Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

D41-ZjHXoAAWYe3

(ФОТО) Груевски на бизнис забава на брод по Дунав

Откако пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, беше уловен од унгарски новинар кој се обидуваше без успех да му извлече одговори на неколку прашања, истиот ден Груевски бил виден на брод во Дунав. Новинарот Балеж Цеко на својот твитер акаунт објави фотографија од Груевски кој присустувал на прием на брод. Тој таму се наоѓа во друштво со неколку мажи, чиј идентитет не е откриен.https://twitter.com/balazscseko/status/1137495091818520577Според редакцијата на порталот „444“ Груевски присуствувал на бизнис настан наречен „Будимпешта бизнис забава“.Тој претходно дента се сретнал со заменик државниот секретар во унгарското МНР, Иштван Јо, во стан наводно во сопственост на двајца кинески државјани. Од Министерството за надворешни работи на Унгарија во одговор до порталот за средбата изјавиле дека нема ништо невообичаено вработен од МНР да биде во контакт со човек кој бил долгогодишен премиер на својата земја.

Македонија | пред 6 години

48360532_2182471001786649_2313164012897959936_n

МНТ со „Галеб“ ќе гостува во Варна и во Софија

Македонскиот народен театар со претставата „Галеб“ од А.П. Чехов, во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на 27. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Варненско лето“ во Варна на 11 јуни и на 13. издание на платформата „Светскиот театар во Софија“ на 13 јуни во Софија, Бугарија. Гостувањето на македонската претстава се реализира на покана на фондацијата „Виа Фест“, која ги организира овие два значајни театарски фестивали со цел во својата земја да ги презентира најистакнатите и најиновативните театарски претстави и уметници од странство.Во бугарските медиуми претставата „Галеб“ веќе е најавена како „ново читање на класичното дело од страна на младата режисерка Нина Николиќ, кој е впечатлив со својата оригиналност и современа визија“. Претставата ќе биде одиграна на сцената „Филијал“ во театарот „Стојан Бачваров“ во Варна и во Младинскиот театар „Николај Бинев“ во Софија.Фестивалот „Варненско лето“ е еден од најзначајните театарски настани во Бугарија. Годинава се одржува од 1 до 14 јуни во Варна на брегот на Црно Море, а секоја година привлекува околу 10 илјади посетители. Во програмата на платформата „Светскиот театар во Софија“, покрај „Галеб“ на МНТ, од 2 до 13 јуни гостуваат и театри од Италија, Белгија, Русија, Франција и Грција.Во претставата играат актерите Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски, Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Славиша Кајевски и Аксел Мехмед.Премиерата на „Галеб“ на сцената на Македонскиот народен театар се одржа на 18 декември 2018 година. Драматург е Драгана Лукан Николоски, додека во визуелното и звучното обликување на претставата учествуваа и сценографот Вишња Вујовиќ од Србија, костимографот Ивана Каранфиловска – Угуровска, дизајнерот на светло Крис Јегер од Велика Британија и кореографот Димитрис Сотириу од Грција. Композитор на главната музичка тема во претставата е македонскиот виртуоз на гитарата Влатко Стефановски.

Магазин | пред 6 години

stalone-1

(ВИДЕО) Што ако Силвестер Сталоне го глумеше „Терминаторот“?

Јутјуб-каналот „Цтрл Шифт Фејс“, којшто користи т.н. „дипфејк“ технологија за виртуелна замена на лица, покажа како би изгледало ако во „Терминатор“ наместо Арнолд Шварценегер, главниот лик го глумеше Силвестер Сталоне.Аниматорите посветија две видеа на тоа, а едното го воодушеви и самиот Сталоне, па и тој го сподели на својот Инстаграм.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец каснат од куче скитник

На 10.06.2019 година во 01.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.В.(48)  од Скопје пријавил дека на улица „Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

Скопје | пред 6 години

marihuana2

При претрес на дом во Куманово пронајдени марихуана и амфетамини

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.М.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 06.06.2019 година во Куманово, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кај Т.М., при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамини. 

Македонија | пред 6 години

nmlMJ-62169022-2236390373063473-4112408336693985280-n

Хорор во Далас, кран пресекол зграда на половина

Едно лице настрадало, додека шест биле повредени во Далас кога кран се урнал во центарот на градот, соопштила локалната полиција, пренесува "ABC".Инцидентот се случил во околу 14 часот по локално време кога масивната конструкција за кревање на товар, поради лошите временски услови, се откачила и паднала на паркингот и зградата во близина.Очевидецот Еби Керни за "CNN" изјавила дека таа и нејзиниот сопруг виделе како кранот паѓа на станбената зграда "Елан Сити Лајтс" во центарот на Далас, баш кога на тоа подрачје почнале да дуваат многу силни ветрови. [embed]https://twitter.com/i/status/1137832121249280002[/embed]На една од снимките се гледа како делови од зградата се откинуваат од ударите на ветерот, кој изнесувал околу 100 километри на час.Властите не соопштиле детали за повредените, освен дека се сместени во две болници и дека две лица се во критична состојба.

Свет | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Груби за одложувањето на дебатата за пописот: Не обезбедивме претставник од ЕУ

Собраниската комисија за европски прашања на која денеска требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис на населнието, домаќинствата и становите 2020 година, е откажана.Оваа комисија утринава е тргната од дневните активности на веб страницата на Собранието. Во политичките кругови се шпекулира дека одложувањето на седницата е за да не се креваат тензии пред посетата на премиерот Зоран Заев на Берлин, поради лобирање за добивање на датум за почеток на прегоорите со ЕУ овој или наредниот месец.Вчера, ВМРО-ДПМНЕ реагираше за овој Предлог-закон и начинот на којшто тој треба да биде донесен. Според партијата, власта се обидува во брза собраниска процедура да протне законски текст без јавна дебата на која ќе бидат пренесени и ставовите на опозицијата и на граѓаните.Претседателот на Комисијата за европски прашања пак вели дека  денешната седница е одложена бидејќи за првата точка од дненвиот ред, а тоа е разгледување на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, не обезбедиле претставник од мисијата на ЕУ.-Комисијата ја закажавме во петокот попладне, времето беше кусо и за жал не успеавме да осигураме претсавник од мисијата на ЕУ ниту да ги поканиме допломатскиот кор, невладините и други гости – вели Груби.

Македонија | пред 6 години

IMG_20190609_150943

Наградата од Општина Битола во рацете на Николај Петкоски од Охрид

Изминатиот викенд во Битола се одржа првото издание на меѓународниот натпревар во пијано „Пијанофест 2019“. Околу 80 натпреварувачи од Албанија, Бугарија, Косово и од нашата земја се натпреваруваа во неколку категории и тоа: пет категории во пијано соло, три категории пијано дуо и две категории пијано теоретичари.Жири комисијата во состав Елена Дикова од Бугарија, Надежда Породини Јоле од Албанија и Јана Четелева Белевска од Македонија, им додели максимални 100 поени на 11 учесници во различни категории. Наградата од Општина Битола, која се состоеше од плакета и парична вредност, му беше доделена на Николај Петкоски од Охрид, кој се натпреваруваше во прва категорија, со освоени 100 поени и прво место.Наградата ја додели советничката во Советот на Општина Битола Виолета Дракалска, која истакна дека  Битола е препознатлива како град на клавирите и затоа упати честитки до двете професорки по пијано од Државното музичко училиште во Битола Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска, на чија иницијатива за прв пат се одржа ова меѓународно натпреварување. Дракалска посака ова да е само почеток на уште една нова, но успешна приказна за Битола, која ќе го претставува градот и ќе го популаризира, не само во домашни, туку и во светски рамки.

Македонија | пред 6 години

silegov-petre-1-696x365

Шилегов ќе ги награди најдобрите матуранти

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска ќе се одржи традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите” на која 27 матуранти првенци на генерацијата (2015-2019 и 2016-2019) од 22 скопски средни училишта ќе добијат специјални признанија и парични награди од градоначалникот Петре Шилегов.Манифестацијата е под покровителство на градоначалникот Шилегов, ја организира Дирекцијата за култура и уметност, а целта е промоција и афирмација на врвните постигнувања на средношколците.

Скопје | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: БДП во првиот квартал од 2019 година изнесува 4,1 отсто

Успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ ги потврдуваат резултатите, велат од СДСМ.„После години на стагнација поради погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ, сега економијата е стабилизирана и се движи во нагорна линија.Растот на бруто домашниот производ во првиот квартал од 2019 година порасна и изнесува 4,1 отсто, што е најголем раст во последните неколку години.Активните мерки за вработување, растот на инвестициите и зголемената доверба во економијата даваат позитивни резултати.Невработеност во првиот квартал од 2019 година е намалена на 17,8 отсто, што е историски најниско ниво на невработеност од независноста до денеска.За помалку од две години, стапката на невработеност е намалена за 4,8 отсто, а во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места.Ваквите позитивни трендови се дополнителен стимул за уште поголем економски раст.Извесното полноправно членство во НАТО и напредокот во интеграцијата кон ЕУ дополнително ќе го засили позитивниот тренд на намалување на невработеноста.Грижата кон граѓаните, кон државата продоложува, зборот важи“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 6 години

skolo

Почнува распустот за учениците

За учениците денеска е последниот училиштен ден и почнува летниот распуст. Учебната 2018/2019 година ја завршуваат околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња.На полуматурантите им претстои запишување во средните училишта.Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни. Според Конкурсот на Министерството за образование наука, за учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 35.690 ученички места.Матурантите, пак, треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец пред да се запишат на факултет во август. Во вторник е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија,  физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика.Од септември се очекува и новиот закон за основното образование кој во нацрт-верзија деновиве е поставен на Електронскиот регистар на прописи (ener.gov.mk)  за доставување сугестии и забелешки.

Македонија | пред 6 години

ohis

Заев три години ветува дека ќе се рестартираат „Југохром“ и „ОХИС“, а решение не е ниту на повидок, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев и Кочо Анѓушев ја туркаат економијата кон дно. Трета година по ред ништо од ветувањата дека ќе се рестартираат „Југохром“ и „ОХИС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Стотици работници од овие некогашни гиганти три години се лажени од власта.Заев и Анѓушев пред изборите во 2016 година ветуваа заживување на економијата и решавање на сите проблеми како во случајот со „ОХИС“.Три години по изборите од 2016, решение не е ниту на повидок. Поранешните работници на овие фабрики живеат мачно, а егзистенцијата на нивните семејства е доведена под знак прашалник.Заев и Анѓушев не направија ништо за „Југохром“ и „ОХИС“, но затоа направија за нивните фирми.Заеви влегоа во бизнисот со марихуана, го купија струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, а Анѓушев зема тендери.Додека функционерите на власта се богатат, граѓаните се чудат како да врзат крај со крај.Заев, Анѓушев и целата влада мора да си заминат“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

1-8

Казнет 191 возач за непрописно паркирање

Еден велосипедист и четворица пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, а 26 лица со лесни телесни повреди во вкупно 20 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 11 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.Според СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 109 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 48 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници и 33 возила кои биле нерегистрирани.За непрописно паркирање полицијата издала 191 мерка, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 90 возила.

Скопје | пред 6 години

iran-protivvozdushen-sistem

(ВИДЕО) Ова е новиот одбранбен систем на иранската војска

Новиот противвоздушен ирански систем претставен е во јавноста на 9. јуни, а е произведен во Иран. Овој противвоздушен систем може да детектира цели на 150 километри оддалеченост.Иранскиот министер за одбрана, Амир Хатами, на церемонијата одржана вчера во Техеран, го претстави новиот рактен одбанбен систем Хордад 11.Системот е способен да открие различни цели, вклучувајќи воени авиони и беспилотни летала, во круг од 150 километри, како и да ги следи на оддалеченост од 120 километри, соопштуваат од Иран.Исто така, тој е во состојба да детектира послаби мети во радиус од 85 километри. Системот е способен истовремено да пресретне шест цели.Мобилноста на овој систем и овозможува на војската да го подготви за уништување на целите за помалку од пет минути.Хордад 15 веќе официјално и е предаден на војската на Исламската Република Иран.

Свет | пред 6 години

zoo

Поскапеа влезниците во скопската Зоолошка градина

Поскапени влезниците во Зоолошката градина во Скопје. Едно семејство со две деца само за влез во Зоолошката градина во Скопје, наместо 200 ќе треба да плати 320 денари. Според новиот ценовник ќе се воведат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница, пишува алфа тв.Влезот во паркот на диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари. Посебно се плаќа за јавање на пони коњчињата, за возење на вовчето, за количките и секако за грицки и сокчиња.Директорот изјави дека ова поскапување било симболично поради зголемените трошоци кои ги имале, но и дека парите ќе се трошеле за подобрување на условите за животните.-Поскапувањето е симболично бидејќи имаме и многу нови животни во Зоолошката, стигнаа лавовите, од лани слоновите, шимпанзата. Постојано пристигнуваат нови птици и големи се трошоците на Зоолошката, вели Галетановски.

Скопје | пред 6 години

Tereza-Mej

Почнува кампањата за нов премиер на Велика Британија

Неколку главни кандидати за нов премиер на Велика Британија денеска ја почнаа изборната трка, пренесе „Ројтерс“.Британија го очекува новиот лидер откако Тереза Меј поднесе оставка на местото претседател на Конзервативната партија, а со самото тоа ја напушта и премиерската фотеља бидејќи не успеа да ја извади земјата од Европската Унија во рокот којшто истече во март.Нејзиниот наследник го очекува најдлабоката политичка во криза во изминатите децении, а централните прашања се кога, како и дали Британија треба да ја напушти ЕУ.Изборите за наследниот на Меј ќе влијаат на улогата на Велика Британија на светската сцена и нејзииот просперитет за генерациите кои доажаат, наведе „Ројтерс“.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево и топло со температура до 36 степени

Денеска времето ќе биде претежно сончево со температури кои ќе достигнат до 36 степени Целзиусови.Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 36 степени.Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 33 Целзиусови степени, Маврово 23, Охрид 28, Битола 30, Кавадарци 36, Крива Паланка 28, Берово 28, Дојран 35 степени.

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Делегација на Уставниот суд на Бугарија на средба кај Пендаровски

Делегација на Уставниот суд на Република Бугарија денеска ќе престојува во посета на Уставниот суд на Република Македонија.Делегацијата која ја предводи претседателот на Уставниот суд на Република Бугарија, Борис Велчев, претпладево ќе биде примена од претседателот Стево Пендаровски. 

Македонија | пред 6 години

pino

Полицијата ги сопрела Али и Ангела неколку часа по убиството на Пино?

Патрола на сообраќајната полиција ги сопрела Ангела Ѓорѓиевска и Али Фуркан неколку часа откако го убиле Пинета Секондо, додека со автомобилот „опел аскона“ на Фуркан се возеле од Ѓоре Петров кон Скопје, дознава „Код“.Полицајците не ни претпоставиле што се случило претходно, па по легитимирањето ги пуштиле.Како што дознава „Код“ од извори на истрагата,  на убијците им помогнал пријател на Фуркан, кој им донел облека за да се пресоблечат, но наводно не знаел дека двајцата извршиле убиство. Тие наводно со автомобилот на Пино, „шкода фабија“ заминале кон Сингелиќ каде го убиле момчето, а потоа се вратиле во Ѓорче Петров, каде наводно Али ја оставил својата кола „Опел аскона“.Тие со пријателот се сретнале во Топанско Поле, каде се пресоблеке и заминале во Ѓорче, па кога возеле кон Центар ги сопрела полиција. Двајцата наводно биле и во кафуле пред да се вратат во Сингелиќ каде се префрлиле во „шкодата“ и заминале на Башинец каде го закопале.Според она што досега е познато, вечерта на 10 декември 2018 година Ангела го повикала Пино да се најдат кај насипот во Ѓорче Петров, иако знаела дека ќе им се придружи и Али  со намера да го убијат. Кога пристигнал Аи со пушка се заканил кон жртвата, по што сите тројца се упатиле со автомобил кон Арачиново. Откако пристигнале осомничените започнале вербална расправија со жртвата, по што првоосомничениот го застрелал оштетениот и го лишил од живот.ИЗВОР: 24Инфо.мк

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денес нови цени на горивата

Денеска напладне, РКЕ треба да ги соопшти новите цени на бензинот и дизелот кои ќе важат во следните седум дена.Со новата практика за утврдување на највисоки цени на нафтените деривати во земјава, секој понеделник се обновува ценовникот за енергенси.Со новата методологија, цените на горивата веќе два пати се намалени, а моменталната цена на бензинот е 69,50 денари за еуросупер 95, додека еуросупер 98 се продава по 72 денари за литро.Дизелот се продава по цена од 62,50 денари за литро.Овие цени ќе важат до полноќ, а новите ќе ги дознаеме денес напладне.

Македонија | пред 6 години

biznis

Јапонска бизнис делегација во посета на Македонија

Јапонска бизнис делегација предводена од државниот министер за економија, трговија и индустрија во Владата на Јапонија, Јошихиро Секи од денеска ќе престојува во тридневна посета на земјава.Во рамки на оваа посета претседателот на Владата, Зоран Заев ќе организира прием и вечера за министерот Секи и бизнис делегацијата од Јапонија, а ќе се реализира и билатерална средба со министрите од економскиот тим во состав на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерка без ресор задолжена за старнски инвестиции, Зорица Апостолска.Во вториот ден од посетата на јапонската бизнис делагција на нашата земја, предвидена е посета на Дирекцијата на Технолошко индустриските развојни зони и обиколка на Бунарџик 1 и 2, а потоа и работна средба со заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска на којашто ќе се презентираат инвестициските можности во нашата земја и политиките за првлекување на странски директни инвестиции.

Македонија | пред 6 години

polski-navivaci-vo-pritvor

223 полски навивачи добија по 150 евра казна

223 полски навивачи кои во петокот беа приведени поради нарушување на јавниот ред и мир во Градскиот парк во Скопје, својот престој во Македонија го завршија со по 150 евра казна, без забрана за влез во земјава.Од Основниот суд Скопје 1 соопштија дека пасошите на поголем број од навивачите им биле одземени додека не ја платат казната, а потоа им биле вратени.Во петокот, пред почетокот на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Полска, поголема група полски навивачи решија да се пресметаат меѓусебно.Приведените 223 лица со автобуси биле однесени во полициските станици Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба.

Македонија | пред 6 години

panariti-696x398

Панарити: Албанија не пречка за интеграција на Македонија во ЕУ

Албанија не пречка за интеграција на Македонија во Европска Унија (ЕУ), бидејќи оценката се прави врз основа на напредокот и сработеното, вели поранешниот шеф на албанската диломатија, Едмонд Панарити за весникот „КОХА“.-Како процес, Албанија не е пречка за интеграција на Македонија во ЕУ, бидејќи оценката на секоја земја членка се прави врз основа на заслуженото. Гледајќи врз перспективата на рамнотежата во регионот и перспективите на нашите земји за нивниот диференциран или дискриминаторски третман, волјата на Европската комисија би била за истовремено отворање на разговорите за двете земји, смета Панарити.Сепак, додава, одредени држави имат посебни ствови за нашите земји.-Холандија на пример, е категорична во својот став кон Албанија да не и се даде датум за преговори, додека по позитивен став има за Македонија. Исто така, за двете наши земји се појасна е и позицијата на Франција, истакнува Панарити.Според него, со неопределен датум за Албанија и Македонија се зголемува можноста за руското или друго влијание во регионот.

Македонија | пред 6 години

Koco-Angjusev-vlada

Огранокот на СДСМ бара: Или со „метлата“ да бидат опфатени Анѓушев и Тевдовски, или и двајцата да останат

Огранокот на СДСМ инсистира од „метлата“ на премиерот Заев да бидат опфатени министрите Кочо Анѓушев во пакет со Драган Тевдовски, пренесува ТВ 21.Од владејачката партија бараат или двајцата да бидат разрешени, или ниту еден од нив.Од друга страна, ТВ21 дознава дека Заев исто така сака да направи родов баланс на ниво на функциите, затоа бара да се зголеми бројот на жени кои раководат со владините ресори.

Македонија | пред 6 години

klinicki-35wp8risje5ymub1g2yubk

Изградбата на новиот Клинички центар ќе почне на есен

Во дискусијата за промените кои водат до поквалитетни здравствени услуги, во емисијата „Две години влада – одговорно пред граѓаните“, премиерот Зоран Заев информираше дека проектот со сите детали за новиот Клинички центар е завршен, и дека изградбата ќе започне на есен во општина Ѓорче Петров каде овие денови започнаа катастарските работи за уредување на локацијата.Новиот клинички ќе биде ултрамодерен, како оние во големите европски центри, а тоа го гарантира и поволната оценка на физибилити студијата што ја изработи австриското министерство за технологија.„Наскоро ќе бидеме подготвени да настапиме пред потенцијалните странски  финансиери за изведба на овој мега проект. Тоа ќе биде установа за комплексни здравствени услуги“, рече министерот за здравство Филипче, и додаде дека во меѓувреме се прави сеопфатна оценка на здравствениот систем за да се изведе зајакнување на регионалните центри и за да запре неоснованото упатување на огромен број случаи кон универзитетските клиники.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања