Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

inspektori-3

(ФОТО + ВИДЕО) Голема акција во Охрид: Се тргаат масите и столиците кои ги узурпираа улиците

Голема акција во Охрид на инспекторатот при општина Охрид. Инспектори и полиција запленуваат се што е нелегално поставено во старата охридска чаршија. Се отстранува нелегално поставената урбана опрема на Ул. Гоце Делчев. Со денешната акција треба да се стави ред во Старата охридска чаршија, по која поради запоседнатост од маси столови и реклами подолг период едвај се поминуваше.  https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1042107799332730/  

Македонија | пред 6 години

pijani

Викендов во Скопје: 183 возачи возеле со поголема брзина, исклучени од сообраќај 94 возачи

Во текот на изминатите денови (21, 22 и 23.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 183 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 94 возачи од кои: 31 возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 56 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 46 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, 30 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и пет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 129 мандатни платни налози и 88 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. 

Скопје | пред 6 години

broj-droga

ФБИ држи десет црногорски морнари на брод каде беа запленети 16 тони кокаин

Агенти на американскoто Федерално истражно биро (ФБИ) го ограничиле движењето на десет црногорски граѓани што се наоѓаат на брод во Филаделфија, на кој се запленети 16 тони кокаин, по што покрај четворицата уапсени, забрана за напуштање на бродот добиле и останатите морнари од Црна Гора.Црногорски медиуми јавија дека дека на некои од нив им е дозволено да контактираат со своите семејства. ФБИ во овој момент не ги товари за шверц на 16-те тони кокаин, но тие се испрашувани во рамки на истрагата и од нив се земени ДНК примероци, а нивниот статус ќе биде познат по вештачењето на дрогата. Според информациите на  медиумите уапсени се и четворица други морнари, тројца од Котор и еден од Будва, на возраст од 25 до 39 години. Сите тие се членови на екипажот на бродот MSC Gajan, во сопственост на швајцарска компанија, каде беа пронајдени десетици пакети со кокаин. 

Свет | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ упатија честитка за 24- ти јуни меѓународниот ден на балканските египќани

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам 24- ти јуни меѓународниот ден на балканските египќани. Египќаните се составен дел од македонското општество со векови и се дел од нашата култура и традиција. Тие секогаш биле кохезивен фактор и се  залагале за просперитетно општество.Во овие турбулентни момент за Македонија, со изразито иселување, сиромаштија и криминал и корупција на сите полиња потребно е единство и желба за проспeритет. Иднината ќе биде сигурна само доколку имаме ефикасна правна држава се избориме за обнова и економски слободи за сите. Благостојбата на државата е од значење за сите, затоа да се обединиме и кон создавање подобра иднина, за сите и заедничка обнова.Дозволете ми уште еднаш да Ви го честитам 24-ти јуни. со искрени желби за многу здравје, среќа и радости, просперитет на Вас и Вашите семејства, се вели во честитката од  Претседателот  на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Македонија | пред 6 години

sv-vartolomej

Денеска се празнува Свети Апостол Вартоломеј или Вртолум, денот кога се врти Сонцето кон зима

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава, во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на Сонцето. Имено, се верува дека на овој ден Сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во Сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.Свети Апостол Вартоломеј е христијански светец, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос. Се смета дека Вартоломеј и Натанаило се една иста личност. Како Натанаило се споменува единствено во евангелието на апостол Јован, додека во останатите три се споменува како Вартоломеј.Свети Вартоломеј отишол во Индија, каде го проповедал евангелието на апостол Матеј, преведувајќи го на индиски јазик. Потоа се вратил во Ерменија, каде христијаните веруваат дека ја спасил ќерката на царот од лудило братот на царот наредил Вартоломеј да биде затворен и распнат на крст, а потоа му ја пресекол и неговата глава. Неговото тело, христијаните го сочувале во оловен сандак. Самиот сандак бил фрлен во морето, кое водата го донела до Липарските острови, каде епископ Агатон го дочекал и го погребал во храмот. Подоцна, моштите биле префрлени во Рим.  

Македонија | пред 6 години

lisici

Притвор за велешанец кој преку социјална мрежа, упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, а лично му се заканил со нож

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничениот жител на Велес во неколку наврати, преку една социјална мрежа, упатувал сериозни закани кон поранешен адвокат, кој во моментов работи како нотар во Кавадарци. Притоа, на 21.06.2019 година и лично отишол во канцеларијата на нотарот и се заканил со нож.По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци на лицето му определи притвор во траење од 8 дена. 

пред 6 години

link

Link се првите обувки во светот кои се половина чевел половина апостолка

Link се првите чевли во светот кои се лесни за носење како апостолки, а истовремено се безбедни и удобни како патики. Лесно се обуваат – треба само да ја ставите ногата во нив и да згазнете, а ќе ги чувствувате цврсто прилепени за нога како да носите патики.Разликата меѓу Link и апостолките е во тоа што со Link ногата ви е истовремено отворена од сите страни и не ви е топло, а сепак, вашите прсти и целата нога се заштитени. Во внатрешниот дел имаат мека влошка, а надворешниот дел е направен од полиуретанска термопластика.Од компанијата која ги прави велат дека може да ги носите за пешачење, за возење велосипед, за трчање, за пливање. 

Магазин | пред 6 години

belgrad-nevreme

(ВИДЕО) Поројни дождови го парализираа Белград, „гејзери“ високи 5 метри се формираат на улиците

Поради невремето кое околу 18 часот го зафати српскиот главен град Белград дошло до уривање на дрвја, прекин на снабдувањето со електрична енергија, но и формирање „гејзери“ на улиците високи и до 5 метри.Градските автобуси едвај се провлекуваат низ улиците, а паркирани автомобили настрадале откако врз нив паднале дрвја соборени од невремето.Силно невреме ја зафати и околината на Белград, особено беше тешко погоден Горни Милановац, каде удри и град со големина на топчиња за пинг-понг. Српските метероролози најавуваат дека ова е само почеток на бурите кои во наредните денови ќе ја погодат Србија. Објавен е црвенб метео аларм за повеќе региони, каде се очекува да наврнат и повеќе од 40 литри на квадратен метар.https://www.facebook.com/milancharly1/videos/vb.1655597653/10217728810926105/?type=2&video_source=user_video_tabhttps://twitter.com/orjustselene/status/1142828827024003073?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1142828827024003073&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fnevreme-predizvika-haos-vo-belgrad-soboreni-drvja-i-zaglaven-soobrakjaj-fotovideohttps://twitter.com/VojvodinaMeteo/status/1142797844497272832?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1142797844497272832&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.srbijadanas.com%2Fvesti%2Fdrustvo%2Fgrad-veci-nego-jaje-nevreme-je-sokiralo-srbe-onda-su-zabelezene-neverovatne-fotografije-foto-2019-06-23

Свет | пред 6 години

sadula-duraku

Што велат биографиите за новите министри: Еден има познавања од Интернет експлорер, друг номиниран за животна средина а е банкар?

Министерот за животна средина, Садула Дураки од ДУИ, кој е предложен за нов министер за политички систем, има познавања од Интернет експлорер и Мајкрософт офис, објави  sdk.mk.Кај предлогот за нов министер за култура, Хусни Исмаили од Алтернатива, покрај школувањето и работното искуство од медицината, наведени се неговите искуства од културата...А кај Насер Нуредини, кој е номиниран од ДУИ за нов министер за животна средина, но не е член на партијата, наведено е дека има работно искуство во Лондон како инвестициски банкар во „Ај-Ен-Џи“ и „Уникредит“.Собраниската седница за избор на новите министри е закажана за в среда.Текстот во целост на: sdk.mk

Македонија | пред 6 години

sijarto

Пријателот на Груевски Петер Сијарто, денеска во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска во посета на Македонија. Сијарто ќе се сретне со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а предвидено е двајцата да одржат заедничка прес-конференција.Непознато е дали министерот Сијарто ќе сподели детали за македонскиот бегалец, екс премиерот Никола Груевски, кој се засолни во Будимпешта.Сијарто во 2016 година се појави на митингот на ВМРО ДПМНЕ во Штип, при што одржа говор на македонски јазик. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ:Со мерката за поврат на 15 отсто од ДДВ околу 50 милиони евра секоја година се враќаат назад кај граѓаните

Од 1 јули започнува реализација на клучна мерка од Програмата на Владата предводена од СДСМ којашто обезбедува повеќе пари кај граѓаните. За првпат ќе се реализира поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кај секој граѓанин. Со оваа мерка на крајот од секоја година кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра. Просечно семејство на крајот на годината добива приход плус, се вели во соопштението од СДСМ.Ако досега, државата само земаше пари од граѓаните, сега за првпат државата враќа пари директно во секое семејство. Мерката за поврат на 15 отсто од ДДВ е последната во низата мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и кои како одговорна партија ги спроведовме за само 2 години Минималната плата се покачи од 9.000 на 12.500 денари.Ја укинавме радиодифузната такса и ја воведовме ефтината тарифа на струјата, мерка со која над 11 милиони евра завршуваат кај граѓаните.Социјалната помош е зголемена за 300%, односно од 3.000 на 10.500 денари. ДДВ-то за парното го намаливме од 18 на само 5%. Просечната плата е зголемена за над 2.000 денари а пензиите за над 800 денари. Земјоделците можат да вратат пари од персонален данок а со мерката зелена нафта над 200 милиони денари остануваат за 55 илјади земјоделци. Концептот „пари кај граѓаните“ е видлив и претставува успешен модел за подобар животен стандард, подобар живот на граѓанинте, раст и развој.ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше пари од граѓаните. Ние како одговорна партија обезбедуваме повеќе пари назад кај граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: На Македонија и следат уште поцрни денови затоа што нов министер за финансии е Зоран Заев

Смената на министерот за финансии ја потврди катастрофата која СДСМ и ја донесе на македонската економија. СДСМ конечно призна дека во изминативе две години работи расипнички со народните пари и ги осиромашува граѓаните. Но, на Македонија и следат уште поцрни денови затоа што нов министер за финансии е Зоран Заев, криминалец аболициран за финансиски криминал и чие семејство непрекинато се занимава со матни зделки ограбувајќи ја државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Додека Заеви се чекор поблиску крадење на парите на граѓаните, власта која ја уништи економијата манипулира со граѓаните дека им ги враќа парите и промовира мерка за поврат на ДДВ од која единствено бенефит ќе имаат најбогатите.Со оваа мерка, според потрошувачката кошничка едно просечно четиричлено семејство ќе добие само 156 денари месечно или 1.872 денари во годината. Тоа е многу далеку од ветените 30.000 денари со кои според Заев граѓаните во годината ќе можеа да вратат кредит, да платат годишен одмор или да реновираат соба во својот дом.За да стигнат граѓаните до тие фамозни 30.000 денари со кои манипулира СДСМ, потребни ќе бидат 16 години, што значи дека собата ќе дојде повторно да се реновира, а граѓаните нема да го имаат исплатено кредитот од првото реновирање.Додека власта промовира мерки за мачкање на очи, расте сивата економија, а пораснаа и даноците, сметките на граѓаните, цените на мало, цената на нафтата како резултат на покачената акциза, а со тоа драстично пораснаа трошоците за живот. Како последица на расипничкото и криминално работење на власта на Зоран Заев над 500.000 граѓани се наоѓаат под прагот на сиромаштијата и не знаат како ќе го преживеат месецот.СДСМ ги ограби граѓаните и докажа дека не може да донесе ниту подобар стандард ниту реални мерки со кои граѓаните ќе живеат побогато. Животот кој Зоран Заев го ветуваше всушност стана беда во реалноста. Затоа СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да си заминат за да може македонската економија да оди напред, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

vreme

Денеска во земјава променливо облачно со сончеви периоди

Денеска во земјава променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. УВ=7За утре метеоролозите најавуваат пртепладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува умерен северен ветер. УВ=7

Македонија | пред 6 години

tamara-todevska-2-220088

(ФОТО) Тамара горда затоа што ќе настапи на првата Парада на гордоста

Македонската претставничка на Евросонг, Тамара Тодевска ќе настапи на музичката програма на првата Парада на гордоста.  Таа на својот Твитер профил најави дека е горда што ќе настапува на 29. јуни.Покрај Тамара на правата парада на Гордоста во Градски парк ќе настапат и други музичари од македонската естрата.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

На повторените локални избори Ердоган повтрорно го загуби Истанбул

Екрем Имамоглу е победникот на изборите за градоначалник на Истанбул. Според првичните неофицијални резултати, кандидатот на републиканската народна партија освоил 55 отсто од гласовите. На второто место е поранешниот премиер Бинали Јилдирим со 45 отсто од вкупните гласови.-Упатувам благодарност до нашиот народ, и до моите сограѓани во Истанбул. Пред очите на целиот свет, вие ја заштитивте деморкатската репутација на Турција. Ви благодарам мои сограѓани од Истанбул – изјави Имамоглу.Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираа градоначалник, откако претходните изборни резултати од изборите на 31 март беа поништени. 

Свет | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Премиерот дефинитивно не покажа смелост да се ослободи партиските гангстери кои ги окупираа институциите

Алијансата за Албанците постојано ги истакнуваше сомневањата во врска со т.н. "метла", која беше најавена со голема помпезност. Од “метлата" не излезе ништо конкретно, освен 3-4 наметнати промени како последицана оставките на министерите за култура и министерот за земјоделие, како и поради отсуството на работа на Хазби Лика, ништо конкретно, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.Единственото “откритие“ на премиер е тоа што одлучи тој самиот да ја врши функцијата министер за финансии, што не претставува ништо друго освен “трик" за да ги измами граѓаните, така што тој ги презема лично финансиските работи на државата и дека сега ќе има резултати.Премиерот дефинитивно не покажа смелост да се ослободи партиските гангстери кои ги окупираа институциите и мислат дека владините функции им припаѓаат сонаследство.  Премиерот не покажа храброст да се ослободи од функционерите кои имаат афериза непотизам. Тој не покажа храброст се ослободен од неспособните кадри во министерствата и коине ги постигнаа ветените резултати.Тој не покажа храброст се ослободи од неодговорните кадри, кадрите кои потпишуваат договори во четири очи, кадритекои им даваат тендери на штотукурегистрирани фирми, кадрите кои ја користатфункцијата министер во корист на нивните приватни фирми, кадри кои се во состојба да го прекршат законот за лични придобивки.Алијансата за Албанците е свесна дека премиерот не ја поседува таа храброст.Денес со предлогот што го даде, уште еднаш сака да ги измами граѓаните на Северна Македонија. Премиерот покажа дека се во неговата работа е само фарса.Надеж од оваа влада нема, затоа не преостанува ништо друго освен предвремени избори. Алијансата е подготвена да го преземе кормилото и да покажеме како се управува во служба на народот, а не во интерес на партиските групи и кланови, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците. 

Македонија | пред 6 години

egipkani

Египќаните на прием кај Педнароски по повод 24 јуни Ден на Балканските Египќани

По повод 24 јуни, Ден на Балканските Египќани, преѕседателот на Република Северна Македонија прими делегација на избрани претставници, фукцонери и невладини активисти на заедницата на Египќаните од регионот., меѓу кои пратеникот во Собранието на РСМ Рубин Земон, пратеникот на косовскиот парламент  Ветон Бериша, зам. министерот за локална самоуправа Башким Красничи, советикот во Советот на општина Охрид Бесим Демиров, претседателот на Здружението на Египќаните ПТАХ од Струга- Тони Бичак и  др.На средбата стана збор за состојбата на заедницата на Египќаните на Балканот, како и за можностите за поголема интеграција во општеството.Од кабинетот на претседателот на РСМ се вели дека  ова беше можност за разговор за различностите кои не поврзуваат, независно од нашето потекло или заедницата на која и припаѓаме. 

Македонија | пред 6 години

IMG_0381

Меѓународната научна конференција „Влијанието на големите сили врз безбедноста на малите држави“

„Неспорен факт е дека политичките констелации и тенденции независно на кој период се однесуваат, секогаш имале директни импликации во регионалните и конечно - националните внатрешни состојби. И вклучително, се разбира, во делот на безбедноста. Ова особено во контекст на перспективите на, условно кажано, помалите држави“, рече министерот Оливер Спасовски во денешното обраќање на 10-тата по ред меѓународната научна конференција „Влијанието на големите сили врз безбедноста на малите држави“, што се одржува во Охрид во организација на Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на фондацијата „Ханс Зајдел“ од СР Германија и покровителство на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.И конечно, рече Спасовски, но и незаобиколно: цивилизациското, социјалното, културолошкото и економско динамизирање и глобализирање на општествениот развој, особено од почетокот на осумдесетите години на минатиот век наваму, а мотивирани од исто таквата интензивна динамика на меѓународните политички идеи, односи и позиции, наметна потреба од изградба на нови поконкретни механизми, особено важни за малите држави како во смисол на осигурување на сопствената безбедност и развој, така и во смисол на проактивна партиципација во генералните политички трендови.„Следствено на тоа, сакам да истакнам дека процесот на политичко или економско интегрирање, етаблиран во изминативе неколку децении, се покажа како суштествено приоритетен политички механизам особено од интерес за малите држави. Преку тој концепт на политичко делување и партнерство - принципите на соработка, координација, солидарност, добиваат на посебна политичка тежина и значение. Како во смисол на постигнување на внатрешна стабилност на земјите, така и во поглед на заедничката, колективна безбедност. Република Северна Македонија, јасно ги препозна тие и такви тенденции резолутно дефинирајќи, во рамките на своите државни интереси, дека интегративните процеси сe нешто во што вреди да се инвестира како гарант за реална општествена безбедност, но и општествен развој и просперитет“, рече Спасовски. 

Македонија | пред 6 години

policija-ilustracija-1

Извршен увид во стан во Битола во кој беа пронајдени починати маж и жена

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Без струја утре делови од Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода.Како што информираат од РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“, прекинот на снабдувањето со електрична енергија е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.Од 8 часот до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.„Гаврил Радомир“ во општина Аеродром, од 8 часот до 15:30 часот корисниците од дел од ул.„Интернационални бригади“ во општина Гази Баба, а од 9 часот до 12 часот, корисниците од ул.„Фуштанска“ до бр. 31 во општина Гази Баба.Без струја од 11 до 15 часот ќе бидат корисниците од дел од ул.„Борис Трајковски“ (подулица 32) и дел од с. Усје (до гробиштата) во општина Кисела Вода.

Скопје | пред 6 години

vakcini-novi

Нов скандал: Децата се вaкциниpaлe со cтари вaкцини, никoj нe peaгиpaл иако пропустот бил yтвpдeн

Министерството за здpaвcтвo нaбaвилo вaкцини за деца од редовниот календар за имyнизaција кои имале рок на траење за една година пoкраток од тој што бил наведен во фактурите од страна на добавувачот, се вели во најновиот Извештај на Државниот зaвoд за ревизија, кој се однесува на 2017 година. Иако ова е влезено во зaпиcникот за прием на МЗ и Агенцијата за лекови, Внатрешната контрола на Министерството за здpaвcтвo не ја забележала yтвpдeнaтa состојба и нe биле преземни мерки за да се спречи дистрибуцијата на овие вакцини, открива порталот „НоваТВ“ Текстот во целост на:  „НоваТВ“

Македонија | пред 6 години

zaev-ohrid

Заев до критичарите: Не кубете коси, не мрчете

Премиерот Зоран Заев запрашан за тоа што ќе направи прво откако ќе биде официјално именуван за министер за финансии, рече дека ќе се фокусира на повратокот на ДДВ, проект кој започна од јуни. Заев упати порака до оние кои го критикуваа, да престанат да кубат коси.„Она што е важно е на први јули да почне проектот на повраток на ДДВ и сите оние што кубат коси да престанат со тоа заради тоа што е изгорена нашата земја, никогаш не се враќале пари, е сега дали некој ќе добиел 12 илјади, 15 или 27 илјади и слично, дебата ја отвараат одреден дел мрчатори во општеството“, рече Заев од Валандово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев: Како министер за финансии Заев го има под свое и буџетот од 3 милијарди евра, се плашам оти ќе ги однесе на чување дома и девизните резерви

Претседателот на Единствена Македонија во изјава за јавноста се осврна на најновиот предлог, Заев покрај премиер да биде и министер за финансии:-„Слушнав дека Зоран Заев се назначил и за министер за финансии со што го става под своја лична контрола и буџетот од 3 милијарди евра. Заев веќе нема насип во бесмилосниот грабеж. Заев кој е купен и контролиран од странски центар избриша се што е македонско и сега на раат го пљачка народот оти ужива заштита на украденото од своите странски газди од НАТО кои не ги интересира грабежот туку сакаат само марионети кој верно им служат.Заев вели ќе раководел со финансиите бидејќи оваа 2019 година била економска година за повеќе пари за граѓаните. Напротив, 2019 е година за повеќе пари за Заев и фамилијата. 2019 ќе биде година кога Заев и фамилијата стануваат главни дилери на дрога што ќе им донесе 100 милиони евра профит заедно со другите бизниси. Ова го призна и самиот Заев на последниот ТВ дуел со Христијан Мицковски кога кажа дека фирмите на Заев плаќаат по десетина милиони евра данок годишно, што според даночните стапки значи дека остварува годишна добивка од 100 милиони евра.А народот, народот останува со прст во уста со романтичарските изјави на Заев дека Македонија отвори светла страница и економски напредок, се доближува до НАТО и ЕУ од каде ќе се истурат милијарди евра во Македонија и сите ќе бидат среќни и весели и слични романтичарски изјави на Заев оти на народот му треба и по малку романтика.Заев сега ќе го има под лична контрола и буџетот од 3 милијарди евра. Се плашам дека прашање на време е кога Заев ќе донесе одлука да му се доделат на чување кај него дома и државните девизни резерви.Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно - ние сме во политиката да ги бркаме бандитите и да направиме ревизија и одземање на стекнатото од позиција на власт во изминатите 30 години. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, ветувам дека онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против криминалците“ – истакна Бачев.

Македонија | пред 6 години

slika-3-1

Мицкоски: Заев со реконструкцијата најде покус пат парите да одат до Вицето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на Љубанци каде што присуствуваше на традиционалниот ручек во организација на УМС во манастирот Св. Јован.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се осврна на најновиот предлог на владиниот состав, истакнувајќи дека сега парите директно ќе продолжат да одат кај Вицето, по покуса патека.-Како најпрви ќе го победиме овој мал деспот овде во срцето на Балканот Зоран, Заев, видовме денеска конечно се потврди онаа наша максима дека сите пари ќе одат кај Вицето. Видовме денеска дека сите пари навистина ќе одат кај вицето.Дека немаат ништо што да понудат кое што ќе значи развој, градење на општество каде што ќе имаме просперитет, каде што ќе имаме сигурна и загарантирана иднина. Туку себичен мал деспот од Балканот кој што не може да види ништо подалеку од сопствениот интерес и интересот на сопствената фамилија. Најпрвин треба него да го победиме, ама не да го победиме така што ќе имаме пирова победа туку треба да го победиме и да го пратиме каде што му е местото на темната страна на историјата, изјави Мицкоски.Тој посочи дека смената на Тевдовски од првото место во министерството за финансии е тргање на маската, зад која сега и официјално стои Заев.-Народот се спротивставува на пеплосувањето и уништувањето кое го прават луѓето од Власта. Народот е против деспотизмот на Заев кој е лидер на СДСМ, во исто време премиер, а денес официјално дознаваме дека ќе биде и министер за финансии. Ако овој претходниот за финансии му беше маска, денес гледаме дека веќе таа маска ја нема, а виновникот за целата сиромаштија и несреќа на народот продолжува да биде Зоран Заев. Само се стеснува кругот на криминалот и на тоа дека сите пари одат кај Вицето, изјави Мицкоски.Мицкоски истакна дека Гоце Делчев е нашиот херој, и непокор, наспроти тврдењата на Пендаровски.-Бидејќи несреќата на народот лежи токму во Зоран Заев кој насекаде околу себе поставува клонови кој и самите си велат дека потполно се исти како нивниот лидер. Ова го збореше и Пендаровски кому гледаме дека не му е јасно чив бил Гоце, а Гоце Делчев е нашиот непокор, сила и херој кој го има во нашата химна.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека за незавидната состојба во која се наоѓа земјата не е виновна ниту ЕУ, ниту соседите, туку непсообноста на Заев.Клучот на неуспесите не им се ниту ЕУ, ниту нашите соседи, туку Зоран Заев.Власта која тоне во сопствената жива кал не е способна да изменаџира ниту еден процес до крај, постојано наоѓа изговори, оправдувања за своите неуспеси, а единствениот одговор на сето ова е народот кој ќе ги порази, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Физички пресметки во Струшко, Берово, Арачиново, Скопје...

На 22.06.2019 година во 23,40 часот било пријавено дека во с.Радожда-струшко во угостителски објект А.Х.(33) од сЛабуништа бил физички нападнат од И.А. од с.Лабуништа. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 22.06.2019 година во 03,30 часот било пријавено дека во Берово на улицата “Партизанска“ пред угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од Ј.К.(19) од с.Русиново и И.Ц.(21) од с.Робово. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 22.06.2019 во 22,00 часот било пријавено дека во с.Арачиново-скопско М.Ш.(20) од с.Арачиново бил физички нападнат од две малолетни лица. Малолетниците се обезбедени и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. . На 23.06.2019 година во 03.20 часот во СВР Скопје А.О.(19) од Скопје, таксист, пријавил дека на булеварот “Кузман Јосифовски Питу“ бил физички нападнат од едно од трите лица кои ги превезувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 23.06.2019 година во 05.40 часот во СВР Скопје З.А.(31) од Скопје, пријавил дека на улицата “Битпазарска“ во угостителски објект, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања