Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

ilir-960x640

ИЛИР МЕТА: Јас и припаѓам на Републиката

Претседателот е избран од парламент, секако не како овој, туку од целосно легитимен парламент. Претседателот и припаѓа на Републиката, а Републиката на албанските граѓани, изјави Мета.На функцијата шеф на албанската држава со петгодишен мандат Мета беше избран од претходниот состав на парламентот, на крајот од април 2017 година, а на функцијата стапи во јуни.Тој најави дека набрзо ќе донесе одлука за нов датум за одржување на локалните избори, откако претходно ја поништи уредбата за распишување на изборите за 30 јуни.Според него, секој кој не ја почитува уредбата за одлагање на изборите и наштетува на Албанија.– Се до новиот датум, уредбата за одлагање на изборите е во сила и таа треба да се почитува и спроведува. Кој посакува да чекори по патот на незаконитоста, тоа е негово право, но едно треба да знаат дека на тој начин го провоцираат социјалниот мир и демократската стабилност во земјата, посочи Мета.Тој, при тоа ги, повика на консултации премиерот и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша.izvor denesen.mk

Свет | пред 6 години

vucic-1-1024x683

Вучиќ го моли Трамп да ја смени политиката кон Косово

Како што знаете, г-дин Претседател, преку проблемот на Косово и Метохија се преплетуваат правата и интересите не само на Белград и Приштина, туку и на различни меѓународни актери, со што тоа станува извор на бескрајни политички манипулации и нестабилност, напиша Вучиќ во писмото објавено од неговата прес служба.Тој нагласи дека „на никој не му е толку важно да се дојде до решение за тој тежок товар ,колку на Србија“.– Јас знам, како и сите граѓани на Србија, дека САД имаат посебен однос кон Косово и Метохија, сметајќи го за независна држава, која секогаш ја поддржуваа и помагаа, особено преку дејствувањето на поранешната администрација на претседателот Бил Клинтон. Следејќи ја вашата енергична работа, почитувајќи ја храброста на идеи и отвореноста кон различен, понекогаш неочекуван пристап кон решавање на проблемите, јас сум убеден дека Вие би воделе поинаква политика за ова прашање. Затоа сакам да Ве замолам да влијаете на Приштина да ги укине штетните такси на стоки произведени во централна Србија, со цел дијалогот за изнаоѓање на компромисно, взаемно прифатливо решение, да продолжи, напиша Вучиќ во писмото до Трамп.– Во обид да ги вратам односите на Србија и САД на ниво на вистинско партнерство, какви беа и какви треба да бидат, јас сум охрабрен од фактот дека обрнувате внимание на настаните на Балканот и дека неколкупати ја искажавте подготвеноста да помогнете во дијалогот меѓу Белград и Приштина, а со тоа решавајќи го вековниот проблем на Косово и Метохија. Посакувајќи да го прославите роденденот во мир, со срдечни и искрени честитки, примете ја екселенцијо, мојата посебна почит, се наведува во честитката на Вучиќ до Доналд Трамп.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Драма пред затворот во Шутка – приведена жена

Како што информираат од полицијата жената се дерела пред портите на затворот и уаптувала закани до директорот Есад Рахиќ.Таа веднаш била приведена и однесена во полициска станица за понатамошна постапка, случајот се расчистува, а од МВР се уште не информираат која била причината што жената се однесувала така пред затворот во Шутка.Есад Рахиќ инаку е новиот директор на затворот во Шутка тој дојде на Ѓоко Котевски, е роден во Скопје, а по професија е дипломиран правник.Својата политичка кариера ја започнува како член на СДСМ, а пратеник во Собранието е од 2002 до 2006 година, каде што подоцна беше исклучен од партијата, а веќе во вториот пратенички мандат од 2006 до 2008 делува како независен пратеник.повеќе на magazin.mk

Скопје | пред 6 години

jZCT9-kina-rusenje-most

За неколку секунди се сруши мост, автомобилите паднаа во реката

Полицијата од градот Хејуан соопшти дека во утринските часови се срушил дел од сообраќајницата на мостот со должина од 120 метри. Спасувачките служби спасиле 44-годишен маж, а две лица се водат како исчезнати.На снимките направени од безбедносните камери може да се види како со голема брзина се руши мостот на реката Донгџијанг во провинцијата Гуангдонг. Како што пренесуваат кинеските медиуми, денес веднаш била отворена истрага која треба да ги открие причините кои довеле до несреќата. [embed]https://twitter.com/i/status/1139425688010686465[/embed]

Свет | пред 6 години

20190520073438

(ВИДЕО) Невреме во Крива Паланка со врнежи од дожд и град со големина на орев

Невреме со обилни врнежи од дожд и град со големина на орев ја зафати попладнево Крива Паланка.Кривопаланчани стравуваат дека невремето ќе ги уништи и земјоделските култури, но и овошките. 

Македонија | пред 6 години

popis

Започна пробниот попис, власта и опозицијата со спротивни ставови

Започна пробниот попис на населението, становите и домаќинствата во 13 општини во земјава, меѓу кои се по два пописни круга во Прилеп и во Општина Долнени. Власта и опозицијата сѐ уште не го усогласија предлог законот за попис.Пробниот попис започна без усогласен закон меѓу власта и опозицијата.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека предложениот закон е спорен и дека истиот тој е производ на договор меѓу СДСМ и ДУИ. Бараат и со нив да бидат извршени консултации. Директорот на заводот за статистика уверува дека пописот ќе се спроведе во согласност со европските стандарди.Во пописот неможе да бидат попишани лица кои немаат државјанство.Пилот проектот за попишување ќе се спроведе во 32 пописни кругови  и тоа во Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Прилеп, Долнени, Струга, Кичево и Валандово. А пописот на населението, домаќинствата и становите треба да се реализира во април  2020 година.Македонските граѓани последен пат се попишале во 2002 година. Обид за попис имаше и во 2011та но поради серија проблеми оваа операција не се реализира.

Македонија | пред 6 години

Grabez-pistol

Ограбена пошта во Битола

На 13.06.2019 година околу 14.00 часот во СВР Битола било пријавено дека непознат сторител извршил разбојништво во пошта на ул.„Македонска Фаланга“ во Битола. Според пријавеното, сторителот со закана од касата одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

pretepal-do-smrt

Физички напaднати скопјани, но и сопружници во друг случај

На 13.06.2019 во 06 часот во Полициската станица Центар, Е.М.(22) од Скопје пријавил дека на крстосницата помеѓу бул.„Илинден“ и ул.„Франклин Рузвелт“ бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.На 13.06.2019 година во 00.33 часот во Полициската станица Кисела Вода, Д.С.Д.(33) од Скопје пријавила дека околу 00.30 часот во угостителски објект на бул.„Борис Трајковски“ таа и нејзиниот сопруг Б.Д.(32) од Скопје биле физички нападнати од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.На 13.06.2019 околу 21 ч. полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ш.A.(17) од Скопје поради тоа што пред угостителски објект на ул.„Бајрам Шабани“,со остар предмет му нанел повреда на Ш.J.(20) од Скопје. Ш.Ј. бил пренесен во Градската општа болнциа „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош. Ш.A. е задржан во Полициската станица Бит Пазар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Скопје | пред 6 години

policija-3

Со остар предмет повредил Тетовец, а при приведување нападнал и полициски службеник

На 13.06.2019 околу 22 часот во Тетово полициски службеници го привеле Е.А.(31) од Тетово поради тоа што околу 20.20 часот на ул.„Кавкаска“, по претходна расправија, Е.А. со остар предмет му нанел повреди на Р.А.(28) од Тетово. РА. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза “ во Скопје за укажување на помош. При приведувањето Е.А., дал отпор и физички нападнал полициски службеник. Е.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – Тетово, еден од учесниците избегал, другиот пренесен во болница

На 13.06.2019 година во 14.30 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, во атарот на с.Арнакија, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд ескорт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(48) од с.Арнакија и патничко возило „Опел Астра“кое го напуштило местото на настанот. Во незгодата со повреди се здобил С.Р. и бил пренесен во Градскат општа болница „8-ми Септември“ за укажување помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Автомобил излетал од патот, сопатничка со тешки телесни повреди пренесена во болница

На 13.06.2019 година околу 18.15 часот на автопатот Велес – Скопје, на место викано „Пуста Кула“, Д.У.(40) од Велес, управувајќи патничко возило „Фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.М. – сопатничка во возилото и била пренесена во болницата во Велес каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 6 години

kucinja-skitnici

Нови пријави за каснување од кучиња скитници

На 13.06.2019 година во 13.00 часот во Полициската станица Карпош, Х.Ј.(35) од Пробиштип пријавила дека на бул.„Партизански Одреди“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.На 13.06.2019 година во 15.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Х.С.(26) од Скопје пријавил дека на ул.„516“ во населба Керамидница бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Паднал од покрив на куќа во изградба, пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“

На 13.06.2019 година во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 19.54 часот со возило на Итна медицинска помош во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Н.А.(56) од Скопје. Според пријавеното, Н.А. со повредите се здобил при пад од покрив на куќа во изградба во Скопје на ул.„Александар Турунџев“. Се работи н расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

registracija

Општините Демир Хисар и Крушево добија сопствени регистарски ознаки (DH) и (KS)

Министерството за внатрешни работи излезе во пресрет на граѓаните на општина Демир Хисар и општина  Крушево и го одобри барањето за добивање  на сопствени регистарски ознаки на возилата. Донесена е одлука за изменување на правилникот за регистрационите подрачја за возилата и нивни ознаки кој е објавен во Сл. весник на Република Северна Македонија бр. 116 од 07.06.2019 година и стапува во сила осмиот ден од  денот на објавувањето. За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е DH, а за регистарското подрачје Крушево ознаката  на регистарските таблици е KS.

Македонија | пред 6 години

20190614_144002

Два автомобила излетаа од автопатот Тетово – Скопје

Два автомобила, марка „бмв“ денеска излетаа од патот Тетово – Скопје и се најдоа во ендекот покрај коловозот, објави АлсатМ.Причината за несреќата сѐ уште се истражува, но за среќа нема жртви и потешко повредени лица.извор kurir.mk

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Заев пак излажа од Берлин за датум за преговори, вистината е дека се троши неговата употребна вредност кај странските газди

Веќе стана практика марионета Зоран Заев, а отвори уста да излаже. Така беше и по вчерашната средба со Анѓела Меркел по која Заев бомбастично изјави дека Македонија добива датум за преговори со ЕУ во септември.Но, по неколку часови Заев доби силен шамар од Меркел со објавувањето на официјалното соопштение од германската влада во кое никаде не стои зборот „септември„ како датум за преговори. Во соопштението беше кажана само болната вистина дека Северна Македонија го испорачала очекуваното на кое Берлин гледа позитивно, а кое останува длабоко трауматично за македонската национална свест оти марионетата Заев ја фрли Македонија на коленанаспроти референдумската народна воља против бришење на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Зоран Заев и неговите политики на домашен и меѓународен план, се поразени. Станува јасно дека се троши употребната вредност на марионетата Заев кај неговите странски газди и прашање на време е кога Заев ќе биде фрлен на буништето на историјата.Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите и затоа единствено решение се предвремени избори со што Заев добива шанса за некакво достоинствено заминување од политиката преку пораз на изборите.Се разбира, за предавството на македонските национални и државни интереси, одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

cavisoglu

Турција го отфрли ултиматумот, ќе продолжи со купување руски ракети

Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу изјави дека Анкара ќе преземе мерки доколку САД воведат санкции против земјата поради набавката на рускиот одбранбен ракетен систем С-400.Чавушоглу нагласи дека Турција нема да отстапи од своите планови во вооружување, додавајќи дека во оваа фаза е невозможно земјата да ја откаже нарачката на системите С-400. 

Свет | пред 6 години

brendon

Терористот од Крајстчрч ладнокрвно уби 51 лице, а во судницата им се смееше на семејствата на жртвите

Австралиецот Брентон Тарант, кој е обвинет за убиство на 51 лице при нападите врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч во март годинава, денеска пред Судот се изјасни за невин по сите точки од обвинителниот акт.Абдул Азиз, човекот кој храбро му се спротиставил на убиецот за време на маскрот во џамијата, жестоко се обрати кон Терант кој во судот се смешкаше додека роднините на жртвите со ужас го гледаа напаѓачот.Преживеаните од масакрот плачеа додека Терант по ред ги отфрлаше обвиненијата за убиство, убиство со предумисла и тероризам.Судењето на Терант е прво од ваков вид во Нов Зеланд и се смета дека може да се развие во сложен судски процес. 

Свет | пред 6 години

praski

(ВИДЕО) Земјоделците од Росоман бесни, дрвата со праски ги сечат, а плодовите ги фрлаат

На социјланта мрежа  „Фејсбук“ се појавија видеа од револтирани земјоделци од Росоман. На едно се гледа како земјоделец ги сече праските во Росоман, револтиран од откупната цена на истите.„Го уништија земјоделството скроз, во Росоман и околните населени места состојбата со праските не е толку лоша, понижувачка е. Мислам дека ова е крајно решение“, пишува под видеото.https://www.facebook.com/bosko.todorov.1/videos/10206074598581915/Други земјоделци пак ги фрлаа праските. Тие се исто така револтирани и гневни на владата поради како што викаат лошите услови.https://www.facebook.com/rosomandenes/videos/1314334318714381/?v=1314334318714381

Македонија | пред 6 години

coki-pula

Посебен режим на сообраќај поради концертот на Здравко Чолиќ

На 15.06.2019 година (сабота) со почеток во 20:00 часот на стадионот „Тодор Проески“ ќе се одржи концерт на пејачот Здравко Чолиќ. Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 18:00 до 23:00 часот со периодично пренасочување на сообраќајот на бул.„Илинден“, ул.„Аминта 3-ти“ и ул.„Наум Наумовски Борче“. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 6 години

IMG_3157

Петти меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“ во Долно Лисиче

Претседателката на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска, денеска оствари средба со дел од учесниците на меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, што се одржува од 13 до 17 јуни во Долно Лисиче.Цветковска на учесниците им посака пријатен престој во нашата Општина и успешни настапи на фестивалот. Петтиот по ред фолклорен фестивал свечено ќе биде отворен вечерва во 19:00 часот, а во текот на трите фестивалски вечери публиката ќе може да ги проследи настапите на над 500 учесници од игроорни друштва од повеќе земји од регионот. Покрај домаќините, ќе се претстават и игроорци од Косово, Србија, Словачка, Полска, Бугарија и Црна Гора.Организатор на фестивалот е културно-уметничкото друштво „Гоце Маркоски“ од Долно Лисиче, а Општина Аеродром и Град Скопје се покровители на манифестацијата.  

Скопје | пред 6 години

rama

(ВИДЕО) Нападнатo возилото на Еди Рама: Полицијата едвај ги сопре гневните демонстранти

Демонстрантите го нападнаа со камења конвојот со кој се пренесуваше албанскиот премиер Еди Рама во Либразжд. Полицијата имаше потешкотии да ја сочува толпата од запирање на конвојот на Рама.  Премиерот Рама избегна посериозен инцидент кога колоната возила, меѓу кои беше и неговото, со камења беше нападната од толпа граѓани. Инцидентот се случи во градот Либражд, во непосредна близина на македонската граница, а возачот на Рама успеал да се извлече користејќи споредни патчиња.

Свет | пред 6 години

zaev-gruevski

Заев: Груевски побегнал криејќи се во багажник од автомобил

Во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, премиерот Зоран Заев тврди дека Никола Груевски избегал од земјава сокриен во багажникот на автомобил.Заев тврди дека ја знае траекторијата на движењето на поранешниот премиер во клучните часови на бегството од земјата.„Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија веднаш по минувањето на границата, го чекало унгарско дипломатско возило“, изјави премиерот.Ова е прв пат носител на висока политичка функција во земјата да проговори за бегството на Груевски, со оглед на тоа што од обвинителството досега никој не кажал ништо за тоа како пребега Груевски.Официјално, засега енигма како Груевски пребега од земјава.

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Честитки од светските државници по повод изборот на претседателот на Стево Пендаровски

По повод изборот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, писма со честитки испратија голем број светски државници и меѓународни организации. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во писмото со честитки до претседателот Пендаровски, пишува дека денес, нашите две нации се поблиски од кога било претходно. „САД силно ја поддржува Северна Македонија, која го зазема своето заслужено место во западните институции и особено се надева дека ќе ја поздрави Северна Македонија наскоро како наш 30-ти сојузник во НАТО. Историскиот Договор од Преспа претставува смел и храбар пример со кој се зајакна безбедноста и просперитетот за народот на Северна Македонија и целиот регион. Заложбите на Вашата земја за демократски начела, владеење на правото, отчетност на владата и борба против корупцијата се за поздравување. Се надевам на продлабочување на пријателството и соработката во иднината“, пишува во честитката од претседателот Трамп до претседателот Пендаровски. Во писмото упатено од претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, се посочуваат традиционално пријателските односи меѓу двете земји. „Посветувам големо внимание на односите меѓу Кина и Северна Македонија и изразувам подготвеност за соработка со Вас, со цел развој на заедничките политики и стратегии и продлабочување на заедничката соработка и подигнување на нашите билатерални односи на ново ниво“, пишува кинескиот претседател во честитката до претседателот Пендаровски. Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, посака успех на претседателот Пендаровски во вршењето на одговорната функција, добро здравје и благосостојба. „Односите меѓу Руската Федерација и Република Северна Македонија се темелат на добрите традиции на културна и духовна блискост. Убеден сум дека конструктивното унапредување на нашите односи би им одговарало на народите на нашите две земји и на цела Европа“, пишува претседателот Путин. Писмо со искрени честитки по повод стапувањето на должноста на претседателот Пендаровски упати Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабета  II. „Најдобри желби до Вас и народот на Северна Македонија со очекување да продолжат одличните односи меѓу двете земји“, стои во писмото од Кралицата Елизабета II. Во писмото упатено од претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, се потенцира: „Со Вас највисоката државна функција ја презема одлучен поддржувач на евроатлантската интеграција на Република Северна Македонија. Германија се залага за тоа Вашата земја да продолжи со суштинските реформи и решително и понатаму да чекори по својот пат кон ЕУ“. Вие ја преземате функцијата во момент што е значаен за Вашата земја, пишува Штајнмајер. „Со Договорот од Преспа, Северна Македонија и Грција покажаа дека и покрај големиот отпор, преку дијалог и со храброст може да се решат и привидно безизлезните спорови“, стои во писмото од германскиот претседател. Писмо со честитка упати претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. „Вашите заложби за градење на правната држава, за членството на Вашата земја во НАТО и за нејзината европска перспектива, но и Договорот од Преспа, го убедија мнозинството гласачи. Договорот од Преспа е пример за регионално помирување, кое придонесува за стабилноста на Западен Балкан и на Европа во целина“. Францускиот претседател во писмото порачува дека Северна Македонија може да смета на конкретна поддршка од Франција за спроведување на своите реформи. „Нашите две земји имаат изградено врски на доверба за одбрана на нашите заеднички вредности, особено во борбата против тероризмот“, пишува претседателот Макрон, посакувајќи му на претседателот Пендаровски успех во вршењето на одговорната функција. Во писмото испратено од претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, се изразува увереност дека Република Северна Македонија ќе постигне дополнителен и конкретен напредок, со цел побрза интеграција во ЕУ. „Италија ги поддржува реформите на Вашата земја во европската и евроатлантската интеграција и ќе продолжи да ја поддржува конструктивноста на Скопје за плодна регионална соработка“, пишува претседателот Матарела. Претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда во честитката ја потврдува поддршката за Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија. „Би сакал да изразам воодушевување од реформите спроведени во Република Северна Македонија, како и надеж дека оваа година ќе отпочнат преговори за пристапување кон Европската унија“, стои во честитката од полскиот претседател. Унгарскиот претседател, Јанош Адер, во честитката до претседателот Пендаровски посочува дека Република Северна Македонија е достоен пример за целиот регион, со решавањето на односите со соседите и започнување на реформските процеси што се основа на преговорите за пристапување во ЕУ. Во честитката од Сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, се вели дека ова е многу важен период во историјата на нашата нација. Австрискиот претседател е убеден дека претседателот Пендаровски силно ќе придонесе за единството на граѓаните на Северна Македонија, без оглед на нивната етничка припадност, пишува во честитката. Во писмото упатено од претседателот на Романија, Клаус Вернер Јоханис, се реафирмира поддршката од Романија за отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Писмо со честитка упати претседателот на Чешката Република, Милош Земан. „Ме радува што Вашата земја успеа да стави крај на долгогодишниот спор со соседна Грција и цврсто верувам дека со новото име на државата доаѓа и ера на нови можности“, пишува чешкиот претседател Земан. Претседателот на Словачката Република, Андреј Киска, изразува убедување дека под раководство на претседателот Пендаровски, Република Северна Македонија успешно ќе го заврши процесот на интеграција во НАТО и ќе постигне значителни успеси во интеграцијата во ЕУ. Писма со честитки за изборот на претседателот Пендаровски и поддршка на членството на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО, упатија и претседателите на Естонија и на Литванија. „Не се сомневам дека членството на Вашата земја во НАТО и натамошно зајакнување на односите со ЕУ ќе отворат нови можности за соработка меѓу нашите земји“, стои во писмото од претседателката на Литванија, Далиа Грубаискаите. Претседателот на Естонија, Керсти Калјулаид, изразува убедување дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и посакува успех на патот на европските интеграции. Во писмото упатено од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, стои: „Наша најискрена желба е односите со Северна Македонија, која ја гледаме како клучна за иднината и стабилноста на Балканот, цврсто да ги придвижиме кон иднината. Во овие рамки ќе продолжиме да Ви бидеме најблизок поддржувач во процесот на интеграција во евроатлантските институции“, пишува претседателот Ердоган во писмото до претседателот Пендаровски. Во писмото упатено од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг се изразува благодарност за заложбите на претседателот Пендаровски за евроатлантските интеграции на Северна Македонија. „Вашата работа како Национален координатор за подготвување на Северна Македонија за членство во НАТО, беше инструментално за успешно завршување на процесот на пристапните преговори и потпишување на Протоколот за пристапување оваа година“, пишува Столтенберг.  Генералниот секретар очекува да продолжи соработката со цел остварување на реформскиот процес во Северна Македонија, посочувајќи дека безбедноста, одбраната и владеењето на правото се клучните сектори за реформирање. „Присоединувањето на Северна Македонија во Алијансата ќе придонесе за стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан“, стои во честитката. Во име на Европската унија, писмо со честитки за изборот на претседателот Пендаровски, упатија претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. „Европската унија смета дека Договорот од Преспа е извонредно политичко достигнување и круцијален чекор на вашиот пат кон ЕУ. Договорот претставува пример за помирување и за останатите во регионот и пошироко“, стои во писмото од Туск и Јункер, изразувајќи целосна поддршка на напорите на Северна Македонија во интеграциските процеси и спроведување на реформите. Писмо со честитка до претседателот Пендаровски упати и претседателот на Република Грција, Прокопис Павлопулос. „Преспанскиот договор отвори нова ера во односите меѓу нашите две соседни држави, и испрати многу потребна и многу позитивна порака, за помирување и соработка на Балканот. Убеден сум дека ќе се согласите со мене дека примената, почитувањето на историската вистина, како и писмото и духот на Договорот од Преспа, суштински ќе придонесат во зајакнувањето и продлабочувањето на нашата сеопфатна билатерална соработка во сите области од заеднички интерес, како и за натамошно зајакнување на стабилноста, безбедноста и напредокот во Југоисточна Европа. Оттука, ја користам оваа прилика, господине претседател, да ја повторам силната поддршка на мојата земја за процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија“, пишува претседателот Павлопулос. Честитки по повод изборот на претседателот Пендаровски упатија и другите соседни држави на Република Северна Македонија, како и претседателите од Регионот. Честитки пристигнаа од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, од претседателот на Република Албанија, Илир Мета, од претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, како и од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, од претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик, од претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и од претседателот на Република Словенија, Борут Пахор. Писма со честитки до претседателот Пендаровски упатија и Императорот на Јапонија, Кралот на Шведска, Кралот на Холандија, Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Кралот на Мароко, Кралот на Саудиска Арабија, Емирот на Државата Катар, Емирот на Кувајт, Султанот на Оман, апостолскиот нунциј на Светот Престол,  Генералниот Гувернер на Австралија, претседателот на Федеративна Република Бразил, претседателот на Арапската Република Египет, претседателот на Република Тунис, претседателот на Република Куба, претседателот на Република Ерменија, претседателот на Виетнам, претседателот на Грузија, претседателот на Белорусија, претседателот на Узбекистан, претседателот на Република Замбија, Големиот Господар на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Маж и малолетно девојче каснати од кучиња скитници

На 13.06.2019 година во 16.15 часот во Полициската станица Центар, А.О.(32) од Скопје пријавила дека на плоштад Македонија била касната од куче скитник во пределот на десната нога.На 13.06.2019 година во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром, Т.З.(43) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник на десната потколеница.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања