Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

kamion-zapalen-pozar

Изгореа два автобуси паркирани пред автобуската станица во Прилеп

На 10.06.2019 година во Полициската станица Прилеп било пријавено дека настанал пожар на два автобуси „Сетра“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на фирма од Неготино, кои биле паркирани пред влезот за возила во автобуската станица во Прилеп. Извршен е увид.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Почина лице на Водно, велосипедист се обидел да му помогне, но Итната медицинска помош констатирала смрт

На 09.06.2019 година во 11.25 часот во Полициската станица Центар, Н.Б пријавил дека, додека се спуштал со велосипед на планината Водно, забелажал лице кое паднало и тешко дишело, по што повикал Итна медицинска помош.Во 12.15 часот екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Утврден бил идентитетот на починатиот, М.Ѓ.(68) од Скопје. По наредба Јавен обвинител телото на починатиот било пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Скопје | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Велешанец со нож повредил 28 годишен маж

На 09.06.2019 околу 15.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8-ма Велешка Бригада“, во дворот од неговата куќа, А.Р.(75) со нож му нанел повреда на неговиот внук А.В.(28) од Велес. А.Р бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

lovecka-puska

Ловочувари заработија кривична, еве зошто...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и С.Д.(67) од село Делисници, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.На 14.12.2016 година на теренот на Ловечкото друштво „Сокол“ - Куманово, ловочувари ги затекнале Ж.А. од Скопје, Т.Т. и Т.В., двајцата од Куманово, во незаконски лов и им ги одзеле ловните пушки и ги предале на првопријавениoт, вработен во Ловечкотот друштво „Сокол“ Куманово, како одговорен за организација, координација и работа на ловочуварската служба. Притоа, првопријавениот на трите лица им посочил дека на жиро сметка на наведеното ловно друштво треба да уплатат вкупно 10.000 денари како донација, за да им ги врати одземените пушки. После тоа, откако ја уплатиле сумата, првопријавениот, спротивно на Законот за ловство, им ги вратил одземените пушки. Второпријавениот, како раководител на стручната служба на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, со неизвршување на своите работни задачи, односно контрола над законско постапување на првопријавениот, овозможил истиот да прибави противправна имотна корист од 10.000 денари за наведеното ловно друштво. Со ова, пријавените нанеле штета од 276.750 денари на Буџетот на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

seca

Кривична пријава за бесправна сеча на дабово стебло

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.Б.(66) од село Симница, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,пустошење на шума“ и ,,кражба“ на дрва.Во текот на април 2019 година во атар на село Симница, од парцели во сопственост на Република Северна Македонија, пријавениот извршил бесправна сеча на дабово стебло, по што ги продавал. На тој начин пријавениот нанел штета од 97.699 денари на Буџетот на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

svr

Свр за тепачката во советот во Охрид

На 10.06.2019 година околу 14 часот, во СВР Охрид, Џ.М. телефонски пријави дека во просториите на општина Охрид, физички бил нападнат од Н.У., двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на овој настан.

Македонија | пред 6 години

sladoled-534x330

Ова е најдобриот домашен сладолед од само 4 состојки

Најдобриот домашен сладолед кој сте го пробале некогаш, а се прави од само 4 состојки.СОСТОЈКИ:7 жолчки1,5 дл шеќер во правванила7 дл слатка павлакаНАЧИН НА ПОДГОТОВКА:Пенасто разматете јајца и шеќер. Смесата треба да стане бела.Пресечете го стапчето ванила и додајте ги зрнцата во јајцата и шеќерот.Црвсто разматете ја слатката павлака и измешајте лесно со јајца и шеќер. Сѐ ставете во сад и во замрзнувач 3-4 часа.Уживајте!извор:готви.мк

Македонија | пред 6 години

pozar-kisela-voda

Пожар во стан во населбата Кисела Вода, истиот се прошири - се евакуираат станарите

Во зграда во скопската населба Кисела Вода во близина на спортската сала „Расадник“се запали стан на 5-от кат.. Според неофицијални информации, пожарот се проширил.Во моментов пожарникарите на скопската противпожарна бригада со неколку возила го гасат пожарот и ги евакуираат станарите.Засега нема информации за повредени лица. Неофицијално, пожарникар се здобил со повреди гаснејќи го пожарот. 

Скопје | пред 6 години

Prv-so-najdobrite-2019-1

Награди и признанија за матурантите првенци од Скопје

Градоначалникот Шилегов денеска им врачи признанија и парични награди на матурантите првенци на генерациите 2015/2019 и 2016/2019 од 22 скопски средни училишта. Доделувањето на наградите е дел од традиционалната манифестација на Град Скопје „Средба на првиот со најдобрите“ која овојпат се одржа во просториите на МКЦ.- Денеска наградуваме 27 првенци од 22 средни училишта на Град Скопје. Од нив, 22 награди се за првенците кои имаат завршено четиригодишно образование, а четири се за оние што имаат завршено тригодишно образование. Оваа година за првпат се доделува и специјална награда за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија во генерацијата 2015/2019 година. Праксата покажува дека тој што е првенец на својата генерација и понатаму постигнува врвни резултати на патот на својот професионален развој. Знаењето никој не може да ви го одземе, тоа е сила што ќе ве прави непокорни, самостојни и добри во одлучувањето – рече градоначалникот Шилегов пред присутните.Тој на учениците им порача и понатаму да редат успеси на различни полиња, зашто преку личниот успех индиректно придонесуваат за успешен развој и на градот, и на општеството.Награди и признанија за своите успеси денеска добија првенците на генерациите2015/2019 и 2016/2019 година: од СУГС „Владо Тасевски“ – АЛЕКСАНДАРНИКОЛОВСКИ IV; од СУГС „Георги Димитров“ - МАРИЈА ТРПЧЕВСКА IV; од СУГС„Раде Јовчевски-Корчагин“ - СТЕФАН СТОЈКОВИЌ IV; од СУГС „Кочо Рацин“ -МИХАЕЛА ЈАНКОСКА IV; од СУГС „Браќа Миладиновци“ - ЕЛЕНА БАБУНСКА IV;од СУГС „8 Септември“ - ЈАСИР ЉУРА IV; од СУГС „Jосип Броз-Тито“ – СПАСЕПРЕМЧЕСКИ IV; од СУГС „Орце Николов“ - ДАВИД ХРИСТОВ IV; од СУГС „МихајлоПупин“ - ТРАЈАН БОШКОВСКИ III и АЛЕКСАНДАР РАЈКОВЧЕВСКИ IV; од СУГС„Зеф Љуш Марку“ - МИРАНДА ПАЈАЗИТИ IV; од СУГС „Никола Карев“ – ДЕФНЕЕМИНОВСКА IV и МАРТИНА ЧОЧКОВА IV за особени постигнувања и резултати вопроцесот на инклузија во генерацијата 2015/2019 година; од СУГС „Лазар Танев“ -ТАТЈАНА ДАВИДОВСКА IV и САРА ТРАЈКОВСКА III; од СУГС „Васил Антевски-Дрен“ - ЕМИЛИЈА ТРАЈКОСКА IV; од СУГС „Боро Петрушевски“ – САНДРАЈАКИМОВСКА IV; од СУГС „Марија Кири-Склодовска“ - КАТЕРИНА ЧОБАНОВА IV;од СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ - ВЕРОНИКА СТАНОЕВСКА IV; од СУГС „ПанчеАрсовски“ - ПЕТАР СПАСОВИЌ IV; од СУГС „Арсени Јовков“ – ДАМЈАНЦВЕТКОСКИ IV; од СУГС „Здравко Цветковски“ - ДРАГАНА МАРИНКОВСКА IV; одСУГС „Цветан Димов“ - ЊОМЗА АЈДИНИ IV; од СУГС „Шаип Јусуф“ - АЗИС РАИФIV и САНЕЛА КРАСНИЌ III и од СУГС „Димитар Влахов“ - АЛЕКСАНДРА БЛАЖЕВАIV и АРБНОР ШАБАНИ III.Манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“ Градот Скопје ја организира традиционално, 13-та година по ред. Таа има за цел да го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и да им оддаде јавно признание за постигнатите резултати.

Скопје | пред 6 години

62152141_1020273484832275_8658582840998363136_n

Николовски - Со организирано земјоделско производство до сигурен откуп на земјоделските производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на земјоделскиот форум во организација на Националната федерација на фармери, насловен како „Организирано производство сигурен пласман“. На форумот присуствуваа земјоделци, претставници од преработувачката индустрија, професори од Факултетот за земјоделски науки и храна претставници од амбасадата на Кралството Шведска и Регионалниот директор на „We Effect Европа“. Присутните ги презентираа актуелните состојби со организираноста на земјоделското производство, мерките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за поттикнување на договорното производство и обезбедување на сигурен пласман, како и идните планирани политики.Министерот Николовски посочи дека од исклучително значење е заеднички да се работи на создавање на цврсти партнерски договори помеѓу земјоделците и откупувачите, бидејќи зависат едни од други.„ Организираното земјоделско производство за земјоделците значи сигурен пласман, за откупувачите сигурна суровина и исполнување на договорите со странските партнери. Следејќи ги трендовите на понуда и побарувачка на светските берзи, земјоделците и откупувачите, преку договорното производство заеднички можат да го организираат производството, да направат план за потребните количини и квалитет, а со единствена цел да се спречи појава на вишок на земјоделски производи. Изминативе години сме сведоци дека поради неорганизираноста на производството речиси секоја година се соочуваме со вишок на производи кои нема каде се пласираат. За надминување на овие проблеми од круцијално значење и воспоставување на договорно производство помеѓу земјоделските производители од една страна и откупувачите и преработувачите од друга страна“, изјави Николовски.При тоа, Николовски појасни дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изминативе две години интензивно работи на политики и мерки со кои ќе се обезбедат услови за сигурен откуп и пласман на земјоделските производи, преку мерките од Програмата за рурален развој и преку ИПАРД 2 програмата. Дополнително, во насока на воспоставување на услови за организирано земјоделско производство е и проектот „Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“, кој што е во рамките на Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија 2015. Овој проект има стратешко значење со цел зајакнување на позицијата на сите учесници во синџирот на додадена вредност, и ќе се постигне поврзување на земјоделците со откупувачите, поттикнување на договорното производство преку склучување на цврсти договори, со кои земјоделците ќе бидат сигурни во откупот и цените, а откупувачите во производите што им се потребни. Министерот Николовски посочи дека од исклучителна важност ќе биде и проектот на Факултетот за земјоделски науки и храна за „Изработка на анализи за спроведување на инвестиции за изградба на откупно-дистрибутивни центри“ со осврт на производството, откупот и трговијата со зеленчук и овошје. Резултатите од оваа анализа којашто ќе ги опфати потребните сегменти за воспоставување на можни решенија и насоки за успешно функционирање на откупот и дистрибуцијата на овошје и зеленчук, а резултатите се од голема помош за министерството и ќе служат како основа за креирање на политиките, базирани врз анализи и докази.

Македонија | пред 6 години

Foto-2-3

Претседателот Пендаровски прими делегација на Уставниот суд на Република Бугарија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација од Уставниот суд на Република Бугарија, што престојува во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија.На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа и надлежностите на Уставниот суд на Република Бугарија, како и соработката со Уставниот суд на Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски го поздрави партнерството и соработката меѓу уставните судови на двете држави, кое се развива во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.На средбата, на која присуствуваа претседателите на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Никола Ивановски и на Уставниот суд на Република Бугарија, Борис Велчев, како и членови и советници на Кабинетот на Претседателот, беше истакната важноста од штитење на уставноста и законитоста, како еден од темелните принципи на Европската унија.Претседателот Пендаровски изрази очекување дека соработката и размената на искуства меѓу уставните судови на двете држави ќе продолжи и во иднина, како пример за продлабочување на односите и соработката и во други сфери од заеднички интерес на двете држави.  

Македонија | пред 6 години

1-1-1

Јавен повик за работа на доктори во примарна здравствена заштита во здравствен дом

Министерството за здравство ги повикува заинтересираните доктори на медицина со лиценца за работа во примарна здравствена заштита да се пријават на јавниот повик и да достават писмо за интерес до Министерството за здравство, најдоцна до 15.06.2019 година, со цел да се обезбеди можност за работа во траење од шест месеци.Согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 20/19) докторите на медицина со лиценца за работа треба да поминат на работа шест месеци во примарна здравствена заштита во здравствен дом, како еден од условите за запишување на специјализација.Овој услов е задолжителен за сите здравствени работници со високо образование од областа на медицината – доктори на медицина кои со лиценца за работа се стекнале или ќе се стекнат по 22 мај 2019 година согласно Законот за дополнување на Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија” бр. 101/19). Заинтересираните доктори на медицина треба да имаат завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа.Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.Со стекнување искуство и со добивање шанса за работа ќе добијат дополнителен стимул за професионална надградба во својата кариера. Со овие мерки, веруваме дека ќе ги задржиме нашите лекари да работат во јавното здравство, а не да заминуваат надвор од земјата. Посветено работиме да креираме фер општество за сите млади луѓе.За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое е задолжително да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од лиценцата за работа и да ја наведат јавната здравствена установа за која изразуваат интерес според местото на живеење на заинтересираниот кандидат.Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достават во Министерството за здравство, ул. „50-та Дивизија“ бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до 15 јуни 2019 година, со назнака: ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за работа во примарна здравствена заштита во здравствен дом.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Тепачка во советот на општина Охрид, Нефи Усеини го нападнал Џелал Мена поради тоа што не сакал да гласа по негов ќејф

Советникот од БЕСА.  Џалал Мена тврди дека советникот Нефи Усеини физички го напднал бидејќи не гласал како што сакал Усеини. Мена го пријавил случајот во СВР Охрид, а во моемнтов е во општата болница каде што врши прегледи.„Јас не сакав да гласам по точката и советникот Нефи Усеини во присуство на сите советници, градоначалникот и целата јавност во салата во општина Охрид ми се нафрли и почна да ме тепа, по што другите не делеа, тврди за Скопје 1 советникот од Беса, Џелал Мена.Тој вели дека е изненаден од оваа појава во советот и дека од сега ќе бара советниците да бидат физички обезбедувани за да не бидат со сила принудувани да гласаат против својата воља.Градоначалникот не сакаше да го коментира настанот. Само кажа дека ќе остави институциите да го расветлат ово случај.Советникот пак Нефи Усеини, не успеавме да го добиеме.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев и Ахмети спремаат уште еден фалсификуван попис за лажно прикажување на Албанците како во 2002

Ја информираме јавноста дека Зоран Заев и Али Ахмети спремаат фалсификување на пописот во 2020 година, како и пописот во 2002 со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25 отсто, со цел, да се задоволи потребата на рамковниот договор, кој предвидува македонските Албанци да ги добијат правата само ако учествуваат со над 20 отсто од населението.Се очекува пописниот фалсификат да се изведе на начин што ќе се попишуваат како жители и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија само врз основа на изјава на некој член од семејството иако стандарден европски модел е да се регистрираат сите кои барем во последните 12 месеци влегле во Македонија.И во услови на целосна концентрација на моќта кај Заев, ги повикуваме пратениците од владеачкото мнозинство да покажат одговорност со тоа што, ќе му го одземат правото на Заев да прифати фалсификување на пописот во 2020 година и во собраниската расправа ќе ги избришат законските одредби со кои се овозможува фалсификување на пописот.Заев, ве предупредуваме дека немате мандат од македонскиот народ да договарате со ДУИ уште еден фалисификуван попис. Заев, запознаени сте со кривичната пријава на Единствена Македонија од 24.09 2009, поднесена до Државното обвинителство за фалсификување на пописот во 2002. Од приложените факти и докази кон кривичната пријава јасно се гледа дека албанското малцинство е околу 17 отсто од населението.Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2020, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалисификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката.

Македонија | пред 6 години

62528306_330400324555822_8978577184658554880_n

ООУ„Св. Климент Охридски“ од Кисела Вода доби награда од Фондот за иновации и технолошки развој

На конкурсот „Предизвик за млади истражувачи 2“, ООУ„Св. Климент Охридски“ од село Драчево, од Фондот за иновации и технолошки развој доби награда, финансирање на проект за „Квалитетот на воздухот во училницата“ . Училиштето наградата ја доби во конкуренција од 88 пријавени/проекти.Училишен тим составен од учениците и наставничките: Петар Велковски, Ема Трајчевска, Марија Панева, Матеа Крстевска, Максим Тасев, Андреј Николоски, Марко Маринковски, Биљана Илиева, наставник по биологија и Билјана Петрушевска, одделенски наставник истражувањето финансирано од ФИТР ќе го започне во октомври оваа година и ќе го спроведува до април, 2020 година. Учениците ќе истражуваат колку е загаден воздухот во училниците и во училишниот двор.Тие ќе конструираат и четири мали градини со собни растенија кои ќе го прочистуваат воздухот во училница. На крајот од проектот резултатите ќе ги презентираат пред јавноста.Предизвикот на ФИТР кој во соработка со Министерството за образование и наука се реализира, има за цел да ги потикне младите критички и креативно да размислуваат, а воедно и да стимулира иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта.Во градскиот парк, во Скопје вчера се одржа финалниот настан на кој беа прогласени и наградени најдобрите проекти од основните и средните училишта. На настанот присуствуваа заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Костадинов: Заради калкулации ВМРО-ДПМНЕ не спроведе попис

Kостадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник одговараше на новинарски прашања.Прашање: Господин Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира пописот наредната година доколку останат во предлог законот предвидените решенија за попишување на оние што се отсутни од земјата повеќе од 1 година, имате ли намера да ги повикате на договор за да се најдат решенија за законот на којшто ќе им одоговараат на сите, и има ли резон да се одржи попис доколку најголемата опозициска партија го бојкотира?Костадин Костадинов :Да не беше жално, ќе беше смешно, но ништо не нė изненадува од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Практично кога секогаш треба да се донесат крупни одлуки, одлуки коишто се во интерес на државата, ние знаеме самиот попис колку е важен да се спроведе за државата, знаеме дека долги години не се спроведуваше токму заради политички калкулации од страна на тогаш или порано владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а сега опозициска партија. Јас очекувам дека сите политички субјекти ќе ја разберат суштината и потребата од пописот на населението. Очекувам и ВМРО-ДПМНЕ да се охрабрат и да се откажат од намерите за бојкот, си има начин како во рамките на Собранието, во рамки на преговарачки групи и во рамки на партиите каде може да се дискутира тоа, а на крај да се донесе одлука којашто ќе биде во интерес на граѓаните.Прашање: Во однос на мандатот на Груевски, тој даде оставка преку нотарски акт, дали е тоа прифатливо или ќе инсистирате Собранието со двотретинско мнозинство да му го одземе?Костадин Костадинов :Не станува збор дали е тоа прифатливо или не. Знаеме дека во Република Северна Македонија законите важат подеднакво и мора да важат подеднакво за сите. Никола Груевски не е никаков исклучок од сите други граѓани во нашата држава. Јас повикувам и апелирам дека Никола Груевски има обврска да се врати во државата кадешто треба да си ја отслужи казната затвор, односно со правосилна судска пресуда сега од 2 години и додека има намера лично да ја врачи оставката во Собранието на Република Северна Македонија.Прашање: Нотарски акт не е прифатлив?Костадин Костадинов:Околу процедурите, околу правните текови дали е прифатлив нотарски акт на унгарски јазик, од страна на избеган криминалец којшто неговите колеги од неговата партија одбиваат да му го одземат мандатот, мислам дека е смешно.

Македонија | пред 6 години

borche-pacemski

Бочварски: Штип конечно доби затворен базен!

Би сакале да се заблагодариме за реализацијата на еден проект, кој беше најавуван во предизборната кампања на градоначалникот на Штип, г. Благој Бочварски. Ние од ГДУ, сакаме први да честитаме за проектот „затворен базен во Штип“. Штип конечно доби затворен базен! Многу влади досега ветуваа и се обидуваа да смогнат сили да реализират еден ваков голем проект, но само оваа власт успеа да го реализира, истакна претседателот на Граѓанско Демократска Унија- Штип, Борче Пачемски.Навистина зборот е збор!За жал, добивме само затворен базен, но не и покриен таков. Би сакале да знаеме дали ова лето ќе се примени иновативната метода за разладување од летните горештини по примерот на предходниот градоначалник на Скопје, г. Коце Трајановски, со поставување на песочни плажи покрај реката Брегалница?Само најискрено ве молиме, во никој случај да не се плажите во Ново Село, бидејќи цевката од колекторот сѐ уште не е направена, иако цела Македонија разбра за фекалиите кои излегуваат од таму. Можеби подобро е градскиот базен да биде отворен за да можат граѓаните да уживаат во капацитетите на истиот, или пак ќе треба да одиме до соседните градови на пример Пробиштип или Кочани?На овој прес, темата за аква- парк нема да ја отвораме, бидејќи стана јасно дека тоа било само една детска желба на нашиот градоначалник која никогаш за жал нема да се исполни, се вели во соопштението од Граѓанско Демократска Унија- ГДУ – Штип.

Македонија | пред 6 години

naum-stoilkovski

Стоилковски: Зоран Заев прокоцка цела година во лаги и манипулации дека Македонија добила датум за преговори

Зоран Заев прокоцка цела година во лаги и манипулации дека Македонија добила датум за преговори. Еве што велеше Заев цела година, еве како убедуваше насекаде, еве како говореше од собраниската говорница.Ова е видеото од 2 јули 2018 година, обраќање на Зоран Заев во Собранието пред пратениците! Значи пред една година каде што вели - „Скрининг процесот ЕУ го почнува на 17 јули 2018 година, овде, во Македонија.Европскиот совет никогаш повеќе нема да се навраќа на Македонија за да утврдува датум за преговори. Овие два аргументи се сериозна потврда дека Република Македонија доби датум за почеток на преговори“,истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.И еве не сега една година подоцна, Зоран Заев вели добил најдобар извештај до сега, кристално чист како милува да споредува ама повторно го чека Советот оној што никогаш немало да се навраќа на Република Македонија за да определува датум, и го чека да се наврати Советот и да определи датум за почеток на преговори. Односно да каже Заев дали испорачал реформи за да добие датум за преговори.И повторно Заев навлегува во нови лаги, дека ова бил најдобриот извештај, а лани нели беше најдобар и беше добиен датум заради тој извештај, и сега чека повторно ЕУ да му испорача! А, советот и лани порача дека ќе се наврати на Македонија за да ги провери реформите, и Заев тоа и тогаш и сега го знаеше! И повторно ништо не сработи!Замислете, Зоран Заев убедува дека ЕУ треба да му испорача! Заев во својата самозаљубеност, во самоблескањето, во самокристалот, вели Германија, Меркел требала нему да му испорача тоа што му го ветила.Зоран Заев и неговите лаги се срам и од ден на ден нанесуваат се поголема штета на Република Македонија. Зоран Заев наместо да работи на реформи, на економијата, на реформи во судството, безбедносниот систем, на борбата со корупција и справување со корупцијата во власта, во системот, тој и натаму е убеден и натаму лаже дека неговото прифаќање на грчкиот ултиматум против македонската посебност, култура, историја и идентитет преточени во Преспанскиот договор со години ќе го фалат и нема потреба ништо повеќе да преземе и да сработи!Е па не е така! Грчкото негирање, да беше огромен проблем и за тоа неколку пати поставуваше блокади на македонските евроатлански интеграции, но сега се проблем немањето реформи, неработењето на власта, корупцијата и економскиот колапс!Зоран Заев го обвинува Берлин дека Меркел не давала датум за преговори! Замислете Меркел не застанала спроти економскиот систем на Германија, на германските стопанственици, на оние кои што ја држат европската економија, кои што дадоа и оценија нула на перформансите на Заевата влада!Замислете Меркел не сакала да даде датум и со тоа да им порача на другите држави аспиранти за членството во ЕУ терајте вие во криминогеност, во корупција, во скандали со распределба на државниот буџет, во даночна евазија, во партизација на администрацијата, а ние ќе ви дадеме датум! Тоа би значело давање датум на ваква власт на Зоран Заев. За жал на македонските граѓани повторно изгубија уште една година со Зоран Заев.Почитувани жално е граѓаните, македонските граѓани, сите граѓани во Република Македонија да останат во чекалната затоа што Зоран Заев е убеден дека менува фиктивна Нобелова награда за датум за преговори! Жално е што Македонија нема да отпочне преговори заради погубните политики на Зоран Заев!Зоране Заев, времето ти измина, не создавај дополнителни проблеми на Република Македонија! Замини си, не ја одземај иднината на граѓаните, престани со лагите и обвинувањата на други. Игрите и лагите, капацитетот, ти е прочитан и дома и надвор. Колку подолго си на власт, толку подолу ја туркаш Република Македонија, истакна истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

jovan-jauleski

Јован Јаулески: Најголемата мерка на СДСМ за намалување на невработеноста е забрзаното иселување на младите

Најголемата мерка на СДСМ за намалување на невработеноста е забрзаното иселување на младите кое ни се случува откако тие дојдоа на власт. СДСМ две години не направи ништо суштински за да ги задржи младите да останат во земјата. Две години нема никаков проект, ниту мерка, за сега откако илјадници млади се иселија да излезат со проект кој го нарекоа младинска картичка, а која наместо реална придобивка нуди минимални попусти во скапи локали, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Секојдневно полни автобуси како од внатрешноста, така и од Скопје ја напуштаат Република Македонија. Училиштата се празнат, а амбасадите од Западна Европа годишно даваат неколку десетици илјади работни визи на наши граѓани, воглавно млади кои одлучуваат да работат и живеат надвор од државата.Ова почитувани е реалноста, редици пред амбасади, празни училишта и полни автобуси правец Западна Европа. Ова е епилогот од владеењето на СДСМ.Дарко Каевски и Зоран Заев се директно виновни за голготата низ која поминуваат младите. Поради неспособноста и неработата на власта, младинската невработеност во Македонија е најголема во регионот и во Европа. На младите не им требаат празни флоскули и картички за  попусти, младите сакаат нормални услови за работа како нивните врсници од развиениот свет. Дарко Каевски и Зоран Заев не го овозможија ова. Дарко Каевски, Зоран Заев и целата влада треба да си заминат. Младите заслужуваат перспектива, а не уназадување, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопје има нов парк во центарот на градот - „Ибни Пајко”

Од денеска Скопје е побогат за уште еден прекрасен градски парк, на левата страна на Вардар во срцето на некогашното Пајко Маало, веднаш зад Националната филхармонија. Новиот „Ибни Пајко“ со својата површина од околу 11.000 квадратни метри го замени оној неуреден, нелегален паркинг во кал и во прашина, каков што беше до пред само една година. Во овој парк лоциран во центарот на градот, граѓаните ќе имаат нов функционален простор за одмор и рекреација, богат со зеленило.По повод вечерното отварање на паркот во 19 часот за сите граѓани, градоначалникот Шилегов денеска одржа конференција за медиумите.- Градот е особено горд на фактот што за подигнувањето на паркот се потрошени точно 0 денари преку посебни јавни набавки. Зеленилото, патеките и урбаната опрема што ги гледате тука се одвоени од редовните програми на Градот и јавните градски претпријатија, а мал дел од нив се донација од општествено одговорни компании - соопшти Шилегов.При уредувањето на овој запуштен простор се зачувани затекнатите 12 дрвја кои постоеја на оваа локација, искористувајќи ги за социјални содржини. А новите 85 садници се засадени во дрвореди кои се протегаат низ неколку насоки во паркот, кои наскоро треба да обезбедат сенка на поплочените површини во паркот.Покрај подигнатото зеленило, во паркот се изградени и пешачки патеки, сервисна улица збогатена со улична уметност, а поставена е и функционална урбана опрема што дополнително го облагородува овој простор. Клупите и кантите за отпадоци се поставени според очекуваните сенки од крошните на дрвјата и нивната претпоставена употреба во иднина.Пристапите кон паркот се обезбедени со рампи за велосипеди/колички на сите негови влезови, а паркинзите за велосипеди и сервисната станица се поставени на осветлено место под видео надзор за подобра заштита. На патеката по должината на булеварот Гоце Делчев е засадена жива ограда за да го штити паркот од прашината и од бучавата на возилата, а во паркот засадени се вкупно 7500 м2 трева со прскалки и системи за наводнување кои работат на принципот „капка по капка“.Паркот ќе продолжи да се збогатува и со нови содржини. Оставен е простор за уредување на функционална летна сцена која ќе овозможи одржување на културни манифестации на отворено кои се покажа дека му недостигаат на градот. Шилегов упати и апел, да го сакаме Скопје и да се погрижиме да ги зачуваме јавните градски зелени површини, бидејќи граѓаните на Скопје заслужуваат повеќе зелени површини.- Затоа да се погрижиме заедно да ги изградиме и зачуваме зелените површини

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов : Економските политики даваат резултат, раст на БДП од 4.1 отсто, пад на невработеноста на 17.8 отсто

Економските политики на Владата предводена од СДСМ и коалицијата даваат видливи резултати. После деценија економска стагнација во времето на ВМРО-ДПМНЕ, економијата сега е стабилна и се движи во нагорна линија. Во првиот квартал од годинава, брутодомашниот производ порасна за 4,1 отсто. Toa е највисок раст на економијата во последниве неколку години, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Стапката на невработеност е намалена на 17,8 отсто. Toa е историски најниско ниво на невработеност од независноста па до денешен ден.Со растот на инвестициите и активните мерки за вработување, за помалку од две години, отворени се близу 50 000 нови работни места.Само преку Оперативниот план за активни мерки за вработување, во 2018 се вработени околу 6.500 лица од кои најголем број се, или над 50 отсто, се млади лица до 29 години. Со пилот програмата Гаранција за млади, минатата година 1.839 млади се вработиле во период од само 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица.Во периодот кој што ни претстои очекувано е ваквите позитивни трендови дополнително да се интензивираат и економијата да продолжи да расте. Позитивно и охрабрувачки е што се повеќе работни места се отвораат во приватниот сектор.Тоа е особено важно бидејќи приватниот сектор е движечка сила за одржлива економија на долг рок.Mерките што обезбедуваат економски раст и развој, нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани продолжуваат.Грижата кон граѓаните, грижата кон државата продоложува. Зборот е збор, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

UFQyGFmMSu-noviot-telefon-na-nokia-cini-samo-99-dolari-ova-se-negovite-prednosti

Новиот телефон на Nokia чини 99 долари

HMD Global ја лансираше новата Nokia 2.2 со голем 5,7-инчен екран и Helio A22 процесор на MediaTek.Компанијата HMD Global го претстави новиот паметен телефон на Nokia – Nokia 2.2 кој ќе се продава по цена од 99 долари во Индија, каде ќе се најде иницијално во продажба, додека во останатите делови од светот ќе изнесува 112 долари.Телефонот доаѓа со 5,7-инчен HD+ IPS екран, а го покренува Helio A22 чипсет со четиријадрен процесор. Овој модел има 2 или 3 GB RAM, додека внатрешната меморија изнесува 16 или 32 GB во зависност од моделот. Батеријата е 3000 mAh.HMD Global особено ги истакнува AI функциите на овој телефон кои овозможуваат фотографирање во слаби светлосни услови, физичко копче за активирање на Google асистентот и отклучување со препознавање на лицето.Што се однесува до камерата, од предната страна се наоѓа камера од 5 MP, додека на задната страна е сместена камера од 13 MP со LED блиц. [embed][/embed]

Свет | пред 6 години

132819825-171591

Именуван функционер и поранешен раководител на одделение во Министерство за информатичко општество се гонат за примање поткуп

Во текот на денешниот ден, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи по наредба на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со италијанското обвинителство од Милано, а со поддршка на ЕУРОПРАВДА, спроведува координирана полициска операција за обезбедување докази за „примање поткуп“ од страна двајца државни службеници при избор на правно лице за спроведување на проект финансиран од страна на ИПА фондовите.Заради обезбедување докази во правните лица кои биле инволвирани во криминалните дејствија, спроведени се симултани претреси во Република Северна Македонија и во Република Италија и тоа пет претреси во Скопје и Куманово од кои во две правни лица и едно министерство, како и во осум правни лица во Р.Италија. Притоа, Министерството за внатрешни работи привремено одзеде повеќе од десет компјутери (десктоп и лап-топ компјутери), УСБ и микро СД мемориски картички, мобилни телефони, таблети, два пиштола, парични средства и обемна службена документација, а еден осомничен е лишен од слобода.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица – именуван функционер во органите на државната управа и поранешен раководител на одделение во истиот орган на државна управа. За осомничените, македонски државјани, постои основано сомнение дека во повеќе наврати сториле кривично дело – Примање поткуп предвидено и казниво согласно чл.357 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.Имено, криминалистичката истрага активно се спроведуваше во изминатите два месеци во соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи со меѓународните организации ОЛАФ и ЕВРОПРАВДА, како и повеќе различни држави Италија, Холандија, Романија и други европски земји. Предметот е од меѓународни димензии и е инициран од страна на Европската служба за спречување измама – ОЛАФ која преку Јавното обвинителство во Милано, Италија, достави замолница за меѓународна правна помош до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. По наредба на надлежен јавен обвинител, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведе истражни дејствија и обезбедување докази во врска со нерегуларности, измами и корупција во неколку проекти спроведени во различни институции во нашата држава, финансирани од Европската Унија. Извршени се проверки и потврдување на сомненијата за корупција при доделување на ИПА Фондови во износ од 1.2 милиони евра, во период 2014-2016 година, каде инволвирани биле двајца македонски државјани, а дејствијата биле извршени во Италија, Холандија, Обединето Кралство, Романија и во други европски земји.Во рамките на истрагата во ЕВРОПРАВДА во Хаг беше одржан и координативен работен состанок заради размена на првични информации и донесување заклучоци за спроведување заеднички координирани активности за обезбедување докази во Република Италија и Република Северна Македонија.Осомничените како службени лица, во периодот од јуни 2014 година до август 2015 година од италијанско правно лице преку посредници – италијански државјанин советник во правното лице и англиски државјанин – деловен партнер на англиско правно лице со подружница во Скопје, примилe подарок – патување во странство во три наврати, со вкупна вредност од 7000 евра за да извршат службено дејствие што не смееле да го извршат. Тие како службени лица, пред официјалното објавување на условите за работење на правното лице – апликант на тендерот, му овозможиле детален пристап до доверливи тендерски информации. Со ваквата постапка осомничените иако знаеле дека споделувањето на информации со апликанти или потенцијални апликанти во тендерски постапки е противзаконито, го прекршиле законот и принципите за доверливост и еднаков третман и на правното лице му овозможиле повластена положба и предност во однос на останатите апликанти. Како резултат на тоа, правното лице било избрано да го спроведува ИПА проектот и бил склучен договор во вредност од 1.096.900 евра.Во текот на 2016 година, во периодот кога во Министерство за информатичко општество и администрација веќе отпочнало спроведувањето на ИПА проектот, како награда за своето противзаконито службено дејствие првоосомниченото лице, преку италијанскиот посредник од правното лице во два наврати примило во готовина парични средства во вкупен износ од 37.930 евра, односно 2.332.695,00 денари, со што се стекнало со значителна противправна имотна корист. Второосомниченото лице примило подарок во вкупен износ износ од 2.500 евра, односно 153.750,00 денари и се стекнало со поголема противправна имотна корист.Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Кривичниот суд – Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против првоосомничениот кој во 2005 година бил гонет за кривично дело Злоупотреба на избирачкото право по член 161 и во истиот предмет осуден со парична казна за повреда на избирачкото право од член 159 од Кривичниот законик. Второосомниченото лице во моментот не се наоѓа на територијата на нашата држава. 

Македонија | пред 6 години

Se-izdava-namesten-stan-55m2-Centar

Девојка од Скопје повикува на внимание: Mаж се обиде да ме силува во Центар, во полиција ми кажаа дека има случај посериозен од мојот

Девојка вчера била нападната од лице на околу 25 години во општина Центар. Девојката која на Фејсбук е потпишана Тамара Д., во статус пишува дека лице на околу 25 години се обидело да ја силува, а дека таа не била прв ваков случај во општината и апелира на внимание за да не случи уште еден ваков напад.-Вчера бев нападната пред влезот на мојата зграда од страна на лице што најверојатно беше од ромска националност, на околу 25 години, висок околу 175-180 сантиметри. Се обиде да ме силува, беше соблечен, меѓутоа на среќа успеав веднаш да избега, но во полициска станица ми кажаа дека јас сум петта жртва и дека во периодов се случиле уште 4 случаи, а еден случај бил многу посериозен од мојот. Споделете за да се расчуе дека во центар циркулира опасен човек и би сакала да не се случи уште еднаш ваков напад, пишува девојката Тамара на Фејсбук.извор kurir.mk

Македонија | пред 6 години

cicakovski

Бившиот претседател на ДИК кој делеше екстра плата за четири месеци, кандидат за управен судија

Претходниот претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, којстана најпознат по скандалот со бонусите од неколку илјади евра за членовите на ДИК, конкурирал за управен судија.Неговото име денеска беше прочитано на седницата на Судскиот совет, како еден од многуте кандидати кои положиле компјутерски вештини и може да оди понатаму во изборот.Членовите на ДИК, заедно со претседателот Чичаковски, си поднесоа оставки откако на четврти декември 2017 поранешниот американски амбасадор во Макеоднија Џес Бејли откри дека си дале дополнителна плата за четири дополнителни месеци.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања