Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

gdu

ГДУ: Моделот „Лика“ и „40-те советници“ има тенденција да биде бетониран во нашиот политички систем

Утре, претседателот на Владата г-нот Заев, треба да го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата и притоа да ги соопшти деталите околу имињата на новите министри и ресорите со кои тие ќе раководат. Предлогот треба да биде усвоен на собраниска седница во наредната седмица, се вели во соопштението на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.Ние од ГДУ не се сомневаме дека предлогот на г-нот Заев ќе биде усвоен во парламентот, но имаме огромни сомневања за тоа дали „Моделот Хазби Лика“ ќе остане во минатото. Да, најверојатно г-нот Лика нема да биде министер, но ние осознаваме дека проблемот е системски.Системот со својата тромавост и органска неподносливост на реформи не може да биде сменет на подобро со промената на неколку имиња на клучни позиции, кои од директори ќе станат министри или пак обратно.Потребна е структурна реформа со пирамидално кратење на администрацијата од врвот па надолу, намалување на бројот на министрите (голем дел од сегашните се именувани само за да се задоволат коалиционите апетити на помалите партии), намалување на бројот на советници, намалување на бројот на целата таа државна машина, којашто се задвижува од луѓе кои дури не сметаат дека е важно да се појават на работа, каков што е случајот и самиот г-н Лика.кратење, Владата на г-нот Заев ќе се збогати со уште едно министерство.После тоа, како да му веруваме на Заев дека со нешто е поразличен од неговите претходници?!Мира Дизел е новата Силвана Бонева, Амди си е истиот шмекер, Крсто и неговата дружина стојат достоинствено до вратата за преговори со ЕУ и чекаат знак за да ја „отворат“. Директорите директоруваат со надеж дека ќе станат министри, а министрите не се оптеретуваат премногу, бидејќи и да ги фати „метлата“ ќе им се најде некое директорско или заменик директорско место. Нели затоа се воведе и оваа мерка со замениците директори, операција за мир во куќа.Сè е исто само Груевски замина за Будимпешта и понекогаш нè потсетува за своето постоење во азил со статусите на facebook. Сè е исто и ќе остане така сè додека власта не се охрабри да ги направи првите и најважни чекори: кратење на администрацијата почнувајки од министрите и министерствата во владата, намалување на бројот на пратеници и промена на изборниот модел. Само така ќе ја ограничиме можноста од појава на нови министри кои не одат на работа и од нови пратеници кои одат на работа само за да ги полнат своите џебови со пари од патни трошоци. Само така ќе тргнеме барем за милиметар напред и ќе направиме промена, бидејќи истата е потребна, се вели во соопштението на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Осудуваме било какво насилство, тоа е недозволиво и неприфатливо, одговорност мора да има

СДСМ во врска со објавената снимка во медиумите за наводна поврзаност со  Градоначалникот на Општина Шуто Оризари го испрати следново соопштение:Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста. Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредности кои подразбираат и одговорно однесување и делување. Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво, се вели во соопштение од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

turija

МВР за убиството на уличен продавач на девизи - убиецот телото го ставил во метално буре и го потопил во вештачкото езеро „Турија“

Расчистено убиство во Струмица, Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство го расчисти случајот со пронајденото тело во метално буре на 20.06.2019 година, во вештачкото езеро „Турија“. По извршените анализи, утврдено е дека станува збор за лицето Ристо Иљашев и дека смртта настанала по насилен пат.По добиената пријава за исчезнување на Ристо Иљашев од Струмица на 07.05.2019 година, Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица, во содејство со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал при МВР, ОКТИВ при МВР и Институтот за Судска медицина во Скопје, а по насоки од надлежното обвинителство во Струмица, превзедоа бројни активности се со цел расветлување на случајот.По превземените опсежни активности и истражни мерки и врз основа на прибраните материјални докази СВР Струмица на 16.05.2019 година до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против М.В. (52) од с.Добрејци, Струмица, за извршено кривично дело „Убиство“ од чл.123 ст.2 т.1 од Кривичниот законик бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот на 07.05.2019 година на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Илјашев а потоа се обидел да го прикрие убиството. Истиот ден Судија за претходна постапка во ОС Струмица на осомничениото лице му изрече мерка притвор во траење од 30 дена. По наредба на јавен обвинител беа превземени повеќе дејствија, извршени се претреси на повеќе локации, организирана е опсежна потрага по лицето особено во реонот на браната Турија, каде е забележано возилото на осомничениот. Обезбедени се и други материјални докази. Дополнително во работилницата сопственост на осомничениот во село Добрејци пронајдени се биолошки траги кои потекнуват од жртвата.Осомничениот М.В. кривичното дело го извршил на начин што го искористил долгогодишното познатство со оштетениот Ристо Иљашев и на подмолен начин го лишил од живот, при што трагите од извршениот грозоморен чин се обидел да ги сокрие така што телото на жртвата го ставил во метално буре и го потопил во вештачкото езеро „Турија“ во Струмица.

Македонија | пред 6 години

ojo-1

Едно лице под истрага за убиство на уличен препродавач на девизи, откако го убил го сокрил во буре

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од село Добрејци кое е осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Истрагата е отворена, бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот на 07.05.2019 година на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Илјашев, а потоа се обидел да го прикрие убиството.Имено, осомничениот од претходно се познавал со жртвата и на критичниот ден се понудил да го превезе со својот автомобил Фиат пунто. Од тој момент на Илјашев му се губи секаква трага и тој повеќе од еден месец се водеше како исчезнато лице.По наредба на јавен обвинител, беа преземени повеќе дејствија, беа извршени претреси на повеќе локации и беше организирана опсежна потрага по исчезнатото лице, особено во реонот на браната Турија, каде што било забележано возилото на осомничениот. Притоа, со обезбедените снимки од видео надзорот на околни објекти е утврдено дека Илјашев на критичниот ден се качил во автомобилот на осомничениот во Струмица, иако осомниченото лице во своите искази дава контрадикторни информации за тоа дали го превезувал оштетениот. Дополнително, во работилница во сопственост на осомничениот во село Добрејци беа пронајдени биолошки траги кои потекнуваат од жртвата.На 20 јуни во водите во близина на браната беше пронајдено буре во кое се наоѓало тело на починато лице. Со цел да се задржи под водата, бурето било оштетено и во него биле поставени тегови. По наредба на јавен обвинител, беше извршена ДНК анализа со која се утврди дека починатото лице е исчезнатиот Илјашев. Тој бил уличен препродавач на девизи, а кај него не биле пронајдени околу 26.000 евра кои, според неговите блиски, ги носел со себе на денот кога исчезнал.Основното јавно обвинителство Струмица нареди обдукција на починатото лице, вештачење на неговата облека и на предметите пронајдени во бурето. Се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на настанот.Поради опасност осомничениот да се даде во бегство или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струмица достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Ваквиот предлог беше прифатен од страна на судот и на лицето му беше определен притвор.

пред 6 години

BeFunky-collage-14

ВМРО ДПМНЕ бара Владимир Алексиоски да излезе јавно со документи за тоа колку потрошил по кафани од како е директор !

Откако СДСМ е на власт во Охрид, ниту животот дојде, ниту Охрид тргна напред. Скандалите на функционерите од СДСМ никако да запрат кога е во прашање трошењето народни пари.Владимир Алексијоски, директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“ треба да чувствува одговорност каде и како ги троши парите на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ Охрид го охрабрува Алексијоски да излезе и да им објасни на охриѓани колку потрошил за угостителски услуги во 2017, 2018 и првите три месеци од 2019?Кога Претпријатието има милиони денари загуба, тој прави милиони денари расходи на работи кои не се неопходни.Додека недомаќински се трошат парите, поскапувањето на водата никако да престане. Веќе втор месец охриѓани добиваат повисоки сметки за вода и од веќе претходно покачените.Милионите потрошени за непотребни работи и лични интереси требаше да бидат за ветените проекти кои ќе значат поквалитетна и поздрава вода за пиење.Со измена на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување на предлог на градоначалникот Константин Георгиески се кратат 4.400.000 денари, меѓу останатите минус средства за преприклучување на водоводна мрежа за Абас Емин и водоводни линии во Лескоец.Додека фекалиите завршуваат во Охридското Езеро и дел од пумпите не работат на Алексијоски му се поважни кафаните. Градоначалникот Георгиески да побара одговорност и да го разреши аздисаниот директор Алексијоски.Сведоци сме дека градоначалникот Георгиески и Јавните претпријатија личните интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните и се расфрлаат со пари за работи кои воопшто и не се потребни.СДСМ работи недомаќински и против интересите на граѓаните. Со СДСМ Охрид и охриѓани се враќаат назад.

Македонија | пред 6 години

nesreka-avion

(ВИДЕО) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници и членови на екипажот

Девет лица загинаа во пад на мал хидроавион на северниот хавајски остров, Оаху.Малиот двомоторен авион од типот Кинг Ер се урна во близина на аеродромот Дилингам на островот Оаху , по што се запалил и целосно изгорел.Хавајското министерство за сообраќај соопшти дека загинале сите девет патници и членови на екипажот.   https://www.facebook.com/HawaiiNewsNow/videos/2336969716546594/

Свет | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Македонски државјанин загина на Косово

Македонски државјанин рано утрово загина во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Приштина – Урошевац, откако со своето возило излетал од патот и удрил во бетонски столб, јави дописникот на МИА од Приштина.Веста за несреќата, во која загинал маж на 34-годишна возраст со иницијали А.Ј., во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на косовската полиција за приштинскиот регион, Фљорие Ахмети.Денеска околу 5 часот добивме информација за сообраќајна несреќа на патот Приштина – Урошевац, кај селото Лапнасело, во која учествувало едно патничко возило. Како последица на несреќата, загина едно лице, кое управувало со возилото. Смртта на А.Ј., 34-годишен маж, државјанин на Република Македонија, на местото на настанот ја утврди лекарска екипа, изјави Ахмети.

Македонија | пред 6 години

pendarovski-1

Пендаровски за Диво Насеље: Тоа е договорен настан, не се гонат луѓето луѓето кои наредија тоа да се направи

Моите информации се дека во тековниот процес за Диво Насеље не се зафатени сите клучни актери кои учествувале во подготовката или во позадинското менаџирање на настаните, рече претседателот Стево Пендаровски во 360 степени на Алсат М.-Значи, зафатени се… дали баш сите до еден, не навлегувам во тоа… меѓутоа, зафатени се воглавно луѓето кои оперативно излегоа на терен и ги направија тие безбедносни проблеми во предградието на Куманово. Колку што јас знам, а нешто знам во тој дел, не се опфатени луѓето коишто дадоа наредба тоа да се направи, бидејќи тоа е договорен настан, да нема никој дилеми околу тоа – рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

35-velosipedi-grad-skopje

Кражби во Скопје: Возел точак и кинел златни ланчиња на минувачи

Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против O.Н.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнал со  противправна имотна корист од 90.000 денари.Пријавениот ги извршил делата на 07.06.2019 и на 08.06.2019 година. Додека возел велосипед се доближувал до оштетените и при разминување им ги кинел златните ланчиња. На 14.06.2019 година тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар, каде било извршено препознавање од оштетените.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Воз прегазил мигрант на правецот Гевгелија-Скопје

На 21.06.2019 година во 22,50 часот било пријавено дека товарен воз кој се движел во правец Гевгелија-Скопје, пред Демир Капија удрил во А.Н.(мигрант) од Пакистан, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. 

Македонија | пред 6 години

kucinja-kuce

Грк каснат од куче на плоштадот во Скопје

На 21.06.2019 година во 12,50 часот во Полициска станица Центар З.З.(37) од Скопје, пријавила дека на улицата “Македонија“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.На 21.06.2019 година во 14.25 часот во Полициска станица Центар Л.Л.(59) од Грција, со престојувалиште во Скопје, пријавил дека на плоштад Македонија, бил каснат од куче скитник.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Рачни бомби и куршуми пронајдени кај дебарчанец

На 21.06.2019 во 11.10 часот од страна на полициски службеници извршен бил претрес во куќа и помошни простории, сопственост на Р.Р.(59) од Дебар поради постоење основи на сомнение дека А.Р.(36) (син на Р.Р.) извршил кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.При претресот пронајдена била метална кутија во која имало неколку запалки за рачна бомба и три рачни бомби, неколку рамки за различен вид оружје и 18 куршуми од различен калибар.  А.Р. бил приведен за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

F071A090-0D4F-454E-A799-E2A09E4A67B4

Познат идентитетот на загинатите во страшната несреќа на скопската обиколница

На 21.06.2019 во 16,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата “Мајка Тереза“, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Н.(37) од Куманово, патничко моторно возило „Јети“, сопственост на МВР, и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А. (22) од Гостивар.Двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило. На местото на настанот починал совозачот во возилото „БМВ“, Р.А.(34) од Гостивар.Со возило на Итна медицинска помош А.А. и двајцата полициски службеници С.Б.(37) и Г.А.(48) биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, но во болницата С.Б. им подлегнал на повредите. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

micotakis

Мицотакис ја промовира програмата на Нeа демократија, во неа како што велат „вистинска Македонија на прво место“

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија и најсериозен кандидат за иден премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис на промоција на четиригодишната владина програма на Нeа демократија ја повтори намерата за спроведување кампања за промоција на брендот Македонија. Медиумите не посочуваат дали Мицотакис има посебен план за Преспанскиот договор, но тој јасно ја издвојува важноста на регионот Македонија.Конечно, осмислуваме меѓународни кампањи за вистинска, вистинска Македонија на прво место. Тоа го правиме со цел да ја вратиме реалноста и да го промовираме „името Македонија“ и македонските продукти на меѓународна сцена“, се наведува во програмата. 

Свет | пред 6 години

kit

(АУДИО) Научните за прв пат го снимиле пеењето на еден од најретките китови на светот

Поморски научници за првпат успеаја да го снимат пеењето на еден од најретките китови на светот.Проценките се дека во светот останале под сто јапонски китови,. Првпат истражувачите од Националната океанска и атмосферска администрација имаат докази за вокализации направени од мала група јапонски китови во Беринговото Море. Нивното пеење е како  серија звуци што се репродуцираат на стереотипен, редовен начин, што одново и одново се повторуваат. Кај овие китови тоа најчесто звучи како истрел.За разлика од другите китови, јапонските китови имаат тенденција да се прилично срамежливи кога станува збор за песни, па се придржуваат кон поединечни повици помеѓу членови во групата.Јапонските китови се познати по тоа што произведуваат гласни звуци како повторени вокализации на песна, останувајќи извонредно конзистентни во текот на годините и низ различни локации.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Почна 40. издание на фестивалот Скопско лето

Вчеравечер со Гала оперски концерт на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, беше отворено 40. издание на фестивалот Скопско лето, кој традиционално почнува на првиот ден од летото 21 јуни - Светскиот ден на музиката.На свеченото отворање на овој фестивал, присуствуваше и градоначалникот Шилегов, кој се обрати пред присутните.- Овој фестивал, кој повеќето од нас го сметаме за обележје на градот, веќе 40 години ги задоволува вкусовите на сите оние коишто останале во топлото Скопје.Организаторите на фестивалот и годинава во текот на 40 најтопли денови ќе се потрудат со богата програма којашто ќе содржи концерти, претстави, ликовни изложби, мултимедијални проекти, филмска програма, традиционалното кафе кино, како и програма и за најмладите, да ја задоволат естетските вкусови на сите генерации – истакна Шилегов.Тој додаде дека фестивалот преку избор на различни и необични локации како што се Матка, Марков манастир, Водно, Старата скопска чаршија, Калето, Кејот на Вардар, Градски парк, плоштадите низ градот, старите маала, како и на веќе познатите простори за уметничка интерпретација ја вади уметноста надвор од стандардните простори и ја прави подостапна за сите граѓани и трагачи по културниот туризам.- И годинава централното градско подрачје и други локации низ градот и во околината во вечерните часови ќе се претвораат во летни сцени на културата, а јас се надевам дека програмата којашто ја нудиме ќе ве привлече да дојдете и да уживате во палетата културни збиднувања- рече Шилегов на отворањето на фестивалот.

Скопје | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Просечната плата зголемена за 2 илјади денари, за прв пат државата враќа пари од ДДВ назад кај граѓаните

За првпат директно од Буџетот кај граѓаните се враќа дел од платениот Данок на додадена вредност. Со поврат на 15 отсто од платеното ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината во секое домаќинство, се вели во соопштението од СДСМ.Во изминатите две години, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во април 2019 година изнесува 24 785 денари и е за 3.5% повисока во однос на април 2018 година. Просечната плата за две години порасна за 2 илјади денари. По години економска стагнација и осиромашување на граѓаните, за само две години економијата повторно расте и се развива, имаме вистинска,конкурентна и силна економија која создава шанса за сите.Укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа за струја, зголемувањето на социјалната помош до 300 отсто, намалувањето на трошоците за извршители и нотари ,како и намалувањето на казните за правни и физички лица до 75 отсто и повратот на ДДВ од 15 отсто се само дел од економските реформи и директен доказ за домаќинското и одговорно однесување на Владата предводена од СДСМ.Зборот важи! Владата предводена од СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Зарем премиерот Заев мислеше дека ќе може да ја прелаже Европа?

Европската Унија потврди дека Заев и СДСМ ја уназадија државата.  Република Македонија не доби датум за преговори затоа што е предводена од корумпирана и криминална власт чии бизнис интереси се поважни од интересите на граѓаните.  Советот на министри на ЕУ порача дека не сакаат да бидат во исто друштво со земја која е предводена од два пати аболициран премиер кој е фатен жив како бара мито и кој си доделува земјиште на сопственото семејство, , се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Па Зарем премиерот Заев мислеше дека ќе може да ја прелаже Европа дека:Најпосакуван бизнис партнер преку ноќ стана неговиот брат.Дека се прави рекет.Зарем во Европа ќе одиме со тендери чии победници се знаат уште пред да се отворат.Во Европа ли ќе одиме кога главниот земјоделски магнат станува семејството на премиерот преку плантажи на марихуана а не обичните земјоделци?Зарем мислеше дека ќе ја прелаже Европа дека криминалот царува а корупцијата расте?Со СДСМ на власт мафијата  си доби сопствена држава, криминалот и корупцијата цветаат, економијата тоне, а државата доживува неуспеси на сите полиња.Додека на Заев му течат бизнисите со марихуана,  „Герас Цунев“,  „Цареви кули“ и камионите им возат за РЕК, тој причината за неговиот неуспех да ја внесе Македонија во ЕУ ја бара кај сите освен кај себе.  Дури и подготвен е да не искара со меѓународните партнери на Република Македонија само да не признае дека тој е причината поради која не добиваме датум преговори со ЕУ.Со Зоран Заев и СДСМ државата само пропаѓа и уназадува. Тие не можат да донесат подобар стандард и европска иднина за Македонија.  На граѓаните и Македонија  потребни им се промени, обнова  и напредок кои единствено ќе дојдат кога оваа криминална власт на СДСМ ќе замине, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

struja

Од 1 јули нова компанија, нова цена на струјата за домаќинствата, но и стари долгови

Од 1 јули македонските домаќинства ќе ги снабдува со електрична струја новата компанија EVN Home која произлезе од ЕВН Македонија. Тоа значи дека од овој датум новата компанија ќе ги дава известувањата што и претходниот универзален снабдувач ЕВН Македонија ги давал на потрошувачите.Концептот на сметките и доставување на фактурите останува ист како и досега ,само што ЕВН Македонија го промени називот на компанијата. Токму поради тоа од 1 јули граѓаните наместо од ЕВН Македонија ќе добиваат фактури и известувања од новата фирма ЕВН Хоум, на која корисниците ќе продолжат да и ги плаќаат и новите, но и старите долгови.Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика не откри дали ќе има поскапување или поевтинување на цената на струјата, но, уверува дека корисниците нема да се соочат со ценовни шокови.Од почетокот на оваа година секој корисник веќе може да одбере од која компанија ќе купува струја. Според Бислимовски, за домаќинствата сè уште е поисплатливо да останат на регулираниот пазар и да продолжат да се снабдуваат со електрична енергија од ЕВН Хоум. Но, за фирмите е покорисно доколку излезат на слободниот пазар бидејќи плаќаат за 25-30% поевтина струја.Инаку, со либерализацијата на пазарот на струја комерцијалните потрошувачи кои што излегоа на слободниот пазар  трошоците за набавка им се намалени до 30 проценти. 

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Метлата на Заев: Исмаили во култура, Нуредини во екологија, Дураку во политички систем

Хисни Исмаили ќе го замени Асаф Адам во Министерството за култура. Од ДУИ потврдуваат дека Насер Нуредини ќе ја води екологијата, додека Садула Дураку ќе помине во Министерството за политички систем.Локалната власт останува во игра за да и се даде на Либералдемократската партија, додека министерството без ресор за подобрување на внатрешната бизнис клима се очекува да премине кај една од ромските партии.Од редовите на СДСМ, нов министер се очекува во земјоделството, а исто така се дознава и за смена на министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и за еден министер без ресор.Заев рече дека ќе ги разгледа и предлозите на другите партии.-Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата – изјави вчера Заев, најавувајќи дека паралелно се работи и на вториот бран промени со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија. 

Македонија | пред 6 години

Screenshot_20190621_190830

Власта молчи по објавената снимка каде се слуша како градоначалник тепа човек

Јавноста бурно реагираше откако Лидер објави аудио-снимка на која се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, тепа и малтретира човек.Активистот кој работеше во Центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски, на Фејсбук, побара ракција од власта и од надлежните институции.– Па убаво денеска што отворивте полициска во Шутка, ај сеа да видиме што правите со насилни градоначалници кои се понашаат ко феудална власт и тепаат луѓе по кабинети. – напиша Мицковски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

vreme-1

Времето денес сончево и потопло, со темпеатура до 32 °C

Времето денеска,сончево и потопло со мала до умерена облачност. Локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени. УВ=9Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.  Температурата до 32°C, Притисокот 980 hPa, Релативната влажност на воздухот 48 %, и средна брзина на ветерот 3 m/s.За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ=9

Македонија | пред 6 години

F071A090-0D4F-454E-A799-E2A09E4A67B4

ВИДЕО: Уништени и запалени возила, еве како изгледаше местото веднаш по несреќата на скопската обиколница

Се појави нова снимка од несреќата на скопска обиколница, во која животот го загуби едно лице, двајца полицајци беа повредени, и возачот на камионот.Несреќата се случила кога полицајци сопреле возило БМВ кое ја пречекорило брзината, и во миговите кога разговарале со возачот, на нив налетал камион и ги удрил. БМВ-то изгорело на самото место, и починал возачот на истото, додека двајцата полицијаци се во болница. Повреден е и возачот на камионот кој исто така е пренесен во болница.https://www.facebook.com/murat.beqiri.54/videos/2366439650267440/  

Скопје | пред 6 години

BB556416-2C8F-48BF-AA34-2586A7C53CC3

ТРАГЕДИЈА: Почина еден од полицајците во денешната тешка сообраќајка на скопска обиколница

Сaфет Бајрами, еден од двајцата повредени полицајци во сообраќајката кај обиколница, како што пренесува 24 инфо, им подлегнал на повредите. Бајрами бил дел од патролата на собраќајната полиција, која настрада вршејќи ја должноста на патот, а во овој сектор дошол пред само два дена, кога и добил решение за работа во автопатска полиција.Колку за потсетување, несреќата се случила кога патролата запрела возило Бе-ем-ве со гостиварски регистарски таблички кое возело со брзина поголема од дозволената. Додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со скопски регистарски таблички. Од ударот, автомобилот БМВ се запалил и целосно изгорел. Притоа, на лице место животот го загубил совозачот во автомобилот БМВ.

Скопје | пред 6 години

120190621_224359

ФОТО: Булеварот Партизанска пренаменет во паркинг

Булеварот Партизански одреди наместо за за сообраќај, служи како паркиралиште. Колона од десетици возила се оставени на сред булевар, во делот кој е ограден. Ова се случува изминатава недела, откако отпочнаа градежните работи за замена на асфалтот.Додека автомобилите се паркирани на булеварот, возачите седат во една од локалните слаткарници. На ова не реагира полицијата, која треба да ги санкционира.Ваквата слика не е невообичаена за овој булевар. И во деновите кога сите ленти се функционални, првата е секогаш зафатена од несовесните возачи.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања