Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pari-za-izjava

Нето платата во април е 24.785 денари

Државниот завод за статистика бележи зголемување на просечната исплатената нето и бруто плата во април годинава во однос со истиот период лани.Според денеска објавените податоци, просечната исплатена нето плата по вработен во април изнесувала 24.785 денари и таа е за 3,5 проценти повисока во однос на истиот период лани, додека бруто платата изнесувала 36.796 денари и кај неа има зголемување од 4,8 проценти.Зголемувањето се должи на покачувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита, Транспорт и складирање и Административни и помошни услужни дејности.Во однос на март годинава, зголемување на платата е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација, Рударство и вадење на камен и Транспорт и складирање.

Македонија | пред 6 години

bratalmirmercedes-167314

Таткото на Алмир: Судот уште еднаш го уби син ми

Бобан Илиќ обвинет за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот во случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово, повторно е осуден на шест години затвор.Ова е втора пресуда бидејќи Апелација претходно го врати случајот на повторно судење. Но, казната затвор која ја одреди кумановскиот суд и сега е иста.Таткото на малиот Алмир изјави дека со ова одлука судот уште еднаш го уби Алмир.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ЕКСКЛУЗИВНО: Во село во Дебар во штала за крави пронајдени се бомби и муниција

Во село на територијата на општина Дебар во пограничниот појас со Р Албанија во штала за крави пронајдени се бомби и муниција. Акцијата се спроведува во моментов, дознава Скопје1 од извори во МВР.Повеќе информации во текот на денов.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Позитивен пристап

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор) За секој од нас е исклучително битно да умее да го направи вистинскиот избор и да се насочи кон позитивната патека на сопственото постоење. Погрешниот избор секогаш е знак дека не чекаат многу болки, страдања и тешкотии во текот на животот. Затоа, едно од клучните прашања е: Како да се поставиме кон самите себеси, кон другите луѓе и кон искушенијата, без притоа да се доведеме во ситуација да погрешиме и покаеме за своите постапки?Наместо да создаваме конфликти во односите со другите, многу подобро е да се обидеме позитивно да дејствуваме и напредуваме во доброто. Суштината на успехот е да направиме сé што е во наша моќ за да се чувствувамепозитивно и убаво со самите себе. Секогаш е полесно да најдеме причина за да се чувствуваме неубаво, лошо и дисхармонично. Доволно е да се преоптоваруваме со неубавите нешта од минатото и постојано да размислуваме за лицата кои ни предизвикале разочарувања, болки и страдања и на тој начин да се преполниме со негативни вибрации.Најбитно е да се прифатиме самите себе и да го направиме пристапот кој психофизички нé подига, без притоа да им наштетува на другите.Позитивен пристап е да прошетаме во природа, да комуницираме со добронамерници, да му се јавиме на пријателот, да ги поттикнеме блиските да напредуваат, да создаваме хармонија и креативни дела, да споделиме позитивни емоции и искажеме убав збор со саканата личност итн. Тоа се постапки на афирмација, на позитивно чувство и на правилен избор – тие секогаш ни помагаат убаво да се чувствуваме и да напредуваме во доброто.Од друга страна, кога се лепиме за негативните лица и неубавите животни ситуации, тогаш несвесно се навикнуваме на негативните лица и неубавите ситуации.Поединецот кој живее во депресија и меланхолија, насекаде ги забележува меланхоличните и депресивни изблици на животот.Многу нешта произлегуваат од состојбата на духот и од навиките кои ги стекнуваме во текот на животот. Затоасакаме да комуницираме со луѓе кои ја шират радоста, бидејќи таа и нас нé опфаќа, а бегаме од лицата и ситуациите кои енергетски нé истоштуваат и вознемируваат. Поединците кои постојано шират песимизам, негативизам и незадоволство може да го загрозат нашето биополе и максимално да нé исцрпат на психофизички план, предизвикувајќи ни негативно чувство, енергетска слабост и емоционална ранливост.Ако имаме можност да бираме, добро е да го избереме тоа што нé воздигнува, радува и развива. Слушањето пријатна музика, читањето интересна книга и гледањето убав филм нé расположува и опушта. Со будење на сопствените квалитети и вредности ние отвораме позитивни можности и нови перспективи. Пасивниот пристап кон нештата и избегнувањето да се дејствува и презема одговорност за сопствениот живот, исто така е еден вид на избор. Тоа значи дека избираме да живееме во рестрикција, пасивизација и стагнација. Суштината на вредноста е да се определиме да живееме во експанзија, мотивација и реализација – тоа подразбира позитивен пристап, развој, ширење и активирање на сопствените потенцијали и вредности.Соработката, односот и разговорот со другите лица се корисни и добри за нашата личност, доколку овозможуваат надградба, усовршување и хармонично чувство. Секогаш треба да преиспитаме дали лицата со кои остваруваме комуникација шират позитивна вибрација, го вадат и поттикнуваат најдоброто во нас или ни создаваат тензија, не ограничуваат и напнуваат. Некои од нив може да ни наметнуваат негативни тези и матрици на однесување, да не ставаат во ситуација да стравувамеод нивните реакции, да не заплашуваат колку нештата во нашиот живот се неубави, тегобни и мрачни. Ако се навикнеме на таквите вибрации, нужно ќе страдаме и дисхармонизираме на емоционален план.Решението е да внимаваме на самите себеси и да не се ставаме во ситуација целосно да зависиме од реакциите, постапките и размислувањата на другите. Според филозофот Епиктет: Треба да се дружиме со луѓето кои нé почитуваат, воздигнуваат и од нас го извлекуваат најдоброто.Многумина искусиле разочарувања и неубави животни лекции бидејќи биле жртви на неправди, напади и обезвреднувања од страна на негативно определените поединци. За да се спасиме од таквите ситуации, неопходно е навреме да ги препознаеме туѓите негативни вибрации. Да се биде селективен, аналитичен и внимателен во контактите е еден од начините за сочувување на сопствениот мир и позитивната енергија. Доколку согледаме дека одредени поединци немаат капацитет да не разберат и да создаваат хармонична соработка, туку лошо влијаат врз нашата личност, најдобро е да ги игнорираме или да се дистанцираме. Но, ако се работи за блиски лица од кои не можеме целосно да се дистанцираме, тогаш ќе мора да ги прифатиме и да несе жалиме што сме морале да ги прифатиме.Максимата гласи: “Прифати го, но не се изместувај на психофизички план”. Наша задача е да најдеме начин убаво да се чувствуваме со самите себе и да не страдаме поради туѓата неосвестеност, себичност и неодговорност. Мудрост е да не влегуваме во расправии и да ги избегнуваме контактите со лица кои постојано не вознемируваат, оптоваруваат и изместуваат на емоционален план.Негативниот пристап не донесува решенија за тешкотиите во животот. Песимистички определените поединци предност му даваат на законот на отпорот и негативното доживување на нештата, размислувајќи на следниот начин: не можам да влијаам и да допрам до саканата личност; не можам да пронајдам вистинска љубов; не можам да најдам решение за проблемот; не можам да успеам во работата; нема да се снајдамво јавноста итн.Во животот е потребно да се поседува оптимистички дух, верба и волја за да се успее. Клучни зборови на законот на позитивната вибрација се: ќе се обидам; ќе најдам; ќе постигнам; ќе се сродам; ќе пробијам и ќе надминам. Тенденцијата на фаворизирање на зборовите: “не можам да пронајдам; не можам да успеам;не вреди да се обидам”, нужно ја парализира нашата волја инé води кон пасивност, неуспех и нереализираност. Секогаш треба да се определиме за позитивните вредности и за афирмацијата, иако современиот човек како многу повеќе претпочита да се лепи за негативните и неубави нешта.Главната максима на успехот е: можам, вредам и ќе постигнам. Дали размислата не можам, всушност значи не сакам? Наместо да кажуваме: “не можам да најдам партнер каков што посакувам”, треба да кажеме: “сакам да бидам со партнер каков што заслужувам”. Сличен пристап треба да развиваме и во доменот на работата, во создавањето материјални добра, во воспоставувањето на внатрешниот мир, во градењето хармонични односи во семејството, во иницирањето патувања, напредок итн. Доколку вложуваме во подигнување на свеста, се надградуваме и веруваме во моќта на позитивното мислење, тогаш космичката интелигенција ќе направи се за да го добиеме тоа што го заслужуваме. Секогаш треба да имаме на ум дека нештата во кои веруваме и за кои размислуваме го обликуваат нашиот карактер и ги диктираат вредностите и приоритетите кои ги прифаќаме или кон кои се насочуваме.Подложноста на законот на отпорот и негацијата е најголемиот непријател на внатрешниот мир, успехот и среќата. Ако самите на себе си кажеме: “не можам да бидам среќен, исполнет и радосен”, тогаш илузорно е да очекуваме дека ќе станеме среќни, исполнети и радосни. Поединецот кој постојано повторува не можам, нема да најдам, нема да успеам, ниту нешто ќе најде, ниту нешто позитивно ќе успее и нема да постигне значаен напредок во животот. Наспроти таквиот пристап, многу покорисно е да постапуваме според зборовите на Исус Христос: “Чукни за да ти се отвори, посакај за да ти се даде, побарај и ќе најдеш“. 

Коментари | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Албанците очекуваа функционери од ДУИ кои ги има во бомбите да поднесат оставка и да подлежат на правна постапка

Почитувани претставници на медиумите, Речиси 2-3 недели Албанците ги слушаат прислушуваните разговори - таканаречени бомби, во кои се открива уште повеќе формата и начинот на креирањето политики на ДУИ и на нивниот лидер. Овие разговори, независно од начинот и формата како се објавуваат во јавноста, нивната содржина станува загрижувачка, бидејќи протагонисти се политички лидери избрани преку гласање и се повикуваат на легитимитет кај Албанците. Значи, не се обични приватни разговори на обични граѓани, туку се разговори помеѓу официјални претставници и политички лидери. Истите функционери на ДУИ, врз основа на прилушкуваните разговори, ги злоупотребиле своите партиски и државни функции, преку влијание врз изборот на судии,обвинители. претседатели на судови, нотари итн. Истотака од последните прислушкувани разговори се слушаа и скандалозниот разговор меѓу лидерот на партијата Али Ахмети и Садула Дураку,кој говорат за прикријување на убиец кој убил невин човек а тоа од нив го побарал актуелниот вице премиер за европски интеграции Бујар Османи, се вели во соопштението по пресс конференцијата на Алијанса за Албанците.Според прислушкувањата е чисто како солза дека: Тие вршеле притисок врз функционери за да поднесат оставка, како што беше случајот со ректорот на ДУТ и многу други случаи кои ги слушнаа граѓаните. Овие функционери базирајќи се на прислушкуваните разговори вршеле политички притисок врз одредени медиуми . Слушнавме од прислушуваните разговори дека постојат снимки од полнење на гласачки кутии за ДУИ, и многу други кодирани разговори кои даваат индикации за прашања кои се јавуваат како енигматични. Да не зборуваме за навреди, пцовки, потценувања врз истакнати личности и врз разни подрачја кои некогаш биле полни сo гласачи на ДУИ.Сите овие се индикации и докази дека функционерите на ДУИ го прекршиле законот, а Јавното обвинителство мора да преземе итни мерки. Бидејќи разговорите се од периодот кога на власт беа ВМРО и ДУИ, а дел од нив беа објавени од страна на тогашниот лидер на опозицијата и актуелен премиер Зоран Заев, за нас како Алијансата не е битно кој ги објавува и како тие станаа достапни за јавноста, туку нивната содржина. Народот ќе ги казни со својот глас, а Судовите треба да покренат кривични постапки. Ние како Алијанса, ги повикуваме правните институции, Специјалниот јавно обвинителство, што поскоро да ги разгледаат прилушкуваните разговори, да ја утврдат нивната веродостојност, и што е можно поскоро да се отвори истражна постапка за функционери на ДУИ кои го имаат прекршено законот.Албанците во текот на овој период очекуваа дека овие функционери од ДУИ барем да поднесат оставка од морални причини од нивните партиски и државни позиции, и да подлежат на правна постапка. Несфатливо и ненормално е однесувањето и молчењето на власта, поточно молчењето на СДСМ и премиерот Заев, кој, како што некогаш ги поштеди функционерите на ДУИ, но изгледа дека тоа се повторува бидејќи сега се покажува индиферентен кон новите прислушкувани разговори, и наместо да создава можности и услови за нивно гонење на оние функционери кои го прекршиле законот, изгледа дека овие недели не живее во државава!На крајот, ја потсетуваме јавноста дека нема датум за разговори со ЕУ или интеграција во ЕУ, бидејќи оваа влада која ги амнестира инкриминирала ДУИ ја држи во залог целата евроатланска перспектива на нејзините граѓани. Нека се реформира и нека го исчисти политичкиот криминал од владата, пред Владата да се реформира од страна на народот, се вели во соопштението по пресс конференцијата на Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Штом Шеќеринска ни забрани дебата во Домот на АРМ, готови се и тие тоа го знаат

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска ја забрани стручната дебата во организација на Единствена Македонија на начин што не дозволи користење на сала во Домот на АРМ иако претходно уредно беше доставено соодветно барање, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Шеќеринска ја ставила забраната откако и било предочено дека универзитетски професори, дипломати, историчари и новинари ќе дебатираат за излезните решенија за Македонија по националното предавство на марионетската власт во Скопје со бришење на се што е македонско.Шеќеринска изврши тешка злоупотреба на својата положба оти Домот на АРМ не е нејзина приватна своина туку објект во државна сопственост во кој согласно законот се издаваат простории за најразлични настани со плаќање на соодветна закупнина. Дотолку повеќе, Единствена Македонија во изминатите десетина години има организирано повеќе дебати и трибини во Домот на АРМ со уредно плаќање на закупот на просториите.Забраната на Шеќеринска на демократска дебата е веќе знак на една уплашена власт за која цел свет знае дека е инсталиран од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите. Готови се и тие тоа го знаат, се вели во соопштението од Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

eksplozija

(ВИДЕО) Голема експлозија во рафинеријата за гас во Филаделфија

Голема експлозија, утринава, буквално разнела до темел рафинерија за нафта во американскиот град Филаделфија, соопштуваат тамошните медиуми. првата експлозија се чула во околу 03.20 часот утринава, по локално време, а кусо време потоа одекнале уште неколку детонации.Од силната експлозија се треселе околните згради. Полицијата и затворила околните патишта за да може пожарникарите непречено да ја извршуваат својата работа.https://twitter.com/FOX29philly/status/1141996005057019904?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1141996005057019904&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fsilen-pozhar-ja-blokirashe-filadelfija-gori-stara-rafinerija-za-nafta-od-silnata-eksplozija-se  

Свет | пред 6 години

stolpce

(ВИДЕО) Ало МВР - Таксист корне столпче за да може да паркира на тротоар

На Ѕидот на сообраќајниот срам е споделено видео на кое  се гледа како таксист корне столпче за да може да паркира на тротоар. Нели, намената на столпчето му е тротоарот за да не можат возачите да  го користат за паркинг?Снимката е направена кај Веро Џамбо, спроти комплекост банки.https://www.facebook.com/dalibor.a.jovanov/videos/vb.100001018587599/1468520689858536/?type=2&video_source=user_video_tab

Скопје | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ДИК за Алфа: Гиновски бил член на избирачки одбор на предлог на СДСМ

Б. Гиновски кој вчера преку социјалните мрежи му се заканувал на уредникот на „Плусинфо” Бранко Героски на последните претседателски избори по предлог на СДСМ бил член на избирачки одбор во општината Ѓорче Петров на избирачко место 2581.Ова за телевизијата Алфа го потврдиле од Државната изборна комисија (ДИК). По синоќешниот притисок како што рече Героски, поради објавување на серија текстови за наводна изнуда  и рекет тој денеска беше во штабот на СДСМ.Спротивно на ова Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ по средбата на Героски со претставници од СДСМ истакна: Во разговор со господин Геровски, му дадовме информација дека не станува збор за партиско обезбедување. Во текот на денот, ќе видиме од базата на членовите дали станува збор за член на Социјалдемократскиот сојуз. Секако, доколку станува, согласно нашиот Статут во партијата соодветно ќе реагираме.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Заканувачките пораки не ги пратило партиско обезбедување, доколку е член на СДСМ соодветно ќе реагираме

Утрово дојде господин Геровски, имавме конструктивен разговор во однос на заканите кои што беа упатени до него, вчера вечер.Секако, како одговорна партија, ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се оградуваме и најостро осудуваме каков било обид за навреда или за спречување на изразување на слободна мисла на говор. Тоа не е наша вредност.Наша програмска определба, наш принцип и наша вредност е да имаме овозможување на слободно изразување на волјата на говор, тоа и го правиме. За тоа доказ се и извештаите на “Репортери без граници” каде што Република Северна Македонија има раст од 15 места во истите тие извештаи.Во разговор со господин Геровски, му дадовме информација дека не станува збор за партиско обезбедување. Во текот на денот, ќе видиме од базата на членовите дали станува збор за член на Социјалдемократскиот сојуз. Секако, доколку станува, согласно нашиот Статут во партијата соодветно ќе реагираме, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ . 

Македонија | пред 6 години

65220338_167493447619592_7246869791368019968_o

Нова револуционери протести во Скопје од понеделник

Поради неконтролираното труење на бездомните кучиња во целата држава, здружението „Шепасти ентузијасти“ од следниот понеделник до петок, ќе организира протести во Скопје. Протестите го носат слоганот „Шепаста револуција“.„Бидејќи нема никаква реакција од надлежните, повикуваме на револуција, која нема да вклучува насилство, туку силно ќе покаже дека навистина ни е преку глава да ја гледаме агонијата на бездомните животни! Рута: Собрание, Рекорд, ЈП „Комунална хигиена“, секој работен ден од 17 до 20 часот. Сите облечени во црно и со црвена боја во раката. Можеме ли заедно да го направиме ова?“, пишуваат организаторите.Тие велат дека нивна должност е да се борат за судбината на бездомните животни. Реакција за убиствата на животните имаа и од здружението за заштита на животните „Анима мунди“.„Ова е секојдневната реалност со која се соочуваме, слика што не може да се избегне околу нас на секој чекор - живи животни што се тетерават, паѓаат, повраќаат и се борат за последен здив; умираат пред очите на граѓаните, пред очите на децата. Бараме итно најстрога законска забрана за слободна продажба на високотоксични материи кои секојдневно се купуваат и злоупотребуваат, а кои може да бидат погубни за секого. Бараме контроли во сите земјоделски аптеки, на сите пазари, каде што смртоносни супстанции се продаваат евтино и под рака. Бараме да се фати трујач и да одговара. Посочуваме - отровите се поставуваат во близина на маркети, детски игралишта и паркови, влезови, кафулиња и ресторани, повеќето со безбедносни камери што би послужиле како доказен материјал за пронаоѓање на сторителот, но секако ако сакаме тој да биде пронајден“, велат од „Анима мунди“.

Скопје | пред 6 години

kosovo

Косово: Невладините бараат повлекување на законот за финансирање на партиите

Претставници на косовските организации на граѓанското општество протестираа денеска пред Собранието на Косово, со барање за повлекување на законот за финансирање на политичките партии.Протестот, како што јави дописникот на МИА од Приштина, е дел од кампањата на 100 невладини организации против нацрт-законот, со кој, според нив, се намалуваат надзорот и контролата врз финансиите на политичките субјекти, како и нивната транспарентност и отчетност пред јавноста. 

Свет | пред 6 години

Foto-3-8

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Црна Гора, Марија Петровиќ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на Марија Петровиќ, новоименувана вонредна и ополномоштена амбасадорка на Црна Гора во Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски упати честитки по повод нејзиното именување и изрази интерес и подготвеност за натамошно зајакнување и продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји. Претседателот истакна дека силната и безрезервна поддршка од Црна Гора за реализација на европската и атлантската перспектива на Република Северна Македонија секогаш имала особена важност за нас.Во тој контекст, претседателот Пендаровски изрази благодарност за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Собранието на Црна Гора.„Во оваа пригода, би сакал да нагласам дека Црна Гора е наш докажан пријател, а нашите билатерални односи се карактеризираат со искрен и отворен дијалог, потврден низ соработка на сите полиња од заеднички интерес, како и низ редовни средби на највисоко ниво“, рече претседателот Пендаровски, оценувајќи дека конструктивниот дијалог е резултат на заедничката волја на двете земји да го одржат позитивниот тренд во билатералната соработка, да дадат свој придонес за стабилноста и безбедноста на нашиот регион, но и за заедничката европска иднина.„Убеден сум дека и во периодот што следи, ќе продолжиме со напорите за интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес, како на билатерален, така и на регионален и меѓународен план. Очекувам одличната соработка и взаемната поддршка на регионално ниво, посебно во рамките на Брдо Бриони Процесот, како и на мултилатерален план, да продолжи и да се интензивира“, истакна Претседателот.Новоименуваната амбасадорка на Црна Гора во Република Северна Македонија, Марија Петровиќ изрази уверување дека нејзиниот мандат ќе биде во функција на одличните билатерални односи и пријателските врски меѓу двете држави.„Поддршката за Република Северна Македонија да стане дел од НАТО беше и е високо на агендата на црногорската надворешна политика, на тоа не обврзува традиционалната блискост и пријателство на нашите народи, но и евро-атлантското партнерство и вредности на кои тоа се заснова“, рече амбасадорката Петровиќ.Амбасадорката изрази надеж дека и нашата европска приказна ќе биде исто толку успешна и дека Република Северна Македонија во најбрз рок заслужено ќе ги отвори преговорите.„Членството во Алијансата за современа Северна Македонија, токму како и за Црна Гора, е стратешки и вредносен избор, цивилизациски исчекор кој ги надминува рамките на дневната политика. Истото важи и за членството во Европската унија“, нагласи црногорската амбасадорка Петровиќ.Претседателот Пендаровски на амбасадорката Петровиќ и посака многу успех во извршувањето на амбасадорската функција.   

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Велешанец осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Имено, осомничениот 59-годишен велешанец, пред влезот и во внатрешноста на куќата во која живее, неовластено заради продажба држел 29,2 грама амфетамин, 4,52 грама кокаин и 89,37 грама прашкаста материја кофеин која што служи за зголемување на масата на наркотичната дрога. Дрогата била пронајдена при претрес на домот на осомничениот во текот на вчерашниот ден. Притоа, освен наркотичната дрога, беше пронајдена и дигитална вага и парични средства во износ од 500 американски долари и 415 евра.Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес поднесе и Предлог за определување притвор за осомничениот. Ваквиот предлог беше прифатен и на лицето му е определен притвор во траење од 30 дена. 

пред 6 години

Нема фотографија

Нов парк за миленичиња во Реонски центар

Општина Аеродром деновиве ја почна изградбата на паркот за миленичиња во Реонски центар. Паркот се простира на површина од 600 квадратни метри, ограден со заштитна ограда и опремен со различни реквизити што овозможуваат активно и безбедно дружење на домашните миленици.Исти вакви паркови ќе бидат изградени и во непосредна близина на детската градинка „Бамби“ и ООУ „Љубен Лапе“, како и во паркот зад бензинската пумпа „Лукоил“.

Скопје | пред 6 години

1-2-2-2-

Им врзал цигли околу врат, па ги фрлил во септичка јама: Детали за тројното убиство во Белград

Полицијата уапси три лица, другари на покојниот Драгослав Јовановиќ кои заедно со него направиле злосторство поради долг за стан кој убиениот Неџа Шубара го имал кон покојниот Јовановиќ.Откако полицијата во понеделникот вечерта ги пронајде телата на 42-годишниот Неџа Шубара, неговата 75-годишна мајка Даринка и неговата 80-годишна тетка Милја Петковиќ во септичка јама во Сурчин, на имотот на Љубомори Јовановиќ Стаклениот, некогашен припадник на сурчинскиот клан, уапсени се три момчиња поради сомнение дека му помагале на покојниот Драгослав, во злосторството.Лисици им се ставени на 31-годишниот Милош С., 22-годишниот Лазар Д. и 20-годишниот Никола Ч.Уапсениот Никола го возел автомобилот, додека Лазар чувал стража додека другите ги фрллале телата во септичка јама. За да се осигураат дека телата нема да испливаат од фекалиите, тие на жртвите околу врат им врзале коноп со цигли и ги фрлиле со главите надоле, а потоа јамата ја затвориле со бетонски поклопувач.Српската пејачка Гоца Божиновска дошла вчера на имотот на Јовановиќ, каде се пронајдени телата. Таа инаку е во добри односи со Јовановиќ и многу е потресена поради се што се случило во последно време.– Тие се прекрасно семејство. Верници. Не знам зошто ова им се случува. Драгослав беше прекрасно момче. Секогап ме поздравуваше кога ќе се сретневме, дури и ми нудепше помош да ми носи ќеси, ако имам – рекла кратко Божиновска.

Свет | пред 6 години

grom

Среде секс ги удрил гром: Скандалот следувал во болницата во Белград

Бојан З. (33) и Мирјана М. (36) од Белград се повредени кога во нив удрил гром додека воделе љубов под жална врба на белградска Ада Циганлија, пренесува „Србија данас“.До несреќата дошло кога вчера Белград го зафати големо невреме. Екипа на Итната медицинска помош ги однела во болница целосно голи и со опекотини. По укажаната помош, Бојан бил пуштен дома, додека Мирјана била задржана на лекување. Дежурниот лекар потврдил дека таа е сместена на интензивна нега, но не е во животна опаснст.Но, овде приказната не завршува. Непосредно по приемот на повредените љубовници, во болнцата се случил скандал.Во болницата дошол млад господин и се распрашувал за здравствената состојба на повредената Мирјана. Од персоналот на болницата му кажале на кое одделение е, но и го замолиле да ја преземе нејзината гардероба. Но, меѓу женската облека нашол и машка. Кога му рекле дека тие работи му припаѓаат на мажот на Мирјана, тој извикал: „Па, јас сум нејзиниот маж“. Тогаш разбрал дека неговата сопруга за време на несреќата водела љубов со колега од работа.

Свет | пред 6 години

zaev-1-702x459

Заев вели дека ќе се договорат чиј е Гоце Делчев

Премиерот Зоран Заев се огласи на Фејсбук и порача дека на комисиите од македонско-бугарскиот состав формиран во согласност со договорот за заемно пријателство со Бугарија им е потребно време за да го утврдат статусот на Гоце Делчев како историски лик.„Со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат.Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака.За да успееме треба заедно да зрееме. Пријателството мора да биде двострано и взаемно“, напиша премиерот на својот профил на Фејсбук.Ваквата реакција на шефот на македонската Влада следува откако официјални лица од бугарската страна го доведиа во прашање етничкиот идентитет на македонскиот деец и дека не се согласуваат 7 октомври да биде ден за негово заедничко чевствување бидејќи бугарскиот премиер Георги Димитров „тогаш ги предал моштите на Делчев во Македонија и направил предавство“.

Македонија | пред 6 години

ministerstvo-za-kultura-5

Познато е името на новиот министер за култура

Универзитетскиот професор Хисни Исмаили, ќе биде нов министер за култура во земјата, објави телевизијата „Алсат-М“.Исмаили се образувал во Тузла и моментално е професор на Медицинскиот факултет во Македонија.Ова е трет министер за култура во владата на СДСМ и коалицијата.Премиерот Зоран Заев денеска треба да го достави предлогот за нови министри во другите ресори во кои е направена промена на раководните функции.

Македонија | пред 6 години

marjan-cvetkovski

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за директорот на МРТВ - Директорот земал кредит без дозвола

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот на МРТВ, Маријан Ц. поради сомнеж за злоупотреба на службената положба.Како што беше посочено на денешната прес конференција, пријавата е поднесена до Основното обвинителство.-Осомничениот М.Ц. во 2015 година е осомничен дека ја злоупотребил службената положба. Земал кредит од 140 милиони денари, а заложил имот во вредност од 294 милиони денари, односно го заложил целокупниот движен и недвижен имот на МРТВ без да побара согласност од Собранието, истакна Даниела Велковска, од Управата за финансиска полиција.Кривична пријава е поднесена и за нотарката З.П. која ги заверила спорните договори.-Дел од добиениот кредит во износ од 30,3 милиони денари М.Ц. веднаш го искористил за подмирување на достасани обврски кон Банката давател на кредитот и доверител, по основ на претходен откуп на побарувања од правниот субјек БЕГ-Снабдување центар ДООЕЛ Скопје, истакна Велковска. 

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Пендаровски: Неспорно е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин

Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, во тој историски контекст, како што е неспорна историска вистина и факт дека се борел за македонска држава, изјави претседателот Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „360 степени“ на Алсат М.Зборувајќи за дискусиите кои се водат во Бугарија и Македонија за националноста на Гоце Делчев, Пендаровски рече дека изминатиов период имал интензивни консултации со луѓе кои се разбираат од проблематиката.-Сигурен сум дека постепено ќе станува политички проблем. Тврдам дека допрва ќе станува политички проблем ако пристапот од бугарска страна продолжи да биде ваков. Неспорна историска вистина е, за сите што имаат малку сознанија од тој историски период, дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин. Но дали не е историска вистина стопроцентна дека Гоце Делчев се борел за македонска држава, автономија, независна држава, па дури и на крајот оставил аманет неговите коски да почиваат во независна Македонија. Не постои ниеден документ кој вели дека Гоце Делчев се борел за голема Бугарија или изјави или став дека се борел за припојување на тогашната провинција во Османлиското царство Македонија, кон Бугарија – рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

120190520_075956

Какво време да очекуваме викендов?

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. УВ индксот ќе има многу висока вреднсот со коефициент 9.

Македонија | пред 6 години

lorenco

Шпанија демантира дека била против датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Шпанската амбасада во Скопје ги демантира информациите дека заедно со уште шест земји-членки на Европската Унија била против одредувањето датум за отпочнување на преговори со Северна Македонија.– Сметаме дека со соопштението на романското Претседателство на Советот на ЕУ се отфрлаат шпекулациите пласирани вчера од страна на еден опозиционен политичар од СевернаМакедонија според кои Шпанија наводно била против датумот за отпочнување на преговорите заедно со други шест земји членки. Шпанија ги препознава значителните заслуги на Република Северна Македонија, а особено Преспанскиот Договор кој претставува пример за регионот, се наведува во соопштението од Амбасадата на Шпанија во Скопје.

Македонија | пред 6 години

3

Заев се сретна со извршниот директор на Светска банка, Дејвидсе

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски, се сретна со извршниот директор во Светска банка, Кун Дејвидсе.На средбата е изразена силна поддршка за одржливите фискални и економски политики, што водат кон реализација на проекти од интерес на граѓаните. Констатирано е дека направените крупни политички чекори во државата, на долг рок го отворија патот за стабилизација, а со тоа и за одржлив економски развој на земјава, во којашто се гледа лидер за економски развој и на регионот.На средбата е заеднички нагласена важноста на Стратегијата за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка, со чијашто поддршка се реализираат проекти во патната инфраструктура, енергетиката, комуналната инфраструктура. При тоа, истакната е потребата за одржување на потребната динамика на активности, со цел заокружување на проектите во предвидените рокови.„Граѓаните веќе ги чувствуваат економските бенефити од донесените политички одлуки. Сите економски параметри се во нагорна линија, растот на БДП-то, рекордниот износ на странски инвестиции на домашно и на регионално ниво. Работиме напорно овие трендови да продолжат и да имаме уште поголеми резултати до крајот на годината, за 2019 година да биде и економска година, освен година на интеграциите. Заокружување на НАТО интеграциите, како и почетокот на преговорите со ЕУ, по надминувањето на политичката криза, реформските чекори и затворањето на прашањата со соседите отвораат големи перспективи за државата и за граѓаните. Продуктивноста е добра, фокусирани сме на зајакнување на сервисните капацитети на институциите со цел зголемување на економските резултати и она што е најважно, тие да допрат уште повеќе до граѓаните и квалитетот на живот“, рече премиерот Заев на средбата со извршниот директот на Светска банка, Дејвидсе.

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Поднесено обвинение за пукањето во Маџари

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) и во врска со член 22 (соизвршителство), како и за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 24.01.2019 година, во скопската населба Маџари, по претходен договор со негов близок роднина кој во моментов е недостапен на органите на прогонот, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице. Имено, на критичниот ден оштетениот се возел во автомобил Фолксваген голф 5 заедно со неговиот малолетен син и со уште две лица со кои бил во роднинска врска. Заради претходно нарушени меѓусебни односи на двете семејства, обвинетиот, управувајќи со патничко моторно возило Фолксваген голф 3 удрил во нив, а зад нив застанал и неговиот роднина со автомобил Алфа Ромео 156 Караван. Во двата автомобили имало и други засега непознати лица, кои излегле и со шипки ги искршиле стаклата на голфот во кој се превезувал оштетениот. Во тој момент детето на оштетениот излегло од автомобилот, а обвинетиот го удрил со тупаница, нанесувајќи му телесни повреди.Обвинетите и засега неидентификуваните лица кои биле со нив, потоа отвориле оган од четири огнени оружја – пиштоли кон патниците во автомобилот голф 5 и директно кон оштетениот, со умисла обидувајќи се да го лишат од живот и нанесувајќи му тешки телесни повреди во вид на огнострелни рани на двата скочни зглоба на нозете и скршеници на левиот талус и на десната потколеница.Во тој момент, оштетениот паднал на земја, но еден од неговите роднини, со својот пиштол „Ekol Special 99“, преправен како огнено оружје што го поседувал без дозвола, возвратил на пукањето. Со ова дејствие и тој предизвикал значителна опасност за телото на луѓето, па и против ова лице надлежниот обвинител покрена обвинение за кривично дело – Предизвикување општа опасност, предвидено и казниво според член 288 став 1, како и за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.    

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања