Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

4

18 години од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре

Битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, беа тројцата воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре.Во нивна чест денес пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната посветен на загинатите бранители, цвеќе положија градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола, градоначалникот на Општина Новаци, семејствата на загинатите, политичките партии, припадници на АРМ и СВР Битола и други лица.„Одбележуваме 18 години од згаснувањето на три млади животи за нашата Македонија, за слободата и условите во кое ние денес живееме. Оддавањето помен значи дека мора да се сеќаваме на нив, но и на нивните семејства, на нивните потомци, кои не смееме да ги заборавиме“, рече градоначалничката Петровска.Во чест на загинатите бранители, во Спортската сала „Боро Чурлевски“ се одржа Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко, Благојче и Пеце 2001“.

Македонија | пред 6 години

Foto-3-1

Претседателот Пендаровски прими делегација на Академијата на науките и уметностите - МАНУ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија - МАНУ, предводена од претседателот Таки Фити.На средбата беа разменети мислења за состојбите во Република Северна Македонија, при што беше констатирано дека МАНУ има клучна улога во развојот на нашето општество, преку науката и научната мисла, негувањето и унапредувањето на уметностите.На средбата се разговараше за тековната работа на Академијата, како автономна институција и потребата од постојано инвестирање во науката, како клучен предуслов за одржлив општествен развој на Република Северна Македонија.Академик Таки Фити го запозна Претседателот со активностите на Академијата кои вклучуваат голем број научно-истражувачки проекти и учество на домашни и меѓународни конференции.Претседателот Пендаровски истакна дека е неопходно државата континуирано да ја консултира Академијата на науките и уметностите, за сите суштински прашања од политичката, економската, социјалната и културната област.Делегацијата на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ му го честиташе стапувањето на функцијата на претседателот Пендаровски и изрази подготвеност за натамошна соработка во интерес на граѓаните и на државата.  

Македонија | пред 6 години

antonio_govornica

Милошоски не и поќуте на Јанева: Обвинител не може да биде со шестки

Откако денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека Антонио Милошоски многу се занесува со изјавите, тој реагира за радио Слободна Европа.- „Сите политички релевантни субјекти, коишто сакаат обвинителството да има поквалитетни кадри, се согласуваат дека во иднина, секој следен обвинител, посебно специјален јавен обвинител, којшто би бил дел од државното обвинителство, треба да има повисок просек од Правниот факултет и останувам на тоа мое мислење, коешто ценам дека ќе го подобри квалитетот на работата на обвинителството“, вели Милошоски за Радио Слободна Европа. 

Македонија | пред 6 години

poplava-srbija

(ВИДЕО) Поплави во Србија, вонредна состојба во 12 општини

Централна и јужна Србија беше зафатена со обилни дождови кои предизвикаа излевање на речните корита и поплави. Во 12 општини е прогласена вонредна состојба, каде што се излеани реките и поплавени голем број села. Спасувачките екипи и тимовите за вонредни состојби се на терен, а на некои места е ангажирана и армијата.Како што пренесуваат локалните медиуми, голема штета има во Краљево, каде што се поплавени околу 400 куќи и објекти, оштетени се или целосно уништени 16 мостови, прекинат е сообраќајот на 20 патни правци.Метеоролозите објаснуваат дека за една ноќ паднало дожд колку што вообичаено паѓа за еден месец. 

Свет | пред 6 години

katica-janeva

Јанева: Не може за СЈО да преговара Антонио Милошоски, за него има предмет во предистрага

На новинарско прашање за тоа што ќе прави СЈО со оглед на тоа што рокот истекува во септември, а се уште не е донесен новито закон за СЈО, специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека за многу краоток период ќе биде донесен новиот закон и нивната работа ќе продолжи.„Не очекувам големи проблеми со новиот закон, тука е членот 105. Јас мислам дека и меѓународната заедница дава јасни насоки како и позицијата, освен опозицијата која е лично засегната. Во овој случај дава отпор, но мислам дека и тоа ќе се надмине. Не може да преговара лице кое веќе има предмет во предистрага и во истрага и дава квалификации за СЈО, за мојата личност, или за било кое прашање порзано со СЈО. Тука мислам на Антонио Милошоски кој многу се занесува во своите изјави“, рече Катица Јанева. 

пред 6 години

1-2-1

Заев со нашата дијаспора во Брисел: Се што правиме е за сегашните и идните генерации

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на покана на шефицата на Мисијата на Република Северна Македонија при ЕУ во Брисел, амбасадорката Агнеза Руси, беше гостин на средбата со претставници на дијаспората на нашата земја во Белгија, кои се главно ангажирани како професионалци во европските институциите во Брисел, или се вклучени во бизнис средината на оваа земја.Премиерот Заев на средбата се заблагодари на поддршката што доаѓа од професионалците од Северна Македонија кои работат и живеат во Белгија и во институциите на ЕУ и ги запозна со најновите активности од процесот за европската интеграција на нашата земја, како и за пораките што Владата на РСМ ги прими од челниците на Европската комисија.„Ние сме проевропска владата, и сите политички процеси што ги отпочнавме, реформите дома и договорите со нашите соседи, пред сѐ со Република Бугарија и со Република Грција се крунисани со најдобар извештај за напредокот на нашата земја во европските интеграции. Вие, како Европејци кои својот професионален живот го поминувате тука, најдобро знаете какви се придобивките од членството во ЕУ. Сето ова се прави за сегашните и за идните генерации, а резултатите што ги остваруваме од економските мерки покажуваат дека сме на вистинскиот пат. Да ја обезбедиме сигурната европска иднина на нашата земја, и да обезбедиме сигурна и просперитетна држава, со доволно причини да ги задржиме младите и да вратиме дел од оние што си заминаа“, истакна премиерот Заев на средбата со претставниците на нашата дијаспора во Брисел.Претседателот на Владата на РСМ Заев на средбата го пренесе оптимизмот што непосредно пред средбата со претставниците на дијаспората, преовладуваше од неговите средби со претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, и изрази надеж дека овој оптимизам ќе се преточи во одлука за старт на преговорите по поглавја за Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

miladinovci-stip

Пуштен во употреба новиот автопат Миладиновци- Штип

Новиот автопат Миладиновци – Штип, започнат да се гради во 2014 година, денеска е пуштен за сообраќај во двата правци. Делницата е долга 47 километри, а со неа патувањето до Штип се крати за половина час.Од денеска од Скопје до Штип ќе се стигнува за само половина час, АМСМ информира дека, од денеска 5 јуни 2019 година, автопатот Миладиновци-Свети Николе – Штип е пуштен за сообраќај во двата правци.АМСМ апелира до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.Наедно АМСМ упатува благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница. 

Македонија | пред 6 години

Civil

ЦИВИЛ нема да отстапи ни милиметар од барањата да се стави крај за расипништвото

Трибината КРАЈ ЗА РАСИПНИШТВОТО (#КрајЗаРасипништвото) во организација на ЦИВИЛ, ќе се одржи денеска (среда, 5 јуни) во клубот Менада во Стара Чаршија, со почеток во 17 часот. Поканети се сите заинтересирани граѓанки и граѓани, медиуми, политичари и функционери. За трибината нема посебни покани и протокол, туку самото соопштение може да се смета како отворена покана за сите заинтересирани да учествуваат на трибината.Во воведниот дел од трибината, претставниците на ЦИВИЛ ќе презентираат барањата на организацијата, како и на дел од стотиците пораки, предлози и ставови на граѓанките и граѓаните за оваа тема. По воведот, се очекува учесниците на трибината да ги искажат своите ставови и да предложат решенија врз чија основа ќе се води иницијативата во иднина.„Ова е голема и сериозна иницијатива што веќе во првиот час по првото соопштение доби широка и искрена поддршка. Заедно со граѓанките и граѓаните, ќе ставиме крај за расипништвото во нашата земја. Тоа расипништво е озаконето во парламентот, затоа бараме тоа и да се стави вон законот токму во парламентот. Генерации и генерации политичари креираа закони со кои им се даваат привилегии на функционерите, избрани и именувани, на локално и државно ниво, креираа закони според кои стана нормално и законски дозволено јавното добро да биде злоупотребувано и ограбено. Функционерите треба да знаат дека привилегија треба да им биде тоа што им служат на граѓанките и граѓаните на Северна Македонија, а не да грабаат функции, за да се збогатат како султани! Ние, заедно со граѓанките и граѓаните, ќе му ставиме крај на тоа расипништво!“ - изјави Џабир Дерала на почетокот на денот на кој се одржува трибината КРАЈ ЗА РАСИПНИШТВОТО.Иницијативата започна со соопштение на ЦИВИЛ на 14 мај, за потоа, организацијата, во присуство на голем број медиуми да достави барања до парламентот на 17 мај, во пет минути до 12 часот. Неколку политичари ја дадоа својата поддршка веднаш и во деновите по почетокот на иницијативата, иако не сите го споменаа името на ЦИВИЛ, организацијата што ја поведе иницијативата.„Поддршка од граѓанките и граѓаните, како и од медиумите имаме. Ја очекуваме поддршката од сите совесни политичари. Воедно, во името на ЦИВИЛ и на сите што овие денови ни испраќаат пораки и предлози, ветувам дека нема да дозволиме оваа иницијатива да биде киднапирана, а нејзината острица затапена. Нема да отстапиме ни милиметар од нашите барања. Ќе одиме докрај!“ - вели Дерала во својата изјава за медиумите.За тие што не можат да дојдат на трибината, тимот на ЦИВИЛ ќе биде во клубот Менада од 12 часот, па натаму, за да ги прими и архивира или да сними изјави од сите што имаат идеја како да придонесат кон оваа иницијатива. Воедно, ќе биде обезбеден и пренос во живо на Фејсбук страницата, како и на Јутуб видео каналот на ЦИВИЛ. Еден дел од екипата ќе ја следи активноста на социјалните медиуми, коментарите и предлозите што ќе пристигнуваат во текот на денот, а дел од нив ќе ги презентира и на самиот настан. Хаштагот на иницијативата е #КрајЗаРасипништвото (#FundShpërdorimit, #EndProfligacy). 

Македонија | пред 6 години

martin-popovski

(ВИДЕО) Ракометарот на Вардар - Поповски насади дрво во Аеродром

Третиот предизвикан спортист од серијалот „Спортисти садат дрвја во Аеродром“ под мотото „Еден за сите, сите за дрво“ е ракометарот на Вардар, Мартин Поповски, а дрвото го донираше фирмата „Ми-Да Гранд Моторс“. Идејата е да се поттикнат и други компании на општествена одговорност, кои ќе имаат задача да донираат дрвја.Инаку, прв предизвикан спортист што засади дрво во близина на детската градинка „Лале“ беше ракометарот Столе Стоилов.Предизвикот и садењето се претставени во шоу-емисијата што се објавува на порталот „Конкуренција.мк“.

Скопје | пред 6 години

velosiped

Управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот, пренесен во болница

На 04.06.2019 во 10.30 часот на локалниот пат град Скопје-Милениумски крст Водно, во близина на детското одморалиште, А.С.(26) од с.Виничани, градско, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот.А.С. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

30 годишен кумановец со мотор излетал од патот, со тешки повреди пренесен во „Мајка Тереза“

На 04.06.2019 во 17.30 часот на локалниот пат с.Клечовце-с.Стрезовце, на место викано „Калиште“, општина Старо Нагоричане, мопед „Јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.К.(30) од Куманово, излетал од патот и се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во болницата во Куманово бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

policija-3

Полицијата во Струмица и Гевгелија затена 21 прекршок во сообраќајот и издаде платни налози

На 04.06.2019 во периодот од 11.00 до 17.00 часот на подрачјата на полициските станици Струмица и Гевгелија е спроведена акциска контрола со цел откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од пропишаната. При контролата констатирани се 21 прекршок, за кои се издадени прекршочни платни налози.

Македонија | пред 6 години

policija-1

СВР Битола „лови“ несовесни возачи

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 04 јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.Притоа, контролирани се 347 возачи, од кои шест возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле три возила, брзината ја надминале 12 возачи и еден возач не користел сигурносен појас.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Низа сообраќајни прекршувања по скопските сообраќајници

Во текот на изминатите денови (03 и 04.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 18 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престигнување, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатите денови издадени се 52 мандатни платни налози и 35 возила се подигнати со специјално возило пајак.Изминатите денови се случиле 21 сообраќајна незгода во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 14 лица со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

rampa

(ФОТО) Уште не поставена рампата, подлогата кај Масокастро искршена

Уште не поставена рампата, подлогата за рампа кај Масокастро искршена. Масокстрани се побунаа на новата одлука на локаната да се „заклучува“ влезот во овој дел на Охрид.Подлогата беше поставена на 31 мај, и еве не го дочека шестото утро.Инаку со рампа и за влез во Месокстро, се затвораат сите премини за автомобили за стариот дел на Охрид. Минатата година се поставија рампи пред Горна Порта, но жителите на Охрид, но и познавачите на стариот дел го користеа влезот кај Месокастро, за да дојдат до саканата дестинација во Стариот дел. Целта на локалната е со рампите да се регулира сообраќајот во Стариот дел но, потсетуваме дека наместо „фала“, од старите охриѓани добија искршени рампи, по што беше поставен и систем за снимање.Инаку согласно летниот режим на сообраќај, забраната за движење на возила во стариот дел од градот,  минатата година освен за жителите од овој дел на Охрид, важеше и секој ден од 20 часот до 5 часот наутро. Сите специјални возила, Итната помош, Противпожарната служба и Полицијата, имаат картички за влегување во стариот дел од градот. Картичката не може да се користи додека возилото, кое преку рампата влегло во стариот дел од градот, не излезе. 

Македонија | пред 6 години

mlad-par-fidhi

(ВИДЕО) Мистериозна смрт на пар од Тексас, отишле на одмор на Фиџи , но никогаш не се вратиле

Двојка од Тексас отишол на одмор на островот Фиџи , но одморот завршил кога и двајцата починале од мистериозна болест. Дејвид и Мишел Пол од Форт Ворт во Тексас се разболеле кога стигнале на тропскиот остров Фиџи кон крајот на минатиот месец.Потполно нејасна и мистериозна трагедија. Дејвид и Мишел Пол од Тексас, потполно здрави млади родители, отишле на летување од соништата, но од него никогаш не се вратиле.Помеѓу 22. и 25. мај ненадејно се разболеле и го повикале семејството за да им соопштат дека се во многу лоша здравствена состојба, пренесува  Daily Mail.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Новиот предлог закон во Германија ќе овозможи полесно вработување

Новиот предлог закон кој треба да биде донесен оваа недела, а  кој се  подготвува во германската владата повеќе од пет месеци, е владин одговор на долгогодишните поплаки од бизнис заедницата која е загрижена поради недостатокот на квалификувани ИТ-специјалисти и инженери во Германија, како и недостаток во бројни стручни професии. На остареното германско население итно му се потребни медицински персонал и негуватели.Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер го претстави предлогот како „историска пресвртна точка“ кој определува јасни критериуми за доаѓање и работа во Германија.Една од клучните точки на законот е укинувањето на членот според кој за секое работно место во земјата предност прво имаа државјани на Германија и на ЕУ.Законот ќе им олесни на имигрантите со стручно образование да се доселат во Германија. Досега, германскиот систем ги фаворизираше оние со академски квалификации.

Свет | пред 6 години

kumanovec

Кумановец доби највисоки признанија за храброст во Баварија - спасил човек од сигурна смрт

Кумановец кој живее и работи во Минхен, Германија, награден е со највисоки признанија за храброст во сојузната покраина Баварија, затоа што спасил човек од сигурна смрт. Роберт Пешиќ (38), кој работи како медицинско лице во локална патронажна служба, на раце го изнел Германецот Кристијан додека во неговиот стан беснеел голем пожар, објави sdk.mk.За овој исклучителен подвиг Роберт е награден со две највисоки државни признанија за храброст, лично од премиерот на Баварија Маркус Содер.Текстот во целост на: sdk.mk

Македонија | пред 6 години

patarina1

Ќе никнат нови патарини на македонските автопати, а старите ќе добијат нови цени

Нови патарини ќе никнат на македонските автопати, а се корегираат и цените на веќепостоечките патарини. Владата донесе одлука да се изградат две нови патарини на автопатот Миладиновци - Штип кој уште не е пуштен во употреба, и уште една нова патарина на автопатот Демир Капија - Смоквица.Владата иако веќе има  одлучено колку  ќе чинат, не ја отркива нивната цена. Се знае само дека освен новите давачки, промена ќе има и во цените на постоечките патарини.Оваа одлука се донесува заради воведување на наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе, и Свети Николе – Штип, како и заради можноста за електронска наплата на патарината со електронски безконтактни смарт картици, и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање, се вели во дописот од Влада.

Македонија | пред 6 години

cipras

Ципрас потврди, парламентарни избори на 7 јули

Грчкиот премиер Алексис Ципрас потврди дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 7 јули по поразот на неговата левичарска партија Сириза на локалните и на изборите за Европскиот парлмент.Ципарс во интервју за ЕРТ телевизија изјави дека в понеделник ќе отиде кај грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за да побара избори.„Резултатите од евроизборите ни испратија порака за разочараноста на граѓаните. Наша грешка е што не бевме свесни за заморот на грчкиот народ“, рече Ципрас кој на власт дојде во јануари 2015 година.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Две години во Република Македонија не е изграден ниту еден метар нов пат

Градбата на нова инфраструктура е замрена. Нема проекти, нема инвестиции. Најголем потфат во областа на инфраструктурата на оваа власт беше играње чочек во тунел на автопат изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев и СДСМ излажаа кога на изборите во 2016 година ветуваа дека ќе изградат 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Власта не само што не изгради ништо ново, туку и тоа кое што требаше да го пуштат во употреба останато од времето на ВМРО-ДПМНЕ не е пуштено во употреба, па така готовиот автопат Миладиновци - Штип со месеци е вон употреба од причини кои само Зоран Заев ги знае.Иако капитални инвестиции нема, власта сепак без престан се задолжува. Каде отидоа над половина милијарда евра од нови задолжувања, а притоа ништо не е изградено е прашање на кое Зоран Заев и неговите министри ќе треба да им го одговорат на граѓаните, а и на институциите на систем кога ќе завладее правото во Република Македонија.Најавуваа градежен бум, а не направија ништо. Владеењето на Зоран Заев ќе остане запаметено како време во кое ништо не е направено, градежните работи на инфраструктурата запреле, инвестиции немало , а граѓаните се повеќе се решавале да ја напуштат државата. Колку побргу владеењето на Заев стане минато, толку подобро за државата и граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Времето денеска променливо облачно и нестабилно, попладне дожд и грмежи

Времето денеска променливо облачно и нестабилно, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.За утре метеоролозите најавуваат сончево со умерена облачност, попладне со краткотраен локален дожд и ретки грмежи.Разврдрување се очекува од петок.

Македонија | пред 6 години

ubien-politicar

(Видео) Влијателен германски политичар пронајден мртов во својата градина - Опсадната состојба во Германија, се бара убиецот

Опсадната состојба во Германија поради убиството на политичарот Вернер Либке кој вчера беше пронајден со прострелна рана на главата, се уште трае.Убиениот политичар од владејачката Хриистијанско – демократска партија , се залагал за правата на мигрантите.  Либке бил на удар на десничарските радикални кругови поради неговите ставови во врска со мигрантите. Полицијата потврди дека тој бил убиен пред неговата куќа во градот Касел со малокалибарско оружје од близу.Смртта на 65 – годишниот Либке ,кој како локален политичар на висока функција посредувал меѓу општините и градовите , како и со сојузната покраина Хесен , ги потресе жителите на  мирното гратче Касел.Вчера германската полиција се сомневаше дека можеби станува збор и за самоубиство , но сега има доволно докази дека политичарот е убиен од непосредна близина.

Свет | пред 6 години

kokain-portugalija

Португалската полиција заплени повеќе од еден тон кокаин

Португалската полиција заплени повеќе од еден тон кокаин во вредност од околу 49 милиони долари и уапси седум лица на бразилски рибарски брод на отворено море во близина на Португалија. Акцијата била помогната од поголем број меѓународни агенции.На бродот полицијата пронашла 50 вреќи со кокаин наменет за пазарот во континентална Европа. Сите уапсени се странски државјани на возраст од 36 до 64 години.Акцијата  се извела под шифра „Бел песок“.

Свет | пред 6 години

gubre-6

(ФОТО) Вардар донесе триумф, навивачите направија депонија на плоштадот

Илјадници навивачи на Вардар по заминувањето од прославата на плоштадот оставија купишта отпад. Расфрлни шишиња, лушпи од семки, опаковки од храна е само дел од она што можеше да се забележи откако плоштадот се испразни.Секоја чест и респект за сите кои со саати ги чекаа шампионите, но сепак  ова е доказ дека треба уште долго да поработиме на еколошката свест.На ваквата слика од плоштадот во Скопје се реагираше на социјалните мрежи бидејќи како што се пишува, не е културно и е срамно свечениот дочек и триумфот да заврши на ваков начин.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања