПМНЕ .Овој пат, дивоградба на брегот на Охридското езеро на стариот пат помеѓу Охрид и Струга на нелегален начин, блиску до езерото до самиот брег, со месеци наназад гради бетонска база советникот кој е дел од коалицијата на власт во Охрид, Нефи Усеини, советник за кој се зборуваше дека пред некој извесен период на седница на Советот физички нападна друг советник затоашто не гласал по негово убедување.За оваа дивоградба од бетонска база, Константин Горѓиевски градоначалникот на Охрид знае, но сеуште нема преземено ништо, како и за секоја друга дивоградба којашто никна во Охрид. Бетонската база не поседува никакви потребни дозволи од општината, а нема ни одлука од министерството за животна средина, кадешто треба да добие еколошка дозвола за градба.Оваа дивоградба не поседува ниту една дозвола и треба веднаш да биде срушена од страна на општината и градоначалник. Но, од општината молчат и ден денес бидејќи тоа е дел од предизборната коалиција на Константин Ѓорѓиевски од СДСМ и советникот кој пола Охрид го изгради нелегално со диво градби.Да потсетиме дека овој ист советник, Нефи Усеини има изградено и нелегален објект во старата чаршија до чинарот и сеуште не е преземено никаква мерка од страна на општината.Да потсетиме дека и минарето на нелегален начин беше изградено, за повторно општината, градоначалникот и Заев да ги лажат граѓаните и да не преземат ништо кое е во рамките на Законот за градење.Охрид е претворен во градилиште на дивоградби, и секој што ја има задолжено СДСМ со нешто пред изборите гради каде ќе стигне, без притоа никој да одговара.Заради личните интереси и политички пазари на СДСМ и Константин Ѓорѓиевски единствено трпат штета граѓаните на Охрид и самиот град кому му се заканува отстранување од листата на УНЕСКО.Доколку му се искрени намерите на градоначалникот, да го среди градот и на СДСМ да завладее законот треба уште веднаш да се срушат сите диви објекти во градот, вклучително најпрво да се почне од оваа бетонска база којашто е на советникот од Коалицијата на власт во Охрид. Во спротивно, еден ден, ќе одговараат сите инволвирани за ова силување на градот и на општината, истакна Димче Арсовски, Портпарол  на ВМРО-ДПМНЕ .

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања