Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Angela-loso

(Видео) Меркел почна неконтролирано да се тресе за време на церемонија во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на церемонијата во Берлин за пречек на новиот украински претседател Володимир Зеленскиј, доживеа непријатност. На германската канцеларка и се слоши и почна да се тресе, но не сакаше да го прекине интонирањето на химните.По церемонијата , таа изјави дека била дехидрирана , поради силното сонце и високите температури. Меркел , чие тело видливо се тресеше , се обиде да се контролира , ги стисна усните , но безуспешно. Мораше да стои со Зеленски додека се интонираа химните на Германија и на Украина.

Свет | пред 6 години

aparati

Владата даде зелено светло - ќе се набавува медицинска опрема дигитални РТГ апарати за повеќе Јавни здравствени установи

Владата го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема дигитални РТГ апарати за потребите на повеќе Јавни здравствени установи во Република Северна Македонија, за јавна набавка на медицинска опрема – апарати за хемодијализа, за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија, ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември Скопје и ЈЗУ Завод за нефрологија Струга, како и за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема, за потребите на ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина – Скопје.

Македонија | пред 6 години

gjorgi-filipov

Амбасадорот Ѓорѓи Филипов ќе ги координира експертите во спроведувањето на обврските од Преспанскиот договор

На денешната, 140 редовна седница на Владата на РСМ го назначи амбасадорот, проф. д-р Ѓорѓи Филипов за координатор на Меѓународната група на експерти од Република Северна Македонија за трговски марки, и имињата и другите облици на интелектуалната сопственост, кои со колегите од Грција ќе работат за постигнување на взаемно прифатливи решенија за овие прашања, согласно обврските од Договорот меѓу Република Северна Македонија и Република Грција потпишан на 17 јуни 2018 година.

Македонија | пред 6 години

devojce

Истрага против две лица за Трговија со дете

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Тетово. Лицата се сомничат дека сториле по едно кривично дело – Трговија со дете предвидено и казниво по чл.418-г став 1 од Кривичниот законик.Имено, осомничената, искористувајќи ги сознанијата од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка е со починат татко и болна мајка и живее во тешки семејни и материјални услови, го земала девојчето во својот дом. Таа, од користољубие преку интернет комуникација договарала средби и сексуално го експлоатирала детето – жртва. Осомничената го терала девојчето лажно да се претставува како полнолетно и го испраќала или го носела со свое возило по хотели во Тетово, каде по претходен договор за одреден паричен надомест, им овозможила на други лица да користат сексуални услуги од детето.Второосомничениот, како сосед на осомничената, иако знаел дека детето е малолетно и знаел за сексуалнатa злоупотреба, наместо да го пријави кривичното дело, истиот го искористил девојчето за остварување на парична заработка. Тој го однел детето во хотел во Тетово и од клиент наплатил за сексуалните услуги. Девојчето искористувајќи погоден момент и прилика ги пријавило осомничените.Ценејќи дека се исполнети законските услови, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Ваквиот предлог Судот го прифати, па со решение на двајца осомничени им определи притвор во траење од 30 денa

пред 6 години

znaminja-777x437

Нема датум за преговори за земјава, Северна Македонија сега ќе го чека октомври

Нема датум за преговори за земјава.  Попладнево, министрите за надворешни работи го усвоија заклучокот – дека прашањето за датумот повторно ќе го отворат во октомври, и за Македонија и за Албанија, без воопшто да испратат јасен сигнал каков епилог би можеле да очекуваме тогаш.На прес конференцијата по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на унијата, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и романскиот министер за европски работи, Џорџ Чиамба во својство на земјата претстадавач со ЕУ неколкупати изразија жалење за одлуката и неколкупати го споменаа во позитивно светло Договорот од Преспа.Жалам што земјите членки на Европската унија денеска не ја потврдија препораката на Европската комисија да отвори преговори со Северна Македонија и со Албанија, рече Хан.Иако се уште неофицијално, најнаскептични за македонските преговори биле Франција и Холандија. Нејасно е дали предупредувањето на Кипар, кој се закани со вето на какво било идно проширување, доколку Брисел не ја заостри реториката околку турското ископување нафта во Медитеранот, влијаело на одлуката на министрите. 

Македонија | пред 6 години

123-1

Мајката на Пино објави комуникација од осомничената Ангела и нејзиниот син

Маја Трпковска, мајката на Пино Секондо, момчето кое беше ѕверски убиено, вели дека ќе бара правда за она што се случило на нејзиното дете. Таа на Фејсбук објави комуникација за која тврди дека е на Пино со осомничената девојка Ангела.Во пораката која мајката тврди дека е помеѓу нејзиниот убиен син и осомничената Ангела која прва ја почнува комуникацијата Пино ја прашува од каде се знаат и зошто ја интересира девојката каде живее Пино.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2828732987200655&set=a.551765748230735&type=3&theater

пред 6 години

Foto-3-5

Претседателот Пендаровски го прими италијанскиот амбасадор Карло Ромео

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Карло Ромео, амбасадор на Италијанската Република во Република Северна Македонија.На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Италија, при што беше изразено задоволство од континуираниот успешен развој на соработката меѓу двете држави, во сите области од заемен интерес.  Во тој контекст беше реафирмиран интересот за дополнително интензивирање на економските односи и трговската размена, како и за соработката во областа на одбраната и безбедноста, образованието, културата и туризмот.Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени конструктивната, јасна и безрезервна поддршка од Италијанската Република на нашиот пат кон полноправно членство во Европската унија, притоа изразувајќи очекување и дека италијанскиот парламент во најскоро време ќе го ратификува  Протоколот за пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.Италијанскиот амбасадор Ромео упати честитки до претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста, притоа изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување и зајакнување на односите меѓу двете држави. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ќе стане ли Горан Милевски министер?

Пратеникот од Битола Горан Милевски од ЛДП ќе биде идниот министер за локална самоуправа. Информацијата не е потврдена од Владата, но неофицијално се дознава дека во реконструкцијата на кабинетот на Заев, ова решение веќе било договорено.Пратеникот и претседател на ЛДП, Милевски, нити ја потврдува ниту демантира веста дека ќе стане министер за локална самоуправа на местото на Сухејл Фазлиу од НДП.Доколку Милески стане министер, ЛДП ќе остане со пратеник помалку во парламентот, со оглед дека во собранието ќе влезе Цветкоска од редовите на СДСМ, која е следна на пратеничката листа на коалицијата предводена на социјалдемократите во петтата изборна единица, од која впрочем беше избран Милевски за пратеник на парламентарните избори во 2016 година.Реконструкцијата која ја најави премиерот  според најавите, треба да опфати 8 министри, како и заменици министри, државни секретари и 20 тина директори на јавни претпријатија. Премиерот кажа дека до крајот на следната недела ќе бидат соопштение имињата на разрешениете, но и на новите министри и директори.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сведок за „Таргет-Тврдина“:Ги гледавме Мијалков и Горан Грујевски како се логираат за да прислушуваат

Актуелниот помошник-директор на Петтата управа во МВР, Сашо Трајковски, денеска сведочи на рочиштето за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното нелегално прислушување.Трајковски, кој за време на аферата во МВР работел како главен инженер во УБК, откри дека со неговите колеги гледале како ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот началник на петтата управа во УБК, Горан Грујевски од нивните компјутери се логирале на системот за следење на комуникациите.До системот за прислушување во УБК, „Најс“, можело да се пристспува од неколку локации надвор од кругот на МВР, раскажа инженерот Сашо Трајковски. Тој рече дека за стариот систем „Веринт“ може да тврди дека пристап надвор од МВР немало, освен еднаш во 2007 година кога се пристапило за време на конференција на НАТО во Охрид.– За „Најс“ системот знам дека имаше посебно одделение во некогашниот Аеро клуб спроти гимназијата Јосип Броз Тито во Центар каде по насоки на началникот Горан Грујевски беа инсталирани работни станици. Тоа е единствен случај за кој знам дека се пристспувсло надвор од кругот на Министерството. Дури во текот на 2016 година кога бев префрлен со канцеларија кај аеродромот во Петровец разбрав од колега дека имало стан кај железничка станица од каде се пристапувало и наводно кога колеги од МВР кои доаѓале таму го зафаќале паркингот па станарите се бунеле – раскажа Трајковски.Откако „пукна“ аферата за масовното прислушкување во 2015 – та, началникот на Петтата управа во УБК од тоа време, Горан Грујевски им кажал на подредените дека опремата за следење, заедно со документите треба да се уништи и тоа во два наврати. 

пред 6 години

Нема фотографија

Турчин се заканувал на сопругата-гостиварка и објавил компромитирачка фотогафија на нејзиниот ФБ профил

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против О.О.(41) од Република Турција, со престој во Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,загрозување на сигурноста“ при семејно насилство и ,,злоупотреба на лични податоци“. На 30.01.2019 година, пријавениот упатил закани по животот кон неговата малолетна ќерка и неговата поранешна сопруга Ќ.Ј.(27) од Гостивар. По ова, на социјалната мрежа „Facebook“, на кориснички профил на Ќ.Ј., пријавениот објавил нејзина фотографија и текст со компромитирачка содржина.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

На паркинг во Битола удрено 4 годишно дете

На 17.06.2019 година во 20.45 часот на паркингот кај Домот на култура во Битола, патничко возило „Опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(28) од с.Долно Оризари, битолско, удрило во четиригодишно дете, кое било пренесено во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

57 Мигранти пронајдени во две возила на на магистралниот пат Радовиш – Штип

На 17.06.2019 година околу 17.20 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип, кај клучката за село Тополница, при преглед на претходно паркирано патничко возило „Форд Транзит“, полициски службеници пронашле 20 лица – мигранти, сите државјани на Бангладеш, додека при преглед на товарно возило „Фолксваген Транспортер“, биле пронајдени  21 лице – мигранти, од кои 16 државјани на Бангладеш и пет државјани на Пакистан. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Во близина на локалитетот „Стоби“, во товарно возило пронајдени мигранти од Пакистен и Бангладеш

На 17.06.2019 во 15.00 часот на земјен пат, во близина на клучката за археолошкиот локалитет „Стоби“, при преглед на претходно паркирано товарно возило „Мерцедес“, полициски службеници пронашле 31 лице – мигранти, од кои 29 државјани на Пакистан и двајца државјани на Бангладеш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

0000traktor

Се превртел трактор натоварен со огревни дрва

На 17.06.2019 околу 14.00 часот пријавено е дека меѓу с.Дебреште и с.Рилево, општина Долнени, С.О.(43) од с.Дебреште, управувајќи трактор натоварен со огревни дрва, изгубил контрола и се превртел. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Прилеп, а потоа и во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид.

Македонија | пред 6 години

seca

Албански државјани краделе дрва во струшкото село Лакавица

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Ќ.А.(29) од струшкото село Боровец и против албанските државјани А.С.(29) и С.Р.(22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.На 14.06.2019 година од екипа на шумска полиција пријавените биле затекнати во атарот на струшкото село Лакавица во бесправна сеча на букови дрва, сопственост на Јавните претпријатија „Национални шуми“ и „Јабланица“. На А.С. и С.Р. одредена им е мерка притвор од осум дена.

Македонија | пред 6 години

gdu

ГДУ: Бараме Златко Марин да им одговори на граѓаните зошто ќе троши дури 73. 000 евра за да ги информира што работел или ќе сработел за нив?

Наместо дрва, никнаа згради. И тоа е единственото што се работи во општина Аеродром. Човекот кој ветуваше зеленило,со мега објектите го загуши Аеродром, Златко Марин, уверуваше дека ќе ја сопре изградбата на десеткатницата кај „Мајчин дом“, а кога седна во фотелја со негова дозвола се уништи единствената зелена површина која остана долж булеварот „Јане Сандански“. Очигледно е дека неговите ветувања кои ги даде во времето кога се кандидираше беа само празни зборови. Просто човек да се запраша дали ја има прочитано програмата со која го доби мандатот, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.Бараме Златко Марин да им одговори на граѓаните зошто ќе троши дури 73. 000 евра за да ги информира што работел или ќе сработел за нив? Неговиот имиџ не може да го подобри ниту една агенција. Трошењето на толку пари за имиџ на градоначалник е срамно и бесмислено.000 евра месечно, Марин, ќе плаќа за агенција да му одредува како да се движи и што да зборува на јавните настапи, па и на социјалните медиуми да го фали колку е добар и колку тој работи. Но ни фалби, ни фејсбук, ни твитер не помага. Граѓаните гледаат и знаат и не ве бираа за пари да трошите на вашиот имиџ и да ја покривате неспособноста, туку да им овозможите поубав живот.Премиерот Заев не смее да молчи за ваквите скандалозни однесувања на неговите неспособни градоначалници. Време е „метлата“ да ги фати и нив.Премиере, почнете да барате оставки од оние кои не му служат на народот. Почнете од градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, зошто со ангажирањето на маркетинг агенцијата за подобрување на својот имиџ, јасно е дека нема намера сам тоа да го стори, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Кој ќе прави бизнис во милиони евра со рудникот Иловица, Зоран или Заев?

Единствена Македонија ги подржува протестите на локалните жители од општините Босилово и Ново Село и активисти од екодвижењето „Здрава котлина„ кои беа реактивирани вчера и ќе траат до конечното спречување на изградбата на рудникот Иловица-Штука, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Случајот со рудникот за злато и бакар Иловица-Штука е дефинитивна потврда за Зоран Заев како двојна личност оти се изнагледавме за исти случаи едно зборува Зоран а друго Заев.Зоран Заев пред две години беше решително против изградбата на рудникот Иловица-Штука, а сега не се противи на градбата на рудникот ама ја замајува јавноста дека владата ќе формирала мониторинг тело кое ќе го надгледувало рудникот.-Дозволете да се обратам за да го знаете нашиот став и како влада и како политичка опција и како коалиција. Јас го соопштив ставот на владата. Ставот на владата е многу логичен, нешто што го чекаат граѓаните. Лично јас но и владата сме против изградба на рудникот и ќе направиме се да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани“ - рече Зоран Заев на промоцијата на Боро Стојчев како градоначалник на Општина Ново Село во 2017 година. Се поставува прашањето што е тоа што сега го промени ставот на Заев и на владата во врска со здравјето и животот на граѓаните. Дали тоа е бизнис интересот на Заев и фамилијата во милиони евра за транспорт на 15 милиони тони руда со камиони од Иловица до Република Бугарија а веќе се знае која од триесетината фирми од кланот Заеви и нејзини партнерски фирми ќе го вршат превозот. Бизнисот со златото од овој рудник кој според проценките на Геолошкиот завод на Република Македонија е 70 тони, е посебна приказна. Засега останува само дилемата, кој се премислува, Зоран или Заев?

Македонија | пред 6 години

casovnik

Кривична пријава за крадците на скапи часовници, вредноста на украдениот часовник 80.000 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и М.Р.(28), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба“. На 15.06 2019 година од објект на улица ,,Климент Охридски”, со насилно отворање врата, одзеле стока со вкупна вредност од 80.000 денари.

Македонија | пред 6 години

lisici

Жител од Радолишта навредувал полициски службеници

На 18.06.2019 година во 00.40 часот на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, при контрола на патничко возило „Фолкваген Голф“, К.К.(27) од село Радолишта, струшко, агресивно се однесувал и навредувал полициски службеници. К.К. бил приведен во полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Capture-6

Арсовски : Заев веќе втор месец ги лаже граѓаните дека ќе прави реконструкција на Владата

Откако заврши со театарот внатре во СДСМ што им го приреди на граѓаните и на членството и си ја зацврсти позицијата Заев оставајќи ги само лојалните војници нему во партијата, сега ја лаже јавноста и граѓаните дека ќе ја реконструира Владата со нови луѓе, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ако некој треба да си оди од Владата, тоа е Зоран Заев. Еве да наброиме неколку причини зошто Заев треба да си оди од Владата уште веднаш:Се што кажа – излажа.Лажеше дека ќе го брани Уставот и да не му ја гибаме жицата, а Уставот го промени уште веднаш и жицата му се скина. Го смени натписот на Владата иако викаше дека нема да се менуваат имињата на институциите. Ветуваше дека ќе доаѓаат инвестиции како ГУГЛ и Фејсбук, а гледаме дека фирми отвора и дека работат само фирмите на неговиот брат Вице и неговото потесно семејство. Ветуваше и славеше датум за преговори уште лани во јуни, а сега гледаме дека се уште го нема и сите му се виновни. Ветуваше дека ќе се намали бројот на министерства, а сега гледаме како министерствата и трошоците се зголемуваат.Зоран Заев е синоним за криминал и корупција.Зоран Заев е единствениот аболициран премиер за криминалии тешки милиони евра. Фирмите на Заеви се вклучени во безброј скандали. Да потсетиме за скандалот на Сашко Брндевски во касарната во Струмица. Да потсетиме на скандалот Цареви Кули каде што исто има кривично дело, да потсетиме дека фирмата на неговиот брат Вице Заев, ТОТАЛ ИНЖИНЕРИНГ работи превоз и транспорт на руда во РЕК.Наместо независно судство и бескопромисна борба против криминалот, Зоран Заев си обезбеди амнестија за случајот Едно евро за Вицето, едно евро за црквата. Македонија поради Зоран Заев тоне на листата на Транспаренси Интернешнл од година во година.Зоран Заев ја урна македонската економија.Моментално македонската економија е на најниско и најдолното дно изминатите 29 години. Ветуваше просечна плата од 500 евра а сега имаме 500 000 жители односно секој четврти човек во државата живее под прагот на сиромаштијата.Ветуваше сублимирање на буџетите, а сега гледаме мегаломански буџети најголеми во историјата, гледаме зголемени акцизи и гледаме нула капитални инвестиции.се колнеше дека младите ќе ги задржи, а Македонија никогаш не била толку пуста. Во моментот каде и да прошетате, вклучително и главната метропола односно главниот град Скопје можеме да видиме дека сите млади, сите они кои што дипломираат, кои што го завршуваат своето образование фаќаат само карти во една правец и се иселуваат од Република Македонија.Зоран Заев ветуваше дека ќе имаме европско здравство односно здравство по светски рамки. Во моментот гледаме дека здравството тоне, тоне и само тоне и гледаме се повеќе смртност кај луѓето кои што идат да се лечат на клиниките со кои што раководи Венко Филипче.Ова се само дел од причините зошто Зоран Заев мора прв да си оди од Владата, а после него сите други. Се додека Заев е Премиер на Република Македонија, државата ќе тоне, затоа што побрзо си отиде од владата која што ја води во моментот, толку подобро за сите граѓани, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

naum-MNR

Стоилковски: Македонија остана без почеток на преговори за членство во ЕУ, а во МНР владее хаос и самоволие

Македонија остана без почеток на преговори за членство во ЕУ, а во МНР владее хаос и самоволие. МНР со Димитров е постојан извор на скандали, кои се или директно поврзани со Никола Димитров или скандали поврзани за самоволие и политички реваншизам. Одговорен за оваа срамна состојба е министерот за надворешни работи Никола Димитров, човекот кој што се колнеше во Илинденска Македонија, ја претставуваше Република Македонија а сега се гордее со Северна Македонија, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани, Никола Димитров додека е на чело на ова министерство Македонија доживува порази, а министерството и дипломатијата ги претвори во приватен сектор, гранапче за задоволување на политичкитеамбиции и потреби на СДСМ.Додека на огласи се одбиваат се одбиваат доктори на наука и магистри  по европско  право и европска интеграција со меѓународни дипломи и искуство во дипломатија, заради внимавајте, застарено лекарско уверение, на платен список во МНР се блиски луѓе на Димитров и на партиското началство.Димитров мора да одговори како и дали е можно шефот на Кабинетот на Радмила Шекеринска, Катерина Ставреска, да биде вратена во МНР само на еден месец во јануари, само за да добие дипломатска титула Амбасадор? Дали за еден месец е унапредена во Амбасадор од позиција помлад соработник во државен советник за протокол?Димитров мора да одговори зошто за доктори и магистри нема место во МНР и дали наместо нив,  има место за  Љубица Пендаровска, роднина на Стево Пендаровски, потоа место за блиската пријателка на Димитров Елена Пресилска, има место за  шарени твитерџии како Јане Лазевски, или за пензионираниот амбасадор Ѓорги Филипов, кој што се откажа од трка за претседател и на кој сега му исплаќа за советување?Додека дипломатијата пропаѓа, и под прашање се доведува подмирувањето на режиските трошоци на ДКП-ата на Република Македонија по светот, Димитров мора да одговори дали на платен список на МНР се и советниците на Зоран Заев, Дане Талески и Бојан Маричиќ, иако не се појавиле на работаво МНР ниту еден ден во министерството?Граѓаните не ги прифаќаат штетните политики на оваа власт  чиј што репрезент е НД и актуелното не функционирање  на МНР. крајно време е Никола Димитров да ја ефектуира оставката поднесена лани по пропаста на неговиот предлогот за Илинденска Македонија, оставка за која што тврдеше потоа велеше дека е фалсификат, но никогаш потоа не се спомена евентуалната истрага за тоа кој можел да фалсификува печат од МНР и потпис од министерот за надворешни работи.Почитувани на Македонската дипломатија и е потребна обнова, сериозна обнова која ќе се случи со смена на оваа власта, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: По 13 години имаме подобрување на кредитниот рејтинг, економијата расте и се движи во добар правец

По 13 години, нашата држава конечно има подобрување на кредитниот рејтинг. Ренормираната агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Уште една потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.По години стагнација и сиромаштија,  економијата расте и се движи во позитивен правец.Од – 1,8 во последните месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за помалку од две години економијата бележи раст од 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година. За само една година, странските директни инвестиции пораснаа за 260 отсто, што ја прави нашата држава прва во регинот по раст на странски инвестиции.Тоа е потврдено и во „Извештајот за инвестициите во светот 2019“ на Конференцијата на Обединетите  нации за трговија и развој. Рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 и активните мерки за вработување, придонесоа стапката на невработеност да падне на историски минимум од 17,8 отсто.Ова не се само обични бројки, ова се реални позитивни придвижувања на економијата во интерес на граѓаните и државата.Со извесното членство во НАТО и забрзувањето на интеграцијата во ЕУ, очекувано е позитивните трендови да продолжат, но и дополнително да се интензивираат. Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе инвестиции, намалена невработеност и повеќе пари во секое семејство, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Foto-1-4

Потпишан протокол за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за Сити колеџот во Солун за академската 2019/2020 година

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, Арбер Адеми и директорот на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, Сити Колеџ, лоциран во Солун, Грција, Јанис Верверидис, денеска го потпишаа протоколот за соработка за доделување на стипендии „Борис Трајковски" за академската 2019/2020 година.Потпишаниот протокол предвидува нивна заедничка соработка за академската 2019/2020 година со цел да се обезбедат дваесет стипендии за Извршната програма на Универзитетот Шефилд за бизнис администрација која се реализира во Солун, Грција, а во рамките на стипендиите „Борис Трајковски“.Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на Сити колеџот и изнесува 14.890 евра при што педесет проценти обезбедува Владата на Република Северна Македонија, а другите педесет проценти ги обезбедува Универзитетот „Шефилд".Студентите по завршувањето на оваа програма ќе се стекнат со дипломи од Универзитетот Шефилд, Велика Британија, за мастер студии по деловна администрација.Изборот на кандидати за доделување на овие стипендии ќе биде спроведен заеднички од страна на Претседателот, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и „Сити Колеџот“, преку заедничка комисија составена од по еден нивни претставник, во согласност со условите за прием на Универзитетот Шефилд и законските прописи на Република Северна Македонија.Преку оваа програма досега дипломирале околу 1000 студенти. Мнозинството од нив својата кариера ја градат во Република Северна Македонија, а приближно 250 се наоѓаат на раководни позиции во нашата држава. 

Македонија | пред 6 години

mir-indeks

Земјава за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот

Северна Македонија направи скок за 23 места на листата на Глобалниот индекс на мирот во споредба со минатата година и го дели 65-тото место со Грција, на листата на која се рангирани 163 земји.Според истражувањето за годинешниот глобален индекс на мирот што го прави Австралискиот институт за економија и мир, оценува дека во споредба со периодот од пред една деценија, светот во 2019 е најбезбеден во последниве пет години.Анализата што се прави за стабилноста и мирот во сите земји во светот покажува дека меѓу петте земји што го подобриле својот резултат е и Северна Македонија.Овие резултати покажуваат дека Северна Македонија и нејзината посветеност на напорите за европско и евроатлантско интегрирање сериозно придонесува не само кон регионалната туку и глобалната безбедност, мир и стабилност.„Анализата за стабилноста и мирот во сите земји во светот покажува дека Северна Македонија е во петте земји кои го подобриле својот резултат. За само една година сме успеале да ја поправиме својата стабилност на Глобалниот мировен индекс за 23 места. Без стабилност и мир нема економски напредок. Нашите граѓани го знаат значењето на стабилноста и мирот. НАТО е рецепт кој дава резултати - тоа го видовме оваа година и во делот на економијата“, истакна синоќа заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, учествувајќи на жешкото столче во емисијата „Топ Тема“.Одговарајќи на прашањето дали вредеше Договорот од Преспа, министерката Шекеринска рече дека 630.000 луѓе во државата, најголемото мнозинство, пред 8 месеци кажа – да, и напредокот на нашата земја за 23 места на листата на Глобалниот индекс на мирот во споредба со минатата година, е резултат и на преспанскиот договор за зацврстување на мирот и стабилноста во регионот и светот.Индексот, врз чија основа се рангирани земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“, се пресметува врз основа на 23 фактори, меѓу кои и внатрешни и надворешни конфликти, воени трошоци, тероризам, убиства и криминал.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Конференција за донирање вишоци храна во Скопје Мериот хотел

Најголемите 50 компании во Република Северна Македонија утре ќе имаат можност да присуствуваат на Конференција за донирање вишок на храна која во организација на „Сите сити“ ќе се одржи во Скопје Мериот хотел. На 19 јуни во 11 часот присутните претставници на најголемите компании ќе можат да ги слушнат предлозите и општествените придобивки од донирањето храна за целокупното општество.Настанот ќе го отвори Блаже Јосифовски, претседател на „Сите сити“ кој ќе даде видување за состојбата во државата и за тоа како може големите компании да помогнат во намалување на проблемот со гладот и преголемото фрлање храна. На настанот ќе присуствуваат и ќе имаат излагање и Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски како и претставници на бизнис секторот.Скопје Мериот хотел како општествено одговорна компанија, секогаш ги подржува настаните од хуманитарен карактер. И овој пат тимот на Скопје Мериот хотел излезе пресрет и на организаторите на оваа донаторска конференција им ги отвори вратите на хотелот и го помогна организирањето на настанот со овозможување бесплатна конференциска сала, техничка опрема и кафе пауза.Скопје Мериот хотел верува во успешноста на ваков тип проекти и поддржувајќи ја конференцијата, заедно со компаниите учеснички, се обидува да ја подобри состојбата на граѓаните на кои помошта им е најмногу потребна.Хуманоста не застанува тука, Скопје Мериот хотел продолжува со своите хуманитарни проекти!

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања