Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

F4F_Luka-Janevski_Best-Goalkeeper_2019

Младиот фудбалер Лука Јаневски со признание – најдобар голман во рамки на интернационалниот проект “Фудбал за пријателство“

Интернационалниот камп на “Фудбал за Пријателство“ кој се одржа во Мадрид донесе нови пријателства и многу успеси за Македонските претставници. Финалните   активности   од  седмата   сезона   на Интернационалната   општествено   одговорна   програма   “Фудбал   за   Пријателство“,  под покровителство на компанијата Гаспром,  изминатата недела се одржаа во  Мадрид. Во рамки на   овој   проект   учество  заземаа  македонските   претставници,  Младите   Амбасадори  Милош Спасовски,  Борјан   Томовски,  Лука   Јаневски  -  млади   фудбалери  од   подмладокот   на  ФК „Вардар“ и Калина Василевска - Млада Новинарка.Централен настан на финалните активности на проектот беше Светското првенство во Фудбал за Пријателство, во чии рамки оваа година учествуваа 32 меѓународни тимови на пријателство. Секој од тимовите обедини 12-годишни деца од различни националности.Македонските фудбалски претставници беа дел од различни тимови во рамки на овој проект. Младиот  голман   од подмладокот   на  ФК   “Вардар“   Лука   Јаневски  со својот тим “Тасмански Ѓаволи“ беше дел од финалето на Светското Првенство во Фудбал за Пријателство. Лука Јаневски бранеше извонредно, шутираше и пенал и постигна гол, и заслужено го понесе признанието за Најдобар Голман во рамки на овогодинешното Светско Првенство во Фудбал за Пријателство.На   финалето   на   Светското   првенство   во   Фудбал   за   Пријателство,   покрај   претставници   на компанијата "Гаспром", присуствуваа и ѕвездите на фудбалот како  Роберто Карлос  и  Марко Матераци, како и амбасадорите на УЕФА, Селија Сасиќ и Рикардо Карваљо."Програмата Фудбал за пријателство спроведува важна мисија - промовирање на концептот за еднаквост на сите култури помеѓу децата. Ако нашите деца научат да се дружат, да ги третираат   сите   со   почит   и   да   заборават   на   разликите,   тие   ќе   можат   да   изградат подобра иднина." - изјави легендата на бразилскиот национален тим и Реал Мадрид, победник на Светскиот куп и трократен победник во Лигата на Шампионите, Роберто Карлос. Како   дел   од   финалните   активности,   учесниците   на   седмата   сезона   на   проектот   Фудбал   за Пријателство учествуваа во фудбалски тренинг со најмногу националности во светот. Во рамки на овој тренинг беше вклучен и Милош Спасовски, фудбалер од подмладокот на ФК “Вардар“.На крајот на тренингот, проектот доби официјален сертификат “GUINNESS WORLD RECORDS®“.  Младите учесници во овогодинешната седма сезона на проектот гласаа и го одбраа добитникот на Купот на 9 Вредности – Фудбалскиот Клуб Ливерпул. Купот е награда која секоја година се  доделува во рамки на проектот Фудбал за Пријателство на најодговорниот и најопштествено  одговорниот фудбалски клуб за тековната сезона. Оваа година децата избира помеѓу клубовите  кои играа во Лигата на Шампиони 2019, а победникот беше определен непосредно по финалниот  натпревар на Светското првенство во Фудбал за Пријателство, кој се одржа на плоштадот Плаза  Мајор.За крај на овогодинешната сезона, учесниците во проектот го проследија Финалниот натпревар од Лигата на Шампионите кој се одржа на стадионот “Ванда Метрополитано“ во Мадрид. 

Спорт | пред 6 години

vakcini-novi

Врxовниот cуд на пpавдата на Европската унија донесе пpеcyдa дека некои вакцини предизвиkаат болеcт кај луѓето

Врxовниот cуд на пpавдата на Европската унија донесе пpеcyдa со која потвpдува дека постои веројатност некои вакцини да предизвиkаат болеcт кај луѓето кои ги примаат.Ова запpепастувачко признание на Европскиот cyд на правдата конкретно наведува дека вакцините „не ја обeзбедуваат cигyрностa што луѓето имаат право да очекуваат“.Оваа пресуда е лошa вест за европската фармаkолошка индустрија. Докази за поврзаност меѓу вакцината и болеcта има бидејќи поединци се почесто зaболуваат од  многуте специфични болести кои се наведени во упатството на вакцините.Инаку веќе подолг период во Италија има маcовни протести на улиците преку кои граѓаните се обидуваат да се избopат пpотив инвaзијaта на фармацевстката индустрија.

Македонија | пред 6 години

tramp-kaj-kralicata

(ВИДЕО) Скапа кралска вечера, но Трамп задрема

Британската кралица Елизабета Втора  приреди раскошна трпеза во Бекингемската палата во често на првата државничка посета на американскиот претседател Доналд Трамп и  На вечерата имало 170 гости.Но,  додека кралицата го држеше својот говор претседателот на Америка задрема.https://twitter.com/KateDanby2/status/1135637918737993730?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1135637918737993730&ref_url=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2Farticles%2F378294%2Fkralska-gozba-tramp-zadrema-na-masata-mej-go-pokazha-dekolteto-videoПокрај дремаката американскиот претседател не вкусил ниедно од вината затоа што воопшто не пие алкохол и покрај тоа што на понудата имало вино кое чини околу 1.600 евра.Трамп  за време на вечерата ја потчукнувал кралицата по грбот , што е строго забрането со протоколот.Покрај Трамп, а вечерата изненадила и премиерката во оставка , Тереза Меј , која се појави во црн фустан со длабоко деколте.За време на посетата на Трамп илјадници луѓе излегоја на протести против неговата службена посета, под мотото Заедно против Трамп. Целта е да покажат дека граѓаните се противат на неговата политика на раздвојување, омраза и суета.На протестот во близина на зградата на парламентот во Лондон, беше кренат и балон висок шест метри кој го претставува претседателот на САД Доналд Трамп како бебе. 

Свет | пред 6 години

3

Заев на прес со Јункер и Хан: Европската комисија ја смести Северна Македонија и нејзиниот успех, на листата на најголемите достигнувања на Е У

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска ја започна дводневната работна посета на Брисел. Премиерот Заев денеска оствари средба со Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер после што одржаа и заедничка прес конференција на која учествуваше и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.Премиерот Заев констатираше дека минатата недела Северна Македонија го доби најпозитивниот извештај до сега откако сме држава кандидатка за членство, со чиста и безусловна препорака на Европската комисија за почеток на преговорите за членство.„Денеска на средбата со претседателот Јункер и комесарот Хан дознавме дека Европската комисија во известувањето за изминатиот петгодишен мандат ја смести Северна Македонија и нејзиниот успех, на листата на 20 најголеми достигнувања на Европската унија во овој период. Тоа е за нас огромно признание и уште поголем поттик“, соопшти премиерот Заев на прес конференцијата и додаде дека за 12 месеци, земјата ги заврши реформите во целост, темелно ги имплементира Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија.Премиерот Заев рече дека земјата е пример за соработка и пријателство во регионот, а на внатрешен план општество што покажува политичка зрелост и европски манири.„Целосно сме подготвени за почеток на преговорите. Сега, на потег се државите членки и институциите на Европската унија. На потег е Европа да покаже дека стои на зборот. Тој потег треба да биде јасен и исклучиво врз основа на нашите заслуги, а во интерес на развојот на Унијата и во интерес на перспективите на целиот наш регион“, нагласи премиерот Заев.Заев истакна дека Европа е силна и уникатна бидејќи секогаш знаела да води ивнатрешни реформи, и политика на проширување.„Во исто време, отворањето на преговорите за нашето пристапување во ЕУ е единствената гаранција за одржување на домашната стабилност, и за одржување на реформскиот импулс во Северна Македонија, со позитивни ефекти за целиот регион на Западен Балкан“, потенцираше премиерот Заев и во завршницата на прес конференцијата изрази голема благодарност на Претседателот Јункер и на комесарот Хан за нивниот личен ангажман и голема поддршка за Северна Македонија во текот на неговиот досегашен мандат како докажани пријатели и поддржувачи на нашата држава.Во својот дел од обраќањето на прес конференцијата заедно со премиерот Заев и комесарот Хан, Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер му честиташе на Претседателот на Владата на РСМ и на целата држава за историските чекори преземени во претходните две години и нагласи дела земјата е светол пример во регионот и пошироко.Јункер истакна дека Северна Македонија е подготвена за следниот чекор, за отворање на преговорите и дека тој ќе ја брани земјата и овој став секогаш. (ДПЛ) Претседателот на ЕК, Јункер, во одговор на новинарско прашање околу очекувањата дали земјава ќе добиде датум за преговори со ЕУ, рече дека Комисијата дала свој предлог наведувајќи дека сега на ред е Советот на министри да донесе одлука за започнување на преговорите.Интенција, намера на Комисијата е да направи се, дефинитивна одлука да биде донесена ова лето, рече Јункер.

Македонија | пред 6 години

Slika

Делегација на ВМРО—ДПМНЕ оствари средба со Генералниот Секретар на Европската народна партија

Делегација на ВМРО—ДПМНЕ оствари средба со Генералниот Секретар на Европската народна партија, Антонио Лопез Истуриз. На средбата соговорниците се осврнаа на резултатите од Претседателските избори и на идните стратешки приоритети на Партијата како и поддршката на ЕНП во таа насока. Взаемно беше заклучено дека одличниот резултат треба да претставува стимул за следните парламентарни избори. Лопез Истуриз беше информиран и за бројните злоупотреби кои се случија помеѓу првиот и вториот круг на гласање.Соговорнците се согласија дека е потребно да се продолжи со создавање на цврста рамка за понатамошно партиско надградување, и тоа примарно изработка на нова програма која ќе даде одговор на бројните предузвици и проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Се разговараше за ангажирање на врвни експерти од сите области кои би ги имала програмата, а се разменија и позитивни искуства од сестринските партии на ЕНП. Лопез Истуриз ја потврди силната и недвосмислена поддршката на ЕНП за ВМРО—ДПМНЕ во тие процеси.

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

Ел Чека испрати ултиматум до Заев, но и закани

Кичевецот со псевдоним Ел Чека, му се закани на премиерот Заев. Со статус на фејсбук бара од претседателот на владата да внимава на затворениците од случајот „Диво Насеље“ бидејќи имал сознанија дека нешто им се подготвува.Статус ФБ- ЕЛ Чека: Тој ми рече дека не треба да ја користат храната што им е дадена во затворот и да не излезегуваат од нивните ќелии, туку да бидат обединети, бидејќи нешто се подготвува против нив! Зоран Заев мора да знае дека ако нешто се случи нека ја заборави приказната на Заеви, Алиевци и сите нивни соработници! - напиша Ел Чека.Чека испрати и ултиматум до Заев да отвори меѓународна истрага за кумановските настани во рок од 62 дена или во спротивно ќе го објавел разговорот за како што пишува, монтираниот случај „Сопот“.Во меѓувреме Ел Чека објави нови снимени разговори.. Во петте бомби, тврди дека се слуша гласот на Али Ахмети и останати високи функционери на ДУИ. Најави дека ќе има и други разговори а ќе ги објавува во утринските часови..На двата профили на социјалната мрежа Фејсбук на кичевецот Шеќерим неколку дена беше мирно, по барање на МВР оваа социјална мрежа ги брише нелегалните разговори.По пријавата на МВР, на ред е кичевското обивнителство. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пукање во Козле: Не им дозволувал да ја поминат улицата, па извадил пиштол

На 04.06.2019 година во 00,25 часот во СВР Скопје Ф.Ш.(38) и неговиот брат Р.Ш. (36) од Скопје пријавиле дека на улицата „Козле-1“ нивниот сосед Ќ.Р.(56) по претходна вербална расправија, поради тоа што не им дозволувал да поминуваат преку улицата за да стигнат до нивниот плац, извадил пиштол и во воздух испукал неколку куршуми.Повредени лица нема. Ќ.Р. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Каменуван автобус на ЈСП, за среќа нема повредени патници

На 04.06.2019 година во 01,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Никола Карев“, додека се движел автобус на ЈСП во правец кон Автокоманда, биле фрлени камења кон него, при што било скршено едно прозорско стакло. Повредени лица нема. Во врска со настанот идентификувани се и повикани во полициска станица пет малолетници. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 години

tepacka-1

Три лица нападнале малолетник

На 04.06.2019 година во 05,40 часот во СВР Скопје В.М.(43) од Скопје пријавил дека околу 03,30 часот на улицата „Трета Македонска бригада“, три лица физички го нападнале неговиот 16- годишен син. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

pretepan

Гостин во угостителски објект нападнал лице од обезбедувањето

На 04.06.2019 година во 03,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Кирил и Методиј“ З.Д. (40) од Скопје физички го нападнал П.П. (35) од Скопје, вработен во агенција за обезбедување. Лицето било приведено во Полициската станица Центар и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepacka-222

Физичка пресметка помеѓу македонски и албански државјанин

На 03.06.2019 година во 03,05 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 02,30 часот на булеварот “Србија“ на бензинска пумпа бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(42) од Р.Албанија и С.П.(30) од Скопје.Сочинет записник за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

Скопје | пред 6 години

Civil

ЦИВИЛ свири крај за расипништвото и бара укинување на привилегиите

Трибината КРАЈ ЗА РАСИПНИШТВОТО (#КрајЗаРасипништвото) во организација на ЦИВИЛ, ќе се одржи утре (среда, 5 јуни) во клубот Менада во Стара Чаршија, со почеток во 17 часот. Поканети се сите заинтересирани граѓанки и граѓани, медиуми, политичари и функционери. ЦИВИЛ ги третира еднакво сите, така што нема посебни покани и протокол, туку самото соопштение може да се смета како отворена покана за сите. Нема посебни говорници, туку сите присутни ќе имаат можност да говорат. Претставниците на ЦИВИЛ ќе ги презентираат барањата и ќе дадат вовед во дискусијата, а потоа се очекува учесниците на трибината да ги искажат своите ставови и да предложат решенија врз чија основа ќе се води иницијативата во иднина.Илјадници граѓанки и граѓани ширум земјата ја поддржаа иницијативата „Крај за расипништвото!“ за укинување на привилегиите на функционерите што ја поведе ЦИВИЛ на 14 мај оваа година. Иако не го спомнаа, ЦИВИЛ го поддржаа и неколку функционери. До ЦИВИЛ веќе стигнаа и повеќе предлози, па дури и подготвен законски текст за регулирање на позициите и статусот на функционерите и административците, што ќе биде споделено со јавноста на самиот настан.Граѓанките и граѓаните со децении се соочени со една горчлива реалност. Луѓето во институциите на кои им се доверени високи одговорности, животот, здравјето, достоинството, правдата, правата и слободите, манифестираат краен неморал и алчност. Привилегии во какви што уживаат функционерите во Република Северна Македонија ретко каде може да се најдат низ светот, а секако не во развиените демократски држави. Привилегиите што самите функционери ги гласале низ годините, од осамостојувањето на земјата до денес, не се ништо друго освен злоупотреба и расипништво.Поаѓајќи од регионалните и светските искуства, фактот дека Северна Македонија е сиромашна земја и од основните принципи на доброто владеење, ЦИВИЛ бара да се укинат, односно да се сведат на разумно ниво привилегиите во кои уживаат функционерите, избрани и именувани, бивши и сегашни, локални и државни. Со други зборови, привилегиите во кои уживаат функционерите се вистинско расипништво.ЦИВИЛ бара да се стави КРАЈ ЗА РАСИПНИШТВОТО. Според ЦИВИЛ, најголема и самата по себе доволна е привилегијата да им се служи на интересите на граѓанките и граѓаните, да се работи на развој на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи. Не постои и не смее да постои поголема привилегија од тоа!Барањата за укинување на привилегиите на СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ, избрани и именувани, поранешни и сегашни, на локално и на државно ниво, беа објавени во соопштението на ЦИВИЛ на 14 мај. Организацијата ги достави барањата до Собранието на РСМ на 17 мај 2019 година, во пет минути до дванаесет часот.ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да се придружат на иницијативата КРАЈ ЗА РАСИПНИШТВОТО и да придонесат кон укинување на привилегиите на функционерите, односно нивно регулирање и ставање во разумни рамки, соодветни на можностите на граѓанките и граѓаните.На 5 јуни, пред почетокот на трибината во 17 часот, уште од 12 часот па натаму, на истата локација, тимот на ЦИВИЛ ќе биде на располагање за изјави за медиумите, средби и консултации со граѓанките и граѓаните чии предлози и документи се добредојдени. Трибината ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страната и Јутуб каналот на ЦИВИЛ.  

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ:Советите на Мицкоски за Груевски оставија трајни последици и штети врз граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да се помири со најпозитивниот Извештај од Европската Комисија и безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ . Наместо да се израдува на успехот на татковината, наместо да честита за реформите стара плоча во ВМРО-ДПМНЕ измислици и конструкции, се вели во соопштението од СДСМ.Граѓаните добро знаат дека „заробена држава“ создаде Никола Груевски чив советник беше токму Христијан Мицкоски Од заробена држава кога Мицкоски го советуваше Груевски, до светол пример за само 2 години е огромна разлика, неспоредливо.Згора на се, погубните совети на Мицкоски ја чинеа државата над два милиони денари.  Додека Мицкоски го советуваше Груевски за енергетика, беше укината евтината дневна тарифа на струјата, цената на електричната енергија поскапе за 100 отсто, а државата беше целосно зависна од увоз на скапа електрична енергија.Како награда за тоа што го урниса енергетскиот систем, од Владата на Груевски, Мицкоски добива и државно земјиште за неговиот бизнис со хидроцентрали. Додека државата беше заглавена во калта, презадолжена, изолирана, а граѓаните тонеа во сиромаштија Мицкоски си тераше бизниси и мислеше на хидроцентралите.Граѓаните, се уште ги чувствуваат последиците од советите на Мицкоски, еден од над 90 советници на Никола Груевски. За разлика од времето кога бројот, имињата и надоместоците на советниците на Никола Груевски и Емил Димитриев беа криени од граѓаните, денес јавноста е целосно запознаена со сите информации за советниците во кабинетот на премиерот Зоран Заев.Денес, сите ангажирани советници на премиерот се ставени во функција на реализација на програмските определби што се во интерес на граѓаните и ја движат државата напред кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Марионетскиот претседател Стево Пендаровски го направи првото кривично дело

Марионетскиот претседател Стево Пендаровски кој не е избор на македонскиот народ денескаго направи првото кривично дело со злоупотреба на неговата службена положба.На 22 мај медимуите во земјата пренесоа дека е комплетиран составот на кабинетот на Пендаровски според информации токму од кабинетот на Пендаровски и притоа беа објавени имињата на неговите советници, посебни и надворешни, како што се Бљерим Кољари советник за национална безбедност, Александар Спасов надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов советник за надворешна политика, Тоше Зафиров советник, Денко Малески, Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи.Стево Пендаровски денеска објави јавен оглас за советници за прашања од областа на надворешната политика, од областа на безбедноста и од областа на внатрешната политика со што само формално-правно го покрива веќе извршениот избор на советници по личен избор.Стево Пендаровски на очиглед на целата јавност го крши законот оти постапката првин да избира советници а отпосле да распишува јавен оглас е спротивна на законот.Марионетите Пендаровски и Зоран Заев веќе толку се осилија што не фермаат закони свесни дека уживаат заштита од нивните странски газди од НАТО оти НАТО не го интересира безаконието туку сакаат само марионети кој верно ќе им служат во геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ.Новата народна власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека ќе расчисти со безаконието, криминалот и корупцијата, одговорност мора да има“, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

CSC6482

19-ти состанок на СЕЛЕК во Букурешт

Денеска државната секретарка на МВР на Република Северна Македонија, Магдалена Несторовска во улога на постојан член на Советот учествуваше на 19-тиот состанок на Советот на Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа-SELEK, кој се одржа во Букурешт, Романија.На состанокот беше усвоен годишниот извештај за работата и активностите на SELEK во 2018 година, беше презентиран ревизорскиот извештај за финансиското работење и резултатите од реализацијата на проектите кои ги спроведува SELEK. Исто така, едногласно беше усвоен предлог буџетот на SELEK за 2020 година.Советот го  усвои и предлогот на државната секретарка, Магдалена Несторовска да се зголеми видливоста на постигнатите резултaти на SELEK во сферата на борбата против трговијата со луѓе и илегалната миграција, преку одржување на конференција на SELEK во Скопје.На 19 -тиот  состанок на SELEK, беше прифатенпредлогот  Велика Британија, да се стекне со статус на оперативен партнер на SELEK.

Македонија | пред 6 години

Foto-1

Претседателот Пендаровски, ги прими европските шампиони, ракометарите на РК Вардар

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими европските шампиони, ракометарите на РК Вардар, коишто по вторпат ја освоија титулата европски првак.Претседателот Пендаровски изрази задоволство од исклучително големиот успех на ракометарите кој, како што рече, не направи сите горди, како поединци и како држава.„Би сакал сите вас да ве пофалам за вашето однесување, секој од вас имаше исклучителен настап и на спортскиот терен, и надвор од него, со што ја покажавте вашата голема човечност. Најголемиот дел од вас, не се родени овде, но на многумина коишто се родени овде, им одржавте лекции по патриотизам. Покажавте дека сте врвни спортисти и врвни луѓе, ова второто за мене отсекогаш било поважно од она првото. Ви благодарам за тоа“, рече претседателот Пендаровски.Претседателот им честиташе на ракометарите и за тоа што не потклекнале на одредени обиди за политизација и комерцијализација на нивниот успех, напротив, како што рече, од почетокот, до крајот на спортскиот поход, покажаа дека не се ничија сопственост, туку дека се дел од клубот, од градот, од државата и од нацијата.„Оваа држава никогаш нема да заборави што направивте за неа, и кога ќе играте за други држави, за други клубови, оваа држава секогаш ќе биде ваш дом. Овде никогаш нема да бидете третирани како странци, со се што направивте покажавте дека не сте странци, туку наши и дека сите сме едно. Сите во Европа сега говорат не само за клубот, туку и за државата“, рече претседателот Пендаровски.Голема благодарност за убавите зборови и искажаните пофалби изрази сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко. Клубот не го чувствувам како мој, ова е народен клуб, рече Самсоненко, ветувајќи дека клубот и во иднина упорно ќе се стреми кон поголеми успеси.Ракометарите во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“, го донесоа европскиот пехар, а на претседателот Пендаровски, како спомен, му дадоа дрес од клубот со број 1, и топка со нивни потписи. Потписот на претседателот Пендаровски, пак, е на топката која тој им ја подари, посакувајќи им натамошен успех на професионален и на личен план.  

Македонија | пред 6 години

valada-zaev-1

(ВИДЕО) Ракометарите на Вардар на прием кај премиерот – награда од 500.000 евра и ветување за помош на клубот

Владата ќе им даде награда од 500.000 евра на ракометарите на Вардар за освојувањето на Лигата на шампиони, објави на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по денешната средба со шампионите.Премиерот Заев по средбата на својот фајсбук профил напиша:Добредојде за Вардар, за играчите и за управата, во Владата. Ви честитам за титулата европски шампион. Ви благодарам за среќата и радоста кои ни ги приредивте. Вие сте шампиони на нашите срца! ❤️🖤❤️🖤❤️🖤Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. 🇲🇰Честитки Вардаре!

Македонија | пред 6 години

vmro-za-zivotna-sredina

Ивица Томовски: Европската Комисија во извештајот нотира дека владата нема никаков напредок на полето на животната средина

СДСМ, и Зоран Заев, ветуваа почист воздух и подобра животна средина, а две години немаат мрднато со прст во насока на истото. Европската Комисија во нејзиниот извештај нотира дека владата нема никаков напредок на полето на животната средина, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.Европската Комисија нотира дека државата нема административен капацитет на централно и локално ниво и истиот е слаб и недоволен. Од Европската Комисија се нагласува дека нема напредок во однос на донесување на клучните закони кои треба да ја имаат контролата врз животната средина а тоа се инспекцијата и Директивите за одговорност во животната средина, како и Директивата за еколошки криминал.Квалитетот на амбиенталниот воздухот е една од најголемите критики на Комисијата. Имено во извештајот се вели, цитирам:“Потребно е да се спроведат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот со обезбедување на ефикасна координација помеѓу централните и локалните власти, и обезбедување на доволни финансиски средства”. А во однос на тоа во какви услови живеaт македонските граѓани јасно се издвојува делот дека, цитирам: “Во големите градови нивоата на загадување на воздухот се високи”.Реално за последното и самите граѓани го почувствуваа на своја кожа. Скопје две години по ред е на врвот на листата најзагадени градови во светот. Граѓаните во текот на зимскиот период се гушат, а болниците се преполни.Критиките на Комисијата се насочени и за управувањето со отпадот, водите и индустриското управување со ризик. Исто така, нема напредок во областа на хемикалии и во делот на цивилната заштита.Тоа може да го видиме и по се поголемите диви депонии надвор од населените места, кои наликуваат на вистински буништа кои никој не ги чисти. Ако по извештајот на Европската Комисија во делот на животната средина, се оценува каков е “животот” во Македонија и владеењето на оваа власт едно е сигурно дека актуелната власт е делегитимирана и дека владее на основа на лажни и манипулативни ветувања како за парламентарните избори од 2016 година, така и за локалните избори во 2017 година. Токму затоа потребна е една огромна метла, како на полето на животната средина, така и на полето на целата влада, почнувајќи од Зоран Заев па надолу, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

zaev-manev

Арсовски: Го прашуваме Заев, дали е точно дека неговиот советник Манев бил гонет за градење?

Дали Зоран Заев формира советнички тим кој треба да помогне во реформите или криминален тим кој треба да му помогне како да ја искраде државата и народот? Дали граѓаните плаќаат луѓе експерти или измамници, насилници, криминалци, водители на фестивали и кого уште не да седат до него и да го советуваат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ова се прашањата кои се наметнуваат после информациите кои кружат во јавноста за советниците што си ги плаќа Зоран Заев со парите на граѓаните.Постои сериозна загриженост дека Советникот на Заев за урбанистичко планирање и градежништво, Андреј Манев бил кривично пријавуван и гонет за дела поврзани токму со градежништвото, сектор за кој сега го советува Заев. Андреј Манев ќе биде плаќан со народни пари и неговата плата ќе биде 40.000 денари.Почитувани,Каков експерт е Манев во областа на урбанизмот и градежништвото и со што е тој најповиканиот за местото советник? Дали неговата професионалност или можеби нешто друго било пресудно за негово ангажирање?Почитувани,Го прашуваме Зоран Заев да одговори дали е точно дека против Андреј Манев во 2012 година била покрената кривична постапка во која Манев бил гонет за градење, изведување на градба или вршење надзор без или спротивно на одобрение?Дали е вистина и дека ова можеби не е негово прво кривично дело во кое бил замешан? Дали истиот и во 2009 година бил дел од кривична постапка во која се гонел за злоупотреба на службената положба и овластување?Пресудна ли била вмешаноста на Манев во дела од областа на градежништвото и урбанизмот, за негово ангажирање на позицијата советник на премиерот во делот на урбанизмот и градежништвото?Дали евентуално за ангажманот на сомнителниот Манев било пресудно тоа што неговата сопруга е претседател на судот во Куманово каде не се постапува по предметот во кој Заев се товари за поткуп на избори, а претходно беше ослободен од обвинението покренато од Виктор Цветковски.Што е следно? Дали Зоран Заев ќе ја ангажира Соња Николовска – ТАТ како советник за банкарство и штедни влогови? Или можеби ќе ја ангажира Светлана Чочоровска - Полетан, како советник за сузбивање на трговијата со дрога и организираниот криминал?Некадарноста на оваа влада секој ден се повеќе излегува на површина. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Метлата мора да заигра за целата влада, се друго е фарса. Истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

sidnej-sneg

(ВИДЕО) Снег и мраз во Австралија , ладен бран ги изненади граѓаните

Многу ниски температури и снег зафатија делови од Австралиоја. Австралиското метеоролошко биро соопшти дека снегот е ретка појава во Квинследн, бидејќи таму немало значајни врнежи од 2015 година.Со снегот, опаднаа температурите, проследено со силни ветрови што доведоа времето да се чини поладно отколку што е. Така, во Тувумби, западно од Бризбејн, чувството на студ утрово било -4,6 степени Целзиусови, иако всушност било 3,1 степени.https://twitter.com/shelleymlloyd/status/1135648650254700544?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1135648650254700544&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fpadna-sneg-vo-avstralija-fotovideoВо југоисточна Австралија, во Нов Јужен Велс (НЈВ), падна голема количина снег. Државниот хидрометеоролошки завод прогнозираше за оваа област силни ветришта од 85 до 90 км/ч.Предупредување за лошите временски услови било објавено долж територијата на крајбрежјето долго 1.000 километри вклучувајќи го и Сиднеј.Граѓаните се советуваат да останат дома поради силниот ветер и дождот. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Две лица каснати од куќиња скитници во центарот на Скопје

На 03.06.2019 година во 11,20 часот во Полициската станица Центар Т.Б.(74) од Скопје, пријавил дека на Плоштад Македонија бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.На 03.06.2019 година во 15,30 часот во Полициската станица Центар Т.Ѓ.(32) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 12,30 часот на Кеј “13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа во Куманово, помеѓу автомобил и мопед

На 03.06.2019 година во 10,55 часот било пријавено дека во Куманово на булеварот „Октомвриска револуција“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(39) од Куманово, и мопед „Кимко“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ј.Т.(57) од Куманово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

dom-za-stari-lica-sajto

Како си ги зголемувале платите во Дом за стари лица „Зафир Сајто“ ? – паднаа кривични пријави

СВР Куманово, на 30.05.2019 година до ОЈО Куманово, поднесе кривична пријава против С.С (64) од Џ.Н(41) од с.Слупчане, општина Липково, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл.353 ст.1 в.в. ст.3 и 5 в.в. чл,45 и против Е.А(35) и А.Б(43) од Куманово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Фалсификување или уништување на деловни книги“ чл.280 ст.2 ситеод КЗ на РСМ.Имено, Џ.Н како службено лице - Директор на Јавната општинска установа Дом за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово со помош на С.С. како Претседател на Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“- Куманово на седницата одржана на 13.07.2015 година, на дневниот ред, под точка 4 ставил „Донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата и му дал уверување дека истата е неопходна за почеток на формирање на систем- програма за плати што е неопходно за нормално функционирање на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто. По ова С.С. на дневен ред под точка 4 ставил „Донесување на Одлука за утврдување на коефициент за додаток на плата за која бил должен да знае дека е спротивна на Законот за социјална заштита, Колективниот договор за социјална заштита, Колективниот договор за изменување и дополнување на Колективниот договор за социјална заштита од јануари 2009 година и излегува надвор од негови овластувања. Со горенаведените дејанија С.С и Џ.Н им овозможиле на вработените во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово да се стекнат со плати повисоки за износите кои ги примале како „посебен додаток“ во период од месец август 2015 до месец мај 2018 година, односно за вкупен износ од 3.790.928,00 денари, а второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 588.134,00 денари, со што го оштетиле Буџетот на РСМ за вкупен износ од 4.379.062,00 денари. Е.А. и А.Б иако биле должни согласно описот и пописот на работното место архивар во делот „работни задачи“, под точка „Чување и надзор на документите во работните простории“, на точно неутврден датум го прикриле или уништиле Записникот од одржана седница на Управен одбор на која е донесена Одлуката за утврдување на коефициент.

Македонија | пред 6 години

Precek-na-evropskite-sampioni-za-2019-VARDAR-4

Битолчанец не се радуваше на успехот од Вардар – еве зошто...

Додека цела македонска јавност се радува на успехот на Вардар, на социјалните мрежи постојат и навивачи кои не се импресионирани од европската титула. Еден од нив општирно објасна зошто не се радува на овој успех Дали е во право пресудите сами.Во продолжение неговиот статус на ФБ во целост:„Често ми го поставуваат прашањето, зошто не сум се радувал на успесите на Вардар.Па ќе се обидам на кратко да ја доловам мојата перцепција и емоции кон успесите на вардар.Јавна тајна е дека Вардар е финансиран од нашите пари. Од државни. Од даноците што ги плаќаме ние граѓаните на Битола, И вие на, Охрид, Струмица, Прилеп, Берово, Куманово, Кочани...со цел да профитира само еден спортски колектив од главниот град. Па така додека се радувате, присетете се зошто немате ни едно единствено нешто со кое може да се пофали вашиот град и да бидете горди.Во превод, државата ги дискриминира своите граѓани. А на дискриминација не би можел да бидам горд.Треба ли да бидам горд на "Македонски" тим, кој нема произведено ниту еден репрезентативец, составен од колонија на Шпанци, Руси, Хрвати...Да не се лажеме. Вардар не е Македонија, ниту Македонија е Вардар.Не би можел да се радувам, а истовремено на плоштадот во Скопје при прославата да има погрдни скандирања за Битолчани и Битола.Кантона не за бадијала рекол:"Можеш да ја промениш својата жена, својата религија, политичката партија...Ама никогаш тимот за кој навиваш"Исто како што не можеш да го промениш семејството.Можеби уште два животи, мојот тим нема да постигне успеси како државниот клуб од Скопје, но тоа не значи дека љубовта ќе исчезне. Исто како и со родителите. Ги сакате без разлика дали некое друго дете има побогати родители.За да се движи напред на општеството му е потребен одреден кванититавен однос на спротивности: хармонија и дисхармонија, слаби и јаки, богати и сиромашни.Исто е и во спортот. Ривалството е она кое го движи спортот кон подобрување.Да си лојален на еден тим значи дека имаш високо развиено чувство да се идентификуваш со некоја заедница, група, колектив.Без чувство на припадност лесно ќе те контролираат.Честитки за оние вистинските навивачи на Вардар, а останатите запрашајте се, на што се гордеете?Се гордеете на рунирани градови низ Македонија, со катастрофални услови за живот само за да им е удобно на граѓани од еден град?Еднаш зелено-бел,СЕКОГАШ зелено-бел !!“https://www.facebook.com/mariojanevski/posts/2752765911406498

Македонија | пред 6 години

krazba-na-kola-701x466

Тешка кражба во Гостивар – ограбени куќи, патнички возила и стоматолошка ординација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.Ф.(35) и Р.И.(38), двајцата од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени 21 кривично дело “тешка кражба“ и две кривични дела “кражба“.Имено во периодот од 22.12.2017 година до 17.04.2019 година на подрачјето на Гостивар, во куќи, патнички возила и стоматолошка ординација, пријавените, со употреба на физичка сила делувале на влезните врати, додека во патничките возила со кршење на стакло, по што влегувале внатре и одзеле пари, електрични апарати, компјутери, електрични машини за работа и алат, со што се стекнале со противправна имотна корист од 797.900 денари.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања