Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Уапсен убиецот од Чаир

Полициски службеници од СВР Скопје го уапсија 29-годишниот Орхан Амети по кого имаше распишано потерница за убиство кое тој го изврши пред речиси две години.„Денеска (9.6.2019) на локалниот пат Зелениково-Моране полициски службеници од СВР Скопје го приведоа О.А. (29) од Скопје, кој се бараше за извршено кривично дело „убиство“ извршено на 20.12.2017 на ул. Џон Кенеди, каде пред угостителски објект беше убиен Б.И. (24) од Скопје“, се вели во соопштението на МВР.

Скопје | пред 6 години

komuna-696x355

(ВИДЕО) Вработен во „Комуналец“ го собра ѓубрето па го фрли во Вардар

На социјалните мрежи се појави видео на кое вработен од скопски „Комуналец“’ додека го чисти мостот „Близнаци“ во скопската населба Аеродром, собраното ѓубре од тротоарот наместо во кантата за отпад, без двоумење го фрла во реката Варадар.https://www.facebook.com/makedonskivesnik/videos/549733012098694/

Скопје | пред 6 години

Dejan-Milosavljev

Милосављев: Вардаре, во срце ќе те носам

Српскиот голман од редовите на Вардар, Дејан Милосављев со емотивна порака се прости од европскиот првак од Скопје.Тој својата кариера ќе ја продолжи во германскиот клуб Фиксе Берлин, а преку социјалните мрежи се заблагодари за времето поминато во клубот од Скопје.„Година дена која не се опишува во мојот живот во еден од најголемите светски клубови. Благодарам.Вардаре, во срце ќе те носам. Благодарам на совршената екипа која многу даде и направи од мене тоа што сум во моментов. Благодарам на сите луѓе кои направија да се чувствувам убаво и да сум дел од вас. Шампиони на Македонија, Суперкуп на Македонија, СЕХА лига, ЕХФ Лига на шампиони. Сонував со отворени очи и ви ја посакувам целата среќа на светов“, напиша Милосављев.

Спорт | пред 6 години

311708_1200x-960x638

Лајчак: Промената на името на Македонија беше поголем проблем од Косово

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак оцени дека косовскиот проблем не е толку тежок и може да се реши полесно отколку што беше случајот со промената на името на Северна Македонија. Министерот рече дека решението за косовското прашање е во дијалогот помеѓу Белград и Приштина што го закочија таксите кои ги воведе Косово.„Единствен пат за решавање на проблемот е продолжувањето на дијалогот, а меѓународната заедница треба да направи сѐ за да дојде до тоа“, објасни Лајчак во интервју за „ОРФ“.Меѓународната заедница, смета Лајчак, мора јасно да каже оти верува во дијалог и не поддржува еднострани акции на било која страна што ги нарушуваат односите.Во моментов постои мала доверба помеѓу партнерите во дијалогот, но тој нема алтернатива. Дијалогот ги решава конкретните проблеми, помага да се воспостави добербата и е во насока на европската интеграција, објасни Лајчак, пренесе „Н1“.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Скопјанец физички нападнат од три лица

На 09.06.2019 година во 01,10 часот во СВР Скопје С.П.(23) од Скопје пријавил дека на улицата “Борис Сарафов“ бил физички нападнат од три лица.Се работи на расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

policija-22

Велешанец нападнал полицаец на должност

На 08.06.2019 година околу 11,30 часот на локалниот пат Велес-с.Бузалково на влезот од селото И.А.(42) физички нападнал полициски службеник при вршење службени дејства.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

pretepal-do-smrt

Тепачка во ноќен клуб во Неготино

На 09.06.2019 година во 02,50 часот било пријавено дека во Неготино во ноќен клуб бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Љ.Ч.(19), Г.Н.(19) двајцата од Демир Капија од една страна и Х.И.(18) од Неготино, З.З.(28) од с.Пепелиште и уште едно лице на возраст од 17 години од Неготино од друга страна.По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

napadnata

Две лица нападнати во Тетово

На 08.06.2019 година во 13,30 часот С.М.(44) од Тетово пријавила дека во Тетово на улицата “Беличица“ таа и Е.М.(22) биле физички нападнати од С.Д.(27) и С.Д.(30), двајцата од Тетово.Се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

pretepan

Тепачка во дискотека во Кочани

На 09.06.2019 година во 03,30 часот било пријавено дека во дискотека во Кочани,  Д.Ј.(24) од с.Теранци бил физички нападнат од Д.Т.(23) од с.Спанчево.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Две лица нападнати пред угостителски објект во Куманово

На 09.06.2019 година во 04,15 часот во СВР Куманово Б.М.(25) од с.Четирце пријавил дека околу 01,50 часот во Куманово на улицата “Октомвриска револуција“ пред угостителски објект тој и Д.М. биле физички нападнати од неколку лица.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

bojan-stojanovski

Стојаноски: Во Ѓорче ќе се градат деловни објекти, еден од нив на имот на градоначалникот

Во иницијативата за изработка на нов Детален Урбанистички План во реонот на единствениот парк во општина Ѓорче Петров покрај висококатницата која ќе никне, градоначалникот Александар Наумоски предвидел и деловни објекти од кои еден таков објект ќе се најде на имот во негова сопственост, изјави Бојан Стојаноски, Претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.„Го повикуваме Наумоски да одговори дали свесно за да прибави лична корист, ја усвои ова иницијатива за овој план со цел на неговиот имот да може да подигне деловен објект и од истиот да оствари лична материјална корист?Ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага и да проверат дали Наумоски како градоначалник влијаел на овој процес со цел лично богатење.Повеќе од две години Александар Наумоски и локалната самоуправа предводена од СДСМ ја имаат киднапирано општината со цел стекнување на лична материјална корист, нема развојни урбанистички планови кои ги решаваат проблемите на граѓаните, нема проекти и мерки за подобрување на квалитетот на животот на Ѓорчепетровчани, ниту еден од ветените проекти не е реализиран, а сведоци сме на расипничкото трошење по кафеани, партиски вработувања, нови луксузни автомобили и покачување на сопствените плати.Нашите сограѓани од Ѓорче Петров не заслужуваат ваква локална власт и затоа на наредните избори силно ќе го поразат Наумоски и СДСМ“, изјави Стојаноски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Дали Заев и Спасовски не му даваат државјанство на Данил Шишкарев затоа што е Русин

„Единствена Македонија изразува крајна изненаденост од марионетскиот премиер Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски, кои повеќе од една година одбиваат да му дадат државјанство на ракометарот на Вардар, Данил Шишкарев.Според македонскиот закон за државјанство, МВР може на странец да му даде државјанство и со исклучителна натурализација и во таков случај не се барат никави други услови освен основниот - да станува забор за лице кое е од особен спортски интерес за државата и ако неговиот прием во државјанство на Република Македонија не ја загрозува безбедноста и одбраната на државата, а по претходно мислење на Владата на Република Македонија.Данил Шишкарев како играч има придонес и е носител на две европски шампионски титули со ракометниот тим на Вардар. Со две европски титули во пет години во вардаровиот дрес не е спорно дека Шишкарев е лице кое е од спортски интерес за државата.Оттука прашањето, дали Шишкарев не може да добие државјанство само затоа што е Русин и по автоматизам според логиката на Заев и Спасовски е лице кое ја загрозува безбедноста и одбраната на државата оти јавноста е сведок, прво, на уплавот на Заев и на неговите странски газди штом се спомне зборот „Русин“ и второ, на нивната шашава логика за се и сешто што не им чини во државата да обвинуваат за наводно руско мешање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

filip-3

(ФОТО) „DMC Balkans Travel & Events“, прогласена за најдобар тур оператор на „World Travel Awards“

Агенција „DMC Balkans Travel & Events“, на Меѓународната туристичка манифестација „World Travel Awards 2019“,  што се одржа на 8 јуни на островот „Мадеира“, е прогласена за најдобар тур оператор.Филип Стефаноски со тимот од туроператорот DMC Balkans кои  работат  на рецептивен туризам, уште еднаш покажаа дека „DMC Balkans Travel & Events“, точно знаат што му треба на Охрид и како да го претстави нашиот град. Ова е второ признание од глобалната манифестација „World Travel Awards“, што значи дека „DMC Balkans Travel & Events“, станува препознатилива агенција во светски рамки со докажан квалитет и реализација на ветувањата за туристите во целост.Инаку „World Travel Awards“веќе 26 години ги идентификува најдобрите претставници од областа на туризмот и го наградува нивниот квалитет и успех во работењето.Стефановски вели дека Туризмот во Охрид мора драстично да се развива бидејќи овие изминати години немаше некој посебен напредок. Мора да се посвети внимание да доаѓаат гости со поголем квалитет, од пазари кои се добро развиени. Но, за да донесеме такви гости треба да инвестираме во туризмот, вели тој.„DMC Balkans Travel & Events“главно работи на културен туризам. Гостите кои ги носат од Турција, Азија, Централна и Источна Европа ги интересира културниот туризам. Тие се дел од кружни тури и најчесто престојуваат два до три дена. Главната идеја е како да ги задржиме повеќе денови во Охрид, вели Стефаноски.

Македонија | пред 6 години

kosta-i-dzedi-osman-1

Градоначалникот Константин Георгиески и Џеди Осман си ги одмерија силите

Деновиве  охриѓанец Џеди Осман, Кошаркар на Кливленд,а  потекнува  од Охрид, престојува во родниот  град.   остане во кондиција Осман и кога одмара тренира. Кондицијата деновиве ја одржува во спортската сала Билјанини Извори. Токму таму си вчера кошарка заиграа со градоначалникот Константин Георгиески, кој е страствен вљубеник во спортот.Инаку Осман, е еден од многуте со кои охриѓани се гордеат. Тој често знае да каже дека до врвот во кошарката наречен НБА, не се стигнува со врски и со легачење по плажи, туку со напорни тренинзи и преку цел летен распуст и тоа со постарите.Осман е едно момче кое за жал луѓето од македонската кошаркарска репрезентација не го забелажаа и дозволија и тој како и многугумина  да ни избега во странство.  Наместо ние, сега со Осман се гордее Кливленд.Џеди Осман (22), по татко Турчин, по мајка Босанец живеел до 4 години во Охрид спроти пазарот, а потоа со семејството се преселил во Сараево и почнал да тренира во КК Босна, од каде на 12 години заминува во Ефес.Инаку Осман сеуште е амбасадор на нашата земја. Тој  на Ол-стар мечот  кој се одигра на 15 февруари годинава се појави со специјално дизајнирани патики, на едната ќе го имаше знамето на Македонија а на другата знамето на Турција.

Магазин | пред 6 години

edi-rama-696x523

Рама: Вчера Мета го изгуби правото да остане во таа канцеларија

Албанскиот премиер Еди Рама денеска предупреди дека претседателот на Албанија, Илир Мета го изгубил правото да остане во својата канцеларија. Според него, одлуката за откажување на изборите кои беа закажани за 30 јуни не е последното чудо на Илир Мета, нагласувајќи дека такви ситуации ќе има се повеќе.– На опозицијата вчера како спасител ѝ се појави Претседателот на републиката, предупредувајќи дека планот е политичко самоубиство, законски е ништовен, не постои и е морално срамен. И немојте да бидете изненадени ако ви кажам дека од фронтот на спасувачот на опозицијата, се уште не сте виделе ништо. Тоа не е последната лудост, ќе има повеќе. Едно е сигурно, дали Сали сака или дали Љулзим сака или не, изборите ќе се одржат на 30 јуни. Уставот на републиката не е филџан што се превртува. Изборите не се дното на турското кафе кое се превртува со се филџанот. Вчера Илир Мета ја напиша својата судбина како претседател, кој го изгуби правото да остане во таа канцеларија – предупреди шефот на албанската владата Еди Рама пренесе „Топ Чанел“.Инаку претседателот на Албанија, Илир Мета, синоќа ги откажа локалните избори од 30 јуни, поништувајќи ја својата одлука од минатиот ноември.

Свет | пред 6 години

jadransko-more-crna-gora-1

Црна Гора следната година планира да отвори две нафтени дупки во Јадранското море

На почетокот на февруари следната година планирано е да се започне со дупчење на две локации на црногорското подморје, кои ги истражуваат копаниите „Ени“, „Новатек“ и „Енерган“, објави директорот на Црногорската администрација за јаглеводороди, Владан Дубљевиќ.Според него, со една од дупките ќе се бара нафта на длабочина од 6,5 километри, а со друга гас на 1,5 километри, пренесува „Танјуг“.„Дали имаме нафта и гас ќе знаеме кон средината на следната година. Управата очекува резултатите од снимањето да ја одредат локацијата за дупчење, а следната недела ќе пристигне брод кој ќе спроведе софистицирани геофизички истражувања“, вели Дубљевиќ.Тој додава дека компаниите за истражувања на нафта многу ризикуваат, но исто така постигнуваат и завидни резултати.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: Заев се обидува да протне законски текст за спроведување на попис

Зоран Заев продолжува со практиката на трговија со највисоките национални и државни интереси само за да се задржи што подолго на власт. Овој пат одлучи шверцерски, без консултации да изготви закон за попис на кој што по испробан рецепт му стави европско знаменце, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Заев со тоа ги скратува дискусиите и ја трга можноста за вистинска аргументација во Собранието на Република Македонија за суштински работи од кои што зависат бројни процеси во Република Македонија. Вакво брзање покажува тенденција за носење закон изработен вон стандардите на Евростат и на релевантни меѓународни организации што се однесуваат до пописот.Заев сега се обидува во брза собраниска процедура да протне законски текст за спроведување на попис, без претходна консултација и без вистинска јавна дебата на која ќе бидат пренесени и ставовите на опозицијата и на граѓаните. Предлог-законот за Попис во петокот бил испратен од предлагачот- Министерството за правда до Собранието, а веќе за понеделник наутро е ставен на расправа на Комисијата за европски прашања, каде што е поднесен со европско знаменце.Ваквото брзање во процедурите за носење на ваков текст, без да се остави доволно време за дискусија, остава место за сомнеж за содржината и за вистинските намери на Зоран Заев. Уште повеќе што законскиот предлог текст е испратен во законите пред за него да има вистинска јавна расправа и дебата, или таа дебата се одвивала во строго затворени кругови без учество на опозицијата и на севкупната јавност. Сега повторно на опозициските пратеници не им се остава доволно време за подготовка за вклучување во вистинска расправа по еден ваков важен законски текст во собраниските комисии.Кон сето ова може да се додадат и забуните во јавноста кои што беа креирани од власта, за тоа дали и на кој начин ќе биде опфатено прашањето за изјаснување за етничка и религиска припадност, како и прашањето кој се’ ќе биде преброен и дали и на кој начин ќе бидат попишувани оние кои се отсутни од Македонија во определен временски период?Оттука брзањето овој закон веднаш и неодложно да биде ставен во процедура, остава место за сомнеж дека постои обид за донесување закон за спроведување на попис без вистинска консултација со ВМРО-ДПМНЕ, со опозицијата и со јавноста.Доколку власта се одлучи да продолжи на таков начин на носење на законско решение за спроведување на попис кој што остава можност за сомневање во пописните резултати, остава можност ВМРО-ДПМНЕ и голем дел од граѓаните да не учествува во попишувањето организирано на начин спротивен на демократските процеси“, изјави Стоилковски.

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_378810

(ВИДЕО) 4 лица загинаа при пад на мал авион во САД

Во пад на мал авион во американската држава Северна Каролина загинаа четири лица.Во авионската несреќа загинале сите четири лица во авионот. Спасувачите неколку часа без во потрага по телото на пилотот, но сега и тоа е најдено. Во авионот се возеле и две кучиња, домашни миленичиња , кои исто така настрадале.Малиот авион сетал од градот Истон во државата Мериленд и паднал во округот Неш во државата Северна Каролина.

Свет | пред 6 години

grceva-glas-za-makedonija

Грчева бара една изборна единица и промена на начинот на финансирање на партиите

Во пресрет на отворањето на Изборниот законик во Собранието, „Глас за Македонија“ бара и инсистира на две работи, вели во соопштение претседателката на оваа партија, Солза Грчева.„Прво, Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел, отворени листи за пратеници и низок изборен праг. На тој начин, помалите партии нема да ги губат, односно со Донтовиот модел дури и да ги поклонуваат своите гласови на поголемите. Второ, да се промени начинот на финансирање на партиите. Оној кој е сега на сила, ги исцрпува сите пари од буџетот во полза на големите 4 партии во Парламентот. Нагласуваме дека се работи за вртоглаво високи суми кои се одлеваат од нашите џебови. Со 4,5 милиони евра годишно, се врши отворен поткуп на гласачите. Дури и скромната сума од 280.000 евра, предвидена во Изборниот законик за таканаречените аналитички центри на партиите, оди повторно само кај овие партии“, нагласува Грчева во соопштението.Таа појаснува дека нејзината партија бара ваквите сегашни суми да се намалат барем на половина, а дел од парите наменети за големите партии, да одат за редовно сервисирање на скромните потреби на помалите, вон-парламентарни партии.„Големите партии чиј рејтинг секојдневно опаѓа, ја добија два пати својата заслужена лекција. Еднаш на референдумот од 30-ти септември 2018 и последно на претседателските избори. Тие водеа битка за цензус. Се помал ќе биде бројот на избирачи кои ќе бидат мотивирани да гласаат. Затоа горенаведените промени мораат да се спроведат“, смета Грчева.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

По 16 години уапсен еден од најбараните бегалци во Европа

Еден од најбараните бегалци во Европа, Кристофер Гест Мор, кој беше во бегство 16 години, уапсен e во Малта за брутално убиство извршено во Велика Британија, објави Националната агенција против криминал.Според Би-Би-Си, Мор (41) ја напуштил Велика Британија откако во 2003 година Брајан Вотерс бил мачен и претепан до смрт пред своите две возрасни деца.Мор е осомничен дека отишол во фармата за канабис на Вотерс за да надомести долг поврзан со дрогата.Другите тројца вмешани во случајот, Џон Вилсон, Џејмс Рejвен и Отис Метјус, се на доживотен затвор за убиството на Вотерс.На 19 јуни 2003 година, тие упаднале на фармата за канабис и побарале пари.Газдата го врзале за стол, го тепале и мачеле на различни начини цели три часа, а на телото на жртвата подоцна биле констатирани 123 повреди.Мажите, го нападнале и синот на Вотерс, Гевин, а ќерката Натали постојано ја држеле на нишан.Мор беше активно баран од органите во врска со ова убиство, но и поради обидот за убиство на друг човек, лажно претставување и напаѓање на други жртви на местото на злосторството.Тој веќе се појави пред судот во Валета и започнат е процесот за негова екстрадиција во Велика Британија.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.РКЕ по најавената измена или нова методологија за цените на горивата ги намали цените минатиот понеделник.Засега цената на „еуросупер 95“ е 69,50 денари за литар, „еуросупер 98“ е 72 денара за литар, а „еуродизелот“ се продава за 62,50 денари. Екстра лесното масло, се продава по цена од 52 денари.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега е 35,118 денари.

Македонија | пред 6 години

hasim-taci-990x556-696x391

Тачи: На денешен ден, пред 20 години, Милошевиќ и неговата војска се предадоа пред НАТО

Косовскиот претседател Хашим Тачи преку објава на Фејсбук го спомена времето кога, на денешен ден, пред 20 години, во Куманово беше потпишан воено-техничкиот договор за полекување на српската војска и полиција од Косово и крај на воздушните напади на НАТО врз тогашна СР Југославија.Кумановскиот договор, вели Тачи, значеше предавање на тогашниот српски лидер Слободан Милошевиѓ и неговата војска пред силите на Алијансата, „крај на геноцидот и  мир и почеток на новиот живот во слобода и еднаквост“ за народот на Косово.– На денешен ден, пред 20 години, Милошевиќ и неговата војска се предадоа пред НАТО. Кумановскиот договор значи ослободување, крај на геноцидот, мир и почеток на новиот живот во слобода и еднаквост за нас. Беш долго и тешко, но гордо патешествие за обнова на нашата земја и нашето општество, напиша Тачи.Косовскиот претседател им оддава признание на сите кои поднесоа жртви „за да ја претворат во реалност“ независноста на Косово.– Со најголема почит ја споменуваме секоја жртва на секоја нација која се приклучи на НАТО во оваа праведна борба. Со болка, но секогаш со гордеење за нивното јунаштво, ги споменуваме и сите кои загинаа за да го претворат во реалност нашиот сон. Вечно сме им благодарни, напиша Тачи.Воено-техничкиот договор, со кој се стави крај на војната во Косово, на 9 јуни 1999 година во Куманово го потпишаа британскиот генерал Мајкл Џексон од името на НАТО и генералите на војската на Југославија и на српската полиција, Светозар Марјановиќ и Обрад Стевановиќ. Ден подоцна беше усвоена Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, по што веднаш започна распоредувањето на меѓународние воени сили КФОР во Косово.

Свет | пред 6 години

DSC_7319

Лалчевска: За две години невработеноста е намалена за 4,8 отсто

Зборот важи, економијата порасна за 4.1 процент а невработеноста е на историски најниски 17.8 проценти од независноста до денес, изјави Татјана Лалчевска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.„Овие два економски показатели ја докажува исправноста и успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.За период од безмалку две години, невработеноста е намалена за 4,8 отсто.Во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места.Она што особено радува е фактот дека пад на невработеноста најмногу има кај младото население и кај нив невработеноста во овој период е намалена за околу 10 отсто.Со извесното членство во НАТО, напредокот во интеграцијата кон ЕУ и градењето силна и развојна економија, очекувано е стапката на невработеност дополнително да се намали во следниот период.Остануваме посветени на создавање услови за економски раст, повеќе инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард“, вели Лалчевска.

Македонија | пред 6 години

dfbdfbdfbd

Утре Димитров и Захариева на прв состанок на Заедничката меѓувладина комисија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре во Софија, ќе ја предводи владината делегација која ќе учествува на првиот состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Македонија и Бугарија, чии ко-претседавачи се министерот Димитров и министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, соопшти МНР.Заседавањето на Комисијата се одржува согласно обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан меѓу двете земји  во август 2017 година.– Во рамките на програмата на Меѓувладината комисија, предвидени се  билатерални средби на министрите Димитров и Захариева, како и средби на хомолозите од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски, на кои ќе се зборува за постигнатиот напредок во соработката во овие области, по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, а ќе се разговара и за идните активности и проекти, стои во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Фрчкоски: „Еворпската младинска картичка“ носи бројни поволности за секојдневниот живот

Зборот важи, започнува проектот „Еворпска младинска картичка“ со низа поволности за младите, и кој ги доближува младите до европските услови и вредности, изјави Јон Фрчкоски, потпретседател на СДММ.„Во тек е процесот за аплицирање за проектот.Ги повикуваме сите млади лица на возраст од 15 до 29 години да аплицираат и да ја добијат оваа картичка.Драги млади,Со оваа картичка имате поволности и придобивки во секојдневниот живот, попусти за културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, патување, транспорт, едукација и доусовршување.Веќе е обезбедена соработка со над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, киносали, центри за едукација и развој, спортски центри и други кои за младите ќе обезбедат попусти на нивните услуги.Истовремено, траат преговори со уште стотици други правни субјекти на територијата на целата држава.„Европската младинска картичка“ освен намалување на трошоците на младите позитивно ќе влијае и врз унапредување на социјалниот живот, едукацијата и личниот развој.Младите се наш приоритет, тоа го покажавме преку создавање на кавлитетни младинскиполитики.Со гаранцијата за млади обезбедуваме шанса за секој млад човек да се стекне со пракса, вработување или доусовршување.Активните младински политики досега придонесоа за нешто помалку од две години, стпаката на невработеност кај младите да се намали за околу 10 отсо.Не застануваме тука. Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и проектите што се во интерес на младите, со цел тие да останат тука и тука да градат иднина“, изјави Фрчкоски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања