Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

gdu

ГДУ: Поминаа две години од владеењето на Заев, а бројчаникот кој го постави сè уште не покажа колку пари се украдени

Поминаа две години од владеењето на Заев, а бројчаникот кој го постави сè уште не покажа колку пари се украдени. Наместо да донесете правда и мир, судството продолжи да се злоупотребува, продолжи и партизирањето на администрацијата, корупцијата си цвета, има непотизам од невидени размери, се носат скандалозни програми за културата, се договараат тендери во четири очи, здравството е на колена, квалитетот на образованието е на најниско ниво. За сето ова ни укажа и Брисел во последниот Извештај, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.Потфрливте и со капиталните инвестиции. Добивме нула од германските стопанственици за економијата. Ништо и од 600 километри автопатишта. Наместо да го намалите бројот на министерствата, вие го зголемивте. Не успевате ниту да го спречите ширењето на синдромот наречен патни трошоци. Молк за промената на изборниот модел.Секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните ги заборавивте, почитувани господа од власта. Ништо не видовме и не почувствуваме од вашиот „План за живот“.Продолживте таму каде што вашите претходници застанаа, а граѓаните си го бараат чарето надвор од оваа држава, затоа што ништо од тоа што го понудивте за поубав живот, не го реализиравте. ГДУ предупредува дека за неостварените ветувања „метлата“ треба сериозно да заигра. Се надеваме дека нема и таа да биде само дел од списокот „ветено – неостварено“,се вели во соопштението од Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ. 

Македонија | пред 6 години

biblioteka

„Урбанизирај се!“ - практична работилница за урбанизирање на неколку локации во Велес

Лабораторијата за социјални иновации - СмартАп во партнерство со Американската Амбасада и Националната и Универзитетска библиотека „Климент Охридски“ - Скопје, работи на проект за ревитализација на библиотеките.#БиблиоБум е шестмесечна пилот програма за зајакнување на капацитетите на библиотеките за остварување позитивни промени во локалните заедници преку дизајнирање на нови услуги и искористување на постоечките ресурси со цел нивна трансформација во центри на знаење, информации и идеи.Во рамките на програмата БиблиоБум, Клубот на млади креативци при локалната библиотека „Гоце Делчев“ - Велес, заедно со дваесетина средношколци, на 31ви Мај и 1ви Јуни, реализираа практична работилница за урбанизирање на неколку локации во Велес под насловот „Урбанизирај се!“.Реализацијата на овој проект вроди со креативни и инспиративни содржини на повеќе локации во Велес, а ние би сакале истите да имаат можност да допрат до пошироката публика. Сметаме дека тоа може да го постигнеме токму преку соопштение објавено на Вашиот медиум. 

Македонија | пред 6 години

skopje-plostad

Град Скопје повикува на спортско однесување и прославување

Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов и координаторите на сите советнички групи во Советот на Град Скопје го поздравуваат огромното постигнување и европската ракометна шампионска титула на „Вардар“.Тие, сите заедно повикаа на достоинствен пречек и славење на успехот на ракометарите, а воедно изразија и несогласување со изолираните случаи кои сакаат да стават дамка на прославата.„Остро го осудуваме и се дистанцираме од секој обид за неспортско навивање и однесување, ширење говор на омраза и национализам, како и пароли кои повикуваат на насилство и дискриминација кон кои било групи и поединци. Исто така, апелираме до надлежните државни органи да постапуваат согласно со законските норми со цел да се избегнат евентуални несакани случувања кои може да го нарушат позитивниот тек на денешниот настан. Уште еднаш упатуваме искрени честитки за историската победа на „Вардар“ и пожелуваме вакви нови спортски успеси и во иднина“, се вели во заедничката изјава.Град Скопје, имајќи го предвид успехот на РК „Вардар“, значењето на подвигот и фактот што клубот им припаѓа на сите скопјани и на преостанатите граѓани на нашава земја, истакнува дека ваквиот спортски успех е заеднички и треба да не сплотува во славењето на овој историски резултат.

Скопје | пред 6 години

skopje-plostad

ЦИВИЛ: Спортот треба да ги надминува етничките разлики, а не да ги разгорува

Во пресрет на денешниот пречек на ракометарите на „Вардар“ коишто вчера ја освоија европската титула, ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани да не потклекнуваат на провокации и мирно и достоинствено да го прослават враќањето на европските шампиони.Ги повикуваме ракометарите остро да го осудат секој обид за ширење на говор на омраза и насилство!Бараме од институциите да реагираат на време и да не дозволат уште една „прослава на омразата“! Да ги преземат сите мерки, да ги истражат овие случаи и итно да го санкционираат поттикнувањето на насилството и ширењето на меѓуетничка омраза.Ги повикуваме и охрабруваме граѓанките и граѓаните да ги пријават сите случаи на говор на омраза и дела од омраза.ЦИВИЛ најостро ги осудува сите форми на поттикнување на насилство, говор на омраза и предизвикување на меѓуетничка омраза.ЦИВИЛ и понатаму ќе го следи развојот на настаните поврзани со синоќешните инциденти. Неказнивоста на овие дела мора да запре засекогаш! 

Македонија | пред 6 години

1-2

Знамето на НАТО поставено на јарбол пред Собранието

Со посетата на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и на Северноатлантскиот совет, пред Собранието на Република Северна Македонија и официјално беше поставено знамето на Алијансата.Пред собраниската зграда, заедно со државното знаме сега се вее и знамето на НАТО, каде се очекува Република Северна Македонија да стане триесеттата земја членка.Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, синоќа беше домаќин на целото раководство на НАТО, предводено од Генералниот секретар Столтенберг.Тој изрази задоволство што е домаќин на Северноатланскиот совет, што за нашата држава претставува своевидно признание и потврда дека заслужено стануваме членка на НАТО Алијансата.Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, во оваа прилика, порача дека со нетрпение чека Северна Македонија да стане триесеттата членка на  Алијансата и да го види нашето знаме развеано пред седиштето на НАТО во Брисел, како и пред мисиите и операциите насекаде низ светот.

Македонија | пред 6 години

lisici

Побаран притвор за разбојникот кој се обиде да одземе мобилен телефон на случаен минувач

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Осомничениот на 16 мај годинава, околу 22.00 часот на бул. „Крсте Петков Мисирков“ со употреба на сила се обидел да одземе туѓ подвижен предмет – мобилен телефон марка „Ајфон С6“ во вредност од околу 40.000,00 денари. Тој се приближил до оштетената и започнал со тупаници да ја удира по главата и телото обидувајќи се да и го одземе мобилниот телефон кој таа го држела во рака. Откако жртвата дала отпор, сторителот насилно ја бутнал на земја и продолжил со физичкиот напад влечејќи ја за чантата. Но поради отпорот на оштетената и нејзиното силно довикување за помош, осомничениот се откажал од намерата и побегнал.Надлежен јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските одредби, па до Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот на обвинителството беше прифатен  и со Решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од 30 дена. 

пред 6 години

Нема фотографија

За објавените снимки на Фејсбук (Новите бомби) ќе постапува Основното јавно обвинителство Кичево

Основното јавно обвинителство Скопје за натамошно постапување  согласно член 26 став 7 и член 40 став 2 од Законот за кривична постапка, ја достави до Основното јавно обвинителство Кичево кривичната пријава против едно лице за сторени кривични дела – Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 став 2 во врска со став 1 и за кривично дело – Неовластено снимање од член 152 став 1 од Кривичниот законик.Содржината на кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика се однесува на едно лице кое е со адреса на живеење во Кичевското село Турин, но дека кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД каде преку неговиот Фејсбук профил Ел Чека неовластено објавува снимани материјали.По проучување на наводите во кривичната  пријава, констатирано е дека стварно и месно надлежно за постапување е Основното јавно обвинителство Кичево, поради што пријавата е проследена во ова обвинителство.Во меѓувреме, а имајќи ја предвид итноста за заштита на правата на оштетените, Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај годинава, изготви и достави барање за меѓународна правна помош со цел обезбедување на потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Воедно, обвинителството побара од надлежните органи во САД да преземат законски дејствија  во насока спречување на натамошно објавување на сниманите материјали.

Македонија | пред 6 години

naum-stoilkovski

Стоилковски: Од успесите на СДСМ граѓаните не можат глава да кренат, еве ги најголемите

Зоран Заев и СДСМ имаат огромни успеси од кои што граѓаните на Република Македонија глава не можат да кренат. Од нивните успеси граѓаните не можат глава да кренат. Денеска ќе ви ги презентираме 10 најголеми успеси на оваа влада постигнати во изминативе 2 години, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев успеа да ги вработи членовите на семејствата на функционерите од СДСМ кои не беа вработени, тука само ќе спомнеме неколку како Мира Дизел, Милева Ѓорѓиева, Татјана Лалчевска и многу други.Зоран Заев успеа да го направи својот брат Вице Заев најпосакуван бизнис партнер во државата Република Македонија. Семејството Заеви влезе во бизнисот со марихуана, го откупи струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“ за цена на една гарсониера, а камиони на фирмите на Заеви вршеа транспорт во РЕК Битола.Зоран Заев успеа да се избори за втора и трета амнестија. Затворен е случајот „Поткуп“ во кој што се бараа 200.000 евра мито, а нема ништо ниту од случајот каде јавно повикуваше на поткупување на гласачи за време на референдумот. И во двата случаи постојат аудио и видео докази, но позицијата на премиер очигледно го направила и невозможното возможно.Заев и Анѓушев успеа да обезбедат субвенции од Фондот за иновации од кои се офајдија Кочо Анѓушев и Цветанка Ласкова.Власта успеа во првиот квартал 2019 година да се впиша во историјата како власт која успеала да го намали приливот на странски инвестиции за 10 пати во однос на истиот квартал од претходната година.Зоран Заев успеа да ја намали откупната цена на земјоделските производи до степен на земјоделците повеќе да им се исплати да ги сечат своите долгогодишни насади и родот да го фрлаат на буниште, отколку да го продаваат.Зоран Заев и Венко Филипче успеаја здравството да го донесат на дното. Луѓе се лечат со СМС  пораки наместо со пари од ФЗО. Лекови во аптеките нема после 15.Власта успеа досега да потроши 10 милијарди евра на име буџет, а притоа никој не знае на што се потрошени. Нивото на капитални инвестиции за првите четири месеци од годината изнесува само 10%. Нема нови 600 километри автопат, ниту пак 550 километри магистрални патишта.Зоран Заев и Оливер Спасовски успеаја безбедноста да ја донесат на најниско можно ниво. Убиствата и грабежите станаа наше секојдневие, а запалените автомобили се како декор по улиците.Власта на Зоран Заев успеа да ја деградира војската на Армијата на Република Македонија. Касарните ни ги чува агенција за приватно обезбедување, а војниците немаат ниту чизми. Ова се 10-те најголеми успеси на оваа влада кои им го загорчија животот на граѓаните. Со оваа влада безперспективноста е  се поголема. Колку побргу оваа влада на Зоран Заев си замине толку подобро истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

34-sednica-na-Sovet

Град Скопје : 6 Милиони денари награда, чартер лет и организиран пречек за Европските шапиони РК Вардар

По предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање пречек на ракометната екипа Вардар по вчерашната победа на Ф4 турнирот во Келн и освојувањето на титулата во ЕХФ Лигата на шампионите.Со оваа одлука, покрај наградата, се обезбедуваат средства за авионскиот превоз со чартер-лет на тимот на РК Вардар во Скопје, кои треба да слетаат на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во 18:50 часот.- По повод историскиот успех на градскиот клуб „Вардар“, предлагам Советот на Град Скопје да донесе одлука на ракометниот клуб „Вардар“ Град Скопје да му даде награда од 6 милиони денари. Од минатата вечер сум во контакт со управата на ракометниот клуб и успеавме да обезбедиме чартер-лет за клубот, кој ќе полета во 14:30, a ќе слета во 18:50 часот. Времето за слетување го координиравме за да се запазат сите безбедносни мерки околу состанокот на НАТО, за скопјани слободно да можат да присуствуваат на свечениот пречек. Со оваа одлука покрај наградата, ќе се подмират и трошоците за чартер-летот, како и сума од 2 милиони денари за организација на настанот – кажа градоначалникот Шилегов.Шилегов потенцираше дека ова е историски успех и ги повика сите граѓани на Скопје, без разлика на нивната политичка, верска или национална припадност, достоинствено да ги пречекаме европските шампиони. Дополнително, апелираше до сите навивачки групи и симпатизери на Вардар достоинствено да ги пречекаат ракометарите, со вистински навивачки песни без омраза, дискриминација и поделби, бидејќи спортот и Вардар се над политиката.

Скопје | пред 6 години

47992036688_6ee58480fb_o

Церемонија со највисоки државни почести за делегацијата на НАТО која престојува во земјава

Со церемонија со највисоки државни почести, денеска пред Владата на Република Северна Македонија, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев му посака добредојде во официјална посета на нашата земја на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој пристигна со амбасадорите на земјите членки на алијансата од Северноатлантскиот Совет.Премиерот Заев и Генералниот секретар Столтенберг, заедно со високите претставници на секретаријатот на НАТО и со членовите на Владата на РСМ Радмила Шекеринска Јанковска, Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и Министер за одбрана, Бујар Османи, Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски интеграции, Никола Димитров, Министер за надворешни работи, како и советниците за соработка со НАТО, за безбедност и за надворешни работи во Кабинетот на Претседателот на Владата, одржаа билатерална средба.На средбата беше заеднички заклучено дека одржувањето на состанокот на Северноатлантскиот Совет во главниот град на Северна Македонија е огромно признание и охрабрување на земјата за нејзиниот пат во евро-атлантските интеграции кој треба да заврши наскоро со полноправно членство и со отворени перспективи за општествено-економскиот развој на земјата.Веднаш по активностите во Владата на РСМ, премиерот Заев и Генералниот секретар Столтенберг, заедно со двете делегации, заминаа на работниот дел на Северноатлантскиот Совет со Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и претставници на Влада на РСМ, што ќе се за прв пат во историјата на процесот за членство на нашата земја во НАТО, се одржува во Северна Македонија.Со заедничката седница на Северноатлантскиот Совет и на Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО ќе претседаваат Претседателот на Владата г. Заев и ген. сек г. Столтенберг, по што ќе следува и нивната заедничка прес конференција.Во текот на денот, Генералниот секретар на НАТО Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

helsinksi-komitet

Пријави за регистриран говор на омраза стигнаа до Хелсиншкиот комитет

По повод вчерашната прослава на ракометниот клуб „Вардар” до Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнаа голем број пријави за регистриран говор на омраза од страна на навивачките групи на градскиот плоштад и на социјалните медиуми. Исто така, забележан е говор на омраза и во другите градови во државата. Сите пријави се уредно регистрирани од страна на Комитетот, по што ќе следи соодветна реакција до надлежните институтции.Од Хелсиншкиот комитет во денешното соопштение велат дека најголем број од пристигнатите пријави се однесуваат на говор на омраза врз етничка припадност. – На градскиот плоштад беше скандирано „Нека разберат клетите шиптари. Чиста Македонија. Гасна комора” и друг навредлив и дискриминаторски говор. Со ова се предизвика радзор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, опишано во член 319 од Кривичниот законик, се додава во соопштението.Хелсиншкиот комитет најстрого го осудува поттикнувањето на насилство и предизвикувањето на меѓуетничка омраза. Ги охрабруваме сите граѓани кои во текот на вчерашниот ден беа сведоци и/или жртви на говор и/или дела од омраза да го пријават својот случај во Хелсиншкиот комитет и на www.govornaomraza.mk.Од Хелсиншкиот комитет апелираат до Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да ги истражат овие случаи и да ги преземат сите мерки согласно позитивните законски прописи.  

пред 6 години

pozar-1

Опожарена џамија во с.Рашче-скопско

На 02.06.2019 година во 16,20 часот во СВР Скопје од страна на Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во џамија во с.Рашче-скопско. Според пријавеното опожарен бил горниот дел од минарето. Во 17,15 часот пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема и други оштетувања на џамијата нема.

Македонија | пред 6 години

skopje-plostad

На прославата за победата на Вардар, неколку инциденти – приведени малолетници

На 02.06.2019 година во времето од 20,10 до 23,50 часот во Скопје на Плоштад „Македонија“, одржан е јавен собир (прослава), по повод победата на ракометниот клуб „Вардар“. За време на прославата, пријавено е дека било оштетено патничко моторно возило “Ауди А3“ со скопски регистарски ознаки на булеварот “Гоце Делчев“. Возилото било оштетено од повеќе лица кои фрлале кон него со бекатон плочки. Притоа со телесна повреда на левата рака се здобил Ф.М. (18). Во врска со настанот од страна на Единицата „АЛФА“ биле приведени пет малолетници на возраст од 14 до 17 години, сите од Скопје. На улицата „11-ти Октомври“ пред Собранието на РСМ било оштетено патничко моторно возило “Шевролет Спарк“ сопственост на МВР. Т.П.(17) од Скопје била повредена од пиротехнички средства на Плоштад Македонија и се здобила со изгореници во пределот на нозете. Исто така, приведен е и Ж.М.(36) од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието на РСМ.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Турчин со бугарска патна исправа сакал да помине на „Деве Баир“

На 02.06.2019 година во 11,45 часoт на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во Р.С. Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување на исправа“ (зелена карта) бил приведен A.O.(40) од Р.Турција кој поседувал бугарска патна исправа и управувал патничко моторно возило „Мазда“ со турски национални ознаки. Лицето е задржано во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

clipboard01-620x350-1

Мицкоски и Славески од денеска во дводневна посета на Берлин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски и членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Трајко Славески од денес се во дводневна посета на Берлин, Сојузна Република Германија. Делегацијата ќе учествува во програмата која е дел од високиот дијалог на фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг и десничарската германска сестринска партија ЦДУ на Ангела Меркел, каде централна тема ќе биде гео-eкономската конкуренција и Западниот Балкан: како да се надминат предизвиците и креираат нови можности.Во рамките на оваа програма ќе се разговара и за економските можности, развивање на шансите за напредок, како и европското интегрирање на регионот на Балканот. Свое учество на дводневниот настан ќе имаат и Мамфред Вебер шеф на парламентарната група на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент, др Волфганг Шојбле претседател на Германскиот Бундестаг и поранешен министер за финансии на Германија, проф др Роланд Коч министер претседател на германската покраина Хесе, Јенс Спан германски федерален министер за здравство, пратеникот Христиан Лиднер, Астрид Хамкер претседател на Економскиот совет на ЦДУ, Гутхер Отингер Европски комесар за буџет и човечки ресурси, Питер Алтмаер федерален министер за економија и буџет. Во текот на денешниот ден Мицкоски и Славески ќе учествуваат на панелот насловен Берлинскиот процес: Германската обврзаност за Европската перспектива за Западниот бакан, кој ќе биде отворен од Д-р Јоаким Бертеле советник за надворешни, безбедносни и развојни политики на Германската Канцеларка Ангела Меркел. Свое учество ќе има и Франк Прис Заменик-шеф за европска и меѓународна соработка на Конрад Аданауер Штифтунг.Подоцна во текот на денот ќе има панел дискусија за Западниот Балкан, влијанијата врз развојот и Европската Унија, каде ќе дискутираат меѓудругото и пратеници од Европскиот Парламент на владеачката партија на Ангела Меркел ЦДУ, Петер Бејер координатор на комитетот за трансатланска соработка, проф-др Патрик Сенсбурк, Мариан Венд. Вториот ден ќе биде посветен на анализите за економската динамика за развој на Западниот Балкан и целиот регион. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе го искористи престојот за афирмирање на стратешката цел члество во Европската Унија, динамизирање на процесите кои треба да бидат довршени за постигнување на високите стандарди, како и билатерални средби каде ќе се дискутира за прашања важни за нашата земја.Мицкоски ќе ги запознае своите соговорници и за лошата економска состојба, потребата за реформи и забрзување на прцесот на интегрирање на Македонија во европското семејство.

Македонија | пред 6 години

zelen-karton

Бугарски државјанин со фалсификуван зелен картон се обидел да влезе во земјава

На 02.06.2019 во 11,30 часoт на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во Р.С. Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување на исправа“ (зелена карта) бил приведен И.Р.М.(57) од Р.Бугарија, кој управувал патничко моторно возило „Шевролет“ со турски национални ознаки. Лицето е задржано во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

vardar-pobeda-123

Ракометарите во 18.50 часот ќе слетаат во Скопје, Град Скопје ќе го плати летот

Градоначалникот петре Шилегов информираше дека ракометарите на Вардар денеска во 18.50 ќе пристигнат во Скопје.-По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје!Поаѓаат од Келн попладнево во 16.30. Слетуваат во Скопје во 18.50.Да ги пречекаме достоинствено нашите европски шампиони. Без делби и поделби.Спортот обединува.Се гледаме вечерва на градскиот плоштад “Македонија”, напиша Шилегов на фејсбук. 

Македонија | пред 6 години

vardar-pobeda-123

Промена на планот, наместо по полноќ ракометарите пристигнуваат околу 16:15 часот

Ракометните шампиони на Европа денеска се враќаат дома. Но, има промена во планот, наместо првичниот план во 23.00 часот, тие ќе се дома многу порано.Ракометарите со чартер лет ќе пристигнат на аеродромот во Скопје околу 16:15 часот…Комитите им организираат пречек. Се очекува тие да го објават новиот план за сите заинтересирани кои сакаат да им се приклучат.

Македонија | пред 6 години

komentator-arena

Коментаторот на Арена насолзено за mkd.mk: Ова е бајка со која родителите во Македонија треба да си ги успиваат децата

Коментаторот на Арена Сретен Рашковиќ за mkd.mk со многу емоции раскажува го доживеал завршниот турнир во Келн.Вардар стана европски шампион, а ниту една македонска телевизија не ги откупи правата за Лигата на шампионите. Успесите на Вардар беа пренесувани на српски јазик, но коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ ги освоија срцата на македонските фанови.„Привилегиран сум. Оваа приказна почна така неславно за македонскиот народ, кој мораше своите национални херои цела сезона да ги гледа со коментар на српски јазик. Се надевам дека тоа не ги повреди многу. Не знам зошто МТВ се одлучи за такво нешто, но нам ни отворија пат да дојдеме до ова. Уште во првите три кола од оваа сезона се поврзав со оваа екипа на Вардар, ми беше чест и привилегија што со мојот драг колега Стеван имавме шанса да коментираме вакво нешто“, вели коментаторот на Арена Сретен Рашковиќ за МКД.мк.„Животот пишува романи, бајки, додека ги коментирав последните пет минути, се трудев да споредам што направи Лестер, што се случи во кошарката и кога... Можеби сум субјективен, но за мене ова е епска приказна, нешто со што скопјаните и Македонците треба да ги успиваат своите деца во наредните 40-50 години, ова искрено го кажувам, ми се полнат очите со солзи, но животот пишува драми“.„Сега се прашувам што ќе се случеше ова да го направеше српски клуб, можеби ќе умрев таму. Но ќе беше тоа многу посилно од ова, ќе беше посилно, но не многу. Се врзав за овој Вардар“.

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Сашо Тасевски ги искара Владините пиари: Дали го чувте српскиот коментатор еднаш да каже Северна?

Актерот Сашо Тасевски по победатата и еуфоријата во земјава се огласи на ФБ. Тој овој пат им забележа на Владините пиари:- Да ги прашам пиарџииве на владата, кои на приватни фејсбук профили, северњачат. Северна ова Северна она... Дали го чувте српскиот коментатор еднаш да каже Северна? Малоумни едни, не мора на приватен профил, глупа пропаганда да водите. Нема да ви замери никој ако таму пишете едноставно Македонија, напиша Тасевски на социјалната мрежа фејсбук.А во нов статус на истата тема Тасевски додаде:Немојте луѓе! Достоинството е уште поважно да се покаже во победата. Не може да си шампион во Европа и во исто време да си националшовинист. Не може. Неспоиво е. Мочате на големината на оние кои го направија тој спортски подвиг, на оние кои Европа годинава ги запозна како нивни навивачи кои фанатично го бодреа својот клуб. Кои навиваа без да сторат ниту најмал инцидент и кои беа буквално нивниот осми играч кој настапуваше секаде со нив. Вистинските шампионите и нивните навивачи никогаш не се спуштаат на ниво на примитивци и простаци, зашто се под Големото Око на светот. Тие се огледало за непобедливоста и достоинството и на државата од која доаѓаат и на оние кои во неа живеат. Ако таа Македонија создала европски шампион во некој спорт, зошто не би создала шампион и во било што друго. Ако има вакви навивачи кои гинат за тој клуб и притоа ги гледаме на нашите улици во најпозитивно светло на цивилизираност, зошто таа држава и тој народ да ги сметаме за подолни од нас. Така размислува светот соочен со големината на тој шампион. Зошто би скокале во калта, ако сме на кровот на Европа, со примитивни шовинистички постапки. Потурете ги со пепел сите провокатори и мизерни души, кои ве туркаат од тој кров, долу, во калта, со останатите свињи. Нека се удават таму. Ако е некој будала, не мора да го имитирате. Што со тоа ако урлате Клети Шиптари??? Ќе смените нешто на подобро? Ќе ги натерате да се справат со шовинистите од нивниот народ? Нема. Само ги туркате уште подалеку од себе и оние Албанци кои вчера исто навиваа за Вардар и се радуваа кога победи. И провоцирате контра свињарии во оваа мизерна балканска кочина. Наместо тоа, дишете со полни гради. Вардар од кочината ве качи на Мон Блан.

Македонија | пред 6 години

timur

Тимур Дибиров: Заслужено дојдовме на врвот, ако после оваа титула никој не ни помогне да завршиме со кариерите

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров по вечерашното освојување на титулата во Лигата на шампионите изјави дека сега е време некој да излезе во пресрет и да му помогне на клубот.– Одигравме одличен натпревар и заслужено дојдовме на врвот. Ако после оваа титула никој не ни помогне да ја средиме ситуацијата, тогаш сите да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите. Оваа титула е поголема од првата, зашто знаеме низ што сѐ минавме, вели Дибиров.

Спорт | пред 6 години

stojance-pobeda

Стоилов: Ова е за вас народе, радувај се Македонијо

Стојанче  Стоилов се огласи по натпреварот по кој Вардар стана европски шампион.- Ова е ваша заслуга народе, ова е за вас!!! Радувај се МАКЕДОНИЈО!!! РК Вардар е европски шампион!!!, вели капитенот Столе Стоилов.https://www.facebook.com/stoilov.stojanche/posts/2189858041103961

Македонија | пред 6 години

61505346_10157435944019726_2388854840030658560_n

(ФОТО) ,,Не биди ѓубре“ го исчистија сметот под Кале

Акција за чистење отпад се одржа вчера кај стариот авто полигон под Кале во Скопје, во организација на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ како продолжение на нивните активности за расчистување на сметот на повеќе од 40 локации во изминатите десет месеци.Запуштениот полигон и околината се чистеа со багер и со камиони. На помош дојдоа вработени од фабриката ,,Карпош“, кои само со оваа механизација можеа да се спротистават на дивата депонија.,,За јунаци на акцијата ги прогласувам Фабрика Карпош!!Без нивните луѓе и машини, ништо! Ништо!Без многу бука, на договорен термин, без непотребни муабети, само со ишарет! Браво! Скроз профи!! Камиони и камиони однесоа на Дрисла…“-вели Ирена.Оваа акција е една од најмасовните, и на истата се приклучиле стотина луѓе.

Скопје | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Власта потроши 9 милијарди евра Буџет, а ништо нема направено

Зоран Заев ја предводи најнеспособната влада во историјата на Република Македонија. Владата на СДСМ за овие две години стана симбол за неработа,криминал, непотизам и корупција. Власта потроши 9 милијарди евра Буџет, а ништо нема направено со што ќе го подобри животот на граѓаните. Нема никаква позитивна промена во економијата, напротив сведоци сме на зголемени даноци, акцизи, поголеми трошоци и секојдневни задолжувања, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во ситуација кога државата ги има најголемите буџети до сега, граѓаните наместо да стануваат побогати, власта ги товари со дополнителни давачки и тие се повеќе осиромашуваат. Како резултат на тоа над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и едвај врзуваат крај со крај во месецот.СДСМ со своето расипничко работење и секојдневно задолжување ја надмина психолошката граница од 50% од БДП на јавниот долг на државата, и тој достигна над 5 милијарди евра, но никој не знае каде завршуваат овие пари кои ќе мора да ги враќаат идните генерации.Додека власта организира настани со кои се фали дека блеска, реалноста е дека Македонија има најнизок економски раст во Европа од срамни 2,05%, а капиталните инвестиции забележуваат катастрофално ниво на реализација.Власта во првите 4 месеци од 2019 година реализира мизерни 9,83% од капиталните инвестиции кои самите ги планирале, и ако продолжат со ова темпо нема да стигнат ни до 30% до крајот на годината.Уште една потврда дека не блескаат ни говори и тоа што германските стопанственици во Македонија ја оценија со 0 работата на владата во економијата. Германските инвеститори го потврдија фактот дека оваа криминална власт ништо не работи и не е способна да ја води државната економија.Во овие две години ништо не е сработено, наместо нови болници тие ги доуништија постоечките, нема нови училишта, а студентскиот град остана уште едно лажно ветување. Воедно нема ниту 600 километри нов автопат, ниту пак 550 километри магистрални патишта, а не се способни ниту тие кои ги изгради ВМРО- ДПМНЕ да ги пуштат во употреба.Република Македонија со оваа власт само уназадува. Граѓаните повеќе не може да живеат во бедата и мизеријата кои ги донесе СДСМ. Потребни се промени и тоа веднаш, СДСМ мора да си замине. Граѓаните и Македонија заслужуваат подобро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

18835621_10155330645242716_555201614717969734_n

Груевски: Вардар покажа како со многу работа, но и со „жар и срце“ може да се успее и да се биде најдобар

Експремиерот, Никола Груевски, преку својот Фејсбук профил ја честиташе победата на Вардар во Ф4 против Веспрем и новата европска титула.„Браво Вардар! Честито шампиони!Браво за играчите, за спонзорот, за стручниот тим и за сите враборени во клубот!Честитки за огнената публика која ги бодреше!Одамна македонскиот народ немал можност за колективна радост и прослава.Непријатни мигови за оние кои посакуваат распад на клубот а сега мораат да честитаат.Вардар уште еднаш покажа како со многу работа, труд, посветеност, самодоверба, професионален и одговорен пристап, но и со ,,жар и срце,, може да се успее и да се биде најдобар!Нека продолжат успесите“, напиша Груевски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања