Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

dacic

(ФОТО) Дачиќ се приклучи на предизвикот “Косово е Србија”

“Косово е Србија” е најнов предизвик на социјалните мрежи. Според овој предизвок, оние кои го прифаќаат треба на банкнота од еден или пет евра да се напише „Косово е Србија“.Според предизвокот покренат од Српската страна, одкако ќе се напише на банкнотата „Косово е Србија“, со истата треба да се купи нешто, и да се пуштат во промет.Српскиот политичар и министер за надворешни  работи, Ивица Дачиќ, се приклучи на предизвик, но тој тоа го напиша на банкнота од 100 долари! Фото:  INSTAGRAM / KAFANAPAVLEKORCAGIN / SCREENSHO

Свет | пред 6 години

32A84F4C-3C71-417B-AA8B-1FADD61721E1

Метла во Охрид: Георгиески го смете Пиперкоски на негово место Иван Лотески

Метлата на премиерот Зоран Заев почна да ги собира вработените во општината Охрид. Прв зафатен од метлата е Илија Пиперковски, шефот на кабинет кај градоначалникот Константин Георгиевски, дознава “Скопје1.мк”.На оваа функција, како неформален шеф на кабинет ќе биде назначен адвокатот Иван Лотески, кој во јавноста е познат како фаќач на крстот за Водици.Последно, “Макфакс” пишуваше дека Општина Охрид незаконски исплаќала оштети кон Пиперковски за штети од земјотресите во 2017 година.Ароганцијата, неисполнување на одредени очекувања на граѓаните, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, непотизмот, укажувањата од Антикорупциска, ќе бидат критериумите врз основа на кои премиерот Зоран Заев ја реализира најавената „метла“.

Македонија | пред 6 години

2-1-1-1

(ВИДЕО) Заев: Ако Европскиот Совет не ја прифати препораката за преговори од ЕК, ќе ја доведе во прашање иднината на оваа проевропска влада

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на денешната прес-конференција, веднаш после форумот „Северна Македонија:Забрзување на реформите, забрзување на европската интеграција“, што во организација на Европската банка за обнова и развој и Центарот за европските политики, се одржа во Брисел, одговараше на новинарски прашања.На прашањето какви ќе бидат последиците доколку Европскиот Совет не ја прифати препораката на Европската Комисија земјата да ги отпочне преговорите по поглавја за пристапување во ЕУ, и на кој начин тоа ќе се одрази во Соработката со Европската банка за обнова и развој, премиерот Заев рече дека „од сите политички одлуки што ги носиме, од сите реформи, сакаме да постигнеме и економски импакт за нашите граѓани. На крајот на денот ние работиме за тоа. А сега резултатите се многу добри, најдобри. Исто така има и огромен потенцијал и за во иднина. Ова е скапоцено време за Северна Македонија. Ако го изгубиме ова време, сигурно нема да има шанса да го повториме. Ќе  имаме раст и во иднина, имаме и ретка можност растот уште во овој квартал да достигне 4%, па дури и 5%“.„Ако не го  добиеме очекуваното, датум за преговори по поглавја, постои можност тоа да предизвика пад на владата. Оваа стабилна влада, со сите тешки одлуки што ги донесе, најверојатно ќе ја изгуби довербата на мнозинството во Собранието. Затоа што им ветивме на членовите на парламентот дека ќе имаме позитивна одлука од Европската Унија ако се движиме напред“, порача премиерот Заев на прес конференцијата во Брисел.Тој потсети дека владата трпеливо работеше на создавањето мнозинство за уставни промени, за особено чувствителни прашања и дека членовите на парламентот, кои го обезбедија мнозинството за клучните прашања, како што беше и промената на Уставот, беа под закана од страна на националистите и радикалите.„Баравме консензус за многу закони и прашања зашто сметавме дека така е најдобро. За да добиете консензус во Собранието тоа значи многу непроспиени ноќи. Преговори со многу и со различни засегнати страни, политички партии, граѓански организации, стопански комори, синдикати... И добивме консензус. И сега, ако ЕУ не испорача, најверојатно владата ќе падне. Ако мора да одиме на предвремени избори, економијата ќе запре. Никој не инвестира во време на  подготовки на избори, за време на договарање на нова влада. Ќе изгубиме 6 месеци, а тоа е најскапоценото време за нас“ истакна премиерот Заев на прес конференцијата „Северна Македонија: Забрзување на реформите, забрзување на европската интеграција“ во Брисел.Иако е тоа најлошата опција, рече премиерот Заев, земјата ќе продолжи во оваа насока, односно во зајакнување на европската идеја и за засилување на интегративниот процес во ЕУ.На прашање на новинарите во Брисел дали предвремените избори во овој случај ќе донесат поголема политичка нестабилност и неизвесност во однос на европските реформи, како и дали тоа им дава повеќе простор на проруски и националистички партии, премиерот Заев рече дека ако има избори, граѓаните се тие што ќе одлучат.„Или ќе ја поддржат оваа прогресивна, проевропска опција, или оние што ги блокираат овие процеси и што некои ги нарекуваат проруски или националистички и радикални. Разочарувањето што ќе се случи меѓу нашите сограѓани доколку Европскиот Совет не даде позитивно мислење, ќе им даде надеж на овие вторите. На граѓаните кои поддржуваа национализам и радикализам, а тоа не е добро. Не е добро за земјата, не е добро за регионот.Тоа се опциите и тоа не загрижува. Без разлика на тоа што ќе се случи, ние направиме сѐ што можевме најдобро. Сакам нашите партнери (во ЕУ) да знаат дека чекавме 15 години и дека сега е сѐ можно“, рече Претседателот на Владата, Зоран Заев на прес-конференцијата, и додаде дека од одлуката на Европскиот Совет зависи и најавената реконструкција на владата, иако процесот е започнат со промени на  две третини од владата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Не може нашите пријатели од ЕУ да се виновни за криминалот и корупцијата на најнеспособната влада

Зоран Заев продолжува да ја срами Република Македонија каде што ќе стигне ризикувајќи да ги влоши односите кои ги имаме со меѓународните партнери. Не може нашите пријатели од ЕУ да се виновни за криминалот и корупцијата на најнеспособната влада до сега. Аболицираниот Зоран Заев е најодговорен затоа што Македонија има неуспешна економија, тоне во корупција и заостанува во сите реформи. Зоран Заев е најодговорниот затоа што имаме селективна правда и политички нарачани процеси, се вели во реакција на ВМРО ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.ВМРО ДПМНЕ смета дека Македонија и граѓаните не смеат да бидат казнети заради неспособноста на Зоран Заев со недоделување на датум за преговори.Република Македонија доби 10 позитивни препораки и заслужува да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Зоран Заев ќе загуби на следните избори без разлика кога тие ќе се одржат, а на место на криминалната, неодговорна, неспособна и расипничка влада ќе дојде ВМРО ДПМНЕ и влада која што ќе ги спроведе реформите, ќе ја крене економијата и ќе го подобри стандардот на граѓаните.Единствено што може Зоран Заев да направи за граѓаните е да си поднесе неотповиклива оставка и да ги спаси од агонијата во која што ги втурна овие две години, се вели во реакција на ВМРО ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

MEGA0887

Манчевски учествува на меѓународната конференција за сајбер безбедност во Охрид

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествува на меѓународната годишна конференција за сајбер безбедност што се одржува во Охрид. Дводневната конференција е во организација на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT и Агенцијата за електронски комуникации, со цел да се подобри соработката и размената на информации од областа на сајбер безбедност меѓу CIRT тимови од Југоисточна Европа, оператори на критична информациска инфраструктура, организации од јавниот и владиниот сектор, и меѓународни ИКТ компании.Во своето обраќање, министерот Манчевски посочи дека, да се биде земја домаќин на конференција за сајбер безбедност, е одличен пример за посветеноста на Северна Македонија за олеснување на регионалната и меѓународната соработка во однос на тоа прашање.  Според него, регионалната и меѓународната соработка е од суштинска важност и во таа насока, неопходна е меѓусебната размена на добри практики и искуства.„На прагот на НАТО и наскоро ЕУ, Република Северна Македонија станува се попривлечна цел за сајбер криминал. Секако, сајбер безбедноста стана еден од клучните приоритети за Владата на Република Северна Македонија. Комбинацијата на силна политичка волја и приоретизирање на изградбата на сајбер-безбедносните капацитети со поддршка од нашите стратешки партнери резултираа со значајни резултати во изминатата година. Оттогаш па натаму, безбедносниот пејзаж значително се промени“, истакна Манчевски, посочувајќи дека на чело на националната сајбер безбедност се Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти - МКД – ЦИРТ, а формирана е и Национална експертска група.Министерот Манчевски потенцираше дека на почетокот на 2018 година воспоставена е јасна и стратешка визија за градење на сајбер безбедносни капацитети во Северна Македонија, а во соработка со Светската банка и Универзитетот во Оксфорд, изработени се Националната стратегија за сајбер безбедноста и Акцискиот план 2018- 2022 година, со поддршка на меѓународни партнери и Европската комисија, преку процес на јавни консултации.„На национално ниво, ја препознавме потребата да инвестираме во опремувањето на нашите луѓе, работната сила во јавната администрација, но и на нашата индустрија со потребните вештини и капацитети, особено од тимот за одговор на компјутерски инциденти (МКД-ЦИРТ) како национално координативно тело за известување и управување со инциденти за сајбер безбедноста за властите и институциите од јавниот сектор. Со одличната соработка и поддршката од ЕК во областа на дигиталната политика, Северна Македонија формираше Научно-технолошки парк во Скопје и наскоро Регионален центар за обука и истражување на сајбер безбедноста“, истакна Манчевски.Според министерот Манчевски, предлогот за основање на Регионален Центар за обука и истражување на сајбер безбедноста во Скопје е изготвен и во тек е проценка на организациските и финансиските ресурси. Предложениот концепт за Регионалниот центар за обука и истражување на сајбер безбедноста ќе се вклопи во рамките на замислениот Технолошки парк и ќе покрива: Професионална обука - Центар за обука за службеници во јавната администрација и сопственици на критични инфраструктури на WB6, потоа Академски истражувања - академска соработка и заедничка соработка на WB6 истражувачи, како и Технолошки парк - да се стимулираат иновациите, претприемништвото и економскиот раст и да послужат како главен локален центар за стартап заедница на ИКТ и ИО во регионот.„Со оваа иницијатива, имаме за цел да ја поттикнеме соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор и пристапот до сајбер безбедност на ниво на ЕУ, фокусирајќи се на истражувања и иновации во областа на сајбер безбедноста. На овој начин, не само што ќе ги зајакнеме нашите национални сајбер-безбедносни капацитети туку и регионалните, охрабрувајќи ги младите претприемачи и технолошки ентузијасти да развијат и тестираат технологии за подобро да ги заштитат корисниците и инфраструктурите од сајбер закани“, рече Манчевски.Инаку, на конференцијата во Охрид учествуваат 70 странски и домашни експерти за сајбер безбедност, а меѓу темите на дискусија се: Улогата на CSIRT, постоечки модели на правни рамки, меѓународни искуства, важноста од размена на информации помеѓу секторите во регионот и на меѓународно ниво, студија на случај на сајбер напад итн.

Македонија | пред 6 години

eurokompozit

Сугарески се сретна со лицата на кои им е престанат работниот однос во Еурокомпозит – велат се сеуште се бара решение

Министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, како претставник на Владата на Република Северна Македонија, денеска оствари средба со претставници на синдикатот на индустрија, енергетика и рударство и претставници на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанијата „Еурокомпозит 11 Октомври“ од Прилеп и притоа ги ислуша нивните барања.Претседателот на Владата Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, во моментот се на службено патување во Брисел, каде присуствуваат на форум во организација на ЕБОР и поради тоа не беа во можност да се сретнат со нив.На оваа средба е предложено во понеделник, 10-ти јуни, да се одржи состанок во поширок состав, на којшто освен претставници на Владата, ќе присуствуваат и директорот и останатите раководни органи во „Еурокомпозит 11 Октомври“, претставници на здружението на лицата на коишто им престанал работниот однос во фабриката, претставници на синдикатот на вработените во компанијата, како и претставници од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на кој би се разгледале сите барања од сите засегнати страни, ќе се утврдат приоритети и ќе се пристапи на креирање на динамички план за реструктуирање на оваа компанија во државна сопственост.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Министерот Спасовски да не ја замајува јавноста со тоа кој пушта снимки, туку да каже кој ги дава снимките

Единствена Македонија го повикува министерот во МВР Оливер Спасовски да престане да ја замајува јавноста со ефтини пропагандистички трикови дека ги гони објавувачите на снимките со незкаонски прислушуваните разговори.Оливер Спасовски знае или би требало да знае дека во случајов со снимките кои секојдневно излегуваат по социјалните мрежи не е најбитно кој ги објавува, туку, суштествено е кој ги дава снимките на објавувачите.Да потсетиме, Единствена Македонија во соопштението од 30 мај информираше дека Зоран Заев влегува во опасна авантура за дневно-политички цели и интереси со тоа што снимките кои се пуштаат потекнуваат од Заев кој преку соработници на Службата за државна безбедност ги пушта по потреба во определно време и точно определена цел. Објавуваните снимки се најпервидна конструкција и направија на Службата за држабва безбедност со знаење на Зоран Заев со што излегува на виделина дека Заев своевремено задржал примерок од фајловите со нелегално прислушуваните разговори кои ги предаде на Специјалното обвинителство.Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека ќе даде одговор на овие прашања како врвна должност спрема македонската јавност, се вели во сооптението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

iskra

Малата Искра ја напушти болницата и конечно е дома

По 53 дена престој на Одделот за неонатална интензивна нега во болницата Систина, Малата Искра која ја напушти болницата и конечно е дома. Искра дојде на свет на 9 април со родилна тежина од 1060 грама. За жал, нејзината близначка Ведрана  со која беа предвреме родени почина.По 13 дена од нивното раѓање кај Ведрана настанало влошување на состојбата, по направени бројни иследувања се поставила дијагозна – вродена аномалија на дебелото црево и сомнение за Цистична фиброза.За Искра и Ведрана донираа многу граѓани од цела Македонија, а родителите се бескрајно благодарни за хуманоста.

Македонија | пред 6 години

krazba

Разбојништво во куќа, нападнат сопственикот и пренесен во Здравствен дом

На 04.06.2019 година околу 10.15 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во куќа на ул. „Св. Јоаким Осоговски“, три лица физички го нападнале и извршиле разбојништво над М.А.(64) и му одзеле пари.М.А. бил пренесен во Здравствен дом - Крива Паланка за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

UaYct-

Во автомобил на 19 годишно момче пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Н.(19) од село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстани и прекурзори “.На 27.09.2017 година во село Долна Бањица полициски службеници извршиле преглед на патничко возило,управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Во домот на стружанец пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.Ш.(28) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.08.2018 година во Струга полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Во месец мај 1531 сообраќајни прекршоци во тетовскиот регион

Во текот на минатиот месец ( мај ), во тетовскиот регион вкупно откриени и соодветно санкционирани се 1531 сообраќајни прекршоци, а биле контролирани 5584 учесници во сообраќајот, односно возила и возачи. Спроведувајќи ги одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, поради констатирани различни видови прекршоци, од сообраќај биле исклучени 108 возила. Најмногу од исклучените возила ( 101 ) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 7 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките.Во мај, исто така, од сообраќај се исклучени и 253 возачи, од кои 156 кои управувале без возачка дозвола, 14 со несоодветна категорија, 2 со важечка забрана, 73 возачи-почетници и 8 мотоциклисти кои не користеле заштитна кацига.

Македонија | пред 6 години

orce_kamcev_-_01-640x426

На Камчев му е вратен пасошот на шест месеци

Кривичниот суд наместо за период од 8 месеци да му се врати пасошот Камчев како што барал, му одобрил времен пасош за 6 месеци, поради службени патувања како член на управен одбор. Според соопштението, времениот пасош е издаден заради неoдложни службени патувања кои Камчев ги има како член на Управен одбор и задолжителна едукација, за што доставил и докази во прилог на барањето.Позитивно мислење судот добил и од СЈО и немал можност да изрече построга мерка за да го обезбеди неговото присуство. Дека Камчев добил времен пасош СЈО разбрало од телевизија во неделата, откако го виделе на финалето од ракометот Вардар – Веспрем во Келн.Камчев е осомничен во Империја, еден од најголемите предмети на СЈО кој се однесува на перење пари. 

пред 6 години

migranti-sudir

Судир меѓу мигрантите и полицијата во Велика Кладуша

Најмалку 20 лица се уапсени, а неколку од нив се повредени денеска во судирите што избувнаа во прифатилиштето за мигранти во Велика Кладуша.Како што пренесуваат локалните медиуми, во прифатниот центар дошло до тепачка во која учествувале најмалку стотина мигранти. Обезбедувањето задолжено за заштита на тој објект не можело да ги совлада насилниците и повикале полиција, која исто така била нападната со камења, шишиња и метални шипки.Во прифатниот центар „Мирал“ минатиот викенд избувна пожар во кој изгоре еден од сместувачките објекти, а инвентарот беше целосно уништен.На подрачјето на Велика Кладуша и Бихаќ престојуваат најголем број од мигрантите кои пристигнуваат во БиХ.Според безбедносните агенции, во земјата од почетокот на годината влегле повеќе од 7.000 мигранти. 

Свет | пред 6 години

1-20

Мајката на Пино, даде исказ во обвинителство: Очекувам доживотна казна и ќе се борам за доживотна казна

Мајката на убиениот Пинета Секондо денеска беше повикана на распит во скопското обвинителство. Во изјава за медиумите за можниот мотив таа рече дека не ја знае точната причина, но дека веројатно станува збор за љубомора.-Уште не разговаравме за мотивот, љубомора, не би знаела друго зошто, рече Трпковска.Очекувам доживотна казна и ќе се борам за доживотна казна, рече Трпковска.-И Ангела и тој што треба да го фатат, тие не треба да излезат од затвор, затоа што човечки ум, поготово на девојка од 22 години да убие свој другар и 6 месеци да си нема гајле, да си спие, да си шета, тоа е нечовек, монструм. 

пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ:Пратеникот Стевананџија да поднесе оставка, ја лаже јавноста, шири говор на омраза

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија ја излажа јавноста. Иако лажната вест на Стевананџија беше екпресно демантирана, тој не собра храброст да им се извини на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.Стевананџија треба да си подесе оставка затоа што ги лаже граѓаните и не е достоен за функцијата што ја извршува.Освен за лаги и ширење лажни вести, Стевананџија е постојано шири и говор на омраза а остана и симбол за непотизам. За потесетување, пратеникот се уште молчи за неговата одговорност за вработувањата на неговата сопруга, сестра, вујко и тетка.Пратениците треба да им служат на граѓаните а не да ги лажат. Пратениците треба да ги штитат граѓаните од говор на омраза а не да предизвикуваат говор на омраза.Стеванаџија не е достоен да биде на функцијата пратеник и треба да си поднесе оставка, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

2-2

Лицата со попреченост ќе се информираат за своите права

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа промоција на Конвенцијата на Обединети Нации за правата на лицата со попреченост која е достапна на Брајово писмо и во аудио формат. Настанот го организираше Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата, а говореа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претседавач на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски, претставници од Националниот  совет на инвалидски организации на Македонија и Здружението на слепи лица на Општина Велес.„Посебно се радувам што лицата со оштетен вид веќе имаат можност да се запознаат со содржината на Конвенцијата на Обединети Нации која ги гарантира правата на лицата со попреченост. Оваа Конвенција беше основата за подготовката на новиот Закон за социјална заштита со којшто ги унапредуваме правата на лицата со попреченост. За разлика од досегашната пракса, со која само се трансферираа пари до крајните корисници без притоа да добијат соодветна услуга, сега се става акцент на развојот на услугите кои ќе ја подобрат поддршката и негата , но и ќе ја зголемат независноста на лицата со попреченост и нивната вклученост во општеството, што е втемелено во одредбите на самата Конвенција“, рече министерката Царовска.Претседавачот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски истакна дека Конвенцијата на ОН освен што е важна за лицата со попреченост е подеднакво значајна и за Национално координативно тело, но и за Владата во целина, бидејќи таа е основата  за планирање на сета национална легислатива.„Само едуцирани, зајакнати и информирани граѓани за своите права можат да лобираат и да побараат реализација на правата зацртани во Конвенцијата. Нашата земја ја ратификуваше во 2011 година, но оваа година за прв пат истата се спроведува преку изготвувањето на Акцискиот план, согласно препораките од Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост. Изготвувањето на Конвенцијата во Брајово писмо и во аудио верзија, коешто беше иницијатива на здруженијата,  уште еднаш ни покажува дека организациите на лицата со попреченост имаат голема улога во процесот на зајакнување на своите членови, но и во давање на својот придонес за имплементација на мерките од Конвенцијата“, рече Додевски.Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост е печатена во 100 примероци на Брајово писмо и прилагодена во аудио формат во 300 примероци. 

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев: Можното одлагање на одлуката за датум за преговори, ако се пролонгира до септември, постои ризик да го изгубиме мнозинството во Собранието

Премиерот Зоран Заев од Брисел порача дека можното одлагање на одлуката за датум за преговори од страна на ЕУ ќе ја стави во опасност владата и може да ги врати националистичките сили на власт, јави дописничката на МИА од Брисел.Премиерот оваа изјава ја даде пред избрана група новинари од странските медиуми осврнувајќи се на гласањето во германскиот Парламент, од кое во голем дел зависи одредувањето на датумот за преговори од страна на ЕУ.За секоја одлука која се однесува на проширувањето на ЕУ, неопходно е претходно Бундестагот да даде зелено светло.Повторно одлагање, вели Заев, го зголемува ризикот за владата.-Бундестагот мора да испрати порака, ако не донесат одлука на седницата неделава, најверојатно имаат шанса за тоа на крајот на јуни, ако не го сторат тоа, тогаш останува за Советот на ЕУ во октомври, што значи дека Бундестагот би гласал во септември. И тогаш постои ризик да го изгубиме мнозинството во Собранието, затоа што навистина сѐ дадовме, рече премиерот Зоран Заев.-Тие мислат дека ако отворат преговори со Северна Македонија, ќе се создаде проблем ако се остави Албанија и дека тоа би можело да има влијание врз Косово, тие стравуваат од закани од мојот пријател Еди Рама, за можни промени на границите или спојување со Косово, но јас не верувам во тие работи затоа што тоа ќе значи назадување од најмалку десет години за Албанија ако направат такво нешто, никој не сака такво нешто да прави, порача македонскиот премиер пред странските медиуми.Текстот во целост на: fokus.mk 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во земјава дишеме пет пати позагаден од европскиот!?

Жителите на целиот Западен Балкан страдаат од намален животен век поради „алармантните нивоа загаденост на воздухот“, вели извештај на Обединетите нации, кој го пренесе Њујорк тајмс.Граѓаните на Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија се изложени на една од најголемите концентрации на загаден воздух во Европа, што е за пет пати поголема од националните и европските упатства на ЕУ, се вели во извештајoт  на Програмата за заштита на животната средина на организацијата на обединетите нации. Податоците се добиени од истражувањата спроведени во 18 градови во регионот во соработка со Светската здравствена организација и институции за оценка на квалитетот на воздухот.Секоја година на овој ден се организираат најразлични манифестации со цел да се привлече вниманието кон загадувањето на животната средина и за истакнувањена мерките кои ќе бидат преземени во правец на заштита на природниот живот и природните извори во светот.Појавата и развивањето на свеста за зачувување на човековата околина од загадувањето резултира со истражување,унапредување и користење на изворите на обновлива енергија. 

Македонија | пред 6 години

stas-2

ФОТО: Сташ Скубе во Словенија пречекан од најблиските облечени во дрес од Вардар

Сташ Скубе се врати во Словенија, а во неговиот роден град Требње, му беше организиран пречек и беше награден за освоената шампионска титула. Ова покажува дека се уште не стивнуваат реакциите по освојувањето на европската шампионска титула на ракометарите на Вардар.

Спорт | пред 6 години

skolo-4

Измени во Законот за основно образование, следната учебна година нема да заврши на 10 ти јуни

Нов Нацрт закон за основно образование кој до крајот на летово треба да помине во собраниската процедура. Од Министерството за образование децидни – сите пропуштени наставни денови немало да се одработуваат во сабота затоа што според нив ова, се покажало како непродуктивно. Од септември неработните денови ќе се одработат на крајот од учебната година.Министерот за образование Арбер Адеми на прес конференција, информираше за новините во Законот за основно образование, чија примена ќе започне од претстојниот септември.Минестерот кажа дека часови во сабота нема да има, Со закон да се регулираат неработните денови за време на зимскиот распуст на учениците, при што најмалку половина од траењето на зимскиот распуст на учениците се платени неработни денови за наставниците, Овие денови не се дел од годишниот одмор на наставникот и не се засметуваат во неговото траење. Се воведува нова надлежност на наставничкиот совет да дава мислење за распределба на часовите меѓу наставниците. Наместо досегашниот минимален број од 24 ученици, како минимален праг се утврдуваат 20 ученици. Бројот на ученици во паралелката може да се движи во распон од 20 до 30 ученици. Комбинирана паралелка може да има најмногу до 10 ученици. По исклучок, паралелка може да се формира и со најмалку 15 ученици, само за наставата по изборните предметиНовото законско решение не предвидува намалување на бројот на наставни денови. Сегашната состојба покажува дека нашите ученици до 14-годишна возраст добиваат над 900 часови помалку од нивните врсници во земјите членки на ОЕЦД, односно една и пол година образование помалку, истакна Адеми. Ова го истакна.Инаку, надлежните се уште немаат информации колку деца ќе останат дома поради забраната во училиште да се запишат оние кои не ја примиле МРП вакцината. Минатиот месец, во екот на уписите во основно училиште, надлежните дозволија училиштата да примаат пријави и на невакцинирани деца, но со обврска тие да се вакцинираат пред стартот на учебната година.

Македонија | пред 6 години

61816457_338936560358051_4416552262462078976_n

Започна потпишувањето на договорите за мерката за кофинансирање на трошоците за набавка на системи капка по капка

Од денеска започна потпишувањето на 43 –те договори за мерката за инвестиции во подземни системи за наводнување капка по капка, од Програмата за рурален развој. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи дека преку оваа мерка се овозможува кофинансирање на трошоците за набавка на различна опрема потребна за инсталирање на системите за наводнување капка по капка, но и услуги за изведување на градежни работи, инсталирање на опремата, како и за изработка на елаборати и техничка документација.„Финансиската поддршка се исплаќа по принципот на кофинансирање, на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот, и е во висина на 50 до 75 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции. Максималната сума која може да ја земе секое поединечно земјоделско стопанство изнесува 1,8 милиони денари за земјоделците кои аплицирале за систем за наводнување, додека за инвестиции во бунари максималната сума е 364 илјади денари. Наводнувањето е еден од главните услови за зголемено и конкурентно земјоделско производство. Токму затоа преку Програмата за рурален развој креираме мерки кои на земјоделците им овозможуваат инсталирање на ваков тип на системи за наводнување, што за нив ќе значи олеснување на производството и поголеми приноси“, изјави министерот Николовски.Конкретно, на лицата со коишто се склучуваат договорите им се покриваат дел од трошоците за набавка на опрема и приклучна опрема за системот за наводнување, приклучна механизација за поставување и собирање на системот капка по капка, опрема за електрична инсталација за снабдување со електрична енергија, агрегати, компјутерска опрема за функционирање, управување и контрола на системот за наводнување и се друго што е потребно за системот.Вкупно по основ на кофинансирање, за овие 43 баратели со кои се склучуваатдоговори, ќе се исплатат близу 20 милиони денари.Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, посочи дека на овој како и на останатите повици има и такви баратели на кои ставката на ко-финансирање се зголемува.„ Така, 55% се кофинансира во случај кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец, 60% во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство, 65% во подрачја со ограничени можности на земјоделско  производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец и 75% во недостапни рурални заедници. Одобрените и исплатени средства се неповратни при што корисникот не смее да ја отуѓи инвестицијата ко-финансирана од средствата на оваа Програма во рок од 5 години од денот на исплатата на средствата“, изјави Бабовски.Дел од земјоделците кои денеска потпишаа договори, изјавија дека со оваа мерка значително ќе им се олесни производството, ќе се намалат трошоците и ќе имаат поголеми приноси од земјоделските култури што ги произведуваат.Министерот Николовски потенцираше оваа мерка е само дел од политиките за создавање на услови за зголемување на наводнуваните земјоделски површини. 

Македонија | пред 6 години

1-6-1

Анѓушев и Тевдовски на форум на Европската банка за обнова и развој во Брисел

Делегација на Владата на Република Северна Македонија што ја сочинуваа заменик претседателот во владата задолжен за координација со економските ресори Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски, предводена од премиерот Заев, денеска учествуваше на форумот „Северна Македонија: Забрзување на реформите, забрзување на европската интеграција“, што во организација на Европската банка за обнова и развој и Центарот за европските политики, се одржа во Брисел.На дебатата, на која со свои излагања учествуваа и поранешниот амбасадор на ЕУ во нашата земја Ерван Фуере, Директорот на директоратот на Европската комисија за проширување Кристијан Даниелсон, и заменик директорот на ЕБОР за политики и партнерство Пјер Ејлброн, форумот беше истакнато дека Европската банка за обнова и развој е многу значаен партнер на Владата и дека е време е за создавање на подобра иднина за граѓаните, преку заедничка соработка, особено на економски план.Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на маргините на инвестицискиот форум во Брисел, во организација на Европската Банка за обнова и развој и Центарот за европски политики, во изјава за медиумите потенцираше дека постигнатиот политички успех на политички план е одлична база за поинтензивен економски раст и развој на Северна Македонија, што значи и подобар живот на граѓаните во земјата.Пред претставници на повеќе финансиски институции беа претставени инфраструктурни проекти за изградба на патна, железничка и енергетска инфраструктура, во насока на повисока конкурентност на земјата и за подобра регионална поврзаност, со што ќе се забрза економскиот раст и ќе се подобри стандардот на живеење на граѓаните.„Пред респектабилен собир на лица, кои се занимаваат со економската политика во рамките на  ЕУ, имавме можност да ги претставиме економските проекти важни за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, како и да ги презентираме бенефитите од тие проекти за земјата и регионот. Разговаравме за подобрување на регионалната соработка и подобро поврзување на нашата земја со другите земји во регионот, при што ги претставивме проектите од патната и железничката инфраструктура, енергетско поврзување, односно изградба на далекуводи и гасоводот кон Грција. Добро е што меѓународните финансиски институции покажуваат интерес во насока на финансирање на инфраструктурните проекти, дел преку грантовата шема за Западен Балкан, а дел од нив преку кредитирање. Презентиравме дека во нашата земја се отворени проекти за изградба на патна инфраструктура  во вредност од над 1 милијарда евра, а посочивме дека е интензивирана изградбата на железницата кон Бугарија. Финансиските институции покажаа интерес во делот на финансирање на железничката делница кон Албанија на релација Кичево-Лин, во смисла на енергетика, постои интерес за финансирање на интерконективниот гасовод со Грција, повеќе финансиски институции покажаа интерес за овие проекти. Дополнително разговаравме за можност на финансирање на автопатската делница Скопје-Блаце, за подобро поврзување и интензивирање на соработката помеѓу нашата земја и Република Косово“, нагласи во својата изјава вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев.Министерот за финансии во Владата на РСМ, Драган Тевдовски, во својата изјава за новинарите веднаш после одржувањето на форумот рече дека Северна Македонија креира европски систем на јавни финансии, преку спроведувањето на Стратегијата за управување со јавните финансии. Тој додаде дека јавниот долг е ставен под контрола, обезбедена е фискална транспарентност, нов европски закон за јавни набавки, и за релативно краток период од две години се направени реформи во јавните финансии кои Европската Комисија ги препознава.„Според последниот извештај на Европската Комисија, Владата го подобри управувањето со јавните финансии. Во извештајот јасно се потенцирани клучните реформи како пензиската и даночната реформа, потенцирана е и транспарентноста во јавните набавки, како и подобреното таргетирање на социјалните трансфери. Сето ова носи кон стабилен и квалитетен систем на јавни финансии“, истакна Министерот за финансии Драган Тевдовски, во својата изјава за медиумите по повод форумот „Северна Македонија:Забрзување на реформите, забрзување на европската интеграција“, што во организација на Европската Банка за Обнова и Развој и Центарот студии на европските политики, се одржа во Брисел.

Македонија | пред 6 години

slagana

Слаѓана Митовска: Критики од Европската Комисија и на полето за социјалната заштита и вработувањетo

Република Македонија, како и на сите останати полиња, така и на полето на социјалната заштита и вработувањетo бележи критики од Европската Комисија. Извештајот на Комисијата е доказ дека власта во изминативе две години нема направено ништо за подобрување на социјалната заштита, истакна Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.Европската Комисијата констатира дека државата е половично подготвена на полето на социјаната политика и вработувањето. Тоа значи дека се потребни уште многу мерки и реформи за да имаме било каков резултат. Наместопразни ветувања, власта треба да се насочи во она малку време кое и преостанува на реформи и подобрување на условите на сите полиња.Комисијата посочува дека недостасува поголемо финансирање на програмите за вработување и социјалните реформи.Во време на ВМРО-ДПМНЕ програмите за вработување беа посеопфатни и поголеми, што допринесе за разлика од сега да се вработат над 150.000 луѓе. Од ЕУ констатираат и тоа што ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг период го предупредува, а тоа е дека сиромаштијата останува и е сериозен проблем.Имено на ова поле според одредени истражувања над половина милион граѓани живеат на прагот на сиромаштија.На виделина излегува и неспособноста на функционерите на власта, кои наместо да ги менаџираат институциите со кои раководат си ги вработуваат роднините на места во јавната администрација. Имено Комисијата нотира дека соработката помеѓу институциите кои го спроведуваат законот за работни односи е многу слаба.Во целост овој извештај посочува на низа пропусти и неспособности на оваа власт во доменот на социјалата и вработувањето. Зоран Заев и Мила Царовска мора да понесат одговорност за ваквите состојби и треба да бидат први на удар на метлата, која мора да го исчисти СДСМ од власта истакна Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Македонија | пред 6 години

dimsa-1

Арсовски: Втор ден Заев молчи и не кажува дали Андреј Манев е гонет кривично за дела поврзани токму со секторот за кој што му е советник на премиерот

Втор ден Зоран Заев молчи и не и кажува на јавноста што го советува неговиот советник Андреј Манев за 40.000 денари месечен надомест?Втор ден Зоран Заев молчи и не кажува на граѓаните дали Андреј Манев е гонет кривично за дела поврзани токму со градежништвото и урбанизмот, практично секторот за кој што му е советник на актуелниот премиер Зоран Заев, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев треба да каже на граѓаните дали против Андреј Манев во 2012 година била покрената кривична постапка за градење, изведување на градба или вршење надзор без или спротивно на одобрение?Зоран Заев треба исто така да каже дали неговиот советник и во 2009 година бил дел од кривична постапка во која се гонел за злоупотреба на службената положба и овластување?Почитувани граѓани,Да го советуваат Заев експерти, Владата и државата ќе цвета, ама затоа што го советуваат криминалци, затоа и е таква оваа Влада на СДСМ. Обично народот вели со кој си таков си, а Заев околу него е опкружен со советници со сомнителен криминал.Да потсетиме дека сопругата на Манев е претседател на судот во Куманово каде не се постапува по предметот во кој Заев се товари за поткуп на избори.Зоран Заев е единствениот премиер кој има советници кои што се гонети кривично и нема намера да ги смени, а ги плаќа со народни пари. Народните пари се плаќаат на сомнителни советници на Заев и Република Македонија се уште тоне, дали можеби се работи за некакви дилови со нив не знаеме и за истото треба Зоран Заев да каже.Оваа Влада на СДСМ треба што побрзо да си одат и да ја ослободат државата од овој криминален кошмар, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања