Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

koloni-za-grcija

Продолжен викенд, колони возила чекаат за влез во Грција

На граничниот премин „Богородица“колони возила, чекаат за влез во Грција. Се чека околу 30-40 минути. Денеска е неработен ден, а тоа значи продолжен викенд за многумина, а во ек се и летните одмори. 

Македонија | пред 6 години

zadusnica

Задушница е молитвено застапништво за починатите, а не во тоа колку количество храна ќе се раздаде на гробиштата

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден е Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.„Молитвата и милосрдните дела се најпотребното за спасение на душите на покојниците но и за нашите души. И само еден гладен да нахраниме, сме направиле повеќе отколку сите формални процедури и обичаи да ги извршиме и најбогатите трпези на светот да ги поставиме врз гробот, за да јадат само оние кои се веќе најадени и не страдаат од глад“, пишува „Покајание.мк“.Во земјава има и чудни овичаи и адети поврзани со овој ден.Според обичајот, во одредени краишта од земјава  уште в сабота навечер се оди гробиштата, за да преноќат, а другиот ден ќе делат и ќе оставаат храна на гробовите. На тој начин сметаат дека им оддале почит на починатите. Теолозите, пак, нагласуваат дека овие наследени адети меѓу луѓето се пренесуваат со генерации и претставуваат суеверие.Свештениците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија веќе неколку години апелираат верниците да ги напуштат овие обичаи и да му се посветат на христијанскиот начин на одбележување на задушница и Духовден. Велат дека верниците треба да ги слушаат свештениците, кои изминатите години постојано зборуваат дека задушницата се состои во молитвено застапништво за починатите, а не во тоа колку количество храна ќе се раздаде на гробиштата.Духовден, пак, се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Според православната црква, постојат три задушници. Првата во годината е пролетната задушница, која се поврзува со почетокот на велигденски пост, односно саботата пред почетокот на постот. Потоа, следува духовденската задушница, која се одбележува во саботата пред празникот Духовден, односно на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. На крајот од годината следува митровденската задушница, пред празникот Митровден. 

Македонија | пред 6 години

kamiondzija

(ФОТО) Камионџија во чорап сакал да пренесе 25 000 евра

Српските цариници при претрес кај возач на камион на граничниот премин Ватин откриле 25 000 евра кои тој сакал нелегално да ги пренесе во неговиот чорап. Тој им рекол дека нема ништо да пријави и дека со него носи 8 000 евра.Прекршокот бил сторен вчера, околу 21 часот, кога на контролниот пункт пристигнал камион со регистрација на Нови Пазар, зад чиј волан се наоѓал 61-годишен српски државјанин од Краљево, кој се упатил кон Романија за товарење стока.Во џеб од пантолоните, кои ги носел, биле пронајдени 10.000 евра, износ дозволен за поминување преку границата без пријавување, но во левиот чорап ставил кеса со 25.000 евра, кои немал намера да ги пријави.

Свет | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Вистинските економски политики забележани од светот, највисок раст на странските инвестиции за 260 отсто

Вистинските економски политики кои ги води Владата предводена од СДСМ и напредокот кон ЕУ и НАТО се препознаени и забележани од светот, се вели во соопштението од СДСМ.„Извештајот за инвестициите во светот 2019“ на Конференцијата на Обединетените нации за трговија и развој јасно констатира дека Република Северна Македонија минатата година имала убедливо највисок раст на странски инвестиции во споредба со сите земји од Западен Балкан. За само една година, стои во Извештајот во Република Северна Македонија странските директни инвестиции пораснале за 260 отсто!Од 205 милиони во 2017 на 737 милиони долари во 2018 година.Покрај растот на економијата, на БДП од 4.1 процент, намалувањето на невработеноста на историски најниски 17.8% извештајот на Конференцијата на ОН е уште еден показател дека економијата е конкурентна и се движи во добар правец. Извесното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, дополнително ќе допринесат позитивниот тренд на економски раст да продолжи со зголемен интензитет, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

DSC_5800

Османи, Шеќеринска Димитров едногласни: Нема дилема во ЕУ - Северна Македонија е подготвена за старт на преговорите

Замениците на претседателот на Владата,Бујар Османи и Радмила Шекеринска, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, беа дел од емисијата „Патот кон“, на Алсат-М телевизија, како дел од пошироката јавна презентација на работата на владата во изминативе две години.„Канцеларката Меркел го потврди ставот кој веќе претходно го пренесоа и Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, но и Високата претставничка на ЕУ,  Могерини, Еврокомесарот за проширување Хан, известувачот Вајгел итн., сите го потврдуваат ставот дека Република Северна Македонија претставува светла точка на Балканот, пример за тоа како се градат односите со соседите, пример за тоа како се затвораат и внатрешните прашања, како се негуваат стабилни меѓуетнички односи, но и пример за тоа како се испорачува реформски напредок. Според тоа, ставот кој сите го повторуваат е дека земјава ги испорача обврските и поради тоа ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година“, истакна Османи, посочувајќи дека денес добиле цврсто уверување од страна на Канцеларката Меркел дека германскиот Бундестаг ќе го разгледа извештајот на Европската Комисија на сесијата во септември и ќе ѝ обезбеди зелено светло на Владата да ја поддржи препораката на Комисијата за старт на преговорите со Република Северна Македонија.Во слична насока реферираше и министерот Димитров, посочувајќи на кредибилност на ЕУ во своите најави.„Не постои земја, државник, Министер за надворешни работи кој не го поздравува Договорот од Преспа, но и очигледниот напредок на земјава на сите полиња, и со оглед на содржината на Извештајот на Европската Комисија, Европската Унија и практично се наоѓа во ситуација да си го одржи својот збор за старт на преговорите со Република Северна Македонија“, истакна Димитров.Во продолжение Шекеринска потенцираше дека земјава не направи ниту една грешка, и не остави ниту еден аргумент на скептиците.„Треба да се гордееме што за отворањето преговори со РСМ има консензус, ниту еден европски политичар не најде оправдување за одлагање на преговорите со РСМ. Тоа е првата порака од Меркел и германските пратеници кои ни беа во посета“, истакна Шекеринска, посочувајќи дека слична скептична атмосфера имало и пред добивањето на поканата за НАТО а сега веќе имаме брз процес на ратификација - завршен во 17 земји членки за само 5 месеци.

Македонија | пред 6 години

ohrid-sonce-vreme-vremenska

Денеска сончево и многу топло со температура до 39

Времето денеска претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. УВ=9Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. T= 36 °C, P= 980 hPa, U= 35 %, V= 4 m/s.(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)За утре метеоролозите предивудаат сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=9.

Македонија | пред 6 години

zemjotres

Земјотрес со јачина од 3.7 степени почувствуван во Охрид и Струга

Земјотрес со јачина од 3.7 степени по Рихтер, во 2.21 часот е почувствуван во Охридско струшкиот регион.Епицентарот на земјотресот е 3 километри источно од селото Мислешево на длабочина од 2 километри.

Македонија | пред 6 години

viktor-kamiloski

Проф Др Виктор Камилоски со својот тим за првпат во Македонија и во регионов изврши прecадување на кocкено ткиво

На Универзитетската клиниka за хиpyршки болecти „Свети Наум Охридски“ -Скопје првпат во Македонија и во регионов е направено ткн ayтологно прecадување на кocкено ткиво и кocкена cpцевина, интpaмедуларно (од кocкениот канал) од едната нога на другата кај 22-годишна пациентka повpeдена во сообраќајна нeзгoдa со тешка ckршеница на бутната кocка, објави infomax.mk.Со ова слободно можеме да кажеме дека со овој тип на операциja изведена од тимот на Проф Др Виктор Камилоски искусен и признат тpaуматолог кој ја изведе ова комплицирана операциja ќе и овозможи на пациентkaта нормално функционирање на повpeдента нога без да инвaлидитет однсно слободно движење без патepици или инвалидckа количка.Текстот во целост на: infomax.mk

Македонија | пред 6 години

mickoski1-02

Мицкоски: Ајде заеднички да седнеме и со сиот потенцијал кој го имаме како држава да сработиме барем во октомври за датум за преговори

Вечерва во емисијата „Отворено на Алфа“ гостуваше претседателот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски кој зборуваше за актуелните политички случувања во Македонија.Мицкоски меѓу другото рече:Интересот на државата, интресот на граѓаните е пред и над се. Инаку партиски ако гледам и лично, да сега е моментот кога ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да побара предвремени парламентарни избори и да победи на тие избори. Но дали таа победа ќе ја одалечи Македонија за уште една изгубена година до следниот датум кога треба да се одлучува за евентуален датум за преговори? Со овој потенцијал кој го има Заев видовме до каде не донесе, повторно ќе кажам потребна е работа и потребно е да работиме за да сработиме за иднината на државата, велиме ајде луѓе до октомври да ви помогнеме, видовме не ве бива, ајде да ја истераме работата. Ајде заеднички да седнеме и со сиот потенцијал кој го имаме како држава  да сработиме бар во октомври за датум за преговори,рече Мицкоски.Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт прво што ќе стори е враќање на рамниот данок и веднаш ќе се намали акцизата на горивата, рече МицкоскиИзминатиот период веднаш после претседателските избори размислував, и имав консултации со голем број луѓе од различни области меѓу кои се разбира приоритет беше бизнис заедницата, бизнисмени, претприемачи кои што долги години опстојуваат во бизнис секторот во Република Македонија.Заклучокот од тие консултации дека рамниот данок беше навистина одлично решение. И ние кажавме дека веднаш по формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ една од првите одлуки ќе биде враќање на рамниот данок, посочи Мицкоски. Мицкоски додаде дека не е само тоа решение туку и друга одлука на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде и намалување на акцизата на горивата.Бидејќи СДСМ одлучи радиодифузна такса да не се плаќа а истовремено ја зголеми драстично акцизата за горива што допринесе потешкотии во животот на граѓаните. додаде претседателот на ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

nGkAv-screenshot-1

Сè повеќе мажи се одлучуваат за пластични операции

Естетските операции до неодамна беа табу тема, особено меѓу посилниот пол.Но, Американското здружение на пластични хирурзи сега тврди дека мажите често легнуваат под нож и тоа првенствено поради настојувањето што подолго да го задржат младоликиот изглед. Згора на тоа, бројот на такви операции меѓу мажите се зголемил за 29 отсто во однос на 2000-та година.Како што наведува Дејли Меил, најчесто прават ботокс, филери, липосукција, операција на носот и подигнување на очните капаци, а интересно е тоа што машките најчесто тврдат дека се „запуштаат“ после венчавката и откако ќе станат родители.„Мажите очигледно не поминуваат низ истите физички промени како жените. Меѓутоа, она што се менува е нивниот животен стил кој потоа го одржува нивниот изглед. Не спијат доволно, а диетата и вежбањето обично не им се редовна рутина. Мажите обично почнуваат поинаку да изгледаат во доцните 30-ти и 40-ти години, кога ќе го попримат т.н. „татковски изглед“, објаснил д-р Алтан Матарасо, од Американското здружение на пластични хирурзи.Сепак, како што објаснил Матарасо, ниту мажите не се имуни на привлечност, па сè почесто се одлучуваат за зафати за отстранување на влакната, а подложни се и на намалување на градите, како и трансплантација на коса.Според податоците на Американското здружение на пластични хирурзи, во 2018-та година имало повеќе од 200.000 пластични операции на мажи, од кои 52.000 биле операции на нос, па следуваат подигнувањето на капаците и липосукцијата.извор tocka.com.mk

Свет | пред 6 години

uib4txjhllhlvmaxthlc

Германски пратеници во посета на македонското собрание

Недобивање датум на јунскиот самит на ЕУ за отпочнување на преговорие со Р. С.Македонија не треба да се сфати како негативен сигнал туку престојат технички причини поради кои тоа не може да се случи овој месец , бидејќи следува процедурата во националните парламенти кои ќе треба да дадат зелено светло за тоа посочи денеска германскиот пратеник од Бундестагот Јосип Јуратовиќ кој со негови колеги дојде во посета на македонското собрание . Јуратовиќ објаснувајќи ја процедурата потсети дека Бундестагот ќе расправа за Р. С.Македонија кон крајот на септември или почетокот на октомври, а истата процедура ќе треба да помине во уште неколку национални парламенти на државите членки на ЕУ . Информациите за кои пишуваа дел од германските медиуми дека актуелната влада во Германија не е расположена за прием на земјава во ЕУ вели треба да се земат со резерва бидејќи како што посочи Германската влада ги вреднува успесите на нашата земја.Добивањето датум за отпочнување на преговори на земјава со ЕУ беше токму главната тема на средбата која германските пратеници ја имаа со домашните народни избраници. Пратеникот Антонио Милошоски пак посочи оти земјава заслужува да ги отпочне преговорите со унијата но апелираше до политичарите во своите изјавои да не избрзуваат со временски рамки.Покрај средбата со на германската делегација со нивните колеги од Македонија , тие имаа средба и со претседателот на собранието Талат Џафери, на која исто така се дискутирало за евроинтегративните процеси на земјава но и потребата од натамошна заедничка соработка на македонското собрание со Бундестагот на Германија.

Македонија | пред 6 години

62382559_710801856005533_7801027938144485376_n

ВИДЕО: Остатоците од возилата говорат за трагедијата на Првомајска -За неполн месец 7 загинати

Трагите од истеченото гориво и остатоците од автомобилите останаа да сведочат за тешката сообраќајна несреќа која се случи синоќа на патот Пинтија – Драчево. Во директен судир на голф и пежо на лице место загинаа 21 годишно момче од Батинци и 48 годишен жител на Драчево. Само годинава еден од загинатите имал дури 16 казни за брзо возење а синоќа автомобилот го управувал со 160 километри на час, јавува Сител.-Еден имал 16 казни за брзо возење а од јануари до мај на булњеварот Борис Трајковски се изречени 369 казни за брзо возење, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.На 100 метри оддалеченост од синоќешната несреќа, пред само еден месец при сурид на рено во камион за отпад загинаа пет луѓе. Возењето по Борисд Трајковски е опасно и за возачите и за пешаците, велат вработени во фирмите покрај патот.-Не е безбедно ич, возат многу брзо, никој не внимава, вели вработена во фирма.Пред влезот во Драчево за неполн месец во две тешки сообраќајни несреќи загинаа 7 лица. Според полициската евиденција, на овој патен правец месечно пишуваат по околу 100 казни за брзо возење, но епилог очигледно нема.[embed][/embed]

Македонија | пред 6 години

tankeri

Гутереш: Светот не смее да дозволи голем конфликт во Персискиот Залив

Светот не смее да дозволи голем конфликт во Персискиот Залив, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш по инцидентот со двата танкера за нафта во Османскиот Залив.Гутереш остро ги осуди „инцидентите”, кои се случуваат по еден месец откако четири танкери беа нападнати во реонот на истиот стратешки морски пат, преку кој минува голем дел од светската нафта.Вашингтон минатиот месец го обвини Иран за напад врз четири танкери за нафта во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати, но властите во Техеран отфрлија каква и да било нивна поврзаност со настанот.Претходно овој месец Обединетите Арапски Емирати во допис до Советот за безбедност на ОН посочија дека нападите врз танкерите со нафта во нивните пристаништа, најверојатно се дело на „државни служби”.

Свет | пред 6 години

4y8xG-1879533-screenshot-2-ls

Германката Пиа Клемп командувала со брод кој криумчарел најхуман товар

Капетанката на брод, 35-годишната Пиа Клемп, спасила повеќе од 1.000 мигранти на Медитеранот, но наводно соработувала со шверцерите при пренесувањето на мигранти во Италија.Таа е под истрага од 2017-та година, кога нејзиниот брод бил запленет. И се закануваат и до 20 години затвор.Оние кои даваат поддршка на оваа храбра жена од Бон, ја возвишуваат како хуманитарец кој е лично одговорен за спасувачки мисии.Сепак, италијанските власти нејзината хуманитарна работа ја нарекуваат со друго име. Ја сметаат за шверцер.На фотографиите кои биле направени тајно, се гледа како, наводно, трговците со луѓе "ги испраќаат" бродовите во кои се наоѓаат оние кои бараат прибежиште, пред да бидат префрлени на помошни бродови.Клемп инсистирала на тоа дека сите фотографии биле направени на Малта, а не во Либија.Таа е подготвена да се бори и тврди дека, ако има потреба, ќе оди дури и до Европскиот суд за човекови права.[embed][/embed]Има поддршка од 80.000 луѓе кои ја потпишале петицијата против ова обвинение.Лицето кое ја започнало оваа петиција вели дека обвинението на Клемп значи "безусловно предавство за хуманоста во Европа".Клемп жали што парите кои ги троши на одбрана, а кои ги собрала од донации, може подобро да се употребат - за спасувачки мисии.Меѓутоа, италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, одбил да го прифати влезот на мигранти во земјата и ги враќал спасувачките бродови.Зборувал дека мигрантите ќе ја видат Италија само на разгледница или низ телескоп.извор tocka.mk

Свет | пред 6 години

poza

Славните дами ПОЛУДЕА по новиот ИНСТАГРАМ ТРЕНД (ФОТО)

Новата поза за сликање ги излуде жените ширум светот. Наречена е „фламинго“ а еве зошто таа стана тренд.По „барби стапалата“ и „бамби позата“, ова е новиот тренд кој мора да го совладате доколку сакате лајкови на Инстаграм.повеќе на slobodenpecat.mk

Свет | пред 6 години

293927-0.basic-veles

Во Велес 40 првачиња помалку од минатата година

Во наредната учебна 2019/2020 година во Велес се запишани 514 првачиња, што е за 40 или 7,78 проценти помалку од оваа учебна година кога беа запишани 554 првачиња.Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски информира дека општината континуирано од година во година се повеќе се соочува со проблемот со намалување на бројот на првооделенци и ученици.Тој појасни дека споредено со оваа учебна со ланската учебна година, најмалку отстапување има во велешкото ООУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ каде имало 63 запишани првачиња, а во наредната во училишните клупи ќе седнат само 38 првооделенци. Намалување на запишани првачиња има и во ООУ „Благој Кирков“ каде од годинашните 47, за наесен се запишале само 28 првооделенци.Зголемување на првооделенци има и во ООУ „Блаже Конески“ каде годинава биле запишани 125, додека наесен во училиште ќе тргнат осум прввачиња повеќе, односно 133 првооделенци.Градоначалникот Коцевски информира дека заради претседателските избори, и покрај препораката на стручната комисија која извршила увид на лице место, времено била стопирана постапката за припојување на двете велешки основни училишта „Јордан Х К.Џинот“ и „Благој Кирков“ во едно ново училиште.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Албански државјанин кој привремено живеел во Охрид починал при сеча на шума

На 12.06.2019 година во 17.15 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош било пријавено дека во атарот на с.Вапила, охридско, при сеча на шума, на место викано „Бел Камен“, на Н.Х.(32) од Република Албанија, со привремен престој во Охрид, околу 16.30 часот му се слошило, по што починал. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинитеч телото на починатиот било предадено за обдукција.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

„Шевролет Спарк“ удри во 9-годишно дете- со тешки повреди итно пренесено во болница

Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во болницата во Велес каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 6 години

P-Strezhevo-Bitola-696x357

ЈП „Стрежево“ Битола жали за смртта на малолетното девојче во базенот

ЈП „Стрежево“ – Битола денеска изрази жалење поради згаснувањето на животот на девојчето и ги демантираат, како што велат, интригантските и манипулативните изјави на закупецот на деловниот простор, Компанијата Мегагруп.– Во моментите на оваа голема тага чувствуваме потреба да го демантираме соопштението на закупецот на деловниот простор, во чиј комплекс е и компензациониот базен, каде се случи немилиот настан, истовремено фрапирани од интриганските и манипулативните изјави на Компанијата Мегагруп кои се сосема несоодветни за овие моменти. Во интерес на вистината, поткрепена со неспорни аргументи, Компанијата Мегагруп не е концесионер на објектите, туку закупец во времетраење од 15 години, согласно спроведената постапка и Договорот за закуп на деловен простор бр.03-07/1 од 12.04.2017год, наш бр.03-64/8 од 12.04.2017год. Базенот, кој е дел од цел комплекс со кој располага закупецот е неделив дел и согласно Одлуката на Управниот одбор е даден на користење под услови и на начин предвиден со закон, се наведува во соопштението на ЈП „Стрежево“ – Битола.Оттаму велат дека начинот на кој стопанисува закупецот, Компанијата Мегагруп, и деловните потези и деловните резултати кои оваа компанија ќе ги остварува во наредниот период се, како што се наведува, сосема небитни за нивното претпријатие како закуподавец, се додека компанијата ја плаќа предвидената закупнина.– Во изминатиот период закупецот го користеше базенот како капалиште, факт кој е општопознат и за кој постојат безброј видео записи и видео реклами, а исто така постојат и бројни писмени барања во текот на изминатите две капачки сезони од нивна страна, за одобрување безброј барања за преземања на низа активности во и околу базенот. Одговорно тврдиме дека оваа година до денешен ден не е пристигнато известување дека Компанијата Мегагруп оваа капачка сезона нема да го користи базенот и нема да организира разни содржини во него, се наведува во соопштението.Од ЈП „Стрежево“ – Битола упатуваат повик до сите страни, да не се фокусираат на оградување од одговорноста за овој немил настан, туку да се преземат сите активности за тоа никогаш повеќе да не се повтори.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Штипјанец со автомобил удрил седумгодишно дете кое возело велосипед

На 12.06.2019 година во 09.35 часот на улица „Лески“ во Штип, патничко возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(68) од Штип, удрило во велосипед што го управувало седумгодишно дете од Штип.Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Клиничката болница Штип каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Товарно возило излетало од патот Кичево-Гостивар, тешко повреден возачот

На 12.06.2019 година во 13.20 часот на магистралниот пат Кичево- Гостивар, кај селото Колари, товарно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(44) од Тетово, излетало од патот.Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Т., кој бил пренесен во болницата во Кичево. Кај совозачот Д.М.(22) од Скопје биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Македонија | пред 6 години

2fuploads2fthumbs2fresize2f800x4202f379260

11- годишно момче јаде прекумерно за да го спаси татко си (ВИДЕО)

Таткото на Лу боледува од леукемија веќе седум години , а лани докторите му рекле дека може да се спаси единствено со пресадување коскена срж. По направеното испитување , се покажало дека од целото семејство само тогаш 10 годишниот Лу има соодветна коскена срж. Но , се појавил проблем ,зашто детето е многу мало и имало само 30 килограми.Затоа , сега јаде колку што може за да се здебели уште 15 килограми и да може да ја донира сопствената коскена срж и да го спаси својот татко. Идеалната тежина за донација е околу 50 килограми тежина.,, Докторите ми рекоа дека мора да имам барем 45 килограми за да донирам коскена срж. Дури и ако боли , уште ќе јадам. нашето семејство не би можело да ја поднесе загубата на мојот татко.” , вели храброто момче.Мајката на Лу , пак има други проблеми. Работи за ниска плата и тешко обезбедува пари за богатата и квалитетна храна што мора секој ден да ја изеде момчето.[embed][/embed]извор kanal5.com.mk

Свет | пред 6 години

tehnicki-pregled

Каков е јавниот превоз во Тетово? Затекнати возила со неисправни сопирачки, истечена регистрација ...

На 12.06.2019 година во периодот од 08 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Со контролата биле опфатени 95 возила (ТЕ-75 и ГВ-20), додека кај 21 возило (ТЕ-14 и ГВ-7) биле утврдени различни неисправности. 12 од контролираните возила имале неисправни сопирачки (ТЕ-9 и ГВ-3 ), две (ГВ) уреди за управување, две истечена регистрација (ТЕ-1 и ГВ-1), три неизвршен технички преглед  (ТЕ-2 и ГВ-1 ) и две возила (ТЕ) некомплетна опрема.Вчера, исто така, во Тетово санкционирани биле 29 погрешно паркирани возила, кои се подигнати од специјално возило „пајак“, а откриени се и пет возачи кои управувале беа возачка дозвола и три возачи-почетници, кои не се придржувале на законски предвидените ограничувања.

Македонија | пред 6 години

jabuka-i-banana

Докторите со совет до пушачите: Јадете ја оваа храна

Доколку сте пушач и сакате да ги заштитите белите дробови од болест секако секој доктор ќе ви каже да се откажете од цигарите.За страствените пушачи тоа е една од најтешките задачи па затоа единствен начин е природен начин за детоксикација на организмот и заштита на организмот од некој вид на рак.Според најновите истражувања постои храна која што може да ви помогне за отстранување на штетните супстанци од организмот а кои се внесуваат токму преку цигарите.Пушачите треба да знаат дека треба да конзумираат јаболки, банани и домати, состојки кои помагаат во прочистување на организмот токму поради тоа што се природни антиоксиданти. Токму овие три производи покажаа неверојатни антиоксидантни ефекти и ги изненадија докторите.повеќе на magazin.mk

Свет | пред 6 години

stop-policija

Контрола во Штип на возила за јавен превоз, од 92 автобуси дури 61 упатени во Станица за технички преглед

На 12.06.2019 година во периодот од 08 до 13 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на техничка исправност на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, контролирани се 92 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, а 61 биле упатени во Станица за технички преглед.При контролите констатирано е дека четири имаат неисправен уред за запирање, кај две неисправен бил уредот за управување. Санкционирани се и 35 останати прекршоци.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања