Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

dojransko-ezero

Кривична пријава за “бесправно градење“ во Стар Дојран, изградил камено – бетонски ѕид во езеро

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.П.(59) од Стар Дојран, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “бесправно градење“. Во текот на 2018 година, пријавениот без правен основ започнал со изградба во водите на Дојранско езеро, односно истиот изградил насип со камено – бетонски ѕид со намера да добие дополнителен простор во неговата парцела.

Македонија | пред 6 години

knigovoditel

Финансов книговодител противправно присвоила парични средства кои и биле доверени од страна на 10 правни лица

ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против С.С.(34) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “затајување“ и “послужување“. Во периодот од 2017 до 2019 година пријавената, како вработена во правно лице во Гевгелија, во својство на финансов книговодител, искористувајки ист траен однос и исти прилики, противправно присвоила парични средства кои и биле доверени во врска со нејзината работа од страна на 10 правни лица, со вкупен износ од 2.920.037 денари. Исто така, во овој период, пријавената неовластено се послужила или ги дала на послуга на друг паричните средства кои и биле доверени од страна на истите правни лица.

Македонија | пред 6 години

niva-so-kanabis

Тетовец во нива си одгледувал канабис

На 07.06.2019 во 11,20 часот во СВР-Тетово во атар на с.Фалише пронајдени се стебла од канабис засадени во нива сопственост на Б.К.(42) од Тетово. По насоки на јавен обвинител, стебла од пронајденото растение се дадени на вештачење. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Тетово. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Јас би ги одбил сите награди на Светот само Зоран Заев не биде премиер на Република Македонија

Сведоци сме како и последната надеж, на која се потпира оваа Влада на Заев за едно прашање, полека но сигурно исчезнува.   Европската перспектива е се повеќе загрозена од клиентелизмот на Заев и власта, неспособноста и егоистичните мотиви да се владее за свој личен бенефит, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Она што досега го видовме е стагнација, одземено достоинство, никакви реформи, криминал и корупција. Живот кој станува пекол, здравство каде наместо спасените животи, се множат крвавите тендери за приватни џебови, образование чиј квалитет постојано опаѓа, земјоделие без поддршка за земјоделците, судство без реформи. Но времето неповратно минува, а животите се арчат во чекање дека ќе биде подобро.Наместо прагматизам и работа, гледаме клиентелизам кај луѓето од владата.Станува јасно дека стратегијата на Зоран Заев беше власт по секоја цена, но не власт за да биде подобро за сите, туку да има разграбување и подобар живот на неколкумина од оваа влада.Откако самиот тој увиде дека сменетото име нема да биде доволно за да се одржи на власт, и да ја дефокусира јавноста од редицата скандали, и измами, пресметката му беше дека оваа празнина ќе се покрие со ветувањето за европската иднина. Но таа со овој човек нема да дојде, нема да дојде затоа што зборовите за европските вредности кои ги изговара се празни, празни без суштина, без делата кои ги нема. И токму тоа отсуство на резултати во работата на оваа Влада не оддалечува неповратно од Европската Унија.Микро светот на Заев станува негов однос кон Светот нанадвор. Па така сега гледаме она што го правеше кон опозицијата, уцени, закани и заплашувања во една ублажена форма, го применува и практикува кон нашите партнери земјите членки на Европската Унија. И затоа никако поинаку не може да се разбере неговото условување дека ако не му се прогледа низ прсти, и не и бил доделен датум за преговори ќе имало избори на кои можело да дојде радикалната десница.Најпрвин ова го покажува вистинскиот карактер на Зоран Заев, еден мал деспот среде Балканот кој и се заканува на Европа и тоа без аргументи.Второ, време е да си погледаме во очи и да си признаеме дека оваа власт не ја бива. И Европа нема да дојде само затоа што власта го смени името, туку затоа што не работи ништо за постигнување на стандарди. А од почетокот велев дека Европската Унија е пред стандарди кои мора да се постигнат. Нема ниту една реформа мерка или подобрување кое ќе го изнесе на маса и поради кои ќе ги убеди европските партнери дека заслужуваме датум за преговори.Трето, и тој самиот со оваа изјава признава дека е на стаклени нозе оваа влада и дека ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и десниот блок, која не само што не е радикален елемент туку ќе биде носител на промените и обновата на оваа земја.ВМРО-ДПМНЕ ќе се однесува одговорно, и ќе се бори земјава да добие датум за преговори, и покрај сите скандали, неработа, промашувања и измами на власта, затоа што граѓаните не заслужуваат да бидат жртва на неспособната Влада која започнува да шири евроскептицизам.И сосема на крај, во однос на емотивните изјави за двете Нобелови награди кои би ги одбил Заев во замена за датум за преговори, јас би порачал, дека јас би ги одбил сите награди на Светот само Зоран Заев не биде премиер на Република Македонија, бидејќи тој е вистинската пречка за развојот на Република Македонија и среќата која граѓаните ја заслужуваат, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/448785125912844/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: СДСМ глуми лудило, ќе барале консензус за промена на изборниот модел а извршија предавство без консензус

Единствена Македонија реагира на денешната изјава на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски дека за промена на изборниот модел е потребен консензус од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и албанските партии во Собранието, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Добро е да се промени изборниот модел со консензус, но, доколку не се постигне консензус го потсетуваме СДСМ дека во изборната кампања за парламентарните избори во декември 2016, Зоран Заев вети дека кога ќе победат на изборите ќе го променат изборниот модел и Македонија ќе биде една изборна единица. Доколку СДСМ не воведе една изборна единица, Заев продолжува да влегува од лага во лага со што се потврдува дека лидерот на СДСМ постојано ја замајува јавноста.Но, СДСМ сега глуми лудило. СДСМ сега калкулира и се задскрива зад ВМРО-ДПМНЕ иако има доволно мнозинство во Собранието да го смени изборниот модел. СДСМ изврши национално предавство со бришењето на се што е македонско без консензус на македонскиот народ, а сега за изборниот модел ќе барале консензус што е врв на дволичноста на марионетската власт во Скопје.Да потсетиме, Единствена Македонија уште на 22 јули 2010 во Собранието има поднесено амандман на Изборниот законик со кој се бара промена на изборниот модел и територијата на Република Макеоднија да биде една изборна единица, но, овој амандман до денешно време остана закочен во собраниските фиоки, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

IMG-2f0cc9c5200de70983f0fdf4d392c16a-V

Администрацијата на Општина Кисела Вода неработниот 7 мај го одработи со голема еколошка акција

Согласно Владината одлука за одработување на 7 мај поради посетата на Папата Франциск на нашата држава, денеска администрацијата на Општина Кисела Вода спроведе голема еколошка акција на територијата на локалната самоуправа.Во сите месни и урбани заедници се чистеа парковите, тревните површини, тротоарите и омилените игралишта на најмладите.Покрај ова, сезонските работници на општината ги скастрија сувите гранки на дрвјата и ги искосија тревните површини покрај трим патеката од игралиштето Вембли до бул. Србија, во должина од околу 2,5 километри. Во исто време од страна на администрацијата се расчистуваа и отпадоците по целата должина на истата патека.Општината предводена од градоначалникот Филип Темелковски и во иднина ќе продолжи со активности кои ќе придонесат за зачувување на животната средина и чиста Кисела Вода. 

Скопје | пред 6 години

IMG_2567-08-06-19-13-31

Сашо Донев: Сe што им беше ветено на охриѓани пред локалните избори, со Георгиески паѓа неповратно во вода

За жал, серијата лоши вести поврзани со градот на чело со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески продолжува со најавениот ребаланс на буџетот на Општината за наредната седница на Совет. Замислете без никаков срам, од досега најголемиот буџет во историјата на градот се бришат милионски суми од програмите предвидени за капитални инвестиции и се зголемуваат трошењата како бенефит само за неколкумината избрани на кои директно од џебот на охриѓани ќе им се исплаќаат милионски суми, истакна Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Ставката за плаќање по судски решенија предлагаат да се зголеми за неверојатни 28 милиони денари.Како е дозволиво, знаејќи дека истите се разбира ќе бидат скратени од предвидените капитални расходи кои требаше да им донесат „живот” на охриѓани?Од програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта се кратат околу пет милиони денари, за изградба на системи за водоснабдување четири и пол милиони денари, од изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води повеќе од три милиони денари. Околу три милиони се крати од култура, капиталните расходи во спортот се кратат за два милиони денари.Во основно образование се кратат неверојатни седум милиони денари, а во средно образование дури три милиони денари. Дали се потврдува тоа дека толку од најавениот инвестициски бум во образование и толку од грижата за најмладите кои се наша иднина?Ветувањата за нови градинки и реконструкции на постоечките ќе почекаат, се бришат неверојатни 16 милиони денари.Сакаме да им предочиме на нашите сограѓани како се пренаменуваат нивните пари за трошења од кои тие нема да видат никакво добро. ДА им предочиме дека овој ребаланс на буџет кој го предлагаат и без сонмение ќе го изгласаат е уште еден доказ дека се изманипулирани и излажани. СДСМ и Георгиески потврдија дека с’e што им ветуваа на охриѓани пред локалните избори паѓа неповратно во вода, истакна Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. 

Македонија | пред 6 години

retki-bolesti-4

Филипче: За две години воведовме пет нови лека, за годинава обезбедени се вкупно 380 милиони денари

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се обрати на Регионалната конференција за ретките болести, која се одржува во Струга, во организација на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“.„Министерството за здравство особено е посветено на грижата за лицата со ретки болести. Во постојана комуникација и координација сме со здруженијата кои се вложуваат во оваа област и заеднички работиме за поквалитетен третман на ретките болести. Со Програмата за ретки болести овозможуваме континуитет на активностите кои државата ги презема за набавка на медицинска терапија за лекување и третман за пациентите со ретки болести. За оваа година, обезбедени се вкупно 380 милиони денари, а само за споредба во 2017 година оваа Програма изнесуваше 214 милиони денари“, истакна министерот Филипче.Министерот додаде дека минатата година се воведени 3 нови лека за ретки болести, од кои еден за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија и нов лек за болеста Гоше, а годинава се воведуваат уште два нови лека. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ацевски: Растот на БДП од 4.1% е потврда за успешните економски политики

Растот на економијата, на БДП, во првиот квартал од 2019 година изнесува 4,1 отсто. Ова е најголем раст на бруто домашниот производ во последните неколку години. Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ дваат реални, позитивни резултати, економијата е во нагорна линија. За споредба, во вториот квартал од 2017 година, односно последните два месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата беше во минус од 1,8 отсто, истакна Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ и коалицијата.Денес, безмалку две години подоцна, имаме значителен раст од 4,1 отсто.Со оваа изразита разлика паѓаат во вода сите небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека навно нема напредок во економијата. Toa е математички прецизна разлика која потврдува дека Христијан Мицкоски нема елементарно познавање од економија.За само 2 години, од заробена, изолирана и задолжена држава, имаме силна економија која нуди шанса за сите, станавме светол пример во регионот.Очекуваме ваквиот тренд дополнително да се интензивира во наредиот период. Успешните економски политики, полноправното членство во НАТО и доближувањето кон ЕУ значително позитивно ќе влијаат на дополнително засилување на економијата. Остануваме силно посветени во реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места, поголеми плати и повисок економски стандард за сите граѓани, истакна Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 6 години

istragi

Финансиските истраги – тема на работна посета во Врховното државно обвинителство на Република Словенија

Делегација на Република Северна Македонија предводена од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески од 4 до 7 јуни престојуваше во работна посета на Република Словенија .Целта на посетата беше да се добие увид во функционирањето на словенечкиот систем за финансиски истраги особено во однос на успешната конфискација на имот стекнат на нелегален начин.Во рамки на посетата Јовески оствари средба со Драго Шкета, Генерален јавен обвинител на Република Словенија, со кого размени искуства во поглед на развојот на финансиските истраги  и одземањето на имотна корист од сторени кривични дела при борба со организираниот криминал.Посетата се реализираше во рамките на програмата за меѓународна развојна соработка на Република Словенија, организирана од словенечкиот Центар за европска перспектива.Освен Јовески, во делегацијата учествуваа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и претставници на Царинската управа на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање, Министерството за внатрешни работи и Централниот регистар на Република Северна Македонија.Како дел од посетата, претставниците на сите овие институции потпишаа и Заеднички насоки за финансиски истраги во Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

19 годишен кумановец под истрага за трговија со марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Куманово отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 19-годишен жител на Куманово во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 305,91 грам и амфетамин со нето маса од 4,29 грама. Дрогата била пронајдена на 6 јуни при претрес на домот, скриена во близина на звучник од музички систем во неговата соба. При претресот биле пронајдени и дигитална вага и дрвена дробилка.Ценејќи дека се исполнети сите основи, Основното јавно обвинителство Куманово до Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата на претходна постапка го прифати ваквиот предлог и на лицето му определи притвор во траење од 30 дена. 

пред 6 години

tripunovski

Трипуновски: Нема регион во државата каде што нема проблем со водата за наводнување

Нема регион во државата каде што нема проблем со водата за наводнување. Земјоделската сезона е речиси на половина, а проблеми еден куп. ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг период укажува на проблемите со наводнување и неработата на власта. Вода до нивите нема. Земјоделците се молат да не фати суша па да го изгори тоа што го посеале, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Земјоделците од Овче Поле, Тиквешкиот, Струмичкиот и другите земјоделски региони низ државата два месеци се оставени сами да се снаоѓаа со проблемите. Постои опасност дека земјоделските приноси ќе се преполоват, а власта мува не ја лази. Љупчо Николовски се шета низ Европа. Заев гази црвени теписи, а земјоделците не знаат кој крај попрво да го фатат.Во Овчеполието нема вода, илјадници хектари луцерка се оставени без наводнување. Приносите можат петкратно да се намалат, а штетите по земјоделците да бидат непроценливи.Во Тиквешијата над 200 километри каналска мрежа се неисчистени, а илјадници хектари лозови насади ќе останат ненаводнети.Зоран Заев и Љупчо Николовски во 2016 година одеа низ селата и нивите и ветуваа дека земјоделското производство ќе се препороди, дека ќе има откуп и стабилни цени, а сега ништо од тоа не е случај. Најважната работа за земјоделското производство – водата, ја нема!Проблемот со наводнувањето не трпи на време, ако до сега се решеше овој проблем приносите ќе беа на задоволително ниво, доколку се задоцни со санација на проблемите штетите ќе бидат огромни, а земјоделското производство ќе биде неисплатливо.За сите маки кои им ги нанесоа на земјоделците, за проблемите и за уништувањето на производството Зоран Заев и Љупчо Николовски мора да бидат изметени од власта, истакна истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Во вторник и во среда ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од авионската и од терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 11.06.2019 година (авионско) и на 12.06.2019 година (терестрично).Имено, авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе се одвива на 11.06.2019 година (вторник) и на 12.06.2019 година (среда), во раните утрински часови.Терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје ќе почне на 12.06.2019 година и ќе заврши најдоцна до 15.06.2019 година (од среда до сабота), во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден.Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: Зоран Заев прокоцка уште една година на Македонија

Македонија, според нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на ЕУ, нема да добие дата за отпочнување на преговори за членство во ЕУ. Тоа што Зоран Заев упорно повторува и преку јавниот сервис се заканува дека Брисел сега требало да му испорача, е само уште една манипулација на Заев.  Зоран Заев знае дека тој не испорача тоа што од него бараа и Брисел и граѓаните. Не испорача работа, не испорача реформи. Зоран Заев прокоцка цела година на лаги, мактетинг, непотизам, корупција, криминал и на задолжување на државата, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Во заклучоците од минатата година, Советот буквално во неколку наврати ја нагласува, критичната потреба Македонија да направи конкретен напредок во однос на Итните реформски приоритети и да има видливи резултати во борбата против корупцијата. Се нагласи дека Советот бара резултати во:- Судски реформи.- Борба против корупција и организиран криминал, вклучително и – корупција на високо ниво,- Реформа на разузнавачките и безбедносните служби,- Реформа на јавната администрација.Е па почитувани, ниту има судски реформи, ниту има случаи против криминал и корупцијата, ниту против висока корупција, ниту има реформа на јавната администрација.Зоран Заев до мај годинава беше прв човек на телото за судски реформи, ништо не сработи, имаше само 6 средби, а од него со големи критики заминаа звучни имиња. Дури и Рајнхард Прибе-творецот на Итните реформски приоритети- молчи прашан  за тоа дали гледа реформи во Македонија и Заев за тоа чека покана.Две години Заев и кланот владеат на централно и локално ниво, а за секојдневните скандали за корупција, криминал, непотизам, нема ниту една обвинителска истрага. Нема никакви истраги дури ни за Заев за корупција во изборни цели- тешко кривично дело.Заев сам соопшти дека лично спречил истрага против функционери од власта! Тоа е резултатот на борбата против корупција на високо ниво, за кои Заев чека пофалби!Заев и свитата годинава ја сфатија како поле за партизација и невиден непотизам! Нема функција,  локална, централна власт, пратеници, министри, градоначалници, директори, па и партиски адвокати, кои не се омастија од државниот буџет со влетување во администрацијата. Бројката на административци за една година порасна за три илјади. Три цели илјадинови позиции, не природната замена на оние кои се пензионираат. Се отвораа нови функции, ете тоа се реформите во администрацијата на Заев и кланот, за кои чекаат датум.Реформата на безбедносните служби е во бавен тек. Но, реформа не е усвојување законски решенија, без реална имплементација, без да се води сметка за капацитетите и динамиките во институциите. Ниту европските лидери не се убедени дека се води сериозна кадровска политика во насока на вистински надзор и контрола над службите.Во Македонија под Заев блеска корупцијата, блеска криминалот, блеска непотизмот, блеска партизацијата, блеска заробеното судство, а се повеќе блескаат и заробените медиуми откако Заев се опкружи со новинари на платен список! Блеска советничката листа која стои зад обвинувањата од Заев кон европските лидери и тоа блескање го гледа Европа! За жал Македонија, Македонците, граѓаните, ќе бидат казнети заради блескањето на лагите на Заев!И токму тие, граѓаните не смее да бидат казнети заради неработењето и криминогеноста на власта! Зоране Заев, престани со лагите и престани со барање на виновни вон себе и твоето опкружување. Дополнително ја загрозуваш иднината на државата, дополнително ги обезвреднуваш граѓаните и на Македонија и на ЕУ. Собери ја свитата и замини си, веќе никој не ти верува, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Capture-6

Арсовски : Венко Филипче молчи за скандалозниот тендер за стерилизација

Целата јавност виде како се фаворизираат и местат тендери во Владата на Република Македонија конкретно по втор пат во Министерството за здравство. За жал тендерот за стерилизација не е прв пример како јавно се местат тендери за компании по мерка на министрите, а за жал нема да биде ниту последен, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Венко Филипче после ваков јавен блам каде што целата држава знаеше кои луѓе и фирми од Албанија ќе го добијат тендерот за стерилизација во здравството треба уште веднаш да си поднесе оставка и не треба да ја чека метлата.Филипче уште веднаш треба да објасни која е поврзаноста помеѓу него, помеѓу луѓе од Владата на Заев и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај кој е тесно поврзан со двете фирми кои се активни на тендерот за стерилизација.Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со скандалозниот Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери од Албанија и италија. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании. Истиот тој Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.За фирмите поврзани со Илир Рапај кои вршат стерилизација во Албанија веќе се води истраги. Стерилизацијата во Албанија крахираше. Медиумите таму секојдневно пишуваат за лошото искуство со овој тип на стерилизација, а конкретно за лошото искуство со фирмите и со бизнисменот Илир Рапај.Монопол за стерилизацијата не смее да има во Република Македонија. Граѓаните највеќе ќе страдаат и сето ова ќе оди на нивен грб и нивна штета. Затоа, Венко Филипче уште веднаш да си даде оставка и да ги тргне криминалните раце од здравството, истакна истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Со автомобил удрил малолетно девојче и избегал, полицијата трага по возачот

На 07.06.2019 година во 18,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Партизански одреди“ возило удрило во пешак- 14 годишна малолетничка од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а возилото го напуштило местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

soobrakajka

Пешак се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа

На 07.06.2019 во 16,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ патничко моторно возило „Хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.С.(22) од Скопје удрило во пешак Н.Д.(82) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобил пешакот и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Маж и дете каснати од кучиња скитници

На 07.06.2019 во 11,30 часот во Полициската станица Гази Баба М.Т.(66) од Скопје пријавил дека на улицата “Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница. На 07.06.2019 во 11,30 во Полициската станица Чаир А.С.(45) од Скопје пријавил дека во с.Радишани неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Пешак се здоби со тешки телесни повреди откако го удри автомобил

На 07.06.2019 во 11,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(28) удрило во пешакот М.А.(72) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Возачот на мопедот почина во сообраќајна несреќа

На 07.06.2019 во 23,35 часот било пријавено дека на автопатот Свети Николе -Штип кај с.Криви Дол се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Мерцедес E-320“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(47) од Штип, мопед скутер “Хамаши-50“ без регистарски ознаки, управуван од К.К.(31) од Велес, патничко моторно возило „Ауди A-4“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.К.(51) од Штип, и патничко моторно возило “Опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(28) од с.Соколарци о.Чешиново-Облешево. Возачот на мопедот починал на местото на настанот.Возачот и сопатниците од возилото „Мерцедес“, М.Ј.(45) и две лица на возраст 15 и 13 години се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница-Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Автомобил удрил велосипедист

На 07.06.2019 година во 21,35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Козле“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(35) од Скопе и велосипед управуван од Г.Г.(59) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

navivaci

МВР за тепачката помеѓу две групи на полски навивачи

На 07.06.2019 околу 17,50 часот, пред почетокот на фудбалскиот натпревар во рамки на квалификации за „ЕП 2020“ помеѓу репрезентациите на Република Северна Македонија и Република Полска, во паркот на франкофонијата во Скопје дошло до физичка пресметка меѓу две групи на полски навивачи. Веднаш е интервенирано од страна на полициски службеници и приведени се 223 лица во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров за понатамошна постапка. Против нив се поднесени соодветни поднесоци пред надлежен суд за прекршоци.

Скопје | пред 6 години

miladinovci-stip-960x471

Прва жртва на новиот автопат Миладиновци-Штип

Мопедист загина во сообраќајка на новиот автопат, возел во спротивна насокаТриесет и едногодишен маж од Велес кој упаравувал со мопед загина при судар со автомобил на автопатот Штип-Свети Николе кај штипското село Кривидол, информира портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.Според неа, автомобилот кој се судрил со мопедот бил со скопски регистарски таблички, а во несреќата учествувале уште две други возила. Полесно се повредени и возачот на автомобилот мерцедес и двајца негови сопатници кои се малолетни лица. Од страна на Итната медицинска помош се пренесени на лекување во Клиничката болница во Штип.Според очевидци, несреќата се случила поради возењето на мопедот кој бил без регистарски таблички во спротивна насока на автопатот.На местото на несреќата увид имаат извршено крим техника на СВР Штипизвор МИА

Македонија | пред 6 години

IMG-296112dc2b882174c4d275ab8da27207-V

Одбојкарските тимови на ООУ „Партенија Зографски“ освоија прво место на ниво на град Скопје

Учениците на ООУ „Партенија Зографски“ од Кисела Вода на финалните натпревари во одбојка продолжуваат да собираат медали и пехари.Во рамки на натпреварувањата на Федерацијата за училишен спорт, момчињата и девојчињата од 6 и 7 одделение во одбојка го освоија првото место на ниво на град Скопје.За досегашните големи успеси на одбојкарските тимови на училиштето најзаслужен е наставникот по физичко воспитување, Мартин Мартиновски. 

Скопје | пред 6 години

stevo-770x437

Претседателот Пендаровски со поддршка на иницијативата за реформа на изборниот модел

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, дава поддршка на иницијативaтa на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до Кабинетот на Претседателот, за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, а во насока на создавање на пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати.Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во Република Северна Македонија треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието на Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски смета дека демократскиот развој, еднаквоста, владеењето на правото и правото на фер и слободни избори се важен фактор за просперитетот на Република Северна Македонија.  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања