Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

miroslav-skoro

Хрватскиот пејач Мирослав Шкоро ќе се кандидира за претседател

 Музичарот и пејач Мирослав Шкоро официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска на крајот на оваа недела, пишува „Вечерњи лист“, повикувајќи се на изворите блиски до него.Шкоро засега планира да биде независен кандидат, но не ја исклучува можноста за разговор со различни политички опции и доколку ги прифатат неговите ставови, постои можност за соработка.„Вечерњи лист“ тврди дека Шкоро ќе ја финансира кампањата со свои пари.Прва соработничка во изборниот тим ќе му биде неговата сестра Весна Вучемиловиќ.Инаку, официјална кандидатура за уште еден мандат официјално се уште не е објавена од актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ. Официјално, кандидат на социјалдемократите ќе биде поранешниот премиер и лидер на најпознатата опозициска партија СДП, Зоран Милановиќ. 

Свет | пред 6 години

internet-terorizam

Почнува ерата на дигиталниот тероризам, вели рускиот Совет за безбедност

Терористичките групи го искористуваат интернетот за хакирање и глобални удари, а нивното влијание наскоро може да стане еднакво опасно како оружјето за масовно уништување, посочи рускиот заменик-секретар за безбедност, Јуриј Коков.„Почнува ерата на технолошкиот и дигиталниот тероризам со последици слични на оние кои произлегуваат од можната употреба на оружјето за масовно уништување од страна на милитантите. Денес, интернетот е главната алатка што терористите ја користат за контрола на фрагментирани сили и опрема, како и финансии”, вели Коков.„Според експертски проценки, има околу 30.000 екстремистички и терористички веб-страници во светот. Што се однесува до безбедноста, многу е важно да се здружат силите за борба против предизвиците на денешницата, кои се поврзани со компјутеризација, дигитализација, развој на вештачка интелигенција, квантни компјутери и други технологии”, истакна рускиот претставник за безбедност.  

Свет | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Зборот важи, започнува реализација на мерката поврат на 15 отсто од ДДВ за граѓаните

Се реализира уште една клучна мерка од Програмата на Владата предводена од СДСМ за враќање пари кон граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.Од 1 јули започнува проектот за поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност на граѓаните, кој ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство. Со проектот, право на поврат на ДДВ ќе има секое лице над 15 години со важечка лична карта и трансакциска сметка, а просечно четири члено семејство има можност преку повратот на дел од ДДВ да оствари дополнителен приход до 28.800 денари годишно.Тоа е плата плус во секое семејство на крајот од годината. Со реализација на оваа мерка, околу 50 милиони евра годишно ќе завршуваат во семејните буџети на граѓаните.Истовремено оваа мерка директно влијае на намалување на сивата економија и даночно затајување. Повратот на дел од ДДВ ќе ги охрабри граѓаните да бараат фискални сметки и со тоа да влијаат врз намалувањето на сивата економијата и даночната евазија.Укинувањето на радиодифузната такса, враќањето на евтината тарифа на струјата, мерките за раст на минималната и на просечната плата, зголемувањето социјалната помош за речиси 300 отсто, намалувања на трошоците, се само дел од досега спроведените мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.Зборот важи. Како одговорна и државотворна партија, продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат напредок, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

120190420_222432

ВМРО ДПМНЕ: Годинава нема ниту “п” од преговори, а на Заев не му бегаат грчките плажи или развозувањето со скапите мотори

Зоран Заев минатата година најави дека добил датум за преговори. Во владиниот авион прослави дека преговорите со ЕУ ќе почнат овој јуни и замина да се разлади на море во Грција. Годинава нема ниту “п” од преговори, а на Заев не му бегаат грчките плажи или развозувањето со скапите мотори. На Зоран Заев не му е гајле што Европа не сака да го види на преговарачка маса. На Зоран Заев му одговара да се пролонгираат преговорите затоа што само така ќе може да си ги дели тендерите и да вработува роднини и љубовници на партиските послушници, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Цената на криминалот, корупцијата и неспособноста на Зоран Заев да испорача реформи ја плаќаат граѓаните. Зоран Заев добива ладен туш, а за жал народот е тој што се разболува. Патот кон ЕУ не е отворен, но затоа овоштарите трасираат пат со праски, бидејќи Заев и владата не ја интересира каде и како ќе го пласираат сопствениот род, иако им ветуваа и брда и долини.ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека владата на Зоран Заев ќе доживее фијаско заради неспособноста да ги испорача реформите кои земјите членки на ЕУ ги бараат.Последните најави дека сега датумот ќе дошол во октомври кои повторно ги изнесува Заев се попусти, затоа што датумот ќе дојде со реформите, а реформи нема. Впрочем кои европски лидери сега му се криви на Заев што државата оди назад во секоја област.Останува граѓаните да се прашуваат зошто од нивниот џеб беа потрошени повеќе од 180 000 евра за прославите за датум за преговори со Европската Унија. Одговорност за неуспехот мора да има. Граѓаните не смеат да ја плаќаат цената за неспособноста и криминалите на Заев. Македонија не смее да биде казнета заради Заев. Датум за преговори треба да биде даден, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира преговорите и реформите неопходни за членство во ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.   

Македонија | пред 6 години

mirjana-najcevska

Најчевска: Зошто е Бучковски на ТВ, а нe e во затвор?

Професорката Мирјана Најчевска прашува дали нешто пропуштила во меѓувреме штом сега го гледа поранешниот премиер Владо Бучковски на дебатни емисии на телевизија наместо да е во затвор.Најчевска на социјалната мрежа фејсбук напиша:Зошто е Бучковски на телевизија наместо да биде во затвор?Што стана со неговиот криминал?Што стана со пресудата?Зо што го претставуваат како поранешен премиер, а не како денешен осуден за криминал од големи размери?Нешто сум пропуштила?

Македонија | пред 6 години

120190520_075956

И денеска претпладне сонце, попладне дожд

Денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. УВ=7Од утре почнува стабилизација на времето. Метеоролозите најавуваат сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне особено во планинските региони ќе има појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. УВ=8

Македонија | пред 6 години

mickoski-masinski

Мицкоски на прославата на 60 годишнината од неговиот матичен - машинскиот факултет

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски присуствува на прославата за одбележување на 60 години од Машинскиот факултет во Скопје.-Кога нешто трае 60 години, значи дека веќе е традиција која преставува вредност. 60 години на мојот матичен Машински факултет. Честитки за моите колеги, за оние кои работеле и оставиле трага, и сите ние кои продолжуваме да работиме и создаваме иднина!, напиша Мицкоски на Фејсбук.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/pcb.1255058351336288/1255058134669643/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

goran-koseto

Ангелов: Некој од власта ме мести, ме префрлија во затворот со терористите од Диво насеље

Горан Ангелов кој е обвинет за настаните од 27 април добил решение за промена на ќелијата, односно тој бил преместен во затворот каде што се затворени напаѓачите одкумановската Дино Насеље.Денеска до редакцијата на Инфомакс се обратил адвoкaтот на Горан Ангелов. Тој е видно зaгpижeн и вели дека е најверојатно е ,,мecтен” од власта, која веројатно сака да му се peвaншира, бидејќи утринава добило решение кое нeмa пpaвнa ocнова, објави Инфомакс.За потсетуање, Горанче Анѓелов Ќосето доби 12 години затвор за „крвавиот четврток“, а по завршување на судењето тој не се противеше на барањето на ОЈО да му се продолжи притворот.

пред 6 години

ivanka-dodovska-640x360-1

Додовска до Пендаровски: Датум за преговори со ЕУ за илјада години

Откако претседателот Стево Пендаровски побара разрешување на професорката Иванка Додовска која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет, со свој став се изнесе и самата Додовска, која порача дека со задоволство ќе ја напушти функцијата.„Секако дека бара и секако дека со задоволство му ја препуштам плодната работа во Националниот совет за ЕУ на Сашко. Со среќа нека е препораката за… па добро, препораката да има препорака дека за милион години ќе добиеме датум. За 27 Април, стојам зад секој збор и верувам дека конечно Рускоска ќе ги најде организаторите и дека ќе има правда, ако не сега, тогаш кога ќе ги вратиме институциите на системот во нормала. Времето е најсилниот адут за жртвените јагниња кои ги пеплосавте за гнасна цел. Да живее Република Македонија, право и правда за сите македонски граѓани!“, истакна Додовска.

пред 6 години

Sequence-15.00_10_44_09.Still001-696x392

ВИДЕО: Полиција ја чува битолската обиколница за да не се фрла ѓубре

Полиција ја чува битолската обиколница кај ромската населба Картон мало за да не се фрла отпат откако пред неколку дена Општина Битола и јавните претпријатија ја исчистија.При денешната посета на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов во Битола како и првиот човек на општината Наташа Петровска, најавија дека веќе е отворен тендер за обезбедување на заштитна ограда.

Скопје | пред 6 години

zaev-dimitrov

За да имаме преговори за влез во ЕУ, треба да се знае иднината на СЈО, тврди Димитров

Нашата цел е првата меѓувладина конференција, со што се означува почеток на преговори со Европската унија да се одржи во декември. Предскрининг процесот се одвива, тој е при крај, а почетокот на преговорите е процес, кој ќе биде долг, но сакаме да го искористиме како алатка со која земјата ќе ја направиме европска, порача вечерва шефот на дипломатијата Никола Димитров во „Топ тема“ на Телма, говорејќи за последната одлука на Советот за општи работи во Луксембург за одложување на одлуката за датумот за преговори за оваа есен и за неговите очекувања за целиот натамошен процес на патот кон ЕУ.На прашањето дали има гаранција дека ќе добиеме датум во октомври, Димитров не одговори конкретно, рече дека немаме право да се опуштиме додека не добиеме одлука, ниту потоа. Додаде дека и ЕУ не е совршена и таму има политичари, но напомена дека сепак треба биде јасно дека ЕУ не не одбила, туку само го одложила донесувањето на одлуката.-Одложувањето нема никава врска со нас, нема врска со тоа што дома ние можевме да го сработиме, иако секогаш можеме повеќе и подобро. За нашето досие сите јавно велат испорачавте, рече Димитров и нагласи дека мора да се земе предвид дека проширувањето како политика за многу од старите земји-членки делумно поради искуства со нови членки не е толку популарно и сега нашиот пат е потесен и пострмен отколку порано.Нагласи дека сепак земјата покажала решителност во однос на решавањето тешки прашања, како спорот со Грција и додаде дека сме близу до атмосферата која е поволна, ни фали едно делче во мозаикот, тоа е иднината на СЈО, за да нема ниту едно оправдување да има ново одложување.-Основната грижа на скептичните земји е владеењето на правото, колку судиите се непристрасни и колку правдата е слепа.  Во таа смисла од перспективата на скептичните земји е да се има правосуден систем со интегритет, врз кој политичарите нема да можат да влијаат. Кога ќе има случај на корупција да има одговорност, кога ќе има злоупотреба на позицијата на власт да има одговорност, кога ќе има лажирање избори да има одговорност. Излеговме од тешка криза на неказнивост, кризата во 2015/16 со прислушувањето беше криза на неказнивост, рече Димитров.Нагласи дека е потребно со опозицијата да се најде решение за законот за Јавно обвинителство, каде се решава и статусот на СЈО, за кој е потребно двотретинско мнозинство, но потенцира дека сепак не смее да се поминува црвената линија во тие разговори.

Македонија | пред 6 години

tanc-devojka-skopje

Жежок танц на девојка, среде раскрсница во Скопје (ВИДЕО)

Жежок танц на девојка, среде раскирсница во СкопјеДевојка со кратки тексас панталони излезе од автомобил на раскрсница среде Скопје и мешаше со задникот, објави „Репортер“.Возачите кои беа зад нејзиното возило веднаш го снимија „врелиот“ танц. Видеото од нејзиното секси играње се споделува и на социјалните мрежи.[embed][/embed]

Скопје | пред 6 години

dimitrov

Димитров: Се гордеам со новите амбасадори

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека е горд на подвигот што МНР го направило со новите амбасадори.-Јас сум горд со еден подвиг: испративме 19 амбасадори, сите до еден дипломати од кариера. Сега треба да се продолжи. Сега ќе одиме со следна група. Законот е направен со главата надоле, што обврзуваше само една третина дипломати од кариера. Во МНР работиме на нов закон за надворешни работи, не само по однос на ова прашање. Имаме проблем со исклучителната ригорозност со законот за државни службеници, рече Димитров.

Македонија | пред 6 години

dfbdfbdfbd

Бугарската министерка Захариева кажа дали Македонија ќе почне преговори со ЕУ

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во Европската Унија на Северна Македонија и Албанија.„Сите држави, дури и оние, кои се скептични кон проширувањето, поддржаа европска перспектива за земјите од Западен Балкан, како еден од најголемите двигатели за реформите и демократизација во регионот, како и безбедноста и стабилноста“ рече Захариева.Таа вели деке не може да биде сигурна дали ќе биде донесена одлуката за двете земји заедно.„Решението е не подоцна од октомври, Советот да се врати на дискусија на оваа тема и да се препорача да започнат преговорите“ дополни Захариева.Таа, сепак, подвлекува дека ќе биде историска грешка ако сега не започнат преговори и двете земји.

Свет | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски кажа кога ќе поднесе оставка

Најголемите ширачи на лажни вести дека Македонија добила датум за преговори со ЕУ се премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Никола Димитров. Подготвен сум да дадам оставка ден по поднесување оставка од нивна страна, рече вечерва пратеникот Антонио Милошоски во „24 Анализа“, прашан во врска со неговиот јавно објавен став за добивањето датум за преговори за членство на земјава во ЕУ.Според Милошоски, МНР има телеграми и дописи од Брисел кои јасно укажуваат кои земји се „за“, а кои „против“ почнувањето преговори. Ако министерот биде доблесен и излезе на ТВ дуел или ги обајви, ги декласифицира тие информации, потенциа Милошоски, на јавноста ќе и биде појасно.-Прифаќам да поднесам оставка за лажни моменти ден по поднесувањето оставка од страна на Зоран Заев, Бујар Османи и Никола Димитров кои во 2008 година ширеа лажни вести дека Македонија добила датум за јуни 2019-та. Многу ми е жал што лани премиерот Заев манипулираше со македонската јавност дека во јуни имаме сигурен датум. Жал ми е што Македонија го нема добиено датумот што го заслужува од 2009 година кога првпат добивме препорака од Европската комисија за почнување на преговорите, но тогаш имавме се уште нерешен спор со Грција и тоа беше изговорот за блокада од грчката страна. Владата минатата година направи референдум и забави за ЕУ и НАТО интеграцијата, потроши 180.000 евра, убедувајќи не дека имаме датум, истакна Милошоски.

Македонија | пред 6 години

65284201_493061521436897_6215500602881867776_n

ФОТО: По дождот, ново езеро сред Скопје

По краткиот и обилен дожд кој врнеше во Скопје, неколку улици беа поплавени. Најмногу вода и фотографии на социјалните мрежи се шират од улиците ширум скопската населба Кисела Вода.На булеварот Борис Трајковски, во близина на Цементара, улиците изгледаа како да се излеал базен или да е направено ново вештачко езеро. За тоа сведочат и фотографиите.

Скопје | пред 6 години

64620733_695691427527223_6532680669221355520_n

(Видео) Обичен дожд уништи асфалт: Се поплавија куќи во скопска Кисела Вода

По краткотрајниот пороен дожд во Скопје, асфалтот на улицата Теферич во скопска Кисела Вода е уништен. Водата наместо во канализција, ги поплавува куќите на жителите. “Подолу е полошо, луѓето се цело време надвор, прават пат за водата, ама сепак пробива во дворовите и свлекува кал. Водата мириса како од канализација”, се жали една од жителките. Некои од жителите велат дека проблемот е бидејќи водата нема каде да се испушти, оти нема соодветна канализациона мрежа. Тие прстот го вперуваат во градоначалникот Филип Темелковски, кој не го решил овој проблем исто како и претходната власт.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1122518251267185/

Скопје | пред 6 години

izjava-zaev.Still138-1

(ВИДЕО) Дефектен автобус сна „Галеб“ го блокира сообраќајот кај болницата во Охрид

Автобусот се расипа во самиот кружен тек кај болницата и предизвика проблеми во сообраќајот во Охрид.Нервозите и проблемтие траеја додека не дојде шлеп службата да го одвлечка дефектното возило на друга локација.Екскурзијата во Белград, хорор филм за учениците од охридската гимназија

пред 6 години

baze

Баже Илијоски му кажа збогум на фудбалот

Најефикасниот македонски голгетер Баже Илијоски реши да стави крај на својата фудбалска кариера.Тој оваа сезона настапуваше за својот матичен Работнички и реши да стави крај на своето фудбалско патешествие„Сакам да се заблагодарам на сите кои што изминативе години беа со мене во текот на мојата фудбалска кариера, на сите мои соиграчи, тренери, судии, новинари. Посебна благодарност до сите клубови кои ми дадоа шанса да бидам дел од нивните истории и до сите оние кои што заедно се радувавме и жалевме. Голема благодарност до моето семејство кои што беа покрај мене и кога беше најдобро и кога беше најтешко.Посебна благодарност до мојот Работнички којшто ме научи што значи да се сака и живее за успех и фудбал. Голема благодарност до фамилијата Костовски и фамилијата Поповски кои што ме прифатија како нивно дете и ја држеа вратата отворена секогаш за мене. Мислам дека е време да им отстапиме место на помладите и желни за успех. На сите ви посакувам многу здравје и уште поголеми успеси“, напиша Илијоски на својот профил на Фејсбук.Тој, освен за Работнички, настапуваше за од Металург, Пелистер и Шкупи, а во странство играше за Инчон, Гангвон (Јужна Кореја), Брашов, Рапид Букурешт (Романија), Гифу (Јапонија), Бангкок глас и Келантан (Тајланд).Илијоски е најдобар стрелец во македонската Прва лига со повеќе од 130 голови во кариерата, што го прават најефикасен фудбалер во македонската историја. Одигра 13 меча и за најсилната македонска репрезентација.извор fokus.mk

Македонија | пред 6 години

64727551_732932710443344_6898629260278235136_n-696x335

Неготинска река повторно не издржа

Невремето што ја зафати Македонија попладнево направи проблеми во повеќе градови, а во Неготино повторно поплавени улици.Неготинска река повторно не издржа и се излеа на главната улица, а дел од автомобилите се заглавени од надојдената вода.

Македонија | пред 6 години

ivanka-dodovska-640x360

Додовска: Го прифаќам разрешувањето од Пендаровски, датум за преговори за милион години!

Откако претседателот Стево Пендаровски побара разрешување на професорката Иванка Додовска која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет, со свој став се изнесе и самата Додовска, која порача дека со задоволство ќе ја напушти функцијата.извор fokus.mk

Македонија | пред 6 години

20190619_165013

ИРЛ: Три години затвор за возачот кој прегази 3-годишно дете на “Илинденска”

По речиси четири години од сообраќајната несреќа, денеска во Кривичниот суд во Скопје е изречена пресуда за возачот кој го усмрти 13 годишниот Давид Анѓеловски. Судијката Софија Лаличиќ ја прогласи за виновна Маја Лукаревска и ја осуди на затворска казна од 3 години затвор.Сообраќајната несреќа се случи на булеварот „Илинденска“ кај фонтата во Градскиот парк на 18 септември 2015 година. Тоа попладне семафорите на булеварот не работеле, а Давид со својот велосипед поминувал на пешачкиот премин. Лукаревска била во возило „Пунто“, сопственост на Агенцијата за храна и ветеринарство. Ударот за Давид бил кобен и тој починал неколку минути подоцна во болница.[embed][/embed]повеќе на irl.mk

Скопје | пред 6 години

kasogi

ОН: Саудискиот принц вмешан во смртта на Кашоги?!

Новинарот од Саудиска Арабија, Џамал Кашоги, бил жртва на „намерна, претходно испланирана егзекуција“, се наведува во првата независна истрага спроведена од Обеднинетите нации (ОН) околку неговата смрт, јавува Си-ен-ен.Во долгоочекуваниот извештај, вонсудската истражувачка за егзекуции Агнес Каламард рече дека според меѓународното право, Саудиска Арабија е одговорна за убиството на новинарот Кашоги.Истакнатиот новинар и колумнист на “Washington Post” бил убиен откако влегол во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година. Саудијците на почетокот тврделе дека Кашоги излегол од конзулатот и бил убиен во инцидент со непријателски саудиски агенти, но на крајот саудискиот јавен обвинител признал дека убиството на новинарот било испланирано.Меѓутоа, специјалната истражувачка не изнела други заклучоци за вината на контроверзниот саудиски принц Мохадем бин Салман. Но, Каламард тврди дека постојат “уверливи докази кои бараат понатамошна истрага од страна на меродавната власт” за тоа “дали е преминат прагот на казнена одговорност”.Саудиска Арабија продолжува да инсистира на тоа дека ниту принцот Мохамед бин Салман ниту кралот Салман не знаеле ништо за планираното убиство на Кашоги.

Свет | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: ЕУ ја демаскира пропагандата на Владата: Заев двапати по ред е одбиен за отворање преговори

Вчера, Советот на министри на Европската унија ги демаскираше едногодишните лаги на владата СДСМ-ДУИ  со одбивање по втор пат по ред во владеењето на Заев, да одлучи во корист на отворање на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.Немањето одлука од земјите членки на ЕУ, несомнено е очајничка вест за граѓаните на Северна Македонија кои скапо ги плаќаат последователните неуспеси на оваа власт. Но, ваквиот тек беше очекуван и најавен постојано од страна на Алијансата за Албанците, уште од почетокот на пропагандната кампања на владата СДСМ-ДУИ во јуни минатата година, дека државата добила датум за почеток на преговорите.Причините за одбивање, на граѓаните им се повеќе од јасни. Тие се однесуваат на тоталниот неуспех на владата СДСМ-ДУИ во спроведувањето суштински реформи за враќање на владеењето на правото, борбата против корупцијата и департизација на јавната администрација.Овие потфрлувања се потврдени во последниот извештај на ЕК за напредокот на земјата, во кој се наведува дека нивото на корупција останува загрижувачко, а судството и јавната администрација продолжуваат да бидат заробени од политиката.Имено, многу добро се знаеше дека земјите членки нема да се согласат да и ги отворат вратите на ЕУ на една држава која не покажува политичка волја за спроведување на основните европски принципи на владеењето на правото. Пред една недела, холандскиот министер за надворешни работи посочи дека Северна Македонија и понатаму се соочува со сериозни проблеми во владеењето на правото и во борбата против корупцијата. Пред Советот на министри, француската влада нагласи дека проширувањето на ЕУ се базира на ригорозни критериуми и докажани резултати од земјите кандидатки без претходно дефинирани временски ограничувања.Во овие околности, заклучоците на Советот привремено го одбија започнувањето на преговори и ја одложија конечната одлука до на есен. Со оглед на акцентот ставен на заклучоците на Советот во адресирањето на структурните недостатоци во областа на владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата, како и реформите во јавната администрација, не се исклучува можноста за повторно одложување на одлуката на Советот на ЕУ ако не се случи драстична промена во Северна Македонија.Владата СДСМ-ДУИ, која веќе една година постојано ги лаже граѓаните дека земјата добила датум за преговори со ЕУ, е целосно делегитимирана. Уште повеќе загрижува фактот дека Владата продолжува да лаже бесрамно, прикажувајќи го вчерашното одбивање како успех, со што покажува дека нема политичка волја за донесување на храбри одлуки за враќање на владеењето на правото пред новиот рок определен од страна од Советот на ЕУ.Повеќе од било кога, решение се изборите. Само нови избори можат да донесат вистинска реформистичка влада ослободена од хипотеките на режимот ВМРО-ДУИ, која ќе добие датум за преговори за членство на земјата во ЕУ, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.    

Македонија | пред 6 години

anketa-1

Според најновата анкета на (ИПИС) ВМРО ДПМНЕ има поголема поддршка спрема СДСМ

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе  истражување во периодот помеѓу 14 и 16 Јуни 2019 година на 1119 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови околу нивната поддршка на политичките партии. Целта на истражувањето беше да се анализира ефектот од резултатите од претседателските избори врз поддршката на политичките партии.Според објавената анкета ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 21,2 % од испитаниците, СДСМ 19.5 %, а ДУИ 4.6%.  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања