Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Скопјанец каснат од куче скитник

На 10.06.2019 година во 20,00 часот во Полициската станица Центар, С.Ј.(57) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.30 часот на Кеј „13-ти Номеври“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

soobrakajka-1

Во еден ден во Скопје 12 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 26 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 73 мандатни платни налози и 47 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 10 лица поминале со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

policija-123

Полицијата легитимирала српски државјанин и му пронашла украдени работи

На 11.06.2019 година во Скопје на булеварот „Кузман Јосифоски Питу“, при легитимирање и преглед на лицето К.К.(34) од Република Србија, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело кражба. Лицето било приведено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Пешак со тешки телесни повреди пренесен во болница, го удрил автомобил

На 10.06.2019 година во 17.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено лицето Б.М.(58) од Скопје со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода која се случила на улицата „Сава Ковачевиќ“. Б.М. бил удрен од патничко возило „Пежо 406“ со бугарски национални ознаки, сопственост на А.А.(56) од Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кај Охриѓанец пронајдени амфетамини

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.Ш.(27) од Охрид. На 25.12.2018 година, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени амфетамини.  

Македонија | пред 6 години

sudar

Верижен судар на автопатот „Мајка Тереза“,повредени повеќе лица

На 10.06.2019 година во 16.15 часот на автопатот „Мајка Тереза“, во атарот на с.Буковиќ, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Фиат Сеиченто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(43) од с.Трубарево, скопско, патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(26) од с.Ново Село, тетовско и товарно возило „Пежо Бипер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(44) од Скопје. Во незгодата, тројцата возачи, како и сопатничката во товарното возило „Пежо Бипер“, Е.Р.(36) од Скопје, се здобиле со повреди. Ј.Д. и А.Д. се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека А.С. и Е.Р. се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“.Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

soobr1

Се преврте комбе на обиколницата Скопје, еден почина две лица со тешки телесни повреди

На 11.06.2019 година во 03.40 часот на обиколницата Скопје, во правец од Тетово кон Велес, во близина на клучка Радишани, патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(40) од Скопје, изгубило контрола и се превртело. Притоа, возачот починал на местото, додека едниот сопатник Б.Н.(42) се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, а другиот сопатник А.С.(29) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

pozar-stan

Проблем во електричната инсталација најверојатна причина за пожарот во Кисела Вода

Големиот пожар што вчера избувна во станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, кај спортската сала „Расадник“, најверојатно настанал поради спој во електричната инсталација, информираа од противпожарната бригада.Дознаваме дека од огнената стихија биле зафатени вкупно три стана.Операцијата за гаснење траела повеќе од два часа, а неа ја изведе против пожарната служба со 11 возила.При гаснењето повредени тројца полицајци, а од зградата успешно биле евакуирани седум лица. Граѓаните утринава се вратиле пред зградата во обид да дознаат кога ќе може да се вратат дома за да видат дали и во нивните станови има евентуална штета. Но, увидот е во тек сеуште и граѓаните намаат пристап до домовите. Полицијата го обезбедува влезот од кражби.  

Скопје | пред 6 години

parking-1

Паркинг во строгиот центар на Охрид од понеделник 100 денари за 1 час

Охриѓани и гостите доколку сакаат да се паркираат на потегот од поштата до кружниот тек на градскиот плоштад ќе плаќаат двојно поскапо од досега. За претстојната сезона има промени во однос на зоните А и Б, а се воведува и премиум зоната што се протега од објектот на Македонска пошта и кај кружниот тек, каде паркирањето ќе чини 100 денари.Целта на општинските власти е да го дестимулира движењето на возила во центарот на градот. Овие  зафати како што велат од локлната се прават според препораките на УНЕСКО за редуцирање на сообраќајот во Стар град.Инаку деновиве завршува поставувањето на рампите кон влезовите во стариот дел од градот, а утре ќе биде објавен и повикот за реевиденција на картичките кои ќе ги користат жителите на овој дел од градот кои, за разлика од останатите, ќе можат непречено да се движат.Опозицијата во советот реагира на ваквите измени, потенцирајќи дека затворањето со рампи на Стар град ќе значи правење на еден вид гето во дел од градот каде најголем дел од луѓето се занимаваат со туризам.Има уште една измена за оваа сезона. А таа се однесува на движењето и паркирањето на автобусите. Согласно донесената одлука на Советот на Општина Охрид за измена на режимот на сообраќај, автобусите симнувањето и качувањето на туристите, организираните групи, ќе го вршат на ул. Кузман Јосифоски Питу од почетокот па се до пресекот со ул. Партизанска (Универзитет Апостол Павле), додека паркирањето на автобусите ќе биде единствено можно на паркинг просторот позади спортската сала "Билјанини Извори".Напоменуваме дека на секое друго место каде ќе биде затекнат паркиран автобус истиот од страна на полицијата ќе биде казнуван согласно законот за неправилно паркирање.Цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а од 12-24 часа 600 денари. 

Македонија | пред 6 години

ohrid-gubre-3

(ФОТО) Ѓубре насекаде, шо напрајвме со убајнава

Големиот хуманитарец и екологист во душа охриѓанката Анета Вршкоска Јованоска на сите начини се обидува да ги освести охриѓани да им ја подигне еколошката свест.Таа постојано објавува фотографии од смет на најатрактивните места во Охрид, барајќи помош од надлежните да се исчисти, а од граѓаните да им се разбуди свеста и пред да фрлат добро да размислат. Јованоска често знае и да исчисти, но вели има толку многу што неможе да се постигне.„Ве молам вели таа, оваа божја убавина да не ја затрупуваме. За сметот има садови“.Денеска Јованоска објави фотографии од Лабино и напиша:„Да го спасиме Лабино од депонијава, секој ден врие од туристи за резил сме #СпасзаЛабино кантиве се нефункционални шират страшна смрдеа изгледаат грозно бидејќи најлоните се полнат со вода или се раскинати од животинки и ѓубрето е насекаде #Шонапрајвмесоубајнава фото: Анета Вршкоска Јованоска

Македонија | пред 6 години

rasprava

(ВИДЕО) Жестока вербална пресметка помеѓу Дачиќ и амбасадорката на Косово во ОН

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ и амбасадорката на Косово во ОН, Влора Читаку по завршување на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, имале жестока вербална пресметка пренесе „Танјуг“.Амбасадорката Влора Читаку, видео од ова постави на на својот профил на „Твитер“.https://twitter.com/vloracitaku/status/1138192284120494085?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1138192284120494085&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fregion%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b1%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25bc%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b5%25d1%2593%25d1%2583-%25d0%25b4%25d0%25b0%25d1%2587%25d0%25b8%25d1%259c-%25d0%25b8%2F

Свет | пред 6 години

babis

(ВИДЕО) Чешкиот премиер Андреј Бабиш во посета на земјава

Денеска во официјална посета на Македонија  престојува чешкиот премиер Андреј Бабиш. Церемонијата за пречек беше пред Владата, а потоа предвидени се средби на двете делегации.Предвидено е премиерот Бабиш да има средби и со шефот на државава Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и со министерот за економија Крешник Бектеши.Пред доаѓањето во Скопје, Бабиш најави дека ќе искаже поддршка од Чешката Република за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.Со своите домаќини ќе разговара за билатералната соработка и за актуелните случувања на Балканот, во Европа и во светот. Разговорите ќе бидат фокусирани и на можностите за чешки инвестиции во земјава.https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/442673993179050/?notif_id=1560238691938423&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

pleti-novak

(ВИДЕО) Како плети Новак Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ покажа дека добро се снаоѓа и во нешто друго освен во играње тенис. Тој покажа како плети, а со тоа докажа дека ја цени рачната изработка.Како плети Ѓоковиќ на следното видео:https://www.facebook.com/NovakDjokovicFanClub/videos/314216872826008/?v=314216872826008Инаку Ѓоковиќ е единствениот што трипати по ред победува на три гранслема во низа – Вимблдон, Њујорк и Мелбурн.

Магазин | пред 6 години

pozar-kisela-voda-1

Кирацовски поттикнат од пожртвуваноста на пожарникарите, за нив ќе донира една своја плата

Пратеникот Александар Кирацовски, објави дека поттикнат од пожртвуваноста на пожарникарите кои учествуваа во гасење на пожарот во зграда во Кисела Вода, ќе донира една своја пратеничка плата.,,Брзата реакција, организираноста на противпожарната единица на Град Скопје која денес успешно се справи со пламените јазици од пожарот настанат во зградата во Кисела Вода (во чија близина привремено престојувам и јас со своето семејство), треба да биде пример за посветеност, пожртвуваност кон својата работа во служба на граѓаните, за многу општествени истакани личности, како и за вработените во сите институции.Хероите – пожарникари, кои неколку часа се справуваа со настанатиот пожар, спасија повеќе животи, ставајќи го својот во ризик.Тоа мора да се поздрави и да се награди, за да се поттикне како пример на однесување за сите нас.Во таа насока, како пратеник во републичкото Собрание, изјавувам дека за ПОЖАРНИКАРИТЕ – ХЕРОИ, во форма на награда ги издвојувам моите месечни приходи.Истовремено ги повикувам сите кои се во можност да го сторат истото во најразлична форма за овие хумани луѓе, но и за семејствата чиишто станови се зафатени од пламенот на настанатиот пожар.Хуманоста пред се!“-напиша Кирацовски на социјалните мрежи. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Започна исплатата на зголемената социјална помош

Започна исплатата на зголемената социјална помош, над 25.000 семејства добиja гарантиран минимален приход, градиме фер и праведно општество Започна исплатата на зголемената социјална помош којашто е предвидена со новата социјална реформа, се вели во соопштението од СДСМ.Над 25.000 семејства добија гарантиран минимален приход, којшто за поголемиот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто.  На сите домаќинства коишто имаат деца дополнително им е исплатен и детски и образовен додаток.Со социјалната реформа правиме целосна преобразба на системот за социјална заштита кој има за цел трајно да изввлекува од сиромаштија. За прв пат , корисниците на Гарантираната минимална помош,  добиваат и детски додаток како и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение, е трансформирана  во право на додаток за образование.Со социјалната реформа наместо досегашниот  опфат од 3.200 деца, сега детскиот додаток користат 73.500 деца, а наместо 3.800 дечиња корисници на образовен додаток, отсега пристап имаат 64.136 деца.Со мерките од социјалната реформа, ја намалуваме сиромаштијата во државата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост, го подобруваме квалитетот на предучилишното образование и градиме вистински праведно и хумано општество.Аплицирањето за новите права е се уште во тек и очекувано е опфатот на домаќинства што ќе ги остваруваат правата дополнително да се зголеми, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

post

КК Академија ФМП влезе во првата лига на Северна Македонија

Кошаркарите на „Академија ФМП“ од Кисела Вода се пласираа во кошаркарската прва лига на Северна Македонија.-После победата во првиот натпревар, во бараж двомечот за пласман во првата лига, против екипата на Шкупи со резултат 94-67 и неодигрувањето на возвратниот дуел, кој е регистриран со службен резултат од 0-20, се пласираме во првата лига на Македонија. Оваа победа доаѓа како круна на целокупниот труд вложен во текот на целата сезона, на сите кои што се дел од овој кошаркарски проект. Најпрво честитки до нашите играчи кои одлично ја изиграа целата сезона и одлично се справија со целиот притисок. Сите покажаа дека кошарката е начин на живот и дека екипата е една голема фамилија. Честитки до сите симпатизери на „Академија ФМП“ кои коректно го бодреа тимот во текот на целата сезона. Честитки и за целиот стручен штаб на чело со тренерот Игор Гацов – Гац, кој по втор пат во својата кариера, успева да однесе една екипа во првата лига (во минатото тоа го направи со екипата на Амак СП). И на крајот да не заборавиме да им честитаме на сите луѓе кои се вклучени во овој проект и напорно работат за тој да опстои долги години. Огромна благодарност и до нашите соработници. Благодарност на Општина Кисела Вода – изјавија од ФМП Академија.

Спорт | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев пописот го разбира како политичка алатка која му служи за исплата на политичките концесии кои го донесоа на власт

Власта продолжува со самоволието и спроведувањето штетни политики со единствена цел, Зоран Заев да ја зачува својата фотелја на Илинденска б.б. Пописот е статистичка операција од големо значење за државата, операција која во една нормална држава ја одредува насоката во која ќе се движат државните политики. Во Република Македонија, Зоран Заев пописот го разбира како политичка алатка која му служи за исплата на политичките концесии кои го донесоа овој човек на власт, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во ниту една европска држава не се попишуваат матични броеви туку домаќинства и граѓани. Препораките на Еуростат не велат дека една земја аспирант за членство во Европската Унија треба да попишува матични броеви.Заев продолжува со злоупотребата на државните и националните интереси со единствена цел останување на власт, а распродажбата на истите веќе му поминува во навика.Аболицираниот Заев по кој знае кој пат го покажува недостатокот на Европските вредности. Криминалната банда на власт повторно на шверцерски начин протуркува уште едно погубно законско решение за македонската држава.Опозицијата повторно е исклучена од ваквиот процес за носење на закон кој е од суштинско значење за државата. Ваквото однесување на власта е недозволиво.Зоран Заев ризикува повторно да се соочи со гневот на народот, како што тоа се случи со неуспешниот референдум за промена на името. Крајот на  криминалната банда е близу.Што и да направи аболицираниот Заев тоа нема да го пролонгира крајот на неговата политичка кариера, тој за граѓаните е прочитана книга. Само кога Заев ќе замине од политичката сцена во државата, Македонија ќе има шанса да се врати на вистинскиот пат на реформи, економски просперитет и добробит за македонските граѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

120190520_075956

Денеска претпладне сонце, попладне облаци

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и особено во планинските региони на северот ќе има локална нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. УВ=9За утре метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност, попладне со појава на изолирана нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8 Во Скопје, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност.

Македонија | пред 6 години

durmo-turs-avtobus

(ФОТО) И овој автобус на „Дурмо турс“поминал технички преглед – еве како возеше денес

Со гума која само што не испаднала и задушлив мирис на чад, вака низ центарот на Скопје, на крстосницата пред зградата на Владата, вози уште еден „исправен“ автобус на „Дурмо турс“, објави Република.Ова е автобус во кој се превезуваат патници на релација Гостивар-Скопје, а поминал технички преглед.Само за потсетување не поминаа ни четири месеци по несреќата кај Ласкарци во која животот го загубија 16 патници на овој превозник. 

Македонија | пред 6 години

sasho-vasilevski-960x528

Унапредена ќерката на пратеникот Сашо Василески

На социјалните мрежи се шири веста дека ќерката на пратеникот Сашо Василески од Охрид е унапредена на своето работно место.„Денов го посветувам на татините принцези како Олга Василеска, ќерката на пратеникот Сашо Василески од Охрид. Вработена во МК Железници, која пред месец дена е унапредена во раководител на правна служба. Па се прашувам дали тоа е награда за делото на тате или вистински е способа“, пишува на твитер.https://twitter.com/kmandrina/status/1137986077573230592?s=21&fbclid=IwAR0cHEfj9GcrTF9hdcSwVZURjt1K1C3_sIIvfew6-d17kiPi4FXTipn8DXU

Македонија | пред 6 години

helikopter-menheten

(ФОТО + ВИДЕО) Хеликоптер се удри во зграда на Менхетн

Во централниот дел на Менхетн, попладнево околу 14 часот полокално време хеликоптер удри во кров од облакодер а потоа се запали, при што едно лице загина. Несреќата се случи во северниот дел на Тајмс Сквер.Медиумите пренесуваат дека хеликоптерот сакал да слета на покрив на една зграда, но при слетувањето настанал пожар. Очевидците истакнале дека почувствувале затресување на зградата, но не знаеле за што точно се работи.

Свет | пред 6 години

eurokompozit

Анѓушев и Сугарески се сретнаа со засегнатите страни во случајот со „Еурокомпозит 11 Октомври“

Заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, како што беше најавено во текот на минатата седмица, остварија средба со претставници на управата на „Еурокомпозит 11 Октомври“, претставници на синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР), претставници на синдикатот на вработените во компанијата и со претставници на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанијата, со кои разговараа за евентуалните решенија за надминување на проблемите, кои се таложени со години во компанијата.На средбата од страна на вицепремиерот за економски прашања беше предложено решение на наследените проблеми, во согласност со Закон, за кое претставниците на синдикатот на вработените во фабриката и на поранешните вработени, на кои им престанал работниот однос во компанијата, побараа дополнително време за консултација со своите колеги.По добивање на согласност од страна на синдикатот на вработените и здружението на лица на кои им престанал работниот однос во фабриката, ќе се премине во реализација на предложеното решение, со кое конечно ќе се надминат проблемите со кои се соочува оваа компанија речиси 15 години.

Македонија | пред 6 години

jahi-jahija

Уапсен државен секретар во МИОА Јахи Јахија, одреден му е 30 дневен притвор

Осомничениот Јахи Јахиу, кого Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомничи дека зел поткуп за да намести фирма да добие европски пари, заврши во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.Доверливи тендерски информации државниот секретар во министерството за информатичко општество Јахи Јахја ги наплатил речиси 38 000 евра. Пред да биде доделен ИПА проект вреден 1,2 милиони евра Јахја и уште една колешка - раководителка, детално ги информирале заинтересираните фирми кои потоа го добиле тендерот, велат од обвинителството.Инаку, Јахи Јахија е кадар на ДУИ. Според информациите на обвинителството, тој веќе бил осудуван. Раководителката која земала мито од 2500 евра, моментално не е во земјава. 

пред 6 години

banknoti

(ФОТО) Се појавија македонски банкноти со испишана парола: ,,Никогаш Северна, само Македонија”

Паролата ,,Никогаш Северна, само Македонија” се појави на книжните пари низ земјава. Имено граѓани на банкноти од 100 и 200 денари ја пишуваат паролата и банкнотата ја пуштаат во промет.Имено оваа идеја несомнено потекна од Србија. Наодамна српските медиуми објавија дека граѓаните на своите банкноти пишуваат “Косово е Србија” .https://twitter.com/HristodulP/status/1137660665147953157?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1137660665147953157&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2Fnode%2F20070

Македонија | пред 6 години

20190610_191813

Се запали возило на автопатот Велес – Скопје (ВИДЕО)

Голем облак од дим се издигал од возилото, а не е познато дали има повредени лица.Засега нема детални информации кои се очекуваат по завршувањето на увидот од екипите на терен.[embed][/embed]извор dnevno.mk

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања