Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Zoran_Zaev

Ако летово не добиеме датум за преговори, Заев вели нема реконструкција на Владата, и можни се нови избори

Ако до летово не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, премиерот Заев ќе го врати мандатот. Ако нема позитивна одлука нема да има ниту реконструкција на Владата , ќе се распишат превремени парламентарни избори , а ќе се бара и одговорност за недобивањето датум.Заев очекува идната недела во Берлин да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел  каде ќе лобира за добивање датум.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Славевски: ЕК нотира лоша економска состојба на Република Македонија

Општа констатација читајќи го Извештајот е дека речиси нема напредок во областа на економијата, во однос на извештајот кој се однесуваше на 2017 година на Европската Комисија. Ние ќе укажеме овде на неколку забелешки кои што ги има Европската Комисија за македонската комисија односно за перформансите на Владата на Република Македонија предводена од господинот Зоран Заев во областа на економијата во изминатата година, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Имено, двата економски критериуми за влез во Европската Унија а тоа е функционална пазарна економија и оспособеност на економијата да се носи со конкурентските притисоци на економскиот пазар се далеку од тоа да бидат исполнети и Европската Комисија тука констатира дека е забележан речиси незначителен напредок, што значи дека Република Македонија е се уште од она што би се рекло подготвена во областа на економијата а доближување на стандардите со Европската Унија.Имено, забелешките одат најмногу во областа на структурата на јавните расходи, понатаму владините политики за поддршка на претпријатијата, финансиската помош некој структурни проблеми на економијата, некои политики на планот на растот на платите и слично.Имено, сите овие забелешки кои што ги констатира Европската Комисија во повеќе наврати, речиси постојано ние како опозициска партија ги комуницираме со македонската јавност.На пример една од посериозните забелешки е дека е влошена структурата на јавните расходи на буџетот на Република Македонија што значи дека капиталните расходи кои што во 2012 година беа достигнале 12 проценти од вкупните расходи сега се сведени на само 6 проценти. Тајната е во тоа што Владата на Република Македонија предводена од господинот Зоран Заев не може да ги потроши за капитални инвестиции, даноците или средствата од даноци кои што ги собира од македонските граѓани и од македонските претпријатија, на сметка на тоа растат социјалните расходи.Значи повторува Европската Комисија дава остра забелешка во однос на тоа што значи дека Република Македонија од држава која што треба да произведува вредност да ја мултиплицира вредноста за подобрување на животниот стандард, станува држава во која што се форсира прераспределбата што знаеме од претходниот систем од пред 30 години како завршува, завршува од прераспределба на сиромаштијата.Понатаму, она што е една од основните економски политики или нешто на кое што се гордее ова влада е таканаречениот Планот за економски раст е едно од најкритикуваните места во врска со механизмот на спроведување на тие политики во Извештајот на Европската Комисија. Имено, таму се укажува дека е транспарентноста речиси никаква и не постои Регистар на претпријатија кои што добиваат помош за да може Комисијата за заштита на конкуренција да ја врши својата работа, да види дали на тој начин се нарушува конкуренцијата на македонскиот пазар, форсирајќи едни претпријатија за сметка на други на пазарот, а критериумите се речиси во голема мера не транспарентни.Понатаму, се забележува дека се зголемува минималната плата во услови кога нема напредок или нема зголемување на продуктивноста на трудот што влијае во намалување на конкурентската предност или на конкурентноста на македонската економија на светскиот пазар.И не е за чудење фактот што за последните неколку години кај нас на пример имаме многу мало намалување на јазот со просекот на Европската Унија или на земјите членки на Европската Унија групата од 28 од некаде 34 проценти на доходот во Република Македонија во однос на просекот во 2014 година на само 37 проценти во 2017 година.Наредно е пофалбата на Владата со фалењето со наводно високиот пораз на индустриското производство од некаде 5, 6 проценти. Европската Комисија тоа може да се забележи укажува на фактот дека овој раст е помал од просекот на изминатите 5 години, значи 2012 – 2017 година оние толку критикувани години од страна на СДСМ во кои што се разбира имаме и политичка криза.Една од критиките на кои што укажува Европската Комисија за македонската економија е постоењето на неформалната економија, високиот степен на сива економија, за што мислам немаме некој концизен план од страна на Владата за намалување на сивата економија.На крај, многу се дискутира во јавноста за владеењето на правото, за реформите во правосудниот систем, се разбира тука фокусот е ставен на владеењето на правото во смисла на политичките процеси во Република Македонија, заштитата на човековите права итн, но Извештајот укажува на еден друг аспект во областа на економијата односно исполнувањето на договорите што е многу важно во еден економски систем.Се укажува на тоа дека кога станува збор за извршување на договорите кои што исклучуваат економските субјекти во случаите коа ќе дојде до спор многу тешко доаѓа до правдата и тоа трае бескрајно долго, значи тука речиси нема никаков напредок и ова влијае многу неповолно на бизнисот.Значи како што кажав на почетокот да заклучам дека во најголем број на подрачија се укажува на многу слабиот прогрес, напредок на Република Македонија во извештајната година на која се осврнува Извештајот на Европската Комисија во областа на економијата, истакна Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

naum-za-zaev

Стоилковски: Европската Унија конечно го виде вистинското лице на Зоран Заев

Заев својата неспособност се обидува да ја покрие со префрлање на вината кај меѓународни партнери на Република Македонија. Заканите, притисоците и уцените се единствената карактеристика на политиката на Зоран Заев. Лагите на Заев веќе не минуваат ниту во Македонија, ниту надвор од Македонија. Време е Заев да си замине и да ја плати цената за сите мнипулации и урнисувањето на Република Македонија. Неспособниот Заев треба да си замине и на негово место да дојде техничка влада која ќе ги организира предвремените парламентарни избори, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев ја срами Република Македонија каде што ќе стигне ризикувајќи да ги влоши односите со меѓународните партнери. Не може нашите пријатели од ЕУ да се виновни за криминалот и корупцијата на најнеспособната влада до сега на Република Македонија. Аболицираниот Зоран Заев е најодговорен затоа што Република Македонија има неуспешна економија, тоне во корупција и заостанува во сите реформи. Зоран Заев е најодговорниот затоа што имаме селективна правда и политички нарачани процеси.ВМРО-ДПМНЕ смета дека Македонија и граѓаните не смеат да бидат казнети заради неспособноста на Зоран Заев со недоделување на датум за преговори. Република Македонија доби 10 позитивни препораки и заслужува да ги почне преговорите за членство во ЕУ.Зоран Заев ќе загуби на следните избори без разлика кога тие ќе се одржат, а на место на криминалната, неодговорната, неспособната и расипничката влада ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ и влада која што ќе ги спроведе реформите, ќе ја крене економијата и ќе го подобри стандардот на граѓаните.Единствено што може Зоран Заев да направи за граѓаните е да си поднесе неотповиклива оставка и да ги спаси од агонијата во која што ги втурна овие две години, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Заев, џабе плачиш кај странските газди по ходниците во Брисел, ти нема спас од македонскиот народ

Зоран Заев продолжува да ја понижува Република Македонија на меѓународен план со најновото поданичко молење на неговите странаски газди во Брисел да дадат датум за преговори оти ќе паднела неговата влада.Единствена Македонија го повикува Зоран Заев веднаш да се врати во Татковината, и наместо во Брисел, тука во Република Македонија да ја води битката за својата влада. Недозволиво е Заев да шета по Брисле и таму да ја бламира сопствената држава.Прашањето за една македонска влада се решава во Република Македонија, а не во Брисел и затоа, Зоран Заев за своите политики со кои избриша се што е македонско нека се соочи со македонскиот народ, па така, со сите расположиви демократски механизми да ја води борбата за својата власт доколку македонскиот народ е задоволен од него, а не да ја понижува својата држава кај европските бирократи.Заев, џабе плачеш и молиш кај твоите странски газди по ходниците во Брисел да ти ја спасат марионетската власт во Скопје. Избриша име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ. Во земјата владее безаконие, корупуција и криминал. Ти нема спас од македонскиот народ кој драстично ќе те казни на следните парламентарни избори, без оглед кога ќе се одржат, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

Foto-2-2

Претседателот Пендаровски го прими амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.Соговорниците констатираа дека односите меѓу Северна Македонија и Бугарија бележат континуиран позитивен тренд, како во политичките, така и во економските односи меѓу двете држави.Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени силната и недвосмислена поддршка од Република Бугарија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија и го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.Двајцата соговорници го потенцираа значењето на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, во насока на негова целосна интеграција во Европската унија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Министерството за одбрана објави оглас за прием на 125 професионални војници

Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 (три) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk. Рокот за пријавување е 15 дена. 

Македонија | пред 6 години

ojo

Едно лице под истрага за разбојништво во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дeка сторило кривичнo делo – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 24-годишен жител на Крива Паланка, на 4 јуни влегол во стан во сопственост на едно оштетено лице и одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои.Тој во станот влегол преку незаклучена врата и од сопственикот кој бил во домот побарал пари. Оштетениот одбил да му даде пари, по што осомничениот започнал да го удира со раце и нозе по целото тело. Од ударите оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – контузија на глава, контузија на мозок и фрактура на носот. Потоа осомничениот со нож се заканил, повторно барајќи пари од оштетениот.  Бидејќи повторно не успеал во намерaта, со употреба на сила извршил пребарување низ џебовите на жртвата и одзел 370 денари, по што избегал.Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена. 

пред 6 години

spasovden

Денеска е Спасовден – Вознесение Христово

Празникот на Христовото вознесение - Спасовден спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето сеуште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе“ (Христос воскресна) и си отпоздравуваат со „Воистину воскресе“ (Навистина воскресна).Празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознесувањето на Исус Христос на небото. Четириесеттиот ден по Воскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици, ги собрал на едно место, во селото Витанија, единаесетмината (бидејќи Јуда по предвството се обесил) и им соопштил дека се уште не треба да одат во Ерусалим, зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со сила. Со таа сила вие ќе крштевате, како што свети Јован крштеваше со вода, им рекол тогаш Исус. Потоа се подигнал и облак го кренал на небото, а тој застанал до Богот Отец. На местото пак каде што стоел останала длабнатина од неговите стапала.Во спомен на овој настан Светата христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Вознесение Господово кој уште се вика и Спасовден.Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се доврши делото на спасението.  

Македонија | пред 6 години

tamara-todevska-2-220088

Тамара меѓу петте најлошо облечени на „Евровизија 2019“

Наградата „Барбара Декс“ за најлошо облечен претставник на овогодинешната „Евровизија“ ја доби претставникот на Португалија, Конан Осирис.Наградата се избира според гласовите на публиката, кои се собираат една недела по завршувањето на натпреварот. Според овие гласови нашата претставничка Тамара го завзеде  петтото место. Тамара беше облечена во креација од Александар Ношпал, објави skopjeinfo.mk.Лани, наградата ја доби токму Македонија и групата „Ај кју“. 

Магазин | пред 6 години

DSC_5005

Заев на средба со директорот на GIZ, Оберхубер: Од нашата заедничка соработка очекуваме зајакнување на институционалните и економските капацитети на земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) за Северна Македонија, Давид Оберхубер.На средбата се разговараше за значењето на континуираната соработка и поддршка што нашата земја ги добива од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) во процесите важни за јакнење на институционалните и економски капацитети на државата, како важен придонес во подигнување на стандардите и интензивирање на соработката со Сојузна Република Германија, којашто претставува земја - стратешки економски и политички партнер на Република Северна Македонија.Во таа насока се зборуваше и за иницијативите и поддршката што Германија и ја пружа на нашата земја и преку експертизата на советникот Валтер Дефа, делегиран од Канцеларката Ангела Меркел во неколку клучни економски области, како што се координација на економските политики, балансиран регионален развој, енергетика и политики за климатски промени, а како најважна област на која во иднина ќе се посвети посебно внимание беше посочено подигнувањето на конкурентноста особено кај малите и средни претпријатија за нивно побрзо вклучување на меѓународните пазари.„Најголемиот фокус на Владата е економијата. Нашата клучна определба е како држава да ги поддржиме сите процеси коишто значат подигнување на конкурентноста на приватниот сектор, преку низа мерки коишто ги спроведуваме низ Планот за економски раст и преку мерки за поддршка на раст на конкурентноста преку Министерството за економија. Вашата помош и експертиза за нас се многу значајни и очекуваме од соработката со советникот Дефа и Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) да постигнеме резултати кои ќе значат зајакнување на институционалните и економските капацитети на земјата“, рече премиерот Заев.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Вицегувернерката Митреска на тркалезна маса во организација на ЦЕФ

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на тркалезната маса на тема „Обезбедување ефективна координација на централните банки и министерствата за финансии“, којашто се одржа во вторникот во Кишињев, Молдавија, во рамки на програмата на годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ). Во дискусијата на тркалезната маса, таа се осврна на процесот на постојано унапредување на институционалната структура и на корпоративно управување во централните банки, како основен предуслов за успешно остварување на нивните цели.Акцентот во своето излагање Митреска го стави на факторите коишто во последниов период имаат ефекти врз институционалната поставеност на централните банки во регионов, но и на министерствата за финансии, како и на механизмите за меѓусебна соработка и координација меѓу двете институции. „Првиот фактор е од генеричка природа и се однесува на промените коишто ги наметна појавата на глобалната криза од 2008 година, додека вториот фактор е поспецифичен за регионот и се однесува на процесите на интегрирање на земјите во Европската Унија, коишто бараат интензивна соработка и координација на институционално ниво” – истакна таа на почетокот на излагањето.Потоа, вицегувернерката укажа на промените што ги предизвика глобалната криза преку проширување на функциите на централните банки, особено во доменот на макропрудентната политика. Таа нагласи дека овие промени делуваат врз институционалната рамка и управувањето и на централните банки и на министерствата за финансии, но и кај другите регулатори на финансискиот систем. Во тој контекст, во своето излагање Митреска ја презентираше тековната поставеност во нашава земја и се осврна и на насоките за идните промени, коишто ќе се остварат со цел усогласување со најдобрите меѓународни практики.На тркалезната маса се дискутираше и за ефектите што ги предизвика глобалната кризата со засилување на т.н. економски надзор на Европската комисија, особено преку процедурата за макроекономски нерамнотежи. Како што беше истакнато, тоа ја зголемува потребата за блиска координација и соработка меѓу централните банки и министерствата за финансии во процесот на обезбедување конзистентни и квалитетни податоци, како основа за следење на економијата во различни фази од процесот на евроинтеграција на земјите кандидатки за членство во европското семејство. Вицегувернерката Митреска посочи на исклучително добрата соработка и институционалната поставеност во овој домен на двете институции кај нас, преку активното функционирање на заеднички работни групи во областа на статистиката, што претставува и позитивен пример на регионално ниво.По завршување на тркалезната маса, Управниот одбор на ЦЕФ, во кој членува и нашата централна банка, го одржа својот редовен годишен состанок, на кој беа разгледани и усвоени повеќе материјали од доменот на неговото работење. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шахпаска: Го реформиравме системот за социјална заштита, опфатот за детски и образовен додаток го зголемивме за 20 пати

Во изминатите две години се посветивме на реализација на низа мерки што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани. Градиме фер и праведно општество со еднакви шанси за сите, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.Уште на почетокот на мандатот ја зголемивме минималната плата  на 12.000 денари. Само со оваа мерка над 90 илјади работници добиваат поголеми плати. Ги вклучивме и работниците во кожарската, текстилната и чевларската индустрија и сега и овие работници добиваат иста минимална плата како и вработените во другите сектори.Со законското усогласување, минималаната плата се покачи и изнесува 12.507 денари, а отворен е процес за дополнително зголемување на 13.000 денари во следниот период. Jа исправивме неправдата кон стечајните работници. Над 10.000 стечајни работници сега добиваат месечен надоместок од над 7.500 денари.Со социјалната реформа, целосно го преобразуваме системот на социјална заштита со цел трајно извлекување од сиромаштија. Социјална помош ја зголемивме за 300 отсто.Со мерките од социјалната реформа наместо досегашниот опфат од 3.200 деца, детскиот додаток ќе го користат 73.500 деца, додека пристап до образованиот додаток отсега ќе имаат 64.136 деца.Воведовме и семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош. Ова се само дел од мерките коишто за 2 години ги реализираше Владата и мнозинството предводено од СДСМ, кои носат повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.Продолжуваме одговорно со работата, во интерес на сите граѓани, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

gradezen-otpad

Од „Комунална хигиена“ се жалат: Градежнен отпад се фрла во контејнерите

Во општината Ѓорче Петров екипите на ЈП „Комунална хигиена“ регистрираа големо количество градежен отпад фрлен во контејнерите поставени на улицата Црвена армија, во близина на стадионот.„Градежниот отпад може трајно да ги оштети садовите и специјалните комунални возила и на тој начин да предизвика финансиска штета за претпријатието, но и сериозни проблеми при собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје“, велат од претпријатието. 

Скопје | пред 6 години

tetovo-drzaven-iniverzitet

Скандалот добива поголеми димензии – уште двајца функционери незаконски станале вондредни професори во Тетово?

Покрај министерот за образование и наука Арбер Адеми, и двајца сегашни функциoнери во Владата незаконски се стекнале со наставно-научни звања на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово – заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, тврди просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, објави Факултети.мк.И Нухиу и Емрули се унапредени во вонредни професори, додека нивниот работен однос бил во мирување.Текстот во целост на : fakulteti.mk. 

Македонија | пред 6 години

park

Ќе се уpиваат летните дискотеки во Градскиот парк

Летните дискотеки во Градскиот парк ќе се уpиваат и на нивно место ќе се наоѓа новиот забавен парк, објавува СДК.МК.Според проектот, паркот ќе биде на површина од 26.000 метри квадратни, односно освен просторот на сегашниот луна парк, ќе се прошири и на местото на летните дискотеките. Поголема површина за новиот забавен парк како што објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Шилегов е потребна бидејќи во него нема да има реквизити само за деца, туку и адреналински содржини за возрасни.Како што најави Шилегов на презентацијата на проектов летово ќе почне постапката за проектирање и набавка на реквизитите, што значи на есен ќе се уриваат дискотеките.Текстот во целост на СДК.МК. 

Скопје | пред 6 години

makedonija-NATO

Норвешка го ратификуваше протоколот за нашето пристапување во НАТО

Норвешка го ратификуваше протоколот за нашето пристапување во НАТО. Оваа вест ја споедли министерот за надворешни работи, Никола Димитров на неговиот профил на „Фејсбук“.„Норвешка денес го ратификуваше протоколот, односно нашето пристапување во НАТО. Имаме уште помалку од половина земји членки. Со мерак ќе ја пречекам колешката во Скопје месецов“, напиша министерот Димитров.https://www.facebook.com/dimitrovnikola/posts/10161891259235451

Македонија | пред 6 години

SJO

СЈО: „Бомбите“ кој ги објавува Ел Чека не потекнуваат од СЈО!

Од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) преку соопштение појаснуваат дека „бомбите“ кои се објавуваат на социјалните мрежи не се излезени од обвинителството.Во продолжение соопштението на СЈО во целост:Во врска со написите во повеќе медиуми, како и различните толкувања на вчерашната изјава дадена од страна на Специјалниот јавен обвинител, ѝ појаснуваме на јавноста дека новообјавените разговори објавени од Фејсбук профилот со псевдоним „Ел Чека” не потекнуваат од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.Во оваа смисла, ја уверуваме јавноста дека сите аудио материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите.Воедно, при анализа и обработката на материјалите се постапува согласно со воспоставените интерни правилници и процедури за евидентирање на процесот на преслушување и обработка на материјалите, како и обврската за целосно почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните на Република Северна Македонија и други лица, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, и со тоа на секое лице да му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот.Во оваа насока, повторно потенцираме дека ова Јавно обвинителство ја гарантира единствено безбедноста на сите аудио материјали со кои располага и во оваа прилика, како и повеќе пати досега, ги повикуваме сите субјекти кои поседуваат аудио материјали кои се предмет на незаконско следење на комуникациите истите да ги достават до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се вели во соопштението од СЈО. 

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

Портаролот на Владата: Нема повеќе да коментираме за „бомбите“- Ставот на Владата е тоа што го соопшти МВР

Портпаролот на Владата  Мухамед Хоџа, на денешната пресс конференција запрашан за објавувањето на прислушувани разговори на фејсбук „бомби“, истакна дека Владата нема да го коментира тоа што се случува последно време со „бомбите“ и дека за тој случај надлежните институции, во случајот МВР.-Тоа што го кажав останува. Владата нема повеќе да коментира. Ставот на Владата е тоа што го соопшти МВР пред неколку дена, рече Хоџа.Инаку според МВР лицето кое ги постирало т.н. бомби со прислушувани разговори на Фејсбук е детектирано и дека полицијата во соработка со Јавното обвинителство работи на целосно расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

b9834986-resize-820x0x100

ВЛАДА: 8 јуни (сабота), работен ден за сите институции коишто не работеа на 7 мај

На последната седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука на 8 јуни (сабота) да се одработи 7 мај, ден којшто беше прогласен за неработен поради посетата на Папата Франциск.Тоа значи дека 8 јуни е работен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на Град Скопје, за вработените и за учениците во основните и во средните училишта на територијата на Град Скопје коишто го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за детските градинки и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности.Исто така, Владата препорачува одлуката за одработување на 7 мај на 8 јуни, да ја спроведат и општините во градот Скопје и Градот Скопје.Истовремено, доколку претходната препорака на Владата за 7 мај да биде неработен ден била спроведена од страна на приватниот сектор, сега Владата на приватниот сектор му препорачува тој ден да се одработи на 8 јуни (сабота).

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Македонско бугарската комисија повторно на иста маса, овој ќе дискутираат за антиката во учебниците

Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија денеска и утре ќе има состанок во Скопје, а во фокусот на разговорите ќе биде антиката и начинот на кој таа е прикажана во учебниците за петто одделение во Бугарија и за шесто во земјава.Целта на состаноците, како што велат од комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото и тие на состаноците во текот на овие два дена ќе се обидат да ги усогласат ставовите за античкиот период и како тој дел од историјата во учебниците да биде прикажан на начин кој нема да биде навредлив за никого.Комисијата е формирана за решавање на историските и образовни отворени прашања, согласно членот 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој беше потпишан на 2 август 2017 година. Има по седум членови од двете држави, претседател од македонска страна е Ѓоргиев, а од бугарска Ангел Димитров – првиот амбасадор на Бугарија во земјава.

Македонија | пред 6 години

nejmar-tepacka

(ВИДЕО) Се појави видео на кое наводно Нејмар има вербална и физичка расправија со старлетата

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно Нејмар има вербална и физичка расправија со старлетата Најила Триндаде.„Ќе те удрам, затоа што ти ме напдна вчера“ – се слуша како зборува девојката на видеото.Со ова сагата околу случајот Нејмар и наводното силување доби ново продложение.Според ова  Бразилецот Нејмар на крај може да заврши и зад решетки. Тој е обвинет од страна на старлетата Најила Триндаде Мендес де Соуза дека ја силувал во хотел во Париз, и веќе е испрашуван од бразилската полиција. Тој потоа во своја одбрана на социјалните мрежи го  објави разговорот со Најила и притоа ги прикажа нејзините разголени фотографии. Поради тоа, Нејмар се соочува со петгодишна затворска казна.https://twitter.com/recordtvoficial/status/1136459661408964610?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1136459661408964610&ref_url=https%3A%2F%2Fekipa.mk%2Fnejmar-i-modelkata-se-stepale-den-po-navodnoto-siluvane-video%2F

Магазин | пред 6 години

jankulovska

Врховниот суд го превзеде „Тенк“ во свои раце, ќе падне ли пресудата на СЈО?

Врховниот суд ги разгледува пресудите за набавката на блиндираниот „мерцедес“ против бившиот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, како и против екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.Една од опциите е пресудата за „Тенкот“ на СЈО да падне и предметот повторно да се врати на судење објави plusinfo.mk.– Постапките по наведените предмети се во тек пред Врховниот суд на Република Северна Македонија. Судот заради интересот на јавноста ќе објави соопштение за одлуките кои ќе бидат донесени и како и во сите предмети, анонимизираните одлуки ќе бидат јавно објавени. Во овој момент не може да се знае кога ќе се одлучува по овие предмети, бидејќи се води вообичаена постапка според која не е потребно одржување на јавна седница – велат од Врховен. Текстот во целост на: plusinfo.mk 

пред 6 години

tripunovski

Трипуновски: Заев шета по црвени теписи, а над 4300 хектари земјоделски површини во Овче Поле се два месеци се без наводнување

Додека Љупчо Николовски менува функции, а Зоран Заев шета по црвени теписи, над 4300 хектари земјоделски површини во Овче Поле се два месеци се без наводнување. Иако сезона за наводнување вообичаено започнува околу 15-ти април, речиси на целото подрачје на територија на Подружница Овче Поле која го опфаќа регионот од Балван до Каратманово, не може да се испорача вода за наводнување, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Наводнувањето на земјоделските посеви во Овче Поле е неопходно. Доколку нема наводнување  земјоделските приноси значително ќе се намалат, а земјоделското производство ќе стане речиси неисплатливо.Љупчо Николовски и Зоран Заев мора да одговорат зошто земјоделците во светиниколско два месеци немаат вода за наводнување. Кој ќе ја покрие штетата од намалените приноси а земјоделците ќе претрпат огромни загуби?Министерството за земјоделство и Зоран Заев директно удираат по џебот на земјоделецот и го прават земјоделското производство не рентабилно.Власта во изминативе две години покажа целосна негрижа, некадарност и отсуство на одговорност кон македонските земјоделците.Потребна е голема метла која ќе го измете Зоран Заев и неговата влада, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

bolnica

(ФОТО) Медицински персонал во здравствена установа во Гостивар со цигарa во раце пребарува документи!

На Социјалните мрежи кружат фотографии од Јавна здравствена установа во Гостивар на која се гледа како вработена со цигарa во раце во установата ги извршува работните задачи.Оваа фотографија покажува како за вработените во оваа здравствена установа не важат професионалните, етички и морални стандарди на белите мантили.

Македонија | пред 6 години

2-1-1-1

Заев: Би заменил и две Нобелови награди за датум за преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“, насловено „Заев: Зелено светло или оставка“, уште еднаш ги повика земјите членки на ЕУ да преземат одговорност и да испорачаат датум за преговори со Северна Македонија. Тој додава дека ако не се додели датумот за преговори, тој ќе биде обвинет дека ги излажал пратениците дека гласањето за Преспанскиот договор значи отворање на вратите на ЕУ.-Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат, вели Заев во интервјуто за „Ле Соар“.Според Заев, доколку од европска страна не не испочитуваат, граѓаните би можеле да се свртат кон националистичките струи во земјата.-Ризикот е враќањето на национализмот и радикализмот во нашата земја. Поминавме низ овој ризик во последните единаесет години. Имавме „хибриден“ режим кој ги уништи сите демократски права и слободи, сите основи на нормална земја, и ризикот е да се вратиме во тоа време, одговара премиерот.Запрашан дали верува дека навистина би можел да добие Нобелова награда за мир заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас, откако беа предложени по усвојувањето на Преспанскиот договор, Заев вели дека датумот за преговори му е поважен.„Би заменил и две Нобелови награди за таа одлука на Европскиот Совет, за мене е огромна чест што сум номиниран, ние сме мала земја, но нашата награда е потврдата на нашата работа, и единствената потврда која значи во овој момент е одлуката на Европскиот Совет. Тоа е најдобрата награда. Ако добијам Нобелова, ќе му ја дадам на Европскиот Совет“, вели низ шега Заев. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања