Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

makeonska-rakometna-reprezentacija

Македонските ракометари подготвени за реванш против Грција

Без разлика на резултатот од пoследното коло во квалификациите за ЕП против Грција (натпревар кој ќе се одигра денеска во Струмица), македонската ракометна репрезентација се пласираше на континенталниот собир наредната година во Австрија, Норвешка и Шведска.Денешниот дуел се игра од 18 часот, а пред истиот селекторот Данило Брестовац направи три промени во составот во однос на претходниот натпревар одигран против Турција.За денешниот дуел, Брестовац не може да смета на пикерот Стојанче Стоилов, капитенот на европскиот првак Вардар, кој во четвртокот имаше операција на коленото, па на негово место на пикерската позиција покрај Жарко Пешевски ќе игра Горан Крстевски. Промена има и на десната бековска позиција каде Мартин Серафимов ќе го замени Јагуриновски, додека Дарко Димитриевски е во составот на место на Милорад Кукоски како засилување на дефанзивата.  

Спорт | пред 6 години

zaev-avion

(ФОТО) И Заев како Пендаровски – премиерот за Виена леташе во економската класа

Претседателот на Владата, Зоран Заев вчера во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. По стапките на претседателот Стево Пендаровски и премиерот фотографиран во економската класа како полетува од Виена за Скопје. 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Моторциклист удрил во пешaк и избегал

На 15.06.2019 година во 22.55 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, мотоцикл, управуван од непознат возач, удрил во пешакот Л.С.(83) од Скопје, по што го напуштил местото. Од ударот Л.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Малолетник каснат од куче скитник на кејот на Вардар

На 15.06.2019 година во 23.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Б.(31) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 19.30 часот на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров неговиот малолетен син, додека се движел со неговата мајка, бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Скопје | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

19 годишен Скопјанец со автомобил „собрал“ пешаци

На 15.06.2019 година во 22.55 часот на крстосницата од улиците „Војдан Чернодрински“, „Славеј Планина“ и „Кримска“ во Скопје, патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(19) од Скопје, удрило во пешаците А.Ш.(44) и Х.Ш.(18), двајцата од Скопје.Притоа, со тшки тлесни повреди се здобил А.Ш., додека со телесни повреди се здобила Х.Ш.. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Ургентен Центар при комплекс Клиники „Мајка Тереза“- Скопје, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во хотел во Струмица пронајден бугарскиот државјанин, баран од Интерпол

На 15.06.2019 година во 16.10 часот во хотел во Струмица, врз основа на барање од Интерпол, од слобода бил лишен бугарскиот државјанин Т.Н.И.(63). Лицето било задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

granata-1

Во двор пронашла неексплодирана граната

На 15.06.2019 годинаво 15.30 часот во Полициската станица Прилеп, И.С.(79) од с.Алинци, прилепско, пријавила дека во дворното место пронашла неексплодирана граната. Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека се работи за минофрлачка граната од 75мм, која потекнува од Првата светска војна. Гранатата била подигната за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Во домот на две лица пронајдена марихуана

СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa против Д.А.(52) од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.06.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Х.(27) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.07.2018 година во село Чегране, гостиварско, полициски службеници извршиле претрес во домот на М.И.(18), при што пронашле и одзеле марихуана која претходно ја набавил од пријавениот. По ова, на 24.07.2018 година во Гостивар, при претрес во домот на пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.

Македонија | пред 6 години

divi-prodavaci-2

(ФОТО) Пазар на автопат

Диви продавачи, од околните села, се симнуваат на самиот автопат  Скопје – Охрид и продаваат јагоди, праски и друго сезонско овошје и зеленчук.Автомобили застануваат, возачите си пазарат, се прави метеж. Од една страна возачите се револтирани  и се жалат, бидејќи непотребно се прави метеж, но и се изложени во ризична ситуација – некој несовесен може да настрада, а тие да бидат виновни иако ги почитувале прописите за возење на автопат. Од друга страна пак, се неметнува прашањето дали и колку ова овошје и зеленчук се здрави за вашиот организам. Доколку се испитаат анализите сигурно ќе покажат дека наместо витанини истите е полно со олово, и се што што има во издувните гасови на автомобилите.Да потсетиме дека според едно истражување издувните гасови не се штетни само за луѓето, туку тие ги спречуваат пчелите да го препознаат мирисот на цветот.Но, да не набројуваме едно е сигурно, на дивите продавачи НИКАКО не им е местото на автопат. Време  е надлежните да излезат на терен и превземат нешто оваа појава да се спречи.

Македонија | пред 6 години

motor

Дваесет и четиригодишен моторциклист тешко повреден во сообраќајка кај Ваташа

Дваесет и четири годишен моторциклист од Кавадарци бил тешко повреден  во сообраќајка кај Спомен-паркот „12 младинци“ во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко.Сообраќајната несреќа се случила утринава во 1.30 часот на регионалниот  пат Кавадарци – Мушов гроб, меѓу возило марка „киа“ со управувано од 24-годишен кавадарчанец и моторцикл „сузуки“управуван од 24-годишникот.Повредениот бил пренесен во комплексот  клиники „Мајка  Тереза“ во Скопје.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Централниот одбор на СДСМ во Охрид попледнево ќе одлучува за ново партиско раководство и за најавената „метла“

Денеска со почеток од 16 часот во салата во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид ќе се одржи деветтата седница на Централниот одбор на СДСМ.Од партијата велат дека на седницата ќе се дебатира за суштинските промени во партијата, новот систем на делување и работа на партијата, напредокот на државата, а се очекува и заокружување на внатрепартиските промени и избор на ново партиско раководство.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ноќни контроли на МВР, затекнати пијани возачи на кои времено им се одземени возачките дозволи

Во периодот од  00.00 до 05.00 часот на 16.06.2019 година  дделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол. Притоа, кај 29 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека четири возачи одбиле да проверка за присуство на алкохол.Овие 33 возачи се исклучени од сообраќај,  времено им се одземени возачките дозволи и поднесени се мандатни платни налози. Откриени се и 85 останати прекршоци за кои се издадени 41 мандатни платни налози и 44 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 15.06.2019 спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, при што се санкционирани 125 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.Во периодот од  23.00 часот на 15.06.2019 до 05.00 часот на 16.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се осум возачи кои сториле прекршоци. Откриени се и 82 останати прекршоци за кои се издадени  мандатни и прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

zemjotres-1

Силен земјотрес на Нов Зеланд

Земјотресот со интензитет од 7,4 степени по рихтер регистриран е во јужниот дел на Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена област на Нов Зеланд. Потресот се случи во 10.55 часот по локално време, на длабочина од 34 километри.Вториот силен потрес бил во 17:17 часот по локално време, а јачината била 6,4 степени. 

Свет | пред 6 години

filip-intervju-3

(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Стефаноски: Достигнавме бројката од 1 милион гости годишно, што значи имеме напредок, но сепак сме многу далеку

Успех за почит. „DMC Balkans Travel & Events“,најдобар тур оператор на „World Travel Awards“. Младиот, амбициозен и неуморен Филип Стефаноски менаџер на „DMC Balkans Travel & Events“, заедно со тимот од туроператорот DMC Balkans кои  работат  на рецептивен туризам, уште еднаш покажаа дека „DMC Balkans Travel & Events“, точно знаат што му треба на Охрид и како да го претстави нашиот град. Ова е второ признание од глобалната манифестација „World Travel Awards“, што значи дека „DMC Balkans Travel & Events“, станува препознатилива агенција во светски рамки со докажан квалитет и реализација на ветувањата за туристите во целост.Стефаноски открива како се качува кон врвот. Тој отворено зборува за проблемите со кои се соочува Охрид и земјава, што треба да се направи и како да се оди напред.Дојдовниот туризам е многу потежок, бидејќи ние имаме сериозни конкуренти од многу развиени туристички држави. За да успееш да ги донесеш гостите во Македонија, треба да се работи многу и да се понуди квалитет. Ние како компанија, понудивме нешто многу поразлично од другите компании и се пробивме на пазарот. Ние носиме Турски, Азиски државјани, а оваа година почнавме да работиме со Централна и Источна Европа, Скандинавија, а посебно удривме акцент на Азискиот пазар, Малезиски гости, Сингапур, Тајван, Кина, се гостите кои ги носиме во Македонија, заедно во пакет со балканот. Оваа година очекуваме да донесиме над 20 000 гости.Стефаноски додава дека статистички бројот на странски гости во државава расте, а на домашни опаѓа.Ние треба да си ги мотивираме нашите домашни гости, да го посетат, Охрид, Преспа, Дојран со некоја мотивација и некое субвенционирање за нив, со различни цени од странските за да ги повлечиме повторно, вели Стефаноски.Тој додава дека земјава ја достигна бројката од 1 милион гости годишно, што значи имеме напредок, но сепак сме многу далеку.Уште многу, многу треба да работиме , за да достигнеме една бројка која е многу сериозна. Еве во Мадеира годишно доаѓаат 8,5 милиони гости, и таму има само хотели, не се градат згради и сите граѓани од тој остров живеат од туризмот, вели Стефаноски.Според менаџерот на „DMC Balkans Travel & Events“,ние како земја, мора да направие долгорочна стратегија за тоа како да го развиеме туризмот во Македонија.Ние не можеме да имема масовен туризам затоа што немаме доволно гости, а за елитен треба многу повеќе од тоа што го нудиме во моментов. Да инвестираме, во квалитет, во кадарот и во образованието на туристичките работници, бидејќи имеме недоучени туристички работници, со нула пракса, вели Стефаноски. Во продолжение интервјуто со Филип Стефаноски  менаџер на „DMC Balkans Travel & Events“. 

Македонија | пред 6 години

duhovden

Денес е Духовден: Слегнување на светиот дух

Денеска е Духовден – Слегување на Духот Свети (Прв ден).Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.На празникот на Симнувањето на Светиот Духна апостолите, подот во храмовите се покрива со трева, покрај ѕидовите се ставаат гранки од липа или друго дрво, а иконите се китат со цвеќе.На овој празник редовно му претходи задушница што се празнува во саботата пред Духовден, кога се изведуваат повеќе обичаи што им се наменети на покојните претци. Овој ден меѓу народот е познат и под името „Мртва сабота“.Овој празник уште се вика и Света Тројца зашто на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-Син дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.Празникот Духовден нашиот народ го смета за голем празник. Тогаш не се работи, се оди во црква, се изведуваат некои обичаи, а во некои места попладнето се оди на оро. Во некои места се изведува и обичајот Скрсти со кој се моли за дожд и родна година.Во народното верување овој празник најповеќе се поврзува со душите на умрените. Се верува дека од Велигден до Духовден душите на умрените се слободни. Кога ќе се рече Ристос воскресе на Велигден се отворале вратите на рајот и пеколот и душите рисјански летнувале по небото и најповеќе застанувале по цветовите на дрвјата. Се вели уште и дека на Духовден мртвите разговарале па кој сакал да ги чуе, да го ставел увото на некој гроб ќе слушнел како шепотат како пчели кога брмчат.А бидејќи душите на мртвите се слободни во овој период и бидејќи им е мило да се покрај своите, луѓето им приредуваат гозби. Особено тоа го прават на Задушница, саботата пред Духовден. А кога ќе дојдел овој празник, како што запишал М. Цепенков, „веќе ќе и спотераат анѓелите да и носат пак на небеси, да и затворат во рајот“. И Е. Спространов запишал дека на овој ден затоа што тогаш се затвора рајот мртвите ги мамеле со ореова гранка. Што се однесува до употребата на ореови гранки на овој ден треба да се напомене дека во народните верувања уште од претхристијански времиња оревот имал привлечна сила за душите на умрените поради што се користи во обредите на овој ден. Ставањето на ореови лисја во алиштата на овој ден има и практична цел, заштита од молци.На Духовден се раздава „за душа“. Тоа се прави и за да се задоволат мртвите зашто пред да бидат затворени треба да бидат убаво нахранети. Поради тоа човек не смее ништо да јаде додека не раздаде нешто за „задуша“. Народот верува дека на овој ден душите на мртвите се причестувале поради што луѓето раздавале за „бог да прости“ за да имаат тие со што да се причестат. Тие меѓу себе се прашувале: „Ти се причести?“ – „Не се причестив!“ А не се причестувале зашто некој од роднините јадел пред да раздаде. Во тие случаи додека другите се гоштевале на софри, овие за кои немало раздадено седеле на страна „умилн’ти“.Духовден се празнува три дена.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: По 13 години нашата држава конечно има подобрување на кредитниот рејтинг од ББ на ББ+

По 13 години Република Северна Македонија конечно има подобрување на кредитниот рејтинг, откако Агенцијата „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ на ББ+, со стабилен изглед, се вели во соопштението од СДСМ.Во извештајот на Фич се нотира дека преземените мерки како пензиската реформа, подоброто таргетирање на социјалната помош и прогресивното оданочување придонесуваат врз намалување на дефицитот. Позитивно се оценети преземените мерки за подобро управување со јавните финансии, особено повисоката буџетска транспарентност и воведувањето на фискално правило за општините.Подобрениот кредитен рејтинг ја враќа довербата во економијата и уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати односно подобар животен стандард за граѓаните.Ова е показател за успешноста на економските политики и истовремено е дополнителен мотив реформите да продолжат, како и охрабрување на домашните и странски инвеститори дека земјата е на добар пат, економијата е стабилна и се движи во нагорна линија.По добивањето на најпозитивниот извештај од ЕК, интензивната ратификација на протоколот за пристапување во НАТО, подобрувањето на кредитниот рејтинг е последна потврда дека државата оди напред, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

popis

ВМРО ДПМНЕ: Заев и неговата криминална банда треба да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција

Зоран Заев се пазари на штета на Македонија и сите граѓани кои живеат во земјава. По менување на името, идентитетот Зоран Заев посегна и преку пописот да изврши целосно редефинирање на Република Македонија. Аболицираниот Заев без консултации со опозицијата турка попис со матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Аболицираниот Заев и неговата криминална банда треба да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција.Овој процес кој насилно се турка нема да ја прикаже реалната бројка на население кое живее во нашата држава. Со пописот Заев се обидува да изврши манипулација со бројката на жители во Македонија за да врати дел од хипотеките кои ги должи за да дојде на власт без поддршка од народот.Попис е статистичка операција која што треба да служи за реално планирање на политиките во државата. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Зоран Заев да се откаже од овој попис навреме, за да не ја доживее истата судбина како неуспешниот референдум. И да започне попис според препораките на Еуростат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска претпладне сончево, попладне на места нестабилно со пороен дожд

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. УВ=9За утре метеоролозите најавуваат, претпладне сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ=7

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still138

(ВИДЕО) Се запалија стари гуми кај Бејбунар во Охрид

Поголема количина стари гуми пламнаа рано утрово во местото викано Бејбунар во Охрид.Интервенирала и „Пожарната“ која успешно го изгасила огнот.

Македонија | пред 6 години

received_1025401884329375

(ФОТО) Сообраќајна несреќа во Охрид, СВР врши увид

Сообраќајна несреќа на ул. Железничка во Охрид. Се судрија два автомобили при што причинета е поголема материјална штета. Во моментов СВР врши увид, по што ќе се знаат и причините за несреќата.

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Предлог за притвор за лицето кое уби мајка на малолетни деца, делејќи физичка пресметка на двајца братучеди

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради постоење на основано сомневање дека сторил едно кривично дело- Убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело- Убиство во обид, предвидено и казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Во текот на вчерашниот ден, по вербална расправија и физичка пресметка на двајца братучеди во населбата Шуто Оризари, осомничениот со нож влегол во куќата на оштетните, со цел да го лиши од живот својот братучед. Удирајќи го со нож во пределот на градите и абдоменот му нанел две убодни рани. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата братучеди застанала сопругата на оштетениот при што осомничениот замавнал со ножот и и задал удар во пределот на срцето од кој удар кај оштетената настапила смрт.Имајќи ги предвид видот и тежината на кривичните дела што се ставаат на товар на осомничениот, како и тешките последици од настанот во кој без никаква вина во својот дом, мајка на малолетни деца го изгуби својот живот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. 

Скопје | пред 6 години

casovnik

Во охридската чаршија фатен крадец кој украл часовник вреден 1300 евра

Пред трговскиот центар Амам, во охридската чаршија фатен е крадец, кој од дуќан украл вреден часовник. Крадецот во моментов е во СВР Охрид. Во неговиот ранец бил пронајден часовникот вреден 1300 евра.Неофицијално крадецот не бил сам, туку станува збор за поголема група кои крадат низ Охрид.Досега во охридската чаршија бе забележани кражби на златарници,но не се памети дека некој украл толку вредни часовници. 

Македонија | пред 6 години

centar-za-zavisnosti

Жителите на Кисела Вода на нов протест: Уште колку деца треба да згазат на игла?

Граѓаните на скопската населба Кисела Вода утревечер повторно ќе излезат на протест со барање за дислокација на Центарот за зависности.Револтирани граѓани неколку пати до сега побараа дислокација на Центарот, но нивните молби не беа исполнети иако им беше ветено дека Центарот ќе се дислоцира до 5-ти мај годинава.„Досега бевме коректни и конструктивни со сите чинители инволвирани во проблемов, кој ни го предизвикуваат ЗАВИСНИЦИТЕ од ДРОГИ и ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИ, укажувавме на проблемите дека недолично се однесуваат, пријавуваме кога ни правеа штета во домовите и кога не пљачкаа, пријавувавме и кога некое дете ќе се боцне на искористена игла. Минатата година кога и покрај нашата кооперативност за возврат добивме да низ цела населба има ИГЛИ И ШПРИЦЕВИ и да се повредуваат се повеќе деца излеговме на протест на кој повторно човечки и со разбирање го побаравме истото да се дислоцира центарот. Од тогаш наркоманите си земаа за сила и почнаа повторно да се соблекуваат голи пред нашите деца и жени и да се дрогираат, а чашата ја прели повредувањето на ќерката на еден од нашите соседи“, соопштија граѓаните од Кисела Вода.Протестот во недела, велат од таму, нема да биде ниту најмалку како досегашниве протести.„Нема да е предупредувачки протест туку РАДИКАЛЕН. Од недела па натака ЦЕНТАРОТ НЕМА ДА РАБОТИ. Повеќе нема да дозволиме да не манипулираат и ЛАЖАТ, а нашите деца да страдаат заради негрижата на институциите. АКО ИМААТ СИТЕ НЕКАКВИ ПРАВА, ТОГАШ И НИЕ ИМАМЕ ПРАВО НА МИРЕН И БЕЗБЕДЕН ЖИВОТ ВО НАШАТА ОПШТИНА“, велат жителите. 

Скопје | пред 6 години

matka

Младо момче скокнало од карпа на Матка, - кога испливал на површина обилно крварел од главата

На 14.06.2019 година во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Ч.Н.(19) од Скопје.Според пријавеното, околу 18.10 часот во кањон Матка, додека седеле, Ч.Н. се решил да плива и од висина скокнал во езерото. Според пријавата, најверојатно се удрил во карпа под водата и кога испливал на површина обилно крварел од главата.Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР. 

Скопје | пред 6 години

zaev-devojka

(ВУДЕО) Заев: „Европа е најсекси девојка во Светот“

Веруваме во европските вредности и можеме многу да дадеме на Европа, изјави премиерот Зоран Заев на форумот Европа – Вахау, во Австрија. Заев додаде дека Европа мора да ги отвори вратите и дека очекува до крајот на оваа година земјава да добие датум за почеток на преговорите, објави ТВ 21.тв.-Сакаме да ги почнеме преговорите, односно да продолжиме со мотивацијата на ЕУ и да ја докажеме нашата земја. Во минатото Балканот беше темпирана бомба, но сега многу нешта се сменија. Сѐ повеќе сме Европјани. Преку овие промени, многу нешто се случија, само поради една причина, која ја спомна комесарот Хан, односно поради силата на ЕУ. Таа нѐ привлекува, нѐ води и нѐ мотивира. Европа треба да остане најсексапилна девојка во светот, која ќе нѐ мотивира да продолжиме во овој правец“, рече Заев. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања