Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

prestrelka

Вработена во Агенција за храна и ветеринарство од камион зела вреден предмет, кој не подлежи на контрола на Агенцијата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 03.03.2019 година на Граничен премин „Табановце“, пријавената, како државен службеник во Агенција за храна и ветеринарство, од товарно возило, сопственост на фирма од Скопје, без претходна идентификација на пратка, зела вреден предмет, кој не подлежи на контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство.По реакција од фирмата, пријавената го вратила предметот, за што изготвила записник за земени мостри на храна и производи што доаѓаат во контакт со храна од увоз, кој не бил заведен во евидентните книги на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Македонија | пред 6 години

Screen-Shot-2019-06-13-at-15.43.12

ФОТО: Полуголи манекенки позираат во Чернобил

Серијата „Чернобил“ го достигна врвот кога станува збор за гледаноста. Таа со само шет епизоди успеа да го освои светот, и е погледана дури и од легендарната серија “Game of Thrones”.Но големата популарност на „Чернобил“ ги заинтрегира гледачите да се упатат кон местото на најголемата нуклеарна катастрофа, и одблизу да се запознаат со градот кој ден денес говори за најголемата катастрофа во историјата.Чернобил беше примамливо место и за прекрасните манекенки. Неколку познати светски манекенки се упатија кон оваа дестинација но изгледа малку претераа.Имено неколку од нив се најдоа на тапет на озборувањата откако на социјалните мрежи поставија полуголи фотографии, позирајќи во околината на Чернобил.По се изгледа ним радијацијата не им била пречка за овие фотографии, туку едноставно биле фокусирани на своите следбеници да го покажат нивното тело, па макар и тоа да биде позирајќи во најрадиоактивниот град каде милиони лица доживеаа трагедија.Јулија Баслер е еден од моделите на фотографиите која го посетила Чернобил неколку пати, но за медиумите вели дека тоа го правела и пред серијата да биде популарна. Во една прилика направила неколку фотографии од таму, но подоцна ги избришала бидејќи добила жестоки коментари дека „ќе направи се за лајкови“.По овие фотографии се огласи и авторот на најпопуларната серија „Чернобил“ .Тој јавно ги критикуваше несоодветните фотографии што згодните манекенки ги објавуваат на социјалните мрежи од посетата на напуштената област во Украина.-Прекрасно е што серијата „Чернобил“ предизвика голем туристички бран во оваа зона. Да, ги видов фотографиите насекаде. И затоа сакам да порачам- ако го посетите местото, запомнете дека таму се случи ужасна трагедија. Прифатете го тоа и имајте малку почит кон оние кои настрадаа и беа жртви, напиша Крег Мазин на Твитер.Инаку Чернобилска несреќа е всушност најголемата несреќа во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на седми степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани.Несреќата се случила на 26 април 1986 во 01:23:40 часот во нуклеарната централа во Чернобил, Украина кога дошло до експлозија. По првата, дошло до ланец од неколку експлозии и пожари кои создале радиоактивен облак во атмосферата кој потоа се раширил над широк географски регион. Радиоактивниот облак бил 30-40 пати поголем од оној што настанал над Хирошима.Главна причина за несреќата пред сè била недоволно испитаната технологија на овој тип реактор и негова нестабилност при ниска сила на реакторот, но исто така не треба да се занемари човечкиот фактор, лошото управување и недоволното искуство на операторот со реакторот. Таа ноќ кога се случила несреќата, била предвидена реализација на експеримент на реакторот. Кога тестот започнал, опреаторите започнале со намалување на силата на реакторот. Реакторот бил со сила од 200 мегавати и бил многу тежок за контролирање, и затоа операторите извадиле голем број на шипки за регулација.На 1 јанури 2006 година во Украина 2.594.071 лица имале статус на настрадани од Чернобилската катастрофа. Нагло, скоро за 1,8 пати пораснал контингентот на категоријата на инвалидите на Чернобил. Најмногу (24%), поради смрт, се скратил бројноста на учесниците во расчистувањето на последиците од хаваријата во 1986-1987 год.фото kurir.mk извор magazin.mk

Свет | пред 6 години

heroin-pakuvanja

Кумановци во изнајмен стан во Охрид подготвувале хероин за продажба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Н.(33) и А.М.(41), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.При претрес во стан на булевар „Туристичка“, изнајмен од пријавените, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со хероин, подготвени за натамошна продажба на наркозависници.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија до македонските историчари: Не се плашете и кажете ја вистината која ја знае цел свет дека Бугарите имаат татарско потекло

Единствена Македонија со неверување гледа колку барањата на членовите од бугарска страна во македонско-бугарската комисија за ревизија на историјата стануваат се поагресивни, а од членовите во Комисијата од македонска страна целосен молк и плашливост, се вели во соопштението од Единствена Македонија .Очигледно во Комисијата од македонска страна има Македонци со изгубено национално чувство штом на тацна и ја подаруваат на Бугарија македонската историја со признавањето на Цар Самуил за бугарски цар, дека Св, Климент и Св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква и најново дека и Гоце Делчев е бугарски револуционер.За Единствена Македонија е несфатливо колку марионетската власт во Скопје може да избрише се што е македонско, а колку македонскиот народ е нем набљудувач на сопственото самоукинување и обезличување.Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа до крај ќе ја разјасни историската вистина дека еден дел од бугарското население е со македонско етничко потекло, дека во историјата повеќе бугарски влади како и значајни државни институции во минатото и денес ги раководат Македонци, а бугарскиот народ влече корени од татарско-монголската етничка група.Единствена Македонија ги повикува и ги охрабрува македонските историчари да не се плашат и да ја кажуваат вистината која базира на историски извори дека Бугарите имаат татарско-монголско потекло, се вели во соопштението од Единствена Македонија . 

Македонија | пред 6 години

IMG_3229

(ВИДЕО) Заев за средбата со Меркел: Канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното

„Со канцеларката Меркел имавме срдечна и пријателска средба, каква што личи меѓу земји стратешки партнери по многу прашања од заеднички интерес. Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на унијата, истакна премиерот заев по средбата со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел.Премиерот додаде:На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно. Од наша страна потврдивме дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан.На средбата нагласивме дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ, и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември.Силно сме уверени дека оваа година започнуваме преговори за членство со ЕУ и им се придружуваме на Србија и Црна Гора.“

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во тек е реконструкцијата на булеварот Партизански одреди

Екипите на Град Скопје ја почнаа реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот Партизански одреди која е една од најфреквентните сообраќајници во градот. Градежните работи за обнова на коловозот ќе се изведуваат на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до мостот „Обединети нации“, на должина од два километра.- На овој дел од булеварот Партизански одреди целосно ќе се замени асфалтниот слој на површина од околу 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта ќе биде изведена комплетно нова коловозна конструкција. Нашата цел е да се намали периодот во кој може да настане застој во сообраќајот. Очекуваме реконструкцијата на овој потег да заврши за околу 30 дена и за неа Град Скопје ќе потроши околу 69 милиони денари – рече градоначалникот Шилегов на почетокот на градежните работи на оваа делница.Тој потсети дека во текот на претстојното лето за реконструкција се предвидени повеќе улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.- Заради тоа, уште еднаш ги замолувам граѓаните за разбирање и апелирам на дневна основа да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје. Реконструираните улици се побезбедни за сите учесници во сообраќајот, а Градот Скопје во исто време работи на изнаоѓање и на алтернативни сообраќајни коридори за да се избегне метежот во иднина – нагласи Шилегов.Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека од денеска (13.06.2019 година, четврток) поради реконструкцијата на булеварот Партизански одреди, на потегот од булеварот 8.Септември до мостот „Обединети нации“, е воведен привремен режим на сообраќај.Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази - во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот Партизански одреди на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата Лондонска, во насока на движење кон центарот на градот, но нема да има промена во движењето на автобусите на ЈСП.Градот Скопје апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Извештајот на ОН го потврдува економскиот напредок

Вистинските економки политики и напредокот кон ЕУ и НАТО позитивно влијаат врз развојот на економијата. Тоа го потврдуваат и меѓународни организации со нивните економски извештаи и анализи, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.„Извештајот за инвестициите во светот 2019" на  Конференцијата на Обединетените нации за трговија и развој, покажува дека нашата држава, Северна Македонија минатата година имала убедливо највисок раст на странски инвестиции во Западен Балкан.За само една година, во Република Северна Македонија странските директни инвестиции пораснале за 260 отсто, односно од 205 милиони во 2017 на 737 милиони долари во 2018 година, како што стои во извештајот. Со ваквиот процент на раст, нашата држава е убедливо прва по раст на странски директни инвестиции и во регионот но и помеѓу сите пост-транзициски држави опфатени со извештајот. Покрај растот на економијата, на БДП од 4.1 процент, намалувањето на невработеноста на историски најниски 17.8% извештајот на Конференцијата на ОН е уште еден показател дека економијата е конкурентна и се движи во добар правец.Со извесното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, очекувано е ваквиот позитивен тренд на раст да продолжи, но и дополнително да се интензивира.Инвестициите значат повеќе пари, нови работни места, повисоки плати, сигурна и стабилна економија.Овој успех е дополнителен мотив за реализација на мерките што обезбедуваат засилен економски раст и повисок животен стандард за сите.За нас зборот важи, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Џафери се сретна со пратеници од германскиот Бундестаг

Претседателот на почетокот на средбата им посака добредојде и изрази искрена благодарност на Бундестагот за ратификацијата на Пристапниот протокол на нашата земја за членство во НАТО и ги информираше почитуваните пратеници дека досега 17 земји го ратификувале пристапниот протокол. Во продолжение, беше потенцирана одличната соработка во многу области од политичкиот и општествен живот како и тоа дека таа треба да се продлабочи и интензивира имајќи ги во предвид аспирациите за членство во Европската Унија. Претседателот Џафери ја потенцираше парламентарната соработка со Бундестагот, особено во делот на надградување на капацитетите на собраниската служба, имајќи предвид дека во континуитет се реализираат студиски обуки на нашите службеници во Бундестагот, искуствата се повеќе од позитивни и конструктивни, според известувањето на учесниците.Исто така, претседателот Џафери потенцираше дека членството во Европската унија е наш врвен стратешки и национален приоритет. Тој укажа дека во насока на постигнување на нашите европски цели беа направени суштински реформи според плановите „3-6-9“ и „Планот 18“ на Владата, во делот на правосудството, борбата против организираниот криминал и корупција, особено во трансформацијата и целосната промена на начинот на функционирање на безбедносните служби, што е од суштинско значење за иднината на нашата земја и спречувањето на можните злоупотреби на системот во иднина.Г-дин Јосип Јуратовиќ, претседателот на Пратеничката група за соработка се заблагодари за гостопримството и ја потенцираше пријателската врска со Република Северна Македонија и големата поддршка во нејзините аспирации. Тој искажа пофални зборови за реформите, напредокот и пред сѐ за компромисниот пристап и конечно решавање на проблемот со името. Пратеникот Јуратовиќ порача задржување на доброто темпо со напредување и реформи.

Македонија | пред 6 години

IMG_2780

Во Кисела Вода се одржа дискусија „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“

Денеска во Општина Кисела Вода се одржа панел дискусија „Предизвици на практикување на волонтерство во заедницата“.Претставници од Општина Кисела Вода, Министерството за труд и социјална политика и Волонтерски центар – Скопје дискутираа за волонтерство, за младинско учество и младински политики, беше презентиран и Законот за волонтерство.Присутните имаа можност да разменат мислења, да слушнат колку проценти од младата популација сака да волонтира, колку од неа се вклучени во волонтерските активности и колку се запознаени за истите. Детално беше објаснето што значи волонтирањето, а се зборуваше и за волонтерските активности што ги нудат организациите.Кампањата на Волонтерскиот центар – Скопје кој е регионална канцеларија на коалицијата СЕГА повикува: „Волонтирај за доброто на твојата заедница! Инспирирај ги младите околу тебе!“ Истата има за цел да влијае на подигнување на свеста кај младите за волонтирање преку нивно вклучување во конкретни волонтерски локални акции.

Скопје | пред 6 години

dimce

Арсовски: Зоран Заев и СДСМ немаат никаква намера да метат ниту во партијата ниту пак во Владата

Зоран Заев си обезбеди партиска поддршка за криминалот, корупцијата и ограбувањето на целата држава. Зоран Заев нетранспарентно и на крајно недемократски начин си постави послушници кои ќе треба да му помогнат да ја задржи својата позиција откако ќе биде поразен на претстојните парламентарни избори кои што се неизбежни, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев и СДСМ немаат никаква намера да метат ниту во партијата ниту пак во Владата. Како и што претходно рековме на нашите прес конференции и излагања, разрешувањето на партиските органи во СДСМ и разрешувањето на Претседателите на општинските организации е само еден обичен театар за да се изманипулираат граѓаните и јавноста и да мислат дека можеби и нешто се менува во партијата и во владата. Фактот и реалната состојба во СДСМ се други.Новоназначените 30 претседатели на општински организации во СДСМ се само дел од театарот на Зоран Заев и на партијата. Од 30-те новоназначени претседатели вчера, дури половина беа истите стари кои беа разрешени. 15 функционери во СДСМ што ги назначи вчера Зоран Заев лично на своја волја се истите тие што беа и претходно претседатели и што претходно не мрднаа со прст за да сработат за граѓаните на било каков начин во нивните можности.Ова покажува дека Зоран Заев нема намера да прави метла ниту во партијата, ниту пак во Владата. Зоран Заев ова го направи свесно за си ја зацврсти својата позиција во партијата после лошиот резултат на последните претседателски избори и на оние претстојни парламентарни кои што следат.Заев ги остави понатака да владеат во партијата само оние кои што му се лојални и блиски, а сите останати кои му беа можна закана ги тргна од функциите.Демократијата во СДСМ на дело. Во период кога партиските органи во СДСМ се разрешени и во оставка, без никакви консултации со централниот, Заев на своја волја ги избра сам претседателите на општинските организации. И нормално никој ниту да се буни, ниту да се побуни.Зоран Заев заради ваквите лаги ја носи целата држава во пропаст. Затоа, што побрзо си замине овој човек од СДСМ и од Владата, толку подобро и за државата и за партијата, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

irina-1

Стојаноска: Додека пациентите на Хематологија чекаат лек од кој им зависи животот, директорката Пановска не може да одлучи дали ги има или не лековите

Зоран Заев и Венко Филипче донесоа живот за себе и за бизнис партнерите на владата, а опасност и нервози за пациентите на Хематологија и нивните семејства кои се плашат како ќе го дочекаат секој следен ден без соодветна терапија. Додека пациентите на Клиниката за хематологија чекаат лек од кој им зависи животот, директорката на Клиниката, Ирина Пановска-Ставридис не може да одлучи дали ги има или не лековите, истакна Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Пановска-Ставридис вели дека ниту еден пациент не е оставен без лек, но исто така вели и дека не е страшно ако не земеле лек неколку дена, зашто во понеделник веќе ќе ги имало?!Од оваа ситуација јасно се гледа дека миленичката на Заев и Филипче или си поигрува со животите на пациентите, или само се интересира за тендерите за кои се најде на дневен ред и на Антикорупциската комисија.Замислете,И нејзините колеги се чудат како ниту една надлежна институција, министерство за здравство, Фонд за здравствено осигурување, министерство за внатрешни работи, јавно обвинителство, не ги гледаат корупцијата и конфликтот на интереси.Сето ова е фактичка состојба. Оваа ситуација трае од првиот нејзин работен ден како директор на Хематологија. Ниту министерот за здравство Филипче, ниту премиерот Заев веќе две години не сакаат да стават крај на личните и семејни врски во здравството.Филипче и Заев како да работат само на продлабочување на релацијата ќерка - носител на јавна функција и татко - сопственик на веледрогеријата „Д-р Пановски“. Оваа веледрогерија е континуирано дел од тендерските постапки и снабдувач на клиниките, меѓу кои и Клиниката за хематологија со која директорува неговата ќерка Пановска-Ставридис.Филипче треба веднаш да стави крај на оваа релација ќерка директор- татко снабдувач. Треба да стави крај на нејзиното директорување. А, поради низата скандали во здравството треба да замине и Филипче од функцијата министер, истакна Дафина Стојаноска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Izjava-Sasa-Bogdanovic-13.6-3

Дислоцирана планирана катна гаража -Усвоени измени и дополнувања на ДУП Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз

На седница одржана на 11 јуни, Советот на Општина Центар гo усвои Деталниот урбанистички план (ДУП) Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз.Освен усогласување на Деталниот урбанистички план со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје 2012 - 2022 година, со ревизијата на постоечкиот ДУП постигнати се и низа придобивки во интерес на жителите и урбаното живеење.Главен фокус е ставен на зачувување на јавните површини и парковското зеленило, кои согласно претходниот ДУП требаше да бидат пренаменети во катна гаража и отворен паркинг. Сепак за да се обезбедат доволно паркинг места во овој дел од градот, планираната катна гаража одпретходниот план каде во моментов веќе постои реализиран парк, е дислоциранана локација непосредно до транзитната магистрална улица, булевар „Македонија“, а се задржува и постоечкото детско игралиште помеѓу трите станбени блока, наместо паркинг како што беше предвидено претходно.Обврската за инвеститорите, за паркирање во сопствена парцела која се имплементираше и во претходните ревидирани ДУП-ови, се имплементира и во ДУП Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз.Така, услов за реализација на единствениот планиран објект со намена домување во станбени згради во овој ДУП, е обезбедување на потребниот број на паркинг места во рамките на градежната парцела, за разлика од претходниот план каде беше дозволено паркирање во планираната катна гаража. Со новиот ДУП се брише и надградба на постоечки објект кој се наоѓа помеѓу двете најсеверни кули во комплексот градби долж улицата „11 Октомври“ и сите објекти се задржуваат во постојната состојба.„Нашите приоритети остануваат исти: многу повеќе зеленило, локални паркови и детски игралишта. Секако, и обезбедување на доволно паркинг места. Од усвојувањето на првиот ДУП по мораториумот, паркирањето во рамки на сопствена парцела станува обврска на секој иден инвеститор. Наша цел е и државното земјиште кое согласно претходните ДУП-ови било планирано за изградба на објекти да го пренамениме во јавни површини од интерес на граѓаните. Од првиот момент, од воведувањето на мораториумот, при носење на ревидираните ДУП-ови се стремиме да ги запазиме параметрите на урбано и хумано домување, да напариме планови кои ќе обезбедат непречено струење на воздухот и доволно природна светлина помеѓу објектите. Со имплемнтирање на сé ова, во целост ќе се потврди оправданоста на мораториумот“ – изјави Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 7,85 ха, а границите на ДУП Градскачетврт И 04 – ДареЏамбаз се дефинирани во ГУП на Град Скопје 2012-2022 и истите се:  На северо-исток по оската на Ул. „11 Октомври“ На југо-запад по оската на Бул. „Македонија“ (Јужен булевар) На северо-запад и запад по оската на Бул. „Кочо Рацин“

Скопје | пред 6 години

tankeri

(ВИДЕО) Танкери нападнати во Оманскиот залив, еден погоден со торпедо

Два танкери се нападнати денеска во Оманскиот залив.Тоа се бродовите Фронт алтаир на норвешкиот сопственик Фронтлајн, кој плови под знамето на Маршалските Острови, и бродот Кокука карејџс, изнајмен од сингапурската компанија Бернард Шулте шип менаџмент, кој плови под знамето на Панама.Норвешката компанија „Фронтлајн“ потврди дека нивниот нафтен танкер „Фронт Алтер“ се запалил после инцидент во Оманскиот залив, а сите 23 членови на екипажот итно биле пренесени на друг брод.Исто така, портпаролот на „БСМ“ компанијата исто така откри дека танкерот „Кокука Курејџес“ бил оштетен денес во инцидентот во Оманскиот залив – како што пренесува „Скај“, овој брод бил погоден со торпедо.Иако се уште нема конкретни информации за тоа како дошло до овој сериозен инцидент, во западните медиуми практично прстите веќе се вперени во Иран, откако Техеран беше обвинет за саботажа и на четири други танкери пред околу еден месец.https://twitter.com/IndoPac_Info/status/1139078070449520642?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1139079638930427905&ref_url=https%3A%2F%2Fnetpress.com.mk%2Fvideo-napadnati-dva-tankera-vo-omanskiot-zaliv%2F 

Свет | пред 6 години

stop-policija

Посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради „Задушница“

По повод верскиот празник „Задушница“ во текот на утрешниот ден (петок 14.06) како и во деновите од викендот (15 и 16.06.) во периодот од 06,00 до 16,00 часот во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.Притоа, МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова” и излегување на ул.„Александар Урдаревски”.По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по ул.„Црногорска“, а на гробишта „Камник“ по ул.„Јужноморавски Бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Двајца албански државјани осомничени за трговија со марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, државјани на Република Албанија за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет  на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените на 11 јуни се движеле со патничко моторно возило Фолксваген голф со регистарски ознаки од Република Албанија. При рутинска контрола од страна на полициски службеници возилото било сопрено, при што во багажниот дел бил пронајден ранец во кој имало најлонско пакување со опојна дрога марихуана во вкупна нето маса од 1,7 килограми. Осомничените ја внеле дрогата во Република Северна Македонија преку граничниот премин Блато – Дебар со намера да ја продадат на купувачи од Гостивар.Поведувајќи постапка за стореното кривично дело, надлежен јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор против осомничените. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во времетраење од 30 дена. 

пред 6 години

pistoli

Отворена истрага за скопјанец во чиј дом беа пронајдени дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривични дела – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 11 јуни, во својот дом на улица „Христофор Жефаровиќ“ во Скопје, неовластено заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 11,45 грама, спакувана во 27 полиетиленски пакувања. Истовремено, во домот на осомничениот биле пронајдени и 0,62 грама психотропна супстанца 3,4 – метилен – диоксиметамфетамин. Тој неовластено кај себе држел и полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол марка CZ100 со калибар од 9мм, десет куршуми муниција за тоа оружје, како и 14 куршуми муниција за автоматско огнено оружје кое им е забрането на граѓаните.Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. 

пред 6 години

03-1

Заев на ФБ: Уверени сме дека Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година

Премиерот Зоран Заев по средбата со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел, на социјаланта мрежа фејсбук напиша:Канцеларката Меркел нѐ информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.Во СР Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ.

Македонија | пред 6 години

jauleski-domovi

Јаулески: Две години како СДСМ е на власт, состојбата во студентските домови е катастрофална

Две години како СДСМ е на власт, состојбата во студентските домови е катастрофална. Нема инвестиции, нема проекти, ништо од ветеното не е остварено. Наместо подобри услови директорот на Државниот студентски центар- Скопје ветува дека ќе ги разеленува студентските домови. Господине Николовски на студентите поголем приоритет им е да ги опремите со мебел блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ за да можат да се вселат 600 студенти, кои наместо во студентски цела година беа сместени приватно и плаќаа високи кирии. Две години двата реконструирани блока не можат да бидат пуштени во употреба затоа што на Николовски поважно очигледно му е нешто друго, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Две години пристапите кон студенткиот дом Гоце Делчев се калливи и полни со ѓубре, студентите незнаат дали се наоѓаат во студентски дом или во Дрисла.Состојбата е лоша и во другите студентски домови, во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ топлата вода за туширање се исклучува после 20 часот, што е период во кој студентите се враќаат во домовите и не можат да се истушираат, затоа што на некој му текнало да ја исклучи водата.Додека најавуваат ново модерно мени, оброците се полни и зачинети со лебарки.Господине Заев, Дарко Каевски и Ивана Туфегчиќ дали знаете во какви субхумани услови живеат студентите. Ветувавте многу, а не направивте ништо. Ги разочаравте студентите.Дали за да се подобри храната е потребно да поминат уште две години?Дали за топла вода е потребно уште две години? Колку време е потребно за да се поправи лифт во студентски дом?До каде е изградбата на студентскиот град на местото на „Стив Наумов“, кој требаше да има библитеки, читални, ресторани и фитнес центри ? Ништо од тоа што ветивте не остваривте.Казната од младите доаѓа. СДСМ никогаш повеќе, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Доделени наградите на најдобрите од скопските регионални натпревари

Градоначалникот Шилегов денеска  во Салата на Советот на Град Скопје, им ги додели благодарниците и наградите на најдобрите учениците на скопските регионални натпревари.-Драги мои средношколци, ми претставува задоволство што денеска сум тука со вас и ја има таа чест да ви ги доделам наградите кои сосема заслужено ги освоивте во рамките на проектот „Училиштето – место за натпревар во знаење“.Ви честитам на постигнатиот успех и ви пожелувам и понатаму во животот да постигнувате вакви успеси користејќи го вашето знаење – рече Шилегов.Тој додаде дека токму тоа и е целта на оваа потпрограмска активност, односно да се продлабочат знаењата на учениците во одредени научни дисциплини и поттикнување конструктивен натпревар за постигнување повисоки образовни цели.-Сакам да Ви порачам да го негувате натпреварувачкиот дух и желбата за стекнување нови знаења затоа што тоа се проверени рецепти за успех во животот- им порача Шилегов на средношколците.Победници на натпреварите од средните училишта се учениците: Најдобро рангирани на натпреварот по англиски јазик:1 место Ивана Коцев СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“2 место Никола Миноски ПСУ „Алгоритам “3 место Мила Јовановиќ СУГС „Никола Карев“Ментори:Леонора Каталиниќ, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“Благица Блажевска Богдановска, ПСУ„Алгоритам”Бојана Крајновиќ Петровска, СУГС „Никола Карев” Најдобро рангирани од натпреварот по хемија се: 1 место Бисера Јаневска ПСУ „Алгоритам центар“1 место Иван Поп Јанев СУГС „Орце Николов“1 место Давид Јованов ПСУ „American School Macedonia”1 место Стефан Стојковиќ СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“Ментори:Елизабета Николовска СофрониевскаИрина ЃоргиевскаГордана Геческа Највисоко рангирани ученици на натпреварот по филозофија:1 место Кристијан Поповски СУГС „Орце Николов“2 место Теа Теодора Тасевска СУГС „Орце Николов“3 место Наташа Драшковиќ СУГС „Раде Јовчевски -Корчагин“Ментори:Јулијана ЈолевскаДаниела Николова Највисоко рангирани по категории на натпреварот по информатика:1 место Кристина Тасева ПСУ „Јаха Кемал Колеџ“ Скопје1 место Владимир Шарковски ПСУ „Јахја Кемал Колеџ“ - Скопје1 место Алек Јармов СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“1 место Горазд Димитров ПСУ „Јахја Кемал Колеџ“ СкопјеМенторNahit Yilmaz Натпревар по француски јазик, највисоко рангирани на натпреварот се:1 место Ана Стевановска СУГС „Георги Димитров“1 место Тијана Србиновска СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“1 место Дамјан Пушковски СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“1 место Катја Зенделска СУГС „Георги Димитров“1 место Кристина Конева СУГС „Орце Николов“1 место Каја Домазетовска СУГС „Георги Димитров“1 место Блерона Муладаути СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ Ментори: Јулијана ЈозиќТатјана ДимовскаБилјана ДимовскаСузана ДулескаСлаѓана Стојановска На регионалниот Скопски натпревар по германски јазик најдобро рангирани:1 место Мила Савевска СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“1 место Дамјан Кировски ПСУ „Јахја Кемал Карпош“1 место Марија Крстевска СУГС „Јосип Броз-Тито“1 место Арбнора Ќаили СУГС „Зеф Љуш Марку“1 место Андреј Бајалски СУГС „Георги Димитров“1 место Теа Минова СУГС „Георги Димитров“1 место Андријана Велковска СУГС „Георги Димитров“1 место Александар Лучиќ СУГС „Георги Димитров“ Ментори:Наташа МирческаДана АрсоваАна СимоноскаMuarem AjdariАнита СталевскаБилјана Пејовска На натпреварот по географија добитници се:1 место Оливер Куновски СУГС „Орце Николов“2 место Христо Димитриевски СУГС „Георги Димитров“2 место Вероника Гијовска ПСУ „Американска Гимназија“Скопје3 место Дамјан Филиповски ПСУ „Американска Гимназија“Скопје1 место Ангела Петровска СУГС „Васил Антевски-Дрен“2 место Моника Смилеска СУГС „Васил Антевски-Дрен“3 место Маја Насевска СУГС „Васил Антевски-Дрен“Ментори:Лилјана ЈовановскаПетар СаздовПане ПеруновскиЕлизабета Брсакоска Георгиевска На натпреварот по физика добитници се: 1 место Маја Мишеска СУГС „Орце Николов“1 место Матеј Јовчевски ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош1 место Благој Савевски ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош1 место Иван Јовановски ПСУ „Јахја Кемал“- Карпош1 место Трајче Бојаџиев ПСУ „Јахја Кемал“ Капош Ментори:Елизабета ПоповскаСтаниша ВељковиќСабире Алкин На натпреварот по латински јазик добитници се:1 место Евгенија Ристова СУГС „Д-р Панче Караѓозов“1 место Мила Јованчева СУГС „Д-р Панче Караѓозов“1 место Рина Шерифи СУГС „Д-р Панче Караѓозов“2 место Миа Стојановска СУГС „Д-р Панче Караѓозов“2 место Тања Иванова СУГС „Д-р Панче Караѓозов“3 место Емилија Андоновска СУГС „Д-р Панче Караѓозов“1 место Лиле Стефанова СУГС „Јосип Броз-Тито“2 место Евгенија Трајковска СУГС „Георги Димитров“2 место Анастасија Лазова СУГС „Никола Карев“3 место Сара Стојковска СУГС „Георги Димитров“ Ментори:Ивица ВесовЕма АндоновскаЛенче МишоваЛидија Гелевска На натпреварот по биологија се:1 место Филип Михаиловски СУГС „Раде Јовчевски- Корчагин“1 место Дина Геговска СУГС „Јосип Броз-Тито“1 место Јована Божиновска ПСУ „Алгоритам Центар“1 место Викторија Симуноска СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ Ментори:Симона Јовевска, СУГС„Раде Јовчевски-Корчагин“2.Радмила Стројманова, СУГС„ Јосип Броз-Тито “3.Нена Милковски, ПСУ,,Алгоритам”4.Елизабета Сарафимова Натпревар на млади музичари и интерпретатори1 место СОСУ „Илинден“1 место СУГС „Васил Антевски-Дрен“1 место СУГС „Јосип Броз-Тито“1 место Ана Петановска СУГС „Јосип Броз-Тито“ Ментори:Силвана ГелевскаЈовче ПетковскиКристијан Стојановски12 . На натпреварот по математика се: 1 Блаже Суклевски „Јахја Кемал“Лука Грашковски „Гимназија НОВА“Илир Лимани „Јахја Кемал“Кендресa Селими „Јахја Кемал“Кристина Тасева „Јахја Кемал“Сташа Петровиќ „Орце Николов“Филип Мисилов „Јахја Кемал“ Ментори на натпреварите од средните училишта се наставниците:Ментори на натпреварот по германски јазик и книжевност на РМ се:Наташа Мирческа, СУГС„ Раде Јовчевски-Корчагин”Дана Арсова, ПСУ„Јахја Кемал-Карпош“Ана Симоноска, СУГС „Јосип Броз -Тито“Muarem Ajdari, СУГС „Зеф Љуш Марку”Анита Сталевска, СУГС „Георги Димитров“Билјана Пејовска, СУГС „Георги Димитров”Ментори на натпреварот по англиски јазик се:Леонора Каталиниќ, СУГС „Раде Јовчевски -Корчагин “Благица Блажевска Богдановска, ПСУ „Алгоритам”Бојана Крајновиќ Петровска, СУГС „Никола Карев” Ментори на натпреварот по филозофија се:Јулијана Јолевска, СУГС „Орце Николов“Даниела Николова, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“Ментори на натпреварот за латински јазик се:Ивица Весов, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“Ема Андоновска, СУГС „Јосип Броз-Тито“Ленче Мишова, СУГС „Георги Димитров“Лидија Гелевска, СУГС „Никола Карев”Ментори на натпреварот по биологија се:Симона Јовевска, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“Радмила Стројманова, СУГС „Јосип Броз-Тито“Нена Милковски, ПСУ„Алгоритам”Елизабета Сарафимова, СМУГС„Д-р Панче Караѓозов“ Ментори на натпреварот по географија се:Лилјана Јовановска, СУГС „Орце Николов“Петар Саздов,СУГС „Георги Димитров“Пане Перуновски, ПСУ „Американска Гимназија Скопје”Елизабета Брсакоска Георгиевска, СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен”Ментори на натпреварот по физика се:Елизабета Поповска, СУГС„Орце Николов“Станиша Вељковиќ, ПСУ„Јахја Кемал-Карпош“Сабире Алкин, ПСУ„Јахја Кемал-Карпош“Ментори на натпреварот по француски јазик се:Јулијана Јозиќ, СУГС „Георги Димитров“Татјана Димовска, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“Билјана Димовска, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“Сузана Дулеска, СУГС „Орце Николов“Слаѓана Стојановска, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“Ментори на натпреварот по хемија се:Елизабета Николовска Софрониевска, СУГС „Орце Николов“Ирина Ѓоргиевска, ПСУ „American School Macedonia“Гордана Геческа, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“Ментори на натпреварот за млади музичари и интерпретатори се:Силвана Гелевска, СУГС „Јосип Броз-Тито“Јовче Петковски, СОСУ „Илинден“Кристијан Стојановски, СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“Ментори на натпреварот по информатика се:Nahit Yilmaz, ПСУ„Јахја Кемал Колеџ“Ментори на натпреварот по математика се:Саше Ѓорѓиески „Јахја Кемал“Филип Николовски „Гимназија НОВА“Мевљудин Даути „Јахја Кемал“Zuhal Ozum „Јахја Кемал“Јилмаз Деликташ „Јахја Кемал“Софија Брезовска Темелковска СУГС „Орце Николов“Градот Скопје обезбеди финансиска поддршка на средните училишта-домаќини на регионалните натпревари (Скопски регион), како и благодарници и парични награди на највисоко рангираните средношколци од средните училишта на подрачјето на Град Скопје и на нивните ментори.Во текот на учебната 2018 и 2019 година реализирани се натпревари по следниве наставни предмети: математика, информатика, германски јазик, англиски јазик, хемија, географија, физика, француски јазик, биологија,филозофија и латински јазик.Од вкупниот број на учесници на сите натпревари на скопско регионално ниво, наградени се 62 ученици што имаат постигнато највисок резултат и 3 училишта за групни категории.

Скопје | пред 6 години

ovosje

Поради зголемен обем на работа и извоз на коскесто овошје Државната фитосанитарна лабораторија ќе работи и во сабота

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека поради зголемениот обем на работа и извоз на коскесто овошје на пазарите во Европската унја и во Руската федерација, а во интерес на земјоделските производители и откупувчи, Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) при МЗШВ ќе работи и во сабота 15.06.2019 година, но само за анализи за испитување на габата „Monilinia fructicola“ кај коскесто овошје.Доставувањето на мостри за испитување на присуство на габата „Monilinia fructicola“ ќе може да се направи во периодот од 08:30 часот до 13:00 часот во Државната фотосанитарна лабораторија.Државната фитосанитарна лабораторија работи согласно акредитираните методи односно протоколите на Европската Медитеранска организација за заштита на растенијата, при што добиените резултати се веродостојни и прифатливи за извоз.Резултатите од лабораториските анализи од ДФЛ ја пратат пратката од коскесто овошје при извоз на рускиот пазар и се важни особено во овој период кога е зголемен извозот на коскесто овошје.

Македонија | пред 6 години

policija

Нова полициска акција - апсење во Арачиново

Рано изутрина имало акција за апсење која ја извеле специјалните единици на МВР во Синѓелиќ и околината на Арачиново, дознава Вечер.Како што пренесува весникот, акцијата ја извеле специјалните единици на МВР во Синѓелиќ и околината на Арачиново. Упасен е Абдула Садики, уште еден важен член на криминланата група Беланоца, што е продолжение на претходната акција. 

Скопје | пред 6 години

02

(ВИДЕО) Заев: Уверени сме дека Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година

Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик претседателот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска беа примени од канцеларката на СР Германија Ангела Меркел.Канцеларката Меркел информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.Премиерот Заев на средбата рече дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан.Беше истакнато дека СР Германија е наш стратешки партнер со кој заедно работиме на политиките за помирување на Западен Балкан, на стабилизацијата на регионот и на обезбедување економски напредок и демократска трансформација, процес којшто ќе заврши со нашето интегрирање во ЕУ.Претседателот на Владата на РСМ Заев, на средбата нагласи дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ, и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември.На средбата на делегацијата на Владата на РСМ во Берлин, се потврди дека во СР Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ. Силно е уверувањето дека оваа година започнуваме преговори за членство со ЕУ и им се придружуваме на Србија и Црна Гора.

пред 6 години

velosiped-3

(ФОТО) „Гигански велосипед“ поставен во Скопје, целта е да се подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди

Урбаната уметничка акција - Гигански велосипед, акцијата има цел да ја подигне видливоста на проблемот со крадењето велосипеди во Македонија, проблем кој тангира преку 150 000 граѓани кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство.За жал многумина велосипедисти изминативе години останаа без своите велосипеди кои организираните крадци на велосипеди ги крадат секаде и во секоја прилика .Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70 000 велосипеди односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаогја секој 1000ти велосипед.Велосипедот е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри.

Скопје | пред 6 години

stolbovi-za-panoramsko

Се уриваат бетонските столбови на кои требаше да стои панорамското тркало

Екипи на ГП „Бетон“ вчера почнаа со уривање на бетонските столбови во реката Вардар на кои требаше да стои панорамското тркало од проектот на Владата на Никола Груевски „Скопје 2104“, објави СДСК.МК„Според новиот проект, сите 4 бетонски столбови ќе се урнат и со тоа коритото на реката Вардар ќе биде ослободено. Летово треба да завршат градежните работи за изградба на мостот, со што ќе бидат остранети и препреките кои се наоѓаат на кејот со кои сега е блокирано движењето“, велат за СДК.мк  од кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.Текстот во целост на: СДСК.МК

Скопје | пред 6 години

asanz-2

Потпишано барањето за екстрадиција на Асанж во САД, таму ќе одговара за шпионажа

Британскиот министер за внатрешни работи откри дека го потпишал барањето за екстрадиција на коосновачот на Викиликс, Џулијан Асанж, во САД, каде што е обвинет за прекршување на законот за шпионажа.Барањето било испратено на 6-ти јуни.Инаку основачот на Викиликс беше уапсен на 11 април во Амбасадата на Еквадор во Лондон каде престојуваше седум години за да избегне апсење под обвинение за силување во Шведска.Австралиецот, на возраст од 47 години, исто така беше уапсен во врска со барањето за екстрадиција во САД. Вашингтон го дефинира како закана за националната безбедност и сака да го изведе пред суд. На крајот на мај, американските власти покренаа уште 17 обвиненија против Џулијан Асанж.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања