Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ паѓа, тоа му е јасно и на Зоран Заев.

СДСМ паѓа заради младите кои забрзано ја напуштаат државата и заминуваат во странство, да работат и живеат. СДСМ паѓа заради сите неправди и сиромаштијата во која ги втурнаа граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ паѓа затоа што затвораат и малтретираат недолжни граѓани. СДСМ паѓа затоа што ги изневери граѓаните. Зоран Заев е во калта. Колата наречена СДСМ е тргната низ удолница од која нема враќање.ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ гаранитира стандард и успеси за Македонија и нејзините граѓани.Ќе има повисоки плати и сигурност за вработените. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи подобро здравство, образование и наука. Сплотени и со чиста мисла Македонија мора да се крене од пепелта. Ќе ја обновиме Македонија. Ќе обновиме се иќе ја поставиме државата на здрави темели. Потребно е СДСМ и Зоран Заев да си заминат во историјата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Заев: Зборот важи, избран нов состав на ИО, повеќе од половината се жени

Денеска примат се стави на три цели, првата е политичката одлука во делот на промените во извршната власт. Денеска имавме дебата во поглед на актуелните случувања во Република Северна Македонија, во делот на меѓународните политики, но и во делот на домашните политики. Од тука, излезе заклучок кој што Централниот Одбор го изгласа вечерва и тоа го задолжи претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз, кој што е истовремено и Премиер на Владата на Република Северна Македонија, т.е. јас, да продолжам со процесот или отворената реконструкција на владата, односно да не носиме одлука за предвремени парламентарни избори, да не одиме во постапка на враќање на мандатот, туку да продолжиме со она што беше првично замислено, а тоа е реконструкција на владата.Уште еднаш појаснуваме, сите овие политики на градење на ваква перцепција и за дома и во јавноста, беа заради заокружување, за бетонирање на извесната евро интеграциска иднина на нашата земја. Покрај тоа што одлично се движат процесите на ратификациите за нашето полноправно членство во НАТО. Знаете дека втората, исто важна цел е конечно, после 15 години, да добиеме датум за почеток на преговорите. Уверувањата ги добивме од земјите членки, Европскиот Совет ќе донесе заклучок, ќе има изјави на Европскиот Совет, кој ќе се одржи, 20/21 јуни.  А, секако Бундестагот, ќе ја направи верификацијата односно гласањето за извештајот на Европската Унија во септември и конечно добивањето на датумот за преговори ќе следува во месец октомври.За нас беше важно, ако заради ваквите консталации за изборите во Европскиот Парламент, кои што го пролонгираа Извештајот на Европската Унија, ако е веќе тоа причината за октомври, октомври да биде октомври.  Да не се случи некое ново пролонгирање. Свесни бевме дека меѓувладината седница, односно седницата на владата со Европската Унија е некаде замислена во декември, без разлика дали е одлуката во јуни или е во октомври, во декември фактички почнуваат самите преговори, отварањето на поглавјата 23 и 24 и навистина два или три месеци не се толку важни, но важно е да биде конечно донесена одлуката.Драго ми е што и Бундестагот пред своите претставници, пратениците, тоа го верификуваше, односно јавно преку изјава го потврди. Сето тоа не става во позиција, да го скратиме секое можно време на било кои политички промени и да донесеме одлука која што е најцелисходна за државата и за граѓаните, а тоа е да завршат промените и да продолжи владата со целиот свој капацитет да ги извршува своите фунции заради тоа што сме посветени дома и на реформите понатаму, но и на економските перспективи кои што се еден од најважните примати на работењето на владата во оваа 2019 година.Втората одлука беше избор на органи и тела на Социјалдемократскиот Сојуз. Денеска донесовме одлука, избравме извршен одбор на партијата, избравме организационен секретар на Социјалдемократскиот Сојуз, избравме секретар за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот Сојуз и го избравме Директорот на центарот за истражување и аналитики на Социјалдемократскиот Сојуз , кои што се исто така важни позиции.Следува уште една седница на Централниот Одбор каде што ќе ги избереме само уште потпретседателите на партијата. Отприлика некои контури се направени, но секако ќе продолжат одредени консултации кои што за некои десетина дена ќе бидат заокружени. Мене ми е многу важно заради тоа што уште еднаш потврдуваме дека зборот важи.Рековме промени, и секако тие промени се случуваат. Зборот важи затоа што рековме дека ќе бидеме и ќе даваме повеќе простор на жените и еве и тоа се случи. Покрај тоа што немаме ниту законска ниту статутарна обврска, денес докажавме дека сме прва политичка партија во која највисокиот Извршен Одбор на партијата на СДСМ, има повеќе жени од мажи. Денеска избравме 16 членови на Извршниот Одбор од коишто 9 се жени.Сакаме да ја испратиме пораката на користењето на еднаквиот капацитет на државата  помеѓу мажите и жените, заради тоа што знаеме дека немаме сеуште рамноправна еднаквост, рамноправност помеѓу мажите и жените, вградени и во политичкиот систем на општеството но и во општествениот систем на нашата земја, за да можеме и тој потенцијал максимално да го искористиме. Верувам дека таа порака ќе стигне до многу државни институции, до многу општински институции но и политички партии.Јас сум горд на одлуката на Централниот Одбор којшто денеска ја донесе.Дозволете да ги соопштам имињата на Извршниот Одбор, Организациониот секретар на партијата, секретарот за Меѓународна соработка и на Директорот на Центарот за истражување и анализи.Чен на ИО е Фросина Ременски од Ѓорче Петров, Проф. д-р на Безбедност, Благојче Бочварски, актуелен градоначалник на Штип и дипломиран архитект, Рената Десковска, од Кисела Вода и Аеродром, Проф.д-р на Правни науки, Костадин Костадинов од Струмица, дипломиран економист и актуелен Портпарол на СДСМ, Есра Салихи од Арачиново, дипломирана на Филолошкиот Факултет во Скопје, Ѓоко Танасовски од Охрид, дипломиран Машински инжињер, Весна Ѓершанд од Сопиште, Проф.Д-р на ПМФ, Васко Талески од Битола, дипломиран правник, Тања Стојановска Иванова од Карпош,Проф.Д-р на Филолошкиот Факултет, Драган Тевдовски од Аеродром, Проф. Д-р на Економскиот Факултет и актуелен Министер за Финансии, Љатифа Шиковска од Шуто Оризари, дипломиран професор по Физичка Култура, Стефан Богоев, актуелниот Градоначалник на Карпош, магистер по економски науки, Кети Василевска од Гостивар, дипломиран правник, Нина Велкова од Кочани, инжињер по индустриска логистика, Петре Шилегов од Карпош, односно актуелниот Градоначалник на Скопје, дипломиран правник, и Маринела Ојлевска од Струга, дипломиран економист.Тие се членови на Извршниот Одбор, прв пат имаме активист од делот на Ромската заедница, сакаме преку тоа да испратиме порака дека многу по посветено ќе работиме на дигање на стандардот економски на најсиромашната заедница во Република Северна Македонија а тоа се Ромите.Избравме жена, потврден активист за Ромски прашања, верувам дека не само поради неа, туку поради нејзиното учество во највисоките органи на СДСМ ќе имаме сериозен фокус во овие прашања.За Организационен Секретар е избран другарот Душко Весковски, Магистер по човечки ресурси досега беше Претседател на ОО СДСМ Карпош, и сеуште е актуелен Директор на Водовод - Скопје, тој че ја напушти таа функција, и ќе биде Организационен Секретар само на СДСМ, заради тоа што сите продолжуваме во посветено работење на партијата, за тоа што како нов систем ќе зборува и Генералниот Секретар во изјава, а тоа е и третата точка на самата дебата којашто денеска ја имаме на Централниот Одбор.И секако избравме и Секретар за Меѓународна Соработка, тоа е Дане Талески Д-р на Политички науки, тој и досега беше, 3-4 недели, и ќе ја извршува и во иднина оваа функција. За Директор на Центарот за Истражување и Анализа на СДСМ е избран Мартин Попов, којшто доаѓа од ОО СДСМ Центар.

Македонија | пред 6 години

boeing

Директорот на Боинг признава дека е направена грешка

Генералниот директор на Боинг, Денис Муленбург призна дека компанијата направила „грешка“ при ракување со проблематичниот систем за предупредување во пилотската кабина на авионот „737 Макс“, пред падот на два такви модела, при што загинаа 346 лица.Муленбург вети транспарентност во работата на компанијата, во момент кога таа се обидува да го врати во воздух „737 Макс“, кој е приземјен претходно оваа година ширум светот.Американската Сојузна управа за цивилно воздухопловство го обвини Боинг бидејќи повеќе од една година не ги известил регулаторите дека индикаторот за безбедност во пилотската кабина на авионот не работел.

Свет | пред 6 години

upisis

Од денеска започнува уписот во средните училишта

Во средните училишта денеска и утре е првото пријавување за запишување ученици во прва година средно образование во учебната 2019/2020 година во јунскиот уписен рок.Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места од првото пријавување ќе бидат објавени на 19 јуни. Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а третото  на 1 јули.Според конкурсот на Министерството за образование и наука во државните средни училишта миже да се запишат 35 690 ученици, од кои 24 581 на македонски наставен јазик, 10 123 на албански наставен јазик, 952 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик.МОН најави дека од учебната 2019/2020 година во сите средни стручни училишта ќе почнат да се реализираат новите наставни планови и 1040 модуларно дизајнирани наставни програми за стручно образование со четиригодишно траење кои предвидуваат воведување на учењето преку работа во трета и четврта година како интегрален елемент во системот на техничко образование и зголемување на учеството на практичната настава и вежби за учениците. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Претпладне сонце, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

За денеска метеоролозите најавиваат претпладне сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ=7За утре пак, претпладне сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ=7.

Македонија | пред 6 години

mickoski-godisnina

Мицкоски: Македонија ќе успее, затоа што нема простор повеќе за неуспеси - броени се деновите на Заев, затоа што никој не победил народ

Македонија е жива. Покрај сите бури, сите премрежја, сите пакости кои се случија овие 29 години, Македонија е жива. Тој вулкан на непокорот и најдлабокото чувство кое доаѓа од срцето и кое не прави горди, и среќни не само што тлее, туку татни. Татни затоа што покрај сите неправди и беспаќа секогаш го одбиравме потешкиот, но вистинскиот пат. А ВМРО е чуварот на оваа земја, ова денеска на 29 роденден на ВМРО-ДПМНЕ го истакна лидерот на партијата Христијан Мицкоски.-И има приказни кои траат долго, и тоа е така затоа што оваа наша приказна има идеологија, цврста арматура во која кодот е ВМРО, а целта на нашето постоење е нашата Македонија. И еве не тука 29 години, по сите премрежја и се она што го минавме особено последниве години, ВМРО-ДПМНЕ се крева. И не само што сме на нозе, туку брзо чекориме, трчаме заедно со народот, да ја спасиме нашата земја од пепелот кој го оставаат. Да изградиме иднина, да го фатиме чекорот со другите од соседството кои не поминаа. Но не само да ги стигнеме, туку и да бидеме подобри. Затоа што оваа земја мора по сите порази и сите неразбрани трговци влезени во политиката да почне да победува. А победата не е нешто недостижно. Потребно е да се има сон, мотив и чест. Тоа го имаше пред 29 години и Драган Богдановски, човек со визија кој ги постави темелите на она што е ВМРО ДПМНЕ денес, потенцираше Мицкоски.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ додаде дека и низ овие 29 години во ВМРО-ДПМНЕ се вградија многу поединци, цврсти индивидуи, оставија траен белег, интелектуалци, научници. Сите со свој придонес. Имавме грешки од кој учиме, и подвизи со кои се гордееме. И денес имаме подадена рака кон сите, кон секој еден човек, кон секој кој поседува потенцијал, мотив и верува дека можеме да донесеме промена и да успееме.-И од оваа перспектива две работи се сигурни: Првата….СДСМ паѓа, а втората ВМРО-ДПМНЕ со народот ќе победи Заев е на колена и во сопствената кал, а ВМРО-ДПМНЕ по изборите кога и да се случат ќе формира Влада со која Македонија ќе оди вистински напред. И немојте да мислите дека заборавам од каде почнавме, но и низ се што поминавме овие две години. И оние кои веруваа од почетокот, но и оние кои не веруваа, а поверуваа дека можеме, но оние се уште кои не веруваат а знам дека ќе поверуваат, ви велам СДСМ и Заев е тргната по удолницата од која нема враќање, а ВМРО-ДПМНЕ секој ден станува се посилна, се поорганизирана и свесна дека не чека многу работа за да Македонија успее. А победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победа на Македонија! И ова ви го ветувам на овој 29 роденден. Ова е битка во кој влегов свесно, во која влегов со целото мое срце, знаење и чест. И во која ја вложувам мојата душа и себеси. И нема да отстапам, нема да отстапам поради мојот карактер, поради иднината на нашите деца, поради секој солза која пушта обичниот човек поради неправдите и сиромаштијата, поради одземената иднина, поради мајките кои плачат за своите деца кои си одат од земјава, поради сите наши луѓе кои чесно и даваат на оваа земја без да побараат повеќе од тоа што вложуваат. Македонија ќе успее, затоа што нема простор повеќе за неуспеси. И има и такви кои ми велат народот не го сака Заев, ама гледај се му поминува, а народот молчи и на крај останува убеден во тоа. И секако дека не можам да се сложам во тоа. Не успеаја да го скршат духот на Македонецот, а пробаа. Но народот не може да се измами. И таман мислеа дека им помина, дека таа колективна психоза на разубавениот свет на Владата и вештачка среќа која треба да ја угуши тешката и болна реалност и вистинската несреќа, она психолошко насилие врз колективниот ум кој го применува оваа власт, ќе се распрсне како меур од сапуница, кога од 50 илјади грла од плоштадот Македонија бодрејќи го шампионот Вардар ќе ве соочат со неуспехот на Власта и тие изнасилени и вештачки политики, порачувајќи и пеејќи „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата“. Е таквиот пркос покажува дека броени се деновите на Заев, и никој не победил народ. Дека со сила убавина не бива. Дека за добар живот не треба уставна гимнастика, туку многу работа каква не гледаме, од оваа атниреформска и антибизнис влада, вели Мицкоски. 

Македонија | пред 6 години

rakomet-mak-grc

Грција поразена од Македонија, нашата репрезентација на првото место ги заврши квалификациите

Македонските ракометари со победа над Грција ги завршија квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи следната година. Во натпреварот од последно 6.коло на третата група, одигран во Струмица, репрезентацијата на Македонија ја победи Грција со 27-23.Нашите ракометари имаа лош старт на натпреварот, па јужниот сосед водеше со два гола во почетните минути, а во еден момент стигнаа и до +3. Сепак, првото израмнување стигна во финишот кога Македонија израмни на 9-9, а потоа направи и пресврт, па на полувреме амина со предност од 13-11.Во вториот дел Македонија рутински ја одржуваше предноста и на крајот запишавме победа од четири гола разлика.Капитенот Кирил Лазаров, како и Филип Талески и Жарко Пешевски постигнаа по пет гола за нашата репрезентација, во која одличен настап имаше и голманот Митревски со 13 одбрани.Со оваа победа Македонија со 9 бодови го осигура првото место во групата три, пред Исланд со 8, кој пак попладнево беше подобар од Турција со 32-22.Освојувањето на првата позиција ќе и донесе на нашата селекција подобра позиција пред ждрепката закажана за 28 јуни во Виена  

Спорт | пред 6 години

vlado-misajlovski

Мисајловски: За две години оваа влада го допре дното и тоа на секое поле, граѓаните сакаат нешто подобро, сакаат што нешто ќе ги сплоти

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 29 години од формирањето на партијата. Централната прослава е вечерва во Македонска филхармонија.Владо Мисајловски потпретседателот на Партијата во изјава за Канал 5 истакна:-Денеска е еден убав ден каде што славиме 29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, но и преку еден век постоење на организацијата ВМРО. Она што е важно и треба да се испрати секако е обединување и слога во Република Македонија. И она што е најважно за сите граѓани е просперитет, но и проекти насекаде околу нас. Ние можеме да забележиме дека две години оваа влада го допре дното и тоа на секое поле, истакна Мисајловски.Мисајловски додаде дека постојано слушаме гафови и невистини, а тоа за жал продолжува од страна на оваа влада.-Граѓаните сакаат нешто подобро, сакаат што нешто ќе ги сплоти, а тоа е се разбира подобра економија, подобри економски можности за сите бизнисмени, подобро здравство, подобра инфраструктура и се она што е околу нас, појасни Мисајловски. 

Македонија | пред 6 години

zaev-ohrid

Заев: До крајот на овој месец ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе се сменат 8 министри и 20 тина директори

Премиерот и претседател на СДСМ истакна дека до крајот на овој месец ќе заврши реконструкцијата на Владата. Заев кажа дека ќе бидат разрешени не повеќе од 8 министри и околу 20 тина директори.„Јас сметам дека до крајот на идната недела ќе ги соопштам имињата на разрешените и на новите, за да може следната недела собранието да дискутира за нив. Паралелно со одлуката за новите министри, а со тоа и заменици, ќе следуваат и одлуките за разрешување на повеќе од 20 директори на државни институции, централни високи и на нивно место ќе именуваме нови. Ова може да биде паралелно со новата влада, или веднаш откако ќе ја изгласаме новата Влада“, истакна Заев.Премиерот додаде дека до крајот на овој месец ќе завршиме со формалностите за реконструкција на Владата.„Деновиве се разговара со потенцијалните нови министри и нови кадри за директорски места. Ќе има промена на раководни сруктури покрај од СДСМ и од другите коалициони партии вклучително и ДУИ“, истакна Заев.Премиерот додаде дека нема потреба од барање за предвремени избори, единствана потреба од предвремени избори беше возможна, ако треба на ЕУ да и докажеме што треба да испорача према Северна Македонија, не према некоја политичка партија. Ставот наш е дека треба да се тера цел мандат. Економските резултати се одлични. Конечно опозицијата ја гледам дека замолчи, рече Заев.https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/401057590493253/

Македонија | пред 6 години

sdsm-zivo

(ВИДЕО) Изгласани членовите на новиот Извршен одбор на СДСМ

СДСМ на денешниот 9-ти Централен Одбор на партијата донесе одлука за новиот Извршен Одбор. Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов ќе бидат членови на новиот Извршнен одбор на СДСМ, одлучи партијата на седницата на Централниот одбор што се одржува во Охрид. Освен нив во Извршниот одбор ќе бидат и Стефан Богоев, Костадин Костадинов, Татјана Стојановска Иванова, Салија Љатиф Петрушовска и уште осум членови на партијата од другите градови. Нови членови на ЦО се професорката од Филозофскиот факултет, Тања Стојановска Иванова и Салија Љатиф Петрушовска, директор на геријатриската болница во Скопје.9 од 16 те членови на И.О на СДСМ се жени.На денешниот Централен Одбор тема ќе биде и новиот начин и систем на делување на владеачката партија, од централно до општинско ниво.https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/401057590493253/ 

Македонија | пред 6 години

urugvaj

Скоро 50 милиони луѓе во две земји се без струја

Околу 48 милиони луѓе во Аргентина и Уругвај останаа без електрична енергија. Веста ја објавија медиумите во Аргентина. Инцидентот се случи во моменти кога луѓето се подготвувале да одат на избирачките места, за локалните избори. Министерот за енергетика на Аргентина истакна дека причините за прекинот се непознати.

Свет | пред 6 години

debar

(ВИДЕО) Силно невреме предмалку го зафати Дебар

УХМР најави дека од денеска па во следниве неколку денови во попладневните часови во земјава ќе има невреме  проследено со силен дожд, ветар и грмежи.По Струмица, невреме го зафати и Дебар.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2277879448959028/

Македонија | пред 6 години

strumica

(ВИДЕО) Силно невреме проследено со дожд и град ја зафати Струмица

Во моментов силно невреме проследено со дожд и град има во Струмица.УХМР најави дека од денеска па во следниве неколку денови во попладневните часови во земјава ќе има невреме, проследено со силен дожд, ветар и грмежи.Струмица денес објави видео од невремето кое беснее во Струмица, каде има пороен дожд, ветер и град.Според најавата на УХМР невреме се очекува невреме и во Скопје.https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/887512581603276/

Македонија | пред 6 години

DSC_8766

Заев од плажата Дупени: Младите од Северна Македонија, Албанија и Грција се одличен пример на соработка и на перспективи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска го посети настанот „Запознај ја Преспа“ кој вклучува активности и на плажата во Дупени.„Убеден сум дека ќе го привлечеме вниманието на сите граѓани од Северна Македонија, да го користат целиот летен период за да го посетат Преспанското Езеро и да ги видат убавините“, порача премиерот Зоран Заев на дводневниот настан „Запознај ја Преспа“.Тој истакна дека се надева дека со  настанот „Meet Prespa", што се одржува викендов во Преспа, се започнува една убава традиција што ќе го одбележи пријателство, меѓу Северна Македонија, Албанија и Грција, посебно преку импликација на дружење со  младите.„Младите кои се тука од нашата земја, Албанија и Грција се навистина одличен пример на соработка, на иднина, на перспективи. Верувам дека овој туристички потенцијал заедно со моментумот на политичкиот договор што значи прогресивност и иднина, ќе одбележи една одлична можност ем на дружење, ем на креативност и на развој на туризмот на ова прекрасно место“, истакна Заев.Во рамки на дводневниот настан „Запознај ја Преспа" на Дупени бич денеска се одржува и дегустација на традиционална храна каде присутните имаат можност да ги вкусат највкусните традиционални специјалитети како ѓомлезе, аршлама, разни зелници, питулици, циронки, белвици, штрудла со домашни овошја...Градоначалникот на Ресен Живко Гошаровски истакна дека денеска се спроведува прекрасна презентација и дегустација на многу продукти од Преспа. Наведе дека во рамки на настанот се спроведуваат повеќе младински активности, меѓу кои и акција за чистење во Отешево.

Македонија | пред 6 години

ganka

Ганка Цветанова до Заев: Плиз донт спик инглиш ени мор

Ексминистерката за култура Ганка Цветанова го замоли премиерот Зоран Заев повеќе да не зборува на англиски јазик.Таа преку Твитер користејќи англиски фрази со македонска транскрипција го исмеја крајно лошиот англиски акцент кога тој меѓу другото рече дека ЕУ била најс екси девојка на светот. Еве што напиша Цветанова на Твитер:https://twitter.com/gankacv/status/1139990894097129472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1139990894097129472%7Ctwgr%5E393039363b74776565745f6d65646961&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fwp%2F%25d0%25b3%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%2586%25d0%25b2%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25b5%25d0%25b2-%25d0%25bf%25d0%25bb%25d0%25b8%25d0%25b7-%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d1%2582-%25d1%2581%25d0%25bf%25d0%25b8%25d0%25ba%2F 

Македонија | пред 6 години

metla-ineks

ФОТО: Метлата на Заев заигра пред почетокот на состанокот на СДСМ

Денеска во Охрид ќе се одржи состанок на Централниот Одбор на СДСМ. Членовите на партијата веќе почнаа да пристигнуваат во хотелот Инекс , објави ТВ21.Меѓудругите одлуки, денеска ќе се носи одлука дали ќе се оди на предвремени парламентарни избори. ТВ21 од извори блиски до партијата дознава дека предвремени избори  нема да има.Фото: Јовица Пауноски | ТВ21

Македонија | пред 6 години

zaev

Заев најави пријатни изненадувања на состанокот на Централниот одбор на СДСМ попладнево

Премиерот Зоран Заев очекува на претстојниот Совет на Европската Унија да биде потврдено она што ЕУ го верификуваше преку извештајот на Европската комисија за напредокот на државата.„Драго ми е што имаме шанси до крајот на годината да бидеме полноправна членка на НАТО. Тогаш ќе почнат и преговорите со ЕУ така што можеме успешно да ја завршиме оваа година во поглед на интеграциските процеси“, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Преспа.Заев најави и пријатни изненадувања на состанокот на Централниот одбор на партијата што попладне треба да се одржи во Охрид.„ Имавме консултации пред состанокот со заменик-претседателот и генералниот секретар, но мислам дека ќе има пријатни изненадувања кои се типични за левичарските партии и верувам дека тоа ќе биде убава кадровска импликација за да можеме да ги мотивираме и другите политички партии и општеството да се менуваме кон подобро“, изјави Заев. 

Македонија | пред 6 години

zaev

ВИДЕО: Заев со мотор отиде во Дупени

На настанот “Meet Prespa” кој втор ден се оддржува во Преспа, премиерот Зоран Заев и покрај нестабилното и врнежливо време со мотор пристигна во Долно Дупени.Убеден сум дека ќе го привлечеме вниманието на сите граѓани, да го користат целиот летен период за да го посетат Преспанското Езеро и да ги видат убавините, порача Заев.По завршувањето на настанот тој се упати на централениот одбор на СДСМ во Охрид.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Гостин нападнал лице од обезбедување на угостителски објект

На 16.06.2019 година во 03.10 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во угостителски објект во Пробиштип, Т.А.(41) од Пробиштип физички го нападнал Г.С.(35) од Неготино, кој работел како обезбедување во објектот. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

tepacka-222

Пет лица се степале пред ноќен клуб, случајот го расчистува полицијата

На 15.06.2019 година околу 03.00 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека пред ноќен клуб во с.Марино, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата Д.М.(21), М.В.(21) и Д.С.(27), сите од село Марино, од една страна и лицата Б.М.(37) од с.Димонце, кратовско и З.И.(41) од с.Марино, од друга страна. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

siluvanje

30 годишна жена пријавила дека била принудувана на сексуални односи

На 16.06.2019 година во 00.30 часот во Полициската станица Кочани, 30- годишна жена од Кочани пријавила дека во периодот од 01.05.2019 до 14.06.2019 година Б.Ш.(44) од Кочани во неколку наврати ја принудил да имаат сексуални односи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

krazba-kradenje

Фатен осомничен за кражба на мобилен телефон

На 15.06.2019 година околу 22.00 часот во близина трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(20) поради сомнение дека претходно на бул.„Крсте Петков Мисирков“ извршил разбојништво над Н.Н.(18) од Скопје и и одзел мобилен телефон.

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Во патничко возило „БМВ X5“ полицијата затекнала 10 мигранти од Пакистан

На 15.06.2019 година околу 03.50 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка „Прдејци“, полициски службеници забележале патничко возило „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало на знак за запирање.Полициските службеници со службено возило го стигнале наведеното возило и во него биле пронајдени 10 мигранти од Пакистан кои биле пренесени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

pozar-drvja

На стрелиште во населбата „Бејбунар“ во Охрид избувнал пожар

На 16.06.2019 година околу 04.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на стрелиште во населбата „Бејбунар“ во Охрид избувнал пожар кој ја зафатил просторијата за гаѓање како и дел од две други помошни простории. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид.

Македонија | пред 6 години

pozar-centar-1

(ФОТО) Пожар во зграда на центарот на Охрид

Пожар во зграда во центарот на Охрид, кај некогашната Стара автобуска. На фотографиите се гледа густ црн чад како излегува од кровот на една од зградите. Од Противпожарната единица велат дека гори стан на шести спрат.Дознаваме дека мобилизирани биле и пожарникарите кои денеска не биле на работа, За време на акцијата имало општа мобилизација на станарите.Пожарот во моментов е под контрола .Повеќе информации подоцна ...  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања