Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

tepacka-4

Нападнат скопјанец на кеј, му го одзеле мобилниот телефон

На 06.06.2019 година во 11.25 часот во СВР Скопје, С.А. пријавил дека истиот ден околу 04.30 часот пред угостителски објект на улица „Кеј 13-ти Ноември“ непознато лице извршило разбојништво над него и му одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

134301833

Нова измама со огревни дрва, измамени сопружници од Свети Николе

На 06.06.2019 година во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 11.30 часот во Свети Николе во домот на 50- годишна жена дошло непознато лице кое и понудило за продажба огревни дрва по цена од 2.500 денари за метар кубен. Според пријавеното, откако нејзинот сопруг отишол до соседната улица да ги види дрвата, непознатото лице се вратило во нивниот дом и и кажало дека сопругот се согласил да ги земе дрвата и побарал од жената да му ги даде парите. Откако лицето се изгубило без трага, оштетената го пријавила случајот во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

5-1

Заев и Анѓушев: Растот од 4.1% го очекувавме, 49.552 нови вработени за две години

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев денеска на заедничка прес- конференција ги претставија последно објавените податоци за раст на БДП во првиот квартал од 4.1% и пад на невработеноста на 17.8%.„Задоволство ми е да соопштам дека растот на бруто домашниот производ во првиот квартал изнесува 4,1 %, што е највисокиот квартален износ во последните две години. Математички прецизно - има разлика: Разликата од пред две години е 4.1%. Очекуваме разликата да се зголемува, зашто во вториот квартал стапката на раст на бруто-домашниот производ во 2017 година беше -1.8%. Со оваа изразита разлика паѓаат во вода вчерашните небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека нема напредок во економијата. Податоците ги демантираат сите нивни лажни и драматични информации“, рече премиерот Заев.Тој додаде дека оваа бројка е силен показател за исправноста на сите економски политики и програми кои се во насока на креирање на силна економија која отвора шанса за сите наши граѓани.„Денес Државниот завод за статистика соопшти дека невработеноста во првиот квартал е 17,8 %. Ако се земе во споредба со вториот квартал од 2017 година, кога невработеноста беше 22,6, кога Владата започна со работа, тоа значи намалување на невработеноста од 4,8 % во изминатите две години. Да бидам попрецизен тоа се 49.522 нови вработувања. Само во еден квартал имаме пад од 1,6% или 17.600 нови работни места“, посочи премиерот Заев.Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев истакна дека економските политики се креираат врз база на реални податоци и бројки, како и во согласност со долгорочните стратегии, на што Владата е целосно посветена. Тој дополни дека во изминатите две години, од виртуелна економија, во која непродуктивните проекти на Владата имаа централно место, со напорна работа денес економијата е поставена на добри основи, каде што реалниот сектор и стопанството имаат централна улога.„Имаме обврска да обезбедиме долготраен развој на државата, а тоа го правиме со креирање на систем и стратегија кои обезбедуваат одржливост на долг рок. Растот од 4,1% во првиот квартал на 2019 година е нешто коешто го очекувавме, бидејќи ги планираме процесите и работиме на нивна имплементација. Сите клучни гранки кои значително учествуваат во Бруто домашниот производ бележат раст: градежништвото над 7%, земјоделството над 13%, преработувачката индустрија над 3,5%, а бруто инвестициите во првиот квартал бележат раст од 9,9%. Тоа значи дека и домашните и странските компании реализираа нови инвестиции“, потенцираше Анѓушев.Вицепремиерот додаде дека со логичен след на настаните, стапката на невработеност го следи економскиот раст. Од стапка на невработеност од 22,6 во вториот квартал на 2017 година, денес стапката на невработеност изнесува 17,8%, што значи дека невработеноста е намалена за 4,8 процентни поени „Во изминатите две години отворени се нови 49522 работни места, а забележлива е забрзана динамика во однос на намалување на невработеноста. Само во една година помеѓу првите квартали на 2018 и 2019 година, вработени се над 39 илјади лица, додека само во првиот квартал на 2019 година вработени се над 17600 граѓани. Очекуваме позитивен тренд во економијата и понатаму, затоа што Владата одлично знае кои политики и мерки треба да се спроведуваат за поддршка на домашните и странските инвестиции.Само во минатата година се поддржани околу 250 компании, додека оваа година во буџетот се планирани за 47% повеќе средства за поддршка на економијата“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски не знае економија, математички прецизно: растот на економијата е 4,1 проценти!

Официјалните податоци од државни институции ги демантираа сите лажни вести и измислици на Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.Има разлика. Математички прецизно, растот на економијата во првиот квартал од годината е 4,1 отсто и е највисок раст во последните две години. Стапката на невработеност изнесува 17,8 отсто, што е историски најниско ниво. Можеби ако се посветел на учење основи на економија, наместо на бизнисот со хидроцетрланите, Мицкоски ќе знаеше нешто, вака се покажа дека нема основни познавања од економија.Го охрабруваме Мицкоски да ја следи работата на Владата и премиерот Зоран Заев, да учи како се води реална, развојна економија и како се работи во интерес на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

ivanka

Иванка Василевска: Оливер Спасовски сеуште не се изјаснил официјално околу сообраќајната несреќа која ја предизвика заменик министерот за култура

МВР на Оливер Спасовски речиси две недели сеуште не се изјаснил официјално околу сообраќајната несреќа која ја предизвика заменик министерот за култура, Владимир Лазовски. За ваше потсетување Владимир Лазовски, заменик министерот за култура во Владата на Заев направи сообраќаен прекршок со којшто злоупотреби службено возило за којшто не поседуваше документација за дозвола за управување, понатау загрози човечки живот и причини материјална штета на недолжен граѓанин на Република Македонија кој ги почитува сообраќајните прописи и злоупотребувајќи ја својата позиција и својата функција покажа уште еднаш демонстративно дека оваа Влада својата неинвентивност ја користи на начин што предизвикува насекаде нереди и хаос со којшто го загрозува животот на македонските граѓани, истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.МВР и Спасовски како и заменик министерот за култура, Лазовски треба да знаат дека тие се избрани од граѓаните како што не се и ќе заминат со одлука на граѓаните какошто треба и оттаму сакаме да потсетиме и да запрашаме дали метлата којашто ја понуди Драган Спасов-Дац кој пред речиси пред неполна година исто така во пијана состојба како висок државен функционер направи тешка сообраќајна несреќа, а сега демонстрира чистење или метла или исправување во редовите на СДСМ и оваа ненародна власт. Дали навистина овој перформанс ќе го опфати Лазовски како и Зоран Заев кој дозволува да се случуваат вакви неправилности во македонската држава?Ве повикувам на одговорност, ве повикувам на совесност и посакуваме да се разјасни случајот со најдобри намери за Република Македонија, истакна Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Градежниците најавуваат раст на цените на становите во Скопје

Цените на становите ќе растат иако над 5.000 новоизградеи се непродаддени. Градежниците велат поскапувањето е поради зголемени трошоци во работењето. Цените на градежните услуги се поскапени за 15 отсто во споредба со лани, а поради немањето на кадар за работа , градежните фирми мораат да ги зголемат платите за да ги задржат работнците. Сите овие трошоци влијаат на крајната цена.Градежниците очекуваат во следниот период општините да ги донесат деталните урбанистички планови и да се симне мораториумот за градба во општините Центар и Карпош. Сметаат дека треба да се гради и градот да се развива , но тоа да биде плански и да нема последици.Цената за метар квадратен на становите се движи од 1.000 до 1.200 евра во зависност од локацијата, но и од квалитетот на градбата. Најскапи се во Аеродром, Карпош и Центар. Според последните податоци на агенцијата за катастар во моментов се градат уште 11 илјади нови станови.Градежниците се жалат и на проблеми при спроведувањето на јавните набавки. Велат дека е потробно да се обучи администрација за да може да има подобрување во оввој сегмент.извор sitel.mk

Македонија | пред 6 години

foto1

Сообраќајка на патот Штип – Кочани, тројца повредени

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Кочани во близина на клучката кај селото Уларци.Како што информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, незгодата се случила околу 16:10 часот, меѓу три возила.Според привичните информации, повредените патници се хоспитализирани во Општата болница во Кочани. Засега не се знае тежината на нивните повреди.Во моментов сообраќајот на овој патен правец е стопиран во двете насоки и сообраќајот од Штип кон Кочани се одвива преку алтернативните патишта. Возилата се приклучуваат преку селата Долни Балван, потоа Карбинци, па поминуваат преку селото Борилчево и излегуваат на клучката кај селото Кучичино и Чешиново.Во моментов екипа на крим техника од СВР Штип и основен јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата. Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот.

Македонија | пред 6 години

e754be7f6aa17f354c4261acb050da86-696x469

Цел граничен премин опожарен на македонско-бугарската граница (ВИДЕО)

На граничниот премин Ново Село – Златарево на македонско-бугарската граница поради вчерашниот пожар, во кој изгоре административната зграда од бугарска страна, се пропуштаат само патнички возила. Товарниот сообраќај е во прекин.Товарните возила се пренасочуваат кон граничните премини Ѓуешево – Деве Баир и Станке Лисичково – Делчево.И бугарските и македонските царински служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој граничен премин за патување и да се упатуваат на другите гранични премини.Во вчерашниот пожар целосно изгоре административната зграда од бугарска страна. Нема повредени лица, но е причинета огромна материјална штета. Уништени се многу документи. „БГНЕС“ пренесува дека вработените се обиделе да го изгаснат и локализираат пожарот, но не успеале. (МИА)[embed][/embed]

Македонија | пред 6 години

noviot-vladin-mercedes_1-1024x620

Владата ќе набавува гуми за „тоа на М“ во вредност од речиси три ипол милиони денари

Heвepojaтни 53.000 евра државни пари ќе се пoтpoшат за набавка на пневматици за блиндиpaниот „Мерцедес“ во сопственост на владата, кој беше набавен од претходната влaдeјачка гарнитура, а за чија набавка – иако лeгaлнa и oпpaвдaнa – беше ocyден ekc-премиерот Никола ГруевскиCлyжбaтa за општи и заеднички paботи при Владата на Р.Македонија склучи договор со „Мак Ауто Стар“ за набавка на пневматици за блиндиpaниот „Мерцедес“ во вредност од нeвepojaтни 3.296.857 денари, или 53.000 евра.Тоа на „М“ како што милyваше да го именува актуелната влада додека беше во oпoзициja, според вeтyвaњaтa на Заев требаше да биде продадено вeднaш, а со парите од продажбата да бидат набвени aмбyлaнтни возила за потребите на Бpзaтa Пoмoш.извор infomax.mk

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Одекна нова „бомба“, овојпат за „Монструм“

Klani Zajazit објави нова „бомба“. Според сајтот, видеото е обезбедено од Сами Укшини (Соколи), Вал Зека, Шек Халаќи и Ел Чека„Во разговорот се слушаат гласовите на Орце Камчев, близок соработник на Мијалков, олигарх во Македонија, на кого му е даден пасошот од органите на РСМ иако е во процес, како и Оливера Трајковска главен уредник на една ТВ во Македонија!Разговорот е за апсењето за случајот „Монструм“ и со цел пропаганда дека наводно убијците избегале кон Косово! Тука јасно се гледа како преку новинари тие прават лажни вести и за убијците на младите Македонци кои велат дека се од Грција и Бугарија!Зошто македонската држава му даде пасош на Орце Камчев кога знае дека тој човек е криминалец од прва рака?“, пишува Klani Zajazit.извор slobodenpecat.mk

Македонија | пред 6 години

polski-fanovi

ФОТО: 2.000 Полјаци на плоштад

Поголеми групи полски навивачи веќе два дена се во Скопје. Како одминува времето до почетокот на вечерашниот меч, се почесто низ метрополата ќе видите помали или поголеми групи фанови на полската репрезентација како се подготвуваат за вечерашниот меч. Некои се фотографираат за спомен, некои опиени правгат проблеми по кафулињата, трети отидоа дотаму што влегоа во отворени конфликти со полицијата.Проценките велат дека вечерва на Националната арена во Скопје ќе има најмалку 2000 гостински фанови.извор sportmedia.mk

Спорт | пред 6 години

gruevski

(ВИДЕО) Груевски: Ти прашувај, но јас нема да одговарам

Екс-премиерот, Никола Груевски денеска беше начекан од унгарски новинари за во Будимпешта. Тој за Телевизијата 444, рече:-Извинете, но денеска нема да давам никаква изјава.Грувески одбегна да каже и кога последно се видел и разговарал со Виктор Орбан, како заработува за живот и што прави во Унгарија..Во продолжение видео од обидот на унгарскиот новинар да извлече одговори од Груевски.

Македонија | пред 6 години

turkish_airlines

Драма на аеродромот во Дубровник, авион на Туркиш ерлајнс слетал со отворени врати

Вистинска драма утрово се случила на аеродромот во Дубровник, кога авионот на Туркиш ерлајнс кој летал од Истанбул до Дубровник, пријавил проблем на хидрауличниот систем на шасијата.Авионот Ербас А 320-232 полетал од Истанбул, а локални медиуми јавија декана аеродромот во хрватскиот град слетал со отворени врати. Според извештаите, авионот утрината слетал безбедно.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Малолетник со мотор удрил во шестгодишното дете

На 06.06.2019 година во 18.00 часот во с.Марино, скопско, мотоцикл „Лонгија Баутијан“ без регистарски ознаки, управуван од 16 годишно лице од с.Кадино, удрил во шестгодишно дете од населба Илинден. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило шестгодишното дете кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобил возачот и сопатникот на мотоциклот на возраст од 16 години. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

soobrakajka1-1

Судар помеѓу автомобил и камион на магистралниот пат Охрид-Кичево

На 06.06.2019 година во 17.10 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на с.Ботун, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(29) од с.Требош, товарно моторно возило „Ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(63) од Куманово и патничко возило „Пежо 208“ со скопки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(32) од с.Враништа, струшко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.К. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде му била укажана лекарска помош.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

kamion-deca-1

(ВИДЕО) Камион удри во деца екскурзијанти - загинаа две деца, а две девојчиња тешко повредени

Голема трагедија во Хрватска. Камион удри во група туристи кои одморале крај автопатот на стојалиште на потегот од Новска до Окучани.  Две деца загинаа на местото на несреќата , а две девојчиња се тешко повредени, потврди за хрватските медиуми хрватската полиција.Неофицијално, возачот на камионот со приколка, изјавил за полицијата дека му откажале сопирачките.Двете загинати девојчиња се од седмо и осмо одделение од хрватското место Даљ, кои заедно со своите наставници и 40 ученици оделе на школска екскурзија.https://www.facebook.com/jutarnji.list/videos/400394123898789/фото:jutarnji.hr

Свет | пред 6 години

62080763_1271473193030301_2706115419827077120_o

Спасовски: Неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата е наш приоритет

„Одлучна и неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата е приоритет на секоја држава која е определена кон воспоставување на демократија, владеење на правото и правна држава. Тоа е и наш стратешки приоритет, при што фокусот на нашите активности е насочен кон превенција, спречување и борба со сите облици на организиран криминал, согласно највисоките стандарди на полициското работење. Во овој сегмент видливи се и конкретни резултати од нашата заложба. Меѓутоа, нашето искуство не уверува дека во остварување на оваа цел не е доволно само ефикасно откривање и гонење на сторителите туку е потребно и ефикасно одземање на криминалните приноси, со што на сторителите на криминалот ќе им се оневозможи натамошно проширување на криминалната активност“, рече меѓу другото министерот Оливер Спасовски во обраќањето на Петтата сесија на Работната група IV – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Следејќи го патот на парите: Зајакнување на механизмите за финансиски истраги“ во организација на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија што денеска се одржа во Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово.Неспорно е, рече Спасовски, дека остварувањето на профит е најчест мотив, и главна движечка сила на криминалците во инволвирањето на организираниот криминал. Затоа, финансиската истрага која има за цел да го утврди, привремено да го замрзне, а потоа и да го конфискува приходот од казненото дело, мора да биде дел од секоја стратегија за борба против организираниот криминал, перење пари, корупција и други тешки казнени дела. Истовремено, со одземањето на имотната корист се остварува определбата дека никој не може да ја задржи користа од извршеното кривично дело.Потребата за специјализирање произлегува од обемот на предмети за кои е потребно да се спроведе финансиска истрага. Освен тоа, свесни сме дека финансиската истрага претставува сложена активност, поради што е потребно полициските службеници кои работат на финансиски истраги да бидат со соодветни стручни познавања и компетенција“, рече Спасовски.Во овој период во Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал се водат финансиски истраги во криминалистички истражувања од областа на недозволена трговија со дрога, криумчарење на мигранти и криминал со културни добра.„Би сакал да го истакнам случајот со криумчарење на мигранти, кој беше спроведен од страна на Националната единица за сузбивање на трговија со луѓе и криумчарење на мигранти, во кој како резултат на нашите активности беа притворени девет лица како организатори и членови на организирана криминална група која криумчарела мигранти од Македонија и Албанија кон САД и Канада. Во овој случај паралелно беше спроведена и финансиска истрага, која резултираше со замрзнување на 24 банкарски сметки на три правни лица и 53 банкарски сметки на четири физички лица“, рече Спасовски.

Македонија | пред 6 години

gruevski-2

Оставката на Груевски пристигнала на унгарски јазик, за неа најверојатно ќе се расправа на седницата во вторник

Најавената Оставка од пратеничката функција што ја најави поранешниот премиер Никола Груевски била доставена во парламентот пред два дена. Претседателот на собранието  Талат  Џафери, велид ека дека истата веќе е дадена на превод бидејќи била напишана на унгарски јазик.Оставката пред неколку денови беше најавена на фејсбук профилот на Груевски, по што владејачкото мнозинство реагираше дека тој треба тоа да го стори лично.Неофицијално  за оставката на Груевски  пратениците ќе дискутираат на следната собраниска седница што ќе се одржи во вторник. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов: АСУЦ „Боро Петрушевски“ конечно има спортска сала

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отвoрањето на новата спортска сала во СУГС „Боро Петрушевски“ каде што се обрати пред присутните гости.-АСУЦ „Боро Петрушевски“ од денеска е побогат за нова современа спортска сала која конечно, после 14 години од почетокот на нејзината градба, е завршена и ставена во употреба на задоволство на учениците и наставниот кадар од ова средно училиште. АСУЦ беше едно од ретките средни училишта кои досега немаа сопствена спортска сала, а сега има со вкупна површина од 1423 квадратни метри -рече Шилегов.Објектот е опремен со голема спортска сала, пинг-понг сала, мала сала за гимнастика, сала за пилатес и фитнес, простор за реквизити и гардероби, коишто овозможуваат одвивање на квалитетна настава по спорт и спортски активности.-Во оваа пригода сакам да упатам искрена благодарност и до моите претходници, како и до Министерството за образование и наука за целокупната поддршка во изградбата на оваа сала. Во таа насока, сакам да упатам и еден апел да продолжиме понатаму да соработуваме со зголемен интензитет со цел средношколците во Скопје освен нови сали да добијат можност да учат и во нови училишта кои се повеќе од потребни, имајќи предвид дека Скопје е град кој мошне брзо расте и се развива. Со ова уште еднаш покажавме дека доколку кон работите пристапуваме чесно, одговорно и со искрена волја за подобрување на условите на нашите ученици, не постојат препреки кои се несовладливи – рече Шилегов.Градот Скопје во доменот на средното образование, во рамките на надлежностите, во текот на минатата година направи многу. Интензивно се реконструираа сите средни училишта на градот, се поставија 572 прочистувачи за воздух во секоја училница, а се обезбедија и стипендии за над 100 средношколци спортисти.Бесплатниот јавен градски превоз кој им беше овозможен на дел од средношколците, од минатата година стана бесплатно достапен за сите средношколци.-Во континуитет работиме на подобрување на пристапноста за лицата со посебни потреби во училиштата со цел на сите подеднакво да им бидат достапни условите за функционирање. За дел од учениците со посебни образовни потреби обезбедивме образовни асистенти кои им помагаат во образовниот процес – нагласи Шилегов.Градот Скопје ќе продолжи и понатаму посветено да работи за создаде услови за квалитетна настава во средните училишта затоа што само така ќе успее на идните генерации да им обезбедиме образование кое ќе произведува квалитетни кадри во различните области како примарен услов во развојот на едно здраво, современо општество.

Скопје | пред 6 години

stop-policija

Сабота посебен режим на сообраќај во Скопје од 18:00 до 20:00 еве каде и зошто...

Утре (08.06.) во времето од 18,00 часот до 20,00 часот, во организација на Стопанска банка АД Скопје, ќе се одржи ревијална трка „Вози право, вози здраво“ со старт од Вип Арена СЦ Борис Трајковски лево по булеварот „Илинден“ до Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев каде ќе биде и целта на ревијалната трка.Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „Свети Климент Охридски“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ и паркинзите кои гравитираат околу СЦ Борис Трајковски, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.За таа цел МВР апелира до Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 6 години

dimzsa-za-filipce

Арсовски: Филипче вчера на очиглед на целата јавност си ги протурка фирмите за кои ние јавно алармиравме дека се сомнителни

Покрај сите наши јавни обелоденувања на скандалот со тендерот за стерилизација, Венко Филипче вчера на очиглед на целата јавност си ги протурка фирмите за кои ние јавно алармиравме дека се сомнителни и целиот тендер го прават скандалозен,истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ние уште вчера пред отворањето на понудите јавно предупредивме дека тендерот е наменет за фирма поврзана со албански бизнисмен, која има врска со тендерот за стерилизација во Албанија каде што истата фирма е кривично гонети.Се работи за 2 фирми кои се активни на тендерот поврзани со албанскиот бизнисмен Илир Рапај.Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите во конзорциумот истиот Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании. Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.За фирмите поврзани со Илир Рапај и неговите бизнис партнери веќе се води истраги во Албанија и во Италија, а искуството на граѓаните и здравствениот сектор во Албанија е сериозно лошо. Истото го чека и здравствениот систем во Република Македонија доколку не се прекине веднаш овој тендер кој го турка Венко Филипче. Највеќе од сето ова ќе страдаат граѓаните и се ќе оди на нивна штета и нивни грб.Почитуван министер Венко Филипче,Втор пат јавноста ве фаќа во лага и во обид да наместите тендер за кој однапред се знаеше кој ќе го добие. Втор пат дрско се обидувате да ги измамите и изманипулирате граѓаните и да испрофитирате лично од сето тоа.После ваква втора грешка редно е да си дадете оставка веднаш и да не ја чекате метлата и да заминете од министерската функција. Граѓаните не смеат да бидат робови на вашата неспособност и на вашите криминални нагони. Се покажа и докажа уште еднаш дека на Венко Филипче воопшто не му е важно здравјето на 2 милиони граѓани, туку поважно му е некој да се офајди дебело од неговите тендери, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев, покај се и врати го првин името а за мандатот не се грижи оти ти ќе биде одземен на следните избори

Зоран Заев најави дека доколку не добие датум за преговори со ЕУ една од опциите е враќање на мандатот и распишување на избори. Сега кога е многу веројатно дека Македонија нема да добие датум за преговори, Единствена Македонија го повикува Заев најпрвин да го врати името со раскинување на Договорот со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Заев се уште има време и да се покае и да побара и прошка за големиот грев што го направи спрема македонскиот народ и македонската држава. А за мандатот нека не се грижи оти уште од сега е јасно дека македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија ќе му го одземат мандадот со неговиот катастрофален пораз на следните избори кога и да се одржат.Ја користиме приликата да му препорачаме на Заев да прочита нешто и од Хенри Кисинџер остарената, некогашна ѕвезда на американската дипломатија, а подоцна еден од највлијателните аналитичари во светот за меѓународните односи. Еве што напиша Кисинџер за политичарите од типот на Заев кои само слушаат што ќе им речат странците: „Тие што слепо те слушаат и служат се толку глупави што ќе тргнат по кого било и по што било. Тие се глупави животни што имаат употребна вредност. Затоа, откако ќе ги употребиш, ослободи се од нив“..., се вели во соопштението од Единствена Македонија .

Македонија | пред 6 години

IMG_1162

Општина Кисела Вода и Амбасадата на Руската Федерација одбележаа 220 години од раѓањето на Пушкин

Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија одбележа 220 години од раѓањето на Александар Сергеевич – Пушкин.Во паркот кој го носи името на големиот руски и светски поет се одржа културна манифестација, а за најмладите пуштено беше во употреба ново детско игралиште изградено на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски. Откриена беше и нова спомен плоча со профилот на поетот.Пред почетокот на манифестацијата делегации предводени од градоначалникот Филип Темелковски и амбасадорот Сергеј Баздникин положија свежо цвеќе пред бистата на Пушкин.-Со големо задоволство сум тука, заедно со вас, пред споменикот на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин. Денес, кога светот одбележува 220 години од неговото раѓање, заклучокот е единствен - Пушкиновата епоха во која се втемелени зачетоците на модерната руска книжевност, се уште трае. Токму затоа неговиот роденден е и роденден на рускиот јазик, а општина Кисела Вода, преку манифестацијата „Пушкинови денови“, дава свој придонес во неговото одбележување. Идејата за организирање на ова културно збиднување датира од 2009 година, на заедничка иницијатива од Амбасадата на Руската федерација и општина Кисела Вода, во знак на продлабочување на културната соработка помеѓу двете пријателски земји. Впрочем, и паркот во кој денес се наоѓаме, пред бистата на Пушкин, го носи неговото име, исто како што е именувана и една улица во општината. Соработката продолжува. Денес во паркот Пушкин отвораме и детско игралиште, со што се надеваме на посетителите, посебно на најмладите ќе им го направиме ова место уште попривлечно за користење на слободното време. А сега, следува и музичко-забавниот дел во кој ќе бидат опфатени на руски национални игри,  рускиот фолклор, рускиот јазик, со што ќе направиме уште еден чекор во продлабочувањето на и онака добрите односи меѓу двете земји, особено во културата и образованието - кажа во своето обраќање градоначалникот Филип Темелковски.-Срдечно Ве поздравувам сите присутни денес на свеченоста посветена на маркантниот настан 220 годишнината од раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич – Пушкин. Во рамките на оваа манифестација ќе биде отворена нова спомен плоча со профилот на поетот која ќе го овековечи овој јубилеј за многу години. Нема потреба од дополнителни објаснувања за генијот Пушкин. Тој е најголемиот руски поет, автор на бесмртните дела кои станаа дел на ризницата на руската и светската литература. Основоположник е на современиот руски литературен јазик, не случајно дека на самиот роденден на Пушкин го славиме Денот на рускиот јазик кој последниве неколку години доби меѓународен статус. Музеи во многу градови во Русија и во странство се посветени на сеќавањето на Пушкин. Стотици населени места, географски објекти, згради и организации го носат името на поетот. Во Скопје тоа се оваа улица и овој парк каде што се наоѓаме сега. И таа традиција продолжува и денес, пред само неколку дена со декрет на претседателот на Руската федерација Владимир Путин најпознатиот меѓународен аеродром во Москва (Шереметјево) го доби името на Пушкин. Во различни градови во Русија и во светот се подигнати десетици споменици на Пушкин. Особено задоволство ни е што меѓу нив е и споменикот пред кој што се собравме. Отворен пред десет години тој стана еден од центрите на руската култура во Северна Македонија. Свеченостите што се одржуваат секоја година во Општина Кисела Вода привлекуваат голем број љубители на творештвото на поетот и воопшто луѓе кои не се рамнодушни кон руската литература. Талентот на поетот е исклучително многулик. Меѓу неговите главни карактеристики е и способноста да се навлезе во духот на различни епохи и култури и да се пренесе оваа атмосфера на читатели. Поради тоа негово творечко наследство е јасно и достапно за сите народи.  Добро знаеме дека руската книжевна традиција имаше благотворно влијание врз македонската литература и култура: многу генерации на македонски пистатели беа инспирирани од делата на Пушкин и на други руски писатели. Речиси сите дела на поетот се преведени на македонски јазик. Особено улога во културната соработка на нашите две земји, се разбира, му припаѓа на рускиот јазик, неговото зачувување и популаризација е приоритет за нашата земја. Повеќепати реков дека знаењето на рускиот јазик овозможува не само подобро да се запознаесо најбогатите култура, историја и традиции на Русија, туку и да се сознаат вистинските цели и аспирации на нашата земја, кои во принцип ги подразбираат стремежот за улога и гарант на глобалната стабилност и безебедност, подготвеноста за чесна, еднаква, заемно корисна соработка со сите, кои се заинтересирани за тоа, вклучувајќи ја тука, секако и Република Северна Македонија. Во рамките на државните системи за образование повеќе од 18 милиони луѓе го учат рускиот јазик. Соодветниот курс функционира во 58 држави, вклучително и во Вашата земја. Во претходната академска година на курсот организиран од страна на Рускиот центар под раководство на професорот Стојковски во Скопје и Охрид се запишале вкупно 550 луѓе. Имаме намера на секој можен начин да придонесуваме за обновување на позициите на рускиот јазик, за проширување на можностите за изучување за сите, кои ќе го посакаат тоа. Убеден сум дека денешниот настан е уште едно сведоштво за традиционалните вековни духовни врски кои тесно ги поврзуваат братските народи на нашите земји. Благодарен сум на градоначалникот и вработените на Општина Кисела Вода за нивното активно учество и помош во организирањето на оваа манифестација - кажа рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.Манифестацијата „Пушкинови денови“ со прекрасните настапи ја збогатија Руските културни уметнички друштва „Чајка“ и КУД „Славјанка“.Настанот кој заврши со проекција на познатиот цртан руски филм „Сказна за цар Салтан“, направен по истоименото дело на Пушкин го проследија и членови на Советот на Општина Кисела Вода и секретарот на Општината, Александар Алексовски. 

Скопје | пред 6 години

ilievski

Просветниот инспектор Илиевски отворено за јавноста: Ми се заканија, за министерот и заменик министерот добив молби да го прикријам случајот

 Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор и раководител во одделението за инспекциски надзор во високото образование, проговори во јавноста за скандалот кој го  обелодени, а се однесува на незаконитости на Тетовскиот универзитет. Илиевски во отвореното писмо до јавноста вели дека директорот на ДПИ му вршел притисок да ги повлече записниците, а дека добивал и молби да ги сокрие случаите за министерот и заменик министерот.Неговото писмо го објавуваме во целост.„Не сум изненаден од директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски, и раководителот на Секторот за инспекциски надзор, Африм Саљиу, со ваквото соопштение бидејќи тие ми вршеа притисок со закани да се повлечат записниците и да не се праќаат решенија оти ќе трпам последици ако не ги повлечам записниците и не смеам да пуштам решенија. Таквите закани беа на одржаниот состанок на 10.05.2019 година во канцеларијата на директорот, каде што беа присутни колегите Предраг, Зоран, Весна, Христина, Даниела, Снежана. На таквите закани им беше одговорено од моја страна дека јас сум самостоен инспектор и на сето што сум констатирал се потпишувам и стојам зад тие констатирани незаконитости. Им одговорив дека сакам професионално и законито да си ја завршам мојата работна кариера. А за ваквите закани ќе бидат информирани сите домашни институции, странски амбасади, средствата за јавно информирање, како и Државната комисија за корупција. Тоа и го направив, запознати се сите. Тоа стои и во Претставката бр.12-2682/1 од 13.05.1019 година, како и во дополнителна претставка доставена до Државната комисија за спречување корупција за напред наведеното.Само да ги потсетам претпоставените. Дали треба да се почитува и применува Законот за инспекциски надзор – Основните начела на инспекцискиот надзор, ќе го истакнам само член 8 кој го обврзува секој инспектор, цитирам: „Инспекторот е самостоен при вршењето на инспекцискиот надзор и одлучувањето за дејствијата кои треба да се преземаат при вршењето на надзорот, како и за мерките што ќе бидат изречени по извршениот надзор“.Оттука произлегува и член 31 став 2 од Законот за просветна инспекција, цитирам: „Доколку просветниот инспектор утврди дека не се применуваат законите, прописите и другите акти, донесува решение со кое се наредува извршување на определени мерки во определен рок кој ги определува инспекторот, а тој рок не може да биде подолг од осум дена од денот на донесување на решението“.Од извршениот редовен инспекциски надзор, извршен на Државниот универзитетот во Тетово на 01. и 12.04.2019 година, на Правниот факултет од страна на моите колеги кои бевме на надзор 5 (пет) проверивме 33 досиеја во делот на наставно-научни звања на доценти, вонредни и редовни професори од страна на инспекторите беа констатирани законски пропусти, како и незаконско унапредување на јавните функционери во наставно-научни звања согласно Законот за високо образование и Законот за работни односи. Притоа се прибраа и целокупни документации кои ги поседувам и се предадени до Државната комисија за спречување на корупција на РСМ, како и доставена документација до кабинетот на премиерот Зоран Заев.Воедно, лично е запознат и министерот за образование и наука за неговата незаконитост која е констатирана за унапредување во наставно-научно звање доцент, како и за неговите интелектуални ангажирања кои добивале парични средства од универзитетот што е спротивно на Законот за високо образование, истото важи и за другите јавни функционери. Бев замолен да го прикријам целиот случај. Исто така, на неколку наврати ми се обрати и заменик-министерот за внатрешни работи, за кој исто така бев замолен да се сокрие овој случај.Наместо да добијам поддршка од страна на директорот за таму каде што треба да се почитува законитоста. Тој подлегнува на некои според мене игри недостојни-непримерни кои најмалку ни се потребни сега кога тежнееме да се приклучиме до европските трендови и законитости.“Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор и раководител во одделението за инспекциски надзор во високото образование.

Македонија | пред 6 години

merkel

Меркел категорична, датумот за преговори на Северна Македонија „најрано во октомври“

На седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот, германската канцеларка Ангела Меркел ставила јасно до знаење дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“,објави германскиот весник „Зиддојче цајтунг“, а пренесува Дојче Веле.„Со тоа, канцеларката застана јасно наспроти својот коалициски партнер – СПД, која се залага за гласање во Европскиот совет веќе на 18 јуни. Државниот министер Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на ,,отворни уши’“ кај ЦДУ и ЦСУ, објави „Зиддојче цајтунг“.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања