Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

vakcina

Со МРП вакцина досега вакцинирани 30.406 лица на возраст до 14 години

Министерството за здравство информира дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата држава изнесува 30.406. Од нив, 15.491 дете се вакцинирани во Скопје, додека 14.915 деца се вакцинирани во останатиот дел од државата.Во периодот од 14.06 до 21.06.2019 година се пријавени вкупно 59 нови случаи на мали сипаници.Согласно дополнително добиени резултати од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ и направената повторна класификација на пријавените случаи, согласно дефиницијата на случај за мали сипаници, вкупниот број случаи од декември 2018, заклучно со 21.06.2019, во Република Северна Македонија изнесува 1.814 случаи, со стапка на заболување од 87,7 на 100 илјади жители. Во анализите не се земени во предвид отфрлените случаи и лицата за кои недостига лабораториска потврда.Од почетокот на епидемијата, досега, во центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 5.305 дози од вакцината, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.Вакцинацијата е единствената мерка за заштита од мали сипаници. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Здравјето на детето е најважно.

Македонија | пред 6 години

64623989_642086052926034_1957952681167290368_n

ФОТО: Се санира атмосферската канализација во Охрид, каде често имаше поплави

Започнаа градежните зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација на делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта.Јавното претпријатие „Нискоградба“ кое ја изведува реконструкцијата ќе постави 80 метри канализационен вод со пречник ф/300, со што трајно ќе се реши проблемот со излевање на атмосферската вода при поголеми врнежи.Поради изведување на градежните работи, сообраќајот на овој потег, целосно ќе биде затворен во периодот од 07 до 17 часот, до завршувањето на реконструкцијата.

Македонија | пред 6 години

1783741-670x377

Заев молчи, ДУИ држава води - Ел Чека со нови бомби

По најновата бомба на Ел Чека, алијанса на албанците тврди дека Али Ахмети и Садула Дураку, договарале прикривање на убиец кој убил невин човек, а тоа од нив го побарал актуелниот вице премиер за европски интеграции Бујар Османи. Ги повикуваат правните институции  и СЈО што поскоро да го разгледаат материјалот, да ја утврдат неговата веродостојност и да се отвори истражна постапка за функционерите на ДУИ кои го имаат прекршено законот.Албанците во текот на овој период очекуваа дека овие функционери од ДУИ барем да поднесат оставка од морални причини од нивните партиски и државни позиции, и да подлежат на правна постапка. Несфатливо и ненормално е однесувањето и молчењето на власта, поточно молчењето на СДСМ и премиерот Заев, кој, како што некогаш ги поштеди функционерите на ДУИ, но изгледа дека тоа се повторува бидејќи сега се покажува индиферентен кон новите прислушкувани разговори, и наместо да создава можности и услови за нивно гонење на оние функционери кои го прекршиле законот, изгледа дека овие недели не живее во државава.Изнесеното од страна на Алијансата за Албанците, и нејзиниот портпарол, во кои се посочува моето име како дел од некаква објава на нелегално снимен телефонски разговор е целосна шпекулација и измислица , реагрираше вицепремиерот Османи.Ниту сум бил вклучен, ниту сум учествувал во активностите кои ги посочува Алијансата и нејзиниот портпарол, ниту пак јас сум оној што е спомнат на нелегалната снимка. Оваа целосно лажна вест има за цел да го наруши мојот политички кредибилитет, како предводник на Европските интеграции во земјава, што со оглед на чувствителноста на периодот, претставува штета што ѝ се нанесува и на земјата, се вели во соопштението од неговиот кабинет.Од МВР велат дека досега е отворена постапка за неовластено објавување на снимани материјали од фејсбук профилот ЕЛ Чека, а за се друго ќе постапат според насоките од ОЈО.Случајот “Ел Чека” засега е во рацете на Кичевското обвинителство, кое кичевчанецот кој живее во Чикаго го гони за прислушување и неовластено објавување на телефонски разговори. Ел Чека веќе месец дена објавува телефонски разговори преку социјалните мрежи, кој според него, ги добил од дел од обвинетите за Диво Насеље, кои се во затвор.

Македонија | пред 6 години

min-za-kult-37lochnsrc46mpe9obkqv4

Абе учи си за доктор, може ќе те стават министер за култура, а ја будала правен ќе студирам

По информацијата дека Хисни Исмаили ќе биде нов министер за култура ќе биде професор од Факултетот за медицина, на социјалните мрежи има бура од реакции.https://twitter.com/TantaraPantara/status/1142061970339848192https://twitter.com/mrsevtimova/status/1142053744135344133https://twitter.com/GLASche____/status/1142048436503699457https://twitter.com/GiocondaBionda/status/1142048178973396992https://twitter.com/Kalabalak_/status/1142045007219712002https://twitter.com/gloryunited123/status/1142038588525293569https://twitter.com/r_veljanovski/status/1142031382107103233https://twitter.com/TasevskiSasho/status/1142021011614982144https://twitter.com/BazeLazevski/status/1142006567639945216  

Македонија | пред 6 години

42489749_936693473203550_6309795025022615552_n

Работник отстранувал кабли од бандера во Охрид, па го удрило струја

На 20.06.2019 околу 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Требеништа, охридско, при отстранување на стара инсталација од столб за изградба на автопатот Кичево-Охрид, Ј.М.(34) од Битола се здобил со тешки телесни повреди.Тој бил пренесен и задржан во болницата Св.Еразмо во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

ojo

Обвинение за директор и стечаен управник - извршиле продажба на имот на стечајниот должник без да ги исплати утврдените побарувања на доверителите

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Во периодот од 28.05.2009 година до 28.05.2013 година, првиот обвинет во својство на одговорно лице – извршен директор на стечајниот должник Акционерско друштво за производство на режана граѓа и други финални производи од дрво ДИК „Страшо Пинџур“ (во стечај) – Кавадарци и управител на правното лице „Амбалажа Кабран“ од Кавадарци, спротивно од одредбите на Законот за стечај, не ги испоолнил обврските кои произлегуваат за него од спроведбениот дел на стечајниот план – План за реорганизација на стечајниот должник, кој бил подготвен и изготвен од санаторот инвеститорот „Амбалажа Кабран“. Согласно овој план, тој бил задолжен да изврши финансиска консолидација на стечајниот должник, да го обнови и продолжи деловниот потфат, како и да ги намири обврските кон доверителите групирани во четири групи, во рок од четири години и една година грејс-период, заклучно со 28.05.2013 година. Спротивно на ова, обвинетиот започнал да врши продажба на недвижниот имот на стечајниот должник.Во отсуство на надзор над спроведувањето на стечајниот план, обвинетиот извршил продажба на имот на стечајниот должник во вкупна вредност од 8.636.415 денари без да ги исплати утврдените побарувања на доверителите во стечајната постапка.Втората обвинета, пак, во својство на службено лице – стечаен управник на стечајниот должник ДИК „Страшо Пинџур“, спротивно на Законот за стечај, не извршила надзор над исполнувањето на стечајниот план за 2011, 2012 и 2013 година и не го известила Одборот на доверители ниту Стечајниот совет дека стечајниот план не се спроведува и дека се врши продажба на имотот на стечајниот должник со што се оневозможува намирувањето на неговите доверители.На овој начин, двајцата обвинети причиниле значителна имотна штета на доверителите на Акционерско друштво за производство на режана граѓа и други финални производи од дрво ДИК „Страшо Пинџур“ (во стечај) – Кавадарци, во вкупен износ од 15.112.669 денари. 

пред 6 години

b_151101012

Сестрата на Бени Шаќири: Скоро сите ве познавам лично, попушете му по нос

Град Скопје, под чија капа е МКЦ, го објави конкурсот за избор на директор уште пред неколку месеци, но процедурата беше стопирана поради претседателските избори.Сега стручната комисија треба да ги разгледа пријавите кои пристигнале и да даде свое мислење до градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Последниот збор за именувањето на директор за МКЦ по функција го има токму Шилегов.  250 културни работници до премиерот Зоран Заев испратија писмо, во кое бараат да спречи менување на сегашниот в. д. директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) Русе Арсов и поставување на пејачот Бени Шеќири на директорската функција.На ова реагираше сестрата на Бени Шаќири која на социјалните мрежи, користејќи хаштаг напиша „попушетемупонос“.„Не е проблем ни потпис, ни петиција ни поддршка, проблем е што се истрчавте со име и презиме за некој кој конкурирал, проблем е што вие осудивте човек што уредно аплицирал. Според вас никој ама баш никој не смее да се пријави на отворен конкурс. Ма зборувајте ми за вашите отворени умови и демократски капацитети, зборувајте ми за вашата дрскост и подметнување на имиња во вашата листа, на цели организации Скоро сите од таа листа лично ве познавам и знаете што #ПОПУШИТЕМУПОНОС

Коментари | пред 6 години

30657188_10212962092820045_8603535688274542592_n

Сите сме за лечење, велат активистите откако се обзнани дека медицинар ќе биде министер за култура

По информацијата дека Хисни Исмаили ќе биде нов министер за култура ќе биде професор од Факултетот за медицина, на социјалните мрежи има бура од реакции.„Сите сме за лечење. ,Логиката во одлучувањето за министрите за културата е сериозно болна.  Болна е штетата што се прави со тоа што културата е постојана колатерална штета на коалициски математики. Болно е инсистирањето Министерството за култура да биде раководено од партија што очигледно нема соодветен кадар за тој ресор па градежници и доктори мораат да ускочат во овој фаличен надреализам. Болно е што наместо да се прегледаат политичарите што прават боранија од културата, доктор им се праќа на културните работници“, напиша активистката Ирена Штеријовска.

Коментари | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев го брани Геровски

Заев на неговиот Фејсбук профил објави статус за слободата на говорот и за притиоците кон новинарите, откако вчера новинарот Бранко Героски објави дека добил закани на социјалните мрежи.„Демократијата можеме да ја унапредуваме само ако сме гласни и ако ги штитиме слободата на говорот и слободата на медиумите. Како човек и како политичар најостро осудувам какви било закани упатени до граѓани или новинари, и се борам против сите обиди на загрозување на нивниот интегритет. Слободата на говор и на изразување се неприкосновени и нема да дозволам на кој било начин да биде загрозено ова елементарно и загарантирано право. Како премиер на отворена, транспарентна и демократска влада укажувам на важноста медиумите да работат ослободени од притисоци, професионално и пред сè, за граѓаните и во интерес на владеењето на правото и демократијата“, напиша премиерот Зоран Заев

Македонија | пред 6 години

naum-za-poposki

Стоилковски: По недобивањето на датум за преговори и годинава, Никола Димитров треба да си поднесе оставка, тој нема ниту едно позитивно дело и успех за државата

Никола Димитров како министер за надворешни работи беше извор на лажна вест, кога лани заедно со двајца вицепремиери и со премиер објави фотографија во чест на лагата дека Македонија добила датум за почеток на евроинтеграцијата на Република Македонија, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани, по недобивањето на датум за преговори и годинава, Никола Димитров треба да си поднесе оставка, тој нема ниту едно позитивно дело и успех за државата и во секоја нормална демократска држава тоа би се очекувало од министер на таква позиција.Недобивањето датум и лани и годинава во јуни е неуспех на македонската дипломатија на чело со Никола Димитров кој што повеќе се посвети на лични прашања отколку на дипломатијата кон навистина добивање датум. Но, тоа е човекот кој што се колнеше во Илинденска Македонија, ја претставуваше Република Македонија а ја потпиша и се гордее со Северна Македонија!Наместо за напредокот и за датумот на Македонија, името на Никола Димитров ги потсетуваше холандските политичари и холандската јавност за корупциски скандал тежок 20 милиони евра, пари од државни субвенции за институт во Хаг, каде Димитров имаше висока позиција и како близок до првиот човек на институтот имал несразмерно голема плата. Наместо да се зборува за Македонија, во Холандија се зборуваше за Димитров, за неговата плата и можна вмешаност во корупциски скандал. Да потсетиме, францускиот печат ја посочи Холандија како земја која се противи на отпочнување преговори со Македонија!Кога зборуваме за Холандија, корупцијата и непотизмот го поврзуваатНикола Димитров и со скандалот со стипендијата за неговата ќерка иначинот на кој таа се стекна со стипендија за студии и престој во Хаг, иакосемејството Димитрови има имот во близина на Универзитетот. Но, Димитровне одговори како е можно со ваква стипендија да се стекне неговата ќерка ане и редица други кои ги исполнуваат критериумите, до сега не одговорил занеговото можно влијание зошто преку ноќ, неговата ќерка се стекне состипендија два дена пред распишување избори, од комисија водена од лицеблиско до Димитров, а комисијата која одобрила стпендијата работела вонецелосен состав?Никола Димитров го претвора МНР во приватна институција на политички истомисленици и со креирање на ситуации за лажни вести, непотизам, самоволие, корупциски скандали, политички реваншизам и со навреди кон македонскиот народ, нанесува срам за државата дома и надвор.Во моменти кога власта најавува привид од реконструкција на владата, Никола Димитров треба повторно да ја активира веќе еднаш поднесената оставка, со потпис и со печат, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

zaev-ohrid

Познато е кого ќе фати „метлата“, одлуките се донесени

Премиерот Зоран Заев попладнево изјави дека во недела попладне до Собранието ќе го достави предлогот за реконструкција на Владата. Тогаш, како што рече, ќе ги соопшти деталите околу имињата и ресорите.– Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата, изјави Заев.Паралелно со ова, како што истакна, се работи и на вториот бран со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Македонија | пред 6 години

kontrolori-tepaat

Малолетници од Скопје се гонат за разбојништво, еве што направиле

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.И.(19), М.Ј.(18), А.Б.(16), Е.Ф.(16) и Е.К.(15), сите  од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.На 25.04.2019 година во Скопје, во автобус кој сообраќал на релација од Центар кон Бит Пазар, пријавените физички нападнале неколку малолетници и им одзеле пари

Скопје | пред 6 години

mrtov

Пронајдено починато лице, се утврдува идентитетот

На 20.06.2019 година во СВР Струмица било пријавено дека во близина на брана Турија било пронајдено тело на починато лице.Извршен бил увид од увидна екипа во СВР Струмица во присуство на јавен обвинител.По наредба на јавниот обвинител телото е дадено на обдукција во Судска  медицина. Се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Неколку лица нападнале малолетник во центарот на Скопје

На 20.06.2019 година во 21.30 часот во СВР Скопје, Љ.Ж.М.(48) од Скопје пријавила дека на ул. „16 та Македонска Бригада“ нејзиниот 17 годишен син бил физички нападнат од неколку лица.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

093740haker

Скопјанец измамил Германци: Купувал производи па ги повлекол платените пари

Секторот за Компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против Д.Ф.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“.Пријавениот направил нарачка од една веб страна и откако ги добил производите успеал со измама да го повлече плаќањето и на тој начин да го оштети продавачот од Германија.

Скопје | пред 6 години

Conifer_forest

Крадел дрва за огрев во Радовиш, полицијата го сомничи за „пустошење на шума“

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против А.Н.(50) од село Јаргулица, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“.На 23.04.2019 година во атар на село Калугерица, радовишко, на место викано „Сушин порој“, од парцела во сопственост на Д.Ј. од Калугерица, пријавениот извршил бесправна сеча на огревни дрва, со што се стекнал со противправна имотна корист.

Македонија | пред 6 години

5ba6d3e2-e299-4f66-ab8c-aaaf0f56d2de

Одземен текстил кој се продавал како брендиран во Тетово

На 20.06.2019 година во периодот од 11.00 до 12.45 часот полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат Тетово, извршиле контрола во продавници за текстил на улица „Маршал Тито”, сопственост на Д.А. и Р.Б., двајцата од Тетово.При контролата била пронајдена и одземена текстилна стока и обувки од познати брендови, спротивно на член 285 од Кривичниот законик – „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. По целосно документирање на случајот против лицатa ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

IMG_0248

Новоформирано полициско одделение во Шуто Оризари

Денеска имам задоволство да ви го презентирам новоформираното Полициско одделение од општа недлежност Шуто Оризари, што е уште еден дополнителен, многу важен, чекор од реализацијата на концептот „полицијата- сервис на граѓаните“, рече министерот Оливер Спасовски на денешното почнување со работа на за прв пат формираното полициско одделение во ова скопска општина.-За нас како актуелно раководство на министерството нема дилема дека отпочнувањето со работа на оваа Полициско одделение во оваа наша општина, во рамки на Полициската станица Чаир, односно Секторот за внатрешни работи Скопје, ќе значи зајакнување на превентивното, проактивно полициско работење на подрачјето на Шуто Оризари, и можност за далеку поголема, конкретна комуникација и соработка меѓу граѓаните и полицијата, а се во примарен интерес токму на граѓаните, како во поглед на јавниот ред и мир, така и во поглед на заштита на имотот и личната сигурност на сите жители на Шуто Оризари. Од сега граѓаните на Шуто Оризари имаат свое полициско одделение, а бенефит од тоа имаат и граѓаните, но и МВР- рече Спасовски.Министерството со сопствени средства целосно ги подготви и опреми просториите на новото полициско одделение, инвестиција вредна речиси два милиони денари, при што денес добиваме објект кој што во целост инфраструктурно ќе може да ги задоволи потребите на нормално полициско работење.Министерот Спасовски оствари средба и со градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш на која се разговараше за меѓусебната соработка, за обновувањето на врската меѓу локалната заедница и полицијата, нешто на што ова раководство работи во целиот период откако е дојдено во МВР.-Многу важно за безбедноста е да има соработка, партнерски однос меѓу граѓаните и полицијата, но за жал таа нишка беше прекината во минатото. Токму затоа интензивно работиме на обновување на таа соработка и притоа ја враќаме довербата на граѓаните во полицијата, што го покажуваат и повеќе анкети- рече Спасовски.

Скопје | пред 6 години

pedofilie-1

Дедо ја допирал малолетната внука, морничав настан во Берово

На 20.06.2019 во 15.05 часот во Полициската станица Берово, 43-годишен жител на Берово пријавил дека, додека седел со неговата сопруга во дворот на неговиот тетин Н.Б.(60) од Берово, Н.Б.  влегол во собата каде била неговата малолетна ќерка и почнал да ја допира по телото. Н.Б. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Берово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

bitola-1

19 возачи казнети за еден ден оти возеле пребзо со нерегистрирани возила и без возачки дозволи

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 20 јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.Притоа, биле контролирани 243 возачи, од кои седум возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле две возила, брзината ја надминале девет возачи, еден не користел сигурносен појас и други прекршоци.На прекршителите им се изречени соодветни казни.

Македонија | пред 6 години

boy-726021_960_720-620x350

Пронајдено 13-годишно дете од Скопје кое беше исчезнато

На 20.06.2019 година во 23.10 часот на улица „Димитрије Чуповски“ во Скопје бил пронајден К.Д.(13) штитеник од Јавната установа „Ранка Милановиќ“ кој беше пријавен дека се оддалечил од установата на 17.06.2019 година. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов побара да не го осудуваат Бени Шаќири

„Сме станале народ кој предвреме суди за сѐ и секого“, одговори скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на новинарско прашање дали ќе го земе во предвид писмото кои вчера го испратија 250 културни работници до премиерот Зоран Заев, во кое бараат да спречи менување на сегашниот в. д. директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) Русе Арсов и поставување на пејачот Бени Шеќири на директорската функција.Во отвореното писмо до премиерот се вели дека ако Шаќири биде назначен за директор ќе дојде до нарушување на континуитетот на работа на МКЦ.Изборот на директор на МКЦ го врши градоначалникот Петре Шилегов бидејќи оваа културна институција е под надлежност на Градот. За избор на директор Град Скопје во февруари распиша конкурс, но рекоа дека изборот ќе биде направен по завршување на претседателските избори.„Не можам да коментирам писмо кое не е испратено до мене. Барате да коментирам одлука која не е донесена. Комисијата си работи и наскоро ќе информираме кој ќе раководи со оваа институција. И сакам да кажам, сме станеле народ кој предвреме суди за сѐ“, рече денес Шилегов.Повеќе прочитајте на СДК.МК

Скопје | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_380003

Охридскиот базен ќе биде пуштен во употреба од понеделник

Отворениот базен што функционира во рамки на ЈП „Билјанини извори" во Охрид од понеделник ќе биде отворен за корисниците.Изминатиот период јавното претпријатие спровело активности неопходни за активирање на базенот, како проверка на системот за прочистување и одржување на квалитетот на водата во базените, комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен, како и уредување на просторот околу двата базени.Градскиот базен „Атина Бојаџи” ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9 до 14 часот за пливачките школи и клубови и од 14 до 20 часот за сите рекреативци.Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари.

Македонија | пред 6 години

mishko-ivanov

Иванов се повлекува од уредничкото место во ТВ24 оти жена му сега е политичарка

Новинарот во ТВ 24, Мишко Иванов, објави дека се повлекува од уредувањето вести и водењето политички емисии, поради политичкиот ангажман на неговата сопруга, Татјана Стојановска Иванова, која од неодамна е член на ИО на СДСМ.,,Сакам да ве информирам дека после сите случувања изминатава недела, јас Мишко Иванов, новинар од 1997 година, досега без ниту една дамка во својата кариера, поради политичкиот и партискиот ангажман на мојата сопруга во ИО на СДСМ, се повлекувам од уредување на Вести и Дневник, а и од политички соочувања. Прво, не сакам да го нарушам угледот на телевизјата кој се гради со години, а второ и мојот морален и етички моментум не ми дозволува да бидам уредник на Дневник или пак да водам политички и економски дебати.. Останувам во ТВ 24 и фокусот кон насочувам исклучиво кон моето милениче „Патот до Успехот“, емисија наградувана, гледана и респектирана, што ми е посебна сатисфакција. Оваа одлука ја донесов веднаш по прифаќањето на политичката функција на мојата сопруга. Ја објавувам денес, чекајќи да видам до каде ќе отидат со плукањата моите колеги.Благодарност од менаџментот и уредничкиот тим на ТВ 24 кои најдоа разбирање за оваа моја одлука. Новинар сум бил, новинар и ќе останам и никокаш нема да дозволам да се судрам со моралот и етиката.П.С Иако, сите напади изминатиов период ги доживеав смирено. Сепак не очекував дека најжестоките ќе бидат од блиски пријатели. Ова е добра поука во животот за да дознаеш навистина кои ти се вистински пријатели. Ова се однесува и за колегите новинари со некои од нив долго време соработував и знаејќи ме како човек сепак се обидоа да удрат по мојот интегритет..Јас сум чист пред себе, дали сте Вие? Во моментот, досега можам единствено да се заблагодарам на коректноста на Канал 5 ТВ…Поздрав и гледајте Патот до успехот на ТВ 24….“-напиша Иванов на својот ФБ профил

Македонија | пред 6 години

putin-vonzemjanin

Русија им порача на САД: Ја доведувате ситуацијата на раб на војна

Иран денес ги предупреди Соединетите Американски Држави дека ќе се брани од еветуален напад, а Русија го обвини Вашингтон дека ја доведува ситуацијата на раб на војна, откако светските агенции објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп прво одобрил напад врз ирански цели, а потоа во последен момент ја повлекол одлуката.Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денес побара од сите страни да покажат воздржаност и кажа дека Москва е загрижена поради тензиите меѓу Вашингтон и Техеран.Пред тоа заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков го повика Вашингтон да ги оцени последиците на конфликт со Иран и кажа дека извештајот на Њујорк тајмс покажува дека состојбата е исклучително опасна.Во знак на претпазливост Американската сојузна управа за цивилно воздухопловство (ФАА) вчера издаде итен налог со кој им се забранува на американските компании да летаат над делови на Иран поради засилените тензии во тој регион. По одлуката на ФАА слични одлуку донесоа повеќе други воздухопловни компании, како холандска КЛМ, австралиски Квантас, германска Луфтханза и британската компанија Бритиш ервејз.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања