Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

nikoloski-press

Николоски: Османи и Бушати имаат договор Македонија да забави со реформите

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостување на ТВ21 наведе дека предупредил дека има таен договор меѓу Бујар Османи, вицепремиерот зз евроинтеграции на Македонија, и Дитмир Бушати, министерот за надворешни работи на Албанија.Целта на таквата спогодба е Македонија да забави со реформите, за да не се забележи толку многу големото нереализирање на реформите во Албанија, и двете држави да продолжат во ист пакет да го чекаат датумот за преговори од Европската унија.„Заев и другите владини претставници мислеа дека ако го сменат името ќе им биде дозволено се од надвор, но казнети се. Не можат да мислат така. За Македонија не е добро да има пракса на криминал. И меѓународните претставници се незадоволни од ситуацијата во земјава“ рече Николоски.Николоски оцени дека на дебатата во Бундестагот дента се зборувало дека во Македонија има голема корупција, нема владеење на право и слично.

Македонија | пред 6 години

trud-i-soc-politika

Петок – 14 јуни, неработен за граѓаните од православна вероисповед

Петок (14 јуни) пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, прогласувањето на неработниот ден е согласно Законот за празници. 

Македонија | пред 6 години

3-e1559853652934

Заев се сретна со родители кои се противат на вакцинацијата

Премиерот Зоран Заев заедно со министрите за здравство, за образование и наука, за правда и за труд и социјална политика Венко Филипче, Арбер Адеми, Рената Дескоска и Мила Царовска се сретнаa со група родители кои не сакаат нивните деца да ја примат вакцината за заштита од вирусите на морбили, рубеола и паротит или МРП вакцина, соопшти владината прес-служба.На средбата, премиерот Заев истакнал дека одлуката на Владата да прогласи епидемија на ситни сипаници на територијата на целата земја и да се спроведе вонредна вакцинација е донесена врз основа на научни факти и мислења на експерти, според кои во услови на намален колективен имунитет и пораст на бројот на заболени, единствен начин да се сузбие епидемијата е да се спроведе вакцинација во и надвор од здравствените установи.Родителите од своја страна, пак, изразиле став на несогласување за обврската нивните деца да ја примат вакцината и дека очекуваат тие да посетуваат градинка и да бидат запишани во училиште.Министерот за здравство  Филипче посочил дека освен со законски норми, во услови на епидемија, вакцинацијата е задолжителна за сите невакцинирани лица, без разлика дали станува збор за деца или за возрасни луѓе. Тој додал дека фактот што во градинка не одат невакцинирани деца дава резултати во справување со епидемијата на морбили.Според родителите, вакцинацијата треба да биде право на избор на претходно информиран родител.Во оваа насока, како што стои во соопштението, Владата се заложила во претстојниот период да се спроведе јавна презентација на факти и медицински анализи пред сите засегнати страни, но пред сé пред родителите со цел темелно и точно да бидат информирани за МРП вакцината.– Владата постои за граѓаните, но моја законска обврска е да ги слушам експертите, стручните анализи. Го задолжувам министерот за здравство, да ве собере на голема презентација и дискусија на која пред сите ќе се презентираат медицинските факти и секој ќе може да каже мислење. Наша цел е здравје за децата и граѓаните – заклучил премиерот Заев на денешната средба со група родители.

Македонија | пред 6 години

53751070_1987113501583065_4347258587253309440_n

Заев денес во посета на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.Премиерот Заев, како што најави владината прес-служба, ќе биде придружуван од министерот за здравство Венко Филипче.

Македонија | пред 6 години

belgrad

Во Белград убиен уште еден мигрант

Во Белград во близина на бегалскиот камп е најден убиен 16 годишен мигрант од Авганистан, осомничен за вчерашното убиство на друг мигрант, сите со потекло од Авганистан. Полицијата се сомнева дека ова убиство е одмазда за вчерашното.Како што јави агенцијата Танјуг, според Брзата помош, мигрантот, чиј идентитет не е познат, е убиен со 24 убоди од нож. Брзата помош можела да констатира само смрт кај момчето. Во последните два дена ова е второ убиство меѓу мигрантите. Мигрант од Авганистан беше убиен во средата околу 21 часот во центарот на Белград. Постои сомневање дека на убиството му претходела тепачка меѓу мигранти, по што мигрантот К.К. (21) е убиен со нож во градите.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево и топло со температура до 33 степени

Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.Во Скопје сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.Под влијание на топла воздушна маса од југ во наредните денови следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја срами нашата држава на секој чекор

Република Македонија и македонскиот народ го менуваат Зоран Заев, сосе сите негови решенија за аболиција, за датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Знаеме дека цената на лажгото и манипулаторот Заев е мала и никој  не би го примил во сопствената земја, па во пакет би ги понудиле нивите со марихуана на Вице, зградите на државно земјиште во Струмица, камионите што возат за РЕК Битола, дивоградбата Цареви Кули, багателно купениот „Герас Цунев” и се разбира на „Мирчо бишкарникот” сосе проектот „Евро за Вице” и штедилницата „Пеон”.Доколку и ова е недоволно за ЕУ да ни додели датум, Македонија и граѓаните ја прошируваат понудата со вилата во Грција, скапите мотори, луксузните лимузини на Вице и целиот картел околу Заеви.Нема крај на понижувањата кои Зоран Заев им ги сервира на македонската држава и македонскиот народ. Заев ја срами нашата држава на секој чекор, а притоа ризикува да ги влоши односите со меѓународните партнери на Македонија.Аболицираниот Заев и неговата криминална банда се прочитани, дома и во Европа. Тој повеќе нема простор за маневар, нема простор за лажење и манипулирање на македонската јавност. Не му поминува во јавноста ноторната лага дека тој не е виновен што Македонија и оваа година не доби датум за преговори со Европската Унија. Не минува приказната дека некој друг е виновен за неговата неспособност и погубните политики кои ги спроведува.Само Заев и неспособната влада на СДСМ се одговорни за колапсот на економијата. Тој и неговата криминална банда се виновни што во Македонија има селективна правда и политички монтирани случаи. Заев е виновен за криминалот и корупцијата, бидејќи тој ја третира буџетската сметка како партиска па од неа преку криминални, тендери и грантови и  партиски вработувања ги исплаќа партиските послушници.Граѓаните на Република Македонија не заслужуваат да бидат казнети за неспособноста, неработењето, криминалот и корупцијата  на власта. Македонија по 10 пат добива позитивна препорака за почеток на преговорите со Унијата, нашата држава заслужува да биде дел од Европското семејство.Зоран Заев нема повеќе политички кредибилитет и мора да си замине. Потребно е формирање на техничка влада и одржување на предвремени парламентарни избори во најкус можен рок. Време е Македонија да се врати на вистинската патека, патека на реформи, проекти, силна економија и севкупен развој“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

bundestag

Кавга во Бундестагот за пристапувањето на Македонија во ЕУ , приврзаниците на Меркел сметаат дека ова прашање треба да оди во пакет со Албанија

Дебатата за членството во НАТО во германскиот Бундестаг, се претвори во жестока кавга меѓу власта и опозицијата околу датумот за членство на Македонија во Европската Унија.Германски пратеник од партијата на Зелените упати директни критики до канцеларката Ангела Меркел, обвинувајќи ја дека таа е главен кочничар за перспективата на Македонија во ЕУ.-Желбата на граѓаните на Северна Македонија не беше само да се биде дел од НАТО, туку и дел од обединета Европа. Мојот сомнеж е дека Канцеларката Меркел и ЦДУ сакаат да ја одложуваат дебатата на оваа тема сѐ додека Нова Демократија не дојде на власт во Грција за да ја блокира Северна Македонија во ЕУ. Зошто Владата досега не се стави ова прашање пред Бундестагот? Досега ќе расправавме и ќе имавме согласност пред Европскиот совет, изјави Јирген Тритин, пратеник на ЗеленитеКристијан Шмит, пак пратеник од партијата на Меркел ЦДУ вели дека земјите од Западен балкан се  стратешки интерес на Германија и наскоро ќе разговараат за почетокот на преговорите.-Северна Македонија е упориште на мирот на Балканот. Земјите од Западен балкан се  стратешки интерес на Германија и наскоро ќе разговараме за почетокот на преговорите.   Сметам дека Северна Македонија и Албанија треба во пакет да ги започнат преговорите, иако Албанија во моментов се соочува со „одредени проблеми“-рекол тој. 

Македонија | пред 6 години

123-1

Мајката на Пино се закани: Имате уште два дена

Мајката на свирепо убиениот Пино се огласи повторно на Фејсбук и упати порака до родителите на осомничените.„2 дена ви давам. Сакам да ве видам кај мене во двор на коленици и да барате да ви простам. Родители на Ангела Горгиевска и родители на Али Фуркан ако не се појавите, два дена ви давам време, после ќе биде око за око. заб за заб, крв за крв. Знам дека ме читате и пратите“, стои во објавата на Фејсбук.Маја Трпковска даде исказ заввчера во Обвинителството, па изјави дека според неа, да убиеш човек, па да си шеташ и спиеш е монструозно и додаде дека најверојатно мотив е љубомора.Маја долго водеше битка со институциите, организираше и протест, а сега рече дека правдата ќе ја бара до крај. 

Македонија | пред 6 години

mvr

МВР: Нормализиран сообраќајот за патнички возила на граничниот премин Ново Село-Златарево

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е нормализиран сообраќајот за патнички возила на граничниот премин Ново Село-Златарево, кој беше во прекин поради пожар што избувна на бугарска страна, на самиот граничен премин,  околу 16 часот (денеска 6.6.2019). Товарни возила се уште не се пропуштаат. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Привремен сообраќаен режим на улицата „Димитрија Чуповски“

Град Скопје ги известува граѓаните дека утре и задутре на улицата „Димитрија Чуповски“, во центарот на градот, ќе се воведе привремен сообраќаен режим поради изведување градежни работи.„Поради асфалтирање на улицата „Димитрија Чуповски“, на потегот од раскрсницата со булеварот „ВМРО“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ утре (07.06.2019 година, петок), почнувајќи од 7 часот наутро па до 7 часот на 08.06.2019 година ќе бидат затворени за сообраќај три коловозни ленти, и тоа: две ленти во правец Центар – студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ и една лента во правец дом „Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар. Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски Питу“ ќе мора да вртат десно на крстосницата на булевар „ВМРО“ со улицата „Димитрија Чуповски“ и да возат кон булеварот „Партизански одреди“. Возилата што се движат од домот „Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар ќе се движат во една лента, крајната десно“ велат од град Скопје.Исто така, возилата што се движат по улицата „Васил Главинов“ кон крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“ ќе можат да одат право кон булеварот „ВМРО“ и лево кон Центар. Вртењето во десно, за нив ќе биде забрането.Во сабота (08.06.2019 година), пак, со почеток во 7 часот наутро до 7 часот на 09.06.2019 година ќе бидат затворени три коловозни ленти на улицата „Димитрија Чуповски“, и тоа: две ленти во правец студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ – Центар и една лента во правец Центар – студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“. Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски Питу“ ќе се движат по една коловозна лента, а возилата што се движат од „Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар ќе вртат лево или десно по булеварот „Свети Климент Охридски“. Исто така, вртењето во десно од булеварот „Свети Климент Охридски“ кон улицата „Димитрија Чуповски“ ќе биде забрането, односно возилата ќе продолжуваат да се движат право по булеварот.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја проспособат брзината на движење на условите на патот.

Скопје | пред 6 години

carina-pozar

(ВИДЕО) Граничниот премин Златарево целосно изгоре

Во доцните попладневни часови во четвртокот голем пожар изби во административната зграда на пунктот, кој се наоѓа на границата со Северна Македонија. За среќа немаше повредени, но беше направена огромна материјална штета, многу документи беа уништени, јавува  БГНЕС.“Колегите се обиделе да го угасат огнот, но не успеале. Огнот се појавил во надворешно инструменти, материјалите таму се запаливи – пластика, памук, стиропор. Резултатот е тоа што се гледа “, изјави утринава началникот на Регионална дирекција” гранична полиција “во Ќустендил комесар Васил Митов.Според него пожарникарите спречиле ширењето на пожарот кон зградата на Граничната полиција, која е залепена за оваа на царината. “Видливо е  од објектот на царината деја е голема штета”, додаде Митов.Утринава во пунктот се пропуштаат само автомобили, но сообраќајот е слаб,има  најнапред патрола на граничната полиција која пропушта само автомобили кон граничниот премин “Златарево”, а додека товарните се пренасочуваат  на соседните гранични премини со Северна Македонија – “Ѓуешево” крај Ќустендил и “Станко Лисичево“ над Благоевград.

Свет | пред 6 години

el-cheka

(ВИДЕО) ТВ 21: Ел Чека и Еролд Муслиу се комшии во Туин

Телевизијата 21 во репоража снимена во кичевско Туин, родното место на Ел Чека, бомбашот од Чикаго кој неколку недели објавува бомби за Али Ахмети и високи членови на ДУИ тврди дека тој бил соселанец со новиот директор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.Предходно, како што се споменуваше неофицијално беше објавен и фактот дека Ел Чека се појавил со бомбите откако ДУИ реагираше на назначуваето на Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на новиот претседател Стево Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

poqaci-skopje

(ФОТО +18) И ова го има на Охридските плажи!

Пољаци ги „поганат“ Охридските плажи со асоцијално однесување. Претпладнево невообичаена случка на плажата Лабино, од која охриѓани останаа вчудоневидени.Дознаваме дека туристите на фотографијата се од Полска, кои се возеле со чамец. Тие побарале да бидат оставено на плажата Лабино во стариот дел на Охрид, по што настанаа овие фотографии. 

Македонија | пред 6 години

pozari-1

МВР: Граничниот премин Ново Село-Златарево затворен поради пожар на бугарска страна

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради пожар што избувнал на бугарска страна, на самиот граничен премин, околу 16 часот (денеска 6.6.2019), затворен за сообраќај е граничниот премин Ново Село-Златарево. Граѓаните кои сакаат да патуваат во Република Бугарија да ги користат останатите гранични премини до добивање на известување од бугарска страна дека истиот ќе може да се користи повторно.

Македонија | пред 6 години

IMG_0575

Ученици од општините: Кисела Вода, Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров изградија мостови на пријателство

Денеска во рамки на мултиетничкиот проект „Сите сме заедно“ во Домот на АРМ, во Скопје се одржа завршен настан на кој ученици од општините: Кисела Вода, Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров пред присутните се претставија со повеќе музички точки на македонски и албански јазик.Проектот кој се реализираше со поддршка од Општина Кисела Вода, Фондот „Градиме мостови“ и Мисијата на ОБСЕ поврза многу ученици од различна етничка и верска припадност. Изминатиов период децата имаа можност преку активностите кои се одвиваа во нивните училишта и надвор од нив да стекнат нови пријателства, подобро да се запознаат, а преку дружбите научија и нешто повеќе за различностите кои се најголемото богатство на нашата држава. Тие дебатираа, креираа колективни игри и зборуваа за заштита и зачувување на животната средина. Учениците со помош на познатиот продуцент Плеурат Гаши компонираа заедничка песна на македонски и албански јазик, насловена: „Сите сме заедно“.„Големо е моето задоволство што денес, заеднички со сите вас, сме дел од заокружувањето на проект чија цел е зголемување на мултиетничката почит и соработка помеѓу младите, како едно од оснoвните начела на модерна Европа кон која се стремиме. Секој поединец треба да знае дека мора да даде свој придонес, а институциите и на локално и на централно ниво се оние кои треба да ја подигнат свеста и да го трасираат патот кон јакнењето на социјалната доверба и развојната перспектива на средината во која живеме. Општина Кисела Вода имаше чест да биде дел од проектот насловен „Сите сме заедно“, поддржан од фондот „Градиме мостови“. Истиот е отпочнат од нашето Министерство за образование и наука, Владата на Швајцарија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за подоцна да биде поддржан и од Владите на Ирска и Австрија. Сега, активни поддржувачи на Фондот се и Амбасадата на Кралството Холандија, Владите на Соединетите Американски Држави, Италија и Словачка, како и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а во работата на Фондот е вклучено и нашето Министерство за труд и социјална политика. Преку Основното училиште Кузман Јосифовски Питу и проектот  СИТЕ СМЕ ЗАЕДНО, Општина Кисела Вода имаше можност да даде значаен придонес во надминување на предрасудите кои постојат во општеството кога се во прашање различните етнички заедници, и постигнувањето меѓуетничка интеграција со граѓански ангажман на учениците од основните училишта.Поради тоа искажуваме благодарност до Основното училиште Лирија и Општина Чаир, Основното училиште 25 Мај и Општина Гази Баба и Основното училиште Јоаким Крчовски и Општина Ѓорче Петров, за одличната соработка и нивниот придонес во проектот. Општина Кисела Вода нема да престане да ги гради мостовите меѓу различните етнички, верски и културни заедници. Јакнењето на заедништвотo, не само во училиштата, туку во сите општествени сфери ќе биде и натаму наш приоритет. Затоа и уште еднаш им благодарам на иницијаторите на проектот за можноста преку овој проект да го потврдиме тоа“ – истакна Филип Темелковски, градоначалник на Општина Кисела Вода.„Навистина сум среќен што сум овде на овој настан поддржан од Фондот „Градиме мостови“ кој ги соединува учениците од четири училишта од различни општини со цел да создадат нови контакти и да изградат нови пријателства со деца кои учат на различни јазици. Ние во ОБСЕ веруваме дека поврзувањето  на учениците од различни заедници е од голема важност. Тоа помага да се создаде покохезивно опшество и да ги подготви младите луѓе од сите етнички заедници во земјата за нивната иднина во интегрирана, но разновидна Европа. Затоа, ние продолжуваме да го поддржуваме Фондот „Градиме мостови“ заедно со Министерството за образование и наука и преку нашата соработка со Министерството за труд и социјална политика. Би сакал да Ви се заблагодарам Вам учениците затоа што си подадовте рака и за тоа  што градите мостови кои ќе ја обликуваат иднината на оваа прекрасна земја. Во исто време, им честитам на наставниците за работата и нивниот ангажман и посветеност во постигнувањето на ваква важна цел. Се надевам дека ќе го надоградите ова искуство и ќе продолжите да градите мостови кои ќе ја направат оваа земја посилна и попросперитетна- ние ќе продолжиме да Ве поддржуваме во овие потфати“ - кажа во своето обраќање Клеменс Која, амбасадор на Мисијата на ОБСЕ.Дел од учениците учесници во проектот кажаа дека научија:-Научив да пеам на друг јазик и дека тоа воопшто не ми беше пречка за мојата интерпретација - Стефан-Научив да дебатирам, да сослушувам, но најважно од се, да другарувам со другарчиња од друга вероисповед - Стефанија-Научив дека толертанцијата е најважниот дел од животот и дека не си вистински човек без неа – Јован-Многу научив за пријателството и дебатирањето-Зога-Научив дека јазикот не е пречка за добро пријателство-Рефик-Доживеав многу убави работи-АксаКоординаторка на проектот „Сите сме заедно“ беше Злата Анчевска, психолог во ООУ „Кузман Јосифовски - Питу“ од Кисела Вода.

Скопје | пред 6 години

62521124_449345332466180_7162489167358722048_n-560x420

Уапсени навивачи на Полска на Плоштад „Македонија“ (ВИДЕО)

[embed]https://www.facebook.com/KlanMacedonia/videos/303472640563462/?t=101[/embed]Попладнево на Плоштад „Македонија“ се случил инцидент во кој морала да интервенира и полицијата.Имено, во инцидентот учестувале полски навивачи кои се степале меѓу себе, при што имало неколку повредени.Навивачите на Полска пристигнаа во Скопје за утрешниот натпревар во кој нашата селекција ќе ги одмери силите со Полска во рамките на квалификациите за ЕП.Инаку, полските навивачи важат за едни од најпроблематичните навивачи во Европа. Најавени се околу 2.000 кои ќе пристигнат во Скопје, а видливо е и зголемено полициско присуство.фото Фокус

Македонија | пред 6 години

vip

Општина Студеничани набавува возило за ВИП патници

Во системот на јавни набавки деновиве излезе повикот за заинтересирани за учество на тендер за набавка на репрезентативно возило за ВИП патници, што го распиша Општина Студеничани. Додуша, во набавката бараат половно возило, и тоа строго произведено 2010 година и да е црна металик боја. Основен критериум за избор е најниската понуда.Во бараните карактеристики, возилото треба да диел, патничко, седан со 4 врати, меѓудругото со автоматски клима со минимум една одделна температурна зона за задните седишта, навигационен систем, фабрички вграден со можност за приказ на информациите за навигација во видно поле на возач, современ систем за озвучување.Неизвесно е зошто на Општина Студеничани и треба токму репрезентативно возило за ВИП гости. Поточно, какви ВИП гости? Особено што Студеничани е една од општините што добија пари од државниот Буџет за да ги раздолжат наталожените долгови

Македонија | пред 6 години

taci

Хашим Тачи е еден од најбогатите претседатели на Балканот

Хашим Тачи се наоѓа помеѓу најбогатите претседатели на Балканот. Во својата изјава за Агенцијата за борба против корупција, претседателот на Косово, Хашим Тачи, го пријави својот имот за 2019 година, која вклучува две куќи во вредност од 430.000. Една од куќите му е наследство од семејството, известува Лајми.нет.Првата дама вози автомобил од 15.000 евра Ауди Q5Ова поседува Косовскиот претседател:Куќа од 450 квадрати, 350.000 евра.Куќа од 250 квадрати, 80.000 евра.НЛБ банка, сметка, 2.799 евра.Банка Економика, сметка, 7.491 евра.БКТ, сметка, 1081 евра.БКТ штедна сметка, 13.500 евра.Хашим Тачи е косовски политичар кој ја извршува функцијата претседател на Косово од 7 април 2016 година. Претходно бил премиер на Косово во периодот 2008–2014, а потоа и министер за надворешни работи и вицепремиер во владата на премиерот Иса Мустафа (2014–2016).Тачи бил претседател на Демократската партија на Косово од нејзиното основање во 1999 до 2016, кога бил избран за шеф на државата. Тој бил познат и како политички водач на Ослободителна војска на Косово (ОВК), паравоена организација која учествувала во Косовската војна.

Свет | пред 6 години

trgovski-centarr-1

Од 18 јули нов шопинг центар во Скопје

На местото на некогашната фабрика „Типо“ во општина Бутел на 18 јули годинава ќе биде отворен шопинг центар во кој, освен познати трговски брендови ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет, банка, игрoтека и продавница за деца.Шопинг центарот ќе зафаќа површина од 9.500 метри квадратни и ќе располага со 300 паркинг места.

Македонија | пред 6 години

61606546_2786337011440253_3646945907439566848_n

Мајката на Пино: Крв за крв, имаат рок од три дена да ми се извинат

Мајката на Пино која деновиве дава исказ во обвинителството за да се комплетира истрагата во врска со неговата смрт со порака на ФБ до родителите на момчето и девојката кои се осомничени за убиството. Пораката ја пренесуваме во целостЈас не сум муслиманка, ја поштувам верата на сите. Секој е слободен да верува во тоа што верува. Јас верувам во Господ и бидејќи добро ја познавам и православната и католичката и муслиманската вера, иако го убија детето јас им нудам на родителите на КРВОПИЈЦИТЕ да ме контактираат и да ми клекнат на коленици и да се извинат за ЗЛОТО ШТО НИВНИТЕ ДЕЦА ГО НАПРАВИЛЕ ВРЗ МОЕТО ДЕТЕ НЕВИНО. Им давам 3 дена време тоа ОКО за ОКО , ЗАБ за ЗАб, КРВ за КРВ. !!!! 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Чудни работи што ги прават луѓето кои живеат сами

Повеќето луѓе веруваат дека со добри цимери можат да прават добри журки. Се чини дека токму тоа е остварување на сонот. Но, кога ќе помине овој сон, кој во пракса е обично кошмар, секој сака да живее сам.Покрај слободата што ја носи, луѓето кои живеат сами често прават „чудни“ работи.Ова се некои работи кои ги прават и разбираат само луѓе што живеат сами:Секој што живее сам ќе почне да разговара сам со себе и ќе ги менува гласовите. И искрено, ќе се смее многу, многу гласно, па дури и кога нешто не е смешно.Но ова не е проблем, бидејќи комуникацијата е важна за секое човечко суштество.Проблем се јавува кога наместо да вечераат ќе решат да изедат цела торта или сладолед, бидејќи нема кој да ги спречи во оваа неразумна одлука.Кога сме веќе кај храната, кога живеете сами, целиот простор некако станува место за јадење. Често пати садовите не се измиени, па се јаде со раце. Сепак, никој не гледа.Бидејќи никој не гледа, човекот честопати ќе биде само во долна облека или целосно гол. Ова е една од најчестите сцени во животот без цимер, гол човек со лаптоп во скут.Викендот може да биде фатален, не поради излегување, туку бидејќи тогаш најчесто никој нема обврски, а кога живеете сами нема кој да ве разбуди. Будење околу 13 часот воопшто не е необично.Кога долго време нема да видат друго човечко суштество потребно им е малку време да се адаптираат на комуникацијата со другите луѓе. Па така можат да се чувствуваат како да се во видео игра кога излегуваат меѓу луѓето.Постојат уште „маани“ на животот во осаменост. Често забораваат дали го земале клучот или дали ја исклучиле пеглата, бидејќи нема кој да провери.Кога живеете сами можете да се туширате долго, колку што сакате, и можете да го чистите станот во 2 наутро, ако сметате дека е потребно.

Магазин | пред 6 години

2fuploads2fthumbs2fresize2f800x4202f378448

Леопард одвлечка бебе од кревет (ВИДЕО)

Животното влегло во собата , каде што спиело бебето со родителите, го одвлечкало и го изело. Мајката и таткото дури утрината забележале дека бебето го нема. Трагедијата се случила во село во западниот дел на Индија.Родителите на бебето организирале потера со мештаните по што телото на бебето било најдено на неколку километри од селото Гадбори во индиската држава Махараштри.Нападите на леопарди во Индија не се реткост. Минатиот месец леопард грабна осумгодишно дете од прегратките на својата мајка. Овие животни ги напаѓаат и домовите ио продавниците и во поголемите места.[embed][/embed]

Свет | пред 6 години

2s5xL-hazard-chelsea

Еден Азар во Мадрид за речиси 150 милиони евра,Челси и Реал договорија рекорден трансфер

Медиумите од Англија пренесуваат дека Челси и Реал Мадрид го договориле трансферот на Еден Азар за почетни 100 милиони евра, но со лесно остварливи бонуси, па зделката може да се искачи до речси 150 милиони.Вчера од Шпанија пристигна вест дека часови се во прашање за трансферот на Еден Азар на Сантијаго Бернабеу. Двата клуба си подале рака за 100 милиони евра и во скоро време ќе пристигне официјално соопштение.Попладнево слична сторија пренесоа и голем број извори од Англија. Скај Спортс, Телеграф и уште неколку други медиуми објавија дека паднал договор за рекордна зделка за двата клубаПочетната сума која Реал Мадрид ќе ја плати е околу 88 милиони фунти или 100 милиони евра. Но „сините“ вметнале и неколку лесно остварливи бонуси и на крајот може да добијат високи 130 милиони фунти, или речиси 150 милиони евра.

Спорт | пред 6 години

pedofilie-1

(ФОТО) Уапсен поранешниот министер за образование на Република Српска,се сомничи дека подолго време сексуално злоупотребувал девојче

69 годишниот Ненад Сузиќ, поранешен министер за образование во Република Српска е уапсен под сомнеж дека подолго време сексуално злоупотребувал 11 годишно девојче.Според тамошните медиуми, се работи за поранешен министер за одбразование, Ненад Сузиќ од Бања Лука, кој се сомничи дека сексуално го злоставувал девојчето подолг периодот, така што ја допирал и и велел со никого да не разговара за тоа.Случајот го пријавило основното училиште во кое оди девојчето, по што Сузиќ итно бил приведен.Сузиќ работи како редовен професор на Филозофскиот факултет во Бања Лука, на предметот Општа педагогија и методика на воспитно-образовниот процес.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања