Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

medicinski-sestri

Министерството за здравство објави јавен повик за патронажна дејност за медицински сестри

Со цел обезбедување на спроведувањето на патронажната дејност во рамки на здравствените домови и општите болници со проширена дејност на територијата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство ги поканува сите заинтересирани медицински сестри кои имаат интерес да бидат ангажирани и да работат во службите за патронажна дејност, да се пријават и достават писмо за интерес до Министерството за здравство.Согласно Законот за здравствената заштита, на јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани медицински сестри со завршено средно, вишо или високо образование во траење од три години, пробна работа и положен стручен испит.Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи - здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности од примарна здравствена заштита и во единиците во кои се врши дејноста.За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое задолжително треба да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од дипломата за завршено образование, копија од положениот стручен испит и јавната здравствена установа во која се изразува интерес да се врши работата според местото на живење.Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достави во писмена форма до архивата на Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија“ бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до 30.06.2019 година, со назнака: ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за работа во службите за патронажна дејност за медицински сестри.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ:Со повратот на ДДВ секое семејство добива доход плус во домашниот буџет

Преку мерките и проектите кои ги спроведува Владата предводена од СДСМ се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Повратот на ДДВ од 15 проценти е уште една од низата мерки кои директно влијаат на домашниот буџет на секое семејство, се вели во соопштението од СДСМ.Преку реализацијата на проектот „Мој ДДВ“ околу 50 милиони евра годишно ќе завршуваат во семејните буџети на граѓаните, како  доход плус во секое домаќинство.Освен повеќе пари во семејствата, со оваа мерка директно ќе се влијае на намалување на сивата економија и даночно затајување. Повратот на дел од ДДВ ќе ги охрабри граѓаните да побараат фискални сметки и со тоа да влијаат врз намалувањето на сивата економијата и даночната евазија.Пристап кон оваа мерка ќе има секое лице над 15 години кое поседува лична карта и трансакциска сметка ,а целата постапка се врши преку мобилен телефон, што како мерка ја прави едноставна за користење.Во последните две години, Владата предводена од СДСМ, низ одговорен и домаќински пристап, преку низа мерки обезбедува повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин.Намалувањето на нотарските и трошоците кај извршителите од 50-90 проценти, намалувањето на казните за правни и глобите за физички лица до 75 проценти,намалувањето на ДДВ за парно греење од 18 на 5 проценти, укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, растот на минималната плата на 10.500 денари, на просечната плата, зголемувањето на социјалната помош до 300 отсто, се само дел од досега спроведените мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.Зборот важи! Владата предводена од СДСМ парите ги враќа назад кај граѓаните, наспроти ВМРО – ДПМНЕ кои 11 години им ги земаа парите на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.  

Македонија | пред 6 години

stop-policija

МВР затекна низа неправилности по скопските сообраќајници

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 53 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 30 возачи од кои: 22 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи-почетници и шест возачи поради сторени останати сообраќајни прекршоци.Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, 17 возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, пет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со телесни повреди.

Македонија | пред 6 години

kucinja-skitnici

Две нови пријави за каснување од куче скитник во Скопје

На 20.06.2019 година во 10.20 часот во Полициската станица Центар, К.Б.(81) од Скопје пријавил дека на Кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.На 20.06.2019 година во 16.20 часот во Полициската станица Драчево, Б.Ц.(28) од Скопје пријавил дека на улица „Коперникова“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 19 годишен Кумановец пронајдена марихуана и амфетамини

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Т.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 06.06.2019 година во Куманово полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамини.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Со блокирана сметка набавувал роба, Скопјанец доби кривична за „измама“

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единицата за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Љ.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „измама“, казниво по член 247 од Кривичниот законик.Пријавениот, со лажно прикажување на факти како ополномoштено лице со полномошно од 27.01.2017 година заверено на Нотар, а дадено од неговата сестра како управител на правно лице, за да превзема дејствија во нејзино име, довел во заблуда претставник на друго правно лице и се стекнал со имотна корист во вкупна вредност од 154.201 денари. Тој го прикрил фактот дека не може да ја плати набавената стока, односно дека неколку месеци има блокирана жиро сметка и нема активен деловен статус.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Албанска државјанка со фалсификувана исправа се обидела да премине на Деве Баир

На 20.06.2019 година, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Деве Баир била задржана И.М.(35) од Албанија. Таа била пренесена и задржана во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

tabanovce

Тројца турски државјани сакале да преминат на Табановце со фалсификувани исправи

На 20.06.2019 година во 13.20 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека патните исправи на А.С.(23), М.Б.(39), В.Б.(30), сите од Турција, биле фалсификувани. Тие биле приведени СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

slika1

Лидершип самит - Најголемите експерти од проектниот менаџмент доаѓаат во Охрид

Остануваат уште неколку дена до отпочнување на првиот балкански проектен лидершип самит на којшто ќе присуствуваат лидери од компаниите, и лица коишто аспирираат тоа да постанат. Ова ќе биде ексклузивна можност за првпат во Македонија да го слушнеме и членот на Бордот на ПМИ г-дин Томас Валента, експерт со долгогодишно проект менаџмент искуство, којшто ќе ни збори за Вредноста на Проектниот Менаџмент во една компанија.Војтек Чизевски ќе ни говори за проектен лидершип и лекции коишто се научени водејќи луѓе од различни култури, Милан Шмигич ќе биде модератор на настанот, и ќе одржи работилница на тема Jung at heart – what’s your personality colour?Барбара Брегар-Мрзликар долгогодишен лидер во ЦЕЕД Словенија ќе зборува на тема : Why is leading hard & how to become better leader, а регионалниот ментор од ПМИ Ката Догару ќе има интересно излагање на тема: Servant Leadership.Особено интересно за сите ќе биде и работилницата за Lean Management во организација на Александар Илоски од MQS Macedonia и Коста Петров од Moonsun. Како најмлад огранок на ПМИ на балканот, локалниот огранок на ПМИ Македонија ја доби таа чест да го организира првиот балкански проектен лидершип самит, во организацијата на самитот имаме целосна поддршка од ПМИ ограноците од балканот, коишто функционираат на овие простори повеќе од 15 години.Project Management Institute® (PMI®) е најголемата светска асоцијација за проект менаџери, со преку 600,000 сертифицирани експерти и 450,000 членови во повеќе од 200 земји. ПМИ огранокот во Северна Македонија е локалниот огранок на овој институт и има за цел да ја промовира важноста на улогата на проект менаџерите во водењето и обезбедувањето на резултатите и континуирано подобрување во фирмите со овогодинешните теми на “Project Leadership Summit”.Настанот ќе биде одржан на 29-30.06.2019 во хотел “Инекс Горица” во Охрид и се очекува да присуствуваат околу 100 гости од земјата и од странство.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Нема датум за преговори затоа што планот за реформи 3-6-9 со кој толку многу се фалеа се претвори во фијаско

Втора година со ред неспособната влада на Зоран Заев не добива датум за преговори со ЕУ и покрај тоа што го смени името на државата и ги распродаде државните и национални интереси. Претходните осум години кога Македонија имаше позитивни препораки за преговори со ЕУ услов за датум беше решение за спотот со името, но сега реалноста е дека Македонија не доби датум за преговори затоа што власта нема испорачано реформи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Планот за реформи 3-6-9 со кој толку многу се фалеа се претвори во фијаско. Не успеаја да исполнат ни 42% од истиот. Воедно државата се повеќе тоне во корупција, судството и обвинителството работат по нарачка на аболициран премиер, а нема реформи ниту во администрацијата.Две години Заев ги лаже граѓаните дека датумот само што не сме го добиле. дури и се сликаше во авион прославувајќи дека сигурно добиваме датум, за да една година после тоа се уште нема ни Д од датум за преговори со ЕУ.Откако повторно добија студен туш од ЕУ, сега повторно манипулираат дека датумот го добиваме во октомври или декември, но пораката која ја добивме е дека во октомври ќе се донесе одлука. Притоа нема гаранција дека и тогаш ќе добиеме датум затоа што државата ни ја води најнеспособната влада во историјата.Во Европа не се оди со два пати аболициран премиер, со партизирано судство и обвинителство, корупција местени тендери и непотизам во секоја пора во државните институции. Во Европа не се оди ниту со економија која тоне, уништено здравство и колабирано образование.СДСМ и Зоран Заев докажаа дека ниту можат да спроведат реформи, ниту да го подобрат стандардот на граѓаните а уште помалку можат да не однесат во Европската Унија. Единствено што знаат е како да ги продадат државните интереси, да си ги прошират своите бизниси и да ги осиромашат граѓаните.Со СДСМ и Заев граѓаните и државата стагнираат. Одговорност неуспехот на власта, распродавањето на државата и криминалот мора да има. Потребни се промени и затоа СДСМ и Заев мора да си заминат. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

parking-in-thessaloniki

Внимавајте каде паркирате во Грција - на сила е новиот закон, може да платите казна, но и да останете без таблички

Според новиот закон изгласан минатата година за некои сообраќајни прекршоци полицијата во Грција може да ви ги одземе и документите и да ви ги одземе табличките на возилото.Во Грција во последниве години полицијата ги симнува регистерските таблички од  автомобилите што се погрешно паркирани. Тоа важи и за Грците и за странските државјани и туристи.Ова вообичаено се случува во Солун, на Тасос, Халкидики, но и на островите. Казната за непрописно паркирање во Грција изнесува од 40 до 80 евра, но повеќе не постои можност да се плати половина од казната ако тоа се направи веднаш на лице место.За странските државјани казната е симнување на регистерските таблички кои потоа се враќаат штом се плати казната. Грците, пак, може да останат без таблички и до три месеци, плус да ја платат казната. 

Свет | пред 6 години

120190520_080018

Времето денеска сончево и топло, со изолирана појава на пороен дожд

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=9За утре метеоролзите најавуваат сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. УВ=9

Македонија | пред 6 години

36616394_1823206931056471_7722326244448010240_n

21-ви јуни - Ден на Охридското Езеро, се грижиме ли доволно за тоа што се гордееме?

21-ви јуни - Ден на Охридското Езеро.  Овој датум веќе 19 години,  се одбележува со манифестации  кои се одржуваат наизменично во трите општини Охрид, Струга и Поградец. Целта на овие дружби е обединување на граѓаните и општините од двете земји, но и детектирање на заедничките проблеми поврзани со Езерото од стручните тимови и расправа за  истите со цел навремена заштита на езерото што го делат.  На овој начин се покажува и важноста на Езерото, но и подготвеноста на македонската и албанската страна да направат се заедно за заштитата на езерото, институционално и легислативно преку транспонирање на програмите и директивите на Европската унија во законодавството на двете земји.„И покрај високиот квалитет на водите во Охридско Езеро (освен притоките Черава и дел од Сатеска) над Езерото висат многу опасности околу неговата идна заштита. Ја детектирам како најголема опасност амортизацијата на колекторскиот систем чија рехабилитација треба да почне буквално-вчера! Институционалната рашомонијада околу надлежностите за заштита и управување со Езерото е исто така негативен момент. И третиот не помалку битен момент е неопходноста од итна де-урбанизација и де-узурпација на крајбрежието. Планот за управување со сливот со програмата на мерки која ќе ја изработиме до крајот на годинава, се предиспозиции за квалитетна заштита. Во спротивно без почитување на стручните препораки ќе ни следи критичен период за заштита и управување на Езерото што ќе се одрази и на квалитетот на водите, а со тоа и на економската иднина, напиша Дејан Пановски координатор на ГЕФ Дримскиот Проект на социјалната мрежа Фејсбук.Од оваа перспектива гледано може да се каже дека важно е колку е старо Охридското Езеро, но уште поважно е колку ние ќе го заштитиме.

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Новинарот Героски објави заканувачки пораки, денеска во СДСМ сака да се соочи со заканувачите

Новинарот Бранко Героски подолг период пишува дека добива заканувачки пораки поради текстовите кои ги објавува. Една таква објави синоќа и напиша: Утрово точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено "бањање во Вардар".Еве ја објавата од Героски, но и пораката која ја добил:Претседателе на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 22.14 часот ја добив оваа заканувачка порака од извесен Борче Гиноски, кој за себе вели дека работи во обезбедувањето на СДСМ.Дали Вашата партија, премиере, почна да се служи со вакви методи? Дали ја одобрувате оваа отворена закана? Дали ќе преземете нешто?Утре изутрина точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено "бањање во Вардар".Колеги новинари, претставници на ЗНМ и на другите новинарски здруженија, ве поканувам во ова време да бидете присутни на настанот во седиштето на СДСМ на улица Бихаќка.ПС. Ако не барам премногу од вас, драги пријатели, ве молам споделувајте го овој пост.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2239172859537730&set=a.444632805658420&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

bager-3

(ФОТО) SOS: Со багер се корнат растенија, дел од ѓубрето се турка в езеро, се кршат трски

„Помеѓу камп Елешец и плажата Атлантик, денеска се корнеа  растенија со багер  и дел од растенијата до оградата на плажата поточно ѓубрето го туркаа во езерото. При тоа без воопшто да се внимава се искршија и трски“, реагираат денеска од  Охрид SOS.Тие прстот го упатуваат директно кон Општина Охрид и прашуват кој дал одобрение за ова? Дали споменатата плажа има концесионер? Дали се ова подготовки за утрешниот ДЕН НА ЕЗЕРОТО?Во продолжение од SOS уште додаваат:Зоран Заев, се надеваме дека македонската делегација во Баку ќе ги понесе и овие фотографии, како посветено работите на зачувување на статусот природно светско наследство.https://www.facebook.com/OhridSOS/photos/pcb.2365308427081134/2365323710412939/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

putin-vonzemjanin

(ВИДЕО) Путин: Не, не сум вонземско суштество и имам докази за тоа

Претседателот на Русија, Владимир Путин не е вонземско суштество, така барем вели тој при одговор на едно шеговито прашање за време на неговата годинашна „директна линија“ за прашања и одговори со Русите, пренесе РТ.-Не сум, и имам докази, мои сведоци и луѓе блиски до мене, и моите деца, на крајот на краиштата“, рече рускиот претседател.

Свет | пред 6 години

timonie

Тимоние и Герберих со пофалби, но немаат гаранции за датум во октомври

Германскиот и францускиот амбасадор во земјава со пофалби за досега стореното, но без гаранции дека земјава ќе го обезбеди долго посакуваниот датум за преговори на есен.-Северна Македонија испиша успешна приказна на Западен Балкан. Лично сум убеден дека уште оваа година ќе може да има само една одлука, а тоа е да се започнат пристапните преговори со Северна Македонија согласно препораките на ЕК. Прашањето не гласи повеќе дали, туку кога тоа ќе се случи, истакна германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции во Парламентот.Францускиот амбасадор Тимоние повтори и дека за официјален Париз приоритет е реформа на унијата, а на земјава и порача да продолжи со реформската агенда.Следната шанса за земјава да го обезбеди посакуваниот датум за почеток на преговори со Унијата е на 17 и 18 октомври во Брисел за кога е закажана седницата на Европскиот совет, на кој се очекува да доминираат темите за конечниот излез на Британија од Унијата и новиот состав на Европската комисија.   

Македонија | пред 6 години

zaev-metla

Се „крои“ списокот со нови министри, утре треба да биде доставен до Собранието

До крајот на неделава премиерот Заев ќе го состави својот нов кабинет. Владиниот портпарол најави дека пратениците ќе бидат првите кои ќе ги видат имињата во новиот владин состав. Во меѓувреме се уште течат консултациите на Заев со лидерите на помалите политички партии во коалицијата. Премиерот денеска остварил средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.  Заев денеска имал средба и со првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, а се стретнал и со останатите лидери.Премиерот Заев треба да ги пополни и двете празни министерски фотелји: во култура, по оставката на Асаф Адеми и во земјоделство, откако Љупчо Николовски најави дека професионално ќе се занимава со партиски прашања.Неофицијално министерството за култура повторно ќе го води кадар на Алтернатива. Но, не е познато дали министерот на Тачи, Бардуљ Даути ќе го задржи министерското место без ресор задолжен за странски инвестиции. Исто така се зборува дека Горан Милевски, лидерот на ДПА, ќе биде нов министер за локална самоуправа. А неговиот сопартиецот, Зоран Шапуриќ ќе се повлече од позицијата министер без ресор, а на негово место неофицијално ќе седне кадар на НДП, партијата на Весел Мемеди. Насер Нуредини треба да го преземе Министерството за животна средина, и покрај тоа што по професија е банкар од ДУИ очекуваат добро да се снајде и во екологијата.Најмногу осум министри ќе заминат од Владата или ќе сменат ресор. Четирите дами нема да бидат реконструирани.Реконструкцијата ќе биде на дневен ред во Собранието во понеделник или во вторник. За нејзино изгласување, доволни се 61 глас.Се очекува веќе утре Заев да го состави списокот и да го достави до Собранието. Седницата пак на која што пратениците ќе одлучуваат за новата влада најверојатно ќе се одржи во вторник.   

Македонија | пред 6 години

noga-gangrena

(ВИДЕО) Трогателна сторија, синот моли институциите да го згрижат неговиот болен татко

Прилепчанецот Борис Мирчески 2,5 месеци живее со отворена рана на ногата. Поради тоа стапалото комплетно му поцрнело. Во станот од ногата се шири неподнослива миризба. Поради тоа што е неподвижен физиолошките потреби ги извршува во креветот што дополнително придонесува за страшните нехигиенски услови во кои живее. Со него живее и синот Александар. Ниту Александар ниту татко му не знаат зошто и како тој ја добил гангрена на ногата. Александар незнае зошто лекарите дозволиле ситуацијата толку да се искомплицира, објави sitel.com.mk.Мирчески живеат само со социјална помош, понекогаш Александар собирал и пластични шишиња, а Борис скоро секој ден пита. Иако немаат скоро ништо, скромно велат барем имаме за јадење. Сега само бараат помош за хоспитализација.Текстот во целост на: sitel.com.mk

Македонија | пред 6 години

Bujar_Osmani_VP

Нова „бомба” од Ел Чека: Ахмети и Дураку говорат за пpикpивање на yбиeц, а тоа го побарал Бујар Османи

Ел Чека објави нова „бомба” на Фејсбук. Тој објави прислушуван разговор помеѓу Али Ахмети и Садула Дураку.Имено во бoмбата како што вели Чека се слуша како Али Ахмети и Садула Дураку говорат за пpикpивање на yбиeц, кој убил нeвин човек, а тоа од нив го побарал актуелниот вицепремиер за европски интеграции, Бујар Османи, објави lider.com.mk.– Кој е Бујар кој бара од Али Ахмети и Садула Дураку да го приkpијат yбиeцoт кој yбил како што и Садула вели нeeвин човек, зошто тој побара од Али Ахмети да го смени името на кpиминалецот кој како што му вели и Дураку дека пред да оди кај него се сретнал со Дураку, зошто Али Ахмети е толку близок со yбиjцитe и со кpиминалците кои бараат од него да интepвенира по cyдовите и кај cвeдoците. – пишува Ел Чека.Разговорот помеѓу Али Ахмети и Садула Дураку на: lider.com.mk https://www.facebook.com/dan.dervishi.5/videos/vb.100024454758048/448143912677430/?type=2&video_source=user_video_tab

Македонија | пред 6 години

Foto-1-7

Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Здружението на судиите, Џемали Саити

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими Џемали Саити, претседател на Здружението на судиите и судија во Врховен суд на Република Северна Македонија.На средбата беше разговарано за предизвиците со коишто се соочуваат судиите во вршењето на својата одговорна должност, како и за развојните процеси во оваа област, со цел јакнење и гаранција на независноста, самостојноста и објективноста на судството. Во тој контекст, претседателот на здружението Саити го информираше претседателот Пендаровски за нивните досегашни активности во насока на поттикнување на развојот во судството, преку унапредување на законите за целокупната организација и работата на судовите.[caption id="attachment_48826" align="alignnone" width="2000"]  [/caption]Претседателот Пендаровски нагласи дека главен предуслов за напредокот на секоја државата е токму владеењето на правото, односно, неселективно и независно судство, коешто професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите.Тоа, нагласи Претседателот, се придобивки од коишто, посредно или непосредно, се засегнати сите граѓани во Република Северна Македонија. Доследното практикување на правната држава е од витален интерес за нашите граѓани, рече претседателот Пендаровски, подвлекувајќи дека тоа е едно клучните барања на Европската унија, во пресрет на одредување на датум за почеток на пристапните преговори на нашата држава.  

Македонија | пред 6 години

tepacka-222

Тепачка помеѓу неколку лица - едно заврши во болница, друго во полиција

На 20.06.2019 година во 01,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата “Цветан Димов“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу неколку лица. Притоа, на А.Р.(24) му била нанесена повреда од  остар предмет и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Исто така приведено е и едно лице, Б.Б. (29), кој бил задржан во Полициската станица Бит Пазар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се судриле два велосипеди, едно лице со повреди заврши во болница

На 19.06.2019 во 17,15 часот во СВР Скопје од комплексот клиники “Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди била донесена Е.С.(37) од Скопје, која, според пријавеното се здобила со повреди откако управувајќи велосипед удрила во друг велосипед, управуван од 11 годишен малолетник, на локалниот пат с.Долно Лисиче-с.Горно Лисиче. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

paysend

Злоупотребил банкарски податоци од платежната картичка и преку интернет извршил пренос на пари на сопствената сметка

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против П.М.(19) и В.А.(18), двајцата од село Куклиш, Струмица за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. Првопријавениот прибавил банкарски податоци од платежната картичка сопственост на Б.К.. од Радовиш, по што на 23.03.2019 второпријавениот, ги употребил ваквите податоци, и во три наврати, преку интернет сервисот на „PaySend“, извршил пренос на пари на сопствената сметка. По ова, на 24.03.2019 година од банкомат во Струмица, истиот ги подигнал паричните средства, и половина од износот му дал на првопријавениот.

Македонија | пред 6 години

ministertvo-za-ekonomija-biro

Вработени во Бирото за метрологија ќе одговараат кривично

НК КР Делчево поднесе кривична пријава против Т.М.(54), Т.И.(51), П.Н.(39) и О.А.(37), сите од Скопје, сите вработени во Министерството за економија- Биро за метрологија, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавените, како вработени во Биро за метeорологија, издале потврди за отворање на постапката за идентификација на две патнички возила, кои што не ги исполнувале законските услови за легализација, со што овозможиле сопствениците на возилата да се стекнат со право на регистрација.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања