Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

puski

Истрага за пронајдено оружје и муниција во Марино

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, во својот дом во село Марино, неовластено држел полуавтоматски пиштол со калибар од 7,65мм со два шаржери, десет куршуми со калибар 7,65мм, ловна пушка со калибар 12мм, полуавтоматски пиштол со калибар 7,62Х25мм, 18 куршуми муниција за тој пиштол, 89 ловни патрони, како и пневматска пушка без ознака и број и од неутврдено потекло. Оружјето и муницијата биле пронајдени вчера при претрес на домот на осомничениот.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Притоа, јавниот обвинител ценеше дека постојат околности кои што укажуваат дека постои опасност лицето да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело. 

пред 6 години

kinel-lancinja

OJO поднесе обвинение за сторена тешка кражба за 40-годишен скопјанец

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен скопјанец за сторено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Обвинетиот во текот на мај и јуни годинава сторил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Сторителот искористил исти прилики и околности и на дрзок начин одземал туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Движејќи се со велосипед, се приближувал до оштетените и на разминување со нив  им ги кинел од вратот златните ланчиња, по што веднаш се оддалечувал во непознат правец.Со поднесеното обвинение, обвинителството до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор, бидејќи ценеше дека се исполнети законските основи. 

пред 6 години

marihuana2

Започната е постапка против две лица кај кои е пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените во своите домови,  неовластено заради продажба држеле  наркотична дрога марихуана со вкупна количина од 271,1  грама, спакувана во повеќе полиетиленски кеси и распоредена на повеќе места.Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените би можеле да се дадат во бегство или да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничените лица. Судот со решение за еден осомничен определи мерка притвор,  а за вториот осомничен  е определена мерка куќен притвор. 

Македонија | пред 6 години

ojo

Извршен увид во Карпош 4 каде што беше пронајдено телото на починат маж

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во Карпош, каде пред зграда беше пронајдено безживотно тело на 38-годишен маж. Во насока на целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за смртта, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за криминалистичко-техничка обработка на станот во кој престојувало лицето и на неговиот автомобил. Истовремено, ќе биде обезбедена и целокупната медицинска документација за починатото лице.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев:Ти благодарам Емануел што не го признаваш предавството на Заев како услов за влез во ЕУ, паметен чекор

„Силно ја поздравувам храброста на претседателот на Франција, Емануел Макрон, откако денеска европската јавност е иформирана зошто Франција го блокира проширувањето на ЕУ со Македонија. Француската позиција дека „нема проширување без зголемување на интеграцијата на Унијата и без испитување во однос на нејзиниот капацитет за апсорпција“ јасно покажува дека националното поништување на македонскиот народ од марионетскиот премиер Зоран Заев за кого цел свет знае дека е инсталиран од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите, не може да се вреднува во Европа која базира на национален и религиски идентитет.Марионетски влади кои вршат национално предавство врз сопствениот народ нема што да бараат во Унијата. Впрочем, свежи се француските сеќавања какви тешкотии му нанесе на францускиот народ марионетската вишиевска влада на Маршал Петен инсталирана од странци, за што Франција го осуди за велепредавство маршал Петен на смртна казна а покасно преиначена во доживотен затвор.Единствена Македонија и ја лично сочуствуваме со непријатната ситуација во која е ставен претседателот Макрон оти во скоро време ќе треба реалноста да ја предочи и на марионетата Заев дека недозволиво е една држава да стане членка на ЕУ со национално предавство. Патем, за ова на 28 мај имав корисна средба и со францускиот амбасадор во Скопје, Кристиан Тимоние. Како и да е, голема благодарност Емануел за паметниот чекор на Франција на состанокот на Советот на министри во Луксембург“ - изјави денеска Бачев.

Македонија | пред 6 години

arsovski-za-koco

Ќе игра ли метлата за Кочо? -Арсовски, наброја 5 причини зошто Анѓушев треба да си оди

Најнеспособната Влада во историјата на Република Македонија, предводена од најнеспособниот премиер Зоран Заев е пред реконструкција која што не ветува ништо ново и не ветува ништо подобро. Оваа Влада на Заев и СДСМ е Владата која што ја уништи Република Македонија и економски и државнички, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Еден од најзаслужните за уништувањето на Република Македонија и нејзината економија е вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој претставувајќи се како владин човек од бизнис секторот, успеа да ја доуништи и онака кревката економија и да работи единствено за интересите на неговите фирми и бизниси.Денеска, иако ги има премногу, ќе потенцираме 5 најважни причини зошто Кочо Анѓушев треба да си оди од власта заедно со сите останати и со Заев и тоа уште веднаш.Кочо Анѓушев е вицепремиерот од Владата на СДСМ кој сам на себе си додели грант од 160.000 евра преку фондот за иновации на својата фирма „Каст Инвест“ и притоа лажеше дека воопшто и не знаел за грантот, туку неговиот менаџмент на фирмата аплицирал без тој да знае.Кочо Анѓушев е вицепремиерот на СДСМ кој откако дојде на функција сам на себе си овозможи царински поволности за литиум јонските батерии кои ги вградува во производите во неговите фирми, кои притоа се единствени фирми во Република Македонија кои ги користат токму тие батерии. Тој сега има поволности за набавка однос за увоз на истите.Кочо Анѓушев е вицепримерот во Владата на СДСМ кој својата позиција ја искористи за да ги изгради полесно малите хидроцентрали МХЕ Тополки и МХЕ Падалишка Река, односно ја искористи својата позиција за преку својот колега министерот Садула Дураку да си го продолжи рокот за изградба на истите хидроцентрали наместо да му ги прекинат договорите, како што стоело во еден од членовите на договорите, а претходно истотака си донесе одлука за пренамена од земјоделско во градежно земјиште за истите хидроцентрали со што ја зголеми вредноста на истото земјиште.Кочо Анѓушев е вицепремиерот кој ја искористи својата позиција во Владата за да успее на сомнителен начин за кој пишуваа и странските медиуми да ја продаде својата фирма ЕДС на грчкото електростопанство, фирма која што работеше во загуба последната година и ја продаде токму во периодот кога се продаваа и националните интереси на државата за неколку милиони.Кочо Анѓушев е вицепремиерот бизнисмен чии бизниси цветаат откако е на власт. Да потсетиме дека општините под раководство на  СДСМ, Кочо Анѓушев и неговите фирми ги снабдуваат со камионите за чистење познати како метларки кои ги произведуваат токму неговите фирми. Да потсетиме дека неговите фирми ги земаа тендерите во психијатриската болница во Негорци, во Клиниката за кардиологија, во тетовската клиничка болница, во Основниот суд во Велес, во Агенција за патишта за набавка на мрежа и многу други тендери кои се сомнителни и матни кои што подоцна треба да се истражуваат откако оваа Влада ќе ги тргне канџите од судството.Ова се само дел од причините заради кои Кочо Анѓушев треба да си оди, да прекине да ја злоупотребува функцијата и да одговара откако институциите ќе почнат да ги расветлуваат овие случаи. Што побрзо си замине оваа Влада на СДСМ, толку подобро за граѓаните и државата, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

oranzerii

МЗШВ започнува со потпишување договори за продажба државно земјоделско земјиште под оранжерии

Владата на Република Северна Македонија на последната седница донесе одлука за давање согласност за склучување на договор за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое има изградено оранжерии и помошни објекти во функција на оранжеријата односно објекти во стопанскиот двор.На последниот јавен повик 8 компании ги исполнија условите и со нив ќе се потпишат договори. Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе можат да си го купат земјиштето на кое се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост. На тој начин ќе се стекнат со имотни листови и ќе можат да влезат во инвестиции во делот на прошрување на објектите, водено ќе можат да подигнат кредити за реновирање и модернизација на објектите.Она што е најважно за овој тип на производство е што со стекнување на имотен лист ќе им се овозможи и на овие агробизнисмени да конкурираат за мерките од европската ИПАРД прогама, кои овозможуваат покривање на дел од трошоците за инвестиции во изградба и реконструкција на објетктите.Крајнтиот ефект ќе биде врз целокупното земјоделство, односно самите инвестиции ќе придонесат кон зголемување на обемот и квалитетот на производството.

Македонија | пред 6 години

naum-stoilkovski

Стоилковски: Димитров да одговори зошто биографиите и тезите со кои 10 дипломати од кариера заминаа во странство и ја претставуваат земјава останаа тајна?

Министерството за надворешни работи под министерот Никола Димитров тоне во хаос и во самоволие, предизвикувајќи срам за државата во и вон нејзините граници. Македонија повторно остана без почеток на преговори, а одговорен за оваа срамна состојба е и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, човекот кој што се колнеше во Илинденска Македонија, ја претставуваше Република Македонија, а сега се гордее со Република Северна Македонија! Човекот кој што лани со премиер и со двајца вицепремиери се сликаше со палец нагоре лажејќи дека Македонија добила датум за почеток за преговори за членство во ЕУ, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Само со Никола Димитров како дел од кланот на власт, Македонија испраќа 10 амбасадори за кои што ги сокри нивните биографии и тези за тоа како ќе ја претставуваат државата во Германија, Унгарија, Шпанија и други држави?Никола Димитров мора да одговори зошто биографиите и тезите со кои 10 дипломати од кариера заминаа во странство и веќе ја претставуваат Република Македонија пред меѓународната заедница останаа тајна? Никогаш до сега амбасадорските тези на собраниска комисија не биле целосно класифицирани како доверливи. Станува збор за тези на амбасадори кои заминаа во Германија, Унгарија, Шпанија, Украина, Шведска, Австрија, Обединетите Арапски Емирати, Словенија и во Босна и Херцеговина. Притоа беше изземен и претседателот на собраниската комисија Антонијо Милошоски.Никола Димитров треба да објасни и дали и зошто при враќањето на Амбасадорите назад во Македонија ги уназадува со звањата, дури и на најниско ниво како началник на одделение, за сите освен на советникот на Стево Пендаровски, второто лице на Зоран Заев, Гоце Карајанов кому му е доделено највисоко административно звање?Оттука, Димитров мора да одговори дали со новата систематизација која почнува за десетина дена ќе се деградираат и преместуваат политички неистомисленици на министерот  Димитров?Македонија изостана од европската агенда за проширување и одговорност мора да има, а најголема одговорност има македонската дипломатијата под министерот Никола Димитров. Време е Димитров повторно да си ја испрати напишаната оставка која ја повлече лани, и да одговори за лажење на јавноста дека станувало збор за фалсификат, за што ниту имаше истрага ниту некој одговараше, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

granica

Превозниците од граничните премини дирекно ќе пријавуваат мито, корупција и мигранти

Со помош на ИТ-апликација превозниците ќе можат да пријавуваат мито, корупција, застои и криминални дејства на граничните премини, од класичен шверц до криумчарење мигранти, а притоа да останат анонимни и нивниот интегритет да биде заштитен според Меморандумот за соработка кој денес го потпишаа владиниот Национален координативен центар за гранично управување и Асоцијацијата на превозници „МАКАМТРАНС“.Со меморандумот не само што ќе се унапреди прекуграничното управување, туку истиот ќе придонесе и во борба со организираниот криминал и корупција. Сите информации за законските недоследности на граничните премини, но и на коридорите што ќе ги пријават превозниците, ќе стигнуваат директно до надлежните институции и органите за спроведување на законите.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека Меморандумот всушност ќе биде аларм за преземање мерки во вистинско време со што состојбите нема само да се следат, туку и конкретно, оперативно ќе се решаваат.Превозниците ќе имаат можност да користат ИТ-апликации за мобилен телефон и за компјутер.

Македонија | пред 6 години

sead-kocan

Бизнисменот Кочан на 17 јули да се јави на издржување на казната затвор

Бизнисменот Сеад Кочан на 17 јули треба да оди во затвор. Кочан е осуден за случајот „Труст“ со затворска казна од 4 години и 8 месеци.Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд - Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, изготви и достави упатен акт за еден од обвинетите кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор информираат од Кривичниот суд – Скопје.Според упатниот акт, а согласно член 137 и 139 ст.3 од Законот за извршување снакции, осудениот е должен на 17.07.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа.Кочан беше осуден на шестгодишна затворска казна, но откако му беше прифатена дел од жалбата, казната му беше намалена.

пред 6 години

Foto-1-6

Претседателот Пендаровски ja прими амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара.На средбата, двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, при што изразија задоволство од силното и традиционално пријателство и од континуираниот позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави.Претседателот Пендаровски истакна дека негувањето на стратешкото партнерство со Турција, е од исклучително значење за Северна Македонија, изразувајќи очекување за натамошно унапредување и зацврстување на соработката во сите области од взаемен интерес.Претседателот Пендаровски потенцираше дека Северна Македонија високо ја цени и ја почитува континуираната помош од Турција на нашиот евроатлантски пат.„Нашето членство во Северноатлантскиот сојуз позитивно ќе влијае врз натамошната регионална соработка и ќе придонесе за траен мир и стабилност на Балканот, заложби коишто заеднички ги споделуваат и Северна Македонија и Турција“, порача претседателот Пендаровски на средбата.Амбасадорката Еркал Кара на претседателот Пендаровски му пренесе честитки од турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, додавајќи дека Република Турција ќе продолжи да биде поддржувач на Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Капитацијата на матичните лекари ќе се зголеми од 1 ноември

 Со оваа мерка значајно ќе им се излезе во пресрет на матичните лекари да ги надминат пред се финансиските проблеми кои во секојдневниот начин на работење им создаваат проблеми во пристапот што го обезбедуваат за пациентите и квалитетот на здравствена заштита, со оглед на тоа што оваа капитација не е променета како сума со години наназад, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.Кога станува збор за тоа колку точно ќе се зголеми капитацијата Филипче истакна дека точните калкулации ќе ги имаат во следните неколку месеци.Според Филипче зголемувањето на капитација ќе овозможи полесно надминување на проблемите со обезбедување средно медицински кадар за кој и сега одделуваат одредена сума пари, за да ја платат како дел од задолжителниот тим пропишан со законот.

Македонија | пред 6 години

svr-ohrid

Охриѓани се карале и кршеле предмети на Кеј „Македонија“

На 20.06.2019 година во 03 часот и 15 минути, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“, нарушен е јавниот ред и мир од Д.Ј. и В.М., двајцата од Охрид. Тие, манифестирале дрско и непристојно однесување со карање и викање и со кршење на предмети. СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против нив, ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

preparati

Како да се заштитите од комарците, со природни препарати

Доколку сакате ова лето да уживате без досадниот звук на комарците и чешањето како последица од каснувањето, следниве совети ќе ви помогнат. Природна заштита од угризи од комарци нуди витаминот B1, познат како тијамин. B1, може да го промени приронио мирис на вашето тело и да ве направи понепримамливи за комарците. Него го има во квасец, грав, дроб, кељ, јајца…Докажано е дека комарците бегаат од одредени мириси кои им пречат, а вие може да ги користите како освежувач и заштита од нив:Ванила во правИзмешајте ванила во прав со бебешки лосион во сооднос 1:10 и нанесете го на сите изложени делови од вашето тело.Есенцијални масла од анасон, каранфилче, босилек, еукалиптусОвие есенцијални масла имаат моќ да ги исплашат комарците, па може да се намачкате со 5-10 капки или да ги ставите во сад врз специјална свеќа.БозелВо просторијата во која поминувате поголем дел од денот или пак на терасата, ставете во корпа гранчиња бозел, а мирисот ќе ги одбива комарците. КаранфилчеИзмешајте 5 g каранфилче во чаша вода и ставете ја мешавината да се вари 15 минути. Потоа измешајте 10 капки од таа мешавина со 1 лажица колонска вода и нанесете на изложените делови од телото.Со ова решение комарците нема да ви се приближат барем 2 часа.КамилицаКамилицата е стар природен лек против комарци. Исушете ги ливчињата, дршките и ливчињата, а потоа издробете ги додека не се претворат во прав, што влијае директно врз нервниот систем на инсектите.Лаванда Лавандата не само што ги одбива комарците, туку има преубав мирис, па воедно додека спиете ќе имате и третман на ароматерапија што поволно влијае на релаксирањето на нервниот систем и на квалитетот на сонот.Се што ви е потребно е празно шишенце со прскалка. Наполнете го со направената смеса од 40 капки масло од лаванда и 100 мл дестилирана вода. Убаво измешајте и прскајте со него по телото и лицето пред спиење.    

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Внимавајте ако летувате во Грција, напаѓаат опасни комарци

Британските како и американските медиуми објавија статии преку кои ги предупредуваат своите државјани кои летуваат во Грција дека треба да внимаваат на комарците. Тие пишуваат дека во Грција се пренесува смртоносниот вирус  Западен Нил.Здравствените установи во Грција признаваат дека ова е закана за јавното здравје и дека повеќе од 300 луѓе се инфицирани минатата година.Симптомите се слични на грип, па се јавува изнемоштеност, болки во телото, осип итн. За него не постои вакцина и поминува сам од себе, но може да биде и смртоносен и да предизвика менингитис, напади, оштетување на нервите и сериозна слабост кај некои луѓе.Околу 50 Грци починале минатата година од болеста, а биле инфицирани рекордни 316 лица.Болеста не се пренесува од човек на човек, туку само преку комарци. 

Свет | пред 6 години

motor

15 годишно момче изгубило контрола на моторот и паднало на коловозот - пренесено во болница

На 20.06.2019 година во 02,45 часот било пријавено дека во Гостивар на улицата “Илинденска“ 15-годишно момче од с.Вруток-гостиварско управувајќи мопед “Лонјиа“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднало на коловозот, при што се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и моторцикл, моторциклистот со тешки телесни повреди

На 19.06.2019 година во 17,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од Скопје, и моторцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.М.(20) од Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Скопје | пред 6 години

stop-policija

Пијани возачи, непочитување на сообраќајни правила, неправилно паркирање – 24 часа МВР во Скопје

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 38 возачи од кои: 11 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, еден возач затоа што бил возач-почетник и 8 останати сообраќајни прекршоци. Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.Санкционирани се 7 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, 10 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување,11 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 5 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 67 мандатни платни налози и 40 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 8 сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 7 лица со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Во патничко возило со гевгелиски регистарски ознаки пронајдени амфетамини

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против С.Т.(33) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 14.06.2019 година на бул.„Србија“ во Скопје полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Опел астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле амфетамини. 

Македонија | пред 6 години

marihuana

Приведени двајца скопјани кај кои е пронајдена марихуана и други предмети

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против М.Д.(39) и И.К.(35), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 17.06.2019 година, врз основа на судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај М.Д., при што била пронајдена и одземена марихуана. Истиот ден околу 21 часот на ул.„Ѓорѓи Капчев“ полициски службеници извршиле претрес кај И.К., при што пронашле и одзеле марихуана и други предмети. Двајцата пријавени се приведени во полициска станица.   

Скопје | пред 6 години

dea-vo-utrinska

(ВИДЕО) Деа Ѓурѓевиќ која пред неколку месеци доживеа тешка сообраќајна незгода се врати пред малите екрани

Водителката Деа Ѓурѓевиќ која пред неколку месеци доживеа тешка сообраќајна незгодаи за малку ќе ја загубеше раката, утрово повторно се врати во нејзината Утринска програма „Ново утро“, на белградската ТВ „Пинк“. Емисијата, таа ја води со колегата Предраг Сарапa кој ја покани како гостинка, пренесува „Блиц“.„ За мене, како никогаш да не си била отсутна“, ја пречека колегата Деа и ѝ посака добредојде.„Дојдов во мојата втора куќа конечно. Всушност, „Пинк“ е мојата прва куќа со оглед на тоа колку време поминуваме овде заедно. Ви благодарам на сите што бевте со мене. Морам да ви кажам дека сѐ е од главата. Имав многу операции за да го сочувам животот. Раката ми беше ампутирана, срцето, градите, карлицата, ногата ми беше паразлизирана. Беа тоа тешки повреди и сето ова може да се истурка со насмевка. Сето ова може да истурка со сите вас, луѓето од телевизијата, Младен, баба ми, мајка ми. Ви благодарам многу што ми праќавте пораки и совети“, порача водителката.

Магазин | пред 6 години

znaminja-777x437

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО

Канада е 18-та земја членка на НАТО која го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во Алијансата.Како што објави на Твитер канадското МНР, тие изразуваат задоволство што набргу ќе и посакаат добредојде на нашата земја како 30 – та членка.– Канада со задоволство го ратификуваше пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Додека славиме 70 години НАТО, со нетрпение очекуваме да ве поздравиме како 30-та членка на Алијансата во блиска иднина, објави канадското МНР. 

Македонија | пред 6 години

antonijo-milosovski

Милошоски: Дали тоа и Хрватската МНР Пејчиновиќ Буриќ шири лажни вести дека неколку ЕУ-земји се противат на добивањето на датум

Власта го обвини Антонио Милошоски дека со пласирање на информацијата дека 7 земји гласаче ПРОТИВ датум за преговори за Македонија и Албанија ширел лажни вести. Премиерот Зоран Заев на прес-конференција рече дека првпат слуша за тие земји.Но Милошоски не застана тука. Тој ја сподели објавата на хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ, која во изјава за хрватските медиуми од Брисел вели дека жали што нема согласност да се признае напредокот.Во 2018 година најголемиот дел земји-членки се залагааа во април да започнат преговорите со Македонија и Албанија. Меѓутоа, имаше земји-членки кои не можеа да се согласат со тој текст. За жал, сега бројот на држави кои имаат резерва дури и се зголеми, вели Пејќиновиќ-Буриќ.https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/2565352683484182

Македонија | пред 6 години

6-1

Премиерот на 60 годишнината на трите технички факултети во Скопје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера присуствуваше и имаше свое обраќање на одбележувањето на 60 годишнината од основањето на Машинскиот факултет, на Факултетот за електротехника и информациони технологии и технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.На овој настан покрај премиерот Заев, свое обраќање имаа и деканот на ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, професор доктор Никола Јанкуловски, деканот на Машинскиот факултет, професор доктор Дарко Данев, деканот на Факултетот за електротехника и информациони технологии, професор доктор Димитар Ташковски и деканот на технолошко-металуршки факултет, професор доктор Јон Магдески кои ја потенцираа важноста на постоењето на овие факултети.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, меѓу другото истакна:.„Чествуваме 60 години историја и вградени кариери и знаења на генерации и генерации професори, научни работници, асистенти и други составен дел на факултетите кои создадоа инженери во клучни области за развојот на нашата држава. Славиме 60 години исполнети со големи успеси на планот на образованието и науката.Вечерашната свечена прослава на овој значаен јубилеј е само скромно оддавање на признание на десетиците илјади инженери од трите факултети кои потоа стекнатите знаења ги пренесоа и практикуваа во нашата земја и во земјите на поранешната заедничка држава Југославија. На овие факултети студираа и студенти од други држави и јас сум убеден дека тие со гордост раскажуваа дека своето знаење го стекнале на некој од овие три факултети.Јас нема да се задржувам повеќе на минатото. Ректорот и деканите, кусиот филм што го гледавме, се најповикани да говорат за успесите што произлегоа од акумулираното знаење на сите поранешни професори и на сите студенти кои тоа знаење го преточија во праксата на големите фабрики и во индустриските комплекси.Сакам да зборувам за иднината. Сметам дека областите што ги покриваат овие три факултети се носечките индустрии на иднината и го заслужуваат токму тоа внимание. Да зборуваме за нив со поглед свртен кон иднината. За нашата земја, тоа се исклучително важни дејности како основа за нашиот развој, како основа за креирање на нови работни места, нови вештини и нови бизнис модели на брзо растечки и конкурентни индустрии во глобалниот свет.Во таа насока, Владата на Република Северна Македонија, имајќи го тоа предвид, останува партнер на системот на универзитетското образование и ќе ја дава неопходната поддршка. Пред неполни 4 месеци, на Факултетот за електротехника и информатички технологии учествувавме во отворањето на првиот Научно - Технолошки парк во Република Северна Македонија.Во него веќе почнаа да се развиваат нови вештини, да се раѓаат нови идеи, да се креираат нови иновации и изуми на студентите и професорите од сите три технички факултети.Некои млади луѓе ќе ги започнат и своите старт ап бизниси. Со еден збор ќе се трасира патот на нашата заедничка иднина – патот кон напредокот и дигиталната револуција, истакна меѓу другото премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

Zaev-Rama-696x435

Заев и Рама: Националистичките сили ќе зајакната на Балканот ако до есенва нема датум за почеток на преговори

Националистичките сили ќе зајакнат на Балканот ако Албанија и Северна Македонија до есенва не добијат зелено светло да ги почнат преговорите за приближување со ЕУ. Ова го изјавиле премиерите на двете земји, Еди Рама и Зоран Заев, за „Фајненшл тајмс“ (ФТ) на маргините на форумот во Лондон што британскиот весник го организираше за Западен Балкан.Како што наведува „Фајненшл тајмс“ , премиерите го дале ова предупредување откако европските министри за надворешни работи ја одложија одлуката за отворање на преговорите со двете земји до октомври.-Не ни се потребни некој нов радикализам, национализам и популизам во нашата земја. Не е многу важно дали имаме одлука на Европскиот совет во јули или во октомври, но ако е октомври нека биде конечно октомври, бидејќи имаше многу одложувања, изјавил премиерот Заев.-Не треба да ни се случат нови лоши работи за да сфатиме дека секоја блокада на овој процес го потхранува национализмот, фантазиите и штетните соништа, истакнал Рама.Весникот наведува дека Европската комисија (ЕК) дава позитивни препораки за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија веќе 15 години, додека во случајот со Албанија препораките на Комисијата за преговори се повторуваат од 2014 година.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања