Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

majka-dete

(ВИДЕО) Мајка фрла штотуку родено бебе во контејнер

Обид за чедоморство забележале камерите на Тајланд.  Видео снимка го обиколи светов на која се гледа како жена ладнокрвно фрла штотуку родено дете. На ова злосторството присуствувало и поголемо дете.

Свет | пред 6 години

spasovski-2

Спасовски: Во МВР има полициски службеници кои се побогати од бизнисмени

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва во Отворено на ТВ 24, објаснувајки за најавениот ветинг, посочи дека во МВР има полициски службеници кои се побогати од некои бизнисмени кои се занимаваат со бизнис 20 години.извор iportal.mk

Македонија | пред 6 години

62422186_1128310854039684_2249795876434214912_n-1

Општината и полицијата рушат тераси на „Ленинова“

Општина Центар и денеска продолжи да ги руши дивите тераси на кафулињата на улица „Ленинова“. Од општината се издадени решенија за уривање на 16 летни тераси затоа што отстапуваат од Правилникот за поставување на летни тераси.извор slobodenpecat.mk

Скопје | пред 6 години

bujar-osmani-696x396

„Метлата“ нема да ги допре министрите на ДУИ

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, истовремено и вицепремиер во Владата, за ТВ21 рече дека ДУИ ги дефинирала имињата на министрите кои ќе бидат опфатени со реконструкција на владиниот кабинет. Запрашан колку министри на ДУИ ќе бидат сменети, Османи одговори:-Колку министри на ДУИ можат да бидат сменети? Јас мислам дека многу наскоро треба да има пополнување на Министерството за политички систем, што подразбира некаков вид рокада за да се пополни тоа место или евентуално да се пополни местото кое ќе биде ослободено. Ова значи дека ќе бидат пополнети две места, од кои едното ќе биде само рокада.“, рече Османи.

Македонија | пред 6 години

ajkula-jadransko-more

(ВИДЕО) Ајкула забележана и кај Корчула

Откако пред неколку дена во водите на Јадранското Море кај хрватскиот град Макарска беше видена мала ајкула, забележана е уште една, но во Корчуланскиот Канал.„И во овој случај се работи за ајкула од истиот вид, која не е опасна по живототт на луѓето и се храни со ситни риби, лигњи, а понекогаш и со птици и други, пцовисани животни“, објаснува хрватски експерт за ајкули Ален Солдо.https://www.facebook.com/podvodni.hr/videos/2113397528953895/Иако овој вид ајкули ретко напаѓаат луѓе, тој вели дека тоа сепак може да се случи.Во Јадранското Море во деловите одделечени од брегот, постојано или повремено, живеат околу 28 видоови ајкули, чиј број последниве години е зголемен.

Магазин | пред 6 години

mnr-696x316

МНР: Конкурсот за вработување се спроведува согласно Законот

Министерството за надворешни работи соопшти дека спроведувањето на првата фаза од конкурсот за вработување од декември минатата година, се одвива согласно Законот за административни службеници.„Во врска со спроведувањето на првата фаза на постапката по конкурсот за вработување од 29.12.2018 во Министерството за надворешни работи, укажуваме дека предметната постапка се спроведува согласно Законот за административни службеници и истата ја води Агенцијата за администрација. Иако МНР учествува во сите фази на постапката, одлучувачка улога има Агенцијата. МНР е должно да го почитува Законот за административни службеници.Министерството согледува дека вака поставената законска рамка за вработување во МНР, преку Агенцијата за администрација, е комплицирана и не е соодветна за избор на најквалитетните кандидати за специфичните потреби на дипломатската служба. МНР подготвува нов Закон за надворешни работи, кој треба да биде lex specialis, и со кој се очекува да се надминат, меѓу другото, и проблемите кои произлегуваат од примената на Законот за административни службеници за регулирање на постапката за вработување во Министерството за надворешни работи, и што треба да овозможи Министерството самостојно да ја креира политиката и постапката за вработување во МНР.Истовремено, Министерството напоменува дека од јуни 2017 година, во МНР не е вработен ниту еден дипломат. Тргнувајќи од потребите на МНР за континуирано обновување на човечкиот потенцијал со млади, високо и соодветно едуцирани лица, МНР го отвори овој конкурс токму со таква цел – на најтранспарентен начин, но и со почитување на постојната законска постапка да бидат избрани најдобрите од пријавените кандидати.“, велат од МНР.

Македонија | пред 6 години

mucunski-696x465

Муцунски: Договорот од Преспа е реалност, никогаш не сме рекле дека ќе го поништиме

Поранешниот заменик министер за информатичко општество, Тимчо Муцунски, кој е актуелен меѓународен секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека партијата зад себе во своето работење има и позитивни и негативни работи.-За одредени работи грешевме, тоа треба јасно и недвосмислено да го кажеме. Неможеме да ги смениме грешките, но можеме многу да научиме од нив, за да не ги повториме – изјави тој во интервју за Е-магазин.Со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на кој му дава целосна подршка вели дека често се шегуваат дека и двајцата се само волонтери во партијата.-Тој заслужува да ја води партијата и го прави тоа како што доликува. Сметам дека Мицкоски ќе биде одличен премиер – додава Муцунски.За обвинувањата дека Груевски, кој е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се уште има влијание врз партијата, вели дека тоа не е точно.-Груевски ниту имал, ниту има влијание врз партијата од кога Мицкоски е претседател. Сета таа драма и тие шпекулации околу тоа прашање е мистификација на неговиот лик и дело – посочува тој и додава дека со Груевски последен пат имал контакт за Нова Година, кога добил честитка на мобилниот телефон.Муцунски тврди дека во ВМРО-ДПМНЕ се работи под услови кои не се нормални-Имотот на ВМРО-ДПМНЕ е противправно замрзнат од СЈО, тоа е ноторно и не е нормално за демократска земја во 21-иот век – вели тој.На прашањето што ќе се случи со договорите со Бугарија и Грција, доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, вели:-Нема дилема, ЕУ и НАТО се наши стратешки цели. Лично не сметам дека договорот со Бугарија концепциски е лош. Треба да ги користиме придобивките од истиот гледајќи кон иднината. Од Бугарија можеме многу да научиме за нашиот пат во ЕУ. Најголем дел од базата на овој договор ја има направено токму ВМРО-ДПМНЕ. Договорот од Преспа е реалност. Тој е дел од Уставот, дел од македонскиот правен систем, колку и да е со сериозни содржински и концепциски недостатоци. Ние никогаш не сме рекле дека ќе го поништиме овој договор, бидејќи за тоа да се случи освен 2/3 мнозинство, потребно е и бандитерово мнозинство – посочува Муцунски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

При преглед на патничко возило „Мерцедес“ со албански национални ознаки пронајдени два килограми марихуана

На 11.06.2019 година околу 23.10 часот, на регионалниот пат Дебар –Маврови Анови, полициски службеници од Полициската станица заграничен надзор „Жировница“ ги лишиле од слобода Е.Л.(18) и Е.Ч.(33),двајцата од Република Албанија. При преглед на патничко возило„Мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Е.Л., билпронајден и одземен ранец со околу два килограми марихуана. Двајцатабиле задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

пред 6 години

Нема фотографија

Кај лице од Гостивар пронајден хероин

На 11.06.2019 година околу 16.25 часот на улица „Никола Парапунов“ воГостивар полициски службеници од Надворешна канцеларија закриминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Џ.А.(37) од селоФорино, гостиварско. При преглед кај него бил пронајден и одземенхероин. По целосното документирање на случајот против Џ.А. ќе бидеподнесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

inspektor-ilievski-696x445-2

Илиевски тврди дека Адеми го замолил, а Нихуи му се заканил да не го објави скандалот со нивните академски титули

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој утврди дека министерот за образование Арбер Адеми и заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу противзаконски биле избрале или напредувале во наставно-научни звања на Државниот тетовски универзитет, бидејќи во тоа време вршеле јавни функции, тврди дека поради овој случај бил замолен, па дури и добил закани да не излегува во јавност.Како што изјави Илиевски за време на гостувањето во емисијата „Отворено“ на телевизија „Алфа“, тој остварил средба со министерот Адеми кој, како што вели просветниот инспектор, го замолил да не се објавува скандалот.-Ми вика инспекторе чаре. Му велам да чаре е да се прими записникот, решението и универзитетот да достави жалба до второ степената комисија за инспекциски надзор и што ќе одлучи таа тогаш тоа е. Не, вика, ако тоа се направи, тогаш тоа е веќе скандал. Ти си инспектор те молам како татко да направиш да се скрие од јавноста. Отворено му кажав, не можеш да сокриеш – вели Илиевски.Воедно, тој открива дека заменик-министерот Нухуи неколку пати го контактирал од различни телефонски броеви, при што, според Илиевски, му се заканил да не излегува во јавност со наводите што ги утврдил.-Се зaкaнyваат, пази имаш семејство внимaвај, имаш деца. Да има и такво нешто. Тоа е нискa работа, тоа се ниcки работи кога ќе слушнеш од заменик-министер за внатрешни работи – рече тој.Досега, Адеми и Нухиу порачаа дека не чувствуваат никаква одговорност за овој случај, додавајќи дека за процедурата во однос на која стекнале наставно-научни звања надлежен е универзитетот.извор fokus.mk

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Вознемирувачко видео: Отруено куче во Охрид испушта душа пред шокирани минувачи!

[embed]https://www.facebook.com/kliment.arnaudov.3/videos/10213689494181779/?t=12[/embed]

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кој е Есад Рахиќ новиот директор на Шутка ?

Ново именуваниот директор на Казнено поправниот дом Шутка Скопје, Есад Рахиќ кој доаѓа на местото на Ѓоко Котевски, е роден во Скопје, а по професија е дипломиран правник.Својата политичка кариера ја започнува како член на СДСМ, а пратеник во Собранието е од 2002 до 2006 година, каде што подоцна беше исклучен од партијата, а веќе во вториот пратенички мандат од 2006 до 2008 делува како независен пратеник.Поранешниот пратеник од СДСМ Рахиќ во јавноста е познат по барањето за оставка на Зоран Заев на Конгресот во 2014година.Неговиот брат Сеад – Сетко Рахиќ има криминално минато односно пред само две години беше осомничен за трговија со дрога, како организатор на криминална група која продавала кокаин во Скопје и други градови низ Македонија. При претресот покрај дрогата беше пронајден и широк арсенал на оружје. Сеад Рахиќ го нападна и поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, каде што се уште случајот не добил правна разрешница.Сеад често можеше да се забележи сликан со Зоран Заев, а во медиумите се појавија информации дека Рахиќ се фалел со писма од Заев со ветувања за слобода од затвор.Имено, Есад Рахиќ беше еден од делегатите на Конгресот на СДСМ кога во 2014 година побара негова оставка каде што предупреди дека доколку тоа не се случи тој ќе поднесе оставка од функцијата во Централниот одбор на СДСМ.Контроверзни изјави Рахиќ имаше и при промената на уставното име на Република Македонија каде што во гостување на една национална телевизија изјави дека доколку не помине референдумот за промена на уставното име на државата тогаш албанските општини ќе направат заедница и ќе влезат во НАТО.Есад Рахиж има и бројни контроверзни изјави како и закани кон новинаритеОд Здружението на новинар на Македонија побараа извинување од Есад Рахиќ кога јавно им се закани на медиумите да внимаваат што пишуваат за приведувањето на неговиот брат Сеад Рахиќ бидејќи семејството Рахиќ има многу пријатели и не може да гарантира како ќе реагираат кога ќе сретнат новинар на улиците.Ваквите непримерни изјави од страна на поранешен пратеник на СДСМ претставува директен напад врз слободата на медиумите и има за цел да ги замолчи новинарите.ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година на прес конференција пред Специјално јавно обвинителство обвини за неазконско вработување односно за нови 30 нови вработувања во СЈО во кои беа вработени скоро сите беа партиски членови или деца на функционери во СДСМ, меѓу која беше токму ќерката на Есад Рахиќ Берниса Рахиќ.извор kurir.mk

Скопје | пред 6 години

homepageBannerSKP

Повеќе од 150 македонски туристи заглавиле на скопскиот аеродром: 6 часа чекаме, авион нема!

Повеќе од 150 македонски туристи повеќе од 6 часа се заглавени на скопскиот аердром, зашто компанијата „Онуе ер“ не долетала во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада. Патниците со кои телефонски разговаравме беа изреволитирани и рекоа дека заради малтретирањето размислуваат да поднесат тужби против агнециите, пренесува Пресинг ТВ.На скопскиот аердром групата, која е прва тура за Хургада во новата туристичка сезона, дошла околу во 02 часот по полноќ, по што авионот на „Онур ер“ требал да полета за Хургада. Но, авион од тогаш нема.-Повеќе од 6 часа сме на аеродром. Некoи се со деца. Смрзнати сме од климите. Најлошо е што компанијата со која треба да летаме „Онур ер“ ветила дека ќе испрати друг авион, од Анталија, но тој го нема на списокот за полетување – вели за Пресинг ТВ Гордана.Друг патник, од Битола, вели дека преку претставник на неговата агенција дознал дека авион ќе има, но после 10 часот, но и тоа не било сигурно.-Ни дадоа по една вода и кафе, сендвичи имаше само за околу третина од патниците. Некои се со деца. Особено им е тешко на пушачите затоа што сме на терминал и не можеме да се движиме на други места, ниту да излеземе надвор. Во многу незавидна положба сме, вели патникот од Битола.Патниците објаснуваат дека утринава се јавиле во нивните туристички агенци, а некои од нив веднаш испратиле свои претставници на аеродромот. Тие успеале да добијат информација дека авион компанијата ќе испрати, но не тој предвидениот, туку друг од Анталија.Проблем е што од аеродромот во Анталија нема предвидено лет за Скопје. Така што навистина не знаеме што ќе се случи. Еве, првиот ден во Хургада практично ни е загубен. Се надеваме дека, сепак, како што рекоа околу 10 ќасот ќе слетал авион за да замине за Хургада“, вели друг очаен патник.Пресинг е во конткат со патниците и ќе известува за случката со стотината заглавени македонски туристи кои тргнале на одмор за Хургада.

Македонија | пред 6 години

Zagaduvanje-2

Се прави ли нешто за чист воздух?

Летните месеци се идеален период за решавање на хроничниот проблем што го има Скопје со загадувањето. Иако, познатите црвени кругови што покажуваат алармантни бројки речиси и ги нема во овој период, тоа не значи дека воздухот е кристално чист. Часовникот отчукува и бара решавање на проблемот со аерозагадувањето пред да почне новата зимска сезона.Чекајќи конкретни резултати од надлежните се уште врие од прашина и кал по улиците, ауспусите од автомобилите испуштаат црни облаци, депониите си се на свое место.Кога ситуацијата беше најкритична и кога на црвените кругови се испишува трицифрени броеви, надлежните кон крајот на минатата година донесоа План за чист воздух.Со програмата за намалување на загадувањето, во периодот 2019-2020 година предвидено беше да се финансираат приоритетни активности во следните области:мониторинг на квалитетот на воздухот, подобрување на капацитетите на инспекторатите за животна средина за вршење на инспекциски надзор, подигнување на јавната свест преку едукативни кампањи, намалување на емисиите на загадувачки супстанци од затоплување во домаќинствата, урбано зеленило, индустрија, транспорт, менаџирање со отпад и градежништвото.Намалување на загадувањето на воздухот за 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови во следните две години, предвидува „Планот за чист воздух“, кој почна да се применува откако беше донесен.За овој план во буџетот за 2019 година предвидени се 1,5 милиони евра почетни средства дополнителни на оние кои веќе постојат од 20 милиони евра во другите министерства.Планот предвидува оваа година да се набават комплетно нови инструменти за веќе постоечките 19 мерни станици. Во мониторингот ќе има предвидување во реално време, односно тридневна проекција на загадувањето.После овој двегодишен план, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на постоечкиот топлински оператор, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади домаќинства ќе ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 домаќинства ќе бидат приклучени на гас, 20 илјади домаќинства ќе користат инвертор клима уреди, а 2.000 домаќинства од социјално ранливите категории субвенционирано ќе го променат начинот на живеење. После две години ниедно домаќинство нема да се грее на јаглен и нафта.Во индустријата ќе се носи закон за индустриски емисии каде што се дефинираат построги правила во одобрувањето на интегрираните еколошки дозволи и ќе има потранспарентен мониторинг, а до тогаш ќе се зајакнат контролите.Во градежништвото ќе има засилени контроли во градењето и просторот за градење, миење на возила и покривање на товар. Обврска е да се контролира градежниот шут и другиот отпад на објектот што се гради.Ова се намерите што Владата ќе презентираше кога беше најзагадено. Но, што оттогаш од сето ова е направено и реализирано одговор од Министертвото за животна средина и просторно планирање не добивме.Она што се знае е дека Градот Скопје го формира новото јавно претпријатие „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности. Покрај ова, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и останати течни горива, да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку, како и за набавка на инвертер клими. Во оваа област како нови мерки се и субвенциите за обука на оџачари, како и субвенциите за граѓаните за чистење на оџаци.Во однос на сообраќајот во Градот во транспортниот систем на ЈСП вклучени се еколошки автобуси на гас, како и за електричен автобус.Проблемот со загадувањето на воздухот во градовите во Македонија е стар проблем. Според тоа, граѓаните во градовите кои се лоцирани во котлини се постојано изложени на повисоки концентрации од дозволените. Сите извештаи покажуваат дека доаѓа до нагло зголемување на концентрациите за време на грејната сезона, и тоа три до четири пати. Скопје и Тетово на пример, имаат многу денови во годината кои ги надминуваат максимално утврдените средно дневни вредности за ПМ2.5 и ПМ10 честичките.Сите анализи и наоди спроведени досега укажуваат дека греењето е најголемиот загадувач на воздухот и во Скопската котлина.*Со овој прилог, Порта 3 се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, што ја спроведува Инситутот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.извор reagiraj.mk

Скопје | пред 6 години

index-2

Се огласи претседателот на општина Будва , нема казни за шетање без маица

Доколку некој од туристите се одлучи без маица и во костим за капење ова лето да се шета низ Будва, тоа сепак нема да го чини 500 или 600 евра, колку беше најавено дека ќе изнесува казната.-Приказната за казните е невистина. По мое мислење дали некој ќе шета по градот во костим за капење е домашно воспитување и лична култура и не е добро дестинацијата да навлегува во воспитувањето кое некој треба да го понесе од дома – рекол претседателот на општина Будва, Марко Царевиќ и додал дека засега не постои начин да се воведат казни од овој вид.

Свет | пред 6 години

view-of-river-thames-big-ben-london-eye-london-conde-nast-traveller-29oct14-alamy

Повеќе од една третина од брзорастечките компании се во Велика Британија

Велика Британија е на прво место во Европа според бројни технолошки компании чија вредност е повеќе од милијарда долари, според анкетата на британската влада во момент кога се оджува „Лондонската недела на техниката”, објавија британските медиуми.По бројот на технолошки гиганти во светот пред Велика Британија се САД и Кина.Истражувањето покажа дека претприемачите од Велика Британија во изминатите 20 години имаат воспоставено 72 такви бизниси, вклучувајќи 13 минатата година, со тоа што само САД и Кина ги надминуваат тие бројки, Германија има 29 и Индија 26. Исто така, се вели дека САД и Кина во истиот период создале околу 703 и 206 технолошки фирми.Повеќе од една третина од компаниите што брзо се развиваат вклучувајќи ги и TechUK, Google, Facebook, BT и Apple, имаат седишта во Велика Британија, покажува студија на владиниот Совет за дигитална економија.повеќе на plusinfo.mk

Свет | пред 6 години

62258395_2223898700997243_3595691249492819968_n-670x445-2

10 знаци дека имате особено висок коефициент на интелигенција

Постојат неколку знаци кои можат да ви откријат дека сте поинтелигентни од луѓето во вашата околина. Стручњаците во светот се согласни дека некои склоности на луѓето се карактеристики тесно поврзани со висината на коефициентот на интелигенција.Висок коефициент на интелигенција почесто имаат левораките и неуредните, а се смета дека тие ја имаат таа особина од причина што порадо би правеле нешто паметно отколку да обрнат внимание на расчистување на домот. Исто така се смета дека интелигентните луѓе почесто пцујат и се „ноќни птици“.Ова се десетте знаци кои покажуваат дека имате особено висок коефициент на интелигенција:Левораки стеНеуредни стеЧесто пцуетеДуховити стеПрвиот секс сте го доживеале во адолесцентските годиниМногу се грижитеПристојни стеОбожувате мачки„Ноќна птица“ стеВие сте во суштина возрасно дете

Свет | пред 6 години

jlDCIBmCC5-snimen-sudir-nad-baltikot-amerikanski-i-svedski-spionski-avioni-vlegle-vo-ruskiot-vozdusen-prostor-a-eve-kako-bile-nabrzo-isprateni

Снимен судир над Балтикот: Американски и шведски шпионски авиони влегле во рускиот воздушен простор

Руското министерство за надворешни работи соопштило дека "Sukhoi 27" бил итно кренат во воздухот поради извидничките авиони на САД и Шведска кои се приближиле до воздушниот простор на Русија."Судирот" се случил над Балтикот, а се било документирано со камера од кокпитот на рускиот ловец.Извидничкиот авион "RC-135" и шведскиот авион за собирање на разузнавачки податоци "Галфстрим" оделе кон воздушниот простор на рускија, "сухојот" во тоа ги прекинал.Su-27 летал на безбедна далечина, следејќи ги од воздушниот простор.[embed][/embed]

Свет | пред 6 години

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Патниците месечно пријавувале по милион евра за влез во државава

Царинската управа лани спречила 32 обиди на шверц на девизи кои граѓаните се обиделе нелегално да ги изнесат од државава.За истиот период лани на граничните премини во земјава пријавени пак се вкупно парични средства во противвредност на скоро 12 милиони евра. Тоа значи дека легало месечно на граница се внесувамепо еден милион евра.Во Годишниот извештај на Царинската управа стои дека најмногу се шверцувале евра и тоа над 300.000 евра. Дел од парите се најдени во личен багаж, во автомобил во специјални прегради, но и скриени во облеката во која патувале.-За една година граѓаните се обиделе од државава нелегално да изнесат 308.730 евра, 31.500американски долари, 32.300 швајцарски франци и 13.000 британски фунти. На граничниот премин Богородица, при личен претрес на патничка во автомобил, пријавен за излез од државата, царинските службеници открија непријавени 34.000 евра, пронајдени во плик сместен во ташната на патничката-стои во извештајот. На граничниот премин Богородица, при контрола на автомобил и личен претрес на возачот, пријавен за влез во државата, откриени се непријавени 7.300 евра. Истите се пронајдени во преграда помеѓу предните седишта на возилото и во облеката на возачот.На граничниот премин Табановце при влез во државата откриени се и одземени 35.000 евра.На граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на багаж и личен претрес намакедонски државјанин пријавен за излез од државата, откриени се непријавени 82.000 евра.Лани на граничните премини во Република Македонија, легално пријавени се вкупно парични средства во противвредност на 11.996.059 евра, од кои 11.982.059 на влез во Република Македонија и 14.000 на излез од Република Македонија. Во просек се пријавени по 999.672 евра месечно.Од вкупно пријавените девизи 171.492.145 се македонски денари, 7.013.226 се евра, 1.794.540 се швајцарски франци, 700.000 се норвешки круни, 512.103 се американски долари, 139.050 се канадски долари, 116.000 се австралиски долари, 18.600 се турски лири и 13.000 се британски фунти.Во однос на царинските испостави, најмногу девизни средства се пријавени на ЦИ Аеродром Скопје (противвредност на 3.408.410 евра), ЦИ Богородица (противвредност на 2.681.820 евра), ЦИ Табановце автопат (противвредност на 2.111.608 евра), ЦИ Дојран (противвредност на 1.731.340 евра) и ЦИ Блаце (противвредност на 1.296.750 евра). Во 2018 година пријавени се за 33,19% повеќе девизи во однос на истиот период во 2017 година.извор 24info.mk

Македонија | пред 6 години

kufer

Апликации кои ќе ви заштедат пари на одмор

Благодарение на развојот на мобилната технологија денес преку неа имаме пристап до многу работи кои ни го олеснуваат животот. Една од тие опции се апликациите за различни намени. Издвојуваме неколку од нив кои ќе ви заштедат пари ако сте на одмор на место кое не ви е многу познато или на кое одите за првпат.Апликацијата Maps.me е одлична бидејќи може да ја користите и офф лајн. На неа се и означени сите важни места кои би ги користеле. Плус многу е едноставна за употреба.Voucher Cloud е најфункционална за Велика Британија, Германија и Холандија … Ќе ви ги покаже најевтините места за јадење. Апликацијата Foursqare одлично функционира во Америка, ги прикажува местата каде има храна со пристапни цени и храна на акција. Додека Happy hour finder може да ви покaже каде во тој момент има пијалаци на половина цена за пиење.Viator е апликација која ќе ви помогне да најдете најевтини карти за туристички прошетки. Во рамките на истата, има и мапи на кои се обележани туристичките атракции на местото каде што се наоѓате.Апликацијата WI-FI Finder е достапна во 114 земји и можете да ја симнете дури кога сте офф лајн.Hotel Tonight ви наоѓа сместување со пониски цени бидејќи ги следи хотелите на тој начин имате можност да проследите last minute понуди. Апликацијата вклучува поевтини и поскапи хотели.извор alsat-m.tv

Свет | пред 6 години

64544945_1210791315711947_5519754061714292736_n-696x464

Клинтон смета дека Косово е пример за демократија

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон вчера во Приштина изјави дека се чувствува почитуван, дека Косово е пример за демократија и заслужува членство во ЕУ и во НАТО.– Мислам дека целиот свет може да го земе Косово како пример за тоа како растеше и како живее во мир со своите соседи. Косово заслужува да биде во ЕУ и НАТО. Секогаш ќе бидам горд што бев претседател на САД кога ви беше потребен некој кој ќе стане и ќе каже: нема повеќе етничко чистење, нема повеќе напуштање на татковината и убивање невини цивили, мора да постои подобар начин – рече Клинтон.Тој е во Косово по повод 20-годишнината од влегувањето на меѓународните мировни сили во покраината. Клинтон вчера се сретна со косовскиот претседател Хашим Тачи и со премиерот Рамуш Харадинај.Тачи го одликува поранешниот претседател на САД со Орден на слободата и рече дека Клинтон е симбол на довербата, оптимизмот и надеж за граѓаните на Косово.Тој рече дека Клинтон го обединил светот против неправдата и дека тој бил најупорниот политичар за обезбедување на слободата на Косово.– Со длабока почит се поклонуваме пред вас за слободата на Косово. Им се заблагодаруваме на САД кои ја водеа кампањата за запирање на етничкото чистење и враќање на косовските граѓани во нивните домови, кампања за изградба на нов живот и мир за сите – рече Тачи.извор novamakedonija.com.mk

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Еден загинат и десет повредени, 16 сообраќајки вчера во Скопје

Загинат возач, тешко повреден пешак и девет полесно повредени, е билансот од двете од вкупно 16 евидентирани сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа во Скопје.Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај тројца возачи почетници, 24 лица пред да се стекнат со право на управување моторно возило, а исклучени се и 17 нерегистрирани возила.Изречени се 85 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот” подигнал 50 возила.Санкционирани се 50 двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, деветмина возчаи за поминување крстосница на црвено светло, двајца за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, како и шест лица за некористење заштитен шлем односно кацига.

Скопје | пред 6 години

soncevo

УХМР со вонредна временска најава за утре

Времето утре во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Како што соопшти Управата за хидрометеоролшки работи, утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 8.Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде 16, а дневната 33 степени.Од четврток ќе преовладува стабилно и многу топло време со максимални температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.Прогноза за 12.06.2019Минимална температура: 13°C до 20°CМаксимална температура: 30°С до 38°CПретежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=9Прогноза за 14.06.2019Минимална температура: 14°C до 22°CМаксимална температура: 30°C до 39°CПретежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9

Македонија | пред 6 години

moldavija-1

АНТИ ЛГБТ: Православната црква во Молдавија организира голема семејна парада на гордоста (ВИДЕО)

Православната црква во Молдавија беше организатор на големата анти ЛГБ парада што се одржа во Кишињев.Во големата поворка на просемејната манифестација во Молдавија, предводена од свештеници, може да се видат голем број граѓани од сите генерации.Татковци и мајки со деца гордо чекорат, помлади и постари граѓани исто така, во знак на поддршка на вековните семјени традиции.[embed]https://www.facebook.com/Lesnovo.Monastery/videos/450949962385586/?t=0[/embed]

Свет | пред 6 години

viktor-imovski

Виктор Димовски назначен за за директор на Агенцијата за национална безбедност, прифатена и оставката на Ѓоко Котевски

Владата на редовната 139-та седница за директор на Агенцијата за национална безбедност го назначи Виктор Димовски, досегашен државен секретар во Министерството за надворешни работи.Истовремено, Владата ја констатираше оставката на директорот на истражниот затвор – Скопје, Ѓоко Котевски. На предлог на Управата за извршување санкции, за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ, магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за Одбрана и безбедност при Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања