Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

dsc1

Мисајловски на средба со Амбасадорите од Северноатлантскиот Совет: Оваа влада најмалку придонесува за евроатлатските интегративни процеси на Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и пратениците Никола Мицевски и Благица Ласовска вчера остварија средба со Амбасадорите од Северноатлантскиот Совет.На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроатлатските позиции на Република Македонија.Од страна на Мисајловски беше истакнато дека врвен стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е интеграцијата на Република Македонија во НАТО, но како што рече тој изминативе две години државата се наоѓа во многу лоша состојба поради крајно неодговорното управување од страна на актуелната власт на СДСМ и Заев.Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нашиот приоритет е патот кон евроатлатската интеграција на Република Македонија, но ние моментално имаме влада која што најмалку придонесува за евроатлатските интегративни процеси на Република Македонија. Со криминал, корупција, катастрофална економија, руинирано здравство и образование, непотизам не може да имаме едно здраво општество, ниту пак демократска држава која ќе чекори кон вистинскиот пат, а тоа е ЕУ и НАТО, вели Мисајловски.Беше констатирано дека државата не оди напред, туку напротив стагнира.Од страна на пратениците Мицевски и Ласовска беше кажано дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите законски решенија кои ќе бидат од значење како за граѓаните, така и за иднината на Република Македонија.На крај беше разменето мислење за унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка се со цел побрза интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев по повод Рамазан Бајрам: Во духот на празникот да ја негуваме добрината кон различните како порака водилка и за сите граѓани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитки до Исламската верска заедница и до Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, и членовите на Ријасетот, како и до сите верници од исламската вероисповед во Република Северна Македонија.„Ви го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам со празничниот поздрав: Бајрам Шериф Мубарек Олсун, односно: Нека биде благословен и честит празникот! Им посакувам на сите наши сограѓани, Муслимани, небесен сјај за време на празничните денови на Рамазан Бајрам, со желби светлината да ги стопли сите срца за да бидат пренесени пораките за мир, толеранција и слобода за сите верници на Исламот, како и за припадниците на сите останати верски заедници“, пишува во честитката премиерот Заев и нагласува дека им посакува на сите наши сограѓани Муслимани, среќата и радоста да се вселат во Вашите домови. Крајот на постот и дарбите што ги стекнавте за време на месецот на одрекувањето и воздржувањето, нека ве украсат со дух на солидарност и хуманост за да ги делите благодетите на празникот со вашите семејства, роднини, пријатели, соседи и намерници.„Во духот на празникот Рамазан Бајрам да ја негуваме добрината и кон другиот, добрината кон различните како порака водилка и за сите нас граѓаните на Република Северна Македонија за да продолжиме заеднички да го зајакнуваме нашето заедничко општество како едно за сите. Да го усовршуваме овој наш дом во кој секој граѓанин има еднакви услови за живот, среќа и реализација на сопствените амбиции“, се вели во честитката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, до сите Муслимани во нашата држава по повод празничните денови на Рамазан Бајрам.

Македонија | пред 6 години

clipboard01-620x350-1

Честитка од Претседател на ВМРО-ДПМНЕ до верниците муслимани

Почитувани верници од исламска вероисповед,Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам големиот верски празник Рамазан Бајрам.Денешниот празничен ден  претставува радост, но воедно  промовира моменти на хуманост, солидарност и меѓусебно почитување. Овие вредности кои се втемелени во традицијата треба да помогнат во градење и зацврстување на соживотот и толеранцијата како основа за благосостојбата во нашето општество.Само сплотени и обединети можеме да се спротивставиме на предизвиците, да ги решаваме проблемите и да  изградиме успешна држава  и просперитетна  иднина за нас и нашите идни генерации.Сите граѓани го споделуваат тешкиот живот. Сведоци сме како се разочарани очекувањата на луѓето, како наместо вистински проекти и решенија добиваат нереален романтизам кој не носи подобар живот. Тие се злоупотребуваат од неодговорните политичари и не носат иднина. Иако од различни заедници и вери граѓаните имаат исти проблеми, а за нивно решавање не е е потребен романтизам туку работа, многу работа. Секојдневието полно со криминал, корупција и лош стандард еднакво ги засега сите граѓани.Затоа во овие тешки моменти и премрежија со кои се соочува Република Македонија потребно е да се почитуваме, помагаме и негуваме подобри односи со блиските и пријателите, за да можеме да се посветиме на создавање праведна, напредна и  почитувана држава на среќни граѓани.Нека  овие празнични мигови во денешниот ден донесат мир, радост и хармонија, но воедно и среќа и благосостојба  кои ќе ве следат целиот живот,  Вас и вашите семејства. Со почит,Христијан Мицкоски,Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Precek-na-evropskite-sampioni-za-2019-VARDAR-1

(ФОТО) Шампионите се дома, еве како ги пречека Скопје

Илјадници граѓани, спортски фанови и поддржувачи се собраа вчеравечер на плоштадот „Македонија“ и ги пречекаа европските ракометни шампиони – ракометарите на РК „Вардар“. Неколку часа плоштадот пулсираше со позитивна енергија и извици на поддршка, а атмосферата кулминираше кога нашите ракометни шампиони се качија на бината и го подигнаа пехарот.Пречекот на ракометарите на „Вардар“ почна на Меѓународниот аеродром Скопје каде што слета авионот од Келн. Вардарци ги пречекаа членови на нивните семејства, многубројни новинарски екипи и навивачи. Потоа, тие со автобус на ЈСП се возеа по градските улици до плоштадот „Македонија“ каде што се случуваше централната прослава во организација на Град Скопје.Во текот на денешниот ден, по предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда за ракометарите во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање пречек на ракометната екипа „Вардар“. Покрај наградата, се обезбедуваат средства за авионскиот превоз со чартер-лет на тимот на РК „Вардар“ до Скопје.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Инвестициите во земјава се на историско најниско ниво, а просечната стапка на раст во период од 2017 – 2018 е 1, 4 %

СДСМ и Зоран Заев ја уништуваат македонската економија. Инвестициите се на историско најниско ниво, а просечната стапка на раст во период од 2017 – 2018 е 1, 4 % што е двојно помалку ако се спореди со растот од 2006 до 2016 кога просечната стапка на раст била 3,2 %, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Ништо од ветеното Заев и Анѓушев не остварија. Економијата тоне, граѓаните едвај преживуваат. Нема поголема плата, нема инвестиции, нема вработувања , нема економски просперитет. Инвестициите се катастрофални и нема ништо од ветувањата на Заев дека ќе има инвестицииски бум. Официјалните податоци на НБРМ покажуваат дека во првиот квартал од 2019 година вкупниот износ на СДИ пресметан според стандардната методологија е 29.68 мил. евра, што е најлош резултат остварен во изминатите 10 години.Над 500.0000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека другите едвај врзуваат крај со крај. Дополнителни, дека СДСМ постојано лаже зборува и фактот дека нема капитални инвестиции. Реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со Април изнесуваат 9, 38 или едвај 10 %. Кочо Анѓушев, Зоран Заев и Сугаревски треба да им се извинат на граѓаните за кажаните лаги, неисполнетите ветувања и мизеријата која ја предизвикуваат со нивното неработење.Дека состојбата во економијата е алармантна покажуваат и официјалните податоци за раст на јавниот долг од над 50 % што ја надмина психолошката граница. Задолженоста постојано расте со што заклучно со месец Мај Тевдовски ги задолжи граѓаните за огромни 388милиони евра.Ова зло мора да си замине и да дојдат подобри денови за македонската економија. Со триото Заев , Анѓушев, Тевдовски црно им се пишува и на граѓаните и на македонската економија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ..

Македонија | пред 6 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Честитка од претседателот на собранието Талат Џафери по повод Рамазан Бајрам

Почитувани граѓани, припадници на исламската вероисповед,Дозволете ми, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име, да Ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.По завршувањето на триесетдневниот рамазански пост, месец посветен на милоста, љубовта и простувањето, го дочекавме и големиот празник Рамазан Бајрам.Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна убавина, ја охрабруваат меѓусебната почит, ја зголемуваат радоста и убавината на животот, споделувањето со семејството, со ближните и со сите околу нас. Како човечки битија, благословени сме со сите човечки вредности и особини кои ни овозможуваат да го споделиме со сите она што можеме и знаеме и затоа ви посакувам во овие празнични денови да споделите колку можете со сите кои ве опкружуваат. Тоа ќе не исполни со убава и позитивна енергија, ќе не направи подобри луѓе, за нас самите, за нашите блиски и за нашата држава. Ви посакувам низ животот да ве води добрата мисла и взаемна почит а домовите да ви бидат исполнети со радост и смеа, благосостојба, напредок и успех на секое животно поле.Почитувани граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам Рамазан Бајрам, да ви посакам убави празнични денови исполнети со спокој и радост за Вас и Вашите најблиски.Нека е честит празникот!

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Честитка од претседателот по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед во Република Северна Македонија.Во овие празнични денови на слога, заедништво и почит, сите заедно треба да продолжиме кон градење на соживот за сите граѓани и да изградиме едно општество за сите, пример за идните наши генерации. Со овој голем празник се означува крајот на едномесечниот пост во кој секој верник искрено го отвора срцето за верата и љубовта. Светиот месец Рамазан е месец на дарување, помагање и заедништво и ова ја зајакнува вербата во доброто, правдата и меѓусебното разбирање и почитување. Посакувам овие вредности да бидат наше секојдневие и сите да имаме спокоен и среќен живот, не само во празничниве денови туку низ целата година.Претседателот Пендаровски, по повод Рамазан Бајрам, упати честитка и до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Рамазан Бајрам.Би сакал на овој голем празник да го истакнам придонесот на ИВЗ и нашите сограѓани од исламска вероисповед во градењето на мир и соживот во мултиетничка и мултирелигиозна Република Северна Македонија. Нашата заедничка цел е просперитетна и европска татковина.Уште еднаш, Ви упатувам најискрени желби за љубов, среќа и благосостојба.Честит Рамазан Бајрам! Стево ПендаровскиПретседател на Република Северна Македонија  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Муслиманите го слават празникот Рамазан Бајрам

СДенеска верниците од исламска вероисповед го слават големиот празник Рамазан Бајрам. Верниците цел месец постеа, односно се воздржуваа од храна и пиjaлаци од зора до зајдисонце, а јадење и пиење беа дозволени во текот на ноќта. Утринската Бајрам Намаз молитва го одбележа завршувањето на светиот месец Рамазан и најголемиот симбол едномесечниот пост.  Постот преставува „принудна сиромаштија“ со цел да се вопостави еднаквост помеѓу луѓето со одбивање на храна, пијалоци и телесни задоволства. Во текот на рамазнаскиот пост верниците се обврзани да даваат милостина на сиромашните. Милостината се дава пред утринскиот Бајрам намаз, а ако не се направи на овој ден обврската мора да се заврши во текот на годината.По утринската молитва верниците одат нагости младите одат кај постарите. Рамазан е деветиот месец во исламскиот календар и месец на почетокот на објавата на светата книга Куранот.  

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски: Кој те зезна вака, кутар мој Шилегов?

Обидот за политичко киднапирање на радоста на навивачите на европскиот ракометен шампион „Вардар“ овој пат не успеа. А бре и за киднапер треба да те бива! Наместо киднапирана прослава, видовме сосема поинаков перформанс – илјадници „комити“ и фанови на РК „Вардар“ спонтано го водеа настанот, а една поголема група навивачи оркестрирано ја искористи приликата за класична политичка пропаганда. Им се сможе…Ако мене ме прашате, подобро и тоа, одошто да пукнеше поголем резил. На секое спомнување на „Град Скопје“, се слушаа свирежи на негодување. Можам да замислам што ќе се случеше ако градоначалникот Петре Шилегов се обидеше да се качи на сцената за да го „лапне“ микрофонот. А богами, можам да замислам и што ќе се случеше ако од некаде се појавеше Зоран Заев, според некои комични теории што ги прочитав на Фејсбук, најзаслужниот за сите наши победи, па и за овој спортски триумф.За среќа, изгледа дека во последен момент политичарите сфатиле дека единствениот разумен начин да избегнат непотребни непријатности и тензии на преполниот плоштад Македонија е воопшто да не се појават на прославата. Да ги снема. Како што во еден момент исчезна и организаторот, кутриот Шилегов…Целата колумна на Бранко Героски прочитајте ја со клик Т У К А.

Коментари | пред 6 години

sampioni

(ВО ЖИВО) Ракометниот шампион на Европа, РК Вардар, пречекани со „Ој Вардаре македонски“

Ракометниот шампион на Европа, РК Вардар и неговите ракометари пристигнаа на плоштадот Македонија. Тие со панорамскиот автобус поминаа под Триумфалната порта, односно порта „Македонија“, а беа пречекани од илјадници граѓани со песната „Ој Вардаре македонски“.Во еуфорична атмосфера на плоштадот во Скопје обоен во црвено-црно ракометарите пееја заедно со граѓаните. Автобусот со шампионите помина низ Триумфалната порта исто како и пред две години кога РК Вардар за првпат ја освои европската шампионска титула.https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/672189883225456/https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/1892269127540957/

Македонија | пред 6 години

kire-lazarov

Кирил Лазаров: Вардар стана симбол дека е можно и тоа што другите велат дека не е можно

Најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите во светот, Кирил Лазаров во изјава за хрватските медиуми не ја криеше својата гордост по успехот кој го направи Вардар. Ова што го направија е неверојатно, рече Лазаров и додаде:„Ова е бајка, настан за кој ќе се зборува уште многу години. Вардар стана симбол дека е можно и тоа што другите велат дека не е можно. Вардар стана инспирација за сите луѓе во светот, не само на спортистите, туку на сите аутсајдери, ги натера да сфатат дека во животот најважно е да веруваат, крваво да работат и да ги потрошат и последните капки крв и пот за да ги исполнат своите соништа. Тие момци седум-осум месеци немаа земено плата. Пред две години кога станаа европски прваци, беа финансиски моќни и тоа не беше големо изненадување. Но, тоа што се случи годинава е нешто поинакво. Во меѓувреме си заминаа неколку важни играчи, никој не им даваше шанси дека ќе избора фајнал-фор, а камоли да станат прваци“, изјави Лазаров.

Македонија | пред 6 години

vardar-skopje

( ЖИВО) Европскиот шампион слета во Скопје

Авионот со победничката екипа на Вардар слета на скопскиот аеродром по неколку одложувања, а ги пречекаа навивачите со пеколно еуфорична атмосфера. Граѓаните масовно и со навивачки песни ги пречекаа хероите.Еве како изгледа атмосферата ...https://www.facebook.com/rkvardar/videos/416878222197464/https://www.facebook.com/rkvardar/videos/829148634127693/ https://www.facebook.com/rkvardar/videos/624995374682611/

Македонија | пред 6 години

b9834986-resize-820x0x100

Неработниот 7 мај ќе се одработи на 8 јуни

На денешната седница Владата донесе заклучок 7 мај, кој беше прогласен за неработен ден заради посетата на Папата Франциск, да биде одработен на 8 јуни.Оваа одлука се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за детските градинки и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности.Со оваа одлука, Владата му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Град Скопје, да ја спроведе оваа одлука овој ден да биде работен и за вработените во овој сектор доколку претходната препорака на Владата за 7 мај да биде неработен ден била спроведена од страна на приватниот сектор, соопштуваат од Владата. 

Скопје | пред 6 години

DSC_2338

Владата утврди план за реализација на краткорочните приоритети од Извештајот на ЕК

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 138 седница ја разгледа Информацијата за клучните наоди и препораки од Извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија за 2019 година, и ги усвои заклучоците што ги предложи Секретаријатот за европски прашања.Согласно заклучоците, Владата на РСМ го задолжи Секретаријатот за европски прашања да подготви План за реализација на краткорочните приоритети од Извештајот на ЕК и веднаш да ја достави деталната анализа и Планот за динамика на ревизијата на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ до ресорните институции и работни групи за усвојување европското право. 

Македонија | пред 6 години

vardar-vo-avion

Ракометарите се чекираа и полетаа, во Скопје ќе пристигнат околу 21 часот

Најновата информација која е објавена на официјалната „Фејсбук“  страна на РК Вардар вели дека ракометарите ќе полетаат дури во 19:30 часот.Ова значи дека ракометарите околу 21 часот ќе треба да пристигнат во Скопје. Тоа ќе значи и поместување на се што досега беше закажано.https://www.facebook.com/rkvardar/photos/pcb.10158137992130348/10158137992045348/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

momo

Почина доајенот на македонската музика Момо Николовски

Пејачот Момо Николоски ја загуби битката со тешката болест и почина денеска. Тажната вест ја објави неговата сопруга на „Фејсбук“, а семејството и пријателите праќаат пораки за сочувство.Музичарот Сашо Ливински, кој повикуваше на помош за пејачот да се избори со болеста, објави емотивен статус со кој се збогува од својот кум.Популарниот фолк пејач кој беше дел од естрадата со децении, во јануари годинава откри дека има канцер на желудник. Неговата сопруга и колеги апелираа до јавноста да се донира за негово лекување во странство, се одржаа и хуманитарни настани, но потребната сума не беше собрана. 

Македонија | пред 6 години

avtobus

Изгоре автобус на регионалниот пат Штип-Неготино - превезувал ученици на екскурзија

Автобус кој превезувал ученици на екскурзија изгорел на регионалниот пат Штип-Неготино, на клучката кон штипското село Пиперово. Повредени патници нема.Немилиот настан се случил денеска околу 10.20 часот. Во автобусот имал околу 40 ученици од трето одделение кои заминале на настава во природа во штипското село Пиперово.Среќа во целиот натсан е што наставниците и возачот на автобусот забележале дека автобусот чади, по што веднаш ги извадиле учениците од автобусот.Во тек е истрагата, а основен јавен обвинител врши увид на местото на настанот, по што ќе имаат подетални информации за причината за пожарот. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поевтинуваат бензините, еве ги новите цени кои ќе важат од ноќеска

Поевтинуваат бензините и дизелот. Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за денар до денар и половина. Вака одлучи Регулаторната комисијата за енергетика.Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 1, односно 1,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 69,5 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 за 72,0 ден/лит.Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ исто така се намалува за 1,5 денари и новата цена ќе изнесува 62,50 денари за литар.

Македонија | пред 6 години

asanz-apsenje

Шведскиот суд не му одреди притвор на Асанж

Шведскиот суд го одби барањето за притвор во отсуство за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, поради обвинувањето за силување од 2010 година. Ова значи дека обвинителството нема веднаш да бара негова екстрадиција од Велика Британија.Како што објави порталот „Локал”, тоа значи дека Обвинителството веднаш нема да побара екстрадиција од Британија.Таа судска одлука во округот Упсала не значи дека прелиминарната истрага во Шведска ќе биде прекината, туку дека Асанж нема да биде екстрадиран и дека може да биде испрашан во Велика Британија.  

Свет | пред 6 години

kamcev-keln

(ФОТО) Орце Камчев ракометот го гледал во Келн, СЈО го забележа на ТВ преносот

Македонскиот бизнисмен Орце Камчев, осомничен за случајот “Империја” бил забележан додека траел директниот пренос од финалето на фајнал фор турнирот во Келн, Германија, помеѓу Вардар и Веспрем. До пред еден месец, Камчев не можеше да ја напушти државата бидејќи му беше задржан пасошот, но тој побарал времено да му биде вратен патниот документ. По барањето, судија од Кривичниот суд одлучил дека бизнисменот може повторно да патува.СЈО дало дозвола за времено враќање на пасошот на Орце, но дека тоа се случило, најверојатно дознале кога го виделе за време на директниот пренос во публика и на подиумот на ракометниот меч во Келн.Како што е познато на 4 март годинава кривичниот совет на Врховниот суд на чело со Јово Вангеловски, ги ослободи и од куќен притвор Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, осомничени во големата истрага на СЈО „Империја“. 

пред 6 години

tepacka-4

Холандски туристи го нападнале газдата на вилата во Охрид

На ден 02,06,2019 год.во 21.05 ч.во ПС ОН Охрид К. М. (69) од Охрид пријавил дека е нарушен јавен ред и мир со физички напад во вила лоцирана на ул.Кеј Македонија во Охрид. К.М. пријавил дека тој и неговата ќерка К.К. биле физички нападнати од гости во вилата В.Г. Е. Ј. и А.Т. од Холандија. В.Г. Е. Ј. и А.Т се приведени во ПС ОН Охрид и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

grom

24 год државјанин на Албанија починал од удар на гром во с.Љуботен

На 02.06.2019 во 22,05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Љуботен–скопско околу 21.20 часот Ф.Б.(38) од с.Љуботен пронашол починато лице М.Д. (24) од Р. Албанија, кој најверојатно починал од удар на гром. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Побаран притвор за уште едно лице кое учествувало во убиството на Пино

По преземање на истражни дејствија од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против второ пријавеното лице за убиството на лицето П.С. Обвинителството издаде наредби до МВР за вршење дополнителни проверки и од јавниот обвинител беа испитани повеќе сведоци. Врз основа на направените проверки Основното јавно обвинителство поведе постапка и против осомничената поради постоење на основано сомнение дека го извршила кривичното дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Вечерта на 11 декември 2018 година, осомничената 22-годишна жителка на Скопје го повикала сега починатиот да се најдат кај насипот во Ѓорче Петров, иако знаела дека ќе им се придружи и првоосомничениот со намера да го лиши од живот оштетениот. Кога пристигнал прво осомничениот и со огнено оружје – пушка се заканил кон жртвата, сите тројца се упатиле со патничкото моторно возило кон атар во скопското с. Арачиново. Откако пристигнале осомничените започнале вербална расправија со жртвата, по што првоосомничениот го застрелал оштетениот и го лишил од живот.Осомничената дала придонес кон вршење на кривичното дело со тоа што го повикала сега починатото лице, била присутна во моментот на неговото лишување од живот и учествувала во пренесување на телото на починатиот и негово криење во близина на с. Љуботен.Надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство и на основан страв дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци, поради што до Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерката притвор против осомничената.​ 

пред 6 години

mickoski

Мицкоски – Хекер: Граѓаните да не бидат казнети поради неспособната влада, криминалот и корупцијата на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски во рамките на својата посета на Берлин и високиот дијалот кој го организита фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг и десничарската германска сестринска партија ЦДУ, оствари билатерална средба со д-р Јан Хекер, советник на германската канцеларка Ангека Меркел за надворешна политика.На билатералната средба се разговараше за актуелната политичко- економскасостојба во Република Македонија и европските интеграции на земјава. Во едночасовната средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека оваа власт на Заев со ниското ниво на реализација на проекти, отсуство на реформи во клучните области, криминалот и корупцијата за жал не направи поместување кои би значело добивање на сигурен датум за преговори.Мицкоски истакна дека поради неспособноста за менаџирање на односите и клучните процеси од страна на неодговорната Влада на Заев, не треба да бидат казнети граѓаните и во насока на потикнување на европскиот оптимизам како и зацврстување на европската иднина на Република Македонија треба да и се додели датум за преговори.Претседателот Мицкоски говореше и за економската стагнација како и за потребата за забрзана имплементација на реформите кои би значеле повисок стандард на граѓаните.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и членот на Извршниот Комитет Славески учествуваа и на панелот организиран од Кондрад Аденауер Штифтунг каде се говореше за гео-eкономската конкуренција и интеграцијата на Западниот Балкан.Таму свое обраќање имаше Д-р Јоаким Бертеле советник за надворешни, безбедносни и развојни политики на Германската Канцеларка Ангела Меркел кој ја водеше панел дискусијата.Беше заклучено дека европската иднина на регионот зависи од одговорноста на политичарите, и дека Владите мора одговорно да пристапат на тој процес. Мицкоски подвлече дека во случајот со Македонија постои уште многу работа на полето за искоренување на корупцијата, криминалот и воспоставуваее на владеење на правото, како и економска обнова на државата.

Македонија | пред 6 години

aerodrom-keln

(ФОТО) Нашите ракометари главни ѕвезди на аеродромот во Келн – прославата на плоштадот ќе започне во 19:30

Нашите ракометари беа главни ѕвезди на aеродромот во Келн. Патници кои се затекнале со нив на аеродромот во Келн, им честитале, но и искористиле можност да ја овековечат средбата со нив и секако со трофејот кој го освоија.Несоменено атмосферата на аеродромот ќе им дојде како добро загревање пред лудилото во Скопје.Инаку ракометарите на Вардар од келн доаѓаат со директен чартер лет, за кој Град Скопје 39.500 евра. Ова е можност тие да стигнат многу порано од планираното.  На Скопскиот аеродром се очекува да слетаат околу 18:50 мин каде ќе ги пречекаат бројни подржувачи и фанови. Од таму пак со три двокатни автобуси на ЈСП ќе се упатат кон плоштадот Македонија. Доколку дозволат временските услови, ракометарите ќе се возат со панорамскиот автобус.Главната прослава на плоштадот ќе започне околу 19:30, поточно 20:00 часот, кога ќе пристигнат ракометарите.https://www.facebook.com/rkvardar/photos/pcb.10158137545710348/10158137540100348/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања