Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

6oM4f-62023476-2397912230230539-6589605216574767104-n

Гушкањето крави е новата велнес терапија, цена – 300 долари за 90 минути

Гушкањето крави е тренд кој моментално владее во Њујорк. Ако никогаш не сте се замислиле во таа ситуација и веројатно не сметате дека таа би можела да ви помогне, ова искуство ќе ви го докаже токму спротивното – кравите се нежни животни на кои не им сметаат прегратки.Според истражувањето спроведено од страна на “PubMed”, нивото на стрес кај луѓето значително се намалува кога се во контакт со животни. Иако терапијата на гушкање крави може да звучи чудно, кога ќе ја ставите во редот на другите терапии во кои се вклучени животни, тогаш ќе сфатите дека ова воопшто не е необично. Луѓето веќе долго време практикуваат јога со кози, мачки и зајаци.На ранчот “Mountain Horse Farm” можете да уживате во гушкањето со овие благородни животни, каде за 90 минути третман ќе треба да платите 300 долари.“Тие чувствуваат дали сте вознемирени, изгубени, анксиозни или возбудени и врз база на тоа реагираат за да ви помогнат. Дружењето со нашите животни им носи на посетителите мир, комфор и опуштање”, се наведува на официјалната страна на оваа фарма.https://www.facebook.com/MountainHorseFarm/?ref=nf&hc_ref=ARSoKH0ulUgOy1grnjmmV0Kej-_FDYl36Uy1S9_EfFLcxg3nL8-6Ah_TE-00qLdt_1E

Свет | пред 6 години

registracii-tablici

Од понеделник МВР ќе стартува со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“

Министерството за внатрешни работи од понеделник ќе стартува со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“, што е дел од обврските со Преспанскиот договор со кој се реши спорот за името со Грција. На сината лента на таблицата ќе стои кодот „NMK“.Со измените на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, издавањето на таблички со новиот код е предвидено да стартува денес, но бидејќи е викенд тоа ќе почне од следната недела.

Македонија | пред 6 години

DSC_1272

Заев и Бирлајн: Австрија и натаму силно ќе се залага Северна Македонија годинава да отпочне преговори со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во областа Вахау, се сретна со новата федерална Канцеларка на Република Австрија, Бригите Бирлајн.На средбата канцеларката Бирлајн искажа очекување дека многу скоро Австрија ќе ја поздравува Северна Македонија како членка на Европската Унија. Бирлајн го поздрави последниот позитивен извештај на Европската Комисија за Северна Македонија и повтори дека нејзината земја и натаму ќе остане верен пријател и поддржувач на Северна Македонија.Бирлајн на Премиерот Заев му честиташе за сите досегашни политички чекори коишто ги преземал, кои, како што рече Канцеларката, придонесоа да нема никакви пречки за отпочнување на преговорите со Унијата.Премиерот Заев и Канцеларката Бирлајн на денешната средба се согласија дека Република Австрија е и еден од најголемите инвеститори во Северна Македонија, што претставува показател и за цврсто воспоставените економски односи помеѓу двете земји.Првата средба со новата Федерална Канцеларка на Република Австрија, Премиерот Заев ја искористи да ја покани Бирлејн да ја посети Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Во Охрид утре седница на Централниот одбор на СДСМ

Заокружување на внатрепартиските промени и избор на ново партиско раководство се меѓу темите на утрешната седница на Централниот одбор на владејачката СДСМ.Централниот одбор ќе заседава во Охрид, а деветтата седница, како што е најавено во партиското соопштение ќе почне во 16:00 часот.На дневен ред се и суштинските промени во партијата, новот систем на дејствување и работа на партијата и напредокот на држават.

Македонија | пред 6 години

zmija

(ФОТО) Змија се пикнала во количка додека бебето спиело во парк во Нови Сад

Жител на Нови Сад објави дека змија се пикнала во количката на неговото бебе кое има само 4 месеци.„Змијата се вовлекла додека спиеше бебето во количката. Вистинска среќа е што сопругата ја забележала на време и веднаш го извадила бебето“, раскажа овој Новосаѓанец.По ова веднаш биле повикани надлежните служби.Инаку, горештината ги „измами“ влекачите на градските улици, па тројца пациенти се наоѓаат на лекување во лесковачката болница поради каснување од змии отровници. 

Свет | пред 6 години

sladoled

(ВИДЕО) Путин за 66-тиот роденден на кинескиот претседател му подари сладолед

Рускиот претседател, Владимир Путин, му подари руски сладолед на кинескиот лидер Си Џинпинг за роденден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „Тас“.„Претседателот ја пофали улогата на Џинпинг во развојот на билатералните односи и укажа на неговата неодамнешна успешна посета на Русија“, рече Песков.Џинпинг му се заблагодарил на рускиот претседател, додавајќи дека Путин е многу популарен во Кина.Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска го прославува својот 66-ти роденден. 

Свет | пред 6 години

1-1-1-1

Заев и Хан: Потврдена заложбата Република Северена Македонија годинава да добие датум за преговори со ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во областа Вахау, Република Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.На средбата, којашто помина во исклучително позитивна атмосфера, уште еднаш беше потврдена заложбата Република Северна Македонија годинава да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.Премиерот Заев истакна дека тоа за нашата земја е многу важно бидејќи ќе биде дополнителна мотивација државата да продолжи со спроведување на реформите во сите области, со забрзано темпо.„Добивањето датум за граѓаните ќе биде потврда дека се што направивме во изминативе 2 години вредело“, истакна Премиерот Заев на денешната средба со еврокомесарот Хан.

Македонија | пред 6 години

halkidiki

Пожар на вториот крак на Халкидики

Голем пожар на вториот крак на Халкидики, во областа Ситонија. Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека видливоста на патот од Солун кон Неа Мудања е многу слаба, а автомобилите се паркираат странично бидејќи не можат да го продолжат патувањето. Шума и сува трева се разгореа во областа на Каламици во Ситонија во соседна Грција. На терен има 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари, а подготвен е и авион за гаснење. 

Свет | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски кажа како избегал од Македонија

Бегалецот Никола Груевски му се обрати на премиерот Зоран Заев порачувајќи му да не прави сценарија за тоа како тој избегал. Груевски преку социјалните мрежи објаснува дека државата ја напуштил многу лесно и едноставно.Еве што напиша Грувски на социјалната мрежа фејсбук:„ХАЈ ГУДБАЈНашиот премиер деновиве е ептен ХАЈ 😎Најави човекот уште пред една година, откако започна фамилијарен бизнис со садење марихуана за медицински цели, па ни објаснуваше дека треба да ја легализираме марихуаната за да бидеме сите ХАЈ како што според него биле во Амстердам...Пред неколку дена, кога беше помалку ХАЈ, на Тв 24 кажа: “карикирам, можеби Груевски влегол во багажник на кола во подрум". Тоа беше во духот на она од ноември лани дека “можеби" сум бил киднапиран. Неколку дена потоа за интервјуто за ФАЦ во Берлин му се видело ХАЈ ако ги исфрли првите два збора, “карикирам”и “можеби”.Јас знам дека во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во кои што однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затворот ми подготвуваа линч. Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање. Па потоа почна да го лаже и светот преку меѓународните медиуми.Гледате, тој замислил дека сум заминал, како што неодамна слушнав дека кога беше во опозиција него го носеле и враќале тајно во една соседна држава ,,на консултации,,. Секој си тргнува од себе. Па веројатно си рекол: “ако можев јас да влегувам во багажник за да го сменам името, историјата и идентитетот, зошто пак не тој затоа што не ги смени👀 ...”.Ама “ХАЈ”треба да знае дека се ближи време за ГУДБАЈ. Оти народот не е баш ХАЈ и разбира дека нашиов “ХАЈ” штом отвори уста-лаже. Лаже полесно од што дише. Всушност не лаже само кога молчи 🤐. А најточно веројатно се изразуваат оние кои најдобро го разбираат и најдолго го знаат, струмичаните, кои велат “многу му меле устата".П.С. Насловот е позајмен од наслов на роман од Божин Павловски каде насловот нема исто значење ниту поврзаност со нашиот "јунак"“, напиша екс премиерот Никола Груевски на ФБ.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157461113532716

Македонија | пред 6 години

bacilo

Овчар, косовски државјанин, починал во близина на бачило

На 14.06.2019 година околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Кури Даре“ во атарот на с.Кочилари, велешко, во близина на бачилото сопственост на Џ.Х.(40) и Х.Х.(45), двајцата од с.Кочилари, бил пронајден починат М.Г.(48) од Косово. Според пријавеното, околу 06.30 часот М.Г. излегол да ги напасува овците на Џ.Х. Околу 14.20 часот Џ.Х. го побарал М.Г. на мобилен телефон, а откако не го добил, излегол да го бара, при што, според пријавата, го пронашол без знаци на живот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен ирски државјанин, немал потврда за регулиран престој во државава

На 14.06.2019 година во 19.30 часот пред кафе бар на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир, полициски службеници го привеле М.С.(31) од Република Ирска. При увид во неговите лични документи било утврдено дека нема потврда за регулиран престој во државата.

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведени албански државјани, немале потврда за регулиран престој во земјава

На 14.06.2019 година во 17.00 часот во Полициското одделение Групчин биле приведени А.Ш.(20), Д.Ш.(29), Ш.Ф.(47), Ш.К.(20) и З.Ш.(43), државјани на Република Албанија. Во центарот на селото Ларце, тетовско, полициски службеници ги затекнале и констатирале дека немаат потврда за регулиран престој во Република Северна Македонија. Подоцна, било утврдено дека две од лицата се обиделе да извршат кражба во куќата на А.И.(74) од с.Ларце. Лица биле предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Тасевски: Ако ги попишете Гоце, Јане, Даме, Ѓорче, Климент, Наум, како Бугари, ќе ја пееме ли химната со тралала?

Актерот и поранешен директор на „Драмски театар“, Сашо Тасевски, реагира на отсуството на одговор на македонските власти на бугарските ултимативни барања и Гоце Делчев да се прогласи за Бугарин.-Ако ги попишете Гоце, Јане, Даме, Ѓорче, Климент, Наум, како Бугари, ќе мора да ги преименувате сите топоними и имиња на школи, булевари, универзитети, кои ги носат нивните имиња. А бе химната ќе мора да ја смените. Нема веќе оној стих Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев... Ќе мора да го пееме со тралала... Делчево нема да може да се вика така, ако му остане името ќе биде бугарски град. На населбата Даме Груев, ќе мора да и го вратите старото име Гологузица. Сите споменици со овие дејци ќе мора да ги отстраните, зашто нема да бидат наши. Ако не ги смените имињата, ако останат исти, а тие важни личности ги попишете како Бугари, ќе потпишете и дека Македонија е бугарска покраина. Дали сфаќате колку сте имбецилни? , напиша Тасевски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

naum-za-zaev

Стоилковски одговараијќи на новинарско прашање објаснува што за нив е спорно во престојниот попис

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, оговараше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите:Прашање: Во врска со пописот, заводот за статистика тврди дека е се во согласност препораките на Еуростат и ОН ќе се попишува населението според матичните броеви, но оние што се иселени над една година нема да се бројат во вкупниот број на населението. Што е за вас спорно?Стоилковски: Видете вака, прво заводот за статистика и преку неговиот директор кој што дава политички изјави и има политички ставови во своите настапи, наместо статистички, реални и државни нели. Посочуваше на други работи во однос на пописот дека нема да има графа за етнички, за религиски изјаснувања, а потоа според политички договор на партнерите во власта на Заев и Али Ахмети се доведе до поинакви прашања. Понатаму можам да кажам дека исто така државниот завод за статистика соопшти дека во однос на кои прашања ќе се содржат и на каков начин ќе биде спроведен пописот зависи од Собранието, политичката волја на власта. Во однос на пописот можам да кажам, да повторам она што и досега го кажувавме дека ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на ваков начин на спроведување на попис, на ваков начин на носење на закон за попис кој што не е според стандардите на Еуростат, не е според меѓународните документи и препораки како треба да изгледа едно пописно ливче и како треба да се спроведе попис. Не може да се направи попис кој што е резултат на политички пазар. Не може да се направи попис на кој што граѓанин ќе каже матичен број и оној кој што ги знае матичните броеви на дел од неговото семејство и пошироко семејство да кажува и на тој начин да биде спроведен попис. Пописот оваа власт мора да разбере дека попис не може да биде резултат на политички договор, на пазар помеѓу партнерите во власта.Попис е статистичка операција која што треба да служи за реално планирање на политиките во државата. Законот за попис како и пробниот попис кој што во моментов се спроведува согласно она што е ставено во тој предлог законски текст за пописот, всушност значи исплаќање пробен попис, исплаќање на концесиите кон доверителите од страна на Зоран Заев. Во оваа насока можам само да кажам дека ваков попис кој што ќе биде спроведен спротивно на препораките на Еуростат нема да ја прикаже реалната бројка на населението кое што живее во Република Македонија. Доколку се истурка ваков попис, ваков предлог текст без да се земат во предвид барањата за средба, барањата за заедничко креирање на закон за попис согласно меѓународните стандарди, таквиот попис може да доживее судбината на референдумското изјаснување во однос на промената на името. Прашање: За Заев и Ахмети, од власта никој до сега не демантираше и немаше никаква информација дали имало некаква средба, дали до вас како партија стигнаа некои информации?Стоилковски: Нема ниту демант, нема никаква информација, цела недела Зоран Заев не одговара, нема одговор од власта за тоа дали постои политички пазар кон она прашање што го отвори претседателот Христијан Мицкоски. Пазар направен на средба во Тетово каде што било договорено политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници. Тоа било направено во време помеѓу таа средба, тој политички пазар е направен во време помеѓу двата изборни круга за претседателските избори, како што реков во Тетово, и е договарано политичко редефинирање во земјата на сметка на политичка изборна поддршка. Одговор на ова прашање е и те како потребен, одговор е потребен и заради туркањето на пописот вон сите стандарди како што сега реков за попишување, резултат на политички пазар, оној пазар што го донесе Зоран Заев и кој што го одржува на власт. Попис по матични броеви од некој што ги знае матичните броеви. Одговор е потребен и заради предлозите за нови изборни модели кои што се наметнува во јавноста, наметнато како што знаете од второто лице на Зоран Заев. Уште повеќе потребен е одговор бидејќи Република Македонија повторно остана без датум за преговори, без европски  интеграции, без членство во ЕУ. А, вицепремиер, заменик на Зоран Заев се закануваше дека во таков случај државата би се распаднала. И наместо да даде суштински одговор и наместо да се изјасни во однос на таа средба во Тетово каде што е договарано редефинирање на државата, наместо суштински реформи и одговорност Зоран Заев си турка партиски агенди за што поголемо деспотство во СДСМ. А, Зоран Заев знае каков и да има изборен модел ќе ги загуби овие избори, народот жестоко ќе одговори на сите негови девастации на државата, политички трговии со државните и националните интереси.Прашање: Вашиот претседател на емисија кажа дека е подготвен да среди со власта за да разговара и да го помогне процесот на интеграција. Дали досега имате некоја комплетна иницијатива од власта да ве повикаат на ова и дали мислите дека воопшто ќе се случи ова?Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија. ВМРО-ДПМНЕ партија која постојано работи за доброто и интересите на граѓаните на Република Македонија. Работи за напредок на Република Македонија. Кога станува збор за нaционалните интереси, државните интереси, за ЕУ интеграциите, апсолутно секогаш сме го давале својот максимум и сме ја пружеле нашата рака за да се добие што побрза интеграција и што подобар живот на граѓаните на Република Македонија. Тоа било докажано неколкупати досега, тоа било докажано и применето како опозиција и минатата година кога се изготвуваше оној извештај на Европската комисија, учествуваме во сите закони коишто беа потребни да се донесат минатата година. Но, учествуваме и предлагаме и сега да ги вложуваме сите наши капацитети за да се подобрат оние стандарди што би значеле побрз влез на Македонија во ЕУ, побрзо добивање датум, подобри реформи бидејќи реформите изостануваат и затоа нема датум за оттпочнување на преговорите.Од другата страна се уште нема никаков одговор. Зоран Заев се занимава со партиски работи, се занимава со своето деспотство без никаков конкурс да ги смени своите општински органи, своите партиски органи. Во меѓувреме турка агенда за политичка трговија, со една статистичка операција, турка нешто што се вели политичко редефинирање на државата само и само во насока за што подолго да се задржи на власт. Власта е минлива категорија, државата, националните интереси и државните интереси не се.Прашање: Дали се откажавте од идејата за предремени парламентарни избори?Стоилковски: Одлука за предремени парламентарни избори може да донесе само Парламентот, може да донесе власта. Зоран Заев неколкупати до сега дека што и да изусти каква и идеја да даде, каков предлог да даде понатаму не се задржува на неговото, тоа е оној познат Заевизам. Така што и онаа олука нема датум ќе оди на предвремени избори испадна уште еден зевизам, уште едно негирање на сопственото тврдење, на сопственото кажување. Така што дали ќе има предвремени избори или редовни, во која насока ќе се води државата, тоа е прашање кое може да го реши само власта. Тука сме реални. Но, тврдиме дека кога и да има избори, Зоран Заев ќе ја загуби власта. 

Македонија | пред 6 години

Naum-stoilkovski

Стоилковски: Потфрла планираното полнење на буџетот со даноци, нема да има пари за пензии, за администрација, за услуги кон граѓаните

Македонската економија пропаѓа, потфрла планираното полнење на буџетот со даноци, за пет месеци годинава недостасуваат, односно има буџетска дупка од 3 милијарди денари. Тоа значи нема да има пари за пензии, за администрација, за услуги кон граѓаните, за болници, за училишта, а власта не се откажува од луксузот и од лошите економски политики, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.УЈП при собирање на данокот има три милијарди денари дупка, три милијарди денари помалку пари во буџетот за граѓаните, три милијарди денари помалку од планираното на економскиот тим, на економското цунами – Заев, Анѓушев, Тевдовски!УЈП и Владата немаат одговор на што се должи толкаво потфрлање, дупка во полнењето на буџетот на име на собрани даноци во висина од 50 милиони евра, што е пак вовед во нов економски иден шок наскоро, нови потреси во државата, нови отежнувања на животот на граѓаните кои тонат во сиромаштија.Потфрлањето на Владата и на УЈП, 50 милиони евра разлика од планираното и реализираното даночење е показател дека спротивно на лагите на Заев, на Тевдовски и на Анѓушев, економијата не цвета, а Македонија не блеска, дека платите реално не растат, економската активност е намалена и дека нема нови вистински инвестиции.Лагите на Заев, на Анѓушев и на Тевдовски дека Македонија блеска не го полнат буџетот. Повисокиот данок, лошата економска политика, акцизите, вештачкото зголемување на платите и политичките лаги на Заев не го подобрија животот, не ја подобрија услугата на државата кон граѓаните. Напротив ги бркаат компаниите, и домашните и странските, граѓаните живеат полошо, а квалификуваната работна сила од работници до ИТ инженери ја напуштаат државата секојдневно.Уште од сега ВМРО-ДПМНЕ ветува дека кога ќе се врати на власт, ќе го врати рамниот данок и веднаш ќе се намали акцизата на горивата, како приоритетни економски зафати за стабилизирање на македонска економија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

praski

Претставници од МЗШВ на средба со производителите на праски и откупувачите

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија денеска во Росоман имаа работна средба со градоначалникот на општината Бранко Јанев. На средбата присуствуваа и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, а се разговараше за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.Според информациите од терен, на средбата беше констатирано дека извозот се одвива непречно и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија, Косово. Воедно на средбата беа презентирани предлози за подобрување на соработката помеѓу производителите и откупувачите и договорена е средба во поширок состав, на којашто од страна на производителите ќе се претстават предлозите за партнерство помеѓу нив и откупувачите.Во меѓувреме инспекторите од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите при откупот. ДФЛ работи со доволен капацитет за извршување на редовните анализи кои се потребни за непречен извоз.Следната недела МЗШВ ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка, а ќе продолжи комуникацијата со земјоделците и откупувачите, со цел да има поблиска соработка, што ќе резултира со откуп на целокупната произведена количина на праски.

Македонија | пред 6 години

Lidija

Тасевска: Обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ се невистинити и не се точни

Пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска одговараше на новинарски прашања.Прашање: Дали може за пописот да ни кажете, ззошто, опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинува дека власта го турка пописот без консултации со опозицијата и дека е потребно усогласување меѓу власта и опозицијата за пописот?Тасевска :Интересно прашање коешто во послениов период е особено во фокусот на вниманието, морам тука да кажам дека непотребно се прави премногу политика од еден процес или операција којашто е статистичка. Нашата земја како претендент и како идна членка на ЕУ, мора да ги задоволи сите потребни стандарди меѓународни коишто меѓудругото предвидуваат нели и попис на населението. Опозициската партија, ВМРО ДПМНЕ навремено беше вклучена во сите потребни работи коишто беа во однос на носење предлог законот којшто сеуште не е во Собраниска процедура и затоа мислам дека нивните обвинувања се навистина невистинити и дека едноставно не се точни.

Македонија | пред 6 години

FullSizeRender-15-06-19-11-57

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Со кое лице многуте советници од мнозинството како просветни работници ги поддржаа скандалозните предлози на Георгиески?

СДСМ откако дојде на власт образованието во Охрид го допре дното. Со СДСМ и градоначаликот Константин Георгиески нема нови градинки, нема нови училишта. Со ребалансот на буџетот имаме 1.791.500 денари помалку општински средства за основно и 3.500.000 денари помалку за средно образование, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.За капитални инвестиции и реконструкции на основни училишта минус 8.000.000 денари и 3.000.000 денари помалку за средно образование.Со кое лице и зарем ни малку срам многуте советници од мнозинството како просветни работници ги поддржаа скандалозните предлози на Георгиески?Уште една наставна година учениците и наставниците останаа без ветените проекти. За жал реалната ситуација е дека со оваа Локална власт нема да има замена на надворешна столарија во ОУ „Христо Узунов“, во музичкото учлиште „Методи Патче“, ОУ „Св. Наум Охридски“ (Коњско) и ОУ „Кочо Рацин“.Реконструкцијата на подовите ќе почека на подобри времиња за ОУ „Григор Прличев“ и ОУ „Кочо Рацин“ (Горно Лакочереј).Георгиески да одговори зошто дозволи да се скратат средствата за санацијата на тавани и кров во Основните училишта во Горно Лакочереј и во Коњско?Се кратат средства за обезбедување на училиштата и градинките со чуварска служба, а нема средства ниту за наградување на најдобрите наставници.Зошто Георгиески предложи да се скратат средства за реконструкција на подови во Гимназијата и во ЕМУЦ, како и за санација на покривот во Гимназијата?СДСМ и Георгиески кратат милионски суми на деца и нивната безбедност, како и правото на основни услови за работа за образовните институции.За градинки се кратат 16.300.000 денари, средства кои беа ветени за надградба, а сега се намалуваат на само 5.000.000 за санација на објект Централна. Локалната власт предводена од СДСМ и Георгиески е против изградба, реконструкција и уредување на отворени спортски терени и дворни места во основните и средните училишта.Ништо од инвестицискиот бум во образованието лицемерно најавуван пред изборите. Единствено што добија учениците се нови свидетелства со Северна Македонија. Со СДСМ и Георгиески 2019 година ќе биде година на срамот во образованието!Докажаа дека не знаат да определат приоритети, работаат непосветено, неодговорно и недомаќински за доброто на Охрид и охриѓани, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. 

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Молкот на МАНУ за подарувањето на македонската историја на Бугарија е соучество за кое се одговара

За Единствена Македонија и македонскиот народ е крајно симтоматичен молкот на Македонската академија на науките и уметностите на се поагресивните барања на мешовитата македонско-бугарска комисија за ревизија на македонската историја, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Комисијата ја подарува македонската историја на Бугарија со признавањето на Цар Самуил за бугарски цар, дека Св. Климент и Св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква и најново дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, а од страна на МАНУ целосен молк.Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на македонското обезличување. МАНУ мора да ја кажува вистината која базира на историски извори како во однос на потеклото и корените на македонскиот народ така и за татарско-монголското потекло на бугарскиот народ.Во спротивно, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани виталните национални и државни интереси, дотолку повеќе и по речиси 30 години самостојна држава за разлика од соседните држави единствено МАНУ сеуште нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект.Единствена Македонија ја предупредува МАНУ дека по доаѓањето на новата народна власт ќе има одговорност за сите антимакедонски проекти и доколку МАНУ остане соучесник на марионетската власт во Скопје за бришење на се што е македонско, и за академиците одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

IMG_3266

Царовска, Филипче и Адеми во посета на Обединетото Кралство, се разгледуваат идеи за реформите за ран детски развој, образованието и вложувањето во младите

Владата на Република Северна Македонија посветено работи на спроведување на реформи коишто ќе овозможат еднакви можности за секое дете. За таа цел министрите за труд и социјална политика, за здравство и за образование и наука, Мила Царовска, Венко Филипче и Арбер Адеми и преставникот на УНИЦЕФ во Северна Македонија Бенџамин Перкс се на студиска посета на Обединетото Кралство. Дел од владината делегација се и преставници од универзитетите и академската заедница, а посетата е организирана од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Северна Македонија.Министерката Царовска, министерот Адеми и преставникот на УНИЦЕФ Перкс во Бирмингам се сретнаа со Дејвид Иствуд, проректорот на Универзитетот во Бирмингам и директорот на Центарот за карактерно образование при универзитетот Џејмс Артур. На средбата се разговараше за реформите во раниот детски развој и образованието и соработката во тој дел, вложувањето во малдите од најрана возраст и содавање човечки капитал кој ќе придонесува за развојот на државата.„Министерството за труд и социјална политика започна опсежна реформа за подобрување на пристапот до квалитетно предучилишно образование во земјата. Заедно со УНИЦЕФ спроведуваме програма со која децата и воспитувачките веќе ги прават првите чекори во социо-емоционалниот развој.Искуствата на Обединетото Кралство во обезбедување интегрирани сервиси за поддршка на секое дете и секое семејство ќе ни помогне во обезбедување еднаков старт во животот за секое дете. Како Влада, веќе ја спроведуваме социјалната реформа. Со оваа реформа даваме повеќе пари на семејствата и додатоци за децата, но истите ќе треба да ги пуштаат своите деца редовно во училиште бидејќи образованието е многу важно во создавањето на квалитетен човечки капитал којшто за секоја држава значи силен економски раст“, рече Царовска.Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека искуствата од образовните системии покажуваат дека реформите кои ги спроведуваме со имплементирање на препораките од Извештајот на ОЕЦД во основното образование се одлична работа која ја правиме периодот. Сепак образованието повеќе нема третман на потрошувач, туку третман на основен столб за развојот на општеството.„Оваа студиска посета дојде во значен момент за Министерството за образование и наука и за мене како министер, бидејќи изминатиот период активно работиме на реформите во основното образование низ еден инклузивен процес со вклученост на сите засегнати страни и чинители со добра волја, одговорност и желба за придонес заедно со УНИЦЕФ. Кариерниот и професионален развој на наставниците, реформата на приправничкиот испит, надворешната евалуација, инклузија и внесување на сите деца во образование, развој на националните стандарди, коишто понатаму се основа за менување и развој на нови наставни програми и создавање на кохерентен образовен систем се неколкуте работи кои треба да придонесат за подобро образование за секое дете“, рече Адеми.Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со преставници од Националните здравствени услуги и разговараше за реформите во здравството.„Студиската посета е одлична можност за унапредување на меѓусекторската соработка и размена на искуства од веќе воспоставени програми во Обединетото Кралство за унапредување на здравјето и развојот на децата.  Искуствата од Обединетото Кралство покажуваат дека со препознавање на несаканите искуства во детската возраст и нивна превенција се создаваат здрави индивидуи кои што можат да го спречат интер-генерацискиот пренос на насилство и сите последици кое тоа ги предизвикува по здравјето и благосостојбата на децата“, рече Филипче.Посетатата беше искористена и за повеќе средби со централните и локалните власти во Глазгов и Единбург, Комесарот за детски права - искуства во делот на обезбедување заеднички здрвствено социјални услуги за поддршка на семејствата во ризик, превенција и рана идентификација на насилството врз децата.

Македонија | пред 6 години

minare-ohrid-alipasina-dzamija-2

Турската амбасадорка Карапри: Сон на претседателот Ердоган беше реконструкцијата на Алипашината џамија - тој ќе дојде на отворањето

Турската амбасадорка Тулин Еркал Карапри, денеска ја посети Али пашината џамија во охридската чаршија. Таа кажа дека реконструкцијата на овој верски објект бил сон на турскиот претседател реџеп Таип Ердоган. Токму поради тоа, Ердоган лично ќе присуствувал на свеченото отворање на реконстриураната џамија.Се работи на усогласување на термин кој одговара на сите претседателот Ердоган заедно со македонскиот државен врв да присуствува на свеченото отворање на реконструираната џамија во Охрида, истакна амбасадорката Тулин Еркал Карапри.Знаеме дека за реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид имаше протокол потпишан од двете земји. Иако имаше одредени ситни забелешки, мислам дека реконструкцијата е направена максимално верна на оригиналот. Имам информација дека тука имало одредени реакции во јавноста поврзани со изградбата на џамијата, но се потрудивме да се придржуваме до проектот предвиден со протоколот, додаде Еркал Кара.Амбасадорката додаде дека генералното муфивство на Турција преку „ТИКА“, која ја финансира и реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид,  има реконструирано над 1000 верски објекти во Македонија. 

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Случајот со антиалбанскиот расизам кон Езџан Алиовски во Прилеп, маневри на длабоко вграден шовинизам во општеството на РСМ

Деновиве кога е јасно дека немаме датум за отпочнување преговори со ЕУ и кога е јасно дека причината е неспроведувањето на реформите од страна на актуелната влада, се случи уште еден скандал и како и обично никој не презема одговорност како најдемократски и морален чин во нормална држава.Конкретно, станува збор за случајот со светски познатиот фудбалер, македонскиот репрезентативец, Езџан Алиовски, кој што беше сведок на расистички феномен, во еден ресторан во Прилеп, каде што со своите родители бил на ручек, при што на нечовечки начин од персоналот побарале да го напушти ресторанот затоа што разговарал со своите родители на мајчин јазик - албански.  Во Македонија се случувале вакви феномени дури и во главниот град, но, требаше тоа да му се случи на јавна личност, која дал огромен придонес за резултатите што Македонија ги постигна во последните две години, заедно со сите други Албанци во фудбалската репрезентација на Северна Македонија, за да се сензибилизира јавноста.Несомнено, Алијансата за Албанците ги поздравува индивидуалните реакции на многу јавни личности кои го осудуваат овој расистички чин, но нашата загриженост лежи во фактот дека никој надлежен во оваа држава, не се занимава со овие проблеми и не ги осудува. Пред неколку дена главното скандирање на навивачите при прославата на победата на Вардар во финалето на лигата на шампионите во ракомет, беше токму пцуењето Албанци а вчера,  фудбалскиот репрезентативец Алиоски беше истеран од ресторан зошто зборувал албански, додека надлежните институции молчат.Од една страна слушаме убави зборови со кои се даваат ветувања и се примамуваат Албанците, а ништо од тоа не се остварува, а од друга страна сега кога еклатантно се демаскира слоганот "Едно општество за сите" и кога треба да се излезе во одбрана на достоинство на Албанците, институциите молчат.  Срамота за државава. 

Македонија | пред 6 години

lorenco

Ал Џезира: Македонија на добар пат кон ЕУ, Албанија заостанува

Северна Македонија ќе ја добие поддршката на земјите членки на ЕУ за почеток на преговорите кон крајот на оваа година, тврдат неименувани дипломати за повеќе медиуми, пренесува Ал Џезира.Но, тоа не може да се каже за Албанија која заостанува и за која негативно се изјаснуваат Германија, Франција и Холандија.Згора на тоа, Холандија веќе покрена институционална постапка за враќање на визите за Албанците.Настојувањето на дипломатите е Македонија да добие датум за преговори во септември и да се раздвои од пакетот со Албанија.,,Македонија направи историски чекор со промена на името и тоа ќе биде соодветно вреднувано“, изјавил неименуваат дипломат, пренесува Ал Џезира.

Македонија | пред 6 години

krstevka

Доколку свештеници од СПЦ бараат награда за венчавка, погреб, крштевка може да ја изгубат службата, кај нас пак има ценовник за секоја услуга

Од минатата година Доколку свештениците на СПЦ бараат награда за венчавка, погреб, крштевка или осветување на вода, може да добијат опомена, укор, преместување во друга парохија, а во најлош случај и да ја изгубат службата. Вака одлучи Српската православна црква уште минатата година и оваа одлука се почитува во целост.Додека во СПЦ свештениците го почитуваат правилото, кај нас нештата се многу поразлични. Во Македонската православна црква постои  ценовник за секоја услуга.Граѓаните се најреволтирани за цената за погреб и задушница. Тие велат дека можат да разберат до некаде да се плаќа за венчавка или крштевка, но за погреб е малку чудно. Затоа што ова е чин кој мора да се изведи без разлика дали семејството има пари или не.

Македонија | пред 6 години

volk-sibir

Глава на волк стара 40.000 години пронајдена во Сибир

Руски научници во реон на вечен мраз во Сибир пронајдоа совршено зачувана глава на волк, што живел во периодот на леденото доба.Главниот истражувач на локалниот огранок на Руската академија на науките во Јакутск, Валери Плотников изјави дека волкот угинал пред околу 40.000 години.Станува збор за животно од древен подвид на волци, што живееле во исто време со мамутите и изумреле во приближно ист период.Посебно значење на ова откритие е тоа што првпат е пронајдена глава на волк со ткиво и крзно и со зачувани уши, јазик и мозок.Научниците проценуваат дека станува збор за возрасен волк, кој бил за околу 25 отсто поголем од денешните просечни волци.извор МИА

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања