Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zelino-3

(Фото) Се преврте шлепер кај рампата Желино

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Скопје-Тетово во близина на село Желине. Камион изгубил контрола и се превртел.Очевидци на настанот инфомираат дека возачот на камионот е повреден. Увид извршила екипа од СВР-Тетово.Очевидци на настанот инфомираат дека на местото на сообраќајката се упатиле и возила на тетовската противпожарна единица и брзата помош.

Македонија | пред 6 години

1-6

Мицкоски:Економијата не се движи во вистинската насока, напротив во многу погрешна

Вистината е немилосрдна, а на лагата и се кратки нозете. За жал, во СДСМ не ја научија лекцијата и продолжуваат да ги следат лагите на Зоран Заев, а какви се фактите? Фактите се катастрофални за граѓаните на Република Македонија. Имено, во УЈП во периодот 01.01-31.05 успеало да собере околу 3 милијарди денари или нешто под 50 милиони евра помалку од тоа што било испланирано (-8,24%). Само во првите два месеци (април и мај) од вториот квартал УЈП собрало 1,5 милијарди денари или околу 25 милиони евра помалку од планираното, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Економијата не се движи во вистинската насока, напротив во многу погрешна. Имено, доколку ги споредиме април и мај 2019 со истите месеци во 2018 година тогаш можеме да заклучиме дека во месеците април и мај во 2019 УЈП успеало да собере за нешто помалку од 1 милијарда денари или околу 15 милиони евра помалку даноци споредено со истиот период 2018 година. Од овој податок можат да се изведат најмалку два сериозни заклучоци, првиот е дека компаниите имаат помал волумен на економска активност оваа година споредено со минатата и дека резултатите за БДП во вториот квартал ќе бидат многу лоши (за ова ќе зборуваме повтортно во септември кога ќе излезат резултатите за вториот квартал од 2019 година кога ги очекувам истите вообразени и артефицијално насмеани лица на премиерот и неговиот заменик за економски прашања).Имајќи во предвид дека со новата антибизнис даночна политика на оваа влада и зголемените даноци, ова се катастрофални резултати кои предупредуваат дека се движиме во многу погрешна насока. Кога предупредувавме дека нема простор за радост, туку напротив загриженост, кога оваа антибизнис влада вообразено се фалеше за рекордно високата просечна плата исплатена во декември 2018 и високото ниво на СДИ (Странски директни инвестиции) во 2018, предупредувавме дека тоа е моментален ефект кој е резултат на исплата на бонуси и реинвестирање на акомулираната добивка на СДИ поради новата даночна политика на оваа антиреформаска и антибизнис влада, не сакаа да послушаат. Ефектите веднаш дојдоа, и тоа: просечна нето исплатена плата во првиот квартал од 2019 е за 1351 денар или за нешто над 5% пониска од таа исплатена во декември 2018, СДИ во првиот квартал од 2019 се рекордно ниски, за околу 90% пониски од истиот период минатата година.Ниското ниво на капиталните инвестиции, немањето на вистинска економска стратегија, неспособноста и вообразеноста на оваа антиреформска и антибизнис влада, немилосрдно ја води Република Македонија во подредена положба и во погрешна насока. Граѓаните не смеат да се казнуваат поради катастрофалните економски политики на оваа антиреформска и антибизнис влада. На следините избори победува ВМРО-ДПМНЕ и новата прореформска влада го враќа рамниот данок , новите вистински реформи за бизнисот, ја враќа Република Македонија на вистинската патека“, стои во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

siljanovska-davkova

Силјановска Давкова: „Чувајте си го вие Преспански, ние ќе си го чуваме името“

Професорката и поранешна кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, преку фотографија се потсети на Договорот од Преспа. Таа на Твирет напиша: „Една година потоа. Чувајте си го вие Преспански, ние ќе си го чуваме името. Никогаш Северна, само Македонија“, напиша Давкова на својот Твитер налог.

Македонија | пред 6 години

gradezen-otpad

Четирикратно зголемен бројот на мандатни казни изречени од комуналните редари на Град Скопје

Комуналните редари на Градот Скопје изминатиов период ги засилија контролите на терен што резултираше со зголемување на казните и опомените и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години.Така, во периодот јануари – мај 2019 година се изречени вкупно 649 мандатни казни, што претставува четирикратно зголемување на бројот на изречени казни во споредба со истиот период во 2018 година, кога биле изречени 149 мандатни казни.Изречените мандатни казни се однесуваат на сторени прекршоци според Законот за јавна чистота, член 14, според кој се забранува фрлање и оставање градежен шут на јавните површини; фрлање и оставање различни видови отпадоци; оставање стари предмети од домаќинство; палење, закопување и уништување смет; продажба и излагање земјоделски и индустриски производи, освен на местата определени за таа намена; превоз на песок, земја, цемент, глина, земјоделско ѓубре, сено, отпад или слични материјали без претходна подготовка и поклопување на материјалите со поклопец; вклучување во сообраќај на моторни, влечни и запрежни возила од стоваришта или градилишта со валкани тркала; палење и уништување на садовите за собирање смет; уништување на урбаната и друга опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта) и друго.Градот Скопје апелира до граѓаните да ја чуваат и да не ја загадуваат животната средина, ѓубрето да го фрлаат исклучиво во контејнерите и корпите за отпадоци, да го чуваат зеленилото, прописно да паркираат и да ги почитуваат одредбите од Законот за јавна чистота.

Скопје | пред 6 години

morsi

Поранешниот египетски претседател Морси, неколку минути пред да почине рекол дека има многу тајни да открие

Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, кој вчера почина во текот на судењето, денеска е погребан во тајност во Каиро.Неколку минути пред да почине, поранешниот претседател на Египет, Мухамед Морси предупредил дека има многу тајни да открие, открил анонимен судски службеник.Според неговите зборови, Морси седејќи зад стаклениот параван побарал обраќање до судот, а судијата му дал дозвола. Сепак, и покрај тоа што добил дозвола за обраќање, 67-годишниот Морси се воздржал од „откривањето на тајните“, затоа што тие можеле да ја нарушат националната безбедност на Египет.

Свет | пред 6 години

133474234-105843-207971

Променет режим на сообраќај на патот Гостивар-Маврово

Виадукт трејд ДООЕЛ известува дека денеска ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, патен правец Гостивар-Маврово, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, информира АМСМ.

Македонија | пред 6 години

kina-zemjotres-696x476

Два силни земјотреса ја стресоа Кина

Во два силни земјотреса, кои ја погодија Кина, загинаа 12 лица, а 134 се повредени, соопштија денеска кинеските државни медиуми, додавајќи дека спасувачките екипи извадиле неколку преживеани од под урнатините.Земјотрес со интензитет од 5,9 степени беше проследен со уште еден со јачина од 5,2 степена, а двата достигнаа длабочина од 10 километри, со епицентар во близина на округот Чангнинг, соопшти Геолошкиот завод на САД.Двата земјотреса, кои се случија во период од 30 минути, синоќа ја погодија југозападната провинција Сечуан. Нив ги почувствувале и жителите во големите регионални градови, како што е главниот град Ченгду и метрополата Чонгкинг.Спасувачите извадиле неколку преживеани од урнатините во близина на епицентарот.

Свет | пред 6 години

migranti

Дванаесет мигранти се удавија во близина на Бодрум

Најмалку 12 мигранти се удавиле вчера кога чамецот, со кој сакале да стигнат до Грција, потонал кај брегот на Турција. Спасени се 31 мигрант, соопшти турската крајбрежна стража.Чамецот се превртел во Егејско Море, во близина на Бодрум, кај грчкиот остров Кос.Телата на мигрантите биле пронајдени во потонатиот чамец на длабочина од 32 метра, соопшти крајбрежната стража. 

Свет | пред 6 години

fatime-fetai

Фетаи: Главната задача за која граѓаните ни дадоа верба успешно ја завршуваме

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во вечерашното гостување на 1ТВ зборуваше за падот на довербата во СЈО.-Воспостувавањето на правна држава, тоа беше концепт кој постоеше при основањето. Тој концепт постои и денес. Имавме нагло растење на довербата и да не речам глорифицирање на трите обвинителки, уште по првата прес конференција. Потоа имавме пад во довербата и поддршка која се долшеше на разни субјективни и објективни околнисти. Сега се враќаме на едно разочарувачко чаршиско муабетење „и овие не ги бива“. Верувам дека СЈО ќе ја врати довербата. Институциите каде ние се обраќаме се уште не се на тој степен за да можеме да кажеме дека граѓаните целосно би имале верба. Морам да призанам дека СЈО како институција не е безгрешна, но она што беше главна задача за која граѓаните ни дадоа верба, јас сметам дека се уште успешно ја завршуваме. Можеби најголем дефект е што немаме правосилни пресуди, но таа околност не зависи од СЈО, вели Фетаи.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Градоначалникот на Аеродром, склучил договор со маркетинг агенција вреден 73.000 евра, така ќе ги информира аеродромци што ќе сработи

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин склучи договор со маркетинг агенција вреден 73.000 евра за да ги информира аеродромци што ќе сработи за нив. Но и да ги едуцира за одговорно граѓанско однесување, објави 24.mk.Имиџот на градоначалникот и општината ќе го гради агенцијата „МККАН“. Иако на веб страницата на Аеродром стои дека за односи со јавност се задолжени 7 лица, од Аеродром велат дека имаат тројца. Тие нема да добијат отказ, туку им бил потребен како што велат „дополнител стручен сервис оти општината продолжува да работи со голем интензитет и има обемна програма.“Од Аеродром велат дека маркетинг агенцијата не ги презема соопштенијата, целосното информирање, организација, протокол и слично, туку се јавува само како поддшка и тоа само таму каде што е потребно. Тврдат - ќе ја ангажираат по потреба, и можеби нема да ги потрошат сите пари, објави 24.mk.Текстот во целост на: 24.mk

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Претседателот на Секинеското Народно Собрание Ли Џангшу: Силен придонес за унапредување на односите

Во текот на официјалната посета на Народна Република Кина, претседателот Џафери, придружуван од потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на СДСМ Јован Митрески, на ДУИ Ејуп Алими, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, претседателката на Пратеничката група за соработка со Народна Република Кина, Владанка Авировиќ и генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, во Пекинг се сретнаа со претседателот на Секинеското Народно Собрание Ли Џангшу.На средбата г. Ли изрази топло добредојде од името на Секинеското народно собрание а посетата на претседателот Џафери ја оцени како значаен придонес за зајакнување на билатерaлните односи, имајќи предвид дека оваа посета на највисоко законодавно ниво е прва во последната деценија. Нагласувајќи дека двете држави немаат отворени прашања и односите се традиционално пријателски, истакна дека во рамките на Иницијативата појасот и патот, постојат многу можности за соработка во различни области. Понатаму, тој упати честитки за постигнувањето на договорот за името и признание за напредокот што Република Северна Македонија го прави во насока на остварување на своите стратегиски цели, членството во НАТО и Европската Унија и во таа насока, ја повтори и поддршката на Народна Република Кина на тој пат. Претседателот Ли истакна дека, во годината кога Народна Република Кина слави 70 години од своето постоење, на глобално ниво се залага за развивање на односи засновани на еднаквост и меѓусебно почитување. Анализирајќи ги актуелните состојби на глобален план и постоењето на тенденции за унилатерализам и протекционизам, нагласи дека Народна Република Кина е посветена на мултилатеризам, отворена економија и градење на добри односи со државите во светот. Тој исто така повика на решавање на проблемите меѓу државите на мирен начин и преку дијалог а не преку насилство и уцени. Економскиот просперитет е единствено можен во услови на стабилност, еднаквост и меѓусебно разбирање, нагласи претседателот на Секинеското Народно Собрание.Претседателот Џафери се заблагодари на поканата и на гостопримството и истакна дека, во развојот на пријателството меѓу двете држави и севкупниот развој на односите, значаен придонес има парламентарната димензија. Тој информираше дека Собранието на Република Северна Македонија, преку Пратеничката група за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, го покажува својот интерес за воспоставување, негување и продлабочување на потесни меѓупарламентарни врски, кои ќе влијаат врз унапредување на севкупните политички, економски и културни односи меѓу двете држави. Тој се согласи со својот хомолог дека, иако двете држави остваруваат успешна соработка на полето на образованието, науката, земјоделството, туризмот, медицината и други области, постојат уште многу можности за интензивирање и збогатување на соработката.Во текот на средбата стана збор и за инфраструктурните објекти во Република Северна Македонија кои ги градат кинески компании, и општо за потенцијалот на Процесот на соработка 17 + 1, како извонредна важност за реални и конкретни проекти кои ќе донесат економски раст.  Беше поздравено и основањето на Координативниот центар за култура во Народната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, кој има за цел јакнење и споделување на знаења, искуства и најдобри практики меѓу НР Кина и земјите членки од Централна и Источна Европа.Двајцата соговорници изразија заеднички интерес за  понатамошно унапредување на односите меѓу двата законодавни дома и во таа насока беше поздравена престојната посета на Република Северна Македонија на претседателот Комитетот за прашања за социјален развој на Сéкинескиот Народен Конгрес.

Македонија | пред 6 години

tramp-2

Трамп преку „Твитер“ најави дека денеска јавно ќе ја објави неговата кандидатура за реизбор

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер најави дека денеска во Орландо, Флорида јавно ќе ја објави неговата кандидатура за реизбор. Тој притоа им понуди на поддржувачите линк за аплицирање за билети.„Засега котирам добро, и рано е да се фокусирам на изборите. Имаме уште работа! Да ја направиме Америка, повторно да биде најдобра!“, објави Трамп преку Твитер.Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека води над сите демократски претседателски кандидати кои сакаат да го соочат на изборите 2020-та, иако неговата кампања отпушти тројца анкетари откако последните истражувања на јавното мислење кои што протекоа во јавноста, покажаа дека Трамп заостанува зад водечкиот демократ, поранешниот потпретседател Џо Бајден.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1140591670280564737

Свет | пред 6 години

ubistvo

(ВИДЕО)Тројно убиство во Белград, телата пронајдени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, полицијата откри три тела во септичка јама во Сурчин, населба во Белград.Сѐ уште не се знае официјално идентитетот на жртвите и причината за нивната смрт, но Новости објавија дека најверојатно се работи за тројно убиство.Драгослав Јовановиќ, кој пукаше во својата сопруга минатата година во Нов Белград е осомничен за убиство на трите лица. Станува збор за Ш.Н. (1997), неговата мајка Ш.Д. и тетката П.М., пишува Вечерњи новости. Нивното исчезнување било пријавено на 10 ти.Исчезнувањето на трите лица во полицијата ги пријавил неговиот татко, кој изјавил дека се сомнева дека се убиени од неговиот син.Драгослав Јовановиќ истата вечер на 10 јуни, после тројното убиство на друга локација, пукаше во својата сопруга и ја погоди со три куршуми во градите, а потоа си пукаше во главата.  

Свет | пред 6 години

kajce-ohrid-ezero

(ФОТО)Скандал: Агенцијата за туризам, не поддржа ниту еден проект од Охрид

Директорот на агенцијата, Љупчо Јаневски, инаку кадар на ДОМ, реши да не поддржи ниту еден проект од Охрид, најголемиот туристички бренд на Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Foto-5-1

Ивор Мицкоски : Остајте им ги шлемовите на војниците, тој шлем е дел од униформа која не ѝ припаѓа на власта, туку на државата

Ивор Мицкоски на Фејсбук реагира на појавувањето на политичкиот врв на вчерашната воена вежба во Криволак.„Остајте им ги шлемовите на војниците и на генералите, тој шлем е дел од униформа која не ѝ припаѓа на власта, туку на државата.Во диктатурите, тираните секогаш носат униформа, или симболичен дел од неа“. Во статусот во целот Ивор Мицкоски пишува:Договорот со Грција е една од најдобрите работи што се случиле во МК и регионот.Тоа се слави, не со шлемови да глумиш нешто што не си. Остајте им ги шлемовите на војниците и генералите, тој шлем е дел од униформа, која не и припаѓа на власта, туку на државата.Во диктатурите, тираните секогаш носат униформа, или симболичен дел од неа.Од демократите и просветлените социјалисти, само Черчил и Тито ја имале таа чест, на една небанална и директна идентификација со војската и со државата.Ќе речат на вежба биле, па заштита. Јебеш тоа. Ќе речат институционална поддршка. Јебеш и тоа.Смешни сте, правите политичка пропаганда и тоа е премногу очигледно.Не делувате авторитарно, да се разбереме, ама ептен самобендисано и смешно.* во воени услови, на воено поле, политичкото лидерство да не се разликува од војниците, не е обична формалност, туку безбедносна мерка.Ова е само вежба другари... 

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев и СДСМ ја носат државата во пропаст

Зоран Заев и СДСМ треба да одговорат што бараше Заев во Тетово и дали договараше територијално редефинирање на државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Дали Зоран Заев вети дека ќе направи целосно преуредување на уставниот поредок?Зоран Заев ја турна државата во калта на криминал, корупција, непотизам и незаконие. Република Македонија стагнира на секое поле. Наместо реформи Заев тера антидржавна агенда. Државните претпријатија се користат за местење тендери, а приватниот сектор со исклучок на бизнисите на Заеви и Анѓушев пропаѓаат.Се повеќе луѓе ја напуштаат Република Македонија. Наместо да ги врати иселените, власта го забрза процесот.На Република Македонија и е потребна обнова. Потребна е нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и ќе донесе напредок за државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

dragi-pop-stefanija

Почина познатиот лингвист, македонист, фолклорист, новинар и публицист - охриѓанецот Драги Стефанија

Во 86-та година од животот, синоќа во Охрид почина Драги Стефанија истакнат лингвист, македонист, фолклорист, новинар и публицист. Во Македонската енциклопедија, за Драги Стефанија е запишано следново: СТЕФАНИЈА, Драги (Охрид, 10. Ⅺ 1933) лингвист и фолклорист. Основно и средно училиште завршил во родниот град, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1958), завршил прв степен на Правниот факултет (1960) и докторирал на Филозофскиот факултет во Љубљана (1980). Работел како дописник на Радио Скопје (од 1965), лектор по македонски јазик (1967) и професор по македонски јазик и литература на Филозофскиот факултет во Љубљана (1990). Предавал македонска литература на Филозофскиот факултет во Загреб и на Педагошката академија во Марибор и предава балканска славистика на Техничко-хуманистичката академија во Бјелско Бјала. Член е на Хелсиншкиот комитет на Словенија и почесен член на ДПМ (2007). Автор е на дваесетина книги, збирки македонско народно творештво и стотина статии. Над 30 години живее во Љубљана. На словенечки јазик објавил повеќе избори од македонската литература и од народното творештво. БИБ.: А Теџт-Боок оф Тхе Мацедониан Лангуаге, Скопје, 1965 (коавтор со К. Тоšев); Македонска читанка, Лјублјана, 1972; Брата Миладинова, Лјублјана, 1984; Глосариј Зборника братов Миладинових, Нова Горица, 1985; Македонски разговорник, Дубровник-Загреб, 1984; Македонски лечебник од ⅩⅠⅩ век, Скопје, 1985; Викторија поп Стефанија, Охрид-Струга, 1987; Викторија поп Стефанија, Народно творештво, Охрид-Струга, 1987; Прличевиот панславизам, Охрид, 1988; Македонска кнјижевност, Загреб, 1991 (коавтор); Основни фреквенчни словар Нове Македоније, Лјублјана, 1991; Македонско-чешки и чешко-македонски речник, Брно, 1994 (второ издание 1995 и трето издание 2002, со коавтор Иван Доровски); Македонско-словенски словар ин мали словенско-македонски словар, Лјублјана, 1998 (коавтор со Т. Претнер); Мал македонско-полски речик, Катоњице, 2001 (коавтор со Е. Токарз); Мал македонскобугарски и бÍлгарско-македонски речник, Благоевград, 2004; Мал македонскохрватски речник, Пула, 2006 (коавтор со Б. Павловски). ЛИТ.: Иван Доровски Емилија Црвенковска, Лексикон на странски македонисти, ⅩⅩ и ⅩⅩⅠ век, Скопје, 2008, 101103. С. Мл.  

Македонија | пред 6 години

zaev-avion

Заев и Пендаровски летале со редовни линии, затоа што владиниот авион бил на сервис

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев летаа со редовни авионски линии бидејќи владиниот авион е на сервис, потврдиле од Службата за општи и заеднички работи на Владата за СДК.мк од каде рекле дека авионот „лирџет 60“ е на редовен сервис во Нирнберг, Германија.– Не станува збор за никаков дефект, туку редовен сервис. Авионот треба да биде сервисиран и вратен во земјава другата недела – изјавил директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчески за СДК.мк.Само за потсетување на социјлните мрежи се појавија фотографии како претседателот и премиерот се пофалија дека наместо со владиниот авион се возат со комерцијални летови. Пендаровски на 11 јуни замина во Брисел а Заев во саботата од Виена се врати со комерцијален лет. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ:Инвестиции од 100 милиони евра за реконструкции и изградба на патишта само во Југоисточниот регион

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализацијата на капиталните инвестиции што се во интерес на граѓаните, економијата и државата. Само во југоисточниот регион, се реализаираат инвестиции од над 100 милиони евра за реконструирање и изградба на патишта, се вели во соопштението од СДСМ.Во тој дел од државата за првпат по 40 години се реконструира патот Штип - Радовиш, а се гради и патот Штип - Кочани.Истовремено, низ целата држава се врши рехабилитација на околу 400 километри автопати, регонални и мегистрални патишта. Според официјалните податоци, речиси и да  нема регион или место во државава каде не се одвиваат градежни активности, во градење и рехабилитација на патишта, во гасификација. железници, комунални проекти или проекти што ги реализираат локалните самоуправи со сопствени средства.Покрај развој на инфраструктурата, реализацијата на овој инвеститциски циклус значително ќе го зголеми растот на капиталните инвестиции во вториот квартал и позитивно ќе влијае на економскиот раст.Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезедуваат економски раст, нови инвестциии и развој и унапредување на инфраструктурата, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

bektesi

Бесплатен одмор ќе добијат 1.200 работници со ниски примања

Работниците со ниски примања и годинава ќе одат на одмор на државна сметка. Огласот е објавен и ќе трае до 30 август. Работниците кои не можат да си дозволат одмор ќе добијат ваучери во износ од 15.000 денари.-Оваа година издвоивме 20.000.000 денари за оваа цел, така што сите вработени кои ги исполнуваат условите месечните примања во семејството да не надминуваат нето приход од вкупно 22.000 денари, ќе имаат право на субвенции од 15.000 денари, вели министерот за економија Крешник Бекштеши.Бектеши додава дека склучени се договори со 25 хотели низ македонските туристички центри. Ваучерите ќе може да се користат заклучно со 30 номеври.Оваа мерка се применува трета година по ред. Министерот за економија е задоволен од резултатите. Лани 1700 работници добиле ваучер, што е за 12% повеќе од 2017 година. Најпосетени места во изминатите години биле Охрид, Попова Шапка, Маврово и Берово. 

Македонија | пред 6 години

tina2

Наставници заборавиле 8 деца во зоолошката градина во Скопје

Групните училишни посети во Зоолошката градина во Скопје знаат да бидат вистински кошмар за вработените кои често ги спасуваат децата од многу опасни ситуации, а нивните наставници за тоа време пијат кафе. Тина Мицковска, која работи во одделот за односи со јавност во Зоолошката градина вели дека децата како деца се секогаш љубопитни и нормално е да ги интересира сѐ во градината, но наставниците не секогаш се трудат да им раскажат нешто за животните.– Кутрите дечиња, беа преплашени зашто ги оставија сами во друг град. Едно детенце додека учителка пиеше кафе, падна и си ја дупна главата. Друга група деца уништија вртелешка која чини 5.000 евра. Среќа што ние, вработените, сме спречиле многу поголеми инциденти, иако јасно им е напоменато на училиштата дека деца до 16 години мора да шетаат во придружба и не смее да се пуштат сами низ градината – објаснува Мицковска за Деца.мкТекстот во целост на Деца.мк 

Македонија | пред 6 години

avion-turbulencii

(ВИДЕО) Десет лица повредени заради турболенции на лет од Приштина до Базел

На летот Приштина – Базел, десет лица беа повредени поради силни турбуленции. На видеото кое го објави Скај Њуз се гледа како стјуардеса се удира во плафонот во авионот.Вистинска драма почнала на 20 до 25 минути пред слетување, кога во авионот имало големи турбуленции.Како што пишува еден патник, неколку лица се здобиле со тешки повреди, а се откачиле и неколку столци од авионот.На видеото може да се види како „лета“ и количката за храна, а нејзината содржина, вклучувајќи и топол чај и кафе, се распрскува врз патниците.

Свет | пред 6 години

120190520_075956

Денеска сончево претпладне, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд

Времето денес, сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени. УВ=8.И утре ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ=7.

Македонија | пред 6 години

IMG_3354

Заев на Криволак: Нашата Армија покажува дека сме подготвени за полноправно членство во НАТО

Премиерот Заев на Криволак: Нашата Армија покажува дека сме подготвени не само политички туку и воено, за стратешката аспирација, полноправно членство во НАТО Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска го посети армискиот полигон Криволак, каде се одржа „Ден на високи гости“ во рамки на вежбата „Одлучен удар“.Премиерот Заев за заинтересираните медиуми даде изјава и одговори на прашање, кои Ви ги пренесуваме интегрално:„Останува, навистина целосно да се согласам и да го споделам исто моето задоволство, заедно со Претседателот на државата што учествуваме, дефинитивно во најголемата воена вежба „Одлучен удар“, која што се организира на еден од најдобрите полигони во овој дел од светот. Со тоа покажуваме еднаквост во Партнерството со нашите сојузници, со земјите- членки на НАТО. Горд сум на нашата Војска, заради тоа што демонстрираше денеска, пред нас, високите претставници на извршната власт, во присуство на Претседателот на државата, но и амбасадорите, еднаква подготвеност во вежбовни активности кои што се воедначување на нивната подготвеност за мировните процеси, кои што секаде НАТО ги има во светот.Горд сум на сите наши војници, заради тоа што имаат и желба да се усовршуваат и унапредуваат. Знам, дека ќе ги исполниме сите оние наши очекувања, да имаме достоинствена и горда Армија, која што рамо до рамо со нашите сојузници ќе се грижи за мирот во светот и ќе продолжи да го гарантира мирот во светот. Денешното учество на претставници на нашата Армија со претставници на уште пет земји-членки на НАТО навистина ја испраќа пораката дека сме подготвени не само политички, туку и воено преку нашата Армија.Дека храбро чекориме во тој процес и дека конечно нашата земја го достигнува тоа што е стратешка аспирација, полноправното членство во НАТО и политички и технички и армиски, што треба да биде сериозна гаранција за нашите граѓани. За траен мир, за никогаш повеќе да нема војна, за стабилност, сигурност, но и да го гарантира чувството дека навистина и надвор од територијата на Република Северна Македонија го гарантираме мирот и безбедноста на сите граѓани на светот“, На прашање на новинарите за годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, и за придобивките од него од денешна перспектива, премиерот Заев рече дека и вежбата „Одлучен удар“ е една од придобивките.„Една година од Преспа, прво, добивме нов пријател. Не, дека со Грција имавме некои сериозни непријателства, но навистина беше чувството лошо, горко, кога бевме застанати во нашите интегративни процеси.  Еве после една година, првите придобивки ги гледаме како импликации на оваа вежба, како наша подготовка за целосно членство во НАТО. Тоа е остварување на една од големите стратешки цели на нашата земја, на целиот овој регион, на Република Северна Македонија која што не пред векови, туку пред 17-18 години имаше конфликти внатре. Сега тоа значи траен мир, стабилност, безбедност и сигурност. Гледате дека паралелно со тоа ги тераме сите процеси во Европската Унија и ние сме пред  добивање на датумот, после 15 години за почеток на преговори со Европската унија. Сето тоа носи економија, носи повисок стандард, бројките се веќе импресивни, тие растат и ќе продолжат да растат. На крајот, доказ е сето тоа како еден сублимат.Договорите дефинитивно куќа градат. Ние преку тоа ја градиме нашата заедничка куќа, Република Северна Македонија. Да биде дом којшто ќе топли, во кој што сите ќе останат. Каде што ќе живеат заедно организирајќи го својот живот со своите деца. Животот е едноставен и еден, мораме да го направиме да биде подобар, попримамлив и посреќен за сите. Една година со сите успеси кои што ги постигнавме, на економски план, на планот на НАТО, на планот на Европската Унија, на планот на реформите дома, навистина, покажуваат дека вредело. Вредело, заради тоа што сите сме фокусирани кон подобра иднина на нашите граѓани“, истакна Претседателот на Владата на РСМ Заев на прашањето по повод годишнината од Договорот од Преспа, на воената вежба „Одлучен Удар“, што се одржува на воениот полигон Криволак.

Македонија | пред 6 години

benzine

Регулаторна ги објави цените на горивата - ќе имаме старо нови цени

Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата кои почнуваат да важат од ноќеска, на полноќ. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемуваат за 0,50 дени и ќе се продава за 67 денари за литар.Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 во наредните 15 денови ќе изнесува 69,00 денари з алитар, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 60,00 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 денари за килограм и ќе изнесува 33,003 денари за килограм. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања