Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

kumanovo-nevreme

Големо невреме денеска во Скопје и Куманово

Големо невреме денеска го зафати Скопје. Се апелираа граѓаните да бидат внимателни и да не стојат под дрвја. Обилни врнежи од дожд има и во Кумановско.

Македонија | пред 6 години

tasna

Херој на Рузвелтова: Го бркал крадецот на дожд за да ја врати украдената ташна

На зидот на сообраќајниот срам објавен е пост, преку кој девојка или жена објаснува што и се случило попладнево во Скопје. При тоа таа го бара храбриот господин кој помогнал да и се врати ташната.Еве што е напишано на ФБ:Денес околу 17:30 на раскрсницата на Рузвелтова со Иво Лола Рибар, насилно ми ја отворија совозачката врата во обид да ми ја украдат ташната. Храбриот граѓанин на само две коли позади мене, излезе од кола на дождот и го бркаше крадецот за да ми ја врати ташната. Ве молам да го најдеме човекот кој ми помогна и ми ја врати ташната, споделувајте. Доколку некој се препознае, Ве молам контактирајте ме, должник сум! Апелирам до сите возачи: заклучувајте врати на раскрсница!

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Во товарно возило „Фиат Дукато“се обидел да пренесе 33 лица-мигранти, меѓу кои шест биле малолетници

Регионалниот центар за гранични работи Север, преку СВР Куманово, поднесе кривична пријава против А.А.(26) од с.Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.На 14.06.2019 година во 22.00 часот на ул.„Индустриска“ во Куманово, при контрола на товарно возило „Фиат Дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници од СВР Куманово пронашле 33 лица-мигранти, меѓу кои шест биле малолетници. А.А. бил лишен од слобода и од судија на претходна постапка одреден му е триесетдневен притвор.

Македонија | пред 6 години

zemjoters-ohrid

Кривична за претседателот на комисија за процена на штета за земјотресите

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.В.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во текот на 2017 и 2018 година пријавениот, како претседател на комисија за процена и утврдување на висина на штета настаната од природни непогоди и други несреќи, во 24 предмети за обештетување од земјотресите во 2017 година, без приложена целокупна документација во предметите, утврдил значително повисоки суми од проценатата штета, со што предизвикал штета од 1.203.054 денари на буџетот на општина Охрид.

Македонија | пред 6 години

IMG-e09a53af6aedd4e9e3da4b40177fd571-V

Од денеска започна издавањето на новите регистарски таблички, комплетна замена до 2024 год

Согласно насоките на Владата упатени до Министерството за внатрешни работи во Извадокот од Нацрт записникот од 120-тата седница на Владата на РСМ од 12.02.2019 согласно која МВР се задолжува да започне со издавање на нови регистарски таблички во рок од четири месеци од влегување во сила на уставните амандмани и Уставниот закон, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи почнува со издавање на регистерски таблички со ознака НМК.Регистарска табличка со ознака НМК ќе добиваат возилата што подлежат на прва регистрација во државата и оние граѓани што ќе пријават оштетена регистерска табличка. Останатите граѓани промената ќе треба да ја направат до 2024 година, а до тогаш ќе можат да ги користат постоечките таблички и при излегување од државата ќе добиваат бесплатна налепница НМК.

Скопје | пред 6 години

kontenjeri

Запален сметот во два контењери во Охрид

Запалени контењери на бул. Туристичка на излезот од Охрид. Попладнево  во два контењери беше запален сметот, со што се создаде многу непријатна миризба за минувачите на овој дел од Охрид.Со овие постапки се нанесува голема финансиска штета на Претпријатието, но и се создаваат проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

Македонија | пред 6 години

tragedija

(УЖАС) Мајка најпрво ги пресекла вените на својата 3 годишна ќерка, па ја фрлила низ прозор, потоа скокнала и таа

36- годишната Данијела и нејзината 3- годишна ќерка денес настрадале во српската населба Бежинска Коса.Според неофицијални информации, мајката најпрво и ги пресекла вените на ќерка си, па ја фрлила од прозор, потоа го запалила станот и скокнала по неа.Очевидци за Српски Курир велат дека најпотресен момент била сликата од малото девојче кое во рацете ја држела куклата со која секогаш си играла, таа слика ќе им остане врежана во меморијата засекогаш.Кога нејзиниот сопруг се вратил од работа затекнал страшна сцена, па поради силниот шок бил одведен на лекар.

Свет | пред 6 години

kardioloski-2

Од денеска во Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања започна со работа Медицинскиот симулациски центар

Од денес во просториите на Специјалната болница за превенција,лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања - Охрид , после претходно склучен Меморандум за соработка започна со работа Медицинскиот симулациски центар.Овој центар ќе функционира со цел едукација,тренинг,стандардизација на протоколи и координација на медицински персонал за напреднато срцево белодробно оживување на сите нивоа во третман на пациентите.Исто така овој центар во иднина ќе биде ставен во функција на сите групи граѓани во едукација на давање на прва медицинска помош или основно одржување во живот.Во Европа годишно 700 000 луѓе страдаат од акутно затајување на работата на срцето,а во Македонија околу 5000 годишно . Само 5-10 % од пристигнатите пациенти во болниците преживуваат. Важноста на Медицинскиот симулациски центар во овој регион очекуваме да го подобри квалитетот на медицински услуги како и свеста за потребата од постоење на еден ваков центар.

Македонија | пред 6 години

Dimkovski-1

МЗШВ: Откупот на праски се одвива непречено, 60 отсто од извозот е наменет за рускиот пазар

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев, Државниот инспекторат за земјоделство, Државната фитосанитарна лабораторија денеска во Росоман, ги посетија откупните пунктови за праски.Откупот на праски се одвива непречено, 60 отсто од производството се извезува во Русија, но извоз има и во Косово и Црна Гора. Откупната цена на праските е според квалитетот и се движи од 15 до 20 денари.„Околу 60 отсто од вкупниот извоз на праски оди на рускиот пазар,  проблемите за извоз во Руската федерација се надминати. Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, исто така и Државната фитосанитарна лабораторија дежура и во сабота и недела за примање и издавање на анализи за да бидеме експедивни, со цел производот да се извезе и да нема застој.Цената се движи во зависност од квалитетот“, изјави Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев посочи дека во текот на денешниот ден е купена целата роба што е понудена за откуп, дека доволно заинтересирани откупувачи и очекува целото производство да биде откупено.Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов, изјави дека дека инспекторите се постојано на терен, се земаат мостри за габата „Monilinia fructicola“ кај коскесто овошје, и засега сите резултати се негативни и праските се извезуваат на рускиот пазар.Во текот на оваа недела МЗШВ ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка, а ќе продолжи комуникацијата со земјоделците и откупувачите, со цел да има поблиска соработка, што ќе резултира со откуп на целокупната произведена количина на праски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Истрага за обид за убиство во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот на 13 јуни, пред сопствениот дом, се обидел да лиши од живот едно лице. Имено, оштетениот заедно со уште едно лице пристигнале пред домот на осомничениот и започнале вербална расправија со него. Осомничениот, кој најпрвин се наоѓал на балконот од куќата, излегол надвор и наеднаш му задал удар со нож на оштетениот во пределот на вратот, нанесувајќи му тешка повреда со конкретна опасност по животот. Тој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му била констатирана повреда на повеќе крвни садови и на еден нерв во вратот.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена. 

пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски, деновиве ќе биде пратено до Будимпешта

Барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски како организатор на настаните во Собранието од 27 април деновиве ќе биде пратено до Будимпешта, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.– Целокупното досие од судот и обвинителството стаса во Министерството на крајот на минатата недела. Денеска ги потпишав сите пропратни документи и деновиве ќе биде пратено до Будимпешта со цел барање за екстрадиција за 27 април,  изјави Дескоска одговарајќи на новинарско прашање.

пред 6 години

steta-bitolsko

Град со големина од орев го уништи родот во пелагониското село Егри

Обилни врнежи од град во текот на вчерашниот дел го зафатиле битолското село Егри. Од фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека целосно се уништени земјоделските култури.Жителите на ова село кои живеат од земјоделие, велат дека не паметат вакво невреме, кое за 40 минути им ја уништи летнината. Нанесени се огромни штети на повеќе култури- домати, пипер, бостан, пченка, јачмен и пченица.По денешниот увид од општинските советници од битолската општина, Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди, ќе упати јавен повик до земјоделците да ги пријават штетите до петок, а од идната недела ќе излезат на терен да извршат проценка. 

Македонија | пред 6 години

Foto-5-1

Пендаровски и министри од прв ред го следеа „Одлучен удар“ на Криволак

Воениот полигон во Криволак беше домаќин на најголемата воена вежба „Одлучен удар“. Учество земаа пет земји членки на НАТО, САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора и македонската армија како претендент за членство.На воената вежба присуствува и претседателот и врховен командант на армијата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министри во Владата, в.д. амбасадорката на САД Микаела Швајцер-Блум, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на САД, Бугарија, Албанија, Грција и НАТО, како и амбасадори и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.„Со 2700 припадници, од шест држави, заедно со Соединетите Американски Држави, Албанија, Бугарија, Литванија и Црна Гора ги усогласуваме нашите сили како вистински сојузници, разменуваме знаења и ја зголемуваме  меѓусебната доверба. Колективната одбрана која се остварува преку интероперабилност, интегрирање на конвенционалните и силите за специјални операции на повеќе држави е особено важна за времето во кое живееме. Предизвиците со кои се соочува секоја земја се преголеми за да имаме индивидуален пристап. Радикализирани поединци, групи, како и меѓународниот тероризам се постојана  закана за нашата безбедност и нашите вредности. Постојат и нови хибридни закани, актери со цел да го нападнат нашиот сајбер простор и со тоа да наштетат на нашиот начин на живот, истакна пред присутните претседателот Пендаровски.Според него вежбата „Одлучен удар“ е доказ дека можеме да се справуваме со безбедносните предизвици и дека нашата Армија е  компатибилна со армиите на нашите сојузници од НАТО.„Како врховен командант ги поддржувам реформите во одбраната и безбедноста и развивањето на професионална и модернизирана Армија.Како држава имаме обврска да го зголемиме одбранбениот буџет на 2% од БДП до 2024 година. Ова е реална цел и ќе ја оствариме, рече претседателот.Претседателот на сите учесници во „Одлучен удар“  им оддаде признание за професионализам, вештини и обученост и тимска работа за успешната и  беспрекорна воена вежба.  

Македонија | пред 6 години

centar-dup

Од денеска на јавна презентација и јавна анкета ДУП Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 и ЦС 06 – локалитет Судска палата 2

Од денеска Општина Центар го става на јавна презентација и јавна анкета Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 и повторна јавна анкета и јавна презентација на ДУП ЦС 06 – локалитет Судска палата 2.Опфатот на ДУП, Градска четврт ЦС 06 – локалитет Судска палата 2е дефиниран: на север по оската на Бул. „Гоце Делчев“, на исток по оската на Бул. „Крушевска Република“, на запад по оската на Бул. „Крсте Мисирков“, а на југ по оската на постоечкото речно корито на Вардар. Вкупната површина на планот е 15,53 ха.Опфатот на ДУП, Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 е дефиниран: на север по оската на Бул. „Гоце Делчев“, на исток по оската на Ул. „Никола Карев“, на југ по оската на коритото на Вардар, а на запад по оската на Бул. „Крушевска Република“. Вкупната површина на планот е 4,51 ха.Нацрт плановите за двата ДУП-а ќе бидат изложени во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (Бул. Гоце Делчев бр. 14), а граѓаните ќе можат да ги видат, секој работен ден 08.00 до 16.00 часот, почнувајќи од денеска (17.06.2019) до 28.06.2019. Нацрт плановите можат да се видат и на веб страницата на Општина Центар, www.centar.gov.mk.Јавните презентации по двата нацрт план ќе се одржат на 19.06.2019 часот во Општина Центар (барака 6), со почеток во 13.00, односно 13.30 часот.Анкетните листови со предлози и забелешки за плановите, граѓаните можат да ги достават во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и/или по електронски пат на planiranje@centar.gov.mk.

Скопје | пред 6 години

Capture-6

Арсовски : Се тресеше гората во СДСМ, се роди глушец, Заев во овој театар кој им го приреди наместо метла, си ја зацврсти позицијата претседател на партијата

Цел еден месец Зоран Заев, СДСМ и сите нивни сателити ги малтретираа граѓаните дека СДСМ ќе го зафаќала метлата, ќе го реформирале, а всушност деспотот Заев си го реизбра истиот Извршен одбор. Старо-новиот извршен одбор на Зоран Заев во СДСМ од 16 назначени членови, 10 се истите од претходниот пат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Очигледно е дека Зоран Заев во овој театар кој им го приреди на членовите наместо метла, одговорност и реформи, направи простор за да си ја зацврсти позицијата претседател на партијата односно да не биде сменет за сите погрешни политики коишто ги води и одговорноста којашто ја бара членството од него.Во глобала, се е исто во СДСМ само Кирацовски го нема. На местото на Кирацовски назначен е најнеспособниот министер за земјоделие кој изминативе две години плукна на маката на земјоделците.Во старо-новиот Извршен одбор на СДСМ останаа и најнеуспешните градоначалници како што се Петре Шилегов, Благој Бочварски и Стефан Богоев, градоначалници кои со прст немаат мрднато изминативе година ипол за нивните општини и за граѓаните коишто живеат во нив. Всушност затоа и тројцата ја губат поддршката од граѓаните, а тоа се виде и на последните избори каде што добија огромен шамар од граѓаните и им се намали поддршката и довербата.Зоран Заев во старо-новиот Извршен одбор го остави и најнеспособниот министер за финансии во историјата на Република Македонија. Тоа е Драган Тевдовски, кој ги подготви најголемите буџети во историјата, ги крена даноците и акцизите, ги осиромаши граѓаните, потроши 10 милијарди евра за 2 години, а нема ниту еден единствен проект и резултат којшто можат да го видат и да имаат било каков бенефит граѓаните од него.Тука се и Фросина Ременски која е единствената пратеничка која подготвува закони за да може нејзиниот маж да исполни критериуми за одредени позиции, а Заев за своето неработење ја награди и Рената Дескоска, актуелната министерка за правда, која претходно го унакази образованието, а сега сака да му одработи закон со којшто подоцна ќе се заштити самото СДСМ и Зоран Заев од понатамошни гонења.Есра Салихи, Ѓоко Танасковски, Кети Василевска, Нина Велкова, Коста Костадинов се истите луѓе кои и претходно беа во Извршниот одбор на СДСМ и раководеа со СДСМ.Зоран Заев е готов. Тој само се обидува да си го задржи своето место во партијата каде што ја губи поддршата помеѓу членството. После овој театар којшто го подготви и каде што ги остави само неговите лојални војници во рамките на органите на партијата, јасно е дека се подготвува и му следи пораз на наредните избори. Ќе биде поразен на наредните избори кога и да се случат. Сите овие луѓе коишто ги набројав се истите кои и претходно го водеа СДСМ и сите овие луѓе се заслужни за крахот на Република Македонија и одложувањето на датумот запреговори коишто сепак не знаеме кога ќе го добиеме.При ваква реконструкција во партијата, веќе е јасно каква ќе биде реконструкцијата во Владата. Од лошо – полошо. Зоран Заев мора што побрзо да си замине од Владата и да ги ослободи граѓаните од неговата неспособност,  истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Naum-stoilkovski

Стоилковски: Заев бил на средба во Tетово посветена на редефинирање на државата меѓу двата изборни претседателски круга

Зоран Заев бил на средба во Tетово посветена на редефинирање на државата меѓу двата изборни претседателски круга. Oва е заклучокот којшто се наметнува од молкот и очигледното бегање на Зоран Заев од темата за политички пазар на сметка националните интереси, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев тргува со интересите на државата за да ја сочува власта и за да продолжи со коруптивните зделки за богатење на картелот кој што го води. СДСМ не смогна храброст да побараат одговор од Зоран Заев на прозивките за средбата во Тетово кадешто за политичка поддршка договарал политичко редефинирање и исцртување на нови граници.Ова е сериозна тема, ова се пресериозни прашања за коишто мора да има одговор. Без одговор уште посериозни се сомнежите дека и одржувањето попис вон европските стандарди е дел од политичкиот пазар за опстојување на Зоран Заев на власт.Во насока на средбата во Тетово за којашто нема одговор од Заев, се надоврзува и фактот, дека Република Македонија повторно остана без преговори за членство во ЕУ, а вицепремиерот се закани дека во таков случај постои опасност државата да се распадне. По таа негова изјава, почнаа да се шират и идеи за отворање на пат за создавање на федерализација на Македонија и на Косово за да се формира федерална унија со Албанија, а сето како последица на неотпочнувањето на преговори за ЕУ.И наместо суштински одговори и одговорност од Заев и неговиот заменик Бујар Османи, наместо суштински реформи и одговорност за изостанувањето на почетокот на преговори што може да предизвикаат сериозни последици, Зоран Заев се посветува на се поголемо деспотство во партијата во насока на политичкиот пазар за опстојување на власт.Зоран Заев знае дека ја губи власта, знае дека политичките пазари не траат долго, знае дека народот на избори жестоко ќе одговори на девастацијата на државата заради политички трговии со државните и со националните интереси. Потребна е обнова на Македонија која што ќе почне со падот на политичките пазари на Зоран Заев. Затоа тој и бега од одговор и бега од одговорност, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија до Бугарија: Гоце Делчев да почива во мир, спремни сме да ви ги подариме Зоран Заев и Љубчо Георгиевски

Бугарски академици, историчари, политичари сегашни и поранешни, деновиве водат агресивна кампања за сквернавење на ликот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. За волја на вистината, сквернавењето на Делчев не доаѓа од Бугарите кои се свесни за своето татарско-монголско потекло, туку од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.На домашен терен пак, во Македонија, носители на антимакедонскиот проект за подарување на македонската историја на Бугарија се една сегашна и една поранешна премиерска мариоента: Зоран Заев кој со договорот со Бугарија ги брише Македонците во Македонија и пиринскиот дел на Македонија и Љубчо Георгиевски кој не признава македонска држава во етничка, туку само во државотворна смисла според која Македонците се бугари.Патем, аргументите на Љубчо Георгиевски за бугарското потекло на Делчев дека дал заклетва на бугарски при уписот во бугарското училиште, бил учител во бугарската држава, потпишувал свидетелества на бугарски јазик...се ептен шашави, неиздржани, се косат со човечката логика и не заслужуваат дури и посериозна научна елаборација. Но, во интерес на вистината, Единствена Македонија е спремна да дебатира со Георгиевски за неговите наводни аргументи за Делчев, во време, место и медиум кој ќе го одбере самиот Георгиевски.Единствена Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните интереси, заедно со македонскиот народ е спремна да започне постапка за решавање на недоразбирањата со македонскиот великан Гоце Делчев на начин што Зоран Заев и Љубчо Георгиевски ќе и бидат подарени на Бугарија, а Гоце Делчев може да почива во мир, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

hdhdh

Ганиу со апел за терасите без дозвола во Старата Скопска Чаршија: Никој нема да биде над законот

Во рамките на акцијата која Општина Чаир ја покрена за отстранување на терасите поставени без дозвола во Старата Скопска Чаршија, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу јавно им се заблагодари на сите бизнисмени кои го испочитуваа законот и сами ги отстранија терасите за кои не поседуваа дозвола. Спрема нив нема да биде изречени предвидените законски казни.Иницираната акција од страна на Општина Чаир ќе продолжи да се реализира и Градоначалникот Ганиу им гарантира на граѓаните дека никој нема да биде поштеден и над законот. Рокот за реакција од страна на самите сопственици е 5 работни дена. По овој рок, инспекторите и полициските службеници ќе ги отстранат незаконски поставените тераси и за истите ќе бидат изречени соодветните казни.

Скопје | пред 6 години

centar

Општина Центар ги отстранува нелегалните тераси на угостителските објекти

По извршениот инспекцискинадзор на угостителски објекти на територијата на Општина Центар со кој се утврдува легалноста на поставена урбана опрема надвор од деловен објект, Општина Центар започна со отстранување на нелегалните тераси на повеќе од 20 објекти, а во процедура се и други извршни решенија по кои општината ќе постапува во наредниот период.Предмет на отстранување се објектите кај кои е утврдено дека, и покрај немање Одобрение за поставување урбана опрема од Град Скопје, истите ја поставиле опремата и направиле тераси со кои бесправно узурпирале јавен простор.На листата објекти кај кои Општина Центар во изминатиов периодутврдила нерегуларности и согласно тоа следува отстранување на терасите се: Ресторан Гурмет, Кафе бар Паладиум, Кафе бар Кофи Фектори, Гостилница Сушико, Гостилница Лантерн, Ресторан Барака, Кафе Бар Броз Кафе, Гостилница Фрути ди Маре, Кафе Бар Деус, Бистро Правда, Кафе бар Нано бар, Гостилница Бруклински, Гостилница Булевар, Кафе Бар Винил, Кафе бар Џус Бар, Кафе бар локал 45 и Гостилница Сквер.Инаку, споменатите објекти по доставено барање до Град Скопје за вршење дејност надвор од својот деловен простор и поставување урбана опрема добиле официјално Решение од Градот со кое нивното барање се одбива. Но и покрај тоа, тие постапиле спротивно од Решението.Согласно процедурата, иснпекциските служби на Општина Центар по извршениот увид, му издаваат на инвеститорот Решение за отстранување на што претходи определен законски рок и можност инвеститорот сам да постапи по Решението. Доколку инвеститорот не го стори тоа, општината со полициска асистенција, ќе го отстрани нелегалниот дел.фото: Стандард МК

Скопје | пред 6 години

64483412_735315733550676_5221974869456977920_n

СТАТУАФЕСТ И БАСКЕРКАРАВАН - Интернационален уличен уметнички фестивал за баскери и живи статуи 2019 год

Од 20 до 22 јуни со почеток од 18:30 до 23 часот во Скопје ќе се одржува  Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи СТАТУАФЕСТ И БАСКЕРКАРАВАН.На фестивалот свое учество ќе земат светски познати артисти, баскери и живи статуи , од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и секако нашите професионални артисти од Северна Македонија. За музичкиот дел се задолжени Тони Зен и ДЏ Бугимен, како и Онија Блузерите. Фестивалот ќе се одржува на плоштад Македонија и на ул. Македонија која води од плоштад кон Мајка Тереза.Главен покровител на фестивалот е град Скопје. Организатор на фестивалот е здружението на граѓани ТИМ ТЕАТРОС К од Скопје.

Скопје | пред 6 години

stop-policija

Во Скопје за еден ден санкционирани 133 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, од нив 126 во населено место

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 16.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани 133 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина (седум надвор од населено место и 126 во населено место). Откриени се и 55 останати прекршоци за кои се издадени 20 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.На 16.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведен акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се 24 возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 55 останати прекршоци за кои се издадени 38 мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

lisici

Фатен охриѓанец кој избегал од затвор и извршил 12 „тешки кражби“

СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против С.А.(29) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени 12 кривични дела „тешка кражба“.Тој, кражбите ги извршил во текот на оваа година на повеќе локации во Охрид користејќи подесен алат и физичка сила, по што од станови и куќи одземал пари, накит, бела техника и други вредни предмети, при што се стекнал со противправна имотна корист од 392.500 денари.С.А. бил баран и поради бегство од затвор и по приведувањето бил вратен во казнено поправната установа затвор Струга за издржување на затворска казна.

Македонија | пред 6 години

M1

Џафери се сретна со претседателот на Шангајскиот комитет на Кинескиот народен политички консултативен совет

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери кој ја предводи Делегацијата во чиј состав се потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи: на СДСМ г. Јован Митрески, на ДУИ г. Ејуп Алими, на ВМРО-ДПМНЕ г. Никола Мицевски, претседателот на Пратеничката група за соработка со Народна Република Кина, г-ѓа Владанка Авировиќ и генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова, во официјална посета на Народна Република Кина, денес во Шангај оствари средба со г. Донг Јунху, претседател на Шангајскиот комитет на Кинескиот народен политички консултативен совет. Клучните функции на Советот вклучуваат консултации за фундаменталните политики и принципи на национално и локално ниво за најважните прашања од политичкиот, економскиот, културниот и социјалниот живот, во процесот на донесување на законите и следење на нивната имплементација.Претседателот Донг истакна дека, иако географски оддалечени, двете држави негуваат одлични билатерални односи и остваруваат соработка во различни области. Тој подетално ги запозна гостите со развојот на Шангај и со неговата улога на лидер во земјата по реформите и иновациите и изрази подготвеност за споделување на сите искуства и добри практики. Во однос на одржувањето на ЕКСПО за извоз и увоз кој до крајот на годината треба да се одржи во Шангај, г. Донг истакна дека би сакал и Република Северна Македонија да учествува и да ги претстави своите производи и услуги на светскиот саем.Претседателот Џафери изрази задоволство што односите меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување а фактот што официјалната посета на НР Кина започнува во Шангај, го оцени како своевидно охрабрување за продлабочување на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина. Тој нагласи дека, парламентите, владите и 0другите институции треба постојано да вложуваат напори за создавање на широка рамка на билатерални спогодби кои создаваат поволни услови за соработка во повеќе области.Запознавајќи ги домаќините со актуелните случувања на домашната политичка сцена како и со надворешно политичките стратешки определби на државата, претседателот изрази надеж дека до крајот на годината Република Северна Македонија ќе стане 30 земја членка на НАТО и дека до крајот на месецот ќе добие датум за почеток на преговори со Европската Унија.  Двајцата соговорници изразија уверување дека добрите политички односи ќе бидат добра основа за понатамошно развивање на економските односи, како на билатерално ниво така и во рамките на Процесот за соработка 17+1 на НР Кина и земјите од Источна и Централна Европа.Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија имаше можност да го посети и Центарот за урбано планирање на градот Шангај, кој има население од 24 милиони жители и се протега на површина од 660 километри квадратни а својот најголем развој го доживува во последните 20 години. Беше претставено и функционирањето на локалните центри и начинот на кој се решаваат урбаните проблеми, а кој како модел се применува и во останатите градови во НР Кина.

Македонија | пред 6 години

ohrid-kej-lugje-turisti-guzva

Девојка нападната и допирана по телото од манијак во центарот на Охрид

На 16.06.2019 година во 02 часот и 45 минути во полициската станица во Охрид, 25-годишна девојка од Скопје пријавила дека на улица „Ванчо Николески“ во Охрид била физички нападната и допирана по телото од непознато лице.СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478-1

Героски им одговори на заканите од Власта: Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате! Нема да ме замолчите!

Новинарот Бранко Геровски вели дека од весникот Слободен печат се повлекол поради силен пристисок и додава дека закани сеуште добива.Токму поради тоа тој се обрати преку ФБ.МОЈОТ ОДГОВОР НА ОПОМЕНИТЕ И НА ЗАКАНИТЕ Во инбокс, во лични пораки што ми ги пренесуваат пријатели и познаници и на разни други начини, ми стасуваат опомени и закани. Премногу сум ја критикувал власта. Сум претерал. Та нели сме биле наши… Па еве, да одговорам јавно, како што имам обичај. Марш бре, таму, лицемери едни!!! Под силен притисок, дадов оставка од позицијата главен уредник и целосно се повлеков од „Слободен печат“. Никого не навредив, никого не повредив, самиот ја проголтав горчината на едно предавство. Како отров. Го оставив весникот, чедото што се роди во мојата глава и во моето срце… Што кур сакате сега, абдали едни?! Сакате два пати да ви поднесам оставка? Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате! Нема да ме замолчите!https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2232149173573432

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања