Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zaev-ohrid

Метлата на Заев: Тевдовски, Николовски, Лика, Николовски се разрешени, Нуредини, Дураку, Милевски нови министри

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.– Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.Заев изрази благодарност до досегашните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ, за како што рече што и служеа на државата и народот извршувајќи ја функцијата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Повозрасна жена нападната од мечка во близина на Љубљана

Повозрасна жена се здоби со полесни повреди откако ја нападнала мечка во близина на нејзиниот дом во селото Врх над Желимљани, што се наоѓа на 15 километри јужно од Љубљана. Повредената 80-годишна жена е хоспитализирана, а властите ангажираа специјална единица на Шумската служба обучена за отстранување на опасните мечки.Нападот се случи додека во Словенија се одвива дебата за зголемениот број на мечки лоцирани во југозападниот дел на земјата, иако животните се забележани и во близина на Љубљана. Словенечкиот Парламент неделава усвои итен закон со кој се предвидува елиминирање на 200 мечки и 11 волци поради се почестите нивни напади врз стоката, што предизвика протести на сточарите. 

Свет | пред 6 години

Roaming

Од 1 јули поевтинува роамингот во регионот

Граѓаните на Македонија , Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина  од 1 јули ќе може да телефонираат во роаминг по пониски цени од речиси 30 отсто, со оглед на тоа што почнува примената на регионалниот договор за роаминг. Цените во првата фаза ќе бидат намалени 27 отсто, а на 1 јули 2021 година се очекува целосно укинување на роамингот за регионот.Договорот на политичко ниво помеѓу земјите од Западен Балкан беше донесен на почетокот на месец април.Директорот на АЕК, Сашо Димитровски кажа дека се очекува намалување на роаминг услугите и со соседна Грција до крајот на годинава. 

Македонија | пред 6 години

sajber-napad

Трамп наредил сајбер напади врз Иран?

Американските медиуми објавија дека САД започнале сајбер напади врз иранските воени компјутерски системи, по само неколку часа откако Иран го урна американското беспилотно летало пред два дена.Информацијата за сајбер нападите доаѓа по изјавата на Трамп дека во последен миг се предомислил за конвенционален напад на воени мети во Иран затоа што, како што вели, одговорот нема да биде пропорционален и ќе доведе до голем број на ирански воени и цивилни жртви.Инаку мериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна , но го предупреди Иран дека ќе се соочи со целосно уништување доколку дојде до судир.Тој вчера во ТВ интервју рече дека САД се отворени за разговор , но нема да му дозволат на Иран да развива нуклеарно оружје.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклист изгубил контрола и паднал на коловозот, пренесен во болница со тешки повреди

На 22.06.2019 година во 18,50 часот било пријавено дека во Кочани на улицата ,,14-та Бригада“ В.Е.(42) од Кочани управувајќи моторцикл ,,Хек 110“ со кочански регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница –Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Нови две пријави за каснување од кучиња скитници

На 22.06.2019 година во 10,45 часот во Полициската станица Аеродром Ж.Ѓ.(45) од Скопје пријавила дека на булеварот “Кузман Јосифоски Питу“ била касната од куче скитник.На 22.06.2019 година во 22,00 часот во Полициската станица Кисела Вода З.Т.(59) од Скопје пријавил дека на улицата “Христо Узунов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 6 години

tabanovce

Приведени турски државјани, сакале да преминат на Табановце со фалсификувани патни исправи

На 22.06.2019 во 15,00 часот на Граничен премин Табановце, приведени биле турските државјани К.Ф.(20), K.M.(22) и E.С.(25), поради фалсификувани патни исправи.Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен Ирски државјанин, дивеел во хотел на плоштад „Македонија“

На 22.06.2019 во 15,30 часот во Скопје во хотел на плоштад „Македонија“ приведен бил В.М.С.(31) од Ирска, поради нарушување на јавниот ред и мир. Против лицето ќе биде поднесена содветна пријава.

Македонија | пред 6 години

detska-pornografija-1

Кривична пријава за детска порнографија, компромитирачка содржина споделил преку социјлни мрежи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дустрибуција на детска порнографија“. Тој на социјалните мрежи „Messеnger“ и „Instagram“ примил фотографии со компромитирачка содржина од 16-годишна девојка од беровско село, по што ги дистрибуирал до трето лице.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Град Скопје ги награди најдобрите за најголем придонес во заштитата на животната средина

Градот Скопје ги избра најдобрите на јавниот конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување, колективно домување и институција) и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и од средните училишта. Овој конкурс беше објавен на 22.03.2019 година и траеше до 15.05.2019 година.За најеколошка компанија (фирма со успешна примена на стандарди и придонес во зачувувањето на животната средина) е избрана Pro Credit Bank, која е добитник на наградата во износ од 45.000 денари.Во категоријата за избор на најголем придонес за заштита на животната средина и природата добитник на наградата во износ од 45.000 денари е НУЛА ОТПАД ДОО Скопје.За најубаво уреден двор на објект за индивидуално домување добитник на наградата е Зоран Митиќ, за двор во општината Аеродром, а за двор на институција победник е ООУ „Свети Климент Охридски“, с.Драчево, општина Кисела Вода. Победниците во оваа категорија ќе добијат награда во износ од по 40.000 денари.[caption id="attachment_49238" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]Наградата за најубав состав на тема екологија за ученици од основните училишта отиде во рацете на Татјана Јовановска VIII 1 одделение, ООУ „Петар Поп Арсов“. Меѓу пријавените состави од ученици од средните училишта најубав беше составот на Христина Иванова IV-2, СУГС „Никола Карев“. Двете ученички добиваат награди од по 10.000 денари.Во категоријата за избор на најубав цртеж на тема екологија за ученици од основните училишта добитник на наградата е Харис Мусли, VIII 2, ОУ „Петар Здравковски Пенко“, а за ученици од средните училишта наградата отиде кај Мартина Арсеска, IV-1, СУГС „Никола Карев“. Наградените ученици во оваа категорија добиваат награда од по 10.000 денари.[caption id="attachment_49237" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]Во категоријата за најубаво уреден двор за колективно домување не е доделена награда, бидејќи на конкурсот не пристигнаа пријави. Овој конкурс Градот Скопје традиционално го распишува во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта - денови на екологијата“, а целта е да се подигне јавната свест за значењето и потребата од чиста и здрава животна средина.[caption id="attachment_49236" align="alignnone" width="1024"]  [/caption][caption id="attachment_49235" align="alignnone" width="1024"]  [/caption][caption id="attachment_49234" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]

Скопје | пред 6 години

120190520_080018

Денеска сончево со умерена облачност, попладне на североисток повремено пороен дожд

Времето денеска претпладне сончево понекаде со умерена облачност. Од пладневните часови и особено на североисток ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Утре ќе дува западен до југозападен ветер кој особено во западните делови и на повисоко ќе засилува. УВ=9За утре метеоролозите најавуваат умерена до значително облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува повремено засилен северен ветер. УВ=7

Македонија | пред 6 години

pijani

Казнети над 200 возачи во Скопје: пречекорена брзина, алкохол...

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 22/23.06.2019 година во времето од 22,00 до 04,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 64 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 37 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 79 останати прекршоци за кои се издадени 44 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Нова мерка за граѓаните, до 180 илјади денари неповратни средства за жени претприемачи од рурални средини

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и унапредување и развој на земјоделството. Обезбедени се средства за финансиска поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство, се вели во соопштението од СДСМ.Со оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе доделува до 180 илјади денари еднократна и наповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе приоденесат за развој на руралните средини на женски член на земјоделско стопанство запишано во единствениот регистар на земјоделски стопанства.Преку реализација на оваа мерка ќе се поттикнат инвестициите во руралните делови, ќе се придонесе кон родова еднаквост и ќе се обезбедат повеќе пари во земјоделските семејства. Зборот важи! Остануваме посветени на спроведување на мерките што се во интерес на граѓаните, што го поттикнуваат економскиот раст. инвестициите и носат повеќе пари во секое семејство, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

120190420_222336

ВМРО ДПМНЕ: Криминалната антибизнис влада на Зоран Заев манипулира со повратот на ДДВ

Криминалната антибизнис влада на Зоран Заев манипулира со повратот на ДДВ. Имаме власт која секојдневно ги ограбува граѓаните со покачени  даноци, акцизи и трошоци за живот бесрамно лаже дека ги враќа парите. Со мерката за поврат на ДДВ со која власта толку се фали, наместо ветените 30.000 денари, граѓаните максимално можат да добијат 1.872 денари во годината или само 156 денари месечно, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Oваа ниска сума ја потврдуваат трошоците во потрошувачката кошничка на едно четиричлено семејство кое за да го помине месецот потребни му се 33.000 денари. Поголемиот дел на трошоци кои им се неопходни на граѓаните не се со даночна стапка од 18%, туку се со 3, 5 или 6%, па така повратот на овие трошоци е уште помал.Според потрошувачката кошничка граѓаните трошат 42% од буџетот на исхрана, но од тоа може да земат само 104 денари месечно затоа што данокот е 5%, додека пак 31% од трошоците им одат за комунални трошоци кои не се даночат па така со 73% потрошен семеен буџет може да се земе поврат од само 104 денари.Со парите потрошени за хигиена, јавен превоз, лекови, облека и културни активности граѓаните можат да добијат уште приближно 52 денари. Така да стигнат до мизерни 156 денари на месечно ниво кои ништо не им значат за да ги покријат зголемените трошоци за живот кои драстично пораснаа изминативе две години.Зоран Заев и СДСМ ветуваа дека со повратот на ДДВ граѓаните во годината ќе може да исплатат кредит, да реновираат соба или да си платат годишен одмор.Но со овие средства кои реално би ги добило едно четиричлено семејство нема да може да си го плати ниту превозот, а камо ли да си дозволи да оди на годишен одмор.Додека власта ја манипулира јавноста со оваа мерка која ќе биде привилегија исклучиво на богатите, поскапеа нафтата, цените на мало, патарините, трошоците за живот и се покачија даноците.Над 500.000 граѓани едвај врзуваат крај со крај, а власта наместо да воведе реални мерки со кои ќе им ги намали трошоците таа воведува мерки за мачкање на очи од кои бенефит ќе имаат само богатите како семејството на Зоран Заев.Зоран Заев и СДСМ ја осиромашија и опустошија државата и наместо живот донесоа беда. На Македонија потребни и се промени и обнова кои единствено ќе дојдат кога оваа криминална власт ќе си замине, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.  

Македонија | пред 6 години

unnamed

КУД "Дримкол" на ЦИОФФ Фестивал во Пермет, Албанија

КУД "Дримкол" Вевчани овие денови македонскиот фолклор и традиција ги презентира пред публиката во Република Албанија во градот Пермет, град во кој датираат зачетоците на фолклорот во Албанија. Од 21 до 24 овој месец се одржува меѓународниот фолклорен фестивал во организација на ЦИОФФ секцијата од Албанија на кој КУД ,,Дримкол” Вевчани е претставник од нашата држава.- Прв пат сме на фестивал во Албанија и навистина сме пријатно изненадени од целокупната  организација на фестивалот, топлиот пречек и гостопримство кои ни се укажуваат овие денови. Особено не радуваат рекациите на публиката кон македонскиот фолклор кој го прифаќаат со воодушевување и уживаат секоја вечер на отворената летна сцена во центарот на градот, изјавија од канцеларијата на КУД Дримкол. Ова е второ меѓународно гостување овој месец на ,,Дримкол” после гостувањето на детскиот фолклорен фестивал во Краљево, Р.Србија.По завршување на овој фестивал, КУД ,,Дримкол” продолжува со своите концертни активности на охридско-струшкото крајбрежје и подготовка за учество на Балкански фестивал во Охрид како и подготовки за денови на Македонската култура во Истанбул,Турција.

Македонија | пред 6 години

klinika-genekologija

29 годишна родилка од Охрид починала од сепса

29 годишна родилка од населбата Рача од Охрид, вчера починала од сепса на клиниката во Скопје, објави Охрид 24.Жената пред неколку дена се породила на гинеколошкото одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид и на свет донела здраво и живо бебе. После породувањето жената била задржана на одделението. Дента кога жената требело да биде отпуштена, при станување од креветот состојбата и се влошила и се онесвестила по што итно била пренесена на клиниката во Скопје. Таму лекарите констатирале смрт, а причината била сепса.

Македонија | пред 6 години

viber

Не Отварајте: На “WhatsApp” и “Viber” кружи порака од “Adidas”

Многу корисници на “WhatsApp” и “Viber”, во последните неколку дена добиле порака во која се повикуваат да учествуваат во наградна игра на “Adidas”, но станува збор за измама.““Adidas” подарува 3000 бесплатни пара обувки, 1800 маици за да ја прослави својата 95-годишнина, а патиките бесплатно можат да се набават на http://www.adidas-neo.club/offer/”.Измамата ја потврди и самата компанија, истакнувајќи дека тие немаат таква “наградна игра”. Имено, оваа измама се шири од 2017 година, а освен “WhatsApp” и “Viber”, ја добиле и корисници на “Facebook” и “Twitter”.  

Македонија | пред 6 години

IMG_0248

Лавина реакции по објавената аудио снимка со Курто Дудуш, МВР истражува дали градоначалникот малтретирал маж во својата канцеларија

МВР ќе го преземе случајот со снимката на која наводно се слуша гласот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, во која машко лице се расправа и физички се пресметува со друго лице. Лавина реакции има на социјалните мрежи, но и помеѓу двете најголеми партии од македонскиот блок.Но и покрај реакциите обвинителството нема отворено предмет за овој случај.И покрај што јавноста очекуваше Дудуш да го образложи случајот, тој не се појави со никаков официјален став за овој случај. Тој се закани со тужби за медиумот кој прв ја објави аудио снимката и само кажа дека се работи за монтирани снимки.Дудуш за„Фокус“кажа:„Ќе заработи соодветна пријава за нарушување на углед и чест. Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени“.И власта и опозицијата во своите реакции ги повикаа институциите да го истражат случајот. Од МВР велат  дека го испитуваат случајот. 

Македонија | пред 6 години

slika-1

Ѓорчев во Лондон се сретна со британски парламентарци и генералниот секретар на ИДУ

Во текот на посетата на Лондон и Велика Британија меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев оствари повеќе билатерални средби. Ѓорчев се сретна со Грег Хендс, пратеник од редовите на конзервативците и поранешен министер за Лондон во владата на Тереза Меј.Ѓорчев оствари средба со Ендрју Розиндел, пратеник од Конзервативната партија на Велика Британија во изминатите 18 години.Исто така, Ѓорчев се сретна со Кристијан Катнер, генерален секретар на ИДУ од редовите на ЦДУ/ЦСУ од Германија. ИДУ е најголемата глобална организација на десниот центар со 73 партии членки од целиот свет каде што ВМРО-ДПМНЕ е рамноправна членка.На средбите Ѓорчев ги информираше соговорниците за состојбите во Македонија, како и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.Ѓорчев особено ги подвлече влошените економски состојби, проблемите со слободата на медиумите и политичкиот прогон, партизацијата на институциите и бројните проблеми кои резултираат со масовно иселување од државата, особено на младите луѓе.Воедно, Ѓорчев истакна дека Македонија и Велика Британија имаат одлични политички и економски односи, како сојузници и пријателски земји. Ѓорчев додаде дека двете земји имаат солидна и силна воена соработка во рамките на НАТО алијансата и мисиите.На крајот, Ѓорчев ја нагласи долгогодишната соработка на ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија на Велика Британија и Вестминстерската фондација за демократија (ВФД), како модел за партнерски однос и доверба.

Македонија | пред 6 години

DSC_4844

Заев се сретна со Управниот одбор на ЗЕЛС- утврден заклучок, за подготовка на државата за следната фаза за институционална и финансиска децентрализација

Премиерот Заев денеска имаше состанок со Управниот одбор на ЗЕЛС, придружуван од советници од неговиот Кабинет, задолжени за ресорите коишто се важни за локалната самоуправа. На средбата се разменети мислења и ставови со цел натамошен квалитетен развој и имплементација на процесот на децентрализација и со тоа поквалитетни услуги за граѓаните на локално ниво.На средбата е утврден заклучок, за конкретна временска рамка за подготовка на државата за следната фаза за институционална и финансиска децентрализација.Постигната е согласност од 1 јануари 2020 година да започне фазно пренесување на нови надлежности од централно на локално ниво во областите каде ќе биде оценето дека е тоа можно и потребно. При тоа, со новиот Буџет за 2020 година ќе бидат земени предвид и финансиските потреби на општините за коишто треба и има можност да помогне државата.Во таа насока договорено е да се формираат работни групи со членови од централната и локалната власт и уште во текот на летото да се почне со утврдување на областите од коишто ќе се децентрализираат надлежности.-Владата е подготвена час поскоро да пренесе нови надлежности од централно на локално ниво. Со префрлените 51 милион евра за покривање на долговите на општините покажавме како Влада дека сме фокусирани да обезбедиме функционални локални заедници. Средствата што се предвидени од централно ниво за патишта и за водоводи, дополнително ќе им олеснат на општините, средствата од нивните буџети за овие намени, да ги насочат кон други потреби.Општините можат да помогнат многу во економскиот развој. Потребна е креативност во обезбедувањето средства преку проекти и рационалност каде што е можно. А интеграциите на нашата држава и отворањето на преговорите со ЕУ ќе значат и достапност на европски фондови и повеќе пари и за инфраструктурата, за животната средина, за проекти во социјалната сфера, образованието, културата. Владата подава рака за вистинска функционална децентрализација, потребно е пофункционално и попосветено решавање на работите, рече меѓу другото премиерот Заев.Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов ги соопшти клучните предизвици со коишто се соочуваат општините и можните решенија што ги предлага ЗЕЛС. Тој рече дека за ЗЕЛС е прифатливо општините да влезат оперативно во процесот на децентрализација, да добијат повеќе финансиски средства, но и да преземат повеќе надлежности.На состанокот на којшто говореа и другите членови на Управниот одбор на ЗЕЛС, градоначалници на општини, беа разгледани можностите за финансирање преку одделување повеќе средства за општините од даноците, капацитетите за преземање нови надлежности на општинско и на регионално ниво, со што ќе се слеваат и по тие основи повеќе пари во локалните заедници, а и граѓаните ќе добиваат побрзи, поквалитетни и поефикасни услуги.На средбата е изразено задоволство за посветеноста на Владата да се обезбеди вистинска децентрализација.Заеднички е заклучено дека денешниот состанок е пример за функционален однос помеѓу централната и локалната власт, во интерес на граѓаните.

Македонија | пред 6 години

F071A090-0D4F-454E-A799-E2A09E4A67B4

Притвор за возачот на камионот, тој е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 21.06.2019 година, по автопатот Скопје-Тетово-Обиколница на Град Скопје управувал со товарно моторно возило МАН со скопски регистарски таблички. Кога дошол пред надвозникот Визбегово, не се движел по средината на сообраќајна лента и не ја приспособил брзината на условите на патот и на густината на сообраќајот. Од тие причини не можел навреме да го запре камионот и удрил во задниот лев дел на автомобил БМВ 535 со гостиварски регистарски ознаки, кој бил запрен во десната сообраќајна лента заради контрола од страна на мобилна сообраќајна полициска екипа. Од силата на ударот, патничкото моторно возило БМВ се придвижило нанапред и удрило во паркираниот полициски автомобил Шкода Јети и во метална одбојна ограда покрај патот. Автомобилот БМВ се запалил, при што сопатникот во возилото се здобил со изгореници и починал на лице место. Полициското возило исто така се придвижило нанапред и удрило во пешаците – возачот на автомобилот БМВ кој бил излезен надвор од својот автомобил и двајца полициски службеници. Сите тројца се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Еден од полициските службеници подоцна им подлегнал на повредите здобиени во сообраќајната несреќа.Ценејќи дека се исполнети законските основи и дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на лицето му определи притвор во траење од осум дена.  

пред 6 години

dogovor-prespa

Грците ни дадоа нова кратенка – РОНМ, МНР засега молчи

Министерството за надворешни работи за приказната на Алфа за фактура од повраток на данок на македонски турист неодамна вратен од Грција, зошто во графата за тоа од која земја е лицето кое бара повраток на данок, не стои целото име во кое се содржи зборот Македонија, ами само РОНМ, што е скратеница од новото уставно име на државата, ќе одговорело во текот на утрешниот ден, објави република.мк.Според договорот од Преспа оваа кратенка е погрешна.Непосредно по потпишувањето на договорот претставниците на Владата ги убедуваа македонските новинари дека ова нема да се случи, па дури и дадоа упатство за како да се имплементира преспанскиот договор во медиумите.Во упатството стои :Придавката „македонски/o/a” да се употребува кога е поврзано со етнички и културен идентитет за народот, нашиот јазик, историја, култура, наследство, територија и останати особености. Ваквите термини во овој контекст се особено различни од оние што се употребуваат и се поврзани со регионот на Македонија во Грција.Правилни примери: Македонски етнички идентитет, Македонски јазик, Македонска култура, Македонска територија, Македонски народ, Македонска историја, Македонски планини, Македонска литература, Македонско кирилско писмо, Македонска храна, Македонски цркви итн.Неправилни примери: Други придавки, вклучително и „Северно македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат.Од МНР велат дека по нивното укажување на непочитувањето на ова упатство, најголем дел грешки се отстрануваат. Од министерството за порталот МКД.МК велат дека анализата покажувала дека најголемиот дел од грешките во медиумите биле ненамерни.Извор:Република 

Македонија | пред 6 години

princ-1

Принцот Чарлс се сретна со Џејмс Бонд

Британскиот принц Чарлс (70) се сретнал со актерот Даниел Крег кој по петти пат го глуми тајниот агент Џејмс Бонд за време на снимањето на новиот филм во познатото студио „Пајнвуд“ во близина на Лондон, каде што се снима претстојниот филм за Џејмс Бонд, пренесува Си-ен-ен.Крег му ја покажал на принцот М-канцеларијата, а Чарлс гледал и како се снима една сцена на монитор. „007“ му ги покажал на принцот и двата познати автомобили на Бонд, Астон Мартин.Посетата на принцот Чарлс не беше прва средба на Крејг со припадник на британското кралско семејство. Тој се сретна со кралицата Елизабета во 2012 година на Летните олимписки игри во Лондон.

Магазин | пред 6 години

paricnik

Нападнaти 87 годишна жена и момче, одземени паричник и мобилен телефон

На 21.06.2019 година во 21,25 часот во СВР Скопје А.Ѓ.(87) од Скопје пријавила дека на булеварот “ВМРО“ две лица физички ја нападнале и и одзеле паричник. Се работи на расчистување на случајот.На 22.06.2019 во 03,00 часот во СВР Скопје М.Н.(22) од Скопје, пријавил дека на улица “Македонија“ бил физички нападнат од неколку лица, кои му одзеле мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Нападнати две лица, на едното му одзеле торба, на другото паричник

На 21.06.2019 годинаво 22,50 часот У.А.(38) од с.Желино-тетовско пријавил дека истиот ден околу 22,00 часот во с.Форино-тетовско бил нападнат од И.Е.(51) од с.Форино, кој му одзел торба. Преземени се соодветни мерки и активности и И.Е. бил приведен во полициска станица.На 21.06.2019 година во 23,00 часот во СВР Скопје Е.Ш.(45) од Скопје пријавил дека на булеварот “Илинден“ две лица му одзеле паричник. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања