Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Се судрија моторцикл и мопед

На  08.06.2019 во 13 часот било пријавено дека на крстосницата од с.Кадино Село и с.Ново Лагово, влез за с.Галичани-прилепско се случила сообраќајна незгода во која учествувале моторцикл ,,Херк“ без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(32) од с.Кадино Село и мопед ,,Вилта Ревилт“ без регистарски ознаки, управуван од 16- годишна девојка од с.Галичани.Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот Д.К., а девојката што го управувала мопедот се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Прилеп.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

Makedonski-pasos

Се обидел да премине граница со фалсификуван пасош

На 08.06.2019 година во 15,20 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од РМ поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување патна исправа“ приведен бил Е.Т.(45) од Р.Турција.Тој бил задржан во СВР-Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во домот чувал пиштол без дозвола

НК за КР Струга при СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишен маж од село Велешта- струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.На 29.01.2019 година во село Велешта, од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот и другите простории на пријавениот бил пронајден и одземен пиштол „ВЗОР“ калибар 7,65м и рамка со пет куршуми,  за кои истиот не поседувал соодветна дозвола. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СДСМ: Невработеноста се намали на рекордно ниски 17,8 отсто

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат пад на невработеноста која во првиот квартал од 2019 година изнесува 17,8 отсто, велат од СДСМ.„Ова е историски најниска стапка на невработеност.Успешните економски политики, активните мерки за вработувања и конкурентната економија, даваат позитивни резултати врз намалувањето на невработенста.За помалку од две години, стапката на невработеност е намалена за 4,8 отсто, а во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места.Извесното членство во НАТО и напредокот во интеграцијата кон ЕУ дополнително ќе го засили ваквиот позитивен тренд на намалување на невработеноста.Реални, официјални податоци ја потврдуваат успешноста на економските политки на Владата предводена од СДСМ.Како одговорна партија, остануваме посветени на реализација на мерките што носат економски раст и развој, нови работни места и повеќе пари во секое семејство.Грижата за граѓаните продоложува, зборот важи“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во ЕУ не се оди со криминал, туку со реформи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Европската перспективана Република Македонија е загрозена од клиентелизмот и криминалот на Зоран Заев и луѓето околу него, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Криминалот царува на улиците, земјоделието е уништено, квалитетното образованието е опаднат, со милионски тендери се полнат џебовите на функционерите на власта. Буквално земјата тоне.Наместо реформи имаме криминал и корупција.Единственото ветување на кое се држеше Заев - влез во ЕУ, полека бледнее. Европската перспектива на државата е загрозена, ја уништи криминалот и корупцијата кои царуваат насекаде.Во ЕУ не се оди со криминал, во ЕУ се оди со реформи, кои Заев не ги испорача.Зоран Заев, политичарот кој е највиновен за лошата ситуација во која се наоѓа Македонија сега и се заканува на Европа. Фрустрациите на еден мал политичар почнуваат да ја чинат земјата премногу.Ликовите како Заев мора да си заминат. СДСМ мора да си замине.ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори и ќе ги донесе промените во Македонија. За европска Македонија, за подобра иднина на сите“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

incident-vo-zabaven-park-vo-spanija

(ВИДЕО) 28 лица повредени при несреќа во забавен парк во Шпанија

Најмалку 28 лица, повеќето од нив деца, беа повредени денеска во несреќа во забавниот парк Сан Хозе де ла Ринконада во близина на Севиља, соопштија шпанските власти.Според тамошните медиуми, вртелешката во паркот пукнала и се распарчила на два дела, пренесе агенцијата АП.https://twitter.com/CMM_noticias/status/1137301848661123073?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1137301848661123073&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Farchives%2F1070998„Дејли мејл“ пренесе изјави на очевидци според кои целиот настан потсетувал на сцени од хорор филм, откако се распарчил системот за поддршка на вртелешката, по што оние кои биле на неа паднале на земја, приклештени од големата метална конструкција.Општинските служби за итни случаи во Севилја објавија дека девет повредени биле пренесени во локалните болници.Според градскиот совет на Ла Ринконада, вртелешката како реквизит во забавниот парк претходно минала низ безбедносна инспекција.Во мометов, локалните власти ја испитуваат причината за дефектот.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Без вода овие делови од Центар и Ѓорче Петров

Без вода денеска од 9 часот до завршуавње на работите ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Св.Кирил и Методиј”, АМСМ, Халк Банка и зградата на Нова Македонија, како и делови од улиците „Теодосие Гологанов” и „Климент Охридски”Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” Скопје прекинот е поради промена на затварач  од  Ф 400 мм на булевар „Св. Кирил и Методиј” на раскрсница со булевар „Св. Климент Охридски”.Поради уличен дефект на улица „Ацо Шопов” во населба Ѓорче Петров, денеска од 5:40  часот до завршување на работите прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „Ацо Шопов”.

Скопје | пред 6 години

62194726_2558860474152606_7768167697413570560_n-777x437

Денес во скопската Зоолошка промоција на „ЗОО Азбука“

Денес на пладне во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи едночасовна забава со музика и боење.Целта е промоција на првата едукативна боенка и песнарка за животните во ЗОО Скопје, насловена “ЗОО АЗБУКА”.Исто така ќе биде промовирано и ЦД изданието со новите песнички , а во наше друштво ќе биде и познатиот ZooKeeper Војо Иванов со интересни приказни за животните.

Скопје | пред 6 години

osmani

Годинава започнуваат преговорите со ЕУ, вели Османи

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, во „360 Степени“ образложи дека пораките што ги добиваат од европските престолнини се дека датумот е извесен во октомври и дека тоа би значело дека до крајот на оваа година може се очекува стартот на преговори за членство во ЕУ.„Има некои земји членки кои не ја сфаќаат сензитивноста на тие месеци. Ние, имајќи лошо искуство од минатото каде тука на Балканот еден ден повеќе може да ја комплицира ситуацијата, а да не зборуваме една година или еден месец, особено овие три месеци до октомври, имајќи ги во предвид регионалните спорови – тоа што се случува во Грција со изборите, Брегзит е одреден токму во октомври, следната Комисија со работа стартува на први ноември, значи кога во октомври ќе се усвои одлуката тоа ќе биде последната седница на комесарите, последните денови на актуелните еврокомесари“, изјави Бујар Османи – вицепремиер за евроинтеграции.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево со температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде меѓу 11 и 19, а максималната од 26 до 34 степени.Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 31 степен.УХМР најавува дека под влијание на топла воздушна маса од југ и натаму продолжува периодот на топло време, а особено топло се очекува од средината на наредната седмица. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд  со грмежи и услови за изолирана појава на град.

Македонија | пред 6 години

inspektor-ilievski-696x445

Според Илиевски, инспекторот што ќе врши вонреден надзор на ДУТ има конфликт на интереси

На Правниот факултет, при Државниот универзитет во Тетово, ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор за да се утврдат наводите на просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, кој утврди дека тројца актуелни функционери незаконски напредувале во научните звања. Вонредниот надзор ќе го врши раководителот на секторот за иснпекцитеки надзор, Афри Саљију, кој, според Илиевски, има конфликт на интереси.Како што вели Илиевски, Саљији не смее ни да влезе во овој факултет бидејќи неговата ќерка работи таму.-Самото негово одење таму има судир на интереси бидејќи на тој Правен факултет каде што извршивме инспекциски надзор е вработена неговата ќерка. Тоа е судир на интереси тој да истражува. Ќе биде интересно да се види што ново ќе откријат по нашите документи – изјави Илиевски за ТВ 24.Тој додава дека со вонредниот надзор ќе се настојува да се промени неговото решение, со цел, како што вели, Инспекторатот да го заташка случајот.Илиевски откри дека министерот за образование, Арбр Адеми, и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, незаконски напредувале во научните звања, иако требало нивната професорска позиција да биде во мирување бидејќи во исто време извршувале функција во Владата.

Македонија | пред 6 години

avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Поради оштетување на мостот во село Ваташа на регионалниот пат Кавадарци – с. Мрежичко воведена е забрана за тешки моторни возила.

Македонија | пред 6 години

paunovski

Љубен Пауновски го доби случајот против Македонија

Европскиот суд за човекови права пресуди дека на поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски му било нарушено правото на судење во разумен рок, но ги одби жалбите за повреда на други права од конвенцијата, пренесе „Телма“.Судот по основ на констатираната повреда му досуди надомест на штета во износ од 900 евра, и уште 800 евра за покривање на трошоците.Деновиве судот во Стразбур утврди повреди и за лустрираниот кичевски судија Драги Билевски чиј начин на лустрација стана дел и од истрагата на СЈО за случајот „Моќник“ против пратеникот Антонио Милошоски.Во април 2007 Пауновски беше осуден на три и пол години затвор. Обвинението го товареше за проневерени на над милион и пол евра во 2001 година. Беше осуден поради злоупотреба на службената положба и овластувања во време на конфликтот 2001, наводно преку два договора направени со фирма на негови роднини, а со кои државата Македонија била оштетена за три милиони тогашни германски марки.Во Стразбур оцениле дека во неговиот случај има повреда на правото на правично судење во разумен рок. Пропусти имало во презумпција на невиност, немање време за делување на одбрана и недопуштеност во сведочење

Македонија | пред 6 години

Dfek9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURZN01EQV8vNzRhNTUzODg1ZjZmMzc1MTRhZGMxNTY1MzNkN2VkNDcucG5nkZMCzQLkAIGhMAE-1

Шилегов прифати да излезе „на Мегдан“

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговори на повикот на граѓанската иницијатива „На мегдан“ и ја прифати поканата да одговори на нивните прашања. „На мегдан“ ги повикуваат граѓаните да постават јасни и прецизни прашања кои се под надлежност на Град Скопје.„Тоа можете да го сторите на платформите Facebook (прашањата мора да бидат public за да можеме да ги видиме) и Twitter, користејќи ги хаш-таговите: #НаМегдан или #NëMejdan. Потсетуваме дека нема да пренесуваме прашања кои содржат навредлив говор или говор на омраза“, се вели во објавата на фејсбук профилот „На мегдан“.

Скопје | пред 6 години

zemjotresi-ohridsko-ezero

Два земјотреси во Охрид, епицентарот во Охридското Езеро

Утрово регистрирани два земјотреси во Охридско струшкиот регион со. Епицентарот на двата земјотреси е во Охридското Езеро.  Првиот во 2часот и 10 минути на 4 километри од Охрид, а на 9 километри од с. Мислешево - Струшко. Земјотресот беше со магнитуда од 2,5 степени.Вториот земјотрес беше со јачина од 2 степени јужно од Струга, исто така со епицентар епицентар во Охридското Езеро. 

Македонија | пред 6 години

C9F83417-D973-45A8-8788-0B9CB212D6A1

ФОТО: Скопски ресторан ќе го носи името на Стоилов

Булевар Столе Стоилов 5, вака од денеска пишува во Кафе Ресторанот „Рустинка“, кој е во сопственост на братот на Стоилов, Стефан Стоилов.Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов по вторпат ја подигна титулата европски шампион. Нашиот репрезентативец се најде и на низа критики од многумина поради некои свои изјави, но јасно е дека Столе е омилен лик на цела македонска нација, вклучувајќи ги и сите навивачи на „црвено-црните“.

пред 6 години

BE2156F9-1972-43F9-A376-D6231E1722CC

Приведените полски навивачи објавија фото од притвор

Последните два дена, во пресрет на натпреварот од квалификациите за Европското првенство, Македонија ја пречека Полска.Навивачите на Полска уште еднаш докажаа зошто со озлогласени во низа инциденти, што со полицијата, што помеѓу себе.Дури 223 навивачи беа уапсени, а сега објавија слика како си поминаа во притворот.извор: Sport1.mk

Скопје | пред 6 години

CCCDD5D5-9178-44BA-A29E-48E3145B9005

ФОТО: Заев и син му со четирицикл се возеа по ридови

Премиерот Зоран Заев повторно ја покажа својата страст кон моторите. Овојпат Заев на Фејсбук објави фотографии на кои заедно со син му Душко го користат викендот за да се повозат во природа со квадрицикл.„Прекрасно е по ридовите за време на пролетта!“, напиша премиерот на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

HDevgnkNxU-sokriena-plaza-vo-crna-gora-koja-izgleda-kako-da-ste-na-karibite

Сокриена плажа во Црна Гора која изгледа како да сте на Карибите

Малата плажа Перазича, можеби најубавата плажа во Црна Гора, со својата егзотика може да им парира на некои од најпознатите светски плажи.За жал или за среќа, луѓето и понатаму не знаат за неа, па така е сокриена од погледите на јавноста и мора малку повеќе да се потрудите за да дојдете до неа.Имено, таа е сместена на заливот под манастирот Режевичи и до неа се доаѓа со вртење од патот до манастирот Будва-Петровец. Покриена е со песок и камчиња, а долга е само 40 метри.На левиот крај од плажата се наоѓа сè уште недовршениот хотел Ас, кој малку го нарушува нејзиниот амбиент, но во исто време станал и нејзин заштитен знак.Доколку не сте тргнале со кола до плажата, до неа можете да дојдете и пеш од Петровец и да искусите некои од најубавите краеви на Црна Гора - прошетка од два километри кои нема да ги почувствувате, но нема ни да ги заборавите.Мирисот на шумите и морето, тунелите на чии краеви ве чека некој нов рај, се само дел од 2-километарската прошетка во која ќе уживате повеќе од било кога.

Свет | пред 6 години

ehfcl-f4-2019-rakomet-barcelona-vardar-01062019-polufinale-3568

Со емотивно видео Игор Карачиќ се ЗБОГУВА од ВАРДАР

Играчот на Вардар, Игор Карачиќ, се збогува со емотивно видео од ракометниот европски шампион Вардар.Игир Карачиќ еден од најзаслужните ракометари за победата на Вардар, потпиша договор на три години за Киелце, а со ова Талант Душебаев следната сезона ќе има тројца играчи од Вардар, покрај Карачиќ, членови на Киелце се Циндриќ и Алекс Душебаев.Хрватскиот ракометар Игор Карачиќ во Вардар дојде во 2012 година и во овие седум години кај „црвено-црните“ имаше огромни успеси, со македонскиот шампион ја освои Лигата на шампионите.РК Вардар е ракометен клуб од Скопје, двократен и моментално актуелен шампион на Европа и повеќекратен освојувач на Македонската ракометна Супер лига и на Македонскиот Куп.Во клубот играле најголемите ѕвезди на македонскиот ракомет, како што се: Пепи Манасков, Ванчо Јовановски, Данило Брестовац, Аце Станковски, Љубомир Савевски, Драган Маринковиќ, Зоран Петковски, Горан Андоновски, Александар Јовиќ, Игор Котевски, Стевче Алушевски, Бранислав Ангеловски, Марјан Колев, Кирил Атанасовски, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Филип Лазаров, Стојанче Стоилов и многу други македонски репрезентативци.[embed][/embed]извор magazin.mk

Македонија | пред 6 години

rljnjfnjegergr-221751

Топлотен бран ќе ја зафати Македонија

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ и во текот на следните денови времето во државава ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена облачност додека денес доцна попладне и навечер како и утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Викендов максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени денес и од 25 до 33 степени утре. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град, соопшти метеорологот Славчо Поповски.Во текот на следната недела температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пораст па така истите во централните и во југоисточните предели се очекува да се искачат до околу 40 степени. Сепак поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на водел талог, силни електтрични празнења, силен ветер и појава на град па токму поради ова, односвно во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде од 10 до 11 па поради ова доколку излегувате во најтоплиот дел од денот ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да понесете заштитна опрема односно капа и наочари за сонце и да се внесува поголемо количество на течности.Сепак и покрај локалната дестабилизација на времето продолжува вистинското лето кое што неодамна започна па така лубителите на плажирањето конечно ќе си дојдат на своето.

Македонија | пред 6 години

20190608_204314

Најдобри другарки чии животи згаснаа прерано

Ученици од седмо и осмо одделение во основно училиште во Хрватска, рано утрината вчера тргнале на дводневен излет во Свети Филип и Јаков. Утрината во седум часот тргнале, а ги испратиле родителите и директорот на училиштето, а учениците весели тргнале на пат.Неколку часа подоцна застанале на одморалиште меѓу Новска и Окучана, на автопат, а во 09:40 часот камион налетал на нив. Со голема брзина ја поминал пумпата и ги покосил децата и автомобилит кои биле на паркингот зад пумпата. Ива и Рената биле најдобри другарки и двете загинале на лице место.-Беа неразделни. Заедно седеа на училиште, во автобусот. Утрината двете со насмевка тргнаа на излет, од кој за жал, не се вратија, рекол директорот на училиштетот кој следниот понеделник го прогласил за ден на жалост на училиштето.Мајката на Рената, Зорица Х. на новинарите им рекла дека ѝ ѕвонела на Рената на мобилен штом се случила трагедијата. Кога таа не се јавувала, ѕвонела кај Ива. Била очајна. А, потоа слушнала од медиумите дека двете загинале. Останатите ученици во 16 часот се вратиле во Ердут. Таму ги дочекале расплаканите родители и мештаните.Засега не е познато зошто камионот налетал на луѓето. Возачот наводно кажал дека не му работеле кочниците.Иако треба да се спроведе комплетен технички опреглед на камионот, првите проверки утврдиле дека кочниците работеле.извор kurir.mk

Свет | пред 6 години

20190608_210038

Кој живее денеска во Чернобил?

Трагедијата во Чернобил е една од најголемите нуклеарни катастрофи во историјата на човештвото. Научниците сé уште внимателно истражуваат што се случува во областа близу до поранешната електрана.Последната епизода од серијата Чернобил, снимена по вистинските настани што следеа по експлозијата во нуклеарната централа, беше емитувана на HBO деновиве.Експлозијата во четвртата погонска единица на нуклеарна централа доведе до ослободување на радиоактивни материи 400 пати поголемо количество отколку што тоа беше случај кога атомската бомба беше фрлена врз Хирошима во 1945 година.Постојат различни проценки за бројот на жртви во Чернобил. Според официјалните податоци на ОН, само 50 луѓе загинаа во несреќа, а уште 4.000 луѓе загинаа од зрачење.Бројни студии покажаа дека стотици луѓе биле погодени од радиоактивно зрачење по експлозијата.Се проценува дека, земајќи го предвид периодот од две децении по катастрофата, директно или индиректно, од експлозијата во Чернобил починале „200.000 луѓе.Трагедијата во Чернобил останува најголемата технолошка катастрофа во историјата на човештвото.Со години, научниците проучуваат што се случува и областите каде нивото на радијација е најголемо. Тие се обидуваат да утврдат кои се влијанијата врз животната средина.Радијацијата во боровата шума во близина на фабриката беше толку голема што дрвјата веднаш се исушија, а речиси сите животни починаа.Очигледно е дека оваа област е апсолутно несоодветна за животот и ќе остане мртва барем неколку века (со оглед на брзината со која радиоактивните нешта се распаѓаат и престанува да биде опасна за животната средина).Сепак, денес, 33 години по несреќата, забраната зона се претвори во вистински резерват. Сега таму живеат мечки и бизони, волци, диви свињи, коњи и многу други животни и птици.Пред пет години, научниците во Црвената шума, како што вика, инсталираа 42 видео камери кои реагираат на движењето на живите суштества. После тоа, тие започнаа "попис" на шумските жители.Истражувачите беа изненадени кога откриле дека во шумата е сеуште високо зрачењето но дека речиси нема негативно влијание врз дивиот свет во Чернобил.Се разбира, постојат некои отстапувања. На пример инсектите се пократки отколку надвор од шумата, а глодарите имаат значително помало потомство.Сепак, овие слики се неверојатни. Според научниците, животните биле многу поотпорни на радијација отколку што очекувале.Се разбира, сè е поради фактот дека немаше луѓе околу нив."Се чини дека присуството на луѓето има многу полоши ефекти врз дивиот свет од нуклеарна катастрофа", заклучува шпанскиот биолог Херман Орисаола.Може ли оваа област да биде населена?Нивото на радијација околу нуклеарната централа во Чернобил сега е многу пониско од веднаш по несреќата, но сепак е многу опасно за луѓето.Најблискиот град Pripjat, беше прогласен за ненаселив во наредните 24 илјади години.Сепак, ова не значи дека оваа територија не може да се користи на друг начин. На пример, на годишно ниво околу 70 илјади туристи ја посетуваат ограничена област.На саркофагот се наоѓаат околу 4.000 соларни панели кои ја покриваат уништената реакторска зграда. Нуклеарната централа се претвори во соларна енергија.Во исто време, загадувањето од радијација во шумата е нерамномерно. Канадскиот биолог Тимоти Мусу го спореди со„ јорган“."Некои области се многу, многу радиоактивни, и малку е веројатно дека ќе се сретнете со ова ниво на зрачење на Земјата. Во некои реони, воопшто нема зрачење", објаснува тој.За подобро да разберат кои области се најопасни, научниците од Универзитетот во Бристол составија детална тродимензионална карта за радијација во Црвената шума.Откако саркофагот е инсталиран во 2016 година, зрачењето од експлодираниот нуклеарен реактор е 10 пати помало.Сепак, последиците од катастрофата сè уште се чувствуваат надвор од погодената област.На пример, студијата од минатата година покажа дека кравите во областа на Ровен сè уште даваат млеко со три и пол пати повисоки дози од дозволениот радиоактивен цезиум-137.Проценките за тоа што ќе се случи во оваа област се драстично различни, но научниците се согласуваат во едно.Малку време помина од нуклеарна катастрофа и луѓето се уште има да ги чуствуваат последиците од трагедијата во Чернобил

Свет | пред 6 години

61928957_10114704863991504_6405521234641027072_n

Кореец бесен поради името кое му го напишале на сметката: „Ова е навреда“

Кореецот Тони Чои тврди дека додека нарачувал храна во „Smoothie King“ – ресторан во Северна Королина, доживеал расистички инцидент, откако вработен на сметката го именувал како Џеки Чен, само затоа што е Азиец.Наместо да го праша како се вика и што ќе нарача, вработениот го напишал името на популарниот кинески актер и ја испечатил сметката.Тони целата приказна ја споделил на Фејсбук и ги замолил своите Фејсбук пријатели да ја споделат објавата, за да дознаат што е можно повеќе луѓе.„Бев во ‘Smoothie King’ со децата. Наместо да ме праша како се вика, Зак Х. мислеше дека е смешно ако напише дека моето име е ‘Џеки Чен“. За мене како Кореец ова е навреда. Покрај тоа, три други вработени кои во моментот беа со него, не можеа да престанат да се смеат на сето ова. И овде и таму наидувам на расизам и не ми пречи толку... Бесно го напиштив ресторанот, обидувајќи се да спречам моите деца да сфатат што точно се случува“, напишал Чои покрај фотографијата од сметката, на која наместо неговото име го пишува името на познатиот актер.Ова не е прв расистички случај во споменатиот ресторан. Само еден ден пред непријатното искуство на Тони, на една жена на сметката наместо нејзиното име ѝ напишале „nigger“, пренесува „South China Morning Post“.извор tocka.mk

Свет | пред 6 години

89212-gjokovikj-mu-odrzha-lekcija-na-sudijata-si-igral-li-nekogash-tenis-video@2x

Ѓоковиќ му одржа лекција на судијата: Си играл ли некогаш тенис? (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ загуби од Доминик Тим со 2-3 во сетови во маратонски натпревар, а покрај сите проблеми, Србинот се скара и со судијата.Во момент кога Тим направи брејк и поведе со 2-1 во сетови, Ѓоковиќ разговараше со судијата за кршење на правилото од 25 секунди за сервис.„Правилото е 25 секунди“, се бранеше судијата, но на тоа Ѓоковиќ остро одговори.„Дали си играл некогаш тенис? Некогаш? Знаеш ли како е во овие ситуации 6-5? Знаеш? Браво човеку, браво. Само што се прослави“, му одговори Ѓоковиќ.[embed]https://twitter.com/Eurosport_UK/status/1137313744227319808[/embed]

Спорт | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања