Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

bazen

Трагедија: Се удави 14- годишно девојче во базенот Довлеџик во Битола

14- годишно девојче се удави во  базенот Довлеџик во Битола, кој оваа сезона не е отворен за посетители.  Несреќата се случи денеска на пладне,  а битолската полиција го потврди настанот, без да соопштат други детали. Базенот Довлеџик е во сопственост на ЈП „Стрежево“ но под концесија бил издаден во 2017 година на фирма од Битола.Од Клиничката Болница во Битола велат дека девојче на возраст од околу 13 до 14 години било донесено на Ургентното Одделение во безживотна состојба без никакви знаци на живот, после пад во базен во Битола.Од битолската болница велат дека девојчето во урегнетното одделение е донесено без знаци на живот, а безуспешни биле обидите на лекарите за негова реанимација. 

Македонија | пред 6 години

policija-5

Добил порака дека му е киднапиран синот, момчето пронајдено, но се расчистува случајот

На 11.06.2019 година во 19.50 часот во СВР Скопје, 48-годишен маж од Скопје пријавил дека добил порака од непознат телефонски број дека неговиот 14-годишен син бил грабнат. Веднаш се преземени соодветни мерки и момчето е најдено кај друг малолетник. Малолетникот е приведен во полициска станица. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

policija-4

18 годишен Скопјанец го нарушувал јвниот ред и мир, па нападнал полицаец

На 11.06.2019 година околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Тодор Чангов“ Д.К.(18) од Скопје го нарушувал јвниот ред и мир.Полициски службеник излегол на местото и го затекнал Д.К., кој избегал кон својот дом на ул.„Гаврил Константиновиќ“. Полицискиот службеник тргнал по него и во дворот од куќата бил физички нападнат од Д.К.. По преземени мерки, Д.К. бил лишен од слобода и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Му се заканувал со нож поради недоразбирање во сообраќајот

На 11.06.2019 година околу 16.10 часот во Полициската станица Струга, В.С.(33), кој живее и работи во Германија, пријавил дека околу 15.30 часот на регионалниот пат Дебар-Струга, кај крстосницата за село Ложани, додека управувал патничко возило „Фолксваген Пасат“ со германски национални ознаки, бил пресретнат од друго патничко возило „Фолксваген Пасат“, кое го управувало непознато лице. Според пријавеното, лицето излегло од возилото и на В.С. му упатило закани со нож поради недоразбирање во сообраќајот, по што заминало од местото.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Со фалсификување на диплома за завршено средно образование се вработил како професионален војник, па како полициски службеник

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.И.(47) од село Лојане, општина Липково, полициски службеник во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.На точно неутврден датум пријавениот извршил фалсификување на диплома за завршено средно образование, издадена од средно училиште „25 Мај“ од Прешево, Република Србија. После тоа, на почетокот на 2003 година ваквата диплома ја приложил во Министерството за одбрана при склучување на договор за вработување како професионален војник. Исто така, кон средината на 2005 година, ваквата диплома била употребена и при склучувањето на спогодба за преземање на работник во Министерството за внатрешни работи, со што пријавениот засновал работен однос како полициски службеник.На 07.07.2005 година Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен акт против пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а во врска со употребата на наведената лажна диплома при засновање на работен однос. По ова, на 19.03.2007 година Основниот суд Куманово донел пресуда со која го осудил пријавениот како виновен, за што не го известил Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 6 години

kucinja-skitnici

Маж и дете каснати од кучиња скитници

На 11.06.2019 година во 19.15 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Г.(53) од Скопје пријавила дека на булевар „Јане Сандански“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.На 11.06.2019 година во 18.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.М.(38) од с.Волково, скопско, пријавил дека во с.Ново Село, општина Ѓорче Петров, неговиот 12 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата рака.

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Кај Велешани пронајдени марихуана, хашиш, амфетамин и екстази

СВР Велес поднесе кривична пријава против Љ.О.(20), Т.Ј.(28) и Ѕ.М.(22), сите од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 28.09.2018 година во Велес полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што кај првопријавениот пронашле и одзеле марихуана, кај второпријавениот пронашле и одзеле марихуана и хашиш, додека кај третопријавената понашле и одзеле амфетамин и екстази.

Македонија | пред 6 години

seca

Кривична за шумочувари, ја злоупотребиле службата

СВР Велес поднесе кривична пријава против Љ.П.(54) во Велес, Р.Х.(55) од село Бузалково, Р.А.(30) од Велес, Д.П.(44) од Велес, С.П.(35) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.Во текот на јули 2018 година во атар на село Сулаклари, велешко, второ и третопријавениот, како шумочувари во Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес, пронашле бесправно исечени огревни дрва. По ова, првопријавената, како раководител на Шумско стопанство „Бабуна“ - Велес, спротивно на Законот за шуми, не го известила државниот инспектор за шумарство и ловство за пронајдената дрвна маса, а четврто и петтопријавениот, како магационери во Шумско стопанство „Бабуна“ - Велес, му издале испратници на трето лице за превоз на дел од пронајдената дрвна маса, додека второ и  третопијавениот со пропуштање на должен надзор го овозможиле тоа.Исто така, пријавените му го вратиле претходно одземениот трактор на Д.П., кој на 10.07.2018 година на наведената локација, од страна на вработени во Шумска полиција Велес, бил затекнат како врши утовар од наведената бесправно исечена дрвана маса, без соодветна документација.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Се воведува привремен сообраќаен режим на дел од Булеварот партизански одреди

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре (13.06.2019 година, четврток) поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот Партизански одреди, на потегот од булеварот 8.Септември до мостот „Обединети нации“, ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот.Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази - во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот Партизански одреди, на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата Лондонска, во насока на движење кон центарот на градот, но нема да има промена на режимот на движење на автобусите на ЈСП.Измената во сообраќајниот режим на овој дел од булеварот ќе важи до завршување на градежните активности за реконструкција на коловозот.

Скопје | пред 6 години

SOOBRAKAJKA

(ВИДЕО) Семејство од Скопје загина во сообраќајна несреќа во Италија, преживеало само бебето

Ебубекир Сулејмани и нејзината сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години,  го загубиле животот  во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека шестмесечното бебе кое било на задното седиште, останало живо, пренесува Журнал.Несреќата се случила на автопатот Пјаченца – Торино, кога автомобилот со скопски регистарски таблички удрил во задниот дел на камион кој се наоѓал на делот за одмор од автопатот.Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор. Несреќата се случила кога се враќале кон Франција.Според италијанската полиција, причина за несреќата била премореноста на возачот.https://twitter.com/Tg3web/status/1138392357555048450?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1138392357555048450&ref_url=https%3A%2F%2Fnezavisen.mk%2Fvideo-tragichen-odmor-za-semejstvo-od-skopje-tatkoto-i-majkata-zaginaa-bebeto-prezhivelo%2F 

Македонија | пред 6 години

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

(ВИДЕО) Велковски: Исклучените од парно веќе нема да плаќаат надомест

Од месец Април оваа година оние граѓани кои се исклучени од парно греење нема да плаќааат никаков надомест, а сметката ќе се намали на оние кои се приклучени. На овој начин се доаѓа до решение да се намалат трошоците на оние кои што ја користат оваа услуга –рече пратеникот Диме Велковски.Со оглед на тоа дека процентот на данокот на додадена вредност го намалуваме од 18 отсто на 5 отсто доаѓа до уште поголемо намалување на сметките на корисниците на парно греење.Ова воедно истакна пратеникот Велковски е исполнување на ветувањето кон граѓаните од страна на Владата и парламентарното мнозинство, но и поддржано од страна на опозицијата.

Скопје | пред 6 години

1-8

Николовски: Реконструкцијата на домот „Стив Наумов“ е само еден сегмент од нашата посветеност да ги подобриме условите на студентите

Директорот на  Државниот студентски центар „Скопје“, Дарио Николовски денеска на прес–конференција информираше за последната одлука на Владата на Република Северна Македонија, според која Министерството за образование е задолжено да го реконструира Студентскиот Дом „Стив Наумов“ и во целост да ги стави функција сите 1221 легла во зградите 1,2 и 3.Истакнувајќи дека на овој начин на студентите ќе им се овозможат достоинствени услови за живот и учење, Николовски посочи Студентскиот центар заедно со Министерството за образование и наука и со Владата на Република Северна Македонија, интензивно работи на подобрување на условите и во другите студентски домови, односно дека на почетокот на годинава беа реновирани блоковите В и Г во Студентскиот дом Гоце Делчев.Николовски додаде дека паралелно се води грижа и за парковите во студентските домови.„Ја цениме поддршката што во континуитет ни доаѓа од Владата на Република Северна Македонија. До сега, 2 пати финансиски не поддржа со покривање на режиски трошоци од над 100 милиони денари со што се подмирија дел од наследените долгови и се одблокира нашата работа. Во процедура е предлог законот за изменување на законот за студентскиот стандард по скратена постапка, со цел да се овозможи државата да може да ги подмири долговите во делот на режиските трошоци, а истото да го направи и за сите други работи.После повеќе од 13 години ќе се создаде можност оваа задолжена институција да застане на здрави нозе и да работи во служба и за добро на студентите“, рече меѓу другото директорот на Државниот студентски центар „Скопје“, Дарио Николовски.Менувајќи го системот на греење од мазут на системот на централно греење на БЕГ во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, Николовски пред претставниците на медиумите потенцираше дека Државниот студентски центар е една од првите државни институции којашто се вклучи во Планот за чист воздух и институција којашто ќе ги намали трошоците за греење.„Потпишавме меморандуми за соработка со општините Центар и Гази Баба, а во наредниот период ќе потпишеме исти такви меморандуми и со општина Карпош и Град Скопје со цел заеднички да се посветиме на работа во интерес на студентите, за поголемо ниво на одржување на хигиената, безбедноста и уредување на јавните површини. Исто така, потпишавме меморандум за соработка со МОФ и преземавме обврски заедно да работиме на повеќе проекти. Заедно со МОФ работиме и на истражување на студентскиот стандард со цел да ги подобриме условите и начинот на живеење“, додаде Николовски.На денешната прес-конференција Николовски истовремено потсети дека од сега сите студенти имаат можност да аплицираат за европската младинска картичка со којашто ќе можат да ползуваат многу бенефиции и можности и додаде дека во тек е процес за потпишување на меморандум помеѓу Министерствата за финансии и за образование и наука и KFW банка, со којшто би се подобрила енергетската ефикасност на сите студентски домови во државата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Општина Охрид упатува јавна осуда за поединечните случаи на труења на кучиња скитници

Општина Охрид упатува јавна осуда за поединечните случаи на труења на  кучиња скитници по охридските улици кое беше евидентирано во текот на изминатиот период.Апелираме до несовесните граѓани да не ги повторуваат ваквите постапки со што ќе придонесат за хуман теретман кон овие животни. За таа цел општината ќе ги засили редарските служби кои е планирано да работат во три смени, во текот на летниот период.Локалната самоуправа во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ до сега презеде низа конкретни мерки за решавање на проблемот со бездомните кучиња согласно сите позитивни законски прописи.Оформена е шинтерска служба во рамки на јавното претпријатие, обезбедени се услови во стационарот во „Муцкер”, набавени се две возила и комплетна опрема за заловување и избрана e фирма која ќе ги дава потребните ветринарни услуги на стационарот. Исто така спроведена е постапка за јавна набавка и потпишан е договор со правно лице за дезинфекција и дератизација на прифатилиштето за кучиња, а спроведена е и соодветна законска постапка за набавка на храна за кучињата. Испратен е допис до Агенцијата за храна и ветеринарство и се очекува добивање на дозвола за работа на прифатилиштето.Законските норми предвидуваат заловување, стерилизација на бездомните кучиња и нивно враќање на местото каде што биле заловени, се вели во соопштението од Одделение за односи со јавност при Општина Охрид.   

Македонија | пред 6 години

memorandum

Потпишан Меморандум за соработка меѓу обвинителствата на Република Северна Македонија и Република Италија

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Националното обвинителство за гонење на мафија и на тероризам на Република Италија денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање и заедничка соработка.Документот предвидува соработка во борбата против криминалот, особено во неговите организирани форми, како и против тероризмот.„Соработката меѓу државите е многу значајна за справување со ваквиот криминал. Ниту една држава сама и изолирана не може ефикасно да се избори со организираниот криминал, бидејќи тој не познава граници, не познава нации, вера или политичка и старосна припадност. Тој длабоко навлегува во сите сфери и ги засега и загрозува сите“, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески при потпишувањето на Меморандумот.Како дел од идната соработка, двете институции ќе разменуваат искуства и информации за тековни истраги, како и податоци за правните системи во двете држави.„Ваквиот криминал е закана и за слободата и демократијата на секоја земја. Тој пенетрира во економијата и таму каде има успех, навлегува и во политичкиот систем“,изјави Федерико Кафиеро Де Рахо, Национален јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам на Република Италија.Во рамките на посетата на италијанската делегација, во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се одржа конференција „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“.„Разновидниот криминал тежнее да се прилагоди кон сите системи и да најде пукнатини и алатки кои ќе ги користи во своја полза, а на штета на граѓаните. Организираниот криминал е многу близок со меѓународниот тероризам. Примарна за нас е соработката со сите кои се борат против оваа цел“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.“Министерството посветува големо внимание на создавање на правната рамка за борба против организираниот криминал како и на зајакнување на капацитетите и зголемување на ефикасноста на меѓународната соработка“, рече министерката за правда Рената Десковска.На конференцијата се дискутираше и за аспектите на полициската соработка меѓу двете земји.Делегацијата на Република Италија беше предводена од Федерико Кафиеро Де Рахо, национален јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам и Франко Габриели, директор на италијанската полиција – генерален директор за јавна безбедност.Конференцијата беше организирана во рамките на Проектот ЕУ ИПА-2017 „Сузбивање на тежок криминал во Западниот Балкан“, а со поддршка од Германското друштво за интернационална соработка – ГИЗ. 

Македонија | пред 6 години

Zaev_Merkel

Заев и делегација на Владата на РСМ во дводневна посета на Берлин на економски форум и средба со канцеларката Меркел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на заменик претседателот на Владата на РСМ задолжен за координација со економските ресори Кочо Анѓушев, од 12 до 13 јуни ќе престојува во Берлин, СР Германија како почесен гостин на годишниот прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство во Берлин, и ќе земе учество на економскиот форум во организација на здружението.Премиерот Заев на 12 јуни, на свечениот годишен прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство ќе има свое обраќање на тема „Реформите во стопанството и општеството - Патот на Северна Македонија во ЕУ“, и ќе земе учество во панел дискусијата насловена „20 години од Пактот за стабилност за ЈИЕ-перспективите за регионална соработка“.На 13 јуни, премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев ќе се сретнат со повеќе високи претставници на дел од најголемите компании на СР Германија, во рамките на работниот состанок посветен на инвестициските можности во Република Северна Македонија.На Претседателот на Владата на Република Северна Македонија во Берлин, на вториот ден од посетата, ќе му се придружат и заменик претседателот во Владата на РСМ за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, со кои е предвидено да оствари средба со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел.

Македонија | пред 6 години

Jeronim-2-M

Средба на Џафери со Јероним Базо, директор на РАКВИАК - Центарот за безбедносна соработка

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими генералот Јероним Базо, директорот на РАКВИАК - Центарoт за безбедносна соработка.Претседателот Џафери, се заложи за продлабочување на воспоставената соработка со Регионалниот центар за контрола и верификација на вооружувањето и помош во имплементацијата. Воедно, тој стави акцент на принципите за кои се залага РАКВИАК а за кои сме согласни сите дека треба да ги почитуваме, како членки на РАКВИАК, но и како фактори кои треба да дадат значаен и силен придонес во регионалната безбедност.На средбата, генералот Базо изрази големо задоволство за остварената средба и истовремено упати благодарност за успешната конференција на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија и РАКВИАК,  која се одржа минатата година во Скопје. Директорот Базо, ги оцени позитивно актуелните случувања во Република Северна Македонија и рече дека е тоа пример кој треба да го следат сите држави.Во продолжение, двајцата соговорници разменија мислења и изразија верба во понатамошна соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и РАКВИАК во иднина.

Македонија | пред 6 години

IMG_2100

Во Кисела Вода се одбележаа 70 години од завршувањето на граѓанската војна во Грција

Вчеравечер во Домот на културата „Билјана Беличанец“, во Кисела Вода се одржа манифестација по повод 70 годишнината од завршувањето на граѓанската војна во Грција.На свеченоста под мотото „Да не го заборавиме минатото, но да се стремиме кон подобра иднина“ големиот број присутни имаа можност да слушнат сведоштва за граѓанската војна во Грција и од нив да научат нешто повеќе за минатото на Македонците од Егејска Македонија.Покрај ова, бројните гости на изложбата на фотографии подготвена од Александар Литовски, ги видоа страдањата на цивилното население и македонските партизани.„Историјата им се случува на големите држави, ама историјата ја живееме ние обичните луѓе. Зошто ги одбележуваме овие настани, за нас да се сеќаваме на нив, да знаеме од кај сме, да си ги знаеме корените. Не е лесно да создадете дом, да создадете  семејство, да сте на коренот од каде што сте, но овие настани се за нас затоа што основната лекција во науката за идентитетот вели дека од ништо неможе да создадеш нешто, ниеден идентитет неможе од ништо да се создаде. Идентитетот се гради, се носи, се живее, културните елементи си ги носиме самите, ги живееме, се потсетуваме  на нив. Убаво е и младите да ги знаат овие настани, овие лекции затоа што колку повеќе се сеќаваме на нив толку подолго ќе трае нашата култура и нашата сегашност“ - истакна заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов.„Голема е мојата чест, што јас, како градоначалник на Кисела Вода имам можност да се обратам тука, пред вас по повод одбележувањето на 70 години од завршувањето на граѓанската војна во Грција. Истата однесе многу животи, за многу Македоци значеше прогон, изгубен  дом, во многу случаи губење на семејството. Од Македонци, станаа деца бегалци кои никогаш нема да го заборават денот кога загубиле се што имале и станале талкачи во туѓи земји. Македонската историја е мачна на многу страници, но делот со прогонетите Македонци од Егејска Македонија се можеби најцрните од нив. Беа потребни многу години за да се изгради повторно довербата меѓу двете земји, лузните и грдите спомени никој не може да ги избрише, но денес со проактивна политика, веќе градиме нови мостови, на соработка, на пријателство, стремејќи се кон подобра иднина. Затоа и мотото на настанот на настанот организиран од Републичкото здружение на децата бегалци „Т‘ГА ЗА ЈУГ“- „ДА НЕ ГО ЗАБОРАВИМЕ МИНАТОТО НО ДА СЕ СТРЕМИМЕ КОН ПОДОБРА ИДНИНА“, во целост ја отсликува приказната за прогонетиот Македонец и неговата борба и денешна Северна Македонија и нејзиниот стремеж за подобра иднина за сите. Токму затоа, Општина Кисела Вода и јас, како нејзин градоначалник и понатаму ќе продолжиме да го поддржуваме Републичкото здружение на децата бегалци „Т‘ГА ЗА ЈУГ“ кажа во своето обраќање градоначалникот Филип Темелковски.„Оваа година се одбележуваат 70 години од завршувањето на граѓанската војна во Грција. Ова е дел од манифестациите што се одбележуваат во текот на годината, започнавме со „Гоце фест“ потоа со промоција на книги на ученици каде заедно со господинот Петар Атанасов направивме селекција на учениците учесници на конкурсот од цела држава. Избравме три најдобри раскази и три најдобри песни“ - кажа Евгенија Николовска, претседател на Републичкото здружение на децата бегалци Т’га за југ.Николовска во своето обраќање нагласи дека благодарение на градоначалникот Филип Темелковски и заменик министерот, Петар Атанасов се одржа културната манифестација.Прекрасно организираниот настан го проследија градоначалникот на Општина Кисела

Скопје | пред 6 години

most

(ВИДЕО) Потпишан договор за изработка на инфраструктурен проект за изградба на тунелите под скопско Кале

Градоначалникот Шилегов, Претседателот на одборот на директори на компанијата „Мега инженеринг консалтинг АД“ (MEGA ENGINEERING CONSULTING INC), Ајкут Јилдирим и претставникот на Групата на понудувачи – Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии Скопје АД, Борис Танески денеска го потпишаа договорот за изработка основен проект и инфраструктурен проект за измена и дополнување на инфраструктура за сообраќајно решение кое со мост во центарот на градот, тунели под скопското Кале и кружен тек ќе ги поврзува булевар Свети Климент Охридски со булеварите Никола Карев и Македонско-Косовска бригада.Со инфраструктурниот проект се опфатени трите фази за изведба на сообраќајницата во фази, и тоа:- I фаза – изградба на булевар Свети Климент Охридски од пред раскрсницата со булеварот Илинден со изградба на мост и вијадукт до тунелот;- II фаза – изградба на тунелот под Кале;- III фаза – булевар Свети Климент Охридски и раскрсница со булевар Никола Карев и булевар македонско – Косовска бригада, со денивелиран кружен тек- Согласно со договорот, изработката на основниот и инфраструктурниот проект очекуваме да заврши до крајот на оваа година, со што се создаваат услови во текот на следната година, по завршувањето на постапка за избор на понудувач, да се почне и реализацијата на овој клучен сообраќаен проект. Со ова сообраќајно решение на граѓаните на Скопје ќе им биде овозможено од Водњанска до Чаир со автомобил да стигнат за помалку од 5 минути. Со постојната сообраќајна инфраструктура за оваа релација мораа да потрошат во најдобар случај помеѓу 15 и 20 минути движејќи се преку раскрсницата кај Мавровка и Бит-пазар, каде што според нашите податоци дневно поминуваат меѓу 70.000 и 80.000 возила – кажа Шилегов.Шилегов додаде дека очекува за реализацијата на овој проект Градот Скопје да добие и финансиска поддршка од централната власт со цел изградбата на мостот, тунелите и кружниот тек да завршат во најкраток можен рок.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев, што стана со кривичната пријава за Груевски за примен поткуп од 1,5 милиони евра за Македонска Банка

Марионетската власт на Зоран Заев заглавена во безаконие, корупција и криминал во континуитет ја замајува јавноста со смешни обвиненија за поранешниот премиер Никола Груевски за набавката на луксузниот мерцедес во кој сега без проблем се вози и Заев, па за некакви нарачани шамари во општина Центар, за бегството на Груевски, за укинување на пратеничката плата и најново сега со одземањето на пратеничкиот мандат на Груевски, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Манипулациите на Зоран Заев повеќе не минуваат. Заев во предизборната кампања рече дека претходната власт на Груевски украла 5 милијарди евра и дека доколку СДСМ формира влада се ќе им биде одземено и конфискувано.Го прашуваме Заев до каде е со кривичната пријава против Груевски што му ја поднесе во 2014 за примен поткуп од 1,5 милиони евра во врска со продажбата на Македонска Банка. Тогаш Заев изјавуваше дека кривичната пријава е поткрепена со докази, но не очекува постапување од тогашниот обвинител Марко Зврлевски кој го нарекуваше партиска испостава на Груевски.Останува нејсано, зошто сега кога Заев има независен и непристрасен Јавен обвинител, пак нема реакција за кривичната пријава против Груевски. Наместо одземање на украденото од претходната власт на Груевски, секојдевнно гледаме како се редат скандали со кражба на народни пари од Заев, актуелни министри, пратеници, владини советници, општински партиски претседатели на СДСМ кои добиваат лиценци за бизниси, тендери и грантови во милиони евра.За Единствена Македонија нема дилема. Одоговорност за грабежот на народни пари мора да има, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано не само од претходната власт туку од сите криминалци во изминатите 30 години. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите државјани на Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

tripunovski-1

Трипуновски: Нема земјоделски регион во државата каде што нема проблеми

Градинарските култури во струмичко, како што се краставицата, доматот и пиперката се соочуваат со катастрофално ниски цени, кои се надвор од секаква рентабилност, а власта не презема ништо во насока на решавање на проблемите, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Откупот е многу слаб, а кога го има цените се многу ниски. На самиот почеток на откупната сезона цената е под секаква рентабилност. Краставиците се откупуваат за 5 денари, доматите за 15 денари, а пиперката за 20 денари по килограм.Самиот факт што на  почеток на откуп цените се ниски, кажува дека до крајот на сезоната откупната цена ќе биде под секакво ниво и крајно недостоинствена. Доколку во најкраток можен рок власта не преземе нешто во насока на решавање на проблемите на земјоделците повторно ќе бидеме сведоци на зеленчук кој наместо на зелените пазари ќе заврши на локалните депонии.Земјоделците се соочуваат со големи проблеми да обезбедат средства за своите семејства. Инвестирале и работеле, а сега нема да можат ниту да си ја повратат и инвестицијата, а не пак да заработат нешто плус. Заев и Николовски за време на парламентарните избори 2016 година ветуваа загарантиран откуп високи и стабилни откупни цени, но очигледно не мислеле на земјоделските производи, туку на марихуаната која што ја одгледуваат фамилијата Заеви.Додека бизнисот со марихуана на Заеви им цвета, земјоделците кои одгледуваат земјоделски производи не можат да го продадат својот род затоа што власта која што им го вети откупот не им го обезбеди, ниту загарантирани откупни цени.Зоран Заев и министерот Николовски кој не знаеме дали се уште е министер, да излезат на терен и веднаш да преземат мерки за усогласување на откупната цена. Заев наместо да гази црвени теписи низ светот, заедно со само за него успешниот министер Николовски нека се потрудат да обезбедат откуп на земјоделските производи. Земјоделците не смеат да претрпат уште една катастрофална година, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

pendarovski-tusk

Претседателот Пендаровски се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Брисел оствари билатерална средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.Претседателот Пендаровски  се заблагодари на огромната и безрезервна поддршка на претседателот на Европскиот совет и неговите лични заложби и напори за добивање на датум за почеток на преговорите за Северна Македонија.Двајцата соговорници се согласија дека во изминатите две години, државата донесе тешки и храбри одлуки за многу чувствителни прашања и покажа како можат да се решат отворените прашања во регионот во духот на добрососедството.Претседателот Пендаровски истакна дека  Северна Македонија презеде одлучни чекори и во исполнување на реформската агенда со што ја покажа својата посветеност на евроатлантските процеси.На прес конференцијата во својата изјава, претседателот на Европскиот совет Туск рече дека договорите што ги постигна Северна Македонија со Бугарија и со Грција се историски и можат да бидат пример во регионот. Туск посочи дека државата направила се што треба и се што се очекувало од неа, и, местото на Република Северна Македонија е во Европската унија.Претседателот Пендаровски  изјави дека во јуни Европската Унија има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на нашиот регион со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за изградба на  европска држава со праведно, хумано и напредно општество.       

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на Општински организации

Започнатиот процес на промени во интерес на граѓаните, во интерес на иднината, продолжува. Како што најавивме, промените започнуваат одовде, од СДСМ, партијата предводник на Владата и парламентарното мнозинство, партијата предводник на напредокот на државата. Претседателот Зоран Заев, согласно неговите овластувања, назначи 30 претседатели на Општински организации на СДСМ, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ .Половина од назначените, 15 досега, се ново именувани.Би сакал сега да ви ги прочитам, именуваните, 30 претседатели на општински организации.Струга – Соња Стојкоска2. Штип – Александар Кангалов3. Ѓорче Петров – Александар Гиновски4. Карпош – Марија Ѓоргиевска5. Крива Паланка – Михаил Дејановски6. Росоман – Ленче Стојанова7. Свети Николе – Елизабета Јованчева8. Кочани – Гоце Серафимов9. Лозово – Антонио Ангелковиќ10. Виница – Тони Велков11. Пехчево – Славчо Пандурски12. Брвеница – Даниел Антовски13. Кратово – Горан Ковачевски14. Шуто Оризари – Ферат Асан15. Ново Село – Живко Георгиевски16. Чашка – Горан Стојановски17. Берово – Јован Матеничарски18. Делчево – Влатко Величковски19. Крушево – Трајче Калески20. Ресен – Атанас Табаковски21. Теарце – Лазар Ѓоргиевски22. Куманово – Мартин Костовски23. Ранковце – Христина Младеновска24. Центар – Горан ГерасимовскиЧучер Сандево – Ацо Ушковски26. Богданци – Никола Страторов27. Конче – Благој Илиев28. Радовиш – Коле Чаракчиев29. Дебар – Азем Фејзоски30. Охрид – Лазе ТаневскиСтанува збор за одговорни личности, чесни, способни, кои уживаат висок кредибилитет во местата во кои живеат.Во дел од општините каде што СДСМ забележа победа на последните избори реизбрани се претседателите на општинските организации.Во наредните неколку денови ќе бидат назначени претседатели и локални раководства и во преостанатите Општински организации а ќе се заокружат, со сигурност и промените во централното раководство на партијата.Почитувани граѓани,Ова е само еден чекор од суштинските промени кои имаат за цел да внесат нова енергија, нов систем во работата на партијата, во интерес на граѓаните.Како што најавивме, во периодот пред нас следуваат сериозни промени и во централната власт, како и на директорски места на централно и локално ниво.СДСМ се менува за напредокот да продолжи уште позасилено.  

Македонија | пред 6 години

raca-1

(ФОТО) Игралиштето во Охридско Рача како во Чернобил

Змијарник обраснат со трева и реквизити кои се распаѓаат. Ова е глетката на детското игралиште во Рача.На фотографиите кои ни ги испратија жители од оваа населба детското игралиште изгледа слично како оние на фотографиите кои сега се прават во напуштениот град кај Чернобил, 30 години по катастрофата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов: Саемот за безбедност ќе ги информира граѓаните за самозаштита од кражби

Безбедноста на граѓаните на Скопје останува на листата на врвни приоритети на Град Скопје и во таа насока Градот е отворен за соработка и поддршка од секаков тип и на сите институции во чија надлежност е обезбедувањето и зголемувањето на безбедноста на граѓаните. Саемот за безбедност и превенција, кој годинава првпат се одржува во ТЦ „Сити Мол“ под мотото „Живеј безбедно“ ќе им овозможи едукација на граѓаните за превенција, односно за спречување кражби во куќите и во становите за време на летниот период.- Се радувам што саемот одново ја отвора темата за зголемување на безбедноста на живеењето на граѓаните која е од исклучителна важност за жителите на Скопје и за создавањето на услови за нормално функционирање на нашиот град. Во таа насока сакам да упатам искрена благодарност до СВР Скопје кои на висина на задачата со организацијата на овој саем делуваат превентивно преку едукација на зголемувањето на свеста на граѓаните за сите неопходни мерки кои им стојат на располагање да ја зголемат својата лична безбедност, како и безбедноста на објектите во кои живеат и работат – рече градоначалникот Шилегов, на отворањето на саемот.Саемот за безбедност на нашите сограѓани во текот на следниве 3 дена ќе им овозможи на едно место детално да се информираат за програмата на СВР  Скопје и услугите кои институциите и компаниите ги нудат за помош и самозаштита покрај редовното полициско работење, како и за превентивните активности кои полицијата ги презема во соработка со заедницата. На тој начин директно се влијае и на намалувањето на кривичните дела поврзани со кражби, разбојништва и слично, а со тоа и на намалувањето на материјалните штети предизвикани од овој вид на криминалитет.- Досега со СВР Скопје во делот на едукацијата и превенцијата имаме одлична соработка во рамките на повеќе проекти од кои како најсоодветен пример ќе го земам проектот „За безбеден град“. Овој проект опфаќа повеќе теми, меѓу кои зголемување на јавната безбедност, спречување на насилството во јавниот превоз и автобуските станици, како и спречување на насилство за време на спортските натпревари. Со овој проект во текот на минатата година беа реализирани 138 активности во 15 средни училишта – изјави Шилегов.Исто така, во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, Градот Скопје и МВР го реализираа и проектот „Училишни сообраќајни единици“ чија основна цел е подигање на јавната свест за  одговорноста на сите учесници во сообраќајот. Во рамки на овој проект беа формирани мешани единици, составени од ученици од средните училишта и претставници на сообраќајната полиција, кои ги едуцираа учесниците во сообраќајот за сообраќајните правила.Шилегов апелираше на поголема вклученост на граѓаните во проектите од ваков тип, особено во делот на едукацијата и превенцијата бидејќи со заеднички сили можеме да постигнеме многу за поголема безбедност во нашето Скопје.Првиот Саем за безбедност и превенција е организиран под мотото „Живеј безбедно“ од страна на МВР, Одделението за превенција на СВР Скопје во соработка со Комората на РСМ за приватно обезбедување и Скопје Сити Мол. 

Скопје | пред 6 години

leninova-terasi

Слободен печат: Општина центар и полицијата рушат тераси на „Ленинова“

Општина Центар и денеска продолжи да ги руши дивите тераси на кафулињата на улица „Ленинова“, пишува „Слободен печат“.Општината издала наредба за уривање на 16 тераси кои не се легални, и отстапуваат од правилниците. Акцијата почна вчера, продолжува денеска, а ќе продолжи и во следните денови се додека не се отстранат сите тераси за кои има наредба од Општината. 

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања