Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Zaev_Merkel

Заев се сретна со Меркел,изјава од премиeрот во текот на денов

Премиерот Зоран Заев утрово се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел. Неофицијално средбата траела 40-тина минути.  По состанокот не беа предвидени изјави за медиумите. Тој е во посета на Германија од вчера, а денеска му се придружиja вицепремиерот Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.Засега нема ниту официјални ниту неофицијални информации за исходот од состанокот од кој се очекуваше одговор на прашањето дали С. Македонија може да се надева на одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ летово или наесен.Подоцна во денот е најавена изјава од премиерот Заев.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Пешак тешко повреден откако го удрил автомобил

На 12.06.2019 година во 20.55 часот на улица „Теодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило „БМВ“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.С.(36) од Кочани, удрило во пешакот Ј.С.(52) од с.Оризари, кочанско.Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Ј.С. и била пренесена во Јавнат здравствена установа Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Охриѓанец моторциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 12.06.2019 година во 15.15 часот на крстосницата од улиците „Владимир Полежановски“ и „Рајко Жинзифов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хонда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(23) од Охрид и патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(68) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Д.П. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Тешка сообраќајна несреќа почина едно лице

На 12.06.2019 година во 15.35 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(52) од Радовиш и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(57) од Скопје.Од здобиените повреди, возачот на патничкото возило И.М. починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Македонија | пред 6 години

voz

Се судрија „БМВ“ со италијански национални ознаки и товарен воз

На 12.06.2019 година во 17.00 часот било пријавено дека на железнички премин од пругата Велес-Битола кај поранешната фабрика „Киро Ќучук“ во Велес се случила железничка незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Е.(48) од с.Долно Јаболчиште и товарен воз, управуван од Д.Н.(53) од с.Лопате, кумановско.Железничкиот сообраќај на релација Велес-Битола бил во прекин од 17.00  до 19.40 часот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 6 години

B75B4DBE-0AA2-4DE6-BA46-D528B376916B

МВР за сообраќајната несреќа во која загинаа две лица

На 12.06.2019 година во 22.00 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(21) од с.Батинци, скопско и патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(48) од Скопје.Двајцата возачи починале на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Скопје | пред 6 години

stop-policija

Што затекна МВР по скопските сообраќајници - Возачи без возачка и непочитување на сообраќајни правила

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 12 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач – почетник, кој не ги почитувал законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи 17 биле нерегистрирани, четири возила затоа што биле технички неисправни и едно возило поради претовар.Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 80 мандатни платни налози и 49 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Скопје | пред 6 години

mvr

МВР објави оглас за вработување на 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600 полицајци во повеќе сектори низ Македонија.Во огласот се наведени потребните услови за да може некој да конкурира. Меѓу другото, потребно е најмалку средно образование, добро познавање на македонскиот јазик, одредена височина за жени и за мажи и посебни психо-физички способности.Конкурсот трае 15 денови.На овој линк се сите потребни услови и документи :https://mvr.gov.mk 

Македонија | пред 6 години

crven-krst

Тимови на Црвен крст ќе патролираат низ централното градско подрачје и ќе делат совети за заштита од топлиот бран

Од денеска по два мобилни тима на Црвениот крст во периодот од 11:00 до 16:00 часот ќе патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки и притоа ќе даваат совети на граѓани за заштитата од топлотнитиот бран.Од Црвениот крст на Град Скопје, информираат дека за активностите во наредниот период, ангажирани ќе бидат 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од Тимот за спасување на планина и пет возила од кои четири ќе патролираат низ градот, а две за време на викенди ќе бидат дежурни на Планинско спасителните станици Водно и Матка. 

Скопје | пред 6 години

pistoli

Кај скопјанец пронајдени пиштол, куршуми, кокаин и амфетамини

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против А.С.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 11.06.2019 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот А.С. и при претресот биле пронајдени и одземени пиштол „CZ 100“ калибар 9мм, 10 куршуми калибар 9мм, 14 куршуми со калибар 7,62х39mm, кокаин, амфетамини и неколку предмети со остатоци од кокаин.Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица.

Македонија | пред 6 години

merkel-zaev-1

Денеска средба Заев - Меркел

Премиерот Зоран Заев денеска во рамки на дводневната посета на Германија ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел. Една од клучните теми на оваа средба ќе биде датумот за старт на преговорите со ЕУ што треба да биде утврден и на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни во Брисел.На средбата премиерот ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Власта ги задолжи граѓаните за нови 8 милиони евра

Власта и натаму безмилосно ги задолжува македонските граѓаните за милионски суми. Власта ги задолжи граѓаните за нови 8 милиони евра, со што нето долгот за последниве две години надмина половина милијарда евра. Каде се завршија овие пари, пари на македонските граѓани?Македонија полека, но сигурно се движи кон должничко ропство и непосакуваното грчко сценарио, поради расипничкото работење на власта. Јавниот долг ја надмина и опасната граница од над 50 проценти од бруто домашниот производ, а за жал македонските граѓани не видоа ниту еден проект на владата на СДСМ и Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Аболицираниот Заев и неговата криминална банда секојдневно ги задолжуваат граѓаните, а притоа реализацијата на капиталните инвестиции за првите 4 месеци е катастрофална и е под 10 проценти. Во превод Заев и неговите министри не работат ништо, нема нови капитални проекти, нема школи и градинки, болници, патишта и автопати.Граѓаните со секој нов корупциски скандал на власта го добиваат одговорот каде завршуваат нивните пари, нивните пари завршуваат во џебовите на партиските пајташи од СДСМ и луѓето блиски до власта. Парите на граѓаните се трошат за партиски вработувања, за непотистички вработувања и за криминални тендери и грантови.Македонската економија е пред колапс, Заев мора веднаш да ги симне розовите очила и да се соочи со фактот дека повеќе од половина милион граѓани живеат со еден оброк на ден, под прагот на сиромаштијата. Доколку Заев тоа не го стори набрзо ќе соочи со гневот на граѓаните на следните парламентарни избори, каде граѓаните ќе стават крај на неговата трагична политичка кариера, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ:Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет додека Вељановски, Милошоски и Димовски не поднесат оставки

СДСМ покажа дека се менува за напредокот на земјата да продолжи уште позасилено. ВМРО- ДПМНЕ покажува дека кај нив ништо не се менува, напротив, остануваат заглавени во матрицата на Никола Груевски, на одбрана на криминал, деструкција и антидржавно однесување, се вели во соопштението од СДСМ.Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини е пример за висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните. Од друга страна, кај пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела, нема ниту приближно чувство на морална одговорност.Напротив, наместо одговорност тие го бранат криминалот, наместо морално однесување, тие пропагираат деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски против кои се водат судски процеси и истраги за тешки кривични дела не треба да чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си поднесат оставки од своите функции.Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат минимум кредибилитет се додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Tамара е најдобриот годинашен женски евровизиски вокал

23, 3 % од гласачите својот глас  за најдобар женски вокал го дале за македонската претставничка Тамара Тодевска.  Зад Тамара се КејтМилер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар.Во категоријата за најдобра песна, наградата и’ припадна на победничката"Аркада" во изведба на ДанканЛоренсод Холандија. Нашата PROUD беше рангирана на високото 5-то место.Лука Хани од Швајцарија победи во категоријата за најдобар машки изведувач, а по него е победникот Данкан а талијанецот Махмуд на третото место.Норвежаните КЕИНО се прогласени за најдобра група.Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од  1 до 10 јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.

Магазин | пред 6 години

bazen-london-1

(ВИДЕО) Базен на врв од зграда со панорамски поглед на Лондон, но како ќе се стигнува до него?

Новото чудо на архитектурата Базен на врв од зграда со панорамски поглед на Лондон, но како ќе се стигнува до него?Спектакуларниот базен го опфаќа целиот кров на облакодерот и кој ќе ви овозможи истовремено да уживате во водата и неверојатен поглед на градот. Базенот е наречен Infinity London, а дело е на Compass Pools. Сместен е на врвот на зграда со 55 ката.Конструиран е од акрил кој емитува светлост слична на таласната должина на водата со цел да изгледа совршено проѕирен. Базенот собира 600 илјади литри вода. И дното му е проѕирно, па овозможува уживање на светот под вас.Контрукцијата на Infinity London ќе почне следната година, а базенот се очекува да биде пуштен во употреба во 2021.https://twitter.com/runthistrain/status/1136809440617873408?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1136809440617873408&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2Fnovosti%2Fsvet%2F68395-kako-najubaviot-bazen-na-svetot-stana-meta-na-potsmev

Магазин | пред 6 години

vreme-1

До сабота сончево и многу топло со температури над 35 степени

Времето денеска претежно сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер  УВ=9 . Утре повторно ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9Според најавите до сабота ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.

Македонија | пред 6 години

B75B4DBE-0AA2-4DE6-BA46-D528B376916B

TPAГEДИJA СО 160 КМ/ЧАС: Cтpaшнa глетка на лицe место, уште два живoти згacнaa на влезот во Драчево

Доцна вечерва, околу 22.30 часот во населбата Пинтија кај салонот за мебел „Мебел-Ви“ се случи koбнa cooбpaќајка во која живoтoт на лицe мecто го зaгyбиja двајца млади од Скопје.Само 20-тина дена по тpaгeдиjaта во која зaгинa цело семејство кај бензинската „Лукоил“ на влезот во населбата Драчево, само стотина метри подолу вечерва во 22.30 часот нacтpaдaa две млади лица. Еден 24 годишник од скопско Батинци, и уште еден 29.годишник од населбата Драчево.Според пpвичнитe нeoфициjaлни информации, во cooбpaќајката во која учествувале возила „Голф“ и „Пежо“, се работи за нecooдвeтна бpзинa и пpeтекнување.Oчeвидци за „Инфомакс“ објаснуваат дека „Голфот“ се движел со oгpoмнa бpзина, некои по слободна проценка објаснуваат дека се работи за брзина над 160 км/час. До koбниoт мoмеeнт дошло кога возачот на „Голфот“ oдлyчил да пpeтeкне, по што директно yдpил во „Пежото“ кое го управувал 29. годишен маж од Драчево.

Скопје | пред 6 години

received_449440338948214

Телата на починатите момчиња се уште на местото на несреќата, пристигнаа и нивни роднини

Роднини на починатите момчиња дојдоа на местото каде се случи страшната сообраќајна несреќа кај Пинтија. Освен нив, таму има очевидци, но и обични граѓани.Телата на момчињата се сеуште на местото каде се случи несреќата и се чека јавен обвинител да изврши увид, за потоа да се утврди причината за несреќата.Предмалку пристигнаа и возила на Брзата помош, откако неколку роднини на загинатите изгубиле свест.Сообраќајката се случи пред два часа. Во нес учествуваа две возила марка Пежо и Голф 5.

Скопје | пред 6 години

received_449440338948214

Детали за ужасната сообраќајка кај Пинтија: Две млади лица починале пред да дојде Брза помош

Две млади момчиња го загубиле животот во страшната несреќа кај Пинтија, во правец кон Драчево. Неофицијално, очевидци тврдат дека лицата биле починати уште пред да дојде Брзата помош.Во несреќата учествувале два автомобили, кои се скоро целосно уништени.Несреќата е во близина на салонот “Мебел Ви”. На местото има полиција која право увид, но и насобрани граѓани, од кои дел се сведоци на несреќата.

Скопје | пред 6 години

62528424_509774152897882_8887209009635917824_n

ВИДЕО: Тешка сообраќајка во близина на Пинтија, има загинати

Тешка сообраќајка се случи предмалку на Првомајска, во близина на Пинтија. Неофицијално учествувале две возила, а загинале две лица.Сообраќајот е блокиран. Повеќе информации наскоро.[embed]https://www.facebook.com/eri.cila/videos/2266749376743819/?t=1[/embed]

Скопје | пред 6 години

latas-sudenje-32898932

Ограбена адвокатката на Латас, бара крадецот да и го врати “тулето”, оти инаку ќе зажалел

Адвокатката Анита Бегова која го застапува Драган Павловиќ-Латас пред судот за случај кој го води СЈО против него, на социјалните мрежи се пожали дека и го украле “тулето”. Всушност, тоа е носач за скии или куфер кој се става над кровот од автомобилот. Таа побара крадецот да и го врати за да не зажали.“Ноќта на 11.06.( понеделник спрема вторник) во Капиштец е украдено Туле! Поздрав до лоповот - од погрешна особа си украл, биди паметен и вечерва врати ми го тулето, колата ми е паркирана во истиот ред, во спротивно биди сигурен дека ќе те најдам, а кога ќе те најдам ќе зажалиш за кражбата”, напиша Бегова во групата Ѕид на сообраќајниот срам.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Богдановиќ: За време на викенди, Дебар Маало ќе биде претворено во пешачка зона

Гостин во Централниот Дневник на 1ТВ беше Саша Богдановиќ, актуелен градоначалник на општина Центар кој зборуваше за рушењето на дивите тераси во Дебар Маало.„Ние веќе подолго време апелираме и имавме извршување на решенија, но очигледно не им доаѓа памет. Пробувавме културно со разговор да дискутираме за тоа до каде може да се користи јавниот простор. Има некоја стара навика која се случувала во минатото и тоа значи дека никој претходно не реагирал. Многу мал дел имаат постапено самите, другите се дадени на извршување“, реше Богдановиќ, кој истакна дека не постапуваат селективно, бидејќи постојат решенија за отстранување. Повеќе на 1tv.mk

Скопје | пред 6 години

CLzV4-yabe-2-620x350

Венчале две жаби, па ги испратиле на меден месец

Кога времињата се тешки, мора во нешто да верувате. Така народот во Удупи, град во Индија, верува дека најдобриот начин да се изборат со сушата е да одржат венчална церемонија на две жаби.Граѓаните од Удупи, на 8-ми јуни организирале хинду венчавка на две жаби, која традиционално ја нарекуваат „Mandooka Parinaya“, односно венчавка на жаби. Учесниците на оваа церемонија веруваат дека така ќе се смират боговите на дождот и дека на тој начин ќе се спасат од сушата.[embed]https://twitter.com/sridharvMIRROR/status/1137342322541096961[/embed]Жабите ги фатиле во едно село и ги нарекле Варун (бог на водата) и Варша (што значи дожд).На жабите им е сошиена традиционална облека, а ги испратиле и на меден месец во едно село во близина на споменатиот град.Иако оваа церемонија е доста необична, прилично е честа појава во Индија.извор tocka.mk

Свет | пред 6 години

taravari

Таравари: Половина од поранешниот режим е дел од новата „реформска” Влада

Градоначалникот на Гостивар и екс министер во владата на Зоран Заев, Арбен Таравари посакува метлата на премиерот да заигра онаму каде што се предизвикува гниењето и трулежот на власта и системот. Тој во интервју за „Економски Лидер” вели дека доволно е да се спомене само зборот ДУИ.- Метлата доаѓа по притисокот од ДУИ што го врши на ниво на Владата, со цел да се спречат реформите на локалната власт во Гостивар. Ние овде, заеднички, ги победивме ДУИ и СДСМ, кои имаа свој кандидат за градоначалник на Гостивар. Значи, гостиварчани, со 17.000 гласови одлучија нивната општина да биде раководена од кадар на Алијансата за Албанците (АА), односно одлучија иднината во својата општина за образование, култура, урбанизам, инвестиции да ѝ ја доверат на една релативно млада екипа во политиката. Едноставно, се одлучија за промени во локалната власт во овој град. Меѓутоа, ДУИ сѐ уште не може да го прифати изборниот пораз во Гостивар. Оттука и наоѓа различни начини на опструкција на работата на локалната власт. Како го прави тоа? Два пати ги одзема ингеренциите во образованието, праќа различни инспекции и ревизии, со цел граѓаните да мислат дека никој друг, освен нив, не може да раководи со општините и Владата. Но, луѓето знаат да проценат и да анализираат, тие сѐ повеќе нѐ поддржуваат и имаат разбирање за сите пречки и опструкции од ДУИ преку централната власт. Јас верувам дека премиерот Заев е во тешка позиција, го разбирам и него, му требаа бројки за одредени процеси, а од друга страна не можеше да се спротивстави на притисоците од ДУИ, вели Таравари.За метлата вели би сакал да има промени.- Искрено, би сакал да има промени во Владата, бидејќи, навистина, на РСМ ѝ требаат реформи, луѓето сакаат да живеат квалитетно и спокојно во својата држава. При формирањето на оваа Влада, чиј дел бевме и ние во текот на првите 4 месеци, граѓаните очекуваа промени и реформи, меѓутоа следуваше огромно разочарување. Половина од режимот се смени, меѓутоа другата половина од поранешниот режим продолжи да биде дел од новата „реформска” Влада, без чии пратеници не беше возможно да се оформи ново мнозинство. Останатиот дел на режимот, односно ДУИ, почна да ја индуцира новата половина на Владата и, на крај, ги видовме резултатите од 21 април 2019 година, на претседателските избори. Нормално, како локална власт, многу ни е битно да имаме конструктивна и добронамерна Влада, со која ќе се комуницира на коректен начин, со цел заеднички да бидеме сервис на граѓаните. Има повеќе институции во општината кои се под надлежности на централната власт, па оттука неопходна е добра комуникација меѓу централната и локалната власт. Но, оваа комуникација со општина Гостивар досега не се одвиваше како што треба, а ние сме потполно свесни дека сето тоа се случуваше под притисок на ДУИ, кои се на власт речиси 17 години, без да бидат реформирани. Сега како партија, тие го „одживеаја“ своето, треба да одат во опозиција. Алијансата за Албанците има улога да го помогне и придвижи овој процес со победа на следните парламентарни избори, вели тој.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

КОСОВО СРАМИ СЕ: Каде е македонската делегација на прославата?

Порославата на Косово наиде на доста критики, така упати и поранешниот премиер на Македонија, Љупчо Георгиевски сегашен прецедател на ВМРО-Народна партија.Неговата објава ви ја прикажуваме во целост.– На прославата по повод дваесет години од влегувањето на НАТО во Косово како што забележав немаше покането делегација од Македонија.Да се игнорира Македонија во нејзината улога на комплетната логистичка поддршка на НАТО интервенцијата, бегалската криза и последиците што ги имаше за нашата земја. Па дури и самиот крај: согласноста само преку Македонија да се влезе со копнена офанзива.А потоа ни вратија со воена агресија.За потсетување, на денешен ден пред 20 години меѓународните трупи навлегоа на Косово, откако два дена претходно кај Куманово беше потпишана „Кумановската спогодба“, со што завршија бомбардирањата на НАТО врз тогашна СР Југославија.извор извор magazin.mk

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања