Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

sen-trope-mediteranski-raj-na-koj-nikoj-ne-mozhe-da-mu-odolee-350213

Сен Тропе - медитерански рај на кој никој не може да му одолее

Добра вест за љубителите на велосипедизмот е тоа што самиот град и околните места можете да ги посетите со велосипед. Спектакуларните ридови нудат фантастичен поглед на лозјата, луксузните вили, нудат единствено искуство. „Приморски пат“ пак е пешачка патека која почнува и се завршува во Сен Тропе, долга е неколку километри и тешко дека можете да се изгубите ако ја следите.Рондини е најдобрата продавница за рачно изработени сандали, која не смеете да ја пропуштите. Осумдесете години семејството Родини, ги создавало легендарните кожни сандали, а воедно тоа била првиот дуќан за обувки во Сен Тропе. Оваа продавница постои и денес и произведува сандали кои привлекуваат купувачи од целиот свет. Отворена е во 1927 години со единствениот модел, а потоа тоа се преточи во успешен бизнис и мноштво модели. Од овде купувала и легендарната Марлен Дитрих.Списокот на убавини што можете да ги видите во Сен Тропе е долг, но она што е сигурно е дека овој медитерански рај нема да ве остави рамнодушни.

Магазин | пред 6 години

mkd-424957

Диви свињи го опседнaa Белград (ВИДЕО)

Како што за Блиц вели претседателот на Ловечкото здружение на белград Зоран Коциќ, дивите свињи кои се појавија во Белград се многу уплашени, но не се опасни за луѓето.„Само во ситуации кога вепарот е ранет и кога женката ги чува своите прасиња може да дојде до евентуална опасност по луѓето, во останатите случаи не“, кажа Коциќ за Блиц.Најмногу диви свињи во последните денови се видени во центарот на Нови Београд, едно животно вчера паднало од петтиот спрат на гаража на Обилиќев венац, а вчера била фотографирана една дива свиња во самиот центар на градот, на Калемегдан.Се претпоставува дека свињите поради високото ниво на водата во Дунав кој поплавил еден остров во близина избегале на другата, градската страна.[embed][/embed][embed][/embed][embed][/embed]

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Кралската палата на Надал: Милионска куќа со приватна плажа, пештера во море и рајска градина

Освојувачот на 12-та титула на Ролан Гарос може да се опушти пред подготовките за Вимблдон во својот лускузен дом. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја одбрани титулата на Ролан Гарос, заработи дополнителни 2.250.000 евра.На тоа може дополнително да бидат додадени минимум уште толку средства од спонзорите, ако не и повеќе, затоа што Надал е индустрија за себе и вистинска “машина“ за создавање пари.Покрај тоа, Надал има тениска академија каде што создава нови шампиони и исто така заработува милиони од тоа.Но покрај тоа што тој заработува толку многу пари, исто така сака да живее убав живот. Затоа за себе си обезбедил вистинска кралска палата во своето родно место во Мајорка.Надал во 2013-та година купил луксузна вила во Мајорка во местото Порто Кристо, а за тоа платил 4 милиони евра.Тоа е неговата идила во која одмора после напорот од тенисот. Себеси си обезбедил “катче“ како од рајот. Има неверојатна градина составена од медитерански билки и дрвја, има посебна приватна плажа и скали кои се изградени за да водат до неа каде има и пештера во морето.Положбата на куќата е идеална, на ридот над морето, со поглед кој се простира на три страни од морето и нема сомнеж дека Надал таму се полни со многу енергија која потоа му помага да ги освојува најголемите турнири.извор tocka.mk

Спорт | пред 6 години

1Hd0jHlFYJ-najgolemata-mrtva-zona-se-siri-nesopirlivo-niz-celiot-meksikanski-zaliv-za-s-e-vinoven-covekot

Најголемата „мртва зона“ се шири несопирливо низ целиот Мексикански залив

Според експертите, во Мексиканскиот залив ова лето би можело да настане една од најголемите „мртви зони“ забележани во поновата историја.„Мртвата зона“ е позната во научната литература како хипоксија, што значи состојба на намалена количина на кислород. Водата која има ниска концентрација на кислород повеќе не може да биде погодна за живот.Со децении истражувачите следат колку е голема „мртвата зона“ во Мексиканскиот залив, а првите вакви појави се забележани во 70-тите години од минатиот век и оттогаш само се зголемуваат.Научниците од државниот Универзитет во Луизијана предвидуваат дека ова лето ќе се формира мртва зона со големина од околу 22,576 квадратни километри и тоа на места кои најчесто ги посетуваат рибарските бродови. Инаку, најголемата „мртва зона“ досега била забележана во 2017-та година и била со големина од 22,730 квадратни километри.Главната причина за создавањето на ваквите зони кои се непогодни за живот за морскиот свет се големите количини на азот од реката Мисисипи. Големите количини на азот завршуваат во реката, а потоа и во Мексиканскиот залив поради ѓубривото од фармите кое се користи во неколку американски сојузни држави.Загадувањето го поттикнува масовниот развој на фитопланктонот кој после смртта се разградува на морското дно и го стимулира развојот на бактериите. Тие ги конзумираат алгите и голема количина на кислород и на тој начин ги убиваат организмите кои што живеат на дното на морето.Мисисипи сега има три пати поголема количина на азот, а фосфорот исто така двојно се зголемил поради човечките активности. Американската агенција за заштита на животната средина има и работна група која работи на ова прашање.извор tocka.mk

Свет | пред 6 години

missing-people

По расправија, малолетник избегал од дома

На 11.06.2019 година во 00.30 часот во Полициската станица Чаир, Д.Ј.(42) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син Л.Ј.(17). Според пријавеното, Л.Ј. се оддалечил од домот по семејна расправија околу негова љубовна врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Ученик нападнат на екскурзија, со остар предмет расечен на лицето

На 10.06.2019 година во Полициското одделение Сарај, Р.А.(61) од с.Оризари, општина Липково - наставник во основно училиште во с.Слупчане, општина Липково, пријавил дека истиот ден, додека биле на екскурзија со учениците во кругот на СРЦ Сарај, еден ученик на возраст од 14 години од с.Слупчане бил физички нападнат и му била нанесена повреда со остар предмет од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

lisici

Украл Ауди, со возилото турнал двајца полициски службеници и побегнал, бегајќи оштетил три други возила

На 10.06.2019 година околу 17.00 часот на булеварот „Александар Македонски“ полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во Полициската станица Гази Баба, Н.Ќ.(36) од Скопје поради сомнение за одземање патничко возило и предизвикување сообраќајна незгода.Истиот ден околу 16.35 минути во полициска станица, С.Н.(46) од Скопје пријавил дека на улица „Даме Груев“ непознат сторител одзел возило „Ауди А6“, сопственост на фирма од Скопје, кое тој го оставил со клучот внатре и со вклучен мотор. Набргу потоа, возилото било забележано во близина на кејот на реката Вардар. Но, и покрај наредбата да застане, Н.Ќ. продолжил и со возилото турнал двајца полициски службеници и побегнал. Додека, третиот полициски службеник со службено возило „БМВ“ тргнал по него и успеал да го престигне. Притоа, на булеварот „Александар Македонски“, Н.Ќ. го запрел возилото и почнал да бега трчајќи, но набргу бил фатен и лишен од слобода. Претходно, додека бегал со одземеното возило, Н.Ќ. удрил и оштетил три други возила(„Фолксваген Голф“, „Фиат Пунто“ и „Фолксваген Голф 4“), како и службеното возило „БМВ“. Притоа, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Голф 4“, Д.М. и сопатникот во истото возило Ј.К., додека полицискиот службеник кој го лишил од слобода Н.Ќ. се здобил со тешки телесни повреди. Тие биле пренесени во болницата „8-ми Септември “, каде им била укажана лекарска помош. По целосно докуменитрање на случајот против Н.Ќ ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 години

IMG_1635

Општина Кисела Вода ги стимулира и мотивира просветните работници од основните училишта и воспитувачите и негувателите од градинките

Во насока да ги стимулира и мотивирa, како и да ги награди за својата посветена работа и грижата со деца, Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели еднократна парична награда за најдобри просветни работници од општинските основни училишта и воспитувачите и негувателите од јавните детски градинки на територија на општината.Со еднократна парична награда ќе бидат наградени и најталентираните ученици како и ученици спортисти од основните училишта кои во тековната учебна 2018/2019 година постигнале врвни резултати. Оваа еднократна парична награда ќе претставува дополнителна мотивација кај младите таленти за понатамошен развој и надградување на сопствената личност.Согласно Правилниците за утврдување на условите и критериумите за наградување донесени од Советот на Општина Кисела Вода, како и после распишаниот оглас за доделување на награди, Комисииите формирани со решение од Градоначалник за избор и наградување на најдобри наставници и стручни соработници од општинските основни училишта, за наградување на најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки, најдобри талентирани ученици од областа на наука, култура и уметност како и наградување на талентирани ученици од областа на спортот од општинските основни училишта од општина Кисела Вода започнаа со разгледување на пристигнатите апликации и бодовна евалуација на истите.Беа разгледани вкупно 36 пристигнати апликации за избор на најдобри наставници и стручни соработници, 79 апристигнати апликации за избор на најдобра водпитувач и негувател, 112 пристигнати апликации за избор на талентирани ученици спортисти и 123 пристигнати апликации за избор на талентирани ученици од областа на науката, уметноста и културата. По завршувањето на бодовната евалуација, ќе биде направен изборот , а резултатите ќе бидат објавени на општинаската веб страница. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Скопје избра нов концесионер за депонијата „Дрисла“

Советот на Град Скопје на денешното продолжение на 30-та седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ е избран Конзорциумот предводен од „SCHOLZ AG“ од Република Германија, составен од SCHOLZ AG – Германија, C.I.O.S.d.o.o – Хрватска и СПЛЕНДОР МАК ДООЕЛ од Република Северна Македонија.Оваа одлука следува по судска пресуда на Вишиот управен суд. Со ваквата одлука се овозможува да се стави крај на агонијата на граѓаните на Скопје со депонијата „Дрисла“ и се создава можност за започнување процес на инвестиции и модернизација на депонијата „Дрисла“, која во иднина ќе прерасне во модерна депонија во која ќе се одложува и третира отпадот по највисоки светски стандарди.

Скопје | пред 6 години

DSC01730-2

Пуштени во употреба новите шест амбулантски возила наменети за градот Скопје

Министерството за здравство информира дека се пуштени во употреба новите шест возила за Итната медицинска помош (ИМП) при Здравствен дом Скопје. Амбулантните возила се регистрирани, доопремени со потребната медицинска опрема и од синоќа се во функција за потребите на граѓаните на градот Скопје и околните места. Со овие возила, за 100 проценти е зајакната ИМП.Останатите шест амбулантни возила, наменети за Здравствен дом Крушево, Здравствен дом Крива Паланка, Здравствен дом Берово, Здравствен дом Кичево, Општа болница Струга и Општа болница Дебар ќе бидат пуштени веднаш по завршување на административно-техничките работи.Во отворена и транспарентна постапка, Министерството за здравство набави 12 нови возила за Итната медицинска помош и заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ не може да се оддели од нивниот ментор Никола Груевски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ исто како и раководството на оваа партија не можат да се одделат од нивниот ментор, Никола Груевски. Крајно несериозно е опозицијата да зборува за Устав и закони кога нивниот почесен претседател е правосилно осуден и во бегство е цели 6 месеци, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски на собраниската седница за одземање на мандатот на Никола Груевски, се вели во соопштението од СДСМ.-Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука прaтениците на опозицијата да постапат согласно Устав и закон. Но, дали може пратеници да постапуваат надвор од границите на Уставот и законот? Дали имало такви одлуки во минатото? Имаат одлука да постапуваат според Устав и закон, а директно го бранат Груевски и толкуваат дека на бегалецот Груевски е оправдано отсутен од седниците на Собранието. Таа одбрана ја потврдија со тоа што не гласаа да се одземе мандатот на Груевски кој 6 месеци е во бегство - рече Митрески.Ние како парламентарно мнозинство нема да дозволиме за бегалецот Никола Груевски да се одделува плата и во наредните 6 месеци, само затоа што ВМРО-ДПМНЕ не сака да гласа за одземање на неговот мандат и ја поддржуваме одлуката да му биде констатирана оставката, рече Митрески.

Македонија | пред 6 години

pozar-stan

На токсикологија хоспитализирани 11 пациенти од вчерашниот пожар, сите во стабилна општа состојба

Од Универзитетската клиника за токсикологија информираат дека во моментот, на клиниката, се хоспитализирани 11 пациенти како последица на вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода.- Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми, информира д-р Наташа Симоновска од Клиниката за токсикологија.Инаку, меѓу хоспитализираните пациенти има 4 пожарникари. Највозрасниот пациент е на 74-годишна возраст, додека најмладиот на 26-годишна возраст.

Скопје | пред 6 години

arsovski

Арсовски: Четири Комунални претпријатија склучиле договори за набавка на метларките на Кочо Анѓушев

Во услови кога економијата во Република Македонија крахира, кога граѓаните осиромашуваат, бизнисот на фирмите на вицепремиерот на владата на СДСМ, Кочо Анѓушев цвета и како по обичај, и тоа цвета со народни пари, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Анѓушев можеби не знае да најде решение кое би ја подобрило македонската економија, но затоа успеа да најде идеален начин како производите од неговите фирми да бидат набавувани на сите тендери во државата, а тој воопшто да не конкурира на јавните набавки распишани со народни пари. Последниот скандал во кој вицепремиерот Кочо Анѓушев е повторно замешан во случајот со набавки на возила за метење на улици од типот „Грин Машинс“ произведени од неговата фирма „Брако“ Велес. Имено вкупно 240 илјади евра народни пари за половина година се инкасирани во џебот на Анѓушев преку фирмата „САНДРА-М Љупчо ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци”, која е дистрибутер на овие метларки, идеална шема за собирање на народните пари.Јавноста алармираше дека четири Комунални претпријатија склучиле договори за набавка на метларките на Кочо Анѓушев, а тоа се ЈП „Исар“ од Штип, „Плавија” Радовиш, Паркинзи на Општина Центар, ЈП „Водовод” Кочани исто така преку дистрибутерот на метларките на Анѓушев од Кавадарци.Да потсетиме дека Кочо Анѓушев за овие возила веќе еднаш од државата доби бенефиции, односно царински поволности за литиум-јонски батерии за електрични возила произведени од „Брако“, а сега и општините се подредени на список за набавка на овие возила токму од фирмата на вицепремиерот Кочо Анѓушев.За Анѓушев овде нормално нема ништо спорно, бидејќи набавката на овие возила била јавен интерес, а одлевањето на буџетските пари на граѓаните на негово конто било позитивно затоа што на тоа дополнително се наплаќало и трговската маржа.Ова е веќе трагично, набавката на возила вакви со народни пари кај вицепремиерот не е од јавен интерес туку е единствено од интерес на Кочо Анѓушев. Ни срам, ни перде,а богами ни одговорност не гледаме кај Кочо Анѓушев.Метларка треба да почне да се вози на Илинденска, конкретно од Владата и тоа што е можно поскоро. Да почне од Анѓушев, Заев и Тевдовски, луѓето што ја упропастија економијата и кои што единствено работат за нивно лично богатење, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

press-za-praski

Трипуновски: Продолжува агонијата на земјоделците производители на праска од Росоман

Продолжува агонијата на земјоделците производители на праска од Росоман. Трета година по ред откако СДСМ е на власт производителите на праска од Росоман немаат откуп за својот род. Производството наместо на откуп завршува на буниште, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Иако ВМРО-ДПМНЕ и укажуваше на власта уште минатата година дека се усложнува извозот на праската посебно за рускиот пазар, власта и ресорното министерство не пристапија кон изготвување на план и стратегија за негово решавање, напротив носат ад - хок мерки кој дополнително временски го пролонгира откупот и пласманот на праската.Власта бара од земјоделците пред да го извезат својот род на сопствен трошок да направат анализа која трае од 5 – 7 дена, а потоа да можат да извезат својот род. Имено владата предвидела дека земјоделците откако ќе ги наберат праските и ќе ги спремат за утовар треба од истите да земат неколку мостри и да ги однесат во надлежната лабораторија.Периодот од 5 – 7 дена е период за кој праските буквално може да станат мармалад додека ја чекаат дозволата за извоз од Државниот земјоделски инспекторат.Дополнителниот услов е директен удар врз земјоделците, како малите, средните, така и поголемите, кои немаат ладилник каде што ќе можат во рок од 5 - 7 дена да ги складираат праските додека траат соодветните анализи. Власта со оваа нова регулатива дополнително го отежнува извозот и го осакатува македонскиот земјоделец. Земјоделството го прави неисплатливо и се повеќе земјоделци ги корнат или сечат нивните децениски насади и го напуштаат земјоделството како основно занимање.Бидејќи ова се случува трета година по ред се доведува во прашање опстанокот на земјоделците во тој регион затоа го повикуваме Зоран Заев и ресорниот министер, ако се уште е министер, да излезат на терен и да преземат брзи и конкретни мерки за решавање на откупот, цената и пласманот на праската, бидејќи се работи за земјоделски производ кој не трпи одложување на бербата, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

spanec-vardar

Шпанецот Давид Хосе Писонери, нов тренер на ракометниот европски шамшион Вардар

Шпанецот Давид Хосе Писонери ќе биде нов тренер на ракометниот европски шамшион Вардар. Тој потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“ .Тој доаѓа од Валјадолид, Шпанија каде беше тренер последниве две сезони. Претходно бил играч 12 години, од што девет сезони како дел од Валјадолид, Кантабрија и Адемар Леон.Од активно играње се откажа во мај 2003 година на 30 годишна возраст поради повреда. 

Спорт | пред 6 години

Нема фотографија

Општина Охрид: Сметаме дека ваквото днесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина

Во   врска   со   инцидентот   на   вчерашната   седница   на   Советот   на   Општина   Охрид,   ве известуваме:-  Локалната самоуправа го осудува  вчерашниот   инцидент  меѓу  советниците  и   смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните.  Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на  граѓаните и решавање на нивните потреби.  Сметаме   дека   ваквото   однесување   е   изолиран   инцидент   и   нема   да   се   повтори   во иднина и  ги  повикуваме  советниците  да  се однесуваат  во  духот  на демократијата и почитување на различните мислења, се вели во реакцијата од Општина Охрид.

Македонија | пред 6 години

ok-vmro-dpmne

ОК ВМРО ДПМНЕ: Институцијата Совет во Охрид, го достигна дното

ВМРО-ДПМНЕ   ОК   Охрид   осудува   секаков   вид   насилство  и   затоа  остро реагираме и го осудуваме вчерашниот инцидент на седницата на Совет на општина Охрид. Институцијата   Совет   го   достигна   дното   за   што   ВМРО-ДПМНЕ   постојано апелираше и предупредуваше за неговото институционално паѓање, се вели во соопштението од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Тоа   се   случуваше   изминатите   две   години   преку   низа     непринципиелности, праксата на недоаѓање на седниците на Совет на предлагачите, суштински грешки во одлуките, незаконските одлуки ставајќи ги во преден план партиските интереси и ред нерегуларности. Дигнитетот на Советот е нарушен на што предупредивме дека непринципиелни предизборни договарања, компромитирачки одлуки не водат кон добро и интерес на граѓаните. Ги повикуваме надлежните институции сериозно да се позанимаваат со случајот за што не смее никакво толерирање.Локалната   Власт   на   институцијата   која   припаѓа   на   граѓаните   и   го   зададе најнискиот удар за што ако има грам совест ќе си понесе одговорност.ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид будно ќе го следи епилогот на правната разврска, се вели во соопштението од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

IMG_1860

Општина Кисела Вода додели ваучери за новороденчиња

Општина Кисела Вода денеска додели нови 31 ваучер за новороденчиња, од кои 18 за момчиња и 13 за девојчиња.Ваучерите на младите родители им ги подели шефот на кабинетот на градоначалникот, Горан Петковски.Локалната самоуправа, помошта во висина од 6000 денари на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби.За добивање на парична помош,  семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Барањата се поднесуваат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето.

Скопје | пред 6 години

rociste

Констатирани оставките на Груевски и Богоевски

Собранието денеска во рамки на 102. седница ја констатираше оставката од функцијата пратеник на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега од државата и доби политички азил во Унгарија, како и на пратеникот Павле Богоевски.По ова треба да заседава Државната изборна комисија која треба да ги предложи следните два кандидати кои ќе ги наследат Груевски и Богоевски.На нивните места доаѓаат Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

pretepani-2

Претепани четворица сезонски работници во Хрватска

Во Хрватска, околу 20 насилници претепале четворица сезонски работници, а меѓу нив и една девојка.Четворицата претепани, од кои тројца сезонски работници од Славонија и еден од Брач и сезонска работничка од Вараждин се враќале од излегување, пренесува 24сата.хр. Според овие информации, во околу четири часот наутро тие поминале покрај пекара во центарот на Супетар кога се случил нападот.Инцидентот наводно се случил кога тие здогледале група од околу 20 луѓе, кои почнале да им довикаат „кој од вас е Србин?“.

Свет | пред 6 години

brod-izvlekuvanje-2

Туристичкиот брод што потона во Дунав денеска е извлечен на површината

Започна акцијата на извлекување на остатоците од унгарскиот туристички брод Сирена, потонат во близина на мостот во центарот на Будимпешта, јави Ројтерс. Полицијата е на локацијата и ги извлекува телата од бродот.Акцијата ја спроведоа спасувачки тимови од Унгарија и од Јужна Кореја. Како што пренесуваат странските агенции, во остатоците на бродот пронајдени се најмалку уште две тела.Јужнокорејскиот брод пренесуваше туристи од Јужна Кореја кога се судри со крузер и потона, при што загинаа 20 луѓем, а осум други се исчезнати.

Свет | пред 6 години

5.jpeg

Анѓушев, Тевдовски, Бектеши и Николовски се сретнаа со Бабиш: Економските потенцијали да се искористат за поинтензивна соработка

За време на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот на Владата на Чешката Република, Н.Е. г. Андреј Бабиш, на работен појадок се сретна со економскиот тим на Владата, предводен од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој беше заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски, со министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.Фокусот на средбата беа економските прашања, како и поддршката од Чешката Република на нашата земја за евро-атлантските интеграции. Зборувајќи за теквната економска сорабока помеѓу свете земји, вицепремиерот Анѓушев нагласи дека постои огромен простор за интензивирање на соработката, со оглед на тоа дека Чешка е 22-ри трговски партнер на нашата земја.„Преку мерките во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, Владата обезедува голема поддршка на домашните и странските компании да основаат нови производствени процеси или да ги унапредат постоечките, со што ќе се подигне нивото на технолошки развој и ќе се отворат нови работни места. Тоа е можност и за заинтересирани чешки компании да дојдат да инвестираат во Северна Македонија. Чешката фабрика за шински возила Локо Транс веќе најави своја инвестиција во Скопје и тоа е еден чекор напред во интензивирање на меѓусебната соработка. Воедно постои голем простор за соработка во земјоделството, кадешто би можеле да ја интензивираме соработката и во однос на примарното производство и во преработувачката индустрија, но и во меѓусебната размена. Со новиот Закон за енергетика овозможивме изградба на нови производствени капацитетите од обновливи извори, што е уште една можност за инвестиции од страна на чешки компании“, нагласи Анѓушев, при што ги информираше гостите од Чешка дека е распишан јавен оглас за фотонапонски централи со инсталирана моќност од 35 мегавати на принцп на Премиум.Министерот Бектеши потсети дека пред два месеци, во Скопје се одржа бизнис форум и средби помеѓу компаниите Чешка и Северна Македонија, на кој се воспоставени меѓусебни контакти, што е добар сигнал дека економската соработка ќе се развива во позитивна насока.„За да се воспостави посилна економска соработка и да се зголеми трговската размена, компаниите од двете земји мора поинтензивно да комуницираат и воспоставуваат соработка. Владите од двете земји во април веќе иницираа и организираа бизнис форум, за да ги поттикнеме компаниите на соработка.Иницијалните контакти помеѓу компаниите се направени, се надеваме дека има взаемен интерес да се подобрува трговската размена помеѓу двете земји“, рече Бектеши.Премиерот Андреј Бабиш ја искажа силната поддршка од страна на Чешката Република за евроатлантските интеграции на земјата и за политичките процеси кои ги спроведува нашата Влада. Тој ги пренесе чешките искуства во евро- интегративниот процес, а со економскиот тим на Владата зборуваа и за тековните предизвици во областа на земјоделството, енергетиката, како и за надминување на јазот помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на рудот, како еден од предизвиците со кои се соочуваат речиси сите земји во Европа.

Македонија | пред 6 години

onkologija3

Опасен радиоактивен отпад во сред центар на Скопје

Опасен радиоактивен отпад со години стои во подрумските простории на Клиниката за онкологија и преставува темпирана бомба од безбедносен аспект, дознава НОВА од извори запознаени со оваа проблематика. Станува збор за радиоактивен кобалт 60 кој е многу опасен по здравјето на луѓето доколку се изложат на неговото зрачење.Но, на Онкологија нема само опасен радиоактивен кобалт. Таму во последните 50 години бил складиран и друг радиоактивен отпад, како што е радиоактивно злато, радиум, цезиум кои биле користени во медицината, а немало каде да се однесат.Опасниот радиоактивниот кобалт 60 кој со години се наоѓа на Клиниката за онкологија најдоцна  до јуни треба да биде изнесен од државата, потврдија за НОВА во Агенцијата за радиjација. Владата повеќе од половина година барала странска помош за да се отстрани радиоактивниот материјал од државата. Помош прво се барала од САД, за потоа да биде  договорено акцијата да ја спроведе Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН, со седиште во Виена.Според строгата меѓународна процедура, акцијата треба да се одвива ноќе кога нема движење на пациенти и луѓе по улиците на градот. Транспортот ќе биде спроведен со специјално возило според највисоки стандарди, со придружба на полицијата, експерти од Меѓународната Агенција за атомска енергија и од Агенцијата за радијација. Радиоактивниот кобалт ќе биде однесен во Германија или Франција, една од двете земји кои се јавиле на тендерот.Во Македонија има 16 места кои се извор на радиоактивно зрачење. Дури четири од нив се наоѓаат во Скопје. Текстот во целост на: novatv.mk 

Скопје | пред 6 години

Foto-2-4

Претседателот Пендаровски прими делегација од германскиот медиумски сервис, Дојче Веле

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација од германскиот медиумски сервис, Дојче Веле, кој оваа година одбележува 66 години од своето формирање и 50 години од Програмата на македонски јазик.Претседателот Пендаровски упати честитки до целиот тим на Дојче Веле, за нивната долгогодишна професионалност, критичен и одговорен пристап, во насока на точно, објективно и навремено информирање, притоа промовирајќи европски стандарди и недозволувајќи да бидат алатка за остварување на нечии одредени интереси, коишто се спротивни на основните новинарски принципи.„Со својата Програма на македонски јазик, Дојче Веле веќе пет децении придонесува во развојот и зајакнувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Германија“, рече претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство што германскиот медиум во континуитет и со аналитичност информира и едуцира за сите општествено-политички случувања во двете држави.На средбата беше потенцирана исклучителната важност на слободата на медиумите и клучната улога на новинарството во развојот на демократското општество и владеењето на правото.Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека е неопходно институциите во Република Северна Македонија да градат партнерски и транспарентен однос со медиумите, кои пак, мора да бидат буден и бескомпромисен коректив на секојдневните процеси во државата. Единствено на тој начин, рече претседателот Пендаровски, медиумите ќе можат да ја извршуваат својата основна задача, да бидат еден од столбовите на демократското општество во Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

pavlopulos

Грчкиот парламент се распушти, избори на 7 јули

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос го прифати барањето од премиерот Алексис Ципрас за предвремени избори и го распушти парламентот. Изборите треба да се одржат на 7 јули. Во Грција регуларни избори требаше да се одржат наесен.Одлуката за распишување на предвремените избори премиерот Ципрас ја донесе по изборите за европскиот парламент, кога неговата партија во Грција освои помалку гласови од опозициската Нова демократија. 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања