Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

gruevski

(ВИДЕО) Груевски: Времето веќе почна да покажува кој бил во право

Екс премиерот Никола Груевски на социјалната мрежа фејсбук објави видео од свој говор во Собранието, за да како што вели, докаже дека бил во право.,,Времето ќе покаже кој бил во право…,,Вака реков пред две години, во повеќе наврати во мојот говор во парламентот, за повеќе значајни работи, на денот на гласањето на владата на СДСМ.Денес, две години подоцна можам да кажам дека времето веќе почна да покажува…, напиша Груевски на фејсбук.https://www.facebook.com/NGruevski/videos/1033420583534230/

Македонија | пред 6 години

20.4.kamcev

Камчев недоучен купи пола држава, тешко нас ко ќе доучи, се вели на Твитер

По дозвола на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, бизнисменот Орце Камчев, да го шета светот, иако е осомничен во случајот „Империја“,  не запираат реакциите во јавноста.Ова се дел од реакциите на Твитер.https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/1136534954794524673https://twitter.com/mojokilington/status/1136324794490773505https://twitter.com/Jovanowsky/status/1136254057876770816https://twitter.com/TasevskiSasho/status/1136529044617539584https://twitter.com/shlapatalo/status/1136330236415696901https://twitter.com/TasevskiSasho/status/1136384024094695426https://twitter.com/TriGoltki_Vino/status/1136376536641261576https://twitter.com/TasevskiSasho/status/1136391503151063045

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Младата Викторија Чочороска, ја промовира својата преработка на една од најубавите стари македонски песни ,,Јаворе“

Синоќа во Домот на културата во Вевчани, пред драги пријатели, колеги и обожаватели на Викторија Чочороска се одржа промоцијата на нејзината прва преработка на една од најубавите стари македонски песни ,,Јаворе“.Аранжманот за песната го направи композиторот Николче Мицевски, а снимена е во студиото ХЛ Момироски во Скопје. Покрај аудио верзијата, публиката уживаше и во промоцијата на видео спотот за песната во изработка на Дарио Јанковиќ и General film production.Композиторот Мицевски не ги криеше чуствата и радоста од соработката со овој млад изведувач и синоќа во своето обраќање меѓу другото рече:„...чест ми е што сум вечерва во Вевчани и што имам прилика да промовирам песна која со особено задоволство ја сработив за Викторија.Уште прв пат кога ја слушнав Вики како ја пее песната Јаворе, од срце поскав таа прекрасна македонска песна да блесне во нов сјај и исклучиво во нејзина изведба и мислам дека заедно успеавме во тоа“.Викторија Чочороска е млад изведувач, дипломирала на музичката академија во Скопје, а  работи како професор по соло пеење во средното музичко училиште во Струга. Таа како соло изведувач патот во музичките води го започнува како член на КУД „Дримкол од Вевчани“, каде што и денес е активен член во пејачката група Каданка со која неодамна објавија и музичко ЦД на стари радиционални песни, а музиката со силен ентузијазам им ја наметнува и на многу млади дечиња преку креативни музички работилници.Од нејзините досегашни ангажмани се издвојуваат соло настапите и концертите во рамки на Вевчанско културно лето, ликовната колонија ,,Вевчански видувања“соло изведби за театарски претстави, а успешна соработка неодамна оствари и со групата Некст Тајм за песната ,,Нешто ќе те питам бабо,, за која песна го пее женскиот вокал, а соработува и концертира со дуото Даутовски.

Магазин | пред 6 години

policija

Казнети 16 возачи поради брзо возење во Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 05 јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.Притоа, биле контролирани 366 возачи, од кои седум возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле три возила, брзината ја надминале 16 возачи, еден возач не користел сигурносен појас, а два други зборувале на мобилен телефон при управување на возило.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Сообраќајка во тетовско, едно лице со тешки повреди

На 05.06.2019 година во 16.55 часот на локалниот пат за село Сараќино, тетовско, после мостот на реката Пена, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо 307“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(42) од с.Сараќино и патничко возило „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(53) од с.Бојане, скопско.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Х. и со друго возило бил пренесен во Клиничката болница Тетово.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Уапсени три лица кај кои бил пронајден кокаин

На 05.06.2019 година во 15.20 часот на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во просториите во кои престојувал П.Ц.(40) од Загреб, Република Хрватска, a со него биле затекнати и С.И.(25) од Тетово и Н.З.(28) од с.Вруток, гостиварско.Притоа, на една од масите била пронајдена една најлонска кеса со кокаин, едно пластично шише од 0,5литри со непозната течност и други предмети со остатоци од кокаин.Лицата биле лишени од слобода и приведени во СВР Тетово, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев: Одлуката за прекин на бременоста е право на жената кое никој не може да ѝ го одземе

Премиерот Зоран Заев вчера се огласи на Фејсбук.- Стапи во сила новиот Закон за прекинување на бременоста. Со овој Закон, на жените им се овозможуваат комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата, а воедно се укинуваат административните бариери, односно чекање од три дена по информирањето. Одлуката за прекин на бременоста е право на жената и тоа никој не може да ѝ го одземе! Волјата на жената е на прво место, напиша тој.

Македонија | пред 6 години

akademik-10

Митровски: Време е за рана пензија за Катица Јанева

По дозвола на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, бизнисменот Орце Камчев, да го шета светот, иако е осомничен во случајот „Империја“,  не запираат реакциите во јавноста. Камчев беше забележан на европското првенство во ракомет, во Келн, Германија, по што Јанева откри дека му дала позитивно мислење за да добие времен пасош во рок од шест месеци.Адвокатот Јанаки Митровски вели дека ова е црвен картон за СЈО.-Глупостивe со давање пасош за едукација се трет голем кикс на СЈО. Задача на првиот човек на СЈО беше да тронка политичко влијаие не се дозволи. Со бејзбол речник three strikes and your out. Време е за рана пензија за Катица Јанева, или истата да се врати во ОЈО Гевгелија од каде што и дојде. А доколку нејзиниот наследник смета дека треба и тој/таа повторно да дозволува очигледно надворешно влијание тогаш се поставува прашањето која е потребата од постоење на специјално обвинителство кога тоа се однесува како редовното. Црвен картон за Катица!, вели Митровски.

Македонија | пред 6 години

12048951_10207853692155437_565132157_n

Најчевска до Комити: Ајде бре сиктер багро неписмена

„Дали им е дозволено на Албанците граѓани на Северна Македонија да бидат навивачи на Вардар?А на комуњарите?А на атеистите?А на тие кои не веруваат дека потекнуваме од Аце таткоубиецот?А Турците од Република Северна Македонија, може?А тие кои гласаа на референдум за Северна Македонија, смеат да бидат навивачи на Вардар?А баби како мене смеат да навиваат за Вардар, или само дедовци?Да прашамДа не има некаде некој правилник.И кои сте бре вие самонаречени Комити (кои немате врска со комитите и кои само го валкате историското значење на овој поим) да кажувате кој е навивач, а кој не? И кој смее да биде на плоштад а кој не.Ајде бре сиктер багро неписмена“, напиша на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска.

Македонија | пред 6 години

lagadin-najnovo

(ВИДЕО) Георгиевски: Јавноста ќе се шокира од имињата зад дивоградбите во Охрид

Последната година и пол општина Охрид издала вкупно 919 решенија за легализација. Во овој период кога во просек се легализирале по 50-тина објекти месечно, има и дивоградби на Националниот парк „Галичица“. Градоначалникот Константин Георгиевски во интервјуто за Само прашај вели дека тоа се барања кои и да не сакале, морале да ги одобрат оти така наложува Законот за легализација на бесправно изградени објекти. Незначителен број одобренија, едвај неколку, се поништени, но нема одговорност за пропустите.Соочен со силниот притисок од УНЕСКО и извесниот ризик Охрид да го загуби статусот на заштитено светско природно и културно наследство, градоначалникот вели дека за неполн месец ќе го објави регистерот со дивоградби врз основа на недостатоците што ги утврдиле општинските инспектори од 2010-2014 г. Георгиевски очекува „јавноста да се фрапира“ оти во регистерот ќе се прочитаат сопствениците на познати кафулиња, хотели, семејни куќи, чии објекти ќе треба да се уриваат.Оваа видео содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Македонија | пред 6 години

koridor-deset34

По автопатот Миладиновци-Штип до крајот на годината ќе се вози бесплатно

По новиот автопат во следните неколку месеци ќе се вози без пари.Граѓаните што ќе патуваат од Скопје за Штип до крајот на годинава ќе плаќаат само една патарина, постоечката, кај Куманово, која чини 40 денари. Меѓутоа, од стартот на идната година планирано е на автопатот Миладиновци Штип да никнат две нови патарини.За патарините кои допрва ќе никнат ќе треба да се издвојуваат по 50 односно 70 денари. Тие ќе бидат изградени кај Кадрифаково каде се плаќа 50, а онаа кај Преод ќе чини 70 денари.Автопатот Миладиновци Штип е долг 47 километри и патувањето од Скопје за Штип треба да го скрати за половина час.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Извозот во првите четири месеци е зголемен за 16 отсто, велат од СДСМ

По години економска стагнација и осиромашување на граѓаните, за само две години со мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ, се постигна раздвижување на економијата и забележлив економски раст, велат од СДСМ.„За две години создадовме силна економија која нуди шанса за сите.Последните податоци покажуваат зголемување на извозот за 16 проценти во првите месеци од оваа година споредбено со лани.Во бруто изност тоа се 290 милиони евра повеќе.Од минусното салдо од -1.8 отсто во вториот квартал на 2017 година, успешните економски политики придонесоа за раст на БДП од 3,7 отсто во четвртиот квартал од 2018 година.20 нови странски инвестиции влегоа во државава  за само две години, а во 2018 забележан е  рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра.Вкупно 26.600 нови работни места од кои околу 1.000 во производствените погони на странските инвестиции се отворија само во 2018 година.Реализација на активните мерки за вработување на Владата предводена од СДСМ придонесоа стапката на невработеност да опадне на рекордно ниски 19,4 отсто за 2 години.За две години просечната плата е поголема за 2.000 денари.Ова се само дел од економските параметри кои потврдуваат дека економијата се движи во нагорна линнија.Имаме силна економија, а парите се враќаат назад кај граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

1-8

Казнети 60 возачи за непрописно паркирање

Четири лица се полесно повредени во три сообраќајни незгоди од вкупно 12 сообраќајки што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во девет сообраќајки е причинета материјална штета.Според билтенот на СВР Скопје, 23 возачи возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 12 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на мотороно возило. Од сообраќај се исклучени и осум нерегистрирани возила.Сообраќајната полиција издала 60 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 35 возила.На црвено светло поминале пет возачи, а тројца не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Пет возачи не носеле сигурносен појас, а 12 користеле мобилен телефон додека возеле.

Скопје | пред 6 години

Pendarovska-so-ambasadorki-768x384-696x348

Елизабета Пендаровска на ручек со сопругите на амбасадорите во земјава

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска, сопругата на претседателот Стево Пендаровска, денеска била на ручек кај сопругата на евроамбасадорот Самуел Жбогар, заедно со сопругите на амбасадорите во земјава.„Г-ѓа Жбогар беше домаќин на вчерашниот ручек организиран за Ѓоргиевска Пендаровска и сопругите на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија“, пишува на страницата на Фејсбук на Делегацијата на ЕУ.

Македонија | пред 6 години

sarajevo-poplava-810x540

(ВИДЕО) Поплавен центарот на Сараево

Поради невремето кое го погоди Сараево вчера, во градот дошло до поплави на неколку улици.Прекин на сообраќајот имало и кај Брзата помош во градот.Клих.ба пренесува дека иако до пладне времето било сончево, потоа дошло до невреме со грмотевици, а имало и краткотраен град.

Свет | пред 6 години

56215546_1000119713514941_4677042802058592256_n

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците две години по ред си го фрлаат произведеното затоа што нема откуп

Зоран Заев и СДСМ се вистинска катастрофа за земјоделието. Ништо од ветувањата за сигурен пласман и високи откупни цени дадени за време на изборите во 2016 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Земјоделците веќе две години по ред си го фрлаат произведеното на буниште, затоа што нема никаков откуп.Производителите на слива во Радовишко, Пијанечко и Малешевско го фрлаа својот род на буниште, затоа што килограм слива се продаваше по цена од катастрофално ниски 2 денари.Јаболкарите во Ресен корнат и сечат десетгодишни јаболкници затоа што 100 килограми јаболка им го откупуваат по цена од само 50 денари.Производителите на бостан, патлиџан, зелка и пиперка во струмичкиот регион го фрлаат родот во каналите. Затоа што извоз немаше.Оризопроизводителите во кочанско немаат откуп, а оризот им скапува во амбарите.Нема подрачје во државата каде земјоделците не се погодени. Заев ветуваше сигурен откуп, велеше дека  откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да плати. Сега не само што никој не се тепа да плати повеќе, туку откуп воопшто и нема.Земјоделието во изминативе години е ставено на страна. Селата низ државата забрзано се празнат, а се повеќе ниви остануваат необработени.Потребна е метла која ќе го измете Заев и неговите кадровски  решенија низ институциите. Потребна е промена на власта“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Без вода дел од Центар

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради поврзување нова водоводна мрежа со димензија ф-100 мм на крстосницата на улицата Орце Николов со улицата Коле Неделковски, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Орце Николов (од улицата Мирослав Крлежа до улицата Аминта Трети), улицата Ѓорѓи Пешков и дел од улицата 8 Март.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот во општина Центар.

Скопје | пред 6 години

61973895_2182252735226325_3704871551540133888_n

ФОТО: Пола од плоштадот во Скопје е раскопан

Половина од плоштадот во Скопје е раскопан, плочките се извадени, а просторот е ограден. Граѓаните се револтирани поради лошата слика која секојдневно ја гледаат. Последна информација беше дека се украдени пумпите за вода, но на плоштадот нема работници за поставување на нови или санирање на евентуален друг дефект.Скопјани прашуваат како е можно за доаѓањето на папата Франциск во неколку дена да се асфалтираат и улици, а не може да се поправи дефект. Според нив, ваквата состојба на плоштадот го грди лицето на Скопје.

Скопје | пред 6 години

ilija-dimovski

Димовски: Шансите за добивање на датум за преговори се мали

Пратеникот Илија Димовски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, прогнозира дека Македонија нема да добие датум за преговори, велејќи дека тоа е се поочигледно. Димовски во вечарашното гостување на 1ТВ, сепак истакна дека НАТО членството сме на пат да го добиеме.-Ние живееме во една еуфорија од промена на власта. Дали ВМРО-ДПМНЕ посакува да добиеме датум за преговори, да. Зошто премногу труд е вложено во изминативе години. ВМРО-ДПМНЕ без разлика на сите критики, се посветувала на таа агенда. Од друг аспект, ние во овие две години гледаме запоседнување на целиот систем, па дури и злоупотреби. На ВМРО-ДПМНЕ од тој аспект му одговара да отпочнат преговорите, и овие прашања да се отворат, рече Димовски.Тој сепак вели дека немало атмосфера дека Македонија заслужила да добие датум.-Ако имавме одлично досие, ќе беше многу тешко после Преспанскиот договор да се одбие Македонија. Одиме по тој пат на одбивање. Ја нема атмосферата дека Македонија заслужила и мора да добие датум за преговори, рече Димовски, додавајќи дека пет земји ќе бидат против Македонија, поради лоши резултати во реформите.На прашањето на новинарот Борјан Јовановски, дали би се обложил околу датум за преговори до крајот на годината, Димовски посочи дека шансите се мали, односно 20-30% за ДА, односно дека државата ќе добие датум за преговори.

Македонија | пред 6 години

srpska-policija

Мигрант убиен во центарот на Белград

Мигрант бил убиен синоќа во Белград. Полицијата идентификува двајца осомничени, од кои едниот е уапсен, а по другиот се трага, објави РТС.Убиството се случило синоќа по тепачка меѓу мигранти пред обложувачница на улицата Краѓорѓева, недалеку од самиот центар на Белград. Убиен бил Авганистанец на возраст од околу 20 години. Тој бил прободен со нож во градите.Медиумите дознаваат дека убиениот во Србија дошол од Авганистан пред две години, а во Белград престојувал подолго време.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Oблачно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне на места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 30 степени.Во Скопје дневната температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 23, Битола 26, Кавадарци 30,Берово и Крива Паланка 23, Дојран 30 степени.Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер со променлив правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 28, Маврово 25, Охрид 23, Битола 28, Кавадарци 32, Крива Паланка 23, Берово 25, Дојран 33 степени.

Македонија | пред 6 години

avtopat-tetovo-skopje

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Oд вчера автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип е пуштен за сообраќај во двата правци. АМСМ апелира до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.„Виадукт Трејд” известува дека денеска ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А4, патен правец Крупиште-Пробиштип (крстосница Пробиштип) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

61963291_550426715485622_7777010042938589184_n

ФОТО: Нови кампери пред Владата, бараат да им се исплатат 18 плати од државна фирма

Пред Владата се поставени четири кампови на вработени во државната фирма Еурокомпозит. Тие бараат да им бидат исплатени 18 плати. Исто така се жалат на неисплатени опремнини и бараат тоа да биде најскоро решено.„Еурокомпозит“ е дел од 10-ината фирми ќерки на некогашниот гигант „Еуроинвест 11 Октомври“, во којшто беа вработени околу 1.600 работници. По распадот на претпријатието секој од посебните правни субјекти во периодот на транзиција. „Еурофуд“, Еуроламинати“, Еуротрејд“, „Еуропрофил“, Хотел Липа и др. заминаа во стечај.Единствено „Еурокомпозит“ остана низ годините да се бори за свој опстанок. Од некогашните 550 сега остана околу 280 вработени, но нивните плати се минимални, нешто над 10.000 денари е просечна плата по работник. Поради континуираниот проблем со недостиг од работа, се случува вработените со месеци да бидат пуштени дома со 70 % плата, во очекување на некој подобар договор. Кога пак ќе се успее да склучат одреден договор за работа, тие работата и по две смени, но платите им доцнат.

Македонија | пред 6 години

ilija-dimovski-7-670x437

Димовски: Слабостите на претходната власт не ги покриваат слабостите на оваа власт

Илија Димовски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување на 1ТВ, истакна дека и претходната власт грешела, но дека и сегашната имала двојни стандарди.-Дека претходната имаше за што да се критикува, имаше. Дека претходната власт згреши што веднаш не распиша избори кога почна скандалот со прислушувањето, згреши. Дека претходната власт требаше да има поголем осет за критичноста од општеството, исто така. Но слабостите на претходната власт не ги покриваат слабостите на оваа власт. Ние повеќе не можеме да прифатиме дебата со реченицата „еее ама ВМРО-ДПМНЕ какви беа или ај ВМРО сега ќе го вратиме“.Оваа власт дојде со ветување дека правосудниот систем ќе функционира исто за сите, дека државниот систем ќе функционира исто за сите. И сега имате ситуација кога оваа држава не може да се справи шест месеци со некоја дива платформа во Матка. Кога врз нелегално прислушувани материјали имате судски пресуди, а од друга страна имате разговори за кои државаtа вели, ааа овие не се легимни. Имате двојни стандарди, рече Димовски во вечерашното гостување во 1ТВ.Тој одговори и на прашањето дали би го поништиле Преспанскиот договор.-Во првиот историски момент кој ќе се создаде, а кој за жал нема да биде за две или три години, треба да го има во глава моментот или да го пренесе на наредната генерација, дека оваа неправда треба да се исправи, рече Димовски.

Македонија | пред 6 години

spasuvanje

(ВИДЕО) Драма при спасувањето на планинарка со хеликоптер

Светот го обиколи страшната снимка од спасувањето на планинарка во пустината Аризона со хеликоптер . Снимаката молскавично се шири на социјалната мрежа фејсбук, а е објавена од од страна на “ABC15.Имено, пожарникарските екипи од Феникс биле известени за повредената планинарка која што при качувањето на Пиества Пик, ја повредила главата. На повикот реагирале пристигнувајќи со хеликоптер и со стандардна процедура, 74-годишната планинарка била поставена на носилка и започна процесот на подигнување кон хеликоптерот.Но, тогаш започна вистинска драма – после подигањето, корпата со носилката започнува неконтролирано да ротира, а како што се приближуваше кон хеликоптерот, вртењето станува се посилно.Кога спасувачите се обиделе да го прекинат вртењето , пукнала сајлата. Вртењето  траело 40 секунди , додека пилотот се обидува неколку пати да ја дигне и спушти носилката .За среќа, планинарката не претрпела дополнителни повреди. Нејзината состојба сега е стабилна. https://www.facebook.com/ABC15/videos/448098122617310/?v=448098122617310 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања