Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Шилегов во дводневна работна посета на Брисел

Градоначалникот Шилегов, како претседател на ЗЕЛС и НАЛАС, е во дводневна работа посета на Брисел и учествуваше на дводневниот заеднички консултативен состанок на Комитетот на регионите од Република Северна Македонија со Комитетот на региони на Европската Унија, на кој главна тема беше улогата на локалните власти во процесот на интегрирање на земјата во ЕУ.На овој состанок, Шилегов како нова вредност го истакна силното лобирање на ЗЕЛС пред централната власт, особено за зајакнување на финансиската самостојност на општините.- ЗЕЛС се залага за зголемување на приходите за општините од данокот на додадена вредност од 4,5 на 10 насто, на средствата од персоналниот данок од скромните три на 50 насто, за обезбедување доволно средства од дотациите од централниот буџет - рече Шилегов.[caption id="attachment_48642" align="alignnone" width="6000"]  [/caption]За време на официјалната посета, Градоначалникот Шилегов имаше обраќање на на пленарната сесија на „Денот на проширувањето“, настан на кој присуствуваат сите земјите членки на Комитетот на региони на Европската Унија, на тема „Пари преку вредности? Дали подобреното управување води кон локален социо- економски развој“.- Како градоначалник на Скопје и претседател на НАЛАС и ЗЕЛС, би сакал да го поканам Комитетот на региони да ги здружи своите напори и да побара од институциите на ЕУ и владите од Западен Балкан да обезбедат рамковни услови кои ќе им овозможат на локалните власти да имаат водечка улога во развојот „од долу нагоре“ – изјави Шилегов во обраќањето на пленарната сесија.[caption id="attachment_48641" align="alignnone" width="6000"]  [/caption]Во тој контекст, Шилегов во своето обраќање ги сумираше резултатите од внатрешниот извештај на Регионалната опсерваторија за децентрализација на НАЛАС (RDO), ги презентираше заклучоците од 7-от извештај за фискална децентрализација на НАЛАС и предложи препораки кои може да помогнат во подобрување на управувањето преку финансии од ЕУ и да доведат до локален социо-економски развој во регионот.  

Македонија | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Владата со ново задолжување од 14 милиони евра

Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии вчера одржа нова аукција на хартии од вредност со која повлече нови 860 милиони денари односно 14 милиони евра.Она што е посебно алармантно е зголемувањето на долгот на државата кој според проценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 отсто што е екстремно опасна состојба.И покрај редовното повлекување милионски суми на аукциите на државни хартии од вредност и  енормните задолжувања, инвестициите во реални проекти изостануваат.   

Македонија | пред 6 години

nikoloski-press

Николоски: Како тргнале и ако вака продолжат, следен јуни ќе дојде, а датум за почеток на преговори нема да има

Во Луксембург се потврди на што сите го знаеме до душа некои порано а некои подоцна а тоа е дека Македонија со Заев, Димитров, Османи и Шеќеринска за жал и овој јуни не доби датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија. Како тргнале и ако вака продолжат да работат, односно да не работат и да блескаат како што самите велат и следен јуни ќе дојде, а датум за почеток на преговори нема да има, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Значи внимавајте, зборувам за датум за почеток на преговори а не за членство во Европската Унија. Па колку ли не ги бива што Европската Унија не сака да даде зелено светло ни за почеток на преговори? Која е таа неспособност? Навистина е поразителното сето ова.Дојдоа на власт со големи очекувања и ветувања дека преговорите ќе почнат во јуни 2018 година. После дебаклот кој што им се случи лани со нереализацијата на Планот кој што самите го создадоа 3 6 9, да потсетам реализираа само 42 проценти од истиот, минатата година кажаа дека датум за преговори има и тоа е јуни 2019 година.Еве го јуни дојде и видовме дека датум за преговори немало. Сега велат: готово е за октомври. Па јавно прашуваме каква е гаранцијата за октомври? Затоа што заклучоците на Советот пишува дека не подоцна од октомври ќе се донесе одлука, но не пишува каква.Која е гаранцијата дека во октомври ќе се донесе одлука за почеток на преговори и дека истите ќе почнат до крајот на годината како што ветуваат од Владата. Таква нема затоа што сите знаат дека и Заев и владата се неспособни да испорачаат реформи.Прашањето е едноставно, како да сакаат било која голема европска држава да ве види во исто друштво со нив кога гледа дека корупцијата цвета, економијата оди надолу, а начинот на кој се обидувате да се одржите на власт е крајно недемократски, со политички притисоци и желба за затворање на политичкиот противник.Начинот на кој што сакате да се одржите на власт е со тоа, ние сме добри, сите останати се криви, па изминатите недели имавме тирада напади кон Канцеларката Меркел, а еве денес гледаме од официјални советници на премиерот Заев напади и кон Европскиот Совет.Како сакате да ве видат во исто друштво со уништено здравство во кое што однапред се знае кој и како ќе ги добива тендерите. Како сакате да ве видат во исто друштво кога дрога има по улиците како никогаш порано?Како да ве видат во исто друштво кога економијата се сведува на онаа народната, јас, брат ми и по некој друг братучед и уште многу како?Од оваа перспектива можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ се постави крајно конструктивно и патриотски по однос на ова прашање. За се што бевме консултирани дадовме придонес, во јавноста секогаш ги изнесувавме информациите до кои што доаѓавме, а тоа е дека ако нема реформи и оваа година нема да има датум, за жал како што се случи. Лобиравме таму каде штоможевме, за разлика од СДСМ кога беше опозиција буквално секој петок праќаше циркуларни мејлови до сите до кои што можат да стигнат, критикувајќи ја и кодошејќи ја државата.Ние како ВМРО-ДПМНЕ сакаме Македонија да оди напред, тоа е добро за сите граѓани и затоа сесрдно, наместо да ја кориме ситуацијата за дневно политички поени јавно понудивме да се формираат работни групи помеѓу ВМРО- ДПМНЕ и Владата кои што ќе работат на реформите кои што Европската Унија ги бара.За жал, до овој момент на понудата која што пред две недели ја изнесе Претседателот на партијата, се уште немаме одговор, таков одговор нема. Претпоставувам нема, затоа што ги јаде ароганцијата и самобендисаноста, затоа што не знаат и не сакаат а од други помош не примаат.Па еве јавно се прашуваме дали можеби на СДСМ и Заев им одговора да нема датум за почеток на преговори?Дали можеби не сакаат да бидат контролирани од Европската Унија?Затоа што кога ќе почнат преговорите, тендерите ќе не можат така лесно да се местата и бизнисот да цвета. Не смее да се губи повеќе време. Веднаш мора да се направи план за реформи и работа, за големи проблеми. ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да помогне со сиот свој експертски потенцијал и бројните контакти кои што ги имаме.Сакаме да помогнеме за да биде добро за Македонија. Но, да бидам искрен не верувам дека Заев, Шеќеринска, Османи, Димитров и останатите тоа знаат и можат да го направат.Немаат ни волја, ни знаење и затоа во овој момент оставките се најмалку што можат да направат, истакна истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Shkoder-policia

Тензично во Албанија –Во Скадар запалено училиште со изборен материјал

Со наближување на 30 јуни, денот на локалните избори, се зголемуваат тензиите во Албанија.Во северниот град Скадар по тензичната ситуација во моментот кога членови на ЦИК го доставуваа изборниот материјал во еден објект во општината, синоќа е подметнат пожар во училиште каде што веќе се наоѓал изборниот материјал, кој целосно изгорел, а предизвкана е и материјална штета врз училишната зграда.Во овој инцидент дошло до судир меѓу полицијата и граѓани кои ја попречувале интервенцијата на противпожарната единица, за што се приведени најмалку пет лица.Албанскиот претседател Илир Мета на средбата со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Тирана соопштил дека, како врховен командант ќе ја извади армијата на улица доколку на 30 јуни има обид да се спроведат изборите, пренесува весникот „Шќип“.Според истиот извор, образложението на Мета било дека добил информации од странски служби за обид за нереди, што како шеф на државата не може да го дозволи.

Свет | пред 6 години

stevo-770x437

Пендаровски бара разрешување на Иванка Додовска

Претседателот Стево Пендаровски бара разрешување на Иванка Додовска од Националниот совет за евроинтеграции, а на нејзино место бара да биде именуван Александар Спасов.– Кабинетот денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, Илија Димовски, дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е предложен како претставник на Кабинетот на претседателот на Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции. Воедно, Кабинетот бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет – се вели во соопштението.Националниот совет за евроинтеграции има за цел да ги засили активностите и одговорностите на сите надлежни државни органи и институции во обезбедувањето на заедничка согласност и дејствување во пристапниот процес на Македонија кон ЕУ.

Македонија | пред 6 години

download-3

Стартува проектот за поврат на 15% од ДДВ кај граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски, и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес-конференција информираа за Предлог-законот за враќање на 15% од данокот на додадена вредност на граѓаните кој беше усвоен на последната седница на владата и доставен на усвојување во Собранието.Со овој предлог закон, кој се очекува да се применува од 1 јули, започнува реализацијата на проектот „Мој ДДВ“, еден од најважните проекти од изборната програма и од Програмата за работа на Владата.„Преку мерката „Мој ДДВ“, граѓаните на нашата земја, заедно со финансиските институции, ќе остварат две главни цели: Првата цел е да се вратат пари кај граѓаните, а втората цел е да учествуваат во намалувањето на сивата економија и во елиминацијата на даночното затајување. Благодарение не оваа мерка едно четиричлено семејство ќе може да си врати на сметка до 28 илјади и 800 денари годишно во семејниот буџет. Нешто повеќе од една просечна плата во нашата земја, односно плата плус за секое семејство“, истакна премиерот Заев на прес-конференцијата, и потсети дека парите кај граѓаните започнаа да се враќаат со укинувањето на радиодифузната такса, со враќањето на евтината тарифа на струјата, како и со мерките за раст на минималната и на просечната плата, и со зголемувањето социјалната помош за речиси 300%.„Сега, време е за нова голема ставка во домашниот буџет. Време е за МОЈ ДДВ. Зборот е збор, и зборот важи. Ги враќаме парите кај граѓаните и кај компаниите и продолжуваме во таа насока“, рече Претседателот на Владата на РСМ Заев на прес конференцијата по повод Предлог-законот за враќање на 15% од данокот на додадена вредност на граѓаните.Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани на Република Северна Македонија кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП, и кои од 1 јули ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа и да ги скенираат преку мобилен телефон.„Доколку се исполнат нашите очекувања и граѓаните бараат сметки, ќе им бидат вратени околу 50 милиони евра годишно. Максималниот износ на поврат за едно лице ќе изнесува 1800 денари за три месеци. 98% од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ на нивната вкупна потрошувачка, а за оние најбогатите 2% ќе има лимит“, информираше министерот за финансии Драган Тевдовски, и додаде дека оваа придобивка е обезбедена за сите граѓани, и дека заради правичност, за да не се случи повратот да оди главно кај најбогатите граѓани, поставени се лимити кои оневозможуваат поврат на дел од ДДВ-то од сметка над 30 000 денари.

Македонија | пред 6 години

rosoman-praski

(ВИДЕО) Ова е патот кон ЕУ преку Росоман

Земјоделците од Росоман денес ги фрлаа праските, револтирани и гневни на владата поради како што викаат лошите услови. Земјоделците кои се занимаваа со одгледување на праски од Росоман најавија штрајк доколку министерот за земјоделие Љупчо Николовски не преземе сериозни мерки три години откако е на власт.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се огласија од Општина Аеродром: Ќе го преиспитаме договорот со приватната маркетинг-агенција

Општина Аеродром ја известува јавноста дека врз основа на јавниот интерес, како и принципите според кои се води за одговорно и транспарентно работење, кое подразбира рационалност и економичност, сукцесивниот Договор со приватната маркетинг-агенција ќе биде преиспитан.Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации.Тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните.Граѓаните ќе бидат известени за одлуката и за натамошното постапување, се вели во дописот од општина Аеродром.

Скопје | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски: Кога зборува за приходите Тевдовски треба да прави разлика помеѓу приходи од УЈП и приходи на целиот буџет на Република Македонија

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук направи математика за како што пишува промашувањата и неспособноста на анти бизнис Владата и анти реформски ориентираниот премиер Заев.Еве што напиша Мицкиски на ФБ:Очигледно промашувањата и неспособноста на анти бизнис Владата и анти реформски ориентираниот премиер Заев продолжуваат надополнети со вообразениот министер за финансии Тевдовски. Кога зборува за приходите Тевдовски треба да прави разлика помеѓу приходи од УЈП и приходи на целиот буџет на Република Македонија, што се две различни категории. Минатата година велеа и проектираа дека приходите во буџетот ќе растат за 9 проценти. Сега велат дека тие растат за 6.6 проценти што е потфрлање за 2.4 проценти. Или со други зборови ако продолжи овој тренд до крајот на годината потфрлањето ќе биде над 82 милиони евра или над 5 милијарди денари што е огромна сума за било која влада во регионот. Ова ќе биде уште еден доказ за неспособната Влада и нејзиниот антиреформски тим кој има потфрлање во секоја област. Цената на ваквата неспособност ја плаќаат граѓаните. Затоа велиме дека на Македонија и е потребна обнова. Обнова со која ќе ги намалиме даноците и ќе го вратиме рамниот данок, со која ќе ја намалиме покачената акциза за горивата и ќе направиме економска обнова на Македонија. За секој еден човек, за секој еден граѓанин.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/pcb.1254728064702650/1254728018035988/?type=3&theater 

Македонија | пред 6 години

zoran_zaev_obrakanje

Заев: Заедничките напори не беа попусто , преговорите за членство ЕУ не подоцна од октомври оваа година

Со заклучоците на Советот на министрите од Луксембург добивме силно и недвосмислено признание за нашите достигнувања во изминатата година. Добивме јасна потврда за реформите кои ги спроведовме и за сите резултати остварени на домашен план, но и пофалби за Договорите со Грција и Бугарија. Тоа за нас и за граѓаните е многу значајно и ни укажува дека заедничките напори не беа попусто.Исто така, со заклучоците на Советот ни е одредена точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа е не подоцна од октомври оваа година.За нас беше клучно оваа одлука да биде донесена оваа година, а овој заклучок токму тоа го потврдува. Ние во меѓувреме продолжуваме со работа и реформи.Нашиот резултат е одржлив и незапирлив. Продолжуваме со интензивните подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година.Задоволни сме од денешниот заклучок, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се круниса со конечна одлука за почеток на преговорите и практичен почеток до крајот на годината. објави премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил. 

Македонија | пред 6 години

Foto-1-5

Претседателот Пендаровски го прими Лајчак

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Мирослав Лајчак, министер за надворешни и европски работи на Словачката Република и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).Двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, при што изразија задоволство од развојот на соработката која бележи континуиран позитивен тренд во повеќе области од заемен интерес, што пак се заснова на искреното пријателство, меѓусебната почит и доверба.Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени силната заложба и конкретната поддршка од Словачка за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, нагласувајќи дека интегрираниот и безбеден регион е еден од суштинските предуслови за стабилна и просперитетна Европа. Во тој контекст, Претседателот го поздрави и ратификувањето на Протоколот, во словачкиот парламент, за членство на Република Северна Македонија во НАТО.На средбата, претседателот Пендаровски подвлече дека Северна Македонија во изминатиов период  вложи огромен труд и напори во исполнувањето на европските критериуми. Во таа насока тој изрази благодарност за поддршката и помошта што ОБСЕ ја дава на нашата држава во клучните општествено политички области, особено во судството, законодавството, изборниот процес, унапредувањето на меѓуетничките односи и владеење на правото.Двајцата соговорници изразија увереност дека Европската унија го препознава напредокот на Северна Македонија и дека ќе го исполни ветеното, оваа година да отвори ново поглавје во односите со нашата држава.Министерот Лајчак му го честиташе стапувањето на функцијата на претседателот Пендаровски, посакувајќи му успех во работата, и ја изрази подготвеноста за натамошно продлабочување на традиционално пријателските односи меѓу двете држави. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Почна реконструкцијата на стационарот Вардариште

Денеска во стационарот „Вардариште“ започнаа градежните активности на двата објекти, со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи. Истите ќе бидат комплетно заменети со нови по современи стандарди во служба на основните потреби и благосостојба на бездомните животни кои ќе бидат дел од новата програма.Со денешните активности ќе се ослободи простор за слободен, непречен влез и функционирање на градежната механизација согласно со проектната документација за реконструкција, санација и адаптација.Досега со стационарот „Вардариште“ стопанисуваше ЈП „Комунална хигиена“, а сега за заловените уличните животни ќе се грижи новоформираното претпријатије „Лајка“.Ново јавно претпријатие „Лајка“ ќе има целосно нов концепт и пристап кон решавањето на проблемот со уличните животни и нивниот третман и благосостојба.

Скопје | пред 6 години

soobrakajka-1

Се судрија„Матиз“ и „Фиат Стило“, има повредени

На 18.06.2019 година во 21.30 часот на крстосницата од булевар „Словенија“ и улица „Качанички Пат“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Даеву Матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје и патничко возило „Фиат Стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(27) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Фиат Стило“, О.С.(23) од Скопје кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот К.Е. и сопатниците Ј.И.(23) и К.Ф.(31) од двете возила.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Двајца, моторциклисти од Куманово излетале од патот и двајцата со тешки телесни повреди

На 18.06.2019 година во 10.30 часот на локалниот пат Куманово- с.Романовце, Џ.С.(66) од Куманово управувајќи мопед „Апен 6“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Џ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата Куманово, по што бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.На 19.06.2019 година во 01.35 часот на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, 15 – годишник од Крива Паланка управувајќи мотоцикл „Зон Шен“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа-Крива Паланка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

zaev-ohrid

Заев го демантира Милошовски: Прв пат слушам за тоа дека седум земји биле против

Премиерот Зоран Заев денеска го демантираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој на Твитер објави дека министри за надворешни работи на седум земји-членки на ЕУ биле против доделувањето на Датум за преговори за Македонија од страна на унијата на вчерашниот состанок на Надворешниот совет во Луксембург.- Прв пат слушам за тоа дека седум земји биле против отпочнување на преговорите. До сега немам таков податок - рече Заев.Инаку  Милошовски на Твитер вчера објави дека 7 земји членки биле против датум за преговори со Македонија и  АЛбанија.  Тој во својот статус ги наброја:  Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија.12 членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, ИТ, СЛО, ХР, БГ, РО, ЕСТ, Латвија, Литванија.Грција и другите воздржани!

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен државјанин од Ирска, направил инцидент во угостителски објект во Скопје

На 18.06.2019 година околу 17.50 часот во Полициската станица Центар бил приведен В.М.С.(31) од Република Ирска поради тоа што во угостителски објект на „Кеј 13-ти Ноември“ го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување, ги вознемирувал присутните гости, а агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои излегле на местото на настанот. По целосно докуменитрање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

ojo

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на општина Велес обвинети за злоупотреба на службената положба

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен предлог против поранешен градоначалник и против поранешен претседател на Советот на општина Велес кои се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Имено, првиот обвинет, како службено лице – градоначалник на општината, со искористување на својата службена положба и овластување, за вториот обвинет прибавил имотна корист од поголема вредност. Спротивно на одредбите од Правилникот за користење и одржување на службените моторни возила и на Наредбата за користење и одржување на службените моторни возила, тој со усно одобрение допуштил тогашниот претседател на Советот во периодот од 23.02.2014 година до 09.08.2016 година, во повеќе наврати, да користи две службени моторни возила за лични приватни потреби, без реверс за нивно користење и без притоа да достави пополнет евидентен лист за патувањето.Вториот обвинет, пак, како одговорно лице – претседател на општинскиот Совет, без поднесено писмено барање, возилата ги управувал самостојно и со искористување на својата службена положба и овластување за себе прибавил имотна корист од поголема вредност. Тој во повеќе наврати вршел и набавка на гориво за двете возила во количина од 2.880 литри и во вредност од 170.598,00 денари, за кои била извршена исплата од сметката на оштетената општина Велес по доставени фактури изготвени врз основа на испратници своерачно потпишани од обвинетиот. 

пред 6 години

zemjodelstvo

МЗШВ: Со нов систем за авионско засејување на облаците, до заштита на земјоделското производство од град

Владата на вчерашната седница ги усвои измените на Уредбата за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, со коишто се додаде нова подмерка „Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви“. Станува збор за нов систем за заштита од временски непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови преку таканаречено засејување. Тоа подразбира надлетување на небото на територија на Република Северна Македонија со специјално опремени авиони кои ќе испуштаат раствор за спречување на формирање на мраз во облаците.Со овој вид на заштита од природни климатски непогоди како што е градот се постигнува најефикасен систем за превенција и неколку кратно поекономичен систем од старите ракетни системи.Во текот на изминатиот период МЗШВ направи повеќе истражување на различните типови на заштита и консултации со релевантни страни, при што се дојде до заклучок дека ваквиот тип на заштита е најпрецизен и економски исплатлив затоа што не бара сериозни инвестиции во комплексни системи какви што се денешните за кои никој не може да гарантира висок процент на заштита, односно досегашните алтернативните системи за справување со природни непогоди (град) предвидуваат испукување на ракети од земја кон облаците и во повеќе случаеви се имаат докажано како неефикасни.Овој период беа одржани неколку консултативни работни состаноци со УХМР за спроведување на целата постапка. Откако Владата ја усвои одлуката, сега УХМР ќе спроведе јавна набавка за избор на компанија за услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви.Проценетата вредност за набавка на услугите е 90 милиони денари, што е неколкукратно поекономично од инвестициите во ракетен систем чија проценета вредност за инсталација и одржување е еднократна инвестиција од 1 милијарда и 200 милиони денари и дополнителни трошоци за одржување и набавка на материјали од 300 милиони денари на годишно ниво.Поради сѐ позачестените негативни последици од климатските промени и појава на град, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, интензивно работи на мерки со кои што ќе се заштити земјоделското производство од штети од временските непогоди, конкретно од град, и овој нов систем е само дел од мерките за заштита од временски нпогоди. Инаку, и натаму на земјоделците на располагање им стои мерката од Програмата за водостопанство нафинансиска поддршка во земјоделството за 2019 година за кофинансирање на трошоците за премијата за осигурување за надоместок на штета врз земјоделското производство во висина од 60 отсто. Вкупната сума во Програмата за оваа намена е 70 милиони денари. Дополнително, МЗШВ работи и на нов модел за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Наместо датум за почеток на преговори, ладен туш за корумпираната влада на Зоран Заев

Наместо датум за почеток на преговори, советот на министри на ЕУ испорача ладен туш за корумпираната влада на Зоран Заев. Не е доволно само да се распродадат националните интереси и да се промени името кога земјата ја водат криминалци кои се неспособни да спроведат реформи. На ЕУ не и требаат преговори со аболицирани политичари кои се живи фатени како бараат мито од едно евро по метар квадратен, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Повеќе земји членки, докажани пријатели на Македонија, биле против доделување на датум. Може да се разбере нивниот револт кон катастрофата наречена Заев, но не може да се оправда казнувањето на државата и народот заради неспособноста и корумпираноста на Заев и картелот околу него.Од бриселските ладни тушеви настинува народот, а Заев мува не го лази. Заеви си имаат и ниви со марихуана и бизниси со РЕК, си го имаат и „Герас Цунев“ и „Цареви кули“, си имаат имот и си градат на земјиштето од струмичката касарна, а си копа каде стигне и кога ќе стигне.Заев знае многу одамна дека Македонија со него не добива датум, но повеќе му е од корист да лаже и манипулира.Заев лаже затоа што за него пари се во прашање. Македонија само стагнира и ниже неуспеси.Со Заев на власт Македонија пропаѓа. Криминалот, корупцијата И непотизмот станаа главна одлика за власта. Потребна е обнова. Заев И СДСМ мора да си заминат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски: Седум членки биле против датумот за преговори

На ЕУ Советот вчера  седум членки биле против датум за преговори со Македонија и Албанија: Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија. Дванаесет членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Италија, Словенија, Хрватска, Белгија, Романија Естонија, Латвија, Литванија. Грција и другите воздржани! – напиша поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Твитер.Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври 2019 година на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија, се договорија министрите за надворешни работи на ЕУ, попладнево во Луксембург.https://twitter.com/AMiloshoski/status/1141107817769775104?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1141107817769775104&ref_url=https%3A%2F%2F24info.mk%2F%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25be%25d1%2588%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25b5%25d0%25b4%25d1%2583%25d0%25bc-%25d1%2587%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b1%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25b5-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25b2-%25d0%25b3%25d1%2580%2F

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Заклучоците на Советот на министри на ЕУ се јасно признание за достигнувањата

Заклучоците на Советот на министри на ЕУ се јасно и недвосмислено признание за постигнатиот успех во изминатата година. Резултатите на домашен план, преземените храбри чекори, напредокот во реформите се признаени и вреднувани, се вели во соопштението од СДСМ.Одредена е точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток напреговорите за членство ЕУ, а тоа нема да биде подоцна од октомври оваа година.Од особена важност е што оваа одлука ќе биде донесена годинава, што е практично и потврдено со заклучоците на Советот.Најпозитивниот извештај, безусловната препорака за почеток на преговорите и заклучокот од Советот значат целосен успех кој се заокружива во октомври, со конечна одлука за почеток на преговорите до крајот на годината.Владата предводена од СДСМ, министерствата и сите институции продолжуваат со интензивни подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

МВР „лови“ возачи кои пречекоруваат дозволена брзина

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 18.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 58 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина за што им се исто толку мандатни платни налози. Откриени се и 74 останати прекршоци за кои се издадени 18 мандатни платни налози и 56 прекршочни платни налози.Во периодот од 17.30 часот на 18.06.2019 дп 00.30 часот на 19.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се 27 возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 31 мандатен платен налог и 27 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

lajcek

Мирослав Лајчак во посета на земјава, вели ЕУ мора да го исполни ветеното и да отвори ново поглавје во односите со Северна Македонија

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи и европски прашања на Словачка, Мирослав Лајчак денеска и утре е во посета на Скопје.„Лајчак ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, заменик премиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Тој ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претседавачот на ОБСЕ ќе се сретне со претставници на граѓанскиот сектор од Северна Македонија и ќе го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци- Скопје, каде што ќе има прилика да разговара со децата кои учествуваа во проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, „Градиме мостови““, информираат од ОБСЕ.Инаку министерот Лајчaк, изјави дека ЕУ мора да го исполни ветеното и оваа година да отвори ново поглавје во односите со Северна Македонија. Тој во интервју за МИА рече дека Северна Македонија стигнала подалеку отколку што можело да се претпостави пред неколку години и сега е време да се наградат напорите на државата. 

Македонија | пред 6 години

kiracoski

Кирацовски ќе тужи медиуми кои шират лажни информации за неговиот имот

Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски на својот фејсбук профил најави тужба против неколку медиуми за како што вели ширење клевети против него.Како што пишува Кирацовски на Фејсбук, тужба ќе биде покрената против vecer.mk; netpress.com.mk; kurir.mk; republika.mk; denesen.mk, за кои вели дека се  пример за ширење лажни информации, груби измислици и инсинуации – тренд кој како канцер во демократскиот свет нагло се шири.„Ова е еклатантен пример за лиферување на лажни информации, груби измислици и инсинуации - тренд кој како канцер во демократскиот свет нагло се шири.Сериозни медиуми ова не би си го дозволиле, а несериозните, како гореспоменатите, мора да сносат одговорност.Наводите за споменатото возило се груба лага и клевета која лесно се докажува, во или вон судска постапка и е беспредметна за дискусија.Од друга страна, фамозната "хациенда" е семејна куќа изградена од 2013\ 2015 год. (а НЕ кога јас сум на општествена функција) на локација која е еден век во сопственост на мојата фамилија, од секој аспект основана и пријавена во Антикорупциска комисија.Ваквата зла практика на ширење на груби ЛАГИ на дрзок и безобразен начин дополнително ме мотивира, како пратеник во републичкото Собрание, да покренам сериозна иницијатива за законско решение со кое ќе се стави крај на создавањето на лажна претстава за реалноста.Секоја информација ќе мора да се провери пред да се објави, а доколку се стори спротивното, одговорноста ќе биде повеќекратна.Таквото законско решение е од интерес на граѓаните, затоа што тие одлучуваат и никогаш не смее да бидат доведени во заблуда од било какви "центри на моќ" чии што цели се спротивни од граѓанските.И запомнете: 100 пати повторена лага станува вистина, но не посилна од 100 пати повторена вистина“, напиша Кирацовски на ФБ. 

Македонија | пред 6 години

120190520_080018

И денеска претпладне сонце, попладне дожд

Времето денеска претпладне со мала до умерена облачност, попладне облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во вид на невреме. УВ=8За попладне метеоролозите најавуваат мала до умерена облачност, и особено на западот облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во вид на невреме. УВ=7

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања